NA35200 - фритеза PHILIPS - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот NA35200 PHILIPS во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот фритеза во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник NA35200 - PHILIPS и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. NA35200 на марката PHILIPS.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК NA35200 PHILIPS
Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да го користите апаратот и зачувајте ги за во иднина.
Немојте да го поставувате апаратот на или близу до жежок плински шпорет, каков било електричен шпорет и електрични грејни плочи или во загреана рерна. Немојте никогаш да го потопувате апаратот во вода ниту да го плакнете За да спречите струен удар, внимавајте да не навлезе вода или друга течност во апаратот. Состојките за пржење секогаш ставајте ги во корпата за да не дојдат во допир со грејните елементи. Немојте да ги покривате отворите за влез и излез на воздух додека работи апаратот. Немојте да ја полните тавата со масло бидејќи тоа може да предизвика Немојте да го користите апаратот ако е оштетен приклучокот, кабелот за напојување или самиот апарат. Никогаш немојте да ја допирате внатрешноста на апаратот додека Никогаш немојте да ставате количина на храна што го надминува максималното ниво означено во корпата. Секогаш проверувајте дали грејачот е слободен и дали има заглавено храна во грејачот. Пред првото користење, преградата за чување на кабелот мора да се постави на уредот.
Македонски 551 Предупредување
Во случај на оштетување, кабелот за напојување мора да го замени компанијата Philips, нејзин сервисер или други лица со слични квалификации за да се избегне опасност. Апаратот приклучувајте го само во заземјен ѕиден штекер, заштитен со земјоспојно реле. Секогаш проверувајте дали приклучокот правилно сте го вметнале во Овој апарат не е наменет за употреба со надворешен тајмер или со засебен систем за далечинско управување. Површините што се допираат може да станат врели додека работи Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или лица со недостаток на искуство и знаење, под услов да се под надзор или да добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги разбираат можните опасности. Децата не смеат да си играат со апаратот. Чистење и корисничко одржување смеат да вршат деца постари од 8 години под надзор на возрасно лице. Апаратот и кабелот држете ги подалеку од дофат на деца помлади од 8 Немојте да го потпирате апаратот на ѕид или на други апарати. Оставете најмалку 10 cm слободен простор од задната страна, од двете бочни страни и над апаратот. Не ставајте ништо врз апаратот. За време на пржењето со врел воздух, од отворите за излез на воздух се ослободува врела пареа. Држете ги рацете и лицето на безбедно растојание од пареата и од отворите за излез на воздух. Исто така, внимавајте на врелата пареа и воздухот кога ја вадите тавата од Никогаш не користете лесни состојки или хартија за печење во апаратот. Површините што се допираат може да станат врели додека работи Складирање компири: температурата мора да биде соодветна на складираната сорта компир и мора да биде над 6 °C за да се минимизира ризикот од изложеност на акриламид во подготвената Никогаш немојте да ја полните тавата со масло. Бидејќи овој Airfryer има две комори за готвење, неговата електрична моќност е голема. Не користете други моќни апарати на исто струјно коло во исто време (на пр. апарати за варење вода, електрични скари и слично). Во спротивно, може да се случи сигурносниот прекинувач во инсталацијата на вашата куќа да се активира и да го прекине напојувањето во овој штекер. Апаратот е предвиден за употреба при амбиентални температури помеѓу 5 °C и 40 °C. Пред да го вклучите апаратот, проверете дали напонот наведен на апаратот одговара на напонот на локалната електрична мрежа. Кабелот за напојување држете го подалеку од жешки површини. 552 Македонски
Немојте да го поставувате апаратот на или близу до запаливи материјали како што се чаршаф или завеса. Апаратот употребувајте го единствено за намените опишани во овој прирачник и користете само оригинални додатоци од Philips. Не оставајте апаратот да работи без надзор. Тавата, корпата и додатоците ставени во комората за готвење стануваат врели во текот на и по користењето на апаратот, секогаш ракувајте со нив внимателно. Пред првото користење на апаратот темелно исчистете ги деловите што доаѓаат во допир со храната. Погледнете ги упатствата во прирачникот.
