Ferm MSM1039 - Пила

MSM1039 - Пила Ferm - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот MSM1039 Ferm во PDF формат.

📄 116 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice Ferm MSM1039 - page 102

Прашања на корисниците за MSM1039 Ferm

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

L'email reste privé : il sert seulement à vous prévenir si quelqu'un répond à votre question.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник MSM1039 - Ferm и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. MSM1039 на марката Ferm.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК MSM1039 Ferm

GARANTI Garanti koşulları ayrı olarak eklenmiş garanti kartı üzerinde bulunabilir. Ürün ve kullanıcı kılavuzu değişikliğe tabidir. Spesifikasyonlar başka bir uyarı olmaksızın değiştirilebilir. ПОТЕЗНА ПИЛА ЗА КОСО СЕЧЕЊЕ MSM1039 Благодариме за купувањето на овој FERM производ. Со тоа имате одличен производ, испорачан од еден од водечките добавувачи во Европа. Сите производи доставени од страна на FERM се произведени според највисоките стандарди на перформанси и безбедност. Како дел од нашата филозофија обезбедуваме одлична услуга за клиентите, со врвна сеопфатна гаранција. Се надеваме дека ќе уживате користејќи го овој производ многу наредни години. Броевите во текстот се однесуваат на дијаграмите на стр. 2-3 Внимателно прочитајте ги упатствата за работа пред да го користите уредот. Запознајте се со функциите и основните операции. Сервисирајте го уредот според инструкциите, за да се осигурате дека секогаш правилно ќе функционира. Упатствата за ракување и придружната документација треба да се чуваат во близина на уредот.

Електричниот алат е наменет, како стационарна машина, за надолжно и попречно сечење во дрво. Можни се хоризонтални коси агли од -45° до +45° како и вертикални наклонети агли од -45°. Оваа пила е наменета само за сечење на дрво. Не ја користете пилата за да исечете други материјали освен

Технички карактеристики Мрежен напон 220-240V~, 50Hz Капацитет 1500W Класа на заштита II (двојна изолација) Брзина без оптеретување 4.500/min Мери на листот за пила 210x30x2.8mm Агол за косо сечење 45º (лево и десно)103

Агол на наклон 45º (само лево) Max. капацитет на косо сечење: Косо 0º, под наклон 0º 70x305mm Косо 0º, Под наклон 45º 35x305mm Косо 45º, Под наклон 0º 70x210mm Косо 45º, под наклон 45º 35x210mm Тежина 12 kg Lpa (ниво на звучен притисок 93.6+3 dB(A) Lwa (акустична моќност) 106.6+3 dB(A) Ниво на вибрации Нивото на емисијата на вибрациите, наведено во упатствово, е измерено во согласност со стандардизиран тест даден во EN62841-1; тој може да се користи за споредување на еден алат со друг како и за прелиминарна процена на изложеност на вибрации при користење на алатот во споменатите апликации - користењето на алатот за различни апликации или со различни или слабо одржуван прибор, може значително да го зголеми нивото на изложеност - времето кога алатот е исклучен или кога работи, но не ја врши работата, може значително да го намали нивото на изложеност. Заштитете се од ефектите на вибрациите со одржување на алатот и приборот, рацете да ви бидат топли и организирајте ги работните

1. On/off прекинувач

2. On/off прекинувач за ласер

3. Копче за деблокирање

4. Капак за јаглени четкички

8. Граничник за косо сечење

9. Рачка за дотерување на агол на сечење

10. Рачка за забравување

11. Папуча за забравување

12. Вртлива рачка преку лузгачкиот потпирач

13. Приклучок за вреќа за прашина

22. Копче за забравување на листот

Кога се користат електрични алати, потребно е да се запазат основните насоки за безбедност, за да се избегнат опасности од пожар, електричен удар и повреди. Прочитајте ги посебните упатства за производот и упатствата за безбедност, пред да работите со електричниот алат и чувајте ги упатствава. Поставување на стационарна машина Сл. 6 Ова е стационарна машина и од безбедносни причини мора да биде цврсто поставена и да не се користи за мобилни изведби. Можете да ја поставите на два начина: a) Како стационарна, врз работна маса. Во тој случај машината мора да се обезбеди врз масата со 4 завртки. b) Како стационарна, врз шасија. Во овој случај машината мора да биде обезбеденa врз шасијата со 4 завртки, а шасијата со 4 анкерисани завртки врз подна плоча, со димензии најмалку од 1 м2.

