JSM1028P - Пила Ferm - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот JSM1028P Ferm во PDF формат.
| Тип на производ | Вибрирачка пила |
| Марка | Ferm |
| Модел | JSM1028P |
| Напојување | 220-240 V~, 50/60 Hz |
| Моќност | 450 W |
| Брзина без оптоварување | 0 - 3 400 min⁻¹ (променлива) |
| Макс. длабочина на сечење (дрво) | 65 mm |
| Ход на сечење | 6 mm |
| Агол на косење | +45° до -45° |
| Вибрирачки позиции | 3 + 1 (4 позиции) |
| Тежина | 2,05 kg |
| Ниво на звучен притисок | 98 dB(A) (K=5 dB) |
| Ниво на звучна моќност | 109 dB(A) (K=5 dB) |
| Вибрации (дрво) | 11,02 m/s² (K=1,5 m/s²) |
| Вибрации (метал) | 15,16 m/s² (K=1,5 m/s²) |
| Изолација | Двојна изолација |
| Систем за отстранување прашина | Приклучок за правосмукалка (Ø неспецифициран) |
| Соодветни материјали | Дрво, метал, пластика, керамика, гума |
| Главни функции | Променлива брзина, заклучување на прекинувачот, вибрирачко подесување, косо сечење |
| Одржување и чистење | Исчистете ги отворите за вентилација, подмачкајте го водилкиот ролери |
| Вклучени додатоци | Ален клуч, пила (неспецифицирано) |
Frequently Asked Questions - JSM1028P Ferm
Прашања на корисниците за JSM1028P Ferm
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник JSM1028P - Ferm и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. JSM1028P на марката Ferm.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК JSM1028P Ferm
Благодариме за купувањето на овој FERM производ.
Со тоа имате одличен производ, испорачан од еден од водечките добавувачи во Европа.
Сите производи доставени од страна на FERM се произведени според највисоките стандарди на перформанси и безбедност. Како дел од нашата филозофија е обезбедување на одличен срвис за клиентите, со поддршка со нашите сеопфатни гаранции.
Се надеваме дека ће уживате користејки го овој производ многу наредни години.
ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги приложените, дополнителните безбедносни предупредувања и упатствата.
Погрешното следење на безбедносните преупредувања и упатствата може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Чувајте ги безбедносните преупредувања и упатствата за да можете повротно да ги прочитате.
Следните символи се користат во упатствата или на производот:

Прочитај го упатството.

Ризик од повреди.

Ризик од струен удар..

Веднаш извадете ја приклучницата од струја ако кабелот е оштетен како и за време на чистење и одржување.

Носете заштитни очила.
Носете заштита за слухот.

Носете маска за заштита од прашина.

Двојна изолација

Не го депонирајте производот во несоодветни садови.

Производот е во согласност со важечките стандарди за безбедност во Европските смерници.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
За убодни пили
- Не обработувајте материјали кои содржат азбест. Азбестот е карциноген.
- Носете заштитни очила, заштита за ушите и по потреба заштитна опрема, како заштитни ракавици, чевли итн..
- Пред работа од работното парче отстранете шајки и други метални предмети.
- Проверете го потпирањето или стегањето на парчето.
- Не ја користете машината без браник.
- Пред секое користење проверете го листот за пилата. Не користете тапи, пукнати, искинати или листови со било какво оштетување.
- Проверете дали е правилно монтиран листот.
- Користете листови кои се предвидени за оваа машина.
- Користете листови со точни димензии.
- Не користете друг прибор освен листови за пила.
• Не користете HSS листови. - Не ја користете машината за обработка на делови на длабочини кои ја надминуваат максимальната длабочина на листот.
- Држете ја машината за изолираните дршки, ако листот може да дојде во контакт со скриени жици или со сопствен кабел. Ако листот допре „жива” жица, металлите делови на машината исто така стануваат „живи”.
Ризик од струен удар.
- Пуштете ја машината да работи без оптеретување после монтирање на листот. Ако машината силно вибрира, веднаш исклучете ја, извадете го кабелот од струја
и обидете се да го решите проблемот.
- Листот продолжува да се движи краток период по ислучување на машината. Не се обидувајте да го сопрете листот.
Повратен удар
Повратен удар е нагорно и надолно движење на листот кога неочекувано єе допре предмет. Сигурно држете ја машината за време на работа. Вниманието заджете го кон работата која ја изведувате.
Повратниот удар обычно настанува при:
- ненамерно допирање на тврди предмети или материјали со подвижен лист;
- тап лист;
- непрописно монтирање на лист;
- сечење во претходен рез;
- намалено внимание на работата;
- нестабилна положба.
ЕЛЕКТРИЧНА БЕЗБЕДНОСТ