Овој апарат е наменет само за стандардна употреба во домаќинства. Не е наменет за употреба во опкружувања како што се кујни за персонал во продавници, канцеларии, фарми или други работни опкружувања. Не е наменет ниту за употреба од клиенти во хотели, мотели, угостителски објекти кои нудат ноќевање и појадок и други видови сместување. Секогаш исклучувајте го апаратот од напојувањето ако го оставате без надзор, како и пред склопување, расклопување, складирање или Поставете го апаратот на хоризонтална, рамна и стабилна површина. Ако апаратот се користи неправилно, ако се користи за професионални или полупрофесионални цели или ако не се користи во согласност со упатствата во прирачникот за корисници, гаранцијата ќе биде поништена и Philips нема да прифати одговорност за настанатата штета. Ако е потребна проверка или поправка на апаратот, секогаш носете го во овластен сервисен центар на Philips. Не обидувајте се сами да го поправате апаратот, во спротивно гаранцијата ќе биде поништена. Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер по користењето. Оставете го апаратот да се олади приближно 30 минути пред да ракувате со него или да го чистите. Внимавајте состојките подготвени во овој апарат да бидат златножолти, а не темни или кафени. Отстранете ги загорените остатоци. Не пржете свежи компири на температура поголема од 180 °C (за да создавањето на акриламид се сведе на минимум). Бидете внимателни кога го чистите горниот дел од комората за готвење: Жежок греен елемент, раб на металните делови и заштита од прскање. Секогаш проверувајте дали храната е целосно испржена во апаратот Airfryer. Бидете внимателни кога готвите лесно расиплива храна со функцијата за синхронизирано завршување (може да се размножат бактерии). Внимавајте кога ја истурате зготвената храна и внимавајте да не испаднат додатоците. Електромагнетни полиња (EMF) Овој апарат е усогласен со важечките стандарди и прописи што се однесуваат на изложеноста на електромагнетни полиња. Македонски 553 Рециклирање
Овој симбол означува дека електричните производи не смее да се фрлаат со обичниот отпад од домаќинствата. Придржувајте се до законите во вашата земја за одделно собирање на електричните производи. Гаранција и поддршка Versuni нуди двегодишна гаранција за овој производ по купувањето. Оваа гаранција престанува да важи ако дефектот се должи на неправилно користење или несоодветно одржување. Нашата гаранција не влијае на вашите законски права како потрошувач. За повеќе информации или за користење на гаранцијата, посетете ја нашата веб-страница www.philips.com/support.
Честитки и добре дојдовте во семејството на Philips! Апаратот Airfryer со две корпи ви овозможува да подготвувате две состојки од вашите оброци наеднаш. Можете да го синхронизирате времето на готвење на двете состојки, што значи дека, ако двете различни состојки имаат различно време на готвење, можете да завршите со готвењето во исто време. Асиметричните корпи ви овозможуваат подобро да ги прилагодите пропорциите на состојките во вашите оброци. Големата корпа е совршена за главни јадења, пржени компирчиња и сѐ што сакате. Користете ја помалата корпа за прилози, зеленчук и ужинки. Доаѓа со апликацијата NutriU што ви дава упатства во чекори и стотици вкусни оброци со специфични поставки за вашиот апарат Airfryer со две корпи. Преземете ја апликацијата со QR-кодот на пакувањето.
