UniversalHammer 18V - Батерија BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот UniversalHammer 18V BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за UniversalHammer 18V BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Батерија во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник UniversalHammer 18V - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. UniversalHammer 18V на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК UniversalHammer 18V BOSCH
mk Оригинално упатстро за работа
sr Originalno uputstvo za rad
s.l.izirma navodila
hr Originalne upute za rad
Македонски...... Страница 161
Srpski ...... Strana 168
Slovenščina ....Stran 175
Hrvatski ....Stranica 181
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите
упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
He работete со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент
на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
He го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Ислучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
He употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
He го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни напомени за чекани
Безбедносни упатства за сите типови работа
▶ Носете штитници за уши. Изложеноста на бучава може да предизвика губење на слухот.
▶ Користете дополнителни рачки, доколку се испорачани со алатот. Губење на контрола може да предизвика телесни повреди.
▶ Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за опремата за сечење и прицврступачат да не дојдат во контакт со скриена жица. Ако опремата за сечење и прицврступачете дојдат во допир со „жица под напон“, може да ги изложат металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
Безбедносни упатства при користење на долги бургии со ротирачки хилти
▶ Секогаш почнете го дупчењето со мала брзина, и врвот на бургијата да биде во допир со делот што се обработува. При поголема брзина, бургијата може да се искриви ако слободно ротира надвор од делот што се обработува, и да се повредите.
▶ Притискајте само во директна линија со бургијата и не вршете преголем притисок. Бургиите може да се искриват и скршат, со што може да изгубите контрола и да се повредите.
Дополнителни безбедносни напомени
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвikuва оштетување.
▶ Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи на производителот или производи на POWER FOR ALL системи. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.
Кратко по употребата не ги допирајте алатите за вметнување или соседните делови на куќиштето. За време на работата тие може да бидат многу жешки и да предизвикаат изгореници.
▶ Алатот за вметнување може да се заглави за време на дупчењето. Обезбедете сигурна положба и цврсто држете го електричниот алат со двете раце.
Во спротивно, може да ја изгубите контролата врз електричниот алат.
▶ Бидете внимателни за време на кршењето со длето.
Деловите што пајаат од материјалот за кршење може да ги повредат присутните или себе си.
▶ При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно їе управувате ако го држите со двете дланки.

Носете заштитни очила.
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за ударно дупчење во бетон, цигли и камен како и за фино длетување. Тој исто така е погоден за дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика. Електричните алати со електронска регулација и лев/десен тек се исто така погодни за завртување.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) SDS plus глава за дупчење
(2) Прифат на алат SDS plus
(3) Капак за заштита од прав
(4) Чаура за заклучување
(5) Копче за подесување на граничникот за длабочина
(6) Прекинувач за запирање на удари/вртежи
(7) Рачка (изолирана површина на рачката)
(8) Прекинувач за менување на правецот на вртење
(9) Прекинувач за вклучување/исклучување
(10) Приказ за наполнетост на батеријата
(11) Батерија ^a)
(12) Работно светло
(13) Копче за отклучување на батерија ^a)
(14) Пеперутка-завртка за дополнителната рачка
(15) Дополнителна рачка (изолирана површина на рачката)
(16) Граничник за длабочина
(17) Запчеста глава за дупчење ^3)
(18) SDS plus вратило за прифат на главата за дупчење ^a)
(19) Универзален држач со SDS plus вратило за прифат ^3)
a) Илуstriраната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Батериски чекани задупчење | UniversalHammer18V | |
| Број на дел | 3 603 JD6 0.. | |
| Номинален напон V= 18 | ||
| Номинален број на вртеживо празен одA) | min-1 | 0–2000 |
| Батериски чекани за дупчење | UniversalHammer18V | |
| Број на удари ^A) | min ^-1 | 0–5400 |
| Јачина на поединечен удар согласно EPTA-Procedure 05:2016 | J 2,0 | |
| Прифат на алатот SDS plus | ||
| Макс. дупка-∅ | ||
| – Бетон mm 16 | ||
| – Челик mm 13 | ||
| – Дрво mm 25 | ||
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 ^B) | kg 2,4 (2,5 Ah)–2,7(6,0 Ah