GCL 250 Professional - Ласерски покажувач BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GCL 250 Professional BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за GCL 250 Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Ласерски покажувач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GCL 250 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GCL 250 Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GCL 250 Professional BOSCH
Македонски...... Страница 182
Srpski.... Strana 190
Slovenščina ....Stran 197
Hrvatski ....Stranica 204
Безбедносни напомени

Сите упатства треба да се прочитают и да се внимава на нив, за да може безбедно и без опасност да работите со мерниот уред. Доколку мерниот уред не се
користи согласно приложените инструкции, може да се наруши функцијата на вградените заштитни механизми во мерниот уред. Не ги оштетувајте налепниците за предупредување. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА И ПРЕДАДЕТЕ ГИ ЗАЕДНО СО МЕРНИОТ УРЕД.
▶ Внимание – доколку користите други уреди за подесување и ракување освен овде наведените или поинакви постапки, ова може да доведе до опасна изложеност на зрачење.
▶ Мерниот уред се испорачува со ознака за предупредување за ласерот (означено на приказот на мерниот уред на графичката страна).
Доколку текстот на ознаката за предупредување за ласерот не е на Вашиот јазик, врз него залепете ја налепницата на Вашиот јазик пред првата употреба.

Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и немојте и Вие самите да гледате во директниот или рефлектирачкиот ласерски зрак. Така може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреći или да ги оштетите очите.
Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак.
▶ Не правете промени на ласерскиот уред.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраќают. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.
▶ Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал и само со оригинални резервни делови. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред.
▶ Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот мерен уред без надзор. Без надзор, тие може да се заслепат себеси или други лица.
▶ Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата.

