GSB 1622 RE Professional BOSCH

GSB 1622 RE Professional - приклучок BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GSB 1622 RE Professional BOSCH во PDF формат.

Page 134
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GSB 1622 RE Professional

Категорија : приклучок

Преземете ги упатствата за вашиот приклучок во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GSB 1622 RE Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GSB 1622 RE Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GSB 1622 RE Professional BOSCH

Македонски Страница 134

работен инструмент може да се изметне.

Безбедносни напомени

Општи предупредувања за безбедност за

Прочитајте ги сите безбедносни

предупредувања, илустрации и

спецификации приложени со

овој електричен алат. Непридржувањето до сите

упатства приложени подолу може да доведе до струен

удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и

упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните

предупредувања се однесува на електрични апарати што

користат струја (кабелски) или апарати што користат

батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да

доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи

течности, гасови или прашина. Електричните алати

создаваат искри коишто може да ја запалат прашината

или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може

да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го

менувајте приклучокот. Не користите приклучни

адаптери со заземјените електрични алати.

Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници

го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори,

метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик

од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат,

ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или

исклучување од струја на електричниот алат.

Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри

ивици или подвижни делови. Оштетени или

заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен

удар. u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за

надворешна употреба. Користењето на кабел

соодветен за надворешна употреба го намалува

ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална

струја (RCD). Користењето на RCD го намалува

ризикот од струен удар.

Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не

користете електричен алат ако сте уморни или под

дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент

на невнимание додека работите со електричните алати

може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр.,

маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се

лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат

за соодветни услови, ќе доведат до намалување на

лични повреди. u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во

струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете

или носите алатот. Носење на електричните алати со

прстот позициониран на прекинувачот или

вклучување во струја на електричните алати чијшто

прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот

алат. Француски клуч или клуч прикачен за

ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе

до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова

овозможува подобра контрола на електричниот алат

во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку

од подвижните делови. Широката облека, накитот

или долгата коса може да се закачат за подвижните

делови. u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се

правилно поврзани и користени. Собирањето

прашина може да ги намали опасностите

предизвикани од неа. 1 609 92A 57X | (21.04.2020) Bosch Power ToolsМакедонски | 135

u Не дозволувајте искуството стекнато со честа

употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги

игнорирате безбедносните принципи при нивното

користење. Невнимателно движење може да

предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

Употреба и чување на електричните алати

u Не го преоптоварувајте електричниот алат.

Користете соодветен електричен алат за намената.

Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно

и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет.

u Не користете електричен алат ако не можете да го

вклучите и исклучите со помош на прекинувачот.

Секој електричен алат којшто не може да се

контролира со прекинувачот е опасен и мора да се

u Исклучете го електричниот алат од струја и/или

извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да

правите некакви прилагодувања, менувате

дополнителна опрема или го складирате

електричниот алат. Со овие превентивни

безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно

вклучување на електричниот алат.

u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат

на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале

со електричниот алат или не се запознаени со ова

упатство да работат со истиот. Електричните алати

се опасни во рацете на необучени корисници.

u Одржување на електрични алати и дополнителна

опрема. Проверете го порамнувањето или

прицврстување на подвижните делови, спојот на

деловите и сите други услови што може негативно

да влијаат врз функционирањето на електричниот

алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат

на поправка пред да го користите. Многу несреќи се

предизвикани заради несоодветно одржување на

u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно

одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се

виткаат и полесно се контролираат.

u Електричниот алат, дополнителната опрема,

деловите и др., користете ги во согласност со ова

упатство, внимавајте на работните услови и

работата која ја вршите. Користењето на

електричниот алат за други намени може да доведе до

u Рачките и површините за држење одржувајте ги

суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за

држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно

ракување и контрола на алатот во непредвидливи

u Електричниот алат сервисирајте го кај

квалификувано лице кое користи само идентични

резервни делови. Со ова се овозможува безбедно

одржување на електричниот алат.

Безбедносни предупредувања за дупчалки

Безбедносни упатства за сите типови работа

u Носете штитници за уши кога извршувате ударно

дупчење. Изложеноста на бучава може да предизвика

u Користете ја(ги) дополнителната(ите) рачка(и).

Губење на контрола може да предизвика телесни

u Држете го електричниот алат за изолираната

површина додека сечете за да не дојде во контакт

со скриена жица или со неговиот кабел. Ако

опремата за сечење или прицврстувачите дојде во

допир со „жица под напон“, може да ги изложи

металните делови на електричниот алат „под напон“ и

операторот може да добие струен удар.

