STIGA SMT 48 AE - Градинарски ножици

SMT 48 AE - Градинарски ножици STIGA - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот SMT 48 AE STIGA во PDF формат.

📄 236 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice STIGA SMT 48 AE - page 138
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Технички карактеристики Безжичен електричен тример за жив плет STIGA SMT 48 AE, моќност 48V, должина на сечило 60 см, брзина на сечење 3000 сеча/мин.
Употреба Идеален за сечење на живи огради, грмушки и мали дрвја во средни до големи градини.
Одржување и поправка Редовно проверувајте го состојбата на сечилата, чистете по секоја употреба, затегнете ги сечилата ако е потребно.
Безбедност Користете заштитни ракавици, заштитни очила и осигурајте се дека уредот е исклучен при менување на сечилото.
Општи информации Лесна тежина за подобра маневрирање, литиум-јонска батерија, брзо полнење, компатибилен со други алатки од серијата STIGA.

Frequently Asked Questions - SMT 48 AE STIGA

Како да ја наполните батеријата на STIGA SMT 48 AE?
За да ја наполните батеријата, извадете ја од уредот и ставете ја во приложениот полнач. Осигурајте се дека полначот е приклучен во електрична мрежа.
Која е автономијата на батеријата на STIGA SMT 48 AE?
Автономијата на батеријата зависи од употребата, но може да трае до 60 минути при нормална употреба.
Како да ја прилагодите должината на сечилото на тримерот за жив плет?
Должината на сечилото е фиксна. За живи огради со различна висина, прилагодете ја вашата положба или користете скала ако е потребно.
Кои се безбедносните мерки при користење на тримерот за жив плет?
Носете заштитни очила, ракавици и затворени чевли. Исто така, осигурајте се дека не го користите уредот во дожд или влажни услови.
Како да го одржувате STIGA SMT 48 AE?
По секоја употреба, исчистете ги сечилата со влажна крпа и проверете го состојбата на батеријата. Чувајте го уредот на суво место.
Што да направите ако тримерот за жив плет не се вклучува?
Проверете дали батеријата е наполнета и правилно поставена. Ако проблемот продолжи, консултирајте го упатството за дополнителни инструкции.
Дали е можно да се користи тримерот за жив плет под дожд?
Не, не се препорачува користење на тримерот за жив плет во дожд или влажни услови за да се избегне ризик од електричен удар.
Како да го складирате STIGA SMT 48 AE?
Складирајте го тримерот за жив плет на ладно и суво место, заштитено од влага. Осигурајте се дека батеријата е наполнета околу 50% пред складирање.
Каде може да се најдат резервни делови за STIGA SMT 48 AE?
Резервните делови може да се нарачаат од вашиот локален дилер на STIGA или на официјалната веб-страница на STIGA.
Која е гаранцијата за STIGA SMT 48 AE?
STIGA SMT 48 AE обично има гаранција од 2 години. Ве молиме консултирајте го упатството за повеќе детали.

Прашања на корисниците за SMT 48 AE STIGA

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Градинарски ножици во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник SMT 48 AE - STIGA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. SMT 48 AE на марката STIGA.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК SMT 48 AE STIGA

МАКЕДОНСКИ - Превод на оригиналните упатства ....MK

Безжичниот уред tools, ножици за сечење со продолжен дофат и тримерот за жива ограда се наменети за засекување и кастрење.

Уредот е наменет ислучиво за корисниците, а неговата несоодветна употреба може да доведе до резидуален ризик.

Полначот на е наменет за полнење на уредите кои работат со помош на батерии според типот кој е доставен со уредот.

НЕПРЕДВИДЕН РИЗИК

Дополнителен непредвиден ризик може да се случаи за време на користењето на уредот кој не е включен во приложените препораки за безбедност. Овие ризици настануваат од несоодветно користење на уредот, продолжена употреба, итн. Овие непредвидени ризици се случауваат и покрај почитувањето на соодветните препораки за безбедност и користењето на заштитните делови за уредот. Ова го вклучува следното:

■ Повреди настанати од движечките/ротирачките уреди.
■ Повреди настанати за време на менување на било кој дел, острица или додатоци.
■ Повреди настанати од подолго користење на уредот. При користење на било кој уред за подолг временски период, обезбедете се да користите паузи од време на време.
■ Оштетување на слухот.
■ Влијание врз здравјето при вдишување на прашина за време на користење на уредот (пример: - работење со дрво, посебно со бука, храст, МДФ).

ВНИМАНИЕ

Прочитајте ги предупредувањата и упатствата за безбедност. Доколку не ги почитувате овие предупредувања и упатства, постои ризик од електричен шок, пожар и/или сериозни повреди.