Не ги принесувајте мерниот уред и магнетната опрема во близина на импланти или други медицински уреди, на пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа.
Преку магнетите на мерниот уред и опремата се произведува поле, коешто може да ја наруши функцијата на имплантите или медицинските уреди.
▶ Држете ги мерниот уред и магнетната опрема подалеку од магнетни носачи на податоци и уреди чувствителни на магнет. Поради влијанието на магнетите од мерниот уред и опремата може да дојде до неповратни загуби на податоците.
Опис на производот и перформансите
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Мерниот уред е наменет за одредување и проверка на хоризонтални и вертикални линии, како и точки на вертикалата.
Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен и надворешен простор.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на мерниот уред на графичката страница.
(1) Излезен отвор за ласерскиот зрак
(2) Предупредување за батеријата
(3) Приказ за режим на приемник
(4) Приказ за осцилаторна блокада
(5) Копче за режим на приемник
(6) Копче за ласерскиот вид на работа
(7) Капак на преградата за батерии
(8) Фиксирање на капакот од преградата за батерии
(9) Водечки жлеб
(10) Прекинувач за включување/исклучување
(11) Прифат на стативот 1/4"
(12) Прифат на стативот 5/8"
(13) Сериски број
(14) Натпис за предупредување на ласерот
(15) Ротационен држач (RM 1)
(16) Шина-водилка
(17) Издолжени отвори за прицврстување
(18) Магнет
(19) Таванска стега ^a)
(20) Универзален држач (ВМ 1) ^a)
(21) Ласерска целна табла ^a)
(22) Ласерски заштитни очила ^a)
(23) Ласерски приемник ^4
(24) Статив (ВТ 150) ^a)
(25) Телескопска прачка (ВТ 350) ^a)
(26) Kyфер ^a)
(27) Влошка ^a)
(28) Заштитна чанта ^a)
a) Илуstriраната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Точкест и линиски ласер GCL 2-50 | |
| Број на дел | 3 601 K66 F00 |
| Работно полеA) | |
| – Стандардни ласерски линии | 15 m |
| – Ласерски линии со ласерски приемник | 5–50 m |
| – Ласерски точки 10 m | |
| Точност на нивелирањеB)(C) | |
| – Ласерски линии ± 0,3 mm/m | |
| – Ласерски точки ± 0,7 mm/m | |
| Типично поле на самонивелирање | ± 4^ |
| Типично време на нивелирање | < 4 s |
| Оперативна температура –10 °C ... +50 °C | |
| Температура при складирање | -20 °C ... +70 °C |
| Точкест и линиски ласер GCL 2-50 | |
| макс. оперативна висина преку референтната висина | 2000 m |
| макс. релативна влажност на воздухот | 90 % |
| Степен на извалканост според IEC 61010-1 | 2^D) |
| Класа на ласер 2 | |
| Тип на ласер 630–650 nm, < 1 mW | |
| C_6 | 1 |
| Отстапување | |
| – Ласерски линии 0,5 mrad (целосен агол) | |
| – Ласерски точки 0,8 mrad (целосен агол) | |
| Фреквенција на пулс | |
| – Работење без режим на приемник | 6 kHz |
| – Работење во режим на приемник | 10 kHz |
| Прифат за стативот 1/4"; 5/8" | |
| Батерии 3 × 1,5 V LR6 (AA) | |
| Времетраење на режимот на работа^B) | |
| – Режим на вкрстени линии и точкест режим | 6 h |
| – Режим на вкрстени линии | 8 h |
| – Линиски режим 16 h | |
| – Точкест режим 22 h | |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 | 0,49 kg |
| Димензии (должина × ширина × висина) | |
| – без ротационен држач 112 × 55 × 106 mm | |
| – со ротационен држач 132 × 81 × 163 mm | |
| Вид на заштита | IP 54 (заштита од прав и прскање на вода) |
C) Дадените вредности предвидуваат нормални до поволни услови на околината (на пр. нема вибрации, нема магла, нема чад, нема изложеност на сончеви зраци). По екстремни температури може да дојде до отстапување во точноста.
D) Настануваат само неспроводливи нечистотии, но повремено се очекува привремена спроводливост предизвикана од кондензација.
Серискиот број (13) на спецификационата плочка служи за јасна идентификација на Вашиот мерен уред.
Монтажа
Ставање/менување на батерии
За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии.
За отворање на поклопецот на преградата за батерии (7) притиснете на блокадата (8) и отворете го поклопецот на преградата за батерии. Ставете ги батериите.
Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.
Доколку батериите се слаби, предупредувањето за батерија (2) трепка зелено. Дополнително трепкаат ласерските линии на секои 10 min по околу 5 s. По првото трепкање, мерниот уред може да се користи уште околу 1 h. Доколку се испразнат батериите, ласерските линии трепкаат уште еднаш директно пред автоматското исклучување.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.
▶ Ако не го користите мерниот уред подолго време, извадете ги батериите. При подолго складирање во мерниот уред, батериите може да кородираат и да се испразнат.
Работење со ротациониот држач RM 1 (види слики A1-A3)
Со помош на ротациониот држач (15) можете да го вртите мерниот уред околу централната и секогаш видливата точка на вертикалата за 360°. Со тоа се поставуваат ласерските линии, без да ја промените позицијата на мерниот уред.
Поставете го мерниот уред со водечкиот жлеб (9) на шината водилка (16) на ротациониот држач (15) и притиснете го мерниот уред до крај на платформата. За да го извадите, извлечете го мерниот уред во обратен правец од ротациониот држач.
Можности за позиционирање на ротациониот држач:
– во исправена положба на рамна површина,
– прицврстен на вертикална површина,
– поврзана со таванска стега (19) на метални тавански лајсни,
- со помош на магнет (18) на метални површини.
Употреба
Ставање во употреба
▶ Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви зраци.
He го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или температурни осцилации. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот. При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се аклиматизира и направете проверка за точноста секогаш пред да продолжите со работа (види „Контрола на точноста на мерниот уред“,
Страница 186).
При екстремни температури или температурни осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
▶ Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. По силни надворешни влијанија на мерниот уред, пред да го употребите за работа, секогаш извршете контрола на точноста (види „Контрола на точноста на мерниот уред“, Страница 186).
▶ Исключете го мерниот уред за време на транспортот. При исклучувањето, се блокира осцилирачката единица, која би се оштетила при интензивни движења.
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (10) во позиција ☐ on (за работење со осцилаторна блокада) или
во позиција 3n (за работење со автоматика за нивелирање). Веднаш по вклучувањето, мерниот уред пушта ласерски линии од излезните отвори (1).
▶ Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
За исклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (10) во позиција Off. При исклучување, осцилирачката единица се блокира.
▶ Не го оставајте включениот мерен уред без надзор и исключете го по употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.
