BOSCH Ixo 1600A001YF - алат за сечење

Ixo 1600A001YF - алат за сечење BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Ixo 1600A001YF BOSCH во PDF формат.

📄 193 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice BOSCH Ixo 1600A001YF - page 148
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Вид на производ Додаток за сечење за безжична шрафцигерка
Марка Bosch
Модел Ixo 1600A001YF (додаток за сечење Cutter)
Намена Сечење на меки и флексибилни материјали (тепих, PVC, картон, кожа, ткаенини) до 6 mm дебелина
Тежина 0,15 kg (според EPTA-Procedure 01:2014)
Компатибилност Безжични шрафцигерки Bosch IXO (3 603 J81 0.., 3 603 J59 3.., 3 603 JA8 0..)
Напојување Преку безжичната шрафцигерка (нема сопствено напојување)
Материјали на сечилото Калени челик (претпоставено)
Број на позиции за фиксирање 8 различни позиции
Испорачани елементи Додаток за сечење, водилка, заштитен капак, сечило, завртка за фиксирање, прстен за отклучување
Главни функции Линеарно сечење на меки материјали, водење со водилка, заштита со капак
Одржување и чистење Отстранете го додатокот пред чистење, чистете го капакот со четка, остро сечило - внимавајте на повреди
Безбедност Поставете го селекторот за насока на вртење во средна положба пред монтирање/демонтирање; не користете на азбест; внимавајте на кабли под напон; не ставајте раце пред сечилото
Резервни делови и поправка Достапно резервно сечило; сервисна служба на Bosch; нарачка на интернет на www.bosch-pt.fr
Општи информации Гаранција и CE усогласеност според директива 2006/42/CE; техничка документација кај Robert Bosch Power Tools GmbH

Frequently Asked Questions - Ixo 1600A001YF BOSCH

Каков вид материјали може да се сечат со додатокот за сечење Ixo 1600A001YF ?
Додатокот е наменет за меки и флексибилни материјали со максимална дебелина од 6 mm: тепих, PVC, картон, кожа, ткаенини, итн.
Со кои модели на шрафцигерка Bosch е компатибилен додатокот?
Компатибилен е со безжичните шрафцигерки Bosch IXO со референца 3 603 J81 0.., 3 603 J59 3.. и 3 603 JA8 0..
Како да го монтирате додатокот за сечење на шрафцигерката?
Прво извлечете го гумениот капак од шрафцигерката напред, потоа поставете го додатокот на шрафцигерката додека не се чуе кликнување. Може да се фиксира во 8 различни позиции.
Како да го смените сечилото за сечење?
Проверете дали додатокот е монтиран на шрафцигерката. Поставете го селекторот за насока на вртење во средна положба. Олабавете ја завртката за фиксирање на сечилото, подигнете го сечилото и извадете го надолу. Монтирајте го новото сечило со остар раб кон надвор и затегнете ја завртката.
Кои безбедносни упатства треба да се почитуваат?
Пред секое одржување, поставете го селекторот за насока на вртење во средна положба. Не сечете материјали што содржат азбест. Внимавајте на електрични кабли под напон. Никогаш не ставајте ги рацете пред сечилото. Секогаш користете го заштитниот капак.
Како да го исчистите додатокот за сечење?
Отстранете го додатокот од шрафцигерката пред чистење за да избегнете случајно стартување. Исчистете го заштитниот капак со четка. Внимавајте на острите рабови на сечилото.
Каде можам да купам резервни сечила?
Резервните сечила се достапни на веб-страницата www.bosch-pt.fr или преку сервисната служба на Bosch (референца на додатокот 1 600 A00 1YN).
Дали додатокот е погоден за деца?
Не е наменет за употреба од деца под 8 години без надзор. Лица со ограничена подвижност или без искуство треба да бидат надгледувани.
Која е максималната дебелина на сечење?
Максималната дебелина на материјалите што се сечат е 6 mm.
Како правилно да го користите додатокот за оптимално сечење?
Користете ја водилката паралелно со линијата на сечење. Не притискајте премногу, особено на тенки материјали како ткаенини. Затегнете го материјалот и сечете полека. Одржувајте го сечилото чисто.

Прашања на корисниците за Ixo 1600A001YF BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот алат за сечење во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Ixo 1600A001YF - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Ixo 1600A001YF на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Ixo 1600A001YF BOSCH

Македонски....Страна 148

Srpski Strana 154

Slovensko.... Stran 159

Безбедносни напомени

Општи безбедносни напомени

BOSCH Ixo 1600A001YF - Општи безбедносни напомени - 1

Прочитајте ги сите напомени за предупредување и упатства што се приложени кон додатокот за сечење и користењето на електричниот алат. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да

предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.

Безбедносни напомени за одвртувачи со додаток за сечење

▶ Пред било каква интервенција на одвртувают со додаток за сечење (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, прекинувачот за правец на вртење ставете го во средна позиција. При невнимателно ракување со прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Алатот за сечење одржувајте го остар и чист. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив полесно се работи.
▶ Заштитната хауба што припаға на додатокот за сечење не смее да биде дефектна. Заштитната хауба треба да го заштити лицето што ракува од скршени парчиња и случаен контакт со сечилото.

