1840 AD - Рутер SKIL - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 1840 AD SKIL во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот Рутер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 1840 AD - SKIL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 1840 AD на марката SKIL.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 1840 AD SKIL
EU-Изјава за сообразност Насочувач Број на артикл Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај:
- Алатот е наменет за правење жлебови, рабови, профили и продолжени отвори во дрво, пластика и лесни градежни материјали, како и да ги копира веќе направените зафати
- Овој алат не е наменет за професионална употреба
- Светлото на овој електричен апарат е наменето да го осветли директно полето на работа на електричниот апарат и не е погодно за просторно осветлување во домаќинството
- Внимателно прочитајте го и зачувајте го ова упатство за ракување 3 ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ 1 ЕЛЕМЕНТИ НА АЛАТОТ 2 A Држач за вратилото B Навртка за обрачот C Клуч D Граничник за длабочина E Регулатор за фино прилагодување F Кугла за ограничување на длабочината G Регулатор за прилагодување (одредување
H Рачка за заклучување J Тркало за избор на брзината K Продолжение за правосмукалка L Прекинувач за вклучување/исклучување m Копче за блокирање на прекинувачот115 N Регулатор за прилагодување (рачка) O ЛЕД-светилки P Плоча за адаптирање Q Водилка R Основна потпора S Отвори за вентилација T Лизгачки лостови V Лостови за паралелно наведување w Копче за прилагодување на работ за прободување X Игла за паралелно наведување Y Навртка со крилца за паралелната водилка Z Амортизер за кривини
ОПШТИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации дадени со овој електричен алат. Грешките настанати како резултат на непридржување до сите инструкции дадени подолу може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Чувајте ги сите предупредувања и упатства за понатамошно упатување. Поимот “електричен алат”, кој се користи во понатамошниот текст, се однесува на вашиот електричен алат (со приклучен кабел) и на електрични алати со погон на батерии (без приклучен кабел).
1) БЕЗБЕДНОСТ НА РАБОТНОТО МЕСТО
a) Одржувајте го вашето работно место чисто и уредно. Неуреден или темен работен простор може да предизвикаат незгоди. b) Немојте да работите со уредот во средина во која има опасност од експлозија, во која има запалливи течности, гасови и прашина. Електричните алати произведуваат искри кои можат да запалат прашина или пареа. c) За време на употребата на електричниот алат, децата и останатите лица држете ги подалеку од местото каде работите. Одвраќање, би можеле да изгубите контрола врз уредот.
2) ЕЛЕКТРИЧНА СИГУРНОСТ
a) Утикач мора да одговара на приклучокот. Никако не смее да се прават измени на штекерот. Не користете адаптерски штекер заедно со уредот кој е заштитно заземјен. Не променети штекери и соодветни приклучоци го намалуваат ризикот од електричен удар. b) Избегнувајте допир на телото со заземјени површини, како што се цевки, радијатори, рерни и фрижидери. Постои зголемена опасност од струен удар, доколку Вашето тело е заземјено. c) Чувајте го уредот подалеку од дожд и влага. Продирањето на вода во електричниот уред ја зголемува опасноста од струен удар. d) Не злоупотребувајте го приклучниот кабел за носење, бесење на уредот или за извлекување на штекерот од мрежниот приклучок. Чувајте го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови или деловите на апаратот кои се движат. Оштетени или заплеткани кабли ја зголемуваат опасноста од струен удар. e) Кога го употребувате полначот надвор, користете продолжен кабел кој е соодветен за употреба на отворен простор. Примената на продолжен кабел соодветен за работа на отворен простор ја намалува опасноста од струен удар. f) Доколку не може да се избегне работа со електричниот алат во влажна средина, користете прекинувач за струјна заштита при технички проблеми. Употребата на прекинувачот за струјна заштита при технички проблеми го намалува ризикот од електричен удар.