При надминување на највисоката дозволена работна температура од 50 °C се исклучува заради заштита на ласерската диода. Откако ће се олади, мерниот уред е повторно подготвен за работа и може одново да се вклучи.
Автоматика на исклучување
Доколку околу 120 мин. не се притисне ниедно копче на мерниот уред, тој се ислучува автоматски заради заштита на батериите.
За повторно да го включите мерниот уред по автоматското исклучување, може или прво да го ставите прекинувачот за вклучување/исклучување (10) во позиција „Off“ и потоа повторно да го включите мерниот уред, или еднаш да притиснете на копчето за режим на работа на ласерот (6) или на копчето Режим на приемник (5).
Деактивирање на автоматиката за исклучување
За да ја деактивирате автоматиката за ислучување, држете го притиснато копчето за режим на работа (6) (при включен мерен уред) најмалку 3 s. Доколку автоматиката за ислучување е деактивирана, ласерските зраци кратко трепкаат за потврда.
Напомена: Ако работната температура ја надминува 45 °C, автоматиката за исклучување не може да се деактивира.
За да го активирате автоматското ислучување, исключете го мерниот уред и повторно включете го.
Подесување на режимот на работа
Мерниот уред има повеće начини на работа, кои може да ги промените во било кое време:
Мерниот уред произведува хоризонтална и вертикална ласерска линија нанапред, како и вертикална ласерска точка нагоре и надолу. Ласерските линии се вкрстуваат под агол од 90°.
– Хоризонтален линиски режим: Мерниот уред произведува хоризонтална ласерска линија нанапред.
- Вертикален линиски режим: Мерниот уред произведува вертикална ласерска линија нанапред. При позиционирање на мерниот уред во соба, вертикалната ласерска линија їе покажува на таванот над горната ласерска линија. При позиционирање на мерниот уред директно на сид, вертикалната ласерска линија произведува речиси целосна кружна ласерска линија (360°-линија).
– Точкест режим: Мерниот уред произведува вертикална ласерска точка нагоре и надолу. Сите начини на работа може да се изберат со автоматика за нивелирање како и со осцилаторна блокада, освен точкестиот режим.
За да го смените начинот на работа, притиснете на копчето за режим на работа на ласерот (6).
Работење со автоматика за нивелирање
![]() |
Ако за време на работата со автоматика за нивелирање го промените режимот во „Работење со осцилаторна блокада“ (прекинувач за включување/исклучување (10)
во позиција ☐n), секогаш се активира првата можност за комбинација на приказите на овој режим.
Работа со осцилаторна блокада
| Редослед на чекорите за работа Хоризонтале | Н линиски режим | Вертикален линиски режим | Точкест режим | Приказ осцилаторна блокада (4) | Слика | |
| Прекинувач за вклучување/исклучување (10) во позиција „On“ | ●●- | ![]() | F | |||
| Режим на вкрстени линии | црвена | |||||
![]() | 1× притискање на копчето за режимот на работа Ласер (6) | ●-- | ![]() | црвена | ||
![]() | 2× притискање на копчето за режимот на работа Ласер (6) | --●- | ![]() | црвена | ||
![]() | 3× притискање на копчето за режимот на работа Ласер (6) | ●●- | [7CYP] | F | ||
| Режим на вкрстени линии | црвена | |||||
Ако за време на работата со осцилаторна блокада го промените режимот во „Работење со автоматика за нивелирање“ (прекинувач за вклучување/
исклучување (10) во позиција 📄n), секогаш се активира првата можност за комбинација на приказите на овој режим.
Режим на приемник
За работење со ласерски приемник (23) мора – независно од избраниот начин на работа – да биде активиран режимот на приемник.
При активиран режим на приемник, ласерските линии трепкаат со многу висока фреквенција и така може да се најде ласерскиот приемник (23).
За вклучување на режимот на приемник притиснете на копчето на ласерскиот приемник (5). Приказот за режим на приемникот (3) свети зелено.
За човечкото око видливоста на ласерските линии е намалена доколку е включен режимот на приемник. За работење без ласерски приемник, исключете го режимот на приемник со одново притискање на копчето Режим на приемникот (5). Приказот (3) се гаси.
Автоматика за нивелирање
Работење со автоматика за нивелирање (види слики В-Е)
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста подлога или прицврстете го на ротациониот држач (15).
За работење со автоматика за нивелирање, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (10) во позиција „оп“.
Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува нерамнините во полето на самонивелирање од ±4°. Штом ќе престанат да трепкаат ласерските зраци, мерниот уред е изнивелиран.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр. бидејки подлогата на мерниот уред отстапува повеće од 4° од хоризонталата, ласерските зраци трепкаат брзо. Во ваков случај, поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го самонивелирањето. Штом ће се најде мерниот уред во полето на самонивелирање од ±4° ласерските зраци светат непрекинато.
При вибрации или промена на положбата за време на работата, мерниот уред повторно се нивелира автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја позицијата на ласерските зраци во однос на референтните точки, за да се избегнат грешките при поместување.
За работење со осцилаторна блокада, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (10) во позиција „on“. Приказот осцилаторна блокада (4) свети црвено и ласерските линии непрекинато трепкаат во бавен такт.
При работа со осцилаторна блокада автоматиката за нивелирање е исключена. Мерниот уред може да го држите слободно во рака или да го поставите на навалена подлога. Ласерските зраци повеće не се нивелираат и не мора да се вертикално една кон друга.
Контрола на точноста на мерниот уред
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура.
Особено температурните разлики кои се движат од подот нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Бидејки топлинското раслојување е најголемо во близина на подот, доколку е возможно монтирајте го мерниот уред на статив и поставете го во средината на работната површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да доведат и влијанијата специфични за уредот (како на пр. падови или јаки удари). Затоа, пред секој почеток на работа проверете ја точноста на нивелирањето.
Најпрво проверете ја точноста на висините како и нивелирањето на хоризонталната ласерска линија, а потоа точноста на нивелирањето на вертикалната ласерска линија и точноста на лемењето.
Доколку при некоја од проверките мерниот уред го надмине максимальното отстапување, тогаш треба да се поправи од страна на сервисната служба на Bosch.
Проверка на точности на висината на хоризонталната линија
За проверката потребна ви е слободна мерна линија од 5 m на цврста подлога помеѓу два сида А и В.
– Монтирајте го мерниот уред во близина на сидот А на статив или поставете го на цврста, рамна подлога. Включете го мерниот уред. Изберете го режимот на вкрстени линии со автоматиката за нивелирање.