Следните симболи се важни за ракување со електричниот алат. Исправната интерпретација на симболите ви помага многу посигурно да го користите алатот. Означува опасност од лични повреди, губење на живот или оштетување на алатот во случај на непочитување на упатствата во овој прирачник. Внимание, ризик од струен удар. Присутните лица да стојат

Носете заштита за очите104

Носете заштита за ушите. Изложувањето на бучава го оштетува слухот. Носете маска за заштита од

Опасна област! Држете ги рацете подалеку (10cm) од резната област додека работи машината. Опасност од повреди ако го допрете листот. Не го насочувајте ласерскиот зрак во лица или животни и не стоите во него, дури ни на растојание. Овој електричен алат произведува зрак од 2 класа на ласерско зрачење, во согласност со EN 608251. Ова може да предизвика слепило. Мери на дискот. Проверете ги димензиите на листот. Насадниот отвор мора да одговара на вретеното на алатот, кој не смее да игра. *Користете нагоден прстен, дефиниран од испорачателот, нагодниот прстен не може да има зјај. Транспортирајте ја машината само кога е во положба за транспорт.

1. Безбедност на работниот простор

a) Работниот простор да e чист и добро осветлен. Несредено или темно работно место е причина за несреќи. b) Не работете со алатот во експлозивна атмосфера, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри кои можат да ја запалат прашината или пареата c) Деца и присутни лица да бидат подалеку додека алатот работи. Одвлекување на вниманиеможе да предизвика губење на контрола или одлетување на материјалот d) Никогаш не ја оставајте машината без надзор, без претходно да го извлечете кабелот од струја.

a) Ако не сте запознаени со ракување со машината. Подобро е да се информирате кај професионален инструктор или техничар. b) Складирајте го електричниот алат надвор од дофат на деца. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. c) Чувајте го алатот сув, чист и без масло и маст. Соодветно одржувани алати се посигурни и полесно се контролираат. Мрсните дршки се лизгави и може да се изгуби контрола. d) Секогаш да имате чиста и уредна работната средина. Би можеле да се лизнете или да се

e) Бидете внимателни, внимавајте што работите и бидете претпазливи кога работите со електричниот алат. f) Не се преценувајте. Одржувајте сигурна подлога и рамнотежа. На тој начин ќе имате подобра контрола врз алатот при неочекувани ситуации. g) Не работете со машината под дејство на алкохол, дрога или лекови. Невнимание за време на работа, може да предизвика сериозни повреди. h) Секогаш носете опрема за лична заштитна. Секогаш носете заштитни очила, маска за прашина, антифони и заштитни чевли. При работа околу сервисирање или со суровини, користете ракавици. Држете ја косата назад. Намалување на можности за повреди.

i) Внимавајте кога сечете двојни коси споеви.

Листот, работното парче и рацете секогаш да бидат видливи за време на сечењето. j) Никогаш не сечете повеќе од едно парче во исто време. k) Осигурајте се дека парчето нема шајки/ спајалки или страни предмети во него. l) Со оваа машина никогаш да не обработувате метал или камен. m) Не обработувајте материјали кои содржат

3. Предупредувања за безбедност за

електричен алат Кога се користи машината првпат и при секоја наредна употреба: Пред било каква работа околу машината, извлечете го кабелот од струја.105

Општо: Проверете ја внатрешноста на пилата. Ако недостасува било кој дел, ако е изабен, оштетен или е нефункционален на друг начин или ако има видливи механички и/или електрични дефекти или ако машината прави силна бучава, погледнете во упатството. Ако откриете било каков дефект, треба да го отклоните, пред повторно да ја користите

