BOSCH UniversalTacker 18V-14 - Батерија

UniversalTacker 18V-14 - Батерија BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот UniversalTacker 18V-14 BOSCH во PDF формат.

📄 203 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH UniversalTacker 18V-14 - page 146
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за UniversalTacker 18V-14 BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Батерија во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник UniversalTacker 18V-14 - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. UniversalTacker 18V-14 на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК UniversalTacker 18V-14 BOSCH

mk Оригинално упатстро за работа

sr Originalno uputstvo za rad

s.l.izirma navodila

hr Originalne upute za rad

Македонски.... Страница 146

Srpski ...... Strana 152

Slovenščina ....Stran 158

Hrvatski ....Stranica 164

Безбедносни напомени

Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со

овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор

Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.

Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.

Лична безбедност

▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ће доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
▶ Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот

или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.

▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

Употреба и чување на електричните алати

He го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
▶ Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно

ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.

Употреба и чување на батериски алат

▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
He употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
He го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.

Сервисирање

▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.

Безбедносни предупредувања за хефталка

Имајте предвид дека алатот секогаш содржи спојници. Невнимателното ракување со хефталката може да доведе до неочекувано испуштање на спојниците и до повреда.
▶ Не насочувајте го алатот кон вас или кон некој друг во просторијата. Неочекуваното вклучување може да ги испушти спојниците и да доведе до повреда.

▶ Не го вклучувајте алатот доколку не е цврсто поставен на работната површина. Доколку алатот не е прицврстен на работната површина, спојницата нема да достигне до делот што се обработува.
▶ Исключете го алатот од струја доколку има заглавена спојница во него. При отстранување на заглавената спојница, хефталката може ненадејно да се вклучи доколку не е ислучена од струја.
▶ Бидете внимателни при отстранување на заглавена спојница. Механизмот може да биде под притисок, а заглавената спојница може силно да се испушти кога се обидувате да ја одглавите.
He ја користете оваа хефталка за поврзување на електрични кабли. Не е наменета за електрична инсталација, и може да ја оштети изолацијата на електричните кабли и да доведе до струен удар или пожар.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвивува оштетување.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.

BOSCH UniversalTacker 18V-14 - Безбедносни предупредувања за хефталка - 1

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.

Опис на производот и перформансите

BOSCH UniversalTacker 18V-14 - Опис на производот и перформансите - 1

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Употреба со соодветна намена

Електричниот алат е наменет за хефтање на материјали, кожа, картон, фолии, изолационен материјал и сличен материјал на мека подлога, на пр. дрво или материјал сличен на дрво. Електричниот алат не е наменет за зацврстување на сидни и тавански облоги.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.

(1) Клун за хефтање
(2) Чкрапало
(3) Ознака за претходно подесување на јачината на удар
(4) Вртливо копче за претходно подесување на јачината на удар
(5) Рачка (изолирана површина на рачката)
(6) Батерија
(7) Приказ за наполнетост на батеријата
(8) Механизам за отклучување на муницијата
(9) Магацин

(11) Приказ за дополнување/отвор за хефталка за хартија

(12) Излезни хефт иглички/клинец

(13) Хефталка за хартија/разделник ^a)

(14) Ленти со хефт иглички ^a)

(15) Ленти со клинци ^a)

a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.

A) во зависност од употребената батерија
В) ограничена јачина при температури < 0 °C
C) Следните полначи не се компатибилни со РВА батерија: AL 1814 CV, AL 1820 CV, AL 1860 CV
Технички податоци

Батериска пневматска хефталкаUniversalTacker 18V-14
Број на дел3 603 BA7 0..
Број на удари min ^-1 30
Муниципја
Ленти со хефт иглички Тип 53
– Ширина mm 11,4
– Должина mm 6–14
Ленти со клинци Тип 48
– Должина mm 14
Макс. капацитет на зафатување140
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 ^4) kg 1,8 (1,5 Ah)–2,1 (6,0 Ah)
Батериска пневматска хефталкаUniversalTacker 18V-14
Дозволена околна температура
– При полнење °C 0 ... +35
– При работењеB) и при складирање°C -20 ... +50
Препорачани акумулаторски батерииPBA 18V...W-.
Препорачани полначиC)AL 18...

Информации за бучава/вибрации

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 60745-2-16.

Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 84 dB(A); ниво на звучна јачина 95 dB(A). Несигурност K = 3 dB.

Носете заштита за слухот!

Вкупните вредности на вибрации a_h (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 60745-2-16:

$$ a _ {n} < 2, 8 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}, K = 1, 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}. $$

Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка за мерење и може да се користи за меѓусебна споредба на електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.

