BOSCH UniversalSander 18V-10 - Батерија

UniversalSander 18V-10 - Батерија BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот UniversalSander 18V-10 BOSCH во PDF формат.

📄 221 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH UniversalSander 18V-10 - page 158
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за UniversalSander 18V-10 BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Батерија во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник UniversalSander 18V-10 - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. UniversalSander 18V-10 на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК UniversalSander 18V-10 BOSCH

mk Оригинално упатстро за работа

sr Originalno uputstvo za rad

sl Izvima navpdila

hr Originalne upute za rad

Безбедносни напомени

Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со

овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор

Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.

▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.

Лична безбедност

▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.
▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.

He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

Употреба и чување на електричните алати

He го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Ислучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.

Употреба и чување на батериски алат

▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.

▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
He употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
He го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.

Сервисирање

▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.

Безбедносни напомени за брусилки

▶ Користете го електричниот алат само за суво брусење. Навлегувањето на вода во електричниот алат го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Внимание опасност од пожар! Избегнувајте прегревање на парчето што се бруси и брусилката. Пред да направите пауза во работата, секогаш испразнете го резервоарот за прав. Правта од брусењето во торбата за прав, микро честичките, хартиената кеса (или филтер-кесата одн. филтерот на вшмукувачот за прав) може да се запали при неповолни услови, како на пр. летање на искри при брусење на метали. Особена опасност постои, доколку правта од брусењето се измеша со остатоци од лак, полиуретан или други хемиски материјали и доколку

парчето што се бруси се вжешти по долготрајна работа.

▶ Редовно чистете ги отворите за проветрување на вашиот електронски алат. Вентилаторот на моторот влече прав во кујиштето, а собирањето на голема количина на метална прав може да предизвика електрични опасности.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
▶ Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.

BOSCH UniversalSander 18V-10 - Безбедносни напомени за брусилки - 1

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.

Опис на производот и перформансите

BOSCH UniversalSander 18V-10 - Опис на производот и перформансите - 1

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Употреба со соодветна намена

Електричниот алат е наменет за суво брусење и полирање на дрво, пластика, метал, шпахтел маса како и лакирани површини. Особено е наменет за профили, агли или тешко достатни места.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.

(1) Вртливо копче за претходно бирање на бројот на осцилации
(2) Прекинувач за включување/исклучување
(3) Копче за отклучување на батерија ^a)
(4) Батерија ^a)
(5) Приказ за наполнетост на батеријата
(6) Филтер (микро-фильтер систем)
(7) Комплет кутија за прав (микро-филтер систем)
(8) Отвори за вентилација
(9) SDS-лизгач за вадење на брусната плоча
(10) Брусна плоча, напред
(11) Брусна плоча, позади
(12) Брусна плоча, правоаголна
(13) Рачка (изолирана површина на рачката)
(14) Млазници за издувување
(15) Црево за издувни гасови ^a)
(16) Адаптер за всисување ^a)
(17) Сечило за пила ^a)
(18) Додаток за брусење ламели ^a)
(19) Брусно сечило за брусното јазиче ^a)
(20) Брусно јазиче, рамно ^a)
(21) Брусно јазиче, овално ^a)
a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.

A) мерено при 20–25 °C со батерија PBA 18V 6.0Ah.
В) во зависност од употребената батерија
C) ограничена јачина при температури < 0 °C
D) Следните полначи не се компатибилни со РВА батерија: AL 1814 CV, AL 1820 CV, AL 1860 CV
Технички податоци

Батерискамултифункционална брусилкаUniversalSander18V-10
Број на дел3 603 CE3 1..
Номинален напон V= 18
Претходен избор на бројот на осцилации
Број на вртежи во празен од ^A) min ^-1 5500–11000
Број на осцилации во празен од ^A) min ^-1 11000–22000
Површина на брусното сечилоcm ^2 104
Површина на правоаголното брусно сечилоcm ^2 164
Дијаметар на осцилаторниот кругmm 1,6
Тежина согласноEPTA-Procedure 01:2014 ^B) kg 1,3 (2,5 Ah) –1,7 (6,0 Ah)
БатерискамултифункционалнабрусилкаUniversalSander18V-10
Препорачана околнатемпература при полнење°C 0 ... +35
Дозволена околнатемпература приработење ^c) и прискладирање°C -5 ... +50
Препорачаниакумулаторски батерииPBA 18V...W-.
Препорачани полначи ^D) AL 18...