Зачувајте ги сите мерки за претпазливост и упатството за во иднина. Терминот «електричен уред» во делот каде се наведени предупредувањата, се однесува на електричниот уред (со кабел) или уредот кој работи на батерии (без кабел).

БЕЗБЕДНОСТ НА РАБОТНАТА ПОВРШИНА

■ a.Работната површина одржувајте ја чиста и во добар ред. Избегнувајте да работите во мали и темни простории, бидејки може лесно да дојде до несреќа.
■ b. Немојте да го користите уредот во простории каде што постои опасност од експлозии, односно каде што има присуство на запаливи течности, гасови или пак прашина. Електричните уреди предизвикуваат искри кои може лесно да ја запалат прашината или чадот.
■ с. Држете ги децата и другите лица на далечина додека го користите уредот. Секое влијание врз вашето внимание, може да доведе да изгубите контрола врз уредот.

БЕЗБЕДНОСТ ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР

■ а.Избегнувајте контакти со приземјени

материјали, како што се цевки, радијатори и ладилници. Постои зголемен ризик од електричен удар доколку Вашето тело е приземјено.

■ 6. Немојте да го изложувате уредот на дожд или влажна средина. Доколку водата навлезе во уредот, постои зголемен ризик од електричен удар.
■ ц. Држете го уредот само за изолираните делови, бидејки сечилото од пилата може да дојде во допир со внатрешната инсталација. Доколку сечилото од пилата дојде во допир со некоја од жиците, може да дојде до електричен пренос и да предизвика електричен удар.

ЛИЧНА БЕЗБЕДНОСТ

■ a. Бидете внимателни додека работите и разумно управувајте со уредот. Немојте да го користите уредот доколку сте уморни, под влијание на дрога, алкохол или пак медикаменти. Само мало невнимание додека управувате со уредот може да доведе до сериозни повреди.
■ 6. Користете опрема за лична заштита. Секогаш користете заштита за очите. Заштитната опрема како што се маските, заштитните чевли, заштитната капа или заштитата за ушите, можат да го намалат ризикот од лични повреди.
■ ц. Препречете несакано палење. Обезбедете копчето за вклучување да биде во позицијата "ислучено" пред да го включите уредот во електричниот извор и/или да ги поставите батериите, пред да го подигнете или пак да го преместувате.
■ д. Отстранете го алатот за прилагодување пред да го включите уредот. Внимавајте да не оставите алат прикачен на еден од движечките делови на уредот бидејки може да дојде до повреда.
■ e. Немојте да посегнувате високо додека го користите уредот. Внимавајте како чекорите и одржувајте рамнотежа постојано. На тој начин ке имате поголема контрола врз уредот доколку дојде до неочекувани ситуации.
■ ф. Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Држете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од движечките делови на уредот. Широката облека, накитот или долгата коса лесно може да се фатат во движечките делови на уредот.
■ г. Доколку уредот е доставен со дел за собирање/отстранување на прашината и остатоците од работата, обезбедете се дека истиот е добро прикачен на уредот. Користењето на уредот за собирање на прашината, го намалува ризикот од несреći поврзани со вдишувањето на остатоците.

КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА УРЕДОТ

■ a. Користете го уредот соодветно според неговиот капацитет. Користете го соодветниот уред за задачата која сакате да ја извршувате. Користењето на соодветниот уред за задачата која ја извршувате, обезбедува поголема безбедност и подобар квалитет за задачата која ја извршувате.
■ 6. Не го користете уредот доколку копчето за включување/исклучување е неисправно. Секој уред кој не може да се контролира со помош на ова копче е ризичен и мора да се однесе на поправка.
ц. Отстранете го приклучокот од електричниот извор и/или батериите од уредот пред да правите прилагодувања, промена на додатоците

или доколку планирате да го оставите уредот на подолго време. Овие мерки го намалуваат ризикот од несакано вклучување на уредот.

■ д. Додека уредот е во мирување, чувајте го надвор од дофат на деца и лица кои не се запознаени со упатствата за неговото користење. Овој уред може да биде опасен доколку се управува од лица кои не се обучени за негово користење.

e. Одржување на уредот. Проверете дали има несовпагање или постои проблем во поврзувањето на движечките делови, или пак дошло до оштетување на некои од деловите, што може да влијае на работата на уредот. Доколку постои оштетување, уредот треба да се однесе на поправка пред повторно да се користи Многу несреći се случауваат поради несоодветно одржување на уредите.
ф. Одржувајте ги деловите за сечење, остри и чисти. Доколку ги одржувате деловите за сечење постојано остри, постои помала можност тие да зафаќаат за време на работата и полесно ће можете да ги контролирате.
■ г. Користете го уредот, додатоците и деловите во согласност со упатствата, земајки ги во предвид работните услови и задачата која сакате да ја извршувате. Доколку го користите уредот спротивно од наведените упатства, може да настанат сериозни повреди.

КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА БАТЕРИИТЕ

■ a. Полнете ги батериите со помош на полнач произведен од производителот. Доколку ги полните батериите во полнач наменет само за еден тип на батерии, постои ризик од пожар.
■ 6. Користете го уредот ислучиво со батерии наменети за него. Доколку користите друг тип на батерии, постои ризик од повреди и пожар.
ц. Доколку не ги користите батериите, држете ги подалеку од други метални објекти, како што се спојувалки, метални пари, клинови, шрафови и други мали метални објекти кои може да направат поврзување со еден од терминалите на батериите. Немојте да ги кратите терминалите на акумулаторот бидејći може да предизвикаат изгореници или пожар.
д. Во несоодветни услови, течноста од акумулаторот може да протече. Доколку дојде до протекување на акумулаторот, избегнувајте допир со течноста. Доколку несакајки дојдете во допир со течноста, измијте се со вода. Доколку течноста дојде во допир со очите, веднаш побарајте медицинска помош. Течноста од батериите може да предизвика иритации или изгореници.

СЕРВИСИРАЊЕ

■ a. Уредот треба да се одржува од страна на овластен сервисен центар и да се користат оригинални заменски делови. Со ова ће се обезбеди сигурност во користењето на уредот.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРЕПОРАКИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ УРЕДИ

ВНИМАНИЕ

Дополнителни препораки за уредот за косење со ножици.

Намената за користење на уредот е опишана во упатството. Не го користете уредот за намени кои не се предвидени; на пример уредот не смее да се користи за сечење на дрва. Користењето на било каков додаток или дополнителен дел или пак извршувањето на активности кои не се наменети за овој уред и не се претставени во упатството, може да предизвика лични повреди.

■ Кога работите со уредот држете го за изолираната површина додека извршувате активност која може да ве доведе во допир со скриена жица или пак во допир со електричниот кабел. Доколку сечилото од пилата дојде во допир со некоја од жиците, може да дојде до електричен пренос и да предизвика електричен удар.
■ Носете тесна и заштитна облека, со заштитен шлем кој поседува визир/очила, заштита за ушите, обувки кои не се лизгаат, заштитни панталони и дебели кожни ракавици.
■ Секогаш стојте подалеку од местото каде што може да паднат гранките.
■ Оддалеченоста помеѓу местото каде што паѓаат гранките и лицата кои се во близина, треба да биде најмалку 2 1/2 од должината на гранката. Доколку не се почитува оваа оддалеченост, може да дојде до оштетување или повредување на лицата или објектите кои се во близина.
■ Направете план за безбедно напуштање на местото каде што пајаат гранките. Обезбедете се дека на патот нема никакви пречки кои би оневозможиле брзо движење. Внимавајте, мократа трева и исечената кора се лизгави.
■ Обезбедете да имате лице во близина (на сигурна оддалеченост) во случај на незгода.
■ Уредот не го користете доколку стоите на дрво, скала или на друга нестабилна површина.
■ Внимавајте како чекорите и одржувајте рамнотежа постојано.
■ Држете го цврсто уредот со двете раце додека е включен.
■ Внимавајте синцирот во движење да не дојде во допир со врвот од насочувачот.

■ Почнете со сечењето само кога синцирот ће ја постигне најголемата брзина.

■ Немојте да се обидувате повторно да навлегувате во претходното засекување Секогаш почнете со засекување одново.
■ Внимавајте на ситните гранки или други работи кои може да го зафатат сечењето или да го зафатат или да паднат врз синцирот.
■ Не се обидувајте да исечете гранка со дијаметар кој є поголем од должината на сечење на уредот.

■ Секогаш отстранувајте го акумулаторот и поставувајте ја заштитната поклопка на пилата за време на транспорт или доколку го пренесувате уредот.

■ Одржувајте го синцирот остар и внимавајте да е добро затегнат Повремено вршете проверка на синцирот.
■ Исключете го уредот, оставете го синцирот да запре и отстранете го акумулаторот пред да почнете со прилагодување, одржување или сервис.

■ Секогаш користете оригинални деливи и додатоци.