1 Контролна табла a Зголемување на температура b Намалување на температура c Копче за вклучување/исклучување d Индикатор за потсетник за тресење за мала тава e Копче за мала тава f Копче за враќање назад 554 Македонски
g Копче за функција на време h Копче за функција на копирање i Копче за потсетник за тресење j Копче за голема тава k Индикатор за потсетник за тресење за голема тава l Копче за започнување/запирање m Копче за намалување на времето n Копче за зголемување на времето o Копчиња за однапред поставени програми Долна плоча за мала тава Голема тава Корпа за голема тава Држач за кабел Кабел за напојување Отвори за излез на воздух Опис на функциите Функција за копирање Можете да го поставите времето и температурата за една тава и да ја копирате поставката за другата тава со тоа што ќе го притиснете копчето за функција на копирање. Функција за време Можете да го поставите времето и температурата индивидуално за секоја тава, а со избирање на копчето за функција за време, двете тави ќе завршат со готвење во исто време. Потсетник за тресење Со притиснување на копчето за потсетник за тресење, го овозможувате потсетникот за тресење. Тоа значи дека, откако ќе измине половина од времето на готвење, апаратот ве потсетува да ја протресете или превртите
Однапред поставени опции Можете да изберете од 8 однапред поставени опции. Однапред поставените опции се програми за готвење што даваат препораки за температурата и времето на готвење врз основа на одредена количина на храна. За повеќе детали, погледнете во поглавјето „Готвење со однапред поставени опции“. Копче за враќање назад Користете го копчето за враќање назад ако по грешка изберете погрешна однапред поставена опција. Звучни известувања Повремено ќе слушнете звук, на пример ако апаратот завршил со готвењето или ако треба да се направи следниот чекор, како на пример, тресење или превртување на храната. Македонски 555 Пред првото користење 1 Отстранете ја целата амбалажа. 2 Отстранете ги налепниците или ознаките (ако ги има) од апаратот. 3 Темелно исчистете го апаратот пред првата употреба (видете го поглавјето „чистење“). 4 Прикачете го држачот за кабел на назначената област на задниот дел од уредот со тоа што ќе легне на место и ќе се слушне „клик“. - Држачот за кабел служи и како одвојувач со тоа што создава растојание меѓу уредот и ѕидот за да спречи акумулирање на
Подготовки пред прва употреба Ставете го апаратот на стабилна, хоризонтална и рамна површина којашто е отпорна на топлина. - Не поставувајте ништо врз или од страните на апаратот. Тоа може да го попречи протокот на воздух и да влијае на пржењето. - Немојте да го поставувате активниот апарат во близина или под предмети коишто пареата може да ги оштети, како што се ѕидови и
Користење на апаратот Пржење со врел воздух - Ова е Airfryer којшто пржи со врел воздух. Немојте да ја полните тавата со масло, маст за пржење или друга течност. - Не допирајте ги жешките површини. Користете ги рачките или дршките. Носете заштитни ракавици кога ракувате со врелата тава. - Овој апарат е наменет само за употреба во домаќинства. - Овој уред може да испушта чад при првото користење. Тоа е - Не е потребно претходно загревање на апаратот. 556 Македонски 1 Вметнете го приклучокот во ѕидниот штекер. 2 Извадете ја тавата со корпата од апаратот со повлекување на рачката. 3 Ставете ја долната плоча во малата тава. 4 Ставете ја корпата во големата тава. - Уверете се дека крилцата на корпата се точно позиционирани на левата и десната страна кога ја ставате во тавата. Ако случајно ја ротирате 90 степени, корпата нема да ја собере во тавата. - Нормално е да употребите малку сила за да ја ставите корпата во
5 Ставете ги состојките во корпата. - Во апаратот Airfryer може да подготвувате различни состојки. Погледнете ги точните количини и приближното време на готвење во „Табелата за храна“. - Немојте да ја надминувате количината наведена во делот „Табела за храна“ или да ја преполнувате корпата бидејќи тоа може да го намали квалитетот на крајниот резултат. Македонски 557 6 Вратете ги тавите во апаратот Airfryer. - Не допирајте ја тавата или корпата за време на користењето и одредено време по употребата, бидејќи се многу жешки. 7 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да го вклучите
8 Изберете ја малата тава. Индикаторот за време и температура на левата страна започнува да трепка. 9 Притиснете го копчето за зголемување/намалување на температурата и за зголемување/намалување на времето за да го изберете точното време и температура. 10 Изберете ја големата тава. 558 Македонски 11 Притиснете го копчето за зголемување/намалување на температурата и за зголемување/намалување на времето за да го изберете точното време и температура. 12 Притиснете го копчето за потсетник за тресење за да се потсетите да ја протресете храната за време на готвењето. - Можете да го овозможите или оневозможите потсетникот за тресење во секое време за време на готвењето, избирајќи ја соодветната тава и притиснувајќи го копчето за потсетник за тресење. 