3) БЕЗБЕДНОСТ НА ЛУЃЕ
a) Бидете внимателни, внимавајте што правите и постапувајте внимателно додека работите со електричниот алат. Не работете со уредот доколку сте уморни или под дејство на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата може да доведе до сеиозни повреди. b) Носете ја личната заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на личната заштитна опрема, како што е маската за прашина, безбедносната облека која не се лизга, заштитен шлем или штитник за слух, зависно од видот и примената на електричниот алат, ја намалува опасноста од повреда. c) Избегнувајте невнимателно вклучување за време на работата. Осигурајте се прекинувачот да биде во “OFF” позиција пред да го ставите штекерот во приклучокот. Доколку го носите електричниот алат со прстот на прекинувачот или го приклучувате апаратот кој е приклучен со напојување на струја, може да предизвикате
d) Пред вклучување на уредот, тргнете ги алатите за подесување или клучот за навртување. Алатот или клучот кој се наоѓа во вртливиот дел на уредот, може да предизвика незгода. e) Не ги преценувајте своите способности. Завземете сигурен и стабилен став и во секој момент одржувајте рамнотежа. На тој начин можете подобро да го контролирате уредот во неочекувани ситуации. f) Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови. g) Доколку може да се монтираат направи за вшмукување и фаќање прашина, проверете дали се вклучени и дали можат исправно да се користат. Примената на овие направи ја намалува опасноста од прашината. h) Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при неговото користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозни повреди во дел од секунда.116
4) ВНИМАТЕЛНА УПОТРЕБА И РАКУВАЊЕ СО
ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ a) Не го преоптеретувајте уредот. При вашата работа користете го предвидениот електричен алат за таа употреба. Со соодветниот електричен алат ќе работите подобро и посигурно во наведената функционална област. b) Не користете електричен алат чиј прекинувач е неисправен. Електричниот алат кој повеќе не може да се вклучува и исклучува е опасен и мора да се
c) Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го комплетот со батерии, ако се одделува, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или да го складирате електричниот алат. Со овие мерки на внимателност ќе се избегне невнимателното вклучување на уредот. d) Тргнете го електричниот алат кој не го користите од допирот на децата. Не допуштајте работа со уредот на лица кои не се запознаени со него или кои го немаат прочитано ова упатство. Електричните алати се опасни доколку со нив работат неискусни лица. e) Одржувајте го електричниот алат и дополнителната опрема. Имајте контрола околу тоа дали движечките делови на уредот работат беспрекорно и дали не се заглавени, дали деловите се скршени или оштетени до таа мерка што не може да се обезбеди функционирање на уредот. Пред примената, овие оштетени делови треба да се поправат. Причина за многу незгоди е лошо одржуваниот електричен алат. f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри очтрици помалку ќе се заглавуваат и со нив работата ќе биде полесна. g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн., треба да ги користите според овие упатства, и на начин кој е опишан за соодветниот тип на уред. При тоа, земете ги предвид работните услови и работата која се извршува. Употребата на електричните алати за други цели кои не се предвидени, може да предизвика опасни ситуации. h) Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во неочекувани ситуации.
a) Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се обезбедува безбедно одржување на електричниот алат. БЕЗБЕДНОСНО УПАТСТВО ЗА ФРЕЗИ
- Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
- Обезбедете се алатот да е исклучен од струја пред да вршите било какво подесување или замена на приборот
- SKIL може да признае гаранција само доколку е користен оригинален прибор
- Користете само прибор чија дозволена брзина е во најмала рака еднаква на најголемата брзина при празен од на електричниот алат
- Не користете оштетени или деформирани бургии за
- Заштитете го приборот од потреси, удари и масни
- Користете само бургии од висококвалитетен челик (HSS) или со карбиден врв (CT) со овој алат ПРЕД УПОТРЕБА
- Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и други предмети во местото каде работите; тргнете ги пред да почнете со работа
- Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е назначен на плочката на алатот (алатите за напон од 230V или 240V исто така може да се поврзат и на напон од 220V)
- Не обработувајте никаков материјал кој содржи азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
- Користете стегачи или друг практичен начин за да го обезбедите и потпрете парчето за работа на стабилна платформа (парчето за работа е нестабилно ако го држите парчето со рака или потпрено на телото со што може да ја загубите контролата)
- Немојте да го прицврстувате електричниот алат во
- Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
- Нивото на бучава додека работите може да изнесува повеќе од 85 dB(A); носете заштита за ушите
- Прашината од материјали како боја која содржи олово, некои видови дрво, минерали и метали, може да биде штетна за здравјето (контактот со прашината или нејзиното вдишување може да шредизвика алергии и/или болести на дишните органи за оној кој работи со алатот или луѓето во близина); носете маска за прашина и работете со правосмукалки доколку можете да ги поврзете