Безбедносни упатства при користење на долги бургии

u Никогаш не користете поголема брзина од

максималната означена брзина на бургијата. При

поголема брзина, бургијата може да се искриви ако

слободно ротира надвор од делот што се обработува, и

u Секогаш почнете го дупчењето со мала брзина, и

врвот на бургијата да биде во допир со делот што се

обработува. При поголема брзина, бургијата може да

се искриви ако слободно ротира надвор од делот што

се обработува, и да се повредите.

u Притиснете во директна линија со бургијата, и без

прекумерен притисок.Бургијата може да се искриви

и да се скрши, или да изгубите контрола и да се

Дополнителни безбедносни напомени

u Доколку се блокира алатот што се вметнува,

веднаш исклучете го електричниот алатот. Бидете

претпазливи со високите реакциски моменти, што

може да предизвикаат повратен удар. Алатот што се

вметнува се блокира, ако електричниот алат се

преоптовари или се навали кон делот што се

u Цврсто држете го електричниот апарат. При

зацврстување и одвртување на шрафови може да

настанат краткотрајни високи реактивни моменти.

u Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку

го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,

тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто

отколку со Вашата рака.

u Користете соодветни уреди за пребарување, за да

ги пронајдете скриените електрични кабли или

консултирајте се со локалното претпријатие за

снабдување со електрична енергија. Контактот со

електрични кабли може да доведе до пожар и струен

удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до

експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки

предизвикува оштетување и може да предизвика

Bosch Power Tools 1 609 92A 57X | (21.04.2020)136 | Македонски u Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана.

Алатот што се вметнува може да се блокира и да

доведе до губење контрола над уредот.

Опис на производот и

Прочитајте ги сите безбедносни напомени

и упатства. Грешките настанати како

резултат од непридржување до

безбедносните напомени и упатства може да

предизвикаат електричен удар, пожар и/или

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за

Употреба со соодветна намена

Електричниот апарат е наменет за ударно дупчење во

цигли, бетон и камења, суво дупчење (не е погоден за

влажно дупчење) со круни за дупчење обложени со

дијаманти во цигла или песок-варовник, како и за

дупчење во дрво, метал, керамика и пластика.

Електричните алати со електронска регулација и лев/

десен тек се исто така погодни за одвртување и сечење

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на

приказот на електричниот алат на графичката страница.

Запчеста глава со автоматска блокада

Прекинувач „Дупчење/ударно дупчење“

Прекинувач за менување на правецот на вртење

Копче за фиксирање на прекинувачот за

вклучување/исклучување

Прекинувач за вклучување/исклучување

Копче за контрола на бројот на вртежи

Граничник за длабочина

Прекинувач за избор на брзина

Пеперутка-завртка за подесување на граничникот

Клуч за затегнување на главата за дупчење

Клучот за затегнување на главата за дупчење за

запчестата глава за дупчење со рачна блокада

Запчеста глава за дупчење со рачна блокада

Илустрираната или опишана опрема не е дел од

стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може

да ја најдете во нашата Програма за опрема.

комерцијално (не е содржано во обемот на испорака)

Номинална јачина W 1 500

Макс. излезна моќност W 840

Број на вртежи во празен од

Номинален број на вртежи

Број на удари во празен од

Дијаметар на грлото на

Опсег на затегнување на

Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие

податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност

од изведбата во односната земја.

Информации за бучава/вибрации

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат

Нивото на звук на електричниот алат оценето соА

типично изнесува: ниво на звучен притисок 92dB(A);

ниво на звучна јачина 103dB(A). Несигурност K=5dB.

Носете заштита за слухот!

Вкупните вредности на вибрации a

три насоки) и несигурностK дадени се во согласност

Ударно дупчење во бетон: a

Дијамантско дупчење во бетон: a

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и

вредноста на емисијата на бучава се измерени според

мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу

електрични алати. Исто така може да се прилагоди за

предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата

на бучава ги претставуваат главните примени на

електричниот алат. Доколку електричниот алат се

користи за други примени, алатот што се вметнува

отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото

на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да

отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото

на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот

За прецизно одредување на нивото на вибрации и

емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот

во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот

кога е во употреба. Ова може значително да го намали

нивото на вибрации и емисијата на бучава во

целокупниот период на работење.

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за

заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,

како на пр.: одржување на електричните алати и алатите

за вметнување, одржување на топлината на дланките,

организирање на текот на работата.

u Пред било каква интервенција на електричниот

алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната

Дополнителна рачка (види слика A)

u Користете го вашиот електричен алат само со

дополнителна рачка (10).