13 Притиснете го копчето за започнување/запирање за да го започнете процесот на готвење. - Последната минута готвење се одбројува во секунди. - Погледнете ја табелата за храна за основни поставки за готвење на различни видови храна. - Можете да ги промените поставките за готвење во секое време за време на готвењето со тоа што ќе ја изберете тавата и ќе ги притиснете копчињата за зголемување или намалување. - Ако сакате и двете тави да паузираат со готвењето, притиснете го копчето за започнување/запирање. - Повторно притиснете го копчето за започнување/запирање. Двете тави продолжуваат со готвење. - Ако сакате само една тава да паузира со готвењето, прво изберете ја соодветната тава и притиснете го копчето за започнување/запирање. - Повторно притиснете го копчето за започнување/запирање и соодветната тава продолжува со готвење. - Уредот автоматски преминува во режим на пауза кога ќе извадите тава. Процесот на готвење продолжува кога ја враќате тавата во - Некои состојки треба да се протресат или превртат на половина од времето на готвење (видете „Табела за храна“). За да ги протресете состојките, извлечете ја тавата со корпата и протресете ја над мијалникот. Потоа вратете ја тавата во апаратот. Македонски 559 14 Кога ќе го слушнете ѕвончето на тајмерот, времето на готвење изминало. 15 Извлечете ја тавата и проверете дали состојките се готови. - Тавата на Airfryer е жешка по процесот на готвење. Секогаш ставајте ја на работна површина отпорна на топлина (на пр. подлога итн.) кога ќе ја извадите од апаратот. - Ако состојките сè уште не се подготвени, турнете ја тавата во апаратот Airfryer и додајте неколку дополнителни минути. - Можете да ја одржите топлината на храната во апаратот Airfryer со тоа што ќе ја поставите температурата на 80 степени и ќе го прилагодите времето колку сакате за храната да остане топла. Препорачуваме времето на одржување топлина да не измине 30 минути бидејќи квалитетот на храната може да опадне. - Ако помфритот изгуби голем дел од крцкавоста за време на режимот за одржување топлина, скратете го времето на одржување топлина така што ќе го исклучите апаратот порано или пржете ги 2-3 минути на температура од 180 °C. 560 Македонски 16 Внимателно отстранете ги состојките (на пр., пржени компирчиња) од тавата со клешти за скара. - Не навалувајте ја тавата кога ги отстранувате состојките бидејќи корпата може да падне од тавата. - По процесот на готвење, тавата, корпата, внатрешноста и состојките се жешки. Во зависност од видот на состојките во Airfryer, од тавата може да излезе пареа. - За да отстраните големи или кршливи состојки, користете штипалка за да ги подигнете состојките. - На дното од тавата се собира вишокот масло или маста од состојките. - Во зависност од видот на состојките што ги готвите, можеби ќе сакате внимателно да го истурите вишокот масло или маснотии од тавата по секоја количина, или пред да ја протресете или повторно да ја ставите корпата во тавата. Ставете ја корпата на површина отпорна на топлина. Носете заштитни ракавици за да го истурите вишокот масло или маста од храната. Вратете ја корпата во тавата. Готвење со однапред поставена опција 1 Следете ги чекорите од 1 до 6 во поглавјето „Пржење со врел воздух“. 2 Изберете ја тавата со која сакате да готвите. 3 Изберете однапред поставена опција. - За да промените кон друга однапред поставена опција, притиснете го копчето за враќање назад и изберете ја потребната однапред поставена опција. 4 Започнете го процесот на готвење со притиснување на копчето за започнување/запирање. - Можете да готвите со однапред поставена опција за една тава, а со рачни поставки за друга. Можете и да готвите со различни однапред поставени опции за секоја тава и да ја изберете функцијата за време за да го завршите процесот на готвење на двете тави во исто време. Забелешка: Во следната табела може да најдете повеќе информации за однапред поставените опции. Македонски 561 Голема тава
Замрзнати закуски од компир како што се замрзнат помфрит, пекарски компир, чипс итн. Потсетникот за тресење е стандардно овозможен и ве потсетува да ја протресете тавата двапати за време на готвењето. Користете брашнест компир. Дебелина од 10 x 10 mm / 0,4 x 0,4. Потопете 30 минути во вода, исушете и потоа додадете од ¼ до 1 супена лажица масло. Потсетникот за тресење е стандардно овозможен и ве потсетува да ја протресете тавата двапати за време на готвењето.
600 g / 21 oz Цела риба со 300 g / 11 oz и превртете еднаш за време на готвењето
120 g–130 g / 4–5 oz за секој батак. Протресете, превртете или измешајте при готвењето Парче со дебелина од 2–2,5 cm, 200 g / 7 oz по парче До 3 месни котлети без коска Превртете еднаш
Користете ја XL-тавата за готвење и печење (199 x 189 x 80 mm) за големата тава
Приспособете го времето според прехранбениот производ и количината на храна 562 Македонски
Замрзнати закуски од компир како што се замрзнат помфрит, пекарски компир, чипс итн. Потсетникот за тресење е стандардно овозможен и ве потсетува да ја протресете тавата двапати за време на готвењето. Користете брашнест компир. Дебелина од 10 x 10 mm / 0,4 x 0,4. Потопете 30 минути во вода, исушете и потоа додадете од ¼ до 1 супена лажица масло. Потсетникот за тресење е стандардно овозможен и ве потсетува да ја протресете тавата двапати за време на готвењето.
