GDS 24 Professional - Пробивач-одвивач BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GDS 24 Professional BOSCH во PDF формат.
| Вид на производ | Болтозавртувач (ударна дупчалка-шрафцигер) |
| Бренд | Bosch |
| Модел | GDS 24 Professional |
| Референтен број | 0 601 434 1.. |
| Номинална влезна моќност | 800 W |
| Излезна моќност | 400 W |
| Брзина без оптоварување | 1260 min⁻¹ |
| Максимален момент на завртување (тврдо/меко) | 600 Nm / 300 Nm (според ISO 5393) |
| Максимален дијаметар на завртување | M24 |
| Држач за алат | Четврт 3/4" |
| Тежина (според EPTA) | 5.7 kg |
| Класа на заштита | II (двојна изолација) |
| Ниво на звучен притисок | 95 dB(A) |
| Ниво на звучна моќност | 106 dB(A) |
| Акустична несигурност K | 3 dB |
| Вибрации (макс. затегнување на завртки) | 8 m/s² (несигурност K=1.5 m/s²) |
| Прекинувач за насока на ротација | Десно/лево (реверзибилно) |
| Дополнителна рачка | Вклучена, монтажа на навојна чаура |
| Напојување | 230 V (мрежна, прилагодено за 220 V) |
| Главни функции | Завртување, одвртување, затегнување/олабавување на навртки со механизам за удар |
| Одржување и чистење | Исклучете пред одржување; чистете ги отворите за вентилација; заменувањето на кабелот доверете го на професионалец |
| Безбедност | Прочитајте ги сите упатства; користете лична заштитна опрема; не изложувајте на влага; одржувајте ја работната област чиста |
| Резервни делови и поправка | Резервни делови достапни кај Bosch; поправка од овластен сервис; раставен приказ на www.bosch-pt.com |
| Општи информации | Упатство за употреба достапно на повеќе јазици; корисничка служба на Bosch |
Frequently Asked Questions - GDS 24 Professional BOSCH
Прашања на корисниците за GDS 24 Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Пробивач-одвивач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GDS 24 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GDS 24 Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GDS 24 Professional BOSCH
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите
упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент
на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ће доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е ислучен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
▶ Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ће ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и ислучите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
Безбедносни напомени за одвртувачи
Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за прицврступачот да не дојде во контакт со скриена жица или со неговиот кабел. Ако прицврступачите дојдат во допир со „жица под напон“, може да ги изложат металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвивува оштетување и може да предизвика електричен удар.
▶ Цврсто држете го електричниот апарат. При зацврстување и одвртување на шрафови може да настанат краткотрајни високи реактивни моменти.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме,
128 | Македонски
тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
▶ Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за навртување и олабавување на завртки, како и за затегнување и олабавување на навртки во дадените граници на димензии.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Окце за закачување
(2) Дополнителна рачка
(3) Навојна чаура за дополнителната дршка
(4) Прекинувач за включување/исклучување
(5) Прекинувач за менување на правецот на вртење
(6) Прифат на алатот
(7) Алат за вметнување ^A)
(8) Рачка (изолирана површина на рачката)
A) Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Ударен одвртувач GDS 24 GDS 30 | ||
| Број на дел/артикл | 0 601 434 1.. 0 601 435 1.. | |
| Номинална јачина W 800 920 | ||
| Излезна моїност W 400 500 | ||
| Број на вртежи во празен од min | 1 | 1260 1260 |
| макс. вртежен момент при завртување во цврсти/меки материјали според ISO 5393 | Nm 600/300 1000/500 | |
| Десен/лев тек ● ● | ||
| Завртки-∅ M24 M30 | ||
| Прифат на алатот ■ 3⁄4" | ■ 1" | |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 | kg | 5,7 |
| Класа на заштита | ☐ / II | |
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
| GDS 24 GDS 30 | |||
| 0 601 434 1.. | 0 601 435 1.. | ||
| Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-2.Нивото на звук на електричниот алат оценето со А, типично изнесува | |||
| Звучен притисок | dB(A) | 95 | 99 |
| Звучна јачина | dB(A) | 106 | 110 |
| Несигурност К | dB | 3 | 3 |
| Носете заштита за слухот! | |||
Вкупните вредности на вибрации a_h (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-2:
Извлекување на завртки и навртки со максимально дозволена големина:
| GDS 24 GDS 30 | |||
| a_h | m/s2 | 8 | 13 |
| K | m/s2 | 1,5 | 2 |
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка за мерење и може да се користи за меѓусебна споредба на електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за главната примена на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе предвид и периодот во кој уредот е исключен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните алати и алатите за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
Промена на алат
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте на тоа тој да лежи цврсто во прифатот за алат. Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со прифатот на алат, може да се олабави и да се случаи да не може да се контролира.