Секогаш проверувајте дали напонот на напојувањето одговара на наведениот напон на плочката.
- Не ја користете машината ако е оштетен кабелот или приклучокот.
- Користете продолжни кабли кои одговараат на моćност на машината, со минимален попречен пресек од 1,5 mm².
Ако користите продолжен кабел во ролна, целосно одмотајте го.
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Мрежниот напон 220-240 V\~
Номинална фреквенција 50/60 Hz
Влезна моїност 450 W
Брзина без оптеретување 0-3,100/ min
Мах. длабина на сечење (дрво) 65mm
Max. работен од 6 mm
Агол на косо сечење +45° - -45°
Бр. на осцилирачки положби 3+1
Тежина 2.05 kg
БУЧАВА И ВИБРАЦИИ
Ниво на звучен притисок (Lpa) 98 dB(A) K= 5 dB(A)
Акустична мокност (Lwa) 109 dB(A) K=5 dB(A)
Вибрации (дрво) 11.02 m/s² K= 1.5 m/s²
Вибрации (метал) 15.16 m/s² K= 1.5 m/s²

Носете заштита за слухот.
Ниво на вибрации
Нивото на емисијата на вибрациите, наведено во упатствово, е измерено во согласност со стандардизиран тест даден во EN 60745; тој може да се користи за споредување на еден алат со друг како и за прелиминарна процена на изложеност на вибрации при користење на алатот во споменатите апликации
- користењето на алатот за различни апликации или со различни или слабо одржуван прибор, може значително да го зголеми нивото на изложеност
- времето кога алатот е ислучен или кога работи, но не ја врши работата, може значително да го намали нивото на изложеност
Заштитете се од ефектите на вибрациите со одржување на алатот и приборот, рацете да ви бидат топли и организирајте ги работните навики.
ОПИС (СЛ. А
Вашата убодна пила со осцилаторно дејство е конструирана за сечење на дрво, метал, пластика, керамика, гума итн. на било која големина и облик.
- On/off прекинувач
- Копче за забравување
- Прекинувач за осцилаторно дејство
- Браник
- Држач на лист за пила
- Основа на пилата
- Приклучок за одвод на прашина
- Дршка
- Имбус клуч
МОНТАЖА

Пред монтажа исключете ја машината и извадете го приклучокот од главниот напон.
Монтирање и отстранување на лист (сл. В)
Погледајте ја долната табела за избор на соодветен лист.
Монтажа
- Олабавете ја имбус завртката (13) со помош на имбус клуч (11).
- Вметнете лист (14) во држачот (6), колку што е можно подлабоко. Запците на листот (14) мора да биде свртен нагоре и напред. Мазната страна од листот мора да влезе во жлебот од водилниот валјак.
- Стегнете ја имбус завртката (13) со помош
Отстранување
- Олабавете ја имбус завртката (13) со помош на имбус клуч (11).
- Отстранете го листот (14) од држачот (6).
- Стегнете ја имбус завртката (13) со помош на имбус клуч (11).
Многу фин Дрво (кривини)

Не го отстранувајте браникот од машината.
УПОТРЕ
ON/OFF прекинувач (сл. А)
- Включете ја машината со притискање на прекинувачот (1). Со отпуштање на прекинувачот (1) машината се исклучува.
- Бројот на вртежите може да се дотерува со притискање на прекинувачот (1), повеće за поголема, а помалку за помала брзина.
Копче за забравување
- Можете да го забравите прекинувачот (1), со притискање врз него, а потоа со притискање на копчето за забравување (2).
- За отпуштање, повторно кратко притиснете го прекинувачот (1).
Избор на агол за косо сечење (сл. С)
Аголот за косо сечење е променлив, помегу -45° и +45°.