300 g / 11 oz Цела риба со 300 g / 11 oz и превртете еднаш за време на готвењето
120 g–130 g / 4–5 oz за секој батак. Протресете, превртете или измешајте при готвењето Парче со дебелина од 2–2,5 cm, 200 g / 7 oz по парче До 2 месни котлети без коска Превртете еднаш
Користете ги калапите за мафини
Приспособете го времето според прехранбениот производ и количината на храна Подготвување домашен помфрит За да направите одличен домашен помфрит во Airfryer: - За големата тава, ви требаат 800 g/28 oz помфрит, а 300 g / 11 oz помфрит за малата тава. - Изберете сорта на компир соодветна за правење помфрит, на пр. свежи, (малку) брашнести компири. Македонски 563
Најдобро е помфритот да се пржи со врел воздух во количини до 800 g /28 oz за рамномерен резултат. Помфритот во поголеми количини обично е помалку крцкав од помфритот во помали порции. Излупете ги компирите и исечете ги на стапчиња (дебелина од 10x10 mm / 0,4x0,4 in). Потопете ги стапчињата од компир во сад со вода најмалку 30 минути. Испразнете го садот и исушете ги стапчињата од компир со крпа за садови или со хартиена крпа. Сипете една супена лажица масло за јадење во садот, ставете ги стапчињата во садот и мешајте сè додека стапчињата не се премачкаат Отстранете ги стапчињата од садот со прсти или кујнски прибор со дупчиња за вишокот масло да остане во садот.
- Немојте да го навалувате садот за да ги истурите сите стапчиња во корпата одеднаш за да вишокот масло не влезе во тавата. 6 Ставете ги стапчињата во корпата. 7 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да го вклучите
8 Изберете тава. 9 Изберете ја однапред поставената опција за „Домашен помфрит“. 564 Македонски 10 Започнете го процесот на готвење со притиснување на копчето за започнување/запирање. 11 Протресете ја тавата двапати кога ќе го слушнете звучниот сигнал за потсетникот за тресење. Табела за храна Табелата подолу ви помага да ги изберете основните поставки за видот на храна што сакате да ја подготвите. - Имајте предвид дека овие поставки се предлози. Не можеме да ви гарантираме најдобра поставка за одредена состојка бидејќи сите состојки имаат различно потекло, големина, форма и бренд. - Кога подготвувате поголема количина на храна (на пр. помфрит, шкампи, батаци, замрзнати закуски), протресете, превртете или измешајте ги состојките во тавата од 2 до 3 пати за да постигнете рамномерен резултат. Голема тава
14–31 200 °C Протресете, превртете или измешајте двапати при
Домашен помфрит (дебелина од 10x10 mm / 0,4x0,4) 200–800 g / 7–28
20–40 180 °C Протресете, превртете или измешајте двапати при
10–20 200 °C Протресете, превртете или измешајте на половина од процесот на готвење Замрзнати пролетни
10–20 200 °C Протресете, превртете или измешајте на половина од процесот на готвење Хамбургер (приближно 150 g/5 oz) 1–4 плескавици 11–18 200 °C Превртете на половина од процесот на готвење Ролат од месо 1200 g / 42 oz 55–60 150 °C Користете го додатокот за
15–20 200 °C Протресете, превртете или измешајте на половина од процесот на готвење Месни котлети без коска 1–4 котлети (приближно 150 g / 5 oz) Македонски 565
Поставете го времето за готвење по ваш вкус Протресете, превртете или измешајте на половина од процесот на готвење Мафини (приближно 50 g / 1,8 oz 1–9 калапи 13–15 160 °C Користете ги калапите за мафини
Однапред испечен леб/земички (приближно 60 g / 2 oz) 1–6 парчиња 6–8 200 °C Домашен леб 550 g / 28 oz 45–55 150 °C
Користете го XL-садот за готвење и печење Проверете го нивото на подготвеност пред да ја извадите тортата Користете го XL-садот за готвење и печење Обликот на тестото треба да биде колку што е можно порамен за да се избегне лебот да го допира грејниот елемент кога нараснува Проверете го нивото на подготвеност пред да го извадите лебот 566 Македонски
14–28 200 °C Протресете, превртете или измешајте двапати при
Домашен помфрит (дебелина од 10x10 mm / 0,4x0,4) 100–300 g / 4–11
20–30 180 °C Протресете, превртете или измешајте двапати при
9–20 200 °C Протресете, превртете или измешајте на половина од процесот на готвење Замрзнати пролетни