■ Секогаш носете го уредот со ножици за кастрење за соодветната дршка, додека сечилото секогаш треба да биде поставено во неговата поклопка. Уредот треба да биде демонтиран. Соодветното користење на уредот їе го намали ризикот од можни лични повреди.

БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕПОРАКИ ЗА ТРИМЕРОТ СО НОЖИЦИ ЗА КАСТРЕЊЕ НА ЖИВА ОГРАДА

Држете ги сите делови од телото подалеку од сечилото. Не ги отстранувајте исечените делови или оние кои сакате да ги исечете додека сечилото е включено. Уредот треба да е ислучен доколку го чистите од предмети кои се имаат заглавено Само мало невнимание додека управувате со уредот може да доведе до сериозни повреди.

■ Пренесувајте го уредот со помош на дршката, додека сечилото е во мирување. ц) За време на транспорт или чување на уредот, секогаш поставувајте го заштитниот дел на делот за сечење. Соодветното користење на тримерот го намалува ризикот од повреди од сечилото.

■ Држете го уредот само за изолираните делови, бидејки сечилото од пилата може да дојде во допир со внатрешната инсталација. Доколку сечилото од пилата дојде во допир со некоја од жиците, може да дојде до електричен пренос и да предизвика електричен удар.

■ Проверете во оградата да не има предмети, како што се жичени огради. Упатство за соодветното држење на тримерот, на пример со двете раце за двете дршки доколку се доставени.

ОБУКА

Почитувајте ги следните упатства: Прочитајте го упатството за корисниците пред да почнете да го употребувате уредот.

ПРИПРЕМА

■ Почитувајте ги следните упатства.
■ a) УРЕДОТ МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПОВРЕДИ.
■ Прочитајте ги упатствата за соодветно управување, припрема, одржување, включување и стопирање на тримерот. Запознајте се со сите делови за контрола и соодветното користење на тримерот.
■ б) Деца не смее да го користат овој уред.
■ ц) Внимавајте на високите електрични кабли.

■ д) Уредот не го користете во близина на други лица, посебно деца.

■ e) Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит кој може лесно да се зафати во движечките делови на уредот. Препорачано е носење цврсти ракавици, обувки кои не се лизгааат и заштитни очила.

■ ф) Доколку уредот за сечење удри во друг објект или пак тримерот почне да произведува невообичаени звуци или вибрации, исключете го од електричното напојување и оставете го да

запре со работењето.

■ Отстранете ги батериите и раководете се според следните инструкции: проверете дали дошло до оштетувања; Проверете дали има олабавени делови и зацврстете ги доколку е потребно; заменете ги оштетените делови или извршите поправка со делови кои имаат еднаква спецификација.
■ г) Потребна е заштита за ушите.
■ x) Потребна е заштита за очите.
■ i) Упатство како да се запре тримерот за кастрење со ножици во случај на ургентен случај.

■ Уредот не е наменет да се користи од страна на лица (включително и деца) кои немаат довольно разбирање, знаење или искусство за користење на уредот, освен доколку не работат под надзор или не се обучени за правилната употреба на уредот од страна на лице одговорно за нивната безбедност.

■ Внимавајте децата да не си играат со уредот.

РАБОТЕЊЕ СО УРЕДОТ

Внимавајте на следните упатства за соодветна употреба и информацијата дека тримерот не смее да се користи за други намени, како и упатствата кои се во продолжение.

■ a) Запрете го уредот пред

■ да го чистите или да ја отстраните блокадата, пред да правите проверка, да го пренесувате или да работите на уредот, пред да ја прилагодувате позицијата на уредот за сечење, и пред да го оставите уредот без надзор.

■ б) Уредот наместете го во посакуваната работна позиција пред да го включите.

ц) Додека го користите тримерот, секогаш работната позиција треба да биде сигурна и безбедна за изведување, посебно кога изведувате активности додека сте на скала.

■ д) Уредот не треба да се употребува доколку делот за сечење е оштетен или целосно истрошен.

■ е) Одржувајте го уредот и придушувачот на звук чисти од разни предмети, лисја и премногу лубрикант.

■ ф) Секогаш проверувајте дали дршките и одбојниците се добро поставени додека го користите уредот. Никогаш не се обидувајте да го користите уредот доколку не е целосно составен или доколку на него се направени неовластени измени.

■ г) Секогаш држете го уредот со двете раце за двете дршки.

■ x) Секогаш внимавајте на околината и на можните ризици кои можеби не може да ги забележите поради буката која ја произведува уредот.