Користете само оригинални делови! Ако имате било какви проблеми кои можат да влијаат врз вашата или безбедноста на машината, консултирајте се со добавувачот на

a) Секогаш користете оригинален приклучок, кој се совпаѓа со приклучницата, не користете адаптер со заземјен алат. Неизменети приклучоци и соодветни приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. b) Не ја користете машината со оштетен кабел. Не го допирајте оштетениот кабел и извлечете го од струја ако се оштети за време на работа. Оштетени кабли го зголемуваат ризикот од електричен удар. c) Редовно проверувајте го кабелот и ако е оштетен поправете го. Замена на кабли или приклучници Веднаш да ги фрлите старите кабли или приклучници, кога ќе ги замените со нови. Опасно е да ја вклучите приклучницата ако кабелот е лабав. Користење на оригинални кабли и приклучоци, поправање само кај овластено лице, обезбедува безбедност на електричниот алат! d) За да се спречи електричен удар. Кога приклучницата ја приклучувате во струја, металните приклучоци никако не смеат да се

e) Не го изложувајте електричниот алат на дожд или во влажна средина. Вода која навлегла во алатот го зголемува ризикот од струен

f) Никогаш не влечете за кабелот за да го исклучите од струја. Чувајте го кабелот и приклучокот од масло, топлина и остри

g) Кога електричниот алат работи на отворено, користете продолжен кабел за работа на отворено. Со користење на кабел за работа на отворено се намалува ризикот од струен

h) Кога машината е опремена со ласер. Не го насочувајте ласерскиот зрак во лица или животни и не стоите во него. Дури ни оддалеку. Ласерот мора да биде во согласност со EN 60825-1, класа 2.

i) Поправањето на ласерот може да го врши

само производителот или специјалист. j) Ако не може да се избегне работење со електричниот алат во влажна средина, користете резидуален моментен уред (RCD). Користење на RCD го намалува ризикот од струен удар.

a) Пред стартување на машината, проверете го листот, дали се врти слободно. Во различни положби на машината проверете го листот, дали се врти слободно, ако допира некаде, машината мора да се дотерува или да се

b) Немојте да го користите алатот ако прекинувачот не е исправен. Електричен алат, кој неможе да се контролира со помош на прекинувачот е опасен и мора да се поправи. c) Секогаш користете листови со точна големина и облик. Користете листови препорачани од производителот (EN-847-1). Листови кои не се совпаѓаат со монтажните делови на пилата ќе работат ексцентрично, предизвикувајќи губење на контрола. Купувајте само листови со соодветен број на вртежи, од најмалку 4500 врт/min. d) Не користете премали или преголеми листови. Тоа е многу опасно. e) Не ги вадете ознаките од листот. Техничките информации секогаш да бидат видливи, за да се направи вистински избор при измена на

f) Стегнете го работното парче. Парчето стегајте го со стеги, ова е многу побезбедно отколку со

g) Не ја одложувајте машината пред целосно да

h) Не користете пили од брзорезен челик (HSS). Листот може лесно да се скрши.

i) Никогаш не користете истапени, испукани,

свиткани или оштетени листови. Пред користење извлечете го кабелот од струја и проверете го листот. Оштетените или106

истапените листови произведуваат тесен жлеб, претераното триење, виткање и повратен удар. Веднаш заменете ги оштетените листови, секогаш користете оригинални прирабници, навртки и/или

j) Отстранете ги клучевите за дотерување пред да го вклучите алатот. Клучевите кои ќе ги допрат ротирачките делови на електричниот алат може да предизвикаат повреди. k) Стрелката означена на листот, која ја покажува насоката на ротацијата, мора да е насочена исто со стрелката на машината, запците мора да се свртени надолу, од предната страна на пилата. l) Не го допирајте листот после работа, пред да се излади. Листот станува жежок додека

