GAS 20 L SFC Professional - Прашка BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GAS 20 L SFC Professional BOSCH во PDF формат.
| Вид производ | Правосмукалка за вода и прашина |
| Марка | Bosch |
| Модел | GAS 20 L SFC Professional |
| Бруто капацитет на резервоарот | 19 L |
| Нето капацитет на резервоарот | 15 L |
| Нето капацитет за течности | 11,5 L |
| Волумен на кесата за прашина | 7,5 L |
| Тежина | 6,4 kg |
| Номинален напон | 220-240 V |
| Фреквенција | 50-60 Hz |
| Номинална впиена моќ | 1 200 W |
| Максимален вакуум | 202 hPa |
| Максимален проток | 31,5 l/s |
| Максимална моќ на вшмукување | 245 W |
| Активна површина на набраниот филтер | 0,28 m² |
| Класа на филтрација | L |
| Степен на заштита | IPX4 |
| Класа на заштита | I |
| Ниво на звучен притисок | 72 dB(A) |
| Чистење на филтерот | Полуавтоматско (SFC) |
| Приклучок за електричен алат | Да, со автоматско вклучување/исклучување |
| Функција одложено исклучување | 15 секунди |
| Употреба | Професионална (градилишта, работилници) |
Frequently Asked Questions - GAS 20 L SFC Professional BOSCH
Прашања на корисниците за GAS 20 L SFC Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Прашка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GAS 20 L SFC Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GAS 20 L SFC Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GAS 20 L SFC Professional BOSCH
mk Оригинално упатстро за работа
sr Originalno uputstvo za rad
s.l.IZVIMA NAVODILA
hr Originalne upute za rad
Безбедносни напомени за всисувачи

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.
▶ Овој всисувач не е предвиден за користење од страна на деца и лица со намалени психички, физички или душевни способности или недоволно искусство и знаење. Инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди.
▶ Не ги оставајте децата без надзор. Така ќе се осигурате дека децата нема да си играат со всисувачот.
▶ Не всисувајте прав настанат при обработка на буково или дабово дрво, камен или азбест. Овие материјали важат за канцерогени.
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Всисувачот користете го само доколку имате довольно информации за користењето, за
материјалот што се всисува и за негово безбедно отстранување. Деталните инструкции ја намалуваат опасности од погрешна употреба и повреди.
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Всисувачот е наменет за всисување на суви материи, а со соодветни дополнителни мерки и
за всисување на течности. Навлегувањето на течности го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Со всисувают не всисувајте запаливи или експлозивни течности, на пр. бензин, масло, алкохол, средства за растворање. Не всисувајте жешка, запалива или експлозивна прав. Не го користете всисувают во простории каде постои опасност од експлозија. Правта, пареата или течностите може да се запалат или да експлодираат.
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Конекторот користете го само за целите утврдени во упатството за употреба.
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Веднаш исключете го всисувачот, доколку почне да излегува пена или вода и
испразнете го контејнерот. Инаку всисувачот може да се оштети.
▶ ВНИМАНИЕ! Всисувачот смее да се користи и чува само во внатрешни простории. Навлегувањето на дожд и влага во горниот дел на всисувачот го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ ВНИМАНИЕ! Редовно чистете ја пловката и проверете дали е оштетена. Инаку функцијата може да се наруши.
Доколку користењето на всисувачот во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен прекинувач за диференцијална струја. Употребата на заштитен прекинувач со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар.
▶ Пред секое користење, проверете го всисувачот, кабелот и приклучокот. Не го користете всисувачот, доколку забележите оштетувања. Не го отворајте сами всисувачот и оставете го на поправка кај квалификуван стручен персонал, кој користи само оригинални резервни делови.
Оштетениот всисувач, кабел и приклучок го зголемува ризикот за електричен удар.
He го презазувајте или притискајте кабелот. Не го влечете кабелот за да го извадите приклучокот од конекторот или за движење на всисувачот.
Оштетениот кабел го зголемува ризикот за електричен удар.
▶ Извлечете го приключокот од конекторот, пред одржувањето или чистењето на всисувачот, пред регулирање на поставките на уредот, замена на деловите или тргање настрана. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на всисувачот.