ОДРЖУВАНЬЕ И ЧУВАНЬЕ

■ Внимавајте на следните упатства.
■ a) Кога уредот треба да се запре поради сервисирање, проверка и чување, исключете го од електричното напојување и обезбедете се сите движечки делови да бидат во мирна позиција. Оставете го уредот да се олади пред да вршите проверка, прилагодување, итн.

■ 6) Чувајте го уредот на места каде што не постои можност од запалување. Оставете го уредот да се олади пред да го оставите на подолг временски период.
■ ц) За време на транспорт или чување на уредот, секогаш поставувајте го заштитниот дел на делот за сечење.

ВИБРАЦИИ

Искажаната вредност на вибрациите во делот со техничките податоци и изјавата за соодветност, се мерени во согласност со стандартниот метод на тестирање од страна на EN 60745 и може да се користи за споредба со други уреди. Прикажаната вредност може да се користи за прелиминарна проценка за изложеноста.

Нивото на вибрации за време на користењето на уредот може да се разликува од прикажаната целосна вредност во зависност од начинот на кој уредот се користи. Нивото на вибрации може да го надмине стандартното ниво. Кога се проценува изложеноста на вибрациите за да се определат заштитните мерки предвидени со 2002/22/ЕК за заштита на лицата кои редовно користат електрични уреди за време на нивните редовни работни задачи, проценката за изложеноста треба да ги земе во предвид моменталните услови во кои се употребуваат уредите, начинот на кој тие се употребуваат и сите делови од циклусот од користење на уредот, од неговото включување, работењето, вклучувањето и времето на мирување.

Пред да се обидете да кастрите дрво, проверете ги прописите и законските одредби кои може да забрануваат или го контролираат сечењето на дрвјата.

■ Внимавајте на насоката во која може да падне дрвото. Земете ги во предвид сите услови кога ја пресметувате насоката на пагање на гранката, вклучувајки:
■ должината и тежината на гранката која ће се сече.

■ насоката во која ће падне
■ гранки со поголема тежина, структура или трули гранки
■ близината на другите околни дрвја и препреки,
■ вклучувајки високи електрични кабли
■ гранки кои се претплетуваат
■ Земете ја во предвид достатноста до гранката. Гранките обычно се занишуваат кон стеблото на дрвото. Покрај корисникот, сите лица во околината, зградите или предметите кои се под гранките се во опасност да бидат удрени од гранките.

Следните ознаки за внимание се поставени на уредот.
ОЗНАКА ОБЈАСНУВАЊЕ
STIGA SMT 48 AE - ВИБРАЦИИ - 1Внимание! За да го намалите ризикот од повреди, задолжително е да се запознаете гсо упатството.
STIGA SMT 48 AE - ВИБРАЦИИ - 2Немојте да го изложувате уредот на дожд или влажна средина.
STIGA SMT 48 AE - ВИБРАЦИИ - 3Секогаш носете заштитни ракавици кога ја користите пилата.
STIGA SMT 48 AE - ВИБРАЦИИ - 4Внимавајте на предметите кои може да паднат. Држете ги лицата во Вашата близина на соодветно растојание.
STIGA SMT 48 AE - ВИБРАЦИИ - 5Опасност од електричен удар. Држете растојание најмалку од 10м од високите електрични кабли.
STIGA SMT 48 AE - ВИБРАЦИИ - 6Секогаш имајте заштита за главата и очите.
STIGA SMT 48 AE - ВИБРАЦИИ - 7Носете обувки против лизгање.
STIGA SMT 48 AE - ВИБРАЦИИ - 8Носете заштита за очите и ушите.
STIGA SMT 48 AE - ВИБРАЦИИ - 9Насока на движење на синζирот.
STIGA SMT 48 AE - ВИБРАЦИИ - 10Внимание! Не го допирајте синζирот во делот за вметнување.
STIGA SMT 48 AE - ВИБРАЦИИ - 11Внимание! Не го допирајте синζирот во делот за вметнување.

STIGA SMT 48 AE - ВИБРАЦИИ - 12

За да обезбедите сигурно користење на уредот, проверувајте го затегнувањето на синζирот како што е дадено во упатството после секои 10мин користење, и прилагодете го кон назад со проверување на секои 3 мм како што е препорачано.