m) Заштитете ја пилата од удари. Не применувајате страничен притисок врз листот. n) Не го форсирајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за работата која ја изведувате. Соодветниот електричен алат ќе ја заврши работата подобро и побезбедно. Може да дојде до сериозни повреди кога врвот на алатот е свртен на горе. Секогаш имајте дополнително потпирање за поголема стабилност на

p) Машината е опремена со уреди за приклучување на одведувач на прашина, осигурајте се дека тие се поврзани и соодветно се користат. Собирникот за прашина ја намалува опасноста од

q) Одржувајте ги отворите за воздух. Прашината мора да се отстрани. r) Проверете ја исправноста на браниците и дали слободно се движат. Браникот никогаш да не го забравувате кога ќе се отвори. s) Не ги отстранувајте отпадоците од резната област додека машината работи. Секогаш да ја вратите конзолата на алатот, во неутрална положба, а потоа да ја исклучите машината. t) Поставете го листот врз работно парче, само кога машината е вклучена. Во спротивно постои ризик од повратен удар, кога листот ќе се заглави во работното парче. u) Ако листот се заглави. Исклучете ја машината и држете го работното парче додека листот не

v) За да се спречи повратен удар. Работното

парче не може да се помести, додека машината не запре. Отстранете ја причината за заглавувањето на листот пред рестартирање на машината. w) При профилно сечење, кружни или други парчиња, делот притиснете го врз потпирачот за да не се поместува, со што нема да се подига или врти додека сечете.

x) Никогаш не сечете многу мали парчиња,

кои не можат безбедно да се стегнат. Мали парчиња од дрво или други предмети ако го допрат ротирачкиот лист, можат да летнат со голема брзина. y) Кога сечете секогаш користете дополнително

z) За сечење на големо парче кое не е потпрено. Користете дополнително потпирање. aa) Никогаш не ги правете непрепознатливи знаците за предупредување. Техничките информации или информациите за типот на машина секогаш треба да се видливи. На крајот од сечењето, држете ја машината со главата надолу, исклучете ја и почекајте додека сите подвижни делови не се сопрат пред да ги тргнете рацете од нејзе.

