Ferm SSM1007 - Пила

SSM1007 - Пила Ferm - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот SSM1007 Ferm во PDF формат.

📄 96 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice Ferm SSM1007 - page 85
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за SSM1007 Ferm

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник SSM1007 - Ferm и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. SSM1007 на марката Ferm.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК SSM1007 Ferm

МАШИНАТА ОТСЕКУВАЊЕ SSM1007

Благодариме за купувањето на овој FERM производ. Со тоа имате одличен производ, испорачан од еден од водечките добавувачи во Европа. Сите производи доставени од страна на FERM се произведени според највисоките стандарди на перформанси и безбедност. Како дел од нашата филозофија е обезбедување на одличен срвис за клиентите, со поддршка со нашите сеопфатни гаранции. Се надеваме дека їе уживате користејки го овој производ многу наредни години.

Објаснување на символите

Ferm SSM1007 - Објаснување на символите - 1

Внимателно прочитајте го упатствово пред да ја користите машината. Бидете сигурни дека знаете како функционира машината и како да ракувате. Одржувајте ја машината според упатствата и бидете сигурни дека правилно функционира. Чувајте го упатствово и другата документација заедно со машината.

Ferm SSM1007 - Објаснување на символите - 2

Означува ризик од повреда, губење на живот или оштетување на алатот во случај на непочитување на упатствата.

Ferm SSM1007 - Објаснување на символите - 3

Означува ризик од струен удар.

Ferm SSM1007 - Објаснување на символите - 4

Носеме заштита за уши и очи.

Посебни безбедносни упатства

  • Носете заштитни очила и маска за прашина.
  • Оваа пила е само за внатрешна употреба.
  • Уверете се дека запците на листот се свртени надолу, пред да ја користите машината.
  • Ако на листот недостасуваат или има оштетени запци, веднаш да го смените листот.

  • Користете ја машината врз стабилна и рамна површина.

  • Никогаш не го притискајте листот странично, за да не го скршите.
  • Проверете ги дрвените работни парчиња од можни шајки и сл. и отстранете ги.
  • Не ги допирајте исечените површини со рака.
  • Не ја оставајте пилата без надзор додека работи.
  • Не отстранувајте отпадоци од дрво со раце во близина на листот, додека машината работи. Исключете ја машината пред отстранување на отпадоците.

Веднаш исклучете ја машината при

  • Прекин на главна приклучница, главен кабел или оштетен кабел.
    • Расипан прекинувачот.
  • Чад или смрдеа на изгорена изолација.

Електрична безбедност

При користење на електрични машини почитувајте ги безбедносните правила во вашата земја, за да го намалите ризикот од пожар, струен удар и повреди. Прочитајте ги следните безбедносни упатства и приложените безбедносни упатства.

Ferm SSM1007 - Електрична безбедност - 1

Секогаш проверувајте дали напонот на напојувањето одговара на наведениот напон на плочката.

Мрежно приклучување

Користете само заземјени приклучоци со заземјена жица во согласност со прописите.

Користете само одобрен продолжен кабел, што одговара на моїноста на машината. Жиците треба да имаат најмал попречен пресеок од 1,5 mm2. Ако кабелот е во ролна, мора да биде целосно одвиткан.

2. ПОДАТОЦИ ЗА МАШИНАТА

Вовед

Машината за отсекување е одлична за правење слагалки, играчки, дрворез и накит. Поради својот капацитет на сечење таа е рачен направи-сам алат. Таа сече дрво со дебелина до 50 mm, како и пластика и обоени метали.

Технички податоци

Напон 230 V \~

Фреквенција 50 Hz

Потрошувачка на мокност 120 W

Бр. на вртежи со и без оптеретување 400 - 1600 min ^-1

Должина на сечилото 125mm

Max. длабина на сечење под 90° 50mm

Max. длабина на сечење под 45° 23mm

Максимална должна на сечење/работна длабочина 406mm

Тежина 10.4kg

Lpa (звучен притисок) неоптоварена 78 dB(A) K=3dB

Lwa (звучен притисок) оптоварена 91 dB(A) K=3dB

Карактеристики

Броевите во текстот се однесуваат на дијаграмите на стр. 2-4.

Сл. А

  1. On/off прекинувач
  2. Рачка за подесување на агол
  3. Рачка за подесување на брзина
  4. Држач на лист за пила
  5. Заштитен капак
  6. Клуч
  7. Цевка за дување на прашина
  8. Држач на предмет на обработка
  9. Маса за вметнување
  10. Прекинувач за ножна педала
  11. Поврзување за уред за вшмукување
  12. Копче за заклучување
  13. Операциски прекинувач

3. СОБРАНИЕ

Ferm SSM1007 - СОБРАНИЕ - 1

Пред монтажа исключете ја машината и извадете го приклучокот од главниот напон.

Поставување на стационарна машина

Сл. В

Оваа машина е стационарна машина и од безбедносни причини препорачуваме машината да биде цврсто инсталирана и да не се користи за мобилни апликации.