3. СПЕЦИФИКАЦИИ

Волтажаvdc48
Брзина на пилата без оптеретувањеm/s9.9 ± 10%
Максимална должна на сечењеmm200
Тежинакг3.8
Зафатнина на резервоарот на маслотоml50
ТРИМЕР ЗА КАСТРЕЊЕ СО ПОМОШ НА НОЖИЦИ
Волтажаvdc48
Брзина без оптеретувањеmin-11,200
Должина на сечилотоmm450
Отвор за сечилотоmm18
Време на кочење на сечилотоs < 1.0
Тежина (без батерии)kg4.25

Додатоци(пила со дел за продолжување)

  1. Копче за включување/исклучување
  2. Копче за заклучување.
  3. Главна рачка
  4. Глава на пилата
  5. Поклопка за запчаникот.
  6. Насочувач
  7. Синцир
  8. Покривка за синцирот.
  9. Продолжена цевка
  10. Акумулатор
  11. Резервоар за масло
  12. Полнач

Делови (Тример за кастрење со ножици)

  1. Копче за вклучување/исклучување
  2. Копче за заклучување.
  3. Главна рачка
  4. Глава на тримерот
  5. Сечило
  6. Поклопка за сечилото
  7. Акумулатор
  8. Полнач
  9. Индикатор за полнењето
  10. Ротирачко копче

Прочитајте ги упатствата пред да почнете со употреба.

4. СОСТАВУВАЊЕ (ПИЛА СО ПРОДОЛЖЕН ДЕЛ)

ВНИМАНИЕ

Пред да почнете со составувањето, отстранете го акумулаторот од уредот.

ПОСТАВУВАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ НА АКУМУЛАТОРОТ (СЛ.Б)

■ Кога го поставувате акумулаторот (11), поставете го во рамна положба во отворот наменет за нив. Поставете го во отворот и притиснете додека не се постави убаво.
■ За да го отстраните акумулаторот, притиснете го копчето да се ослободи (13) и во исто време повлечете го акумулаторот надвор од отворот.

ВНИМАНИЕ

За да не дојде до незгода, пред било каква активност внимавајте акумулаторот да биде отстранет и заштитниот дел да биде поставен на пилата. Во спротивно постои опасност од сериозни повреди.

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ГЛАВАТА НА ПИЛАТА (СЛ. Д)

Максималниот дофат се постигнува со поставување на продолжената цевка (9) помеѓу главата на пилата (4) и дршката (3).

Израмнете ги жлебовите на надворешниот краен дел за спојување на дршката (3) со јазичето од внатрешниот краен дел за спојување на главата од пилата (9).
■ РПритиснете ја продолжената цевка (9) на дршката(3).
■ Повлечете го ременот (15) кон горе и вртете го во насока спротивно на часовникот се додека не биде целосно затегнат.
Израмнете ги жлебовите на надворешниот краен дел за спојување на продолжената цевка (9) со јазичето од внатрешниот краен дел за спојување на главата од пилата (4).
■ Притиснете ја главата на пилата (4) на дршката (9).
■ Повлечете го ременот (14) кон горе и вртете го во насока спротивна на часовникот се додека не биде целосно затегнат.

ВНИМАНИЕ

Повремено вршете проверка на спојувањата за да се обезбедите дека се добро зацврстени.

ОТСТРАНУВАЊЕ НА ГЛАВАТА НА ПИЛАТА (СЛ. Ц И Д)

Доколку продолжената цевка (9) е прикачена, прво треба ја отстраните главата на пилата.

■ За да ја отстраните главата на пилата (4),

ЗАТЕГНУВАЊЕ НА СИНЦИРОТ (СЛ.Т)

Синцирот се раширува со употреба, проверки и често затегнување. Никогаш не го затегнувајте синцирот додека е сеуште топол пред да го оставите на подолг период, бидејки истиот се затегнува на пониска температура и може да дојде до оштетување на синцирот, прачката и пилата.

ПОСТАВУВАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ НА ГЛАВАТА НА ТРИМЕРОТ (СЛ. К)

ПОСТАВУВАЊЕ НА ГЛАВАТА НА ТРИМЕРОТ

■ Изедначете ја стрелката на крајот од главната дршка (27) со стрелката на главата на тримерот (28).
■ Притиснете ја главата на тримерот (28) на дршката (27) до крајот на црвената линија.
■ Зацврстете ја бравата на главата на тримерот (35).

ВНИМАНИЕ

Повремено вршете проверка на спојувањата за да се обезбедите дека се добро зацврстени.

ОТСТРАНУВАЊЕ НА ГЛАВАТА НА ТРИМЕРОТ

Оставете ја дршката (27) на тлото, ослободете ја бравата од главата на тримерот (35), притиснете го копчето за заклучување (39), и извадете ја главата на тримерот (28).

ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА АГОЛОТ НА ГЛАВАТА НА ТРИМЕРОТ (СЛ. Л)

Главата на тримерот се врти до 105° и може да се заклучи во 7 позиции.