– Насочете го ласерот во близина на sidот А и оставете го мерниот уред да се нивелира. Обележете ја средината на точката, каде ласерските линии се вкрстуваат на sidот (точка I).

text_image
A 180° B I II- Свртете го мерниот уред за 180°, оставете го да се нивелира и означете ја точката на вкрстување на ласерските линии на спротивниот сид В (точка II).
– Поставете го мерниот уред – без да го вртите – во близина на сидот В, включете го и оставете го да се нивелира.

text_image
A I B II– Поставете го мерниот уред по висина (со помош на стативот или евентуално со подлогата), така што точката на вкрстување на ласерските линии точно їе ја погоди претходно означената точка II на сидот В.

text_image
A III d I 180° B II– Свртете го мерниот уред за 180°, без да ја промените висината. Насочете го на сидот А, така што вертикалната ласерска линија проага низ веке означената точка I. Оставете го мерниот уред да се нивелира и означете ја точката на вкрстување на ласерските линии на сидот А (точка III).
- Разликата d на двете означени точки I и III на sidот A го дава фактичкото отстапување од висината на мерниот уред.
На мерна линија од 2 × 5 m = 10 m максимальното дозволено отстапување изнесува:
10 m × ±0,3 mm/m = ±3 mm. Разликата d mećy точките I и III смее да изнесува најмногу 3 mm.
Проверка на точноста на нивелирање на хоризонталната линија
За проверка, потребна ви е слободна површина од околу 5 × 5 m.
– Монтирајте го мерниот уред во средина меѓу сидовите А и В на статив или поставете го на цврста, рамна подлога. Изберете го хоризонталниот линиски режим со автоматика за нивелирање и нивелирајте го мерниот уред.

– На 2,5 m растојание од мерниот уред, на двата сида означете ја средината на ласерската линија (точка I на sidот А и точка II на sidот В).

– Поставете го мерниот уред, свртен за 180° на 5 m растојание и оставете го да се нивелира.
– Поставете го мерниот уред по висина (со помош на стативот или евентуално со подлогата), така што средината на ласерските линии точно је ја погоди претходно означената точка II на сидот В.
- На sidot A обележете ја средината на ласерската линија како точка III (вертикално над или под точката I).
- Разликата d на двете означени точки I и III на sidот A го дава фактичкото отстапување на мерниот уред од хоризонталата.
На мерна линија од 2 × 5 m = 10 m го дава максимальното дозволено отстапување:
10 m × ±0,3 mm/m = ±3 mm. Разликата d меѓу точките I и III смее да изнесува најмногу 3 mm.
Проверка на точноста на нивелирањето на вертикалната линија
За контрола потребен ви е отвор од вратата, каде (на цврста подлога) на секоја страна од вратата има место од најмалку 2,5 m.
– Поставете го мерниот уред на 2,5 m растојание од отворот на вратата на цврста, рамна подлога (не на статив). Изберете го вертикалниот линиски режим со
автоматиката за нивелирање. Насочете ја ласерската линија на отворот од вратата и оставете го мерниот уред да нивелира.

– Означете ја средината на вертикалната ласерска линија на подот од отворот на вратата (точка I), на 5 m растојание од другата страна на отворот од вратата (точка II), како и на горниот раб на вратата од отворот (точка III).