Информации за бучава/вибрации

Вредностите за емисија на бучавасе одредуваатсогласно EN 62841-2-4.Нивото на звук на електричниоталат оценето со А типичноизнесува:
Ниво на звучен притисок dB(A)80 80
Ниво на звучна јачина dB(A)88 88
Несигурност К dB3
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации ah(векторски збир на три насоки) инесигурност К дадени се всосгласност со EN 62841-2-4:
ahm/s27,0 8,0
K m/s21,5

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.

Батерија

Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето.

Полнење на батеријата

▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.

Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.

Ставање на батеријата

Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи.

Вадење на батеријата

За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.

Приказ за наполнетост на батеријата

Приказот за наполнетост на батеријата при включен електричен алат неколку секунди го сигнализира расположливиот батериски капацитет или преоптоварување.

Приказот за наполнетост на акумулаторската батеријата при включен електричен алат го сигнализира расположливиот батериски капацитет или преоптоварувањето.

Трајно светло 3 × зелено 75–100 %
Трајно светло 2 × зелено 40–75 %
Трајно светло 1 × зелено 15–40 %
бавно трепкање на светлото 1 × зелено 0–15 %

3-те LED-светилки на приказот за наполнетост брзо трепкаат, доколку температурата на акумулаторската батерија е надвор од границите на работна температура и/или реагира заштитата од преоптоварување.

Напомени за оптимално користење на батериите

Заштитете ја батеријата од влага и вода.

Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.

Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата є потрошена и мора да се замени. Внимавајте на напомените за отстранување.

Монтажа

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

Вшмукување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.

Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

▶ Избегнувајте собирање прав на работното место.

Правта лесно може да се запали.

Сопствено всисување со кутија за прав (види слики A1–A4)

Ставете ја кутијата за прав (7) на млазниците за издувување (14).

Нивото на наполнетост на кутијата за прав (7) може лесно да се контролира преку транспарентниот резервоар. За да ја испразните кутијата за прав (7) извлечете ја со лесно вртење наназад.

Одвртете го елементот за филтер (6) од кутијата за прав (7). Испразнете ја кутијата за прав.

Лесно тропнете со филтерот (6) на цврста подлога, за да падне правта. Исчистете ги ламелите на филтерот (6) со мека четка.

Напомена: За да овозможите оптимално всисување на прав, редовно празнете ја кутијата за прав (7) и редовно чистете го филтерот (6).

При работа на вертикални површини, држете го електричниот алат така што кутијата за прав (7) ке покажува надолу.

Надворешно всисување (види слика В)

Вметнете го адаптерот за всисување (16) (опрема) на црево за всисување (15) (опрема), така што ће се слушне кога ће се вклопи. Поврзете го адаптерот за всисување (16) со млазниците за всисување (14) на електричниот алат и цревото за всисување (15) со всисувач (опрема).

Прегледот за прилучување на различните видови на всисувачи за прашина їе го најдете на крајот од ова упатство.

Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.

При всисување на честички прав кои се особено опасни по здравје, канцерогени или суви, користете специјален всисувач.

Пред да ставите нов брусен лист, отстранете ги нечистотијата и правта од брусната плоча, на пр. со четкичка.

За овозможување на оптимално всисување на прав, внимавајте на тоа, отворите на брусниот лист да одговараат со отворите на брусната плоча.

Брусната плоча е опремена со леплива лента, така што брусните листови со леплива лента може брзо и едноставно да се прицврстат.

Истресете ја леплива лента од брусната плоча пред да ја наместите на брусниот лист, за да овозможите добро слепување.

Брусниот лист (17) ставете го рамно со едната страна од брусната плоча, потоа поставете го брусниот лист на брусната плоча и притиснете го добро.

За вадење на брусниот лист (17) фатете го за врвот и извлечете го од брусната плоча.

Опремата за брусење како крпи/филц за полирање не се зацврстува на истиот начин на брусната плоча.

Електричниот алат има 2 брусни листа, кои може поединечно да се менуваат во зависност од истрошеноста.

▶ Користете го електричниот алат само доколку се монтирани двата брусни листа.

▶ Користете брусни листови со иста гранулација.

Правоаголна брусна плоча

▶ Користете го електричниот алат само доколку е монтиран брусниот лист.

Во согласност со материјалот што се обработува и обемот на стругање, на располагање ви се различни брусни листови:

Примена Гранулација

За обработка на сите материјали, како на пр. 40-180 дрво, боја, филер, лак, цврсто и меко дрво, како и иверки и метал
За претходно брусење, на пр. за груби нерендани греди и даскигрубо 40
За рамно брусење и израмнување на мали нерамнинисредно 80, 120
За завршно и фино брусење на цврсти дрвафино 180

За завршни работи одн. полирање особено на метал и камен, користете волнен филц/филц за полирање. Во зависност од квалитетот на површината на делот што се обработува, користете различни видови волнени филцови одн. филцови за полирање.