1 609 92A 1NB | (2.3.16) Bosch Power Tools

BOSCH Ixo 1600A001YF - Безбедносни напомени за одвртувачи со додаток за сечење - 1

BOSCH Ixo 1600A001YF - Безбедносни напомени за одвртувачи со додаток за сечење - 2

BOSCH Ixo 1600A001YF - Безбедносни напомени за одвртувачи со додаток за сечење - 3

BOSCH Ixo 1600A001YF - Безбедносни напомени за одвртувачи со додаток за сечење - 4

BOSCH Ixo 1600A001YF - Безбедносни напомени за одвртувачи со додаток за сечење - 5

BOSCH Ixo 1600A001YF - Безбедносни напомени за одвртувачи со додаток за сечење - 6

BOSCH Ixo 1600A001YF - Безбедносни напомени за одвртувачи со додаток за сечење - 7

▶ Не обработувајте материјал што содржи азбест. Азбестот важи како канцероген.
▶ При сечењето внимавајте на каблите што спроведуваат напон. Постои опасност од електричен удар.
▶ При сечењето, никогаш не ја ставајте дланката пред сечилото. Постои опасност од повреда.
Избегнувајте случајно вклучување. Доколку го носите електричниот апарат со прстот на прекинувачот за вклучување/исклучување, може предизвикате несреќа.
▶ Не ги оставајте децата без надзор. Така ће се осигурате дека децата нема да си играат додатокот за сечење или со одвртувачот со монтиран додаток за сечење.
Овој одвртувач со додаток за сечење не е предвиден за користење од страна на деца и лица со намалени психички, физички или душевни способности или недоволно искусство и знаење.
Овој одвртувач со додаток за сечење може да го користат деца над 8 години како и лица со намалени физички, сензорни и ментални способности или недоволно искусство и знаење, доколку се под надзор од лица одговорни за нивната безбедност или се подучени за безбедно ракување со одвртувачот со додаток за сечење и ги разбираат опасностите кои може да произлезат поради тоа. Инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди.

Опис на производот и мокноста

Употреба со соодветна намена

Додатокот за сечење заедно со батерискиот одвртувач IXO е наменет за сечење на флексибилни, меки материјали со дебелина до 6 мм, како на пр.тепих, PVC, картон, разни видови кожа, текстил и слични материјали.

Додатокот за сечење е наменет само за приватна употреба во домашни услови и смее да се користи само со следниве електрични апарати:

- Bosch IXO (3 603 J81 0.., 3 603 J59 3.., 3 603 JA8 0..)

Bosch Power Tools 1 609 92A 1NB | (2.3.16)

BOSCH Ixo 1600A001YF - Употреба со соодветна намена - 1

BOSCH Ixo 1600A001YF - Употреба со соодветна намена - 2

BOSCH Ixo 1600A001YF - Употреба со соодветна намена - 3

BOSCH Ixo 1600A001YF - Употреба со соодветна намена - 4

BOSCH Ixo 1600A001YF - Употреба со соодветна намена - 5

BOSCH Ixo 1600A001YF - Употреба со соодветна намена - 6

BOSCH Ixo 1600A001YF - Употреба со соодветна намена - 7

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на графичките страници.

1 Додаток за сечење
2 Лизгачка водилка
3 Заштитна хауба
4 Прстен за отклучување
5 Прекинувач за менување на правецот на вртење
6 Прекинувач за включување/исклучување
7 Шраф за прицврстување на сечилото
8 Сечило
9 Гумено капаче

Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.

Технички податоци

Изјава за сообразност

BOSCH Ixo 1600A001YF - Изјава за сообразност - 1

Изјавуваме во сопствена одговорност, дека производот опишан во

„Технички податоци“одговара на одредбите за директивата

2006/42/EC вклучувајки и нејзините измени.

▶ Пред било каква интервенција на одвртувают со додаток за сечење (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, прекинувачот за правец на вртење ставете го во средна позиција. При невнимателно ракување со прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

Ставање на додатокот за сечење (види слики A1-A2)

  • Пред монтажата на додатокот за сечење 1 мора да го извлечете нанапред гуменото капаче 9 на одвртувачет.
  • На крај, ставете го додатокот за сечење на одвртувачот. Ке слушнете како се вклопува додатокот за сечење.

Напомена: Додатокот за сечење може да го ставате во 8 различни позиции. Притоа може да ја постигнете оптималната работна позиција, на пр.за сечење на подна облога по должина на сидот.

  • Свртете го прстенот за отлучување 4 во правец на вртење ① и извлечете го додатокот за сечење нанапред (②).
    – Повторно ставете го гуменото капаче 9 на одвртувачот.