- Некои видови на прашина се канцерогени (како на пример прашината од даб или бука), особено заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете маска за прашина и работете со правосмукалки доколку можете да ги поврзете
- Следете ги процедурите на вашата земја за прашината која се јавува како резултат од материјалите со кои работите
- Проверете дали алатот е исклучен кога го приклучувате во приклучокот ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
- Држете го алатот под напон за изолираните површини на држење бидејќи сечивото може да го пресече кабелот (ако се пресече жица под напон, металните делови на алатот се исто така под напон и може да предизвикаат електричен шок за работникот)117
- Кабелот секогаш држете го подалеку од деловите на алатот кои се движат; кабелот држете го на задната страна, на страна од алатот
- Никогаш не користете го алатот кога кабелот или основната потпора R 2 (=заштитниот штитник) се оштетени. Нека ги замени квалификувано лице
- Држете ги рацете и прстите подалеку од бургијата на фрезата кога е вклучен алатот
- Никогаш не надминувајте ја максималната длабочина за бургијата на фрезата додека сечете
- Во случај да дојде до електричен или механички дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го од приклучокот
- Веднаш исклучете го алатот ако бургијата на фрезата се блокира што ќе доведе до затресување
- Веднаш исклучете го алатот ако снема струја или ако приклучокот несакајќи се извлече од штекерот за да спречите неконтролирано повторно вклучување
- Не применувајте премногу сила врз алатот со што ќе предизвикате комплетно застанување ПО УПОТРЕБА
- Кога ќе завршите со работа, разлабавете ја рачката H 2, однесете го алатот назад кон горната почетна позиција и исклучете го алатот ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ 3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
4 Двојна изолација (не е потребна заземна жица) 5 Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од домаќинството
- Поставување/вадење на бургиите на фрезата 6 ! исклучете го алатот и извадете го од приклучокот ! проверете дали вратилото за бургијата е совршено чисто ! проверете дали големината на стегата (6 мм, 8 мм) соодветствува со големината на вратилото за бургијата на фрезата - свртете го алатот наопаку - заклучете го вратилото со притискање на држачот A (свртете ја навртката на стегата B ако е неопходно) и држете ја ЗА ПОСТАВУВАЊЕ: - разлабавете ја навртката на стегата B со клуч C - вметнете ја бургијата за 3/4 во стегата - затегнете ја навртката на стегата цврсто со клуч C
- разлабавете ја навртката на стегата B со клуч C - извадете ја бургијата - ослободете го држачот A ! треба да ја потчукнете навртката на стегата со клуч за да ја разлабавите бургијата на фрезата 7 ! никогаш не стегајте ја навртката на стегата ако нема бургија; стегата може да се оштети
- Менување на стегата ! исклучете го алатот и извадете го од приклучокот ! проверете дали вратилото за стегата е совршено чисто - разлабавете ја навртката за стегата со B 2 или 3
- потчукнете ја навртката на стегата B со клуч C - извадете ги навртката за стегата B и стегата (заклучено вратило) - свртете го алатот наопаку - ставете нова стега во вратилото за стегата - поставете навртка за стегата B (заклучено
! никогаш не стегајте ја навртката на стегата ако нема бургија; стегата може да се оштети
- Прилагодување на длабочината за работа 8 ! исклучете го алатот и извадете го од приклучокот - проверете дали малиот лост во мерачот за длабочина D излегува најмалку 3 мм (користете го регулаторот за фино прилагодување E) 8a - свртете ја куглата F така што најгорната позиција ќе кликне на своето место под мерачот за длабочина D (за порамнување) 8б - разлабавете го регулаторот G така што мерачот за длабочина D ќе падне врз куглата за ограничување на длабочината F 8б - поставете го алатот на работната површина - разлабавете ја рачката за заклучување H 8в - притиснете го алатот надолу за да може бургијата да дојде во контакт со парчето за обработка 8г - затегнете ја рачката за заклучување H 8д - сега длабочината за работа е поставена на 0 мм (мерна вредност како што е прикажано на скалата за длабочина) - подигајте го мерачот за длабочина D за онолку милиметри како што е саканата длабочина и потоа затегнете го регулаторот G 8ѓ - разлабавете ја рачката за заклучување H и носете го алатот одново нагоре - користете го регулаторот за фино прилагодување E за да ја поставите длабочината за работа уште попрецизно (0-10 мм) - со куглата за ограничување на длабочината F, длабочината за работа може да се зголеми за 5 или 10 мм соодветно ! прилагодете ја одново длабочината за работа откако ќе ги смените бургиите на фрезата
- Контрола на брзината 9 За оптимални резултати кај различни материјали - изберете брзина за работа со тркалцето J (исто и кога алатот работи) - погледнете ја табела 0 за да ја одредите вистинската брзина за работа - пред да почнете со работата, пронајдете ја оптималната брзина преку тестирање на стариот
! по подолг период на работа со помала брзина, мора да го пуштите алатот да се олади, така што ќе работи околу 3 минути на поголема брзина, без оптеретување