ВНИМАНИЕ

Носете заштитни ракавици и држете го уредот како што е покажано во упатството, за да избегнете да ви се зафатат прстите.

■ Оставете ја дршката (27) на тлото, притиснете го копчето за ротирање (37) кон доле и поместете ја главата на тримерот (28) како што е предвидено. Обезбедете се главата на тримерот да биде добро поставена на своето место.

ПОСТАВУВАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ НА АКУМУЛАТОРОТ (СЛ.Б)

■ Кога го поставувате акумулаторот(31), поставете го во рамна положба во отворот наменет за него. Поставете го во отворот и притиснете додека не се постави убаво.

5. УПОТРЕБА

Внимание! Оставајте го уредот на местата предвидени за него. Немојте да го преполните.

Акумулаторот се полни пред секоја употреба и во случаи кога не произведува довольно енергија за активности за кои претходно лесно се изведувале. Акумулаторот може да се затопли додека се полни; оваа појава е нормална и не претставува проблем.

ВНИМАНИЕ

Не го полните акумулаторот на места каде што температурата е под 10°C или над 40°C. Препорачаната температура за полнење е во просек 24°C.

Забелешка: Получот нема да го полни акумулаторот доколку температурата е под 10°C или над 40°C. Акумулаторот треба да се постави во полначот и истиот автоматски їе почне со полнење кога температурата се зголемува или намалува.

УПОТРЕБА НА ПИЛАТА СО ПРОДОЛЖЕН ДЕЛ

За ваша безбедност, уредот е опремен со двоен систем за ислучување. Системот препречува уредот да се вклучи непланирано.

Вклучување

■ Притиснете го копчето за отклучување (2) кон назад со помош на Вашиот палец, во исто време стискајки на прекинувачот за вклучување/исклучување (1).
■ Ослободете го копчето за отклучување (2).

Исклучување

■ Ослободете го прекинувачот за включување/ислучување (1).

ВНИМАНИЕ

Никогаш не се обидувајте да го заклучите прекинувачот во позицијата включено.

ЗАСЕКУВАНЬЕ

■ Уредот треба да работи со цела брзина пред да почнете со засекувањето.
■ Држете го цврсто уредот за да не дојде до удирање или странични движења.

■ Засечете ја гранката со лесен зафат. Доколку сечете поголеми гранки, каде што може да дојде до оштетување на дрвото со засекувањето, почитувајте ги следните упатства:

■ Првото засекување треба да биде 15cm од стеблото, на долниот дел од гранката. Со помош на горниот дел од водилицата (6) засечете ја гранката.

■ Исечете една третина од дијаметарот од гранката. Потоа сечете од горниот дел.

Откако ће завршите со сечењето на дрвото, можете да ја замените главата на тримерот и да продолжите со активностите. (сл. С)

ВКЛУЧУВАЊЕ И ИСКЛУЧУВАЊЕ (СЛ.М)

Заради Вашата безбедност, системот е опремен со двоен систем за ислучување. Системот препречува уредот да се вклучи непланирано.

ВКЛУЧУВАЊЕ

■ Притиснете го предниот прекинувач.
■ Притиснете го копчето за заклучување (26) кон назад со помош на Вашиот палец, во исто време стискајки го копчето за вклучување/исклучување (25).
■ Ослободете го копчето за исклучување (26).

ИСКЛУЧУВАЊЕ

■ Ослободете го копчето за включување/исклучување (25).

ВНИМАНИЕ

Никогаш не се обидувајте да го заклучите прекинувачот додека е во позиција включено.

ПРЕПОРАКИ ЗА ОПТИМАЛНА УПОТРЕБА

Почнете со кастрење на горниот дел од грмушката. Наведнете го уредот (до 15° во однос на линијата на сечење) за да крајниот дел од сечилото благо биде насочен кон грмушката (сл.О). На овој начин ће имате поефикасно засекување. Држете го уредот на посакуваниот агол и движете го цврсто според предвидената линија на сечење. Со двојното сечило можете да засекувате во двете насоки.
■ За да обезбедите рамна линија на сечење, поставете конец по должината на грмушката според саканата висина. Користете го конецот како насока, а засекувајте над него.
■ За да засекувате рамни површини, сечете нагоре во насока на новите гранки. Помладите гранки се движат кон надвор кога засекувате кон надоле, при тоа правејки плитки засекувања на грмушката (сл. П)
Внимавајте на допир со други предмети кои може да се наогаат во оградата. Посебно внимавајте на тврди објекти како што се метални жици и огради, кои може да ги оштетат сечилата.