Менување на сечилото (погледнете ги сликите C1-C2)

Напомена: Сечилото менувајте го само доколку додатокот за сечење е монтиран на одвртувачет. Со тоа, вретеното на алатот се блокира и шрафот за прицврстување на сечилото може да се олабави.

  • Прекинувачот за менување на правецот на вртење 5 ставете го во средна позиција.
  • Олабавете ги шрафовите за прицврстување на сечилото 7 во правец на вртење ①.
    – Лесно подигнете го сечилото 8 и извлечете го надолу.
    – Новото сечило со избрусениот раб нанадвор ставете го на прифатот за алат. Внимавајте на правилното вклопување на сечилото во прифатот за алат.
  • Олабавете ги шрафовите за прицврстување на сечилото 7 во правец на вртење ②.

Bosch Power Tools 1 609 92A 1NB | (2.3.16)

BOSCH Ixo 1600A001YF - Менување на сечилото (погледнете ги сликите C1-C2) - 1

BOSCH Ixo 1600A001YF - Менување на сечилото (погледнете ги сликите C1-C2) - 2

BOSCH Ixo 1600A001YF - Менување на сечилото (погледнете ги сликите C1-C2) - 3

BOSCH Ixo 1600A001YF - Менување на сечилото (погледнете ги сликите C1-C2) - 4

BOSCH Ixo 1600A001YF - Менување на сечилото (погледнете ги сликите C1-C2) - 5

BOSCH Ixo 1600A001YF - Менување на сечилото (погледнете ги сликите C1-C2) - 6

BOSCH Ixo 1600A001YF - Менување на сечилото (погледнете ги сликите C1-C2) - 7

За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат само доколку го користите.

Поставете го правецот на вртење

– За поставка на вртење надесно на одвртувают притиснете го прекинувают за правец на вртење 5 нанапред се додека не запре.

- За подесување на десен тек на одвртувачот притиснете го прекинувачот за промена на правецот на вртење на десно до крај.

Вклучување/исклучување

- За ставање во употреба на електричниот апарат притиснете го прекинувают за вклучување/исклучување 6 на одвртувают и држете го притиснат.

- За да го исклучите додатокот за сечење, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување 6 на одвртувачот.

Совети при работењето

▶ Не го оптоварувајте многу електричниот апарат, додека не дојде во сostoјба на мирување.

Капацитетот на сечење на електричниот алат зависи од материјалите што треба да се сечат и наполнетоста на батеријата.

Зголемената брзина значително го намалува капацитетот на наполнетост на батеријата.

Секогаш одржувајте ја чистотата на сечилото, односно исчистете ги остатоците од материјали.

Лизгачката водилка 2 при сечењето не смее да се заглавува и мора да биде паралелно насочена кон површината за сечење.

При несоодветна примена, сечилото отапува.

Тенките материјали како на пр. текстил, може да се повлечат и заглават во електричниот апарат при сечењето. Затоа, кога сечете вакви материјали, не притискајте премногу, за да може добро да ги исечете. Држете ги оптегнати и сечете полека.

Како да добиете оптимални резултати од сечењето може да утврдите со практичен обид.

1 609 92A 1NB | (2.3.16) Bosch Power Tools

BOSCH Ixo 1600A001YF - Совети при работењето - 1

BOSCH Ixo 1600A001YF - Совети при работењето - 2

BOSCH Ixo 1600A001YF - Совети при работењето - 3

BOSCH Ixo 1600A001YF - Совети при работењето - 4

BOSCH Ixo 1600A001YF - Совети при работењето - 5

BOSCH Ixo 1600A001YF - Совети при работењето - 6

BOSCH Ixo 1600A001YF - Совети при работењето - 7

▶ Одржувајте ја чистотата на додатокот за сечење, за да може добро и безбедно да работите.
За да го исчистите додатокот за сечење, демонтирајте го од одвртувачот. При невнимателно ракување со прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Внимавајте при чистењето на сечилото и контра-сечилото. Сечилото има остри секачи, на кои може да се повредите.

При сечењето, под заштитната хауба може да се соберат остатоци од материјал.

– Редовно чистете ја заштитната хауба 3 со четка.

Сервисна служба и совети при користење

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на додатокот за сечење.

Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен цртеж и информации за резервни делови ќе најдете на:

www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

Македонија

Д.Д.Електрис

Додатокот за сечење, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Се задржува правото на промена.

Bosch Power Tools 1 609 92A 1NB | (2.3.16)

BOSCH Ixo 1600A001YF - Се задржува правото на промена. - 1

BOSCH Ixo 1600A001YF - Се задржува правото на промена. - 2

BOSCH Ixo 1600A001YF - Се задржува правото на промена. - 3

BOSCH Ixo 1600A001YF - Се задржува правото на промена. - 4

BOSCH Ixo 1600A001YF - Се задржува правото на промена. - 5

BOSCH Ixo 1600A001YF - Се задржува правото на промена. - 6

BOSCH Ixo 1600A001YF - Се задржува правото на промена. - 7

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : Ixo 1600A001YF

Категорија : алат за сечење