Вадење на дводелната брусна плоча (види слика D)

① Притиснете го SDS-лизгачот за ослободување на брусна плоча (9) до крај во десно.
② Извадете ја брусната плоча (10).
③ Извлечете ја задната брусна плоча (11) за жлебовите за држење надолу и потоа наназад.
Доколку на пр. е истрошен преден врв на брусниот лист, може да се извади целата брусна плоча, да се заврти за 120° и потоа повторно да се стави.

Вметнување на дводелната брусна плоча (види слика E)

① Најпрво поставете ја задната брусна плоча (11) со запците за вклопување во отворите на прифатот на бруслната плоча. Притиснете ја бруслната плоча (11) на прифатот додека не слушнете да се вклопи.
② Поставете ја предната брусна плоча (10).
⑧ За фиксирање на брусната плоча притиснете го SDS-лизгачот за ослободување на брусна плоча (9) до крај во лево.

Вметнување на правоаголната брусна плоча (види слики F-G)

① Поставете ја брусната плоча (12) со запците за вклопување во отворите на прифатот на брусната плоча. Притиснете ја брусната плоча (12) на прифатот за брусна плоча додека не слушнете да се вклопи.
② За фиксирање на брусната плоча притиснете го SDS-лизгачот за ослободување на брусна плоча (9) до крај во лево.

③ Сега со притискање на задниот десен и лев дел на правоаголната плоча проверете дали брусната плоча е добро вклопена во задниот дел.

Вадење на правоаголната брусна плоча

① Притиснете го SDS-лизгачот за ослободување на брусна плоча (9) до крај во десно.
② Извадете ја правоаголната брусна плоча (12).

Испорачаната брусна плоча (10) може да ја замените со специјална брусна плоча која е дел од опремата.

Монтажата на специјалната брусна плоча се врши на начинот како што се менува испорачаната брусна плоча. Поставувањето и вадењето на односниот брусен лист се врши на начинот како што се менува оригиналниот брусен лист.

Примената на специјални брусни плочи е дозволена само доколку е монтирана задната брусна плоча (11).

Користењето на додатокот за брусење ламели (18) Ви овозможува обработка на особено тешко достапни места, како на пр. ламели на прозори, регали или врати.

Рамното брусно јазиче (20) овозможува обработка на тесни процепи и тесен меѓу-простор.

Брусниот лист за брусното јазиче (19) се монтира на ист начин како предниот брусен лист (17).

Овалното брусно јазиче (21) Ви овозможува обработка на заoblени површини и шупливи тела или на конкавни површини како на пр. на мебел, гелендер или радијатори.

Брусниот лист за брусното јазиче (19) се монтира на ист начин како предниот брусен лист (17).

Употреба

Ставање во употреба

Вклучување/исклучување

▶ Проверете дали можете да го притиснете прекинувают за вклучување/исклучување, без да ја отпуштите рачката.

За вклучување на електричниот алат, навалете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) надесно во позиција „I“.

За исклучување на електричниот алат, навалете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) налево во позиција „O“.

Заштита од преоптоварување во зависност од температурата

Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При големо оптоварување или

пречекорување на дозволената температура на батеријата електрониката го ислучува електричниот алат, додека не се врати во оптималните граници на температура.

Претходно избирање на број на осцилации

Со копчето за подесување на бројот на осцилации (1) можете да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на алатот.

Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.

Совети при работењето

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана.

При полирањето изберете понизок број на вртежи, за да избегнете прекумерно загревање на површината.

Капацитетот на отстранување при брусење, во главно, се одредува со изворот на брусен лист како и претходно избраниот број на осцилации (1).

Само беспрекорните брусни листови може да придонесат за добар капацитет на брусење и одржување на електричниот алат.

Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси.

Прекумерното зголемување на притисокот врз површината не води кон зголемен капацитет на брусење, туку кон поголемо изабување на електричниот апарат и брусниот лист.

За прецизно брусење на агли, рабови и тешко достапни места може да работите со врвот или еден раб од основната брусна плоча.

Брусниот лист со кој сте обработувале метал, не го користете за други материјали.

Користете само оригинална Bosch брусна опрема.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:

Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.

При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.

Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се двжиж во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.

Отстранување

BOSCH UniversalSander 18V-10 - Отстранување - 1

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH UniversalSander 18V-10 - Отстранување - 2

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!

Само за земјите од ЕУ:

Според европейката директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, електричните алати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.

Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на лујето поради можното присуство на опасни материи.

Батерии:

Литиум-јонски:

Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 164).

Srpski

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : UniversalSander 18V-10

Категорија : Батерија