Дополнителната рачка (10) може да ја подесите во 12

позиции, за да може безбедно и неуморно да работите.

Свртете го долниот дел на дополнителната рачка (10) во

правец на вртење ➊ и притиснете ја дополнителната

рачка (10) нанапред, додека не се навали во соодветната

позиција. Потоа повторно повлечете ја дополнителната

рачка (10) наназад и свртете го долниот дел на рачката

во правец на вртење ➋ и затегнете го.

Подесување на длабочина на дупчење

Со граничникот за длабочина (7) може да се утврди

длабочината на дупчење X.

Олабавете ја пеперутка-завртката за подесување на

граничникот за длабочина (9) и поставете го граничникот

за длабочина во дополнителната рачка (10).

Извлечете го граничникот за длабочина до степен што

растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на

граничникот за длабочина ќе одговара на саканата

длабочина на дупчење X.

Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката за

подесување на граничникот за длабочина (9).

u При менување на алатот носете заштитни ракавици.

За време на долготрајни работни процеси, главата за

дупчење може да се вжешти.

Запчеста глава за дупчење со автоматски механизам

за заклучување (види сликаD)

Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење (1),

додека не се отвори за да може да вметне алатот.

Вметнете го алатот. Клучот за затегнување на главата за

дупчење (12) ставете го во соодветните отвори на

запчестата глава за дупчење (1) и рамномерно затегнете

Запчеста глава за дупчење со рачна блокада (види

Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење (16),

додека не се отвори за да може да вметне алатот.

Клучот за затегнување на главата за дупчење (15)

ставете го во соодветните отвори на запчестата глава за

дупчење (16) и рамномерно затегнете го алатот.

Со шестоаголникот на клучот за затегање на главата за

дупчење (15) свртете го ексцентарот во правец ➋ до

крај. Со тоа ќе се осигура силата на затегнување.

За да го извадите алатот за вметнување свртете го

ексцентарот во правец ➊ и отворете ја запчестата глава

(16) со клучот за затегање на главата за дупчење (15).

Алати за зашрафување

При користење на битови за одвртувачот (13) секогаш

треба да користите универзален држач за битови (14).

Користете само битови што се соодветни на главата за

За навртување секогаш поставувајте го прекинувачот

„Дупчење/ударно дупчење“ (2) на ознаката „Дупчење“.

Менување на главата за дупчење

u Пред било каква интервенција на електричниот

алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната

Демонтирање на главата за дупчење (види сликаF)

За да ја демонтирате запчестата глава за дупчење (1)

ставете вилушкаст клуч (17) (ширина на клучот 17 mm)

на површината на клучот на погонското вратило.

Поставете го електричниот алат на стабилна подлога, на

пр. на работна клупа. Ставете го клучот за главата за

дупчење (12) во еден од трите отвори на запчестата

глава (1) и олабавете ја запчестата глава (1) со овој лост

со вртење во правец ➊. Јако зацврстената запчеста глава

ќе ја ослободите со лесен удар на клучот за затегање на

главата за дупчење (12). Извадете го клучот за

затегнување на главата за дупчење (12) од запчестата

глава и целосно одвртете ја запчестата глава.

Монтирање на главата за дупчење (види сликаG)

Монтажата на запчестата глава за дупчење ќе ја извршите

по обратен редослед.

Bosch Power Tools 1 609 92A 57X | (21.04.2020)138 | Македонски

Главата за дупчење мора да биде зацврстена

со вртежен момент од околу 80–85 Nm.

Всисување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои

видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по

здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав

може да предизвика алергиски реакции и/или

заболувања на дишните патишта на корисникот или

лицата во околината.

Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука

важат како канцерогени, особено доколку се во

комбинација со дополнителни супстанци (хромат,

средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат

азбест смеат да бидат обработувани само од страна на

– Погрижете се за добра проветреност на работното

– Се препорачува носење на маска за заштита при

вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за

материјалот кој го обработувате.

u Избегнувајте собирање прав на работното место.

Правта лесно може да се запали.

u Внимавајте на електричниот напон! Напонот на

изворот на струја мора да одговара на оној кој е

наведен на спецификационата плочка на

електричниот уред. Електричните алати означени

со 230V исто така може да се користат и на 220V.

Подесување на правецот на вртење (види сликаH–I)

Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (3)

може да го промените правецот на вртење на

електричниот алат. Доколку прекинувачот за

вклучување/исклучување (5) е притиснат ова не е

Тек на десно: За дупчење и завртување на завртки

притиснете го прекинувачот за промена на правецот на

Тек на лево: За олабавување одн. одвртување на

завртки и навртки притиснете на прекинувачот за

менување на правецот на вртење (3) надесно.