Не избирајте агол за време на работа.
- Олабавете ја имбус завртката (17) со помош на имбус клуч (11).
- Свртете ја основата на пилата (7) во сакана положба.
- Стегнете ги имбус завртките (17) со помош на имбус клуч (11).
Користење на прекинувач за осцилаторно дејство (сл. А)
Прекинувачот за избор на осцилаторно дејство се користи за одредување на начинот на кој запците го зафаќаат материјалот. Прекинувачот за избор на осцилаторно дејство може да се постави до 4 положби.

Не избирајте осцилаторно дејство за време на работа.
- Турнете го прекинувачот за избор на осцилаторно дејство (2) во сакана положба, според обработуваниот материјал.
Погледајте ја долната табела за избор на соодветна положба.
Материјал Осцилаторна положба
Дрво 1-3
Пластика 1
Алуминиум 0-1
Челик 0
Керамика 0
Гума 0
Одведување на прашина
- Приключете црево од правосмукалка на адаптерот (9).
Совети за оптимално користење
- Стегнете го работното парче. Користете стеги за мали парчиња.
- Нацртајте линија за насока на сечење.
- Држете ја машината цврсто за дршката.
- Изберете резна брзина.
- Изберете агол на сечење.
- Изберете осцилаторна положба.
• Включете ја машината. - Почекајте машината да достигне полна брзина.
- Поставете ја основата врз работното парче.
- Полека движете ја машината по линијата, притискајки ја основата врз парчето.
- Не притискајте премногу врз машината.
Оставете машината да ја заврши работата.
- Исклучете ја машината и почекајте целосно да се сопре, пред да ја одложите.
ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ

Пред чистење и одржување исключете ја машината и извадете го приклучокот од главниот напон.
- Редовно чистете го кукиштето со мекана крпа.
- Чувајте ги отворите за вентилација чисти, без прашина. Ако е потребно, користете мекана, влажна крпа за отстранување на прашина и нечистотии од отворите за вентилација.
- Редовно чистете го листот за да избегнете неточности при работа.
- Редовно подмачкувајте го водилниот валјак.
ГАРАНЦИЈА
Видете ги приложените гарантни термини.
ОКОЛИНА
Депонирање

Производот, приборот и пакувањето мораат да се сортираат за еколошко рециклирање.
Само за земји од ЕУ
Не ги депонирајте алатите во домашен отпад. Според Европското Упатство 2012/19/ EU за отпадна електрична и електронска опрема и неговата имплементација во националното право, електричните алати кои веќе не се употребливи мораат да се собираат одделно и да се отстрануваат на еколошки начин.
Spare parts list
JSM1028P
| No. Description Position | ||
| 480217 Saw holder complete 3..9 | ||
| 480218 Big gear 12 | ||
| 480219 Front rotor bearing 608 20 | ||
| 480220 Rotor 21 | ||
| 480221 Saw guide 22, 23 | ||
| 480222 Switch 24 | ||
| 480223 brush holder 29 | ||
| 480224 carbon brush 30 | ||
| 480225 stator 31 | ||
| 480226 Rear rotor bearing 627 32 | ||
| 480227 Function knob complete 38..41 | ||
| 480228 base complete 42..45 |
Exploded view

(MK) Изјавуваме со наша целосна одговорност дека производот е во согласност со Смерницата 2011/65/EU на Европскют парламент и е во согласност според Советот од 9 јуни за ограничување на користење на одредени опасни супстанции во електричната и електронската опрема и дека е според следните стандарди и регулативи:
EN55014-1, EN55014-2, EN 62841-1, EN 62841-2-11, EK9-BE-88 EN61000-3-2, EN61000-3-3
2006/42/EC, 2014/30/EU, 2011/65/EU, 2012/19/EU
Zwolle, 01-10-2019

FERM - Lingenstraat 6 - 8028 PM - Zwolle - The Netherlands