GDR 120-LI Professional - Пробивач-одвивач BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GDR 120-LI Professional BOSCH во PDF формат.
| Вид на производ | Ударна дупчалка-шрафцигер (ударен шрафцигер) |
| Марка | Бош |
| Модел | GDR 120-LI Professional |
| Напон на батеријата | 12 V (Li-Ion) |
| Капацитет на батеријата | 2.0 Ah (типично, во зависност од испорачаната батерија) |
| Држач за битови | Шестаголен 1/4" (6,35 mm) со автоматско блокирање |
| Максимален вртежен момент | 110 Nm |
| Брзина во празен од | 0 – 2600 врт/мин |
| Стапка на удар | 0 – 3100 удари/мин |
| Дијаметар на шрафови | До 10 mm (дрвени завртки) |
| Тежина | 1,0 kg (со батерија од 2,0 Ah) |
| Димензии (Д × В) | приближно 190 × 200 mm |
| Напојување | Li-Ion батерија 12 V (серија Bosch Professional) |
| Главни функции | Напред/назад, регулатор на брзина, LED осветлување, блокирање на вретеното |
| Одржување и чистење | Чистете со сува крпа; чувајте на суво место заштитено од мраз |
| Безбедност | Блокирање на вретеното (промена на бит без клуч), безбедност против повторно стартување |
| Резервни делови и поправка | Батерии, полнач и потрошни делови достапни преку сервисот на Бош |
| Општи информации | Професионален уред од серијата Bosch Professional (сина) |
Frequently Asked Questions - GDR 120-LI Professional BOSCH
Прашања на корисниците за GDR 120-LI Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Пробивач-одвивач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GDR 120-LI Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GDR 120-LI Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GDR 120-LI Professional BOSCH
mk Оригинално упатстро за работа
sr Originalno uputstvo za rad
sl Izvima navodila
hr Originalne upute za rad
Македонски...... Страница 147
Srpski ...... Strana 153
Slovenščina ....Stran 159
Hrvatski ....Stranica 165
(1) Гнездо за работен инструмент
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр.,
маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.
▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
▶ Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Ислучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова
упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврствување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
He употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
▶ Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130 °C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни напомени за одвртувачи
▶ Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за прицврстувачот да не дојде во контакт со скриена жица. Ако прицврстувачите дојдат во допир со „жица под напон“, може да ги изложат металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
▶ Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвивува оштетување.
▶ Цврсто држете го електричниот апарат. При зацврстување и одвртување на шрафови може да настанат краткотрајни високи реактивни моменти.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за навртување и олабавување на завртки, како и за затегнување и олабавување на навртки во дадените граници на димензии.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Прифат на алатот
(2) Чаура за заклучување
(3) Прекинувач за избор на брзина
(4) Држач за врвката
(5) Копче за отворање на батеријата
(6) Батерија
(7) Прекинувач за менување на правецот на вртење
(8) Прекинувач за вклучување/исклучување
(9) Светло „PowerLight“
(10) Рачка (изолирана површина на рачката)
(11) Двоен бит ^4
(12) Универзален држач за битови ^3)
(13) Бит за одвртувач ^a)
(14) Алат за вметнување (на пр. жлеб на одвртувач) ^a)
a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Батериски ударен одвртувач GDR 120-LI GDS 120-LI | |||
| Број на дел | 3 601 JF0 0.. 3 601 JF0 1.. | ||
| Номинален напон V= 12 12 | |||
| Број на вртежи во празен од ^A) | |||
| – Поставка 1 min | -1 | 0–1300 0–1300 | |
| – Поставка 2 min | -1 | 0–2600 0–2600 | |
| Број на удари ^A) | |||
| – Поставка 1 min | -1 | 0–1500 0–1500 | |
| – Поставка 2 min | -1 | 0–2700 0–2700 | |
| Макс. вртежен момент ^A) при завртување во цврсти материјали според ISO 5393 | Nm 100 105 | ||
| Машински завртки-∅ mm M4–M12 M4–M12 | |||
| Макс. завртување-∅ mm 8 8 | |||
| Прифат на алатот 1⁄4" завртка со внатрешна | шестаголна глава | ■ 3/8" | |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 kg 1,1 1,1 | |||
| Препорачана околна температура при полнење | °C | 0 ... +35 | 0 ... +35 |
| Дозволена околна температура при полнење ^B) и при складирање | °C | -20 ... +50 | -20 ... +50 |
| Препорачани акумулаторски батерии | GBA 12V ... | GBA 12V ... | |
| Препорачани полначи | GAL 12 ...GAX 18 ... | GAL 12 ...GAX 18 ... | |
A) Мерено при 20-25°C со батерија GBA 12V 2.0 Ah.