Поставете го алатот за вметнување (7) на четириаголниот прифат за алат (6).
Употреба
Функционалност
Прифатот за алат (6) и алатот што се вметнува се ставаат во погон со електромотор со помош на погон и ударен механизмам.
Работната постапка се дели во две фази:
Завртување и Затегнување (ударен механизмам во акција).
Ударниот механизмам се активира, штом се затегне спојот на шрафовите и така се оптоварува моторот. Притоа ударниот механизмам ја претвора силата на моторот во
еднакви удари со вртење. При олабавување на шрафови и мутери, оваа постапка тече по обратен редослед.
Ставање во употреба
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред. Електричните алати означени со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Поставете го правецот на вртење
▶ Прекинувачот за менување на правецот на вртење (5) активирајте го само кога електричниот алат е во празен од.
Со прекинувают за менување на правецот за вртење (5) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат.
Десен тек: Притиснете го прекинувачот за правец на вртење (5) до крај надолу (Д).
Лев тек: Притиснете го прекинувачот за правец на вртење (5) до крај надолу (Л).
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба притиснете го прекинувачот за включување/исклучување (4) и држете го притиснат. За исклучување, отпуштете го прекинувачот за включување/исклучување (4).
Совети при работењето
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Користете го вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (2).
▶ Електричниот алат ставете го на навртката/завртката само доколку е ислучен. Доколку алатите што се вметнуваат се включени и се вртат, тие може да се превртат.
Вртежниот момент зависи од времетраењето на ударот. Максimalниот постигнат вртежен момент е резултат од сумата на сите поединечни вртежни моменти постигнати со удари. Максimalниот вртежен момент се постигнува по времетраење на удар од 6–10 секунди. По овој период, затезниот вртежен момент се зголемува минимално.
Притоа осетно се загрева ку́киштето на погонот.
Напомена: Последиците од прекумерно загревање се висока изабеност на сите делови на ударниот механизмам и потреба од голема количина на средство за подмачкување.
Времетраењето на ударот треба да се одреди за секој потребен затезен вртежен момент. Постигнатиот затезен
вртежен момент, треба постојано да се проверува со вртежен момент клуч.
Завртувања во цврсто лежиште, лежиште со пружина или меко лежиште
Доколку има обид да се измерат постигнатите удари во последователни удари и да се пренесат во дијаграм, Ѽе се добие крива на текот на вртежни моменти. Висината на кривата одговара на максимальниот постигнат вртежен момент, а косината покажува кога е постигнат.
Еден вртежен момент зависи од следните фактори:
- Цврстината на завртките/навртките
- Видот на подлогата (диск, подлошка, дихтунг)
– Цврстина на материјалот што се навртува - Подмачканост на завртките
Зависно од горенаведените фактори, постојат следниве видови на примена:
– Цврсто лежиште при навртување метал на метал со користење на подлошки. Максималниот вртежен момент се постигнува по релативно кратко време на удар (кос тек на линијата). Непотребното долго време на удари ї штети на машината.
– Лежиште со пружина при навртување метал на метал, при користење на прстенести пружини, подлошки, болцни или завртки/навртки со конусно лежиште, како и при користење на продолжетоци.
- Меко лежиште при навртување на пр. метал на дрво или при користење на оловни или фибер дискови како подлога.
При лежиште со пружина одн. меко лежиште максималниот вртежен момент на прицврстување е помал отколку при цврсто лежиште. Исто така е потребно значително подолго време на удари.
Одредување на времето на удирање
Дијаграмите (примерите) го прикажуваат затезниот вртежен момент [Nm] во зависност од траењето на ударот [s]:
① за тврдо седиште
② за меко седиште.