9–20 200 °C Протресете, превртете или измешајте на половина од процесот на готвење Хамбургер (приближно 150 g/5 oz) 150–300 g / 5–11
16–21 200 °C Превртете на половина од процесот на готвење Месни котлети без коска 150–300 g / 5–11 (приближно 150 g / 5 oz) oz 15–20 200 °C Протресете, превртете или измешајте на половина од процесот на готвење Тенки колбаси 2–6 парчиња (приближно 50 g/1,8 oz) 11–15 200 °C Протресете, превртете или измешајте на половина од процесот на готвење Пилешки батаци (приближно 125 g/4,5 oz) 2–5 парчиња 17–28 180 °C Протресете, превртете или измешајте на половина од процесот на готвење Пилешки гради (приближно 160 g/6 oz) 1–3 парчиња 20–30 180 °C Превртете на половина од процесот на готвење Цела риба (приближно 300-400 g / 11-14 oz) 1 парче 20–25 180 °C Филети од риба 1–2 парчиња (приближно 200 g / 7 oz) 25–32 160 °C Мешан зеленчук (крупно исечкан) 12–25 180 °C 200–400 g / 7–14
Мафини (приближно 50 g / 1,8 oz 2–6 калапи 13–20 160 °C Однапред испечен леб/земички (приближно 60 g / 2 oz) 1–3 парчиња 6–8 200 °C Поставете го времето за готвење по ваш вкус Протресете, превртете или измешајте на половина од процесот на готвење Користете ги калапите за мафини Македонски 567
Предупредување - Почекајте корпата, тавата и внатрешноста на апаратот целосно да се оладат пред да започнете со чистење. - Тавата и корпата на апаратот се обложени со нелеплив слој. Немојте да користите метален кујнски прибор или абразивни материјали за чистење бидејќи може да го оштетат нелепливиот слој. Исчистете го апаратот по секоја употреба. Отстранете ги маслото и маснотиите од дното на тавата по секоја употреба. 1 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да го исклучите апаратот, извадете го приклучокот од ѕидниот штекер и оставете го апаратот да се олади.
- Извадете ги тавата и корпата за да овозможите побрзо ладење на Airfryer. 2 Исфрлете ги маснотиите или маслото од дното на тавата. 3 Исперете ги тавата и корпата во машина за садови. Можете да ги исчистите и со топла вода, течност за миење садови и неабразивен сунѓер (погледнете во „Табела за чистење“). - Ако остатоци од храна се залепат на тавата или корпата, можете да ги потопите во врела вода и течност за миење садови 10–15 минути. Потопувањето ги омекнува остатоците од храната и го олеснува нивното отстранување. Користете течност за миење садови што може да ги раствори маслото и маснотиите. Ако има дамки од маснотии на тавата или корпата и не сте можеле да ги отстраните со врела вода и течност за миење садови, користете течен одмастувач. - Доколку е потребно, остатоците од храна залепени на грејниот елемент може да се отстранат со четка со меки до средни влакна. Не користете четка со челична жица или четка со тврди влакна бидејќи тоа може да го оштети слојот на грејниот елемент. 4 За да избегнете гребнатинки, нежно избришете го надворешниот дел на апаратот со незбрчкана, чиста и мека крпа. Започнете со малку навлажнета крпа и продолжете со сува, ако е потребно. 568 Македонски 5 Исчистете го грејниот елемент со четка за чистење за да ги отстраните сите остатоци од храна. 6 Исчистете ја внатрешноста на апаратот со врела вода и неабразивен
- Ако случајно го извлечете одвојувачот што се наоѓа меѓу големата и малата тава, вратете го на соодветното место за време на чистењето. Табела за чистење Македонски 569
1 Исклучете го апаратот од штекер и оставете го да се олади. 2 Проверете дали сите делови се чисти и суви пред да ги складирате. 3 Обвиткајте го кабелот околу наменскиот држач за кабел на задната страна на апаратот. - Кога го носите апаратот Airfryer, држете го хоризонтално за тавите да не паднат, што може да ги оштети. - Секогаш проверувајте дали отстранливите делови на Airfryer, на пр. отстранливото мрежесто дно итн., се прицврстени пред да го носите и/или складирате. Решавање проблеми Во ова поглавје се опишани најчестите проблеми со кои може да се соочите при користење на апаратот. Ако не можете да го решите проблемот со помош на информациите наведени подолу, посетете ја веб-страницата www.philips.com/support за да пронајдете листа на најчести прашања или обратете се на центарот за корисничка поддршка во вашата земја.