Машината може да се монтира на работна површина како што е прикажано на скица В. Машината мора да се монтира на истите 4 точки на кои се составени гумените ногарки. Секоја од 4-те точки мора да биде навртена со завртка, подлошка и шраф. Потребните алатки и мали делови за монтажа на пилата на работна маса не се испорачуваат со пилата.

Поставување на заштитен капак

Сл. С

Заштитниот капак (5) мора да биде поставен пред пуштање на машината.

  • Ставете го заштитниот капак на металниот дел како што е прикажано на скица С
  • Вметнете ја завртката како што е прикажано на скица С
  • Зашрафете ја навртката цврсто.

4. РАКУВАНЬЕ

Ferm SSM1007 - РАКУВАНЬЕ - 1

Секогаш да ги следите упатствата за безбедност и да се придржувате кон важечките прописи.

Вклучување/исклучување

Скица А1

Поставете ја машината на рамна и цврста површина. Ставете го прекинувачот за педалата за стапалото (10) на земја. Машината може да се вклучи/исклучи кога педалот се активира. Прекинувачот на педалот за стапало за вклучување/исклучување е практичен, особено за внатрешните исечоци, бидејки вашите раце се слободно и може целосно да се концентрирате на работното парче под пилата на лизгање.

Прекинувачот на педалата за стопало не може да влијае на брзината (видете подолу Регулирање на Брзината).

Ferm SSM1007 - Скица А1 - 1

Чувајте се од ненамерно активирање на прекинувачот за педалата за стапа лото.

Ferm SSM1007 - Скица А1 - 2

Внимание! Секогаш избирајте го преферираниот режим на работа со Прекинувачот за работа (13) пред да ја користите машината. Машината нема да започне во"О" режим.

  • Користете го прекинувачот за работа (13) за да изберете за "I" континуирано работење.
  • Поврзете ја пилата на лизгање со електричната мрежа.
  • Стартувајте ја машината со притискање на зелениот (ON) прекинувач за вклучување (1).

Притиснете го црвениот прекинувач (OFF) за исклучување (1) за да ја исключите машината.

Работен режим за педалата за стапало

  • Користете го прекинувачот за работа (13) за да изберете за "II" работење на педалот за стапало.
  • Поврзете ја пилата на лизгање со електричната мрежа.
  • Притиснете го зелениот (ON) прекинувач за включување (1).
  • Стартувајте ја машината со притискање на прекинувачот за педалата на ногата (10) со стапалото.

За да ја запрете машината, отпуштете го прекинувачот за педалата за стапалото (10). Притиснете го црвениот прекинувач (OFF) за исклучување (1) за да ја исключите машината.

Наведнување на масата

Сл. А, Д

Масата за пила за скролување може да се навалува од 0 до 45°.

Направете вака:

  • Откачете го копчето за подесување на агли (2) со вртење спротивно од стрелките на часовникот.
  • Рачно наведнете ја масата под саканиот агол (види поделбена скала на машината).
  • Повторно стегнете го копчето за подесување на агли (2) со вртење во правецот на стрелките на часовникот.

Отстранување на лист за пила

Сл. Е

Ferm SSM1007 - Отстранување на лист за пила - 1

Секогаш да ја исклучувате машината од струја пред било какво одржување.

  • Откачете го клучот (6) на стрелките на часовникот додека пружината не се олабави.
  • Повлечете ја масата за вметнување (9)

нагоре од масата за пила за да постигнете јасен поглед на сечилото, како што е прикажано на скица E1.

  • Внимателно турнете го надолу горниот држач на листот и полека подигнете го листот, за да се олесни отстранувањето, како што е прикажано на скица E2.
  • Дозволете листот да падне и турнете го напред, со цел да се олабави од долниот држач.

Поставување на лист за пила

Сл. Е

Ferm SSM1007 - Поставување на лист за пила - 1

Секогаш да ја исклучувате машината од струја пред било какво одржување.

Ferm SSM1007 - Поставување на лист за пила - 2

Користете универсални листови од било која подобра продавница или продавница за машински делови.

  • Изберете соодветен лист за видот на обработуваното дрво.
  • Откачете го клучот (6) на стрелките на часовникот додека пружината не се олабави.
  • Повлечете ја масата за вметнување (9) нагоре од масата за пила за да постигнете јасен поглед на сечилото, како што е прикажано на скица E1.
  • Турнете го листот низ жлебот, со забите свртени надолу. Уверете се дека завртката од листот (или адаптерот) се лизга во долниот држач на листот.
  • Повлечете го листот нагоре, така што горната завртка (или адаптерот) се лизга ви горниот држач.
  • Притиснете ја масата за вметнување (9) надолу во масата за пила.
  • Повторно зацврстете го Клучот (6) на часовникот се додека сечилото на пилата го има потребното затегнување.
  • Отстранете ги сите клучеви и други предмети од листот. Включете ја пилата и дозволете листот да се стартува, пред да почнете да сечете. Пилата треба да работи тивко.

Прилагодување на позицијата на пилата Скица F

Пилатата може да се монтира во две различни положби: редовна фронтална положба како што е прикажано на скица F1 и во странична

положба како што е прикажано на скица F2.