Податоците се среди вредности и се разликуваат во зависност од случајот на употреба. Постигнатиот затезен вртежен момент, треба постојано да се проверува со момент клуч.
Дијаграм за GDS 24

line
| Time [s] | Curve 1 [Nm] | Curve 2 [Nm] | | -------- | ------------ | ------------ | | 0 | 350 | 100 | | 10 | 800 | 200 | | 25 | 800 | 300 |Највисокиот вртежен момент їе се постигне:
– за тврдо седиште по околу 10 секунди траење на удар
– за меко седиште по околу 22 секунди траење на удар
Дијаграм за GDS 30

line
| Time [s] | Curve 1 [Nm] | Curve 2 [Nm] | | -------- | ------------ | ------------ | | 0 | 450 | 150 | | 5 | 1200 | 350 | | 25 | 1200 | 700 |Највисокиот вртежен момент će се постигне:
– за тврдо седиште по околу 6 секунди траење на удар
– за меко седиште по околу 26 секунди траење на удар
Референтните вредности за максимальниот затезен вртежен момент на обични завртки може да ги дознаете од следната табела.
Референтни вредности за максимален вртежен момент за затегнување на завртките
Податоци во Nm, пресметано од просекот на затегнување; искористување на границата на еластичност 90 % (при број на триења _ak. = 0,12 ). Постигнатиот затезен вртежен момент, треба постојано да се проверува со момент клуч.
| Класи на цврстина според DIN 267 | Стандардни завртки Завртки со висока отпорност |
| 3.6 4.6 5.6 4.8 6.6 5.8 6.8 6.9 8.8 10.9 12.9 | |
| M8 6.57 8.7 11 11.6 | 13.1 14.6 17.5 19.7 23 33 39 |
| M10 13 17.5 22 23 | 26 29 35 39 47 65 78 |
| M12 22.6 30 37.6 | 40 45 50 60 67 80 113 135 |
| M14 36 48 60 65 72 | 79 95 107 130 180 215 |
| Класи на цврстина според DIN 267 | Стандардни завртки Завртки со висока отпорност | |||||||
| 3.6 | 4.6 | 5.6 | 4.8 | 6.6 | 5.8 | 6.8 | 6.9 | |
| M16 55 73 92 98 110 122 147 165 196 275 330 | ||||||||
| M18 75 101 126 135 151 168 202 227 270 380 450 | ||||||||
| M20 107 143 178 190 214 238 286 320 385 540 635 | ||||||||
| M22 145 190 240 255 290 320 385 430 510 715 855 | ||||||||
| M24 | 185 245 310 325 370 410 490 455 | 650 | 910 1100 | |||||
| M27 275 365 455 480 445 605 725 815 960 1345 1615 | ||||||||
| M30 370 495 615 650 740 820 990 1100 1300 1830 2200 | ||||||||
Пример за одредување на време на удирање (GDS 30)
Завртка М 24 класа на цврстина 8.8 = затезен вртежен момент на завртката 650 Nm Од дијаграмот GDS 30 може да забележите дека при 650 Nm траењето на ударот е 0,8 секунди (види „Дијаграм за GDS 30“, Страница 130).
Совети
Торзионите лостови имаат вратило со точно калибриран, намален дијаметар. Притоа тие делуваат со ограничување на вртежниот момент. Торзиониот лост се става помеѓу ударниот одвртувач и битот. Како правило за примена важи: Дијаметар на јадрото на завртката = делотворен дијаметар на торзиониот лост. Траењето на ударот се одредува со проба за завртување. За закачување, во тежиштето на електричниот алат има окце за закачување (1).
Со аголникот (опрема) може да ја промените позицијата на рачката.
При температури под точката на замрзнување треба најпрво да го включите електричниот алат околу 3 минути во празен од, за да го подобрите капацитетот на подмачкување во електричниот алат.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Јани Лукровски 66; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје
E-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Mo6:+389 70 388-520,-530
Отстранување
Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните алати во домашната канта за отпадоци!
Само за земјите од ЕУ:
Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски уреди и нивната имплементација во националното право, електричните алати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.