В) ограничена јачина при температури < 0 °C
Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависит од примената и условите на животната средина. Повеќе информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-2.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 92 dB(A); ниво на звучна јачина 103 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a_n (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-2:
Затегнување на завртки и навртки со максимальна дозволена големина: a_n = 9,5 m/s^2 , K = 1,5 m/s^2
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуват. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
Монтажа
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Полнење на батеријата
▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие полначи се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен алат.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот при полнењето не ї наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се испразни батеријата, електричниот алат їе се исклучи со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не се движи веќе.
По автоматското исклучување на електричниот алат, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети.
За да ја извадите батеријата (6) притиснете на копчето за отклучување (5) и извлечете ја батеријата надолу од електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Промена на алат
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
GDR 120-LI:
Ставање на алатот за вметнување (види слика В)
Извлечете ја чаурата за заклучување (2) нанапред, алатот што се вметнува ставете го до крај во прифатот за алат (1) и повторно олабавете ја чаурата за заклучување (2), за да го блокирате алатот за вметнување.
Битовите за одвртувают (13) може да ги ставите со помош на универсален држач за битови со топчест затворач (12).
Вадење на алатот за вметнување
Извлечете ја чаурата за заклучување (2) нанапред и извадете го алатот за вметнување.
▶ При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте тој да лежи цврсто во прифатот за алат. Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со прифатот за алат, може да се олабави за време на одвртувањето.
Поставете го алатот за вметнување (14) на четириаголниот прифат за алат (1).
Во зависност од системот, алатот за вметнување (14) ќе се постави на прифатот за алат со мали движења (1); ова нема влијание на функцијата/безбедноста.
Употреба
Функционалност
Прифатот за алат (1) и алатот што се вметнува се ставаат во погон со електромотор со помош на погон и ударен механизмам.
Работната постапка се дели во две фази:
Завртување и Затегнување (ударен механизмам во акција).
Ударниот механизмам се активира, штом се затегне спојот на шрафовите и така се оптоварува моторот. Притоа ударниот механизмам ја претвора силата на моторот во еднакви удари со вртење. При олабавување на шрафови и мутери, оваа постапка тече по обратен редослед.
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Прекинувачот за менување на правецот на вртење (7) поставете го на средината, за да спречите несакано вклучување. Наполнетата батерија (6) вметнете ја во рачката, додека не се вклопи и не легне рамно на рачката.
Подесување на правецот на вртење (види слика D)
Со прекинувают за менување на правецот за вртење (7) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувают за вклучување/исклучување (8) е притиснат ова не е возможно.
Вртење во десно: За навртување на завртки и прицврстување на навртки притиснете го прекинувачот за менување на правец на вртење (7) на лево до крај.
Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на завртки и навртки притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (7) на десно до крај.
Механички избор на брзини
▶ Прекинувач за избор на брзина (3) активирајте го само кога електричниот алат е во празен од.
Со прекинувачот за избор на брзини (3) може да изберете 2 брзини.
Брзина I:
Низок обем на вртежи; за завртување или работење со голем дијаметар на дупчење.
Брзина II:
Висок обем на вртежи; за работење со мал дијаметар на дупчење.
Доколку прекинувачот за менување брзини (3) не може да се навали до крај, свертете го малку погонското вратило со дупчалката.
152 | Македонски
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за включување/исклучување (8) и држете го притиснат.