Кога ја користите страничната позиција, дури и подолгите делови од предметот на обработка може лесно да се исечат.

Адаптери за универсални листови Сл. G

Приложените адаптери треба да се користат само со универсални листови (= без чивии на крајот).

  • Одвртете ги имбус завртките од адаптерот, како што е прикажано на скица G1.
    • Вовлечете го универсалниот лист во жлебот помеѓу имбус завртките.
  • Стегнете ги имбус завртките за да се стегне листот.
  • Поставете го листот (види ПОСТАВУВАЊЕ НА ЛИСТ ЗА ПИЛА), како што е прикажано на скица G2.

Држач на предмет на обработка Скици А, Н

Држачот на предметот на обработка (8) се користи за држење на предметот на обработка на масата за пилата, спречувајки го предметот на обработка да се движи нагоре и надолу поради движењето на сечилото. Држачот на предметот на обработка мора да се прилагоди во висина во зависност од дебелината на предметот на обработка.

  • Откачете го копчето за заклучување (12) со вртење спротивно од стрелките на часовникот.
  • Наместете ја висината на држачот на предметот на обработка (8) до саканата висина.
    • Повторно затегнете го копчето за заклучување (12) со вртење во правецот на стрелките на часовникот.

Подесување на брзината Слика А

Потребната брзина може да се прилагоди со користење на копчето за регулирање на брзината (3). Исто така, за време на работата може да се прилагоди брзината на ротацијата.

  • За зголемување на брзината, свртете го копчето за регулирање на брзината (3) во насока на стрелките на часовникот.
  • За намалување на брзината, свртете го копчето за регулирање на брзината (3) во насока спротивна на стрелките на часовникот.

Потребната брзина зависи од материјалот и може да се одреди со практично тестирање.

Дувалка за прашина

Сл. А

Дувалката за прашина го одржува работното парче чисто, за поточно сечење. За најдобри резултати, насочете го проткот на воздух од цевката кон листот и работното парче. За прилагодување, едноставно свиткајте ја дувалката кон саканата положба.

5. ОДРЖУВАНЬЕ

Ferm SSM1007 - ОДРЖУВАНЬЕ - 1

Секогаш да ја исклучувате машината од струја пред било какво одржување.

Машината е конструирана да работи долг период со минимално одржување. Непрекинатото успешно работење зависи од грижата на машината и редовното чистење.

Чистење

Чувајте ги чисти отворите за вентилација за да се спречи прегревање на моторот.

Редовно чистете го кукиштето со мекана крпа, по можност после секое користење. Чувајте ги отворите за вентилација чисти, без прашина. Ако нечистотијата не се вади, употребете мекана крпа навлажнета со вода со сапуница. Никогаш не користете растворувачи како што е бензин, алкохол, амонијачна вода итн. Овие растворувачи можат да ги оштетат пластичните делови.

Замена на напоен кабел

Напојниот кабел може да се замени само со посебен кабел во специјализирана работилница.

Замена на кабли или приклучници

Стариот кабел и приклучоците фрлете ги веднаш после замената со нови. Опасно е да ја включите приклучницата ако кабелот е лабав.

ЖИВОТНА СРЕДИНА

Ferm SSM1007 - ЖИВОТНА СРЕДИНА - 1

Дефектни и/или отфрлени електрични или електронски апарати треба да се собираат на соодветни локации за рециклирање.

Само за земји од ЕУ

Не ги депонирајте алатите во домашен отпад. Според Европското Упатство 2012/19/ EU за отпадна електрична и електронска опрема и неговата имплементација во националното право, електричните алати кои веке не се употребливи мораат да се собираат одделно и да се отстрануваат на еколошки начин.

Производот и упатството за користење се предмет да смени. Спецификациите можат да се променат без понатамошно известување.

ГАРАНЦИЈА

Гарантните условите се дадени во посебна гарантна картичка.

Ferm SSM1007 - ГАРАНЦИЈА - 1

text_image Exploded view 53 52 51 49 48 47 46 45 44 43 42 41 40 39 38 37 36 35 34 33 32 31 30 29 28 27 26 25 24 23 22 21 20 19 18 17 16 15 14 13 12 11 10 9 8 7 6 5 4 3 2 1

Spare parts list

SSM1007

Art. no. Description Position no.
411099 Blade spanner set 23..31
411100 Upper and lower arm 32
411101 Sawblade holder (upper) 37
411102 Sawblade holder (lower) 43
411103 Connection plate + bearings 56|61
411104 Blowpipe complete 11|33|34
411105 Protection cover 1
411106 Air cell 35
411107 Knob for protection guard 9
411108 Eccentric + grub screw 69|106
411109 Table insert 41
411110 Motor70
411111 Support frame68
411112 Switch88
411113 PCB89
411114 Foot pedal switch105
411115 Rubber foot98
411116 Knob for table angle90
411117 Speed adjustment set87

CE

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : Ferm

Модел : SSM1007

Категорија : Пила