Подесување на режимот на работа

Дупчење и одвртување

Поставете го прекинувачот (2) на ознаката

Поставете го прекинувачот (2) на ознаката

Прекинувачот (2) ќе се вклопи и може да се

активира и додека работи моторот.

Механички избор на брзини

u Прекинувачот за избор на брзина (8) може да го

активирате во состојба на мирување или додека

работи електричниот алат. Сепак тој не смее да се

активира при целосно оптоварување или

максимален број на вртежи.

Со прекинувачот за избор на брзини (8) може да

Низок обем на вртежи; за работење со голем дијаметар

на дупчење или за навртување.

Висок обем на вртежи; за работење со мал дијаметар на

Брзина Максимален дијаметар на

Вклучување/исклучување

За ставање во употреба на електричниот алат

притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување

(5) и држете го притиснат.

За фиксирање на притиснатиот прекинувач за

вклучување/исклучување (5) притиснете го копчето за

За да го исклучите електричниот алат, ослободете го

прекинувачот за вклучување/исклучување (5) одн.

доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (4),

кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/

исклучување (5) и потоа отпуштете го.

Спојка за заштита од преоптоварување

За да се ограничат високите реакциски

моменти, електричниот алат е опремен со

спојка за заштита од преоптоварување

u Доколку алатот што се вметнува се стегне или

заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за

дупчење. Електричниот алат секогаш држете го

цврсто со двете дланки поради јачината со која

работи и застанете во сигурна положба.

u Исклучете го електричниот алат и олабавете го

алатот што се вметнува, доколку се блокира

1 609 92A 57X | (21.04.2020) Bosch Power ToolsМакедонски | 139

електричниот алат. Доколку вклучите блокиран

алат за дупчење настануваат многу моменти на

Подесување на бројот на вртежи/удари

Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен

алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од

тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за

вклучување/исклучување (5).

Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/

исклучување (5) се постигнуваат мал број на вртежи/

удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и

бројот на вртежи/удари.

Бирање на бројот на вртежи/удари

Со вртливото копче за подесување на бројот на вртежи

(6) може да го изберете потребниот број на вртежи/

удари и за време на користењето на алатот.

Неопходниот број на вртежи/удари зависи од

материјалот и работните услови и може да се одреди со

Заштита од рестартирање

Заштитата од рестартирање го спречува

неконтролираното вклучување на електричниот алат по

прекин на доводот на струја.

За повторно вклучување ставете го прекинувачот за

вклучување/исклучување (5) во исклучена позиција и

одново вклучете го електричниот алат.

Совети при работењето

u Пред било каква интервенција на електричниот

алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната

u Електричниот алат ставете го на навртката/

завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите

што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да

По подолго работење со мал број на вртежи, за да го

оладите електричниот алат оставете го да се врти во

празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.

За дупчење на плочки поставете го прекинувачот (2) на

ознаката „Дупчење“. Откако ќе ја продупчите плочката,

поставете го прекинувачот на ознаката „Ударно дупчење“

и работете со удари.

При работење во бетон, камен и ѕид користете дупчалка

При дупчење во метал, користете само беспрекорно

наострени HSS дупчалки (HSS = висококапацитетно брзо

сечење со челик). Квалитетот е загарантиран преку

Bosch програмата за опрема.

Со уредот за острење на бургии (опрема) лесно може да

ја наострите спиралната бургија со дијаметар од 2,5–10

u Пред било каква интервенција на електричниот

алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната

u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите

за проветрување, за да може добро и безбедно да

Доколку е потребно користење на приклучен кабел,

тогаш набавете го од Bosch или специјализирана

продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете

загрозување на безбедноста.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во

врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ

како и резервните делови. Ознаки за експлозија и

информации за резервните делови исто така ќе најдете

на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви

помогне доколку имате прашања за нашите производи и

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве

молиме наведете го 10-цифрениот број од

спецификационата плочка на производот.

Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3

Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се

отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните алати во

домашната канта за отпадоци!

Само за земјите од ЕУ:

Според Европската регулатива 2012/19/ЕU за

електрични и електронски уреди и нивната

имплементација во националното право, електричните

алати што се вон употреба мора одделно да се собираат и

да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.

Bosch Power Tools 1 609 92A 57X | (21.04.2020)140 | Srpski

EU-Изјава за сообразност

Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во

согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и

прописи и се во согласност со следните норми.

Техничка документација кај: *