Надворешноста на апаратот се вжештува за време на употребата. Топлината од внатрешноста се Тоа е нормално. Рачките и шири кон надворешните ѕидови. копчињата коишто ги допирате за време на употребата нема да бидат топли на допир. Тавата, корпата и внатрешноста на апаратот секогаш се вжештуваат кога апаратот е вклучен за да може храната соодветно да се зготви. Овие делови се секогаш врели на Ако апаратот е вклучен подолго време, некои делови стануваат врели на допир. Овие делови на уредот се обележани со следната икона: Ако имате предвид дека одредени делови се вжештуваат и не ги допирате, уредот е целосно безбеден за употреба. 570 Македонски
Домашниот помфрит не ми излегува како што очекував. Не сте ја користеле соодветната сорта на компир. За да добиете најдобри резултати, користете свеж брашнест компир. Ако треба да ги складирате компирите, немојте да ги чувате во ладна средина како, на пример, во фрижидер. Изберете компири на чие пакување пишува дека се погодни за пржење. Количината на состојки во корпата е преголема. Следете ги упатствата во ова упатство за користење за да подготвите домашен помфрит. Одредени видови состојки треба Следете ги упатствата во ова да се протресат на половина од упатство за користење за да времето на готвење. подготвите домашен помфрит. Апаратот Airfryer не се вклучува. Апаратот не е приклучен. Проверете дали приклучокот е соодветно вклучен во ѕидниот
Во штекерот се приклучени повеќе апарати. Апаратот Airfryer има голема моќност. Приклучете го во друг штекер и проверете ги осигурувачите. Забележувам лупење на одредени места во внатрешноста на мојот Airfryer. Во тавата на Airfryer може да се појават мали дамки поради случајни допири или гребење на површината (на пример, при чистење со груби алати за чистење и/или при вметнување на корпата). Можете да спречите оштетување со правилно спуштање на корпата во тавата. Ако ја вметнете корпата под агол, нејзиниот страничен дел може да удри во ѕидот на тавата што предизвикува лупење на мали парчиња од површинскиот слој. Во таков случај, имајте предвид дека тоа не е штетно бидејќи сите материјали што се користат се безбедни за храната. Од апаратот излегува бел чад. Готвите масни состојки. Внимателно истурете го вишокот масло или масти од тавата и продолжете со
Тавата сѐ уште содржи масни остатоци од претходна
Белиот чад е предизвикан од масните остатоци што се загреваат во тавата. Секогаш чистете ги тавата и корпата темелно по секоја употреба. Македонски 571
Лебните трошки или смесата за Ситните честички од смесата за панирање не се залепила добро панирање што се пренесуваат за храната. во воздухот може да предизвикаат бел чад. Цврсто притиснете ги лебните трошки или смесата за панирање на храната за добро да се залепат. Екранот на Airfryer прикажува „E1“. Екранот на Airfryer прикажува „E4–E12“. Маринадата, течностите или соковите од месото прскаат во насобраните маснотии. Соберете го вишокот течности од храната со тапкање пред да ја ставите во корпата. Апаратот е неисправен /
Јавете се во сервисниот центар на Philips или контактирајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја. Можеби го чувате вашиот Airfryer на премногу студено
Ако го чувате вашиот уред на ниска амбиентална температура, почекајте да се загрее на собна температура најмалку 15 минути пред повторно да го приклучите. Ако на екранот сè уште се прикажува „E1“, јавете се во сервисниот центар на Philips или контактирајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја. Апаратот може да е неисправен. Обидете се да го исклучите и повторно да го вклучите уредот. Ако ова не го реши проблемот, јавете се во сервисниот центар на Philips или контактирајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја. 572 Русский
Notice-Facile