3. МОНТИРАЊЕ НА ПРИБОР

Поставување на пилата за косо сечење

  • Поставете странична летва (21) од десната страна и друга, од левата страна на
  • Поставете стега за работно парче (7) на левата или на десната страна од машината.
  • Држете ја рачката и поместете ја пилата полека надолу, а потоа повлечете ја малку чивијата (5), така пилата да се задвижи нагоре. Забелешка: Никогаш не ја користете пилата без продолжените потпирачи. Проверете дали се исправно монтирани. Лизгачки граничник Сл. 2 Од безбедносни причини, машината е опремена со подвижен граничник за косо сечење кој се користи при косо и сечење под наклон.107
  • За нормално право попречно и косо сечење дотерајте го лизгачкиот граничник (8) до крајот и стегнете го за да обезбедите сигурно потпирање на работното парче.
  • За сечење под наклон, дотерајте го потпирачот (8) до погодна положба, најблиску до површината на листот, но избегнете интерференција на подвижниот лист и стегнете го. Измена на листот Сл. 4 и 5 Користете наострени и неоштетени листови. Веднаш да го замените оштетениот или свитканиот лист. ОПАСНО: Не користете лист подлог од наведените капацитетот на пилата. Тој може да дојде во контакт со браникот и да предизвика штета. Не користете многу дебел лист поради кој може надворешната навртка на листот да го допре вретеното. Ова оневозможува да се стегне листот на вретеното со помош на завртката. Не ја користете пилата за сечење на метал или ѕид
  • Исклучете ја машината од напојувањето.
  • Отстранете ја завртката (20), која го држи контра лостот (20).
  • Отстранете ја завртката (19) за да го извадите навојниот капак, со подигање на капакот на листот (6).
  • И завртките на листот (17) и прирабницата (18) сега треба да се видливи, како што е прикажано на сл. 5.
  • Притиснете го копчето за блокирање на листот (22), вртете го листот внимателно, со рака, додека не забрави.
  • Користете шестоаголен клуч за отстранување на завртката на листот (17), со вртење надесно.
  • Отстранете ја прирабницата (18) и листот.
  • Заменете го листот, проверувајќи дали стрелката од листот ја покажува истата насока со стрелката на машината. Запците на листот мора да се свртени надолу.
  • Заменете ја прирабницата и стегнете ја завртката на листот (17), користејќи го копчето за забравување (22).
  • Спуштете го капакот на листот (6) за да се врати навојниот капак и стегнете ја завртката (19).
  • Поставете го контра лостот на капакот на листот (6) со стегање на завртката (20).
  • Вртете го листот рачно и проверете го исправното функционирање на браникот. Дотерување на резен агол Сл. 1 u 2 Дотерување на агли за косо сечење Аголот за косо сечење може да се постави помеѓу 45° лево и 45° десно
  • Отстегнете ја рачката за забравување (10).
  • Притиснете ја папучата забравување (11) и свртете ја масата на пилата лево или десно, со забравното копчето (10), додека аголниот индикатор (23) не го покаже потребниот
  • Отстегнете ја папучата за забравување (11) и стегнете го забравното копче (10). Претходни поставки (брзи поставки) на следните степени: -45°, -30°, -22.5°, -15°, 0°, 15°, 22.5°, 30°, 45°.
  • Притиснете ја папучата за забравување (11) кога ќе ја свртите основната плоча; ослободете ја папучата пред да го постигнете потребниот агол и плочата не забрави со кликање. Дотерување на наклонети агли Сл. 1 и 3 Наклонетиот агол може да се постави помеѓу 0° и 45°.
  • Отстегнете ја рачката за забравување (9).
  • Свртете ја пилата со помош на рачката, додека индикаторот за агол (14) не го покаже потребниот агол.
  • Стегнете ја рачката за забравување (9). Менување на јаглени четкички Сл. 2
  • Исклучете ја машината од напојувањето.
  • Одвртете ги капакот (4).
  • Заменете ги јаглените четкички со точен тип на четкички.
  • Повторно стегнете го капакот (4). Забелешка: Менувајте ги четкичките истовремено, никогаш не користете комбинација од стари и нови четкички.108

Монтажа на вреќа за прашина Сл. 1 Притиснете ја стегата за вреќата за прашина (13) и лизгајте ја до отворот на задниот дел на

Вреќата ќе остане на место кога ќе ја ослободите стегата.

Користење на пилата за косо сечење Сл. 1 Пред користење, секогаш проверете откази или дефекти!

  • Поставете го потребниот агол.
  • Стегнете работно парче со помош на стега (7): уверете се дека материјалот е добро стегнат!
  • Држете го материјалот цврсто на левата страна и обезбедете сигурно растојание од
  • За вклучување на машината, држете го притиснато копчето за деблокирање (3) и потоа притиснете го On/Off прекинувачот (1).
  • Нека листот достигне полна брзина пред да го допрете работното парче.
  • Потоа спуштете ја пилата полека, додека листот не го исече парчето и не помине низ жлебот на масата. Не ја притискајте пилата. Дајте ѝ време на машината да го исече
  • Донесете ја машината нежно во горна положба и исклучете ја со опуштањето на прекинувачот (1). Користење на лизгачка функција Сл. 1 Машината мора да биде цврсто зашрафена врз работна маса. Користете ја лизгачката функција за сечење на широки парчиња:
  • Стегнете работно парче со помош на стега.
  • Отстегнете ја рачката (12).
  • Лизгајте ја машината кон вас, до крај.
  • Вклучете ја машината со прекинувачот.
  • Спуштајте ја полека пилата, додека не го пресече парчето.
  • Турнете ја машината полека назад.
  • Донесете ја машината во горна положба и исклучете ја со опуштањето на прекинувачот (1). Користење на ласерот Сл. 2
  • За вклучување на ласерот, притиснете го on/ off прекинувачот 2.
  • За ислучување на ласерот, отпуштете го on/ off прекинувачот 2. Положба за транспорт Кога ја пренесувате пилата, проверете дали пилата е во внатрешна положба. Проверете дали сите брави и уреди за затегнување се
  • Уверете се дека аголот на сечење е поставен на 0°
  • Уверете се дека аголот на наклонот е поставен на 0°
  • Заклучете ја рачката за прилагодување на аголот (9) со вртење во насока на стрелките на часовникот
  • Лизгајте ја машината целосно кон себе
  • Заклучете ја лизгачката функција со вртење на Kob над лизгачката потпора (12) во насока на стрелките на часовникот
  • Отклучете го заклучниот клуч (5) од десната страна на уредот
  • Турнете ја машината целосно надолу
  • Заклучете го заклучниот клуч (5) од десната страна на уредот Само подигнете ја машината со цврста долна страна на машината. Не кревајте ја пилата со рачката на прекинувачот