Наведеното ниво на вибрации е за главната примена на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.

За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе предвид и периодот во кој уредот е исключен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните алати и алатите за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата.

Батерија

Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето.

Полнење на батеријата

▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.

Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.

Ставање на батеријата

Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи.

Вадење на батеријата

За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.

Приказ за наполнетост на батеријата

Приказот за наполнетост на батеријата при включен електричен алат неколку секунди го сигнализира расположливиот батериски капацитет или преоптоварување.

Приказот за наполнетост на акумулаторската батеријата при напола или целосно притиснат прекинувач за вклучување/исклучување ја прикажува состојбата за наполнетост на батеријата.

бавно трепкање на светлото 1 × зелено 0–15 %

Доколку приказот за наполнетост на акумулаторската батерија трепка црвено, електричниот алат е преоптоварен.

3-те LED-светилки на приказот за наполнетост брзо трепкаат, доколку температурата на акумулаторската батерија е надвор од границите на работна температура и/или реагира заштитата од преоптоварување.

Напомени за оптимално користење на батериите

Заштитете ја батеријата од влага и вода.

Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.

Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени. Внимавајте на напомените за отстранување.

Монтажа

▶ Користете само оригинална Bosch-опрема.

Прецизните делови на пневматската хефталка како магацинот, делот за туркање и каналот за пукање се прилагодени на хефт-игличките и клинците на Bosch. Другите производители употребуваат друг квалитет на челик и димензии.

На контролното прозорче на приказот за дополнување (11) проверете дали има уште хефт иглички или клинци.

  • Свртете го електричниот алат.
    – Притиснете го механизмот за отлучување на муницијата (8) и извлечете го магацинот (9) наназад.
    – Вметнете ги лентите со хефт иглички (14) одн. лентите со клинци (15).

При ставањето на лентите со клинци (15) легнете ја пневматската хефталка на косо, за да може да легнат клинците на страничниот сид. Внимавајте на ознаката.

- Ставете го магацинот (9) назад додека не се вклопи.

▶ При отворањето, полнењето и затворањето на магацинот не употребувајте сила.

Употреба

Ставање во употреба

Блокадата на чкрапалото што е поврзано со подвижниот клун за хефтање (1) го спречува ненамерното испкување доколку ненамерно се притисне чкрапалото (2).

Вклучување/исклучување (поединечно активирање)

– Поставете го цврсто клунот за хефтање (1) најпрво на делот што се обработува, додека не се притисне целосно.
– Насочете го право притисокот и притиснете на чкрапалото (2).
– Откако єе ги искористите сите хефт иглички, отпуштете го чкрапалото (2) и подигнете го клунот за хефтање (1) од делот што се обработува.

Вклучување/исклучување (контактно активирање)

– За брзо работење може да го држите чкрапалото (2) притиснато. Притиснете го цврсто клунот за хефтање (1) на делот што се обработува, додека не се активира испукувањето. Поставете ја пневматската хефталка на следното место и одново притиснете го цврсто клунот за хефтање (1) на делот што се обработува.

Претходно бирање на јачината на удар

Напомена: Најпрво испробајте ја поставената ударна сила на еден остаток од материјал. Оптималната поставка на ударната сила мое да се утврди дури по практичен обид.

Податоците во приложената табела се препорачани вредности.

Со вртливото копче (4) за претходно подесување на јачината на удар може претходно да ја изберете јачината на удари по степени.

Внимавајте на ознаката (3) за претходно подесување на јачината на удар на електричниот алат.

Потребната јачина на удари зависи од должената на хефт игличките одн. клинците и цврстината на материјалот.

Поле за подесување на тркалцето за подесување

BOSCH UniversalTacker 18V-14 - Поле за подесување на тркалцето за подесување - 1

text_image 6 8 10 12 14 mm 14 mm

Подлога

Совети при работењето

▶ Co овој електричен алат може да работите со 19 mm хефт иглици. Затоа не го користете електричниот алат за зацврстување на тавански облоги со стеги за дрвени профили или фуги.

Избегнете испукување во празно, за да избегнете изабување на втиснувачот.

По завршување на работите поставете ја ударната сила на тркалцето за подесување со претходно избирање на ударната сила (4) на пониска вредност, за да ја ослободите затезната пружина.

Внимателно поставувајте го клунот за хефтање (1).

Меките делови за обработка (на пр. борово дрво) може да се оштетат доколку се употреби преголем притисок.

Електричниот алат е дизајниран за краткотраен режим со максимально време на работа од 10 минути при постојано оптоварување. Се загрева при континуирано работење.

Затоплувањето ја намалува јачината на апаратот.