▶ Погрижете се за добра проветреност на работното место.
Всисувачот смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал со оригинални резервни делови. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на всисувачот.
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Всисувачот содржи прав што е опасна по здравјето. Празнењето и одржувањето, како и вадењето
на контејнерот за собирање прав смее да се врши само од страна на стручен персонал. Потребна е соодветна заштитна опрема. Не го користете всисувачот без комплетниот и внимателно вметнат филтерски систем. Инаку го загрозувате вашето здравје.
▶ Пред користењето, проверете дали цревото за всисување е во беспрекорна состојба. При монтирањето на цревото на всисувачот, проверете да не излегува прав. Инаку може да ја вдишете правта.
▶ Не го користете всисувачот како предмет за седење. Може да го оштетите всисувачот.
▶ Внимателно користете го струјниот кабел и цревото за всисување. Внимавајте притоа да не ги доведете другите лица во опасност.
▶ Не го чистете всисувачот со директно насочен млаз вода. Навлегувањето на вода во горниот дел од всисувачот го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Приключете го всисувачот на прописно заземјена струјна мрежа. Приклучницата и продолжниот кабел мора да имаат функционален заштитен проводник.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на Вашиот всисувач. Запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите всисувачот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Всисувач од класата на всисување L според IEC/EN 60335-2-69 за всисување на суви материи од штетни прашини со гранична вредност на изложеност > 1 mg/m³

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Всисувачот содржи прав што е опасна по здравјето. Празнењето и одржувањето, како и вадењето на контејнерот за собирање прав смее да се врши само од страна на стручен персонал. Потребна е соодветна заштитна опрема. Не го користете всисувачот без комплетниот и внимателно вметнат филтерски систем. Инаку го загрозувате вашето здравје.
Опис на производот и перформансите


Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Всисувают е наменет за собирање, всисување, пренос и одделување на незапаливи суви честички прав, незапаливи течности и мешавина од вода и воздух. Всисувают технички проверен за прав и одговара на класата на всисување L. Toј е прилагоден и на високите
барања при негова комерцијална употреба на пр. во занаетчиството, индустријата и сервисните работилници. Всисувач од класата на всисување L според IEC/EN 60335-2-69 смее да се користи само за всисување на материи што се штетни по здравјето со гранична вредност на изложеност > 1 mg/m³.
Користете го всисувачот само откако ће ги проучите сите функции и може да ги примените истите без ограничувања или откако ће ги добиете потребните упатства.
Приклучницата мора да се користи само во сува средина за време на работата.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на прикажаните компоненти се однесува на приказот на всисувачот на графичката страница.
(1) Cad
(2) Прифат за цревото
(3) Конектор за електричниот алат
(4) Копче за вклучување-исклучување
(5) Рачка за носење
(6) Горен дел на всисувачот
(7) Поклопец за горниот дел на всисувачот
(8) Ротор
(9) Тркалце за промена на правецот
(10) Блокатор за тркалцето
(11) SFC-прекинувач
(12) Држач за адаптер за всисување
(13) Држач за кабел
(14) Држач за цревото за всисување
(15) Држач за млазница за фуги/заоблена млазница
(16) Држач за млазница за груби нечистотии
(17) Црево за всисување
(18) Адаптер за всисување
(20) Врекичка за отпад
(21) Цевка за всисување
(22) Млазница за груби нечистотии
(23) Млазница за фуги
(24) Копче на притискање
(25) Прифат за држачот за цревото за всисување
(26) Отвор за непотребен воздух
(27) Држач за филтерот
(28) Набран филтер
(29) Пловка
Технички податоци
Всисувач за мокро/суво всисување GAS 20 L SFC
Број на дел
3601J7B1..
Всисувач за мокро/суво всисување GAS 20 L SFC
| Номинален напон V 220–240 | ||
| Номинална јачина W 1200 | ||
| Фреквенција Hz 50–60 | ||
| Волумен на садот (бруто/нето) I 19/15 | ||
| Нето волумен (течност) I 11,5 | ||
| Волумен на ћесата за прав I 7,5 | ||
| Макс. потпритисок ^A) | ||
| – Всисувач hPa 202 | ||
| – Турбина | hPa 215 | |
| Макс. волуменски проток ^A) | ||
| – Всисувач | l/s | 31,5 |
| m ^3 /s | 0,0315 | |
| – Турбина | l/s | 62 |
| m ^3 /s | 0,062 | |
| Макс. капацитет на всисување | W 245 | |
| Површина на набраниот филтер | m ^2 0,28 | |
| Класа на прав | L | |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 | kg 6,4 | |
| Класа на заштита | +/ | |
| Вид на заштита на всисувач | IPX4 | |
| Вид на заштита на швајцарски струен приклучок | IP55 | |
A) измерено со црево за всисување ∅ 35 mm и 3 m должина
Податоциите важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависит од примената и условите на животната средина. Повеќе информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.
A) Податоци за дозволената јачина на приклучување на приключениот електричен алат (во зависност од земјата)
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 60335-2-69.
Нивото на звучниот притисок на всисувают, оценето со А, типично изнесува 72 dB(A). Несигурност K = 2 dB.
Нивото на звук при работењето може да ги надмине наведените вредности. Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a_h (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 60335-2-69: a_n < 2,5 m/s^2, K = 1,5 m/s^2 .
Монтажа
▶ Извлечете го приключокот од конекторот, пред одржувањето или чистењето на всисувачот, пред регулирање на поставките на уредот, замена на деловите или тргање настрана. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на всисувачот.
Монтирање на опремата за всисување (види слика А)
Цревото за всисување (17) е опремено со систем со стеги, со којшто може да се приклучи опремата за всисување (адаптер за всисување (18), свиткана млазница (19)).
Монтирање на млазниците и цевките
– Ставете ја свитканата млазница (19) на цревото за всисување (17), додека не слушнете да се вклопат двете копчиња на притискање (24) на цревото за всисување.
– Потоа прицврстете ја саканата опрема за всисување (млазница за груби нечистотии, млазница за фуги, цевка за всисување итн.) на заоблената млазница (19).
- За демонтирање, притиснете на двете копчиња на притискање (24) навнатре и извлечете ги деловите еден од друг.
Монтирање на адаптерот за всисување
– Ставете го адаптерот за всисување (18) на цревото за всисување (17), додека двете копчиња на притискање (24) не слушнете да се вклопат на цревото за всисување.
– За демонтирање, притиснете на двете копчиња на притискање (24) навнатре и извлечете ги деловите еден од друг.
Монтирање држач за цревото за всисување (види слика В)
– Цврсто вметнете го држачот (14) за цревото за всисување (17) во предвидениот прифат (25), додека не се вклопи.
Монтирање на црево за всисување (види слика С)
– Ставете ги цревото за всисување (17) во прифатот за црево за всисување (2).
Напомена: При всисувањето, поради триењето на правта во цревото и опремата за всисување настанува
електростатичко полнење, што корисникот го чувствува во форма на статичко празнење (во зависност од влијанијата на околината и телесната чувствителност). Во основа, Bosch препорачува антистатичко црево за всисување (опрема) при всисување на ситна прав и суви материјали.
Ставање/вадење на врекичката за отпад или кесата за прав (всисување на суви материи) (види слики D1–D2)
За всисување на суви материи можете да користите врејичка за отпад (20) или ъеса за прав (опрема) во садот (1). Со тоа се олеснува складирањето на правта.
Вметнување на вреќичката за отпад
- Отворете ги затворачите (7) и извадете го горниот дел на всисувачот (6).
- Ставете ја врекичката за отпад (20) со отворот за полнење нанапред во садот (1).
– Навлечете го отворот за полнење на приклучната прирабница до крај.
– Проверете дали врекичката за отпад (20) целосно лежи на внатрешните сидови на садот (1).
– Наместете го остатокот од вреќичката за отпад (20) над површината на садот (1).
– Вметнете го горниот дел на всисувают (6) и затворете ги затворачите (7).
Извадете ја врејичката за отпад и затворете
- Отворете ги затворачите (7) и извадете го горниот дел на всисувачот (6).
– Извлечете ја полната вреќичка за отпад (20) од приклучната прирабница наназад.
– Внимателно извадете ја врејичката за отпад (20) од садот (1) без да ја оштетите. Внимавајте на тоа, врејичката за отпад да не стрчи на прилучната прирабница или на другите остри предмети.
– Прикачете ја вреќичката за отпад (20) под отворот за полнење.
Менување/вметнување на кесата за прав (опрема)
– Отворете ги затворачите (7) и извадете го горниот дел на всисувачот (6).
– Извлечете ја полната єеса за прав наназад од прилучната прирабница. Затворете го отворот на єесата за прав со затворање на капакот. Извадете ја затворената єеса за прав од садот (1).
– Наместете ја новата єеса за прав на прилучната прирабница на всисувачот. Проверете дали єесата за прав по целата должна налегнува на внатрешниот сид од садот (1).
- Вметнете го горниот дел на всисувачот (6) и затворете ги затворачите (7).
Употреба
▶ Извлечете го приклучокот од конекторот, пред одржувањето или чистењето на всисувачот, пред регулирање на поставките на уредот, замена на деловите или тргање настрана. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на всисувачот.
Кога ракувате со всисувачот, проверете дали се блокирани тркалцата (9) со сопирачките за тркалца (10), за да се заштити всисувачот од ненамерно тркалање. Пред да работите, тестирајте го функционирањето на тркалата (8) и тркалцата (9) на соодветна површина.
Ставање во употреба
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на всисувачот. Всисувачите означени со 230 V исто така може да се користат и на 220 V. ▶ Информирајте се за важечките одредби/закони во Вашата земја во однос на постапувањето со честички прав што се штетни по здравјето.
Всисувачот може да се користи за всисување и издувување на следните материјали:
– Прав со гранична вредност на изложеност > 1 mg/m ^3 Во основа, всисувачот не смее да се користи во простории каде постои опасност од експлозија.
За да се загарантира оптимален капацитет на всисување мора секогаш целосно да го одвиткувате цревото за всисување (17) од горниот дел на всисувачот (6).
Всисување на суви материјали
Вшмукување на наталожена прав
- Завклучување на всисувачот притиснете го копчето за вклучување-исклучување (4).
- За исклучување на всисувачот, одново притиснете го копчето за вклучување-исклучување (4).
Всисување на правта што се создава додека работат електричните алати (види слика E)
▶ Мора да постои доволен степен на проток на воздух (L) во просторот, бидејки издувниот воздух се враćа во просторијата. Внимавајте на односните прописи во земјата.
Во всисувают има вградено шуко приклучница (3). Таму може да приklучите надворешен електричен апарат. Внимавајте на максимально дозволената приклучна мој на електричниот алат што се приклучува.
- Монтирајте го адаптерот за всисување (18). - Вметнете го адаптерот за всисување (18) во млазниците за всисување на електричниот алат.
Напомена: при работење со електрични алати, чијшто довод на воздух до цревото за всисување е мал (на пр. убодни пили, брусилки итн.), мора да се отвори отворот за непотребен воздух (26) на адаптерот за всисување (18). Само на тој начин полуавтоматското
чистење на филтерот (SFC) може да работи без проблем. Притоа, свртете го прстенот над отворот за непотребен воздух (26) додека не се појави максимален отвор.
- За ставање во употреба на старт/стоп автоматиката на всисувают кратко притиснете го копчето за вклучување/исклучување (4).
- За ставање во употреба на всисувают приключете го приключениот електричен алат на приклучницата (3). Всисувают автоматски почува со работа.
- Исключете го електричниот алат, за всисувањето да заврши.
Функцијата за продолжен тек на старт/стоп автоматиката продолжува да работи уште 15 секунди, за да ја всиса останатата прав од цревото за всисување.
- За да го исклучите всисувачот, притиснете го копчето за вклучување/исклучување (4).
Всисување на влажни материи
▶ Со всисувают не всисувајте запаливи или експлозивни течности, на пр. бензин, масло, алкохол, средства за растворање. Не всисувајте жешка, запалива или експлозивна прав. Не го користете всисувают во простории каде постои опасност од експлозија. Правта, пареата или течностите може да се запалат или да експлодираат.
▶ Всисувачот не смее да се користи како водена пумпа. Всисувачот е наменет за всисување на мешавини од воздух и вода.
Работни чекори пред всисување на влажни материи
- Отворете ги затворачите (7) и извадете го горниот дел на всисувачот (6).
– По потреба отстранете ја врекичката за отпад (20) или кесата за прав. - По потреба испразнете го садот (1).
– Вметнете го горниот дел на всисувачот (6) и затворете ги затворачите (7).
Всисување на течности
Всисувают е опремен со пловка. Откако ће се постигне максимальната висина на полнење, всисувањето ће се прекине.
- Исключете го всисувачот.
- Испразнете го садот (1).
За да се избегне создавање на мувла по всисување на влажни материи: - Извадете го горниот дел на всисувачот (6), извадете го набраниот филтер (28) и оставете сè добро да се исуши.
Подоцна, откако јачината на всисување ќе се намали, филтерот мора да се исчисти.
Колку често треба да се чисти филтерот зависи од видот и количината на правта. Со редовна употреба, максимальниот капацитет подолго се задржува.
При полуавтоматското чистење на филтерот (SFC) со промена на струењето на воздухот їе се исчисти насобраната прашина од ламелите на филтерот.
Доколку набраниот филтер е извалкан на површината, тој сепак е целосно функционален. Рачно чистење на набраниот филтер со тропање или издувување не е потребно и може да го исчисти филтерот.
Активирање на SFC-чистење на филтерот
- Со дланката затворете го отворот на млазниците или цревото за всисување.
– Притиснете 3 пати на SFC-прекинувачот (11).
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Извлечете го приклучокот од конекторот, пред одржувањето или чистењето на всисувачот, пред регулирање на поставките на уредот, замена на деловите или тргање настрана. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на всисувачот.
▶ Одржувајте ја чистотата на всисувачот и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
▶ При сервис и чистење на всисувачот користете маска за заштита од прав.
Доколку є потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.
За одржување од страна на корисникот, всисувачот мора да се демонтира, да се исчисти и одржува, доколку е изводливо, без да предизвика опасност за персоналот кој го одржува и другите лица. Пред демонтажата, всисувачот треба да се исчисти за да се избегнат евентуалните опасности. Просторијата во која їе се демонтира всисувачот, мора да биде добро проветрена. За време на одржувањето носете лична заштитна опрема. По одржувањето, исчистете го просторот каде сте работе.
Најмалку еднаш годишно потребно е да се изврши техничка проверка од страна на производителот или овластен сервисер, на пр. да се проверат оштетувања на филтерот, дали всисувачот добро дихтува и функцијата на уредот за контрола.
Кај всисувачите од класата L, што се користеле во нечиста околина, треба да се исчисти надворешноста како и сите машински делови или да се третира со средство за дихтување. Пред да извршите какви било поправки, сите извалкани делови што не може довольно да се исчистат, мора да се отстранат. Ваквите делови мора да се отстранат во непропустливи їеси во
согласност со важечките одредби за отстранување на ваков отпад.
– Повремено исчистете го ку́киштето на всисувачот со влажна крпа.
Чистење на садот
- Избришете го садот (1) одвреме-навреме со вообичаено неабразивно средство за чистење и оставете го да се исуши.
Чистење на филтерот
Редовното празнење на садот за прав и чистењето на филтерот гарантираат оптимален перформанс на всисување. Доколку и понатаму не може да се постигне истата јачина на всисување, однесете го всисувачот во сервисната служба.
Веднаш заменете го оштетениот набран филтер.
- Отворете ги затворачите (7) и извадете го горниот дел на всисувачот (6).
- Свртете го држачот за филтер (27) до крај во правецот на вртење физвадете го држачот за филтер заедно со набраниот филтер (28) од горниот дел на всисувачот (6).
– Извлечете го извалканиот/оштетениот набран филтер (28) од држачот за филтер (27).
– Исчеткајте ги ламелите на набраниот филтер (28) со мека четка. или Заменете го оштетениот набран филтер (28). - Ставете го држачот за филтер (27) во на исчистениот/нов набран филтер (28).
– Свртете го држачот за филтер (27) заедно со набраниот филтер (28) во горниот дел на всисувачот и свртете го држачот за филтер (27) до крај во правецот на вртење
– Вметнете го горниот дел на всисувачот (6) и затворете ги затворачите (7).
Повремено исчистете ја пловката (29).
– Отворете ги затворачите (7) и извадете го горниот дел на всисувачот (6).
– Извадете го држачот за филтер (27) заедно со набраниот филтер (28) од горниот дел на всисувачот (6).
– Извлечете го набраниот филтер (28) од држачот за филтер (27).
– Измијте ја пловката (29) со вода.
– Повторно вметнете го држачот за филтер (27) со набраниот филтер (28) во горниот дел на всисувачот (6).
– Вметнете го горниот дел на всисувают (6) и затворете ги затворачите (7).
– Испразнете го и исчистете го садот (1). За да избегнете создавање мувла, погрижете се набраниот филтер (28) и внатрешниот дел на всисувачот да бидат суви.
– Завиткајте го струјниот кабел околу држачот за кабел (13).
– Ставете ја опремата во држачите предвидени за тоа: адаптерот за всисување (18) во држачот (12), млазницата за фуги (23) во држачот (15), млазницата за груби нечистотии (22) во држачот (16).
– Вметнете го цревото за всисување (17) на горниот дел за всисување во држачот (14).
– Носете го всисувачот само за рачката за носење (5).
– Складирајте го всисувачот во сува просторија и заштитете го од неовластено користење.
– За да ги фиксирате тркалцата (9) притиснете ја кочницата на тркалцата (10).
Отстранување на пречки
▶ Ако се појави дефект (на пр. скршен филтер), всисувачот за прав мора веднаш да се исклучи.
Пред ново стартување мора да се отстрани дефектот.
Проблем Помош
| Турбината за всисување не работи. – Проверете ги струјниот кабел, приклучокот за струја, осигурувачет,приклучницата и пловката (29). | |
| – Кратко притиснете на копчето за вклучување/исклучување (4) одн. включетего електричниот уред (3) приключен на приклучницата. | |
| Турбината за всисување сеисклучува. | – Испразнете го садот (1). |
| Турбината за всисување повторноне работи и по празнењето на садот. | – Исклучете го всисувачет и почекајте 5 секунди, по 5 секунди повторновключете. |
| – Исчистете ја пловката (29). | |
| Се губи силата на всисување. – Отстранете ја блокадата од млазницата за всисување, цевката завсисување (21), цревото за всисување (17) или набраниот филтер (28). | |
154 | Srpski
Проблем Помош
| – Заменете ја вреќичка за отпад (20) или ćесата за прав. | |
| – Правилно поставете го горниот дел на всисувачот (6) и затворете ги капачињата (7). | |
| – Заменете го набраниот филтер (28). | |
| Излегува прав при всисувањето | – Проверете го правилното вградување на набраниот филтер (28). |
| – Заменете го набраниот филтер (28). | |
| Автоматиката на ислучување(всисување на влажни материи) не реагира. | – Исчистете ја пловката (29). |
| Кај електрични неспроводливи течности или при создавање на пена не функционира автоматиката на ислучување.– Постојано контролирајте на состојбата на наполнетост. |
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Всисувают, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не го фрлајте всисувачот во домашната канта за отпадоци!
Само за земјите од ЕУ:
Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски уреди и нивна национална употреба, всисувачите што се вон употреба мора
одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на лућето поради можното присуство на опасни материи.
Srpski
Sigurnosne napomene za usisivač

Pročitajte sva upozorenja i uputstva.
Propusti u poštovanju napomena za sigurnost i uputstava mogu da prouzrokuju električni udar, požar i/ili teške povrede.
Čuvajte sva upozorenja i uputstva za budućnost.
Ovaj usisivač nije predviđen za to da ga koriste deca i lica sa ograničenim fizičkim, senzornim ili mentalnim sposobnostima ili nedostatkom iskustva i znanja. U suprotnom postoji opasnost od pogrešnog rukovanja i povreda.