5. СЕРВИС И ОДРЖУВАЊЕ

Машината не смее да е поврзана на електрична мрежа кога ја одржувате. Влечни шини Нечистотијата може да ги оштети влечните шини и со тоа и машината.

Редовно чистете го куќиштето со мекана крпа.

  • Ставете малку средство за подмачкување врз влечните шини.109
  • Поместете ја косата пила нанапред и наназад за да се разлее маслото преку

Овие машини се конструирани да функционираат долго време, со минимално одржување. Со редовно чистење и исправно користење, можете да придонесете за долг век на машината.

Редовно чистете го куќиштето на машината со мекана крпа, по можност после секое користење. Отворите за вентилација да бидат ослободени од прашина и нечистотија. Отстранете ја тврдокорната нечистотија со мекана крпа, натопена во сапуница. Никогаш не користете растворувачи како бензин, алкохол, амонијчна вода итн. Овие растворувачи можат да ги оштетат пластичните делови. Решавање на проблеми

1. Моторот неќе да се стартува

  • Приклучокот не е во приклучницата.
  • Прекинувачот е неисправен. Однесете ја машината на поправка кај испорачателот.

2. Исечокот не е рамномерен (рапав)

  • Листот мора да се наостри.
  • Листот е поставен од назад кон напред.
  • Листот е налепен со смола или струшка.
  • Листот не е наменет за обаботуваното парче.

3. Рачката за подигање и/или за косо

  • Отпадоците и/или прашината мора да се
  • Продолжниот кабел е многу тенок и/или долг.
  • Напонот во мрежата е помал од 230 V.

6. Машината станува претерано топла

  • Отворите за вентилација се блокирани. Исчистете ги со сува крпа.

7. Електромоторот работи нерамномерно

  • Јаглените четкички се истрошени. Заменете ги јаглените четкички или консултирајте се продавачот. Подмачкување Машината не треба дополнително да се подмачкува.

Ако се случи отказ, нпр. поради трошење на дел, обратете се на адресата на сервисот од гарантната картичка. На позадината на упатствово ќе најдете експозиционен преглед со прикажани делови кои можат да се нарачаат.

Да се спречи оштетување при транспорт, машината се испорачува во цврсто пакување. Колку што е можно пакувањето е направено од рециклирани материјали, затоа превземете чекор за рециклирање на пакувањето. Кога ќе ја менувате машината, старата однесете ја кај локалниот продавач. Таму ќе биде еколошки депонирана. Оштетени и/или искористени електрични и електронски уреди мора да се депонираат во станици за рециклирање. Само за земји од ЕУ Не ги депонирајте алатите во домашен отпад. Според Европското Упатство 2012/19/ EU за отпадна електрична и електронска опрема и неговата имплементација во националното право, електричните алати кои веќе не се употребливи мораат да се собираат одделно и да се отстрануваат на еколошки начин.

Асистент за прирачник
Powered by Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : Ferm

Модел : MSM1039

Категорија : Пила