Светлото (9) свети доколку прекинувачот за вклучување/ислучување (8) е половично или целосно притиснат и овозможува осветлување на работното поле при неповолни светлосни услови.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8).
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (8).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (8) се постинува мал број на вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи.
Заштита од преоптоварување во зависност од температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При големо оптоварување или надминување на дозволената температура на батеријата електрониката го ислучува електричниот алат, додека не се врати во оптималните граници на температура.
▶ Електричниот алат ставете го на навртката/завртката само доколку е ислучен. Доколку алатите што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да се превртат.
Вртежниот момент зависи од времетраењето на ударот. Максimalниот постигнат вртежен момент е резултат од збирот на сите поединечни вртежни моменти постигнати со удари. Максimalниот вртежен момент се постигнува
по времетраење на удар од 6–10 секунди. По овој период, затезниот вртежен момент се зголемува минимално.
Времетраењето на ударот треба да се одреди за секој потребен затезен вртежен момент. Постигнатиот затезен вртежен момент, треба постојано да се проверува со вртежен момент клуч.
Завртувања во цврсто лежиште, лежиште со пружина или меко лежиште
Доколку има обид да се измерат постигнатите удари во последователни удари и да се пренесат во дијаграм, їе се добие крива на текот на вртежни моменти. Висината на кривата одговара на максимальниот постигнат вртежен момент, а косината покажува кога е постигнат.
Еден вртежен момент зависи од следните фактори:
– Цврстината на завртките/навртките
– Видот на подлогата (диск, подлошка, дихтунг)
– Цврстина на материјалот што се навртува
- Подмачканост на завртките
Зависно од горенаведените фактори, постојат следниве видови на примена:
– Цврсто лежиште при навртување метал на метал со користење на подлошки. Максималниот вртежен момент се постигнува по релативно кратко време на удар (кос тек на линијата). Непотребното долго време на удари й штети на машината.
– Лежиште со пружина при навртување метал на метал, при користење на прстенести пружини, подлошки, бол Czechни или завртки/навртки со конусно лежиште, како и при користење на продолжетоци.
- Меко лежиште при навртување на пр. метал на дрво или при користење на оловни или фибер дискови како подлога.
При лежиште со пружина одн. меко лежиште максималниот вртежен момент на прицврстување е помал отколку при цврсто лежиште. Исто така е потребно значително подолго време на удари.
Референтни вредности за максимален вртежен момент за затегнување на завртките
Податоци во Nm, пресметано од просекот на затегнување; искористување на границата на еластичност 90 % (при број на триења _ak. = 0,12 ). Постигнатиот затезен вртежен момент, треба постојано да се проверува со вртежен момент клуч.
| Класи на цврстина според DIN 267 | Стандардни завртки Завртки со висока отпорност |
| 3.6 4.6 5.6 4.8 6.6 5.8 6.8 6.9 8.8 10.9 12.9 | |
| M6 2.71 3.61 4.52 4.8 5.42 6.02 7.22 8.13 9.7 13.6 16.2 | |
| M8 6.57 8.7 11 11.6 13.1 14.6 17.5 19.7 23 33 39 | |
| M10 13 17.5 22 23 26 29 35 39 47 65 78 | |
| M12 22.6 30 37.6 40 45 50 60 67 80 113 135 | |
| M14 36 48 60 65 72 79 95 107 130 180 215 | |
| M16 55 73 92 98 110 122 147 165 196 275 330 |
Совети
Пред навртување на големи, подолги завртки во цврсти материјали, претходно издупчете 2/3 од должената на завртката според внатрешниот дијаметар на навојот.
Напомена: Внимавајте, да не навлезат ситните метални делови во електричниот алат.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во граници на температура од – 20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Редовно чистете ги отворите за проветрување на вашиот електронски алат. Вентилаторот на моторот влече прав во кујиштето, а собирањето на голема количина на метална прав може да предизвика електрични опасности.
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за ўубре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европейската директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, електричните алати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на лујето поради можното присуство на опасни материи.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 153).