- Вшмукување прашина ! - поврзете ја правосмукалката за продолжетокот K118 ! никогаш не дозволувајте цревото од правосмукалката да се попречи во работата на
- Работа со алатот @ - прилагодете ја длабочината за работа ! секогаш држете го алатот цврсто со двете раце ! додека работите, секогаш држете го алатот за местото (местата) кое (кои) се означени со
- поставете го алатот на работната површина - вклучете го алатот со пуштање на прекинувачот L - заклучете го прекинувачот за континуирана употреба со притискање на копчето M ! алатот треба да работи со полна брзина пред бургијата да го допре материјалот за
- разлабавете ја рачката за заклучување H и полека потиснете го алатот надолу додека мерачот за длабочина D не допре до куглата за ограничување на длабочината F - затегнете ја рачката за заклучување H - извршувајте ја постапката за длабење со рамномерно движење - користете го алатот со рамно поставена основна потпора врз работната површина - генерално правило е да се влече алатот, не треба да се турка - отклучете го прекинувачот со повторно повлекување на прекинувачот L и отпуштање - кога ќе завршите со работа, разлабавете ја рачката H, однесете го алатот назад кон горната почетна
- Прилагодување на држачите за работа # - отклучете ги двата држачи со лизгање на регулаторите N кон надвор и држете ги додека ги вртите држачите на саканата позиција - пуштете ги двата регулатори N да легнат на местото (4 можни позиции)
- Правилно водење $ - имајте предвид дека бургијата на фрезата се врти во правецот на стрелките на часовникот - водете го алатот така што бургијата ќе навлегува во материјалот за обработка, не треба да излегува
- Поставување на плочата за адаптерот P (за копирање со урнек) %
- Поставување на паралелното наведување Q ^ - вметнете ги лостовите за паралелно наведување V низ отворите во основната потпора R - лизнете ја паралелната водилка до саканата широчина и затегнете ја со двата регулатора W
- Употреба на паралелната водилка како циркуларна
! прво свртете ја паралелната водилка - затегнете ја иглата X со навртката со крилца Y како што е посочено - вметнете ги лостовите V во основната потпора R - боцнете ја иглата X во обележаниот центар на циркуларниот лак - затегнете ја паралелната водилка со 2 регулатора
- водете го алатот со рамномерна стапка низ материјалот за обработка
- Употреба на паралелната водилка со амортизерот за кривини Z * - поставете го амортизерот за кривини Z (со поставен ролер за наведување) како што е
- водете го алтот долж работ на материјалот за обработка со лесен страничен притисок СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
- За пресеци паралелни со страната на материјалот за обработка се користи паралелната водилка
- За правење паралелни пресеци коишто се подалеку од работ на материјалот за обработка @ - затегнете право парче дрво на материјалот за обработка со 2 стеги - водете го алатот со основната потпора долж работ којшто сега има функција на паралелна водилка
- При употреба на бургии со пилот или со топче, пилотот или топчето треба да лизгаат долж работ на материјалот за обработка кој пак треба да биде совршено рамен (
- За поголеми длабочини на работа, се препорачува да се извршат неколку последователни длабења со помали стапки на отстранување ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
- Овој алат не е наменет за професионална употреба
- Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти (особено отворите за ладење S 2)
- Подмачкувајте ги лизгачките лостови T 2 од време
- Доколку алатот и покрај внимателното работење и контрола некогаш откаже, поправката мора да ја изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
- во случај на примедба, испратете го алатот нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис (адресите се наведени на www.skil.com) ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА
- Не се ослободувајте од електични алати, уреди или амбалажа преку нивно фрлање во домашното ѓубре (само за земјите на ЕУ) - според Европската Директива 2012/19/EC за ослободување од електрична и електронска опрема и нејзина имплементација во согласност со националните закони, електричните алати кои го достигнале крајот на својот животен век мора да бидат собрани посебно и да бидат вратени во соодветен објект за рециклирање - симболот 5 ќе ве потсетува на ова кога ќе дојде време алатот да го фрлите119 БУЧАВА / ВИБРАЦИИ
- Мерено во согласност со EN 60745 нивото на звучен притисок е 84 dB(A) а нивото на звучна моќност 95 dB(A) (стандардно отстапување: 3 dB), и вибрација 4,4 м/с² (векторски збир на трите показатели; несигурност К = 1.5 м/с²)
- Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено на задниот дел на ова упатство е измерено во согласност со стандардизираниот тест даден во EN 60745; може да се користи за да се спореди еден алат со друг, и како првична оценка за изложеноста на вибрации кога се користи алатот за споменатите
- користењето на алатот за разни примени, или со различни или неправилно чувани делови, може да доведе до значајно зголемување на нивото на
- кога алатот е исклучен или кога алатот е вклучен но не врши некаква работа, може да дојде до значително намалување на нивото а изложеност ! заштитете се од ефектите на вибрациите преку одржување на алатот и неговите делови, одржување на топлината во вашите раце, и организирање на вашата работа
Notice-Facile