■ Редовно подмачкувајте ги сечилата。
■ Редовно кастрете ги живите огради и грмушките со сезонски лисја (нови лисја секоја година) во јуни и октомври.

■ Зимзелените дрвја кастрете ги во април и август.

■ Кастрете ги четинарите и брзо растечките грмушки секои шест седмици од мај до октомври
■ Редовно кастрете ги живите огради и грмушките со сезонски лисја (нови лисја секоја година) во декември и март.
■ Зимзелените дрвја настрете ги во септември и фебруари.
Редовно кастрете ги живите огради и грмушките со сезонски лисја (нови лисја секоја година) од октомври до мар.

6. ОДРЖУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ

ОДРЖУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ

Greenworks уредот е направлен да се користи за подолг временски период со минимално одржување. Редовното одржување и чистење на уредот придонесува до задоволувачки перформанс и задоволство при користењето. Полначот не треба да се одржува, освен редовно да се чисти.

ВНИМАНИЕ

Пред секое одржување на уредот, отстранете ги батериите. Исключете го полначот пред да го чистите.

■ Пред употреба и оставање на подолго време
■ После употребата внимателно исчистете ги сечилата. После чистењето, нанесете тенок слој машинско масло за да препречите ргісување на сечилото.
■ Редовно чистете ги отворите за вентилација со помош на четка или сува крпа.
■ Редовно чистете го ку́киштето на моторот со крпа. Не користете абразивни или средства на база на течност.
■ Внимавајте сите прекинувачи да немаат нечистотии пред и после употребата.

ЧУВАЊЕ

Кога го пренесувате или оставате уредот на подолго време, секогаш поставувајте ја заштитната поклопка преку сечилото. Доколку уредот не се користи повеќе месеци, оставете ја батеријата приключена во полначот. Во спротивно, почитувајте го следното:

■ Целосно наполнета ја батеријата.
■ Отстранете ја батеријата од уредот.
■ Чувајте го уредот и батериите на безбедна и сува локација. Температурата на локацијата мора да биде од +10°C до +40°C. Батериите треба да бидат поставени на рамна површина.
■ Пред да го користите уредот после долго

мирување, наполнете ја батеријата во целост.

ЗАШТИТЕТЕ ЈА ОКОЛИНАТА

Селектирајте го отпадот. Уредот не смее да се отстранува заедно со другиот домаћински смет. Доколку треба да го замените или повење не сакат да го употребувате Greenworks уредот, не го отстранувајте со другиот домаћински смет. Обезбедете се дека уредот ће биде отстранет со селектираниот отпад. Селектираниот отпад од користени уреди и пакувања, дозволува истите да бидат рециклирани и да се користат повторно. Повторното користење на рециклираните материјали препречува загадување на околината и ја намалува потребата за суровини.

БАТЕРИИ

Откако ће помине рокот на траење, батериите треба да се отстранат во согласност со препораките за заштита на околината:

- Не ги спојувајте терминалите на батериите.

- Не ги фрлајте батериите во орган бидејки постои ризик од експлозија и повреди.

- Потрошете ја батеријата во целост и потоа отстранете ја.

7. ПРОБЛЕМИ

Грешки МОЖНИПРИЧИНИДејство
Уредотне севклучуваБатериите несе поставенисоодветноПроверете гоповрзувањето наакумулаторот
Батеријата епразнаПоставете(целосна) полнабатерија
Копчето заисклучување нее активираноПогледнетеуште еднаш вопроцедурата застартување
Спојувањата напродолжениотдел не сесоодветнозатегнатиПроверете гоповрзувањето наакумулаторот
Батеријатане сеполниБатеријата нее поставенасоодветноПроверете гоповрзувањето наакумулаторот
ГрешкаМОЖНИПРИЧИНИАктивности
Синцирот и прачката се премногу топли и испуштаат миризба.Проверете дали синцирот е премногу затегнат.Кутијата со маслото за подмачкување е празна.Затегнување на синцирот.Погледнете го делотЗатегнување на синцирот претходно во упатството.Проверете ја кутијата со маслото за подмачкување.
Моторот работи, но синцирот не се движи.Проверете дали синцирот е премногу затегнат.Проверете го составувањето на синцирот и шипката.Проверете го синцирот и шипката од можни оштетувања.Синцир за задржување.Погледнете го делотЗатегнување на синцирот претходно во упатството.Погледнете го делот Замена на синцирот и прачката претходно во упатството.Проверете го синцирот и прачката од можни оштетувања.

1. VEILIGHEIDSVOORSCHRIFTEN

VOORZIEN GEBRUIK

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : STIGA

Модел : SMT 48 AE

Категорија : Градинарски ножици