– Свртете го мерниот уред за 180° и поставете го на другата страна на отворот на вратата директно зад точката II. Оставете го мерниот уред да се нивелира и насочете ја вертикалната ласерска линија така што нејзината средина ће поминува точно низ точките I и II.
- Обележете ја средината на ласерската линија на горниот раб на отворот на вратата како точка IV.
- Разликата d на двете означени точки III и IV го дава фактичкото отстапување на мерниот уред од вертикалните линии.
– Измерете ја висината на отворот од вратата.
Максималното дозволено отстапување го пресметувате
на следниот начин:
двојна висина на отворот на вратата × 0,3 mm/m Пример: При висина на отворот на вратата од 2 m максималното отстапување смее да изнесува
2 × 2 m × ± 0,3 mm/m = ± 1,2 mm . Точките III и IV смеат да лежат најмногу 1,2 mm една од друга.
Проверка на точности на ласерскиот сноп
За проверката потребна ви е слободна мерна линија на цврста подлога со растојание од околу 5 m помеѓу подот и плафонот.
– Монтирајте го мерниот уред на ротациониот држач (15) и поставете го на подот. Изберете го точкестиот режим и оставете го мерниот уред да се нивелира.

text_image
I 5 m II– Означете ја средината на горната ласерска точка на плафонот (точка I). Освен тоа, обележете ја средината на долната ласерска точка на подот (точка II).

– Свртете го мерниот уред за 180°. Позиционирајте го на тој начин, што средината на долната ласерска точка їе лежи на веке обележаната точка II. Оставете го мерниот уред да се нивелира. Обележете ја средината на горната ласерска точка (точка III).
- Разликата d на двете означени точки I и III на плафонот го дава фактичкото отстапување на мерниот уред од вертикалните линии.
Максималното дозволено отстапување го пресметувате на следниот начин:
двојно растојание меѓу подот и плафонот × 0,7 mm/m. Пример: При растојание меѓу подот и плафонот од 5 m максимальното отстапување смее да изнесува
2 × 5 m × ± 0,7 mm/m = ± 7 mm. Точките I и III смеат да лежат најмногу 7 mm една од друга.
▶ За обележување користете ја секогаш средината на ласерската точка одн. ласерската линија.
Големината на ласерската точка одн. ширината на ласерската линија се менува согласно растојанието.
Работење со целна табла за ласерот (види слики L)
Целната табла за ласерот (21) ја подобрува видливоста на ласерскиот зрак при неповолни услови и големи растојанија.
Рефлектирачката површина на целната табла на ласерот (21) ја подобрува видливоста на ласерската линија, низ транспарентната површина ласерската линија е видлива и од задната страна на целната табла на ласерот.
Работење со статив (опрема)
Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со 1/4"-прифатот на стативот (11) на навојот на стативот (24) или обичен фото статив. За прицврстување на обичен градежен статив, користете 5/8"-прифат за статив (12). Зацврстете го мерниот уред со завртка за фиксирање на стативот.
Грубо центрирајте го стативот, пред да го включите мерниот уред.
Со помош на универсалниот држач (20) може да го прицврстите мерниот уред на пр. на вертикални површини или магнетизирани материјали. Универзалниот држач и исто така погоден и како поден статив и го олеснува подесувањето по висина на мерниот уред.
Грубо центрирајте го универсалниот држач (20), пред да го включите мерниот уред.
Работење со ласерски приемник (опрема)
При неповолни светлосни услови (осветлена околина, директни сончеви зраци) и на големи растојанија за подобро наогање на ласерските линии користете го ласерскиот приемник (23). При работење со ласерски приемник включете го режимот на приемник (види „Режим на приемник“, Страница 186).
Ласерски заштитни очила (опрема)
Ласерските заштитни очила ја филтрираат околната светлина. На тој начин светлото на ласерот изгледа посветло за окото.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила.
Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраќают. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.
Примери за работа (види слики G-M)
Примери за можностите на примена на мерниот уред ке најдете на графичките страници.
Мерниот уред ставајте го секогаш блиску до површината или работ, коишто треба да се проверат, и оставете го да се изнивелира пред почетокот на секое мерење.
Секогаш мерете ги растојанијата меѓу ласерскиот зрак и површината или работ на две што е можно пооддалечени точки.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред. Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори.
Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор на ласерот и притоа внимавајте на влакненцата.
Мерниот уред смее да се складира и транспортира само во заштитна чанта (28) одн. куфер (26).
Во случај на поправка, испратете го мерниот уред во заштитната чанта (28) одн. куферот (26).
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Мерните уреди, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте мерните уреди и батериите во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европейската директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, мерните уреди што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луғето поради можното присуство на опасни материи.






