GAA 12V-21 Professional - Пробивач-одвивач BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GAA 12V-21 Professional BOSCH во PDF формат.
| Тип на производ | Адаптер за батерија за грејна облека и USB полнење |
| Бренд | Bosch |
| Модел | GAA 12V-21 Professional |
| Влезен напон | 10,8 – 12 V (Литиум-јонска батерија) |
| USB излезен напон | 5 V |
| USB излезна струја (макс) | 2,1 A |
| Излезен напон на грејниот елемент | 12 V |
| Излезна струја на грејниот елемент (макс) | 1,2 A |
| Тип на USB приклучок | Тип A |
| Макс. должина на USB кабел | 1,5 m |
| Температура на полнење | 0 °C … +45 °C |
| Работна температура | −20 °C … +50 °C |
| Компатибилни батерии | GBA 10,8V…, GBA 12V… |
| Препорачани полначи | GAL 12…, GAX 18… |
| Појасна штипка | Да |
| Главни функции | Напојување на грејна облека, полнење на USB уреди |
| Одржување и чистење | Чистете со сува крпа; не користете течности |
| Безбедност | Заштита од краток спој, преоптоварување и екстремни температури |
| Резервни делови и поправка | Резервни делови достапни на www.bosch-pt.com; поправка од Бош сервис |
| Тежина (проценета) | Околу 150 g |
| Димензии (проценети) | Околу 120 x 60 x 40 mm |
Frequently Asked Questions - GAA 12V-21 Professional BOSCH
Прашања на корисниците за GAA 12V-21 Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Пробивач-одвивач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GAA 12V-21 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GAA 12V-21 Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GAA 12V-21 Professional BOSCH
Македонски....Страница 138
Srpski....Strana 144
Slovenščina .... Stran 150
Hrvatski.... Stranica 155
Eesti Lehekülg 160
Безбедносни напомени

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства.
Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.
Безбедносни напомени за ракување со батериите
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушки чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата će се заштити од опасно преоптоварување.
▶ Батериите полнете ги со полначи што се препорачани ислучиво од производителот. Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на батерии, се користи со други батерии, постои опасност од пожар.


Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.
He ја ставајте батеријата во батерискиот адаптер, доколку копчињата за отклучување се скршени или дефектни. Батеријата би можела да испадне за време на употребата.
▶ Потрошените батерии треба да бидат испорачани за еколошко рециклирање. За тоа, погледнете ги упатствата во поглавјата „Транспорт“ и „Отстранување на отпад“.
Опис на производот и перформансите
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Наменета употреба
Батерискиот адаптер служи за прифат на Bosch 10,8 или 12-V литиум-јонски батерии како извор на напон. Со батерискиот адаптер може истовремено да се снабди со напон максимально еден USB-уред и еден греен елемент за работна облека што може да се загрева/затопли.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на графичките страници.
(1) Батериски адаптер
(2) USB-конектор
(3) Конектор за приклучокот на грејниот елемент на работна облека што може да се загрева/затопли
(4) Батерија ^A)
(5) Копче за отворање на батеријата
(6) Држач за појас
(7) Копче за активирање на USB-приклучокот
140 | Македонски
(8) Приклучок
A) Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандартниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
A) Реалниот тек на текот на полнењето зависи од приклучениот USB-уред.
В) Реалниот тек на текот на полнењето зависи од подесувањето на работна облека што може да се загрева/затопли.
C) ограничена јачина при температури <0 °C
Техничките податоци се на испорачаната батерија.
Употреба
Ставање и вадење на батеријата (види слики A1-A2)
▶ Не употребувајте сила при ставање на батеријата. Батеријата е конструирана на тој начин што може да се вметне само во правилна позиција во батерискиот адаптер.
За ставање на батеријата (4) вметнете ја до крај во батерискиот адаптер (1). За вадење на батеријата (4) притиснете ги копчињата за отклучување (5) на батеријата и извлечете ја од батерискиот адаптер (1).
Ставете го приключокот (8) во конекторот (3) на батерискиот адаптер.
Ставете го батерискиот адаптер (1) во цебот предвиден за тоа во облеката или закачете го батерискиот адаптер со држачот (6) на Вашиот ремен.
Со помош на USB-приклучокот на батерискиот адаптер може да го продолжите времетраењето на батеријата на различните USB-уреди што користат батерии на пр. мобилни телефони или MP3-плеер. Ова исто така функционира и за време на загревањето на облеката.
▶ Проверете дали може да се полни Вашиот надворешен USB-уред со USB-приключок на батерискиот адаптер. Притоа внимавајте на информациите дадени во „Технички податоци“.
Поврзете го кабелот за полнење на Вашиот уред со USB-конекторот (2) на батерискиот адаптер (1).
Притискајте околу 3 секунди на копчето за активирање (7). Приклучениот USB-ured će се наполни.
За да се заштеди енергија, по 2 часа USB-приклучокот автоматски се деактивира. Доколку не е приключен кабел за полнење, по 30 секунди USB-приклучокот автоматски се деактивира.
Отстранување на пречки
Проблем Помош
| Грејниот елемент не се загрева. Полнење на батеријата. | |
| Правилно приключете гоприклучокот (8). | |
| На USB-приклучокот не може да сеполни надворешен USB-уред. | Полнење на батеријата. |
| Поврзете го кабелот за полнење со USB-конекторот (2) на батерискиотадаптер (1). | |
| Притискајте го копчето заактивирање (7) околу 3 секунди. | |
Bosch Power Tools 1 609 92A 53X | (25.04.2019)
142 | Македонски
Проблем Помош
Надворешниот USB-уред не може да се наполни со USB-приклучокот на батерискиот адаптер (внимавајте на информациите во „Технички податоци“).
A) Некои надворешни USB-уреди, и покрај сообразноста на техничките податоци, не може да се наполнат со овој батериски адаптер.
Одржување и сервис
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба їе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така їе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch їе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема. За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис Сава Ковачевиć 47Н, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У "РОЖКА" Јани Лукровски 66; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530
Транспорт
Litiyum-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
1 609 92A 53X | (25.04.2019) Bosch Power Tools
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европейската регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 142).