Исклучете го електричниот алат по максимум 10 минути работа и оставете го да се излади.

Отстранување на заглавените хефт-иглички

▶ Отстранете ја батеријата од електричниот алат пред да извршите каква било работа на електричниот алат.

  • Свртете го електричниот алат.
    – Притиснете го механизмот за отклучување на муницијата (8) и извлечете го магацинот (9) наназад.
  • Отстранете ги заглавените хефт-иглички. По потреба употребете клешти.
    – Ставете го магацинот (9) назад додека не се вклопи.

▶ Редовно полнете го магацинот. Краткиот сет хефт-иглички може да биде причина за заглавување на хефт-игличките.

Додатоци за хефтање хартија и пневматско хефтање со рамномерно растојание

Со користење на специјалната опрема, електричниот алат може да се користи за хефтање хартија и за пневматско хефтање на рамномерно растојание од работ на материјалот. Опремата е наменета само

3a UniversalTacker 18V-14.

  • Со хефталката за хартија (13) може да захефтате до 80 листови.
    – Со разделникот (13) можете да поставите рамномерно растојание на муницијата од 1 см до 11 см од работ на материјалот во шест чекори.

Напомена: За полнење на магацинот (9) хефталката за хартија/разделникот мора да се демонтира (13) од електричниот алат.

Напомена: Хефт-иглиците на пневматската хефталка се постабилни отколку вообичаените комерцијални хефт-иглици за хефталки и поради тоа може тешко да се отстранат од хартијата.

Препорачанадолжина на хефтигличкитеБрој на листови(Хартија 80 g/m2)

6 mm 2-20

8 mm 10-40

10 mm 20-60

12 mm 30-80

– Поставете ја јачината на удар на највисоко ниво.
- Ставете го внатре соодветниот сет на хефт иглици (14).
– Притиснете ги едно по друго клуновите на хефталката за хартија/разделникот (13) во отворите за хефталката за хартија (11) на електричниот алат. Имајте предвид дека само отворот 1 е погоден за хефтање хартија.
- Ставете го купот хартија во хефталката за хартија/разделникот (13) и позиционирајте го клунот за хефтање над хартијата на местото каде треба да се хефта.
– Цврсто притиснете го надолу електричниот алат, додека клунот за хефтање (1) целосно не се притисне.
– Насочете го право притисокот и притиснете на чкрапалото (2).
– Откако ће ги искористите сите хефт иглици, отпуштете го чкрапалото (2) и подигнете го клунот за хефтање (1) од купот хартија.

Пневматско хефтање со рамномерно растојание до работ на материјалот (види слики C1-C2)

Напомена: Разделникот (13) за пневматското хефтање со рамномерно растојание мора да се притисне во отворите (10) на електричниот алат.

Отвори 2-7 (10) Растојание

Отвор 2 1 cm
Отвор 3 3 cm
Отвор 4 5 cm
Отвор 5 7 cm
Отвор 6 9 cm
Отвор 7 11 cm
  • Ставете го внатре соодветниот сет на хефт иглички (14) или ленти со клинци (15).
    – Притиснете ги едно по друго клуновите на хефталката за хартија/разделникот (13) во еден отвор (10) на електричниот алат, што обезбедува соодветно растојание до работ на материјалот. Имајте предвиддека отворот 1 не е погоден за пневматско хефтање со рамномерно растојание.
    – Притиснете ја флексибилната долна страна на хефталката за хартија/разделникот (13) во правецот на електричниот алат, додека не се фиксира.
  • Водете го електричниот алат рамно над делот што се обработува, додека работ на делот што се обработува не лежи на предниот раб на хефталката за хартија/разделникот (13).
    – Цврсто притиснете го надолу електричниот алат, додека клунот за хефтање (1) целосно не се притисне.
    – Насочете го право притисокот и притиснете на чкрапалото (2).
    – Откако целосно ће ги искористите сите хефт иглички/клини, отпуштете го чкрапалото (2) и поместете го клунот за хефтање (1) по работ на делот што се обработува.
  • Ставете ја следната хефт игличка или следниот клинец.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба їе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и

152 | Srpski

информации за резервните делови исто така їе најдете на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:

Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.

При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.

Транспортирајте ги батериите само доколку кукиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.

Отстранување

BOSCH UniversalTacker 18V-14 - Отстранување - 1

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH UniversalTacker 18V-14 - Отстранување - 2

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!

Само за земјите од ЕУ:

Според европската директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, електричните алати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.

Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на лујето поради можното присуство на опасни материи.

Батерии:

Литиум-јонски:

Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 152).

Srpski

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : UniversalTacker 18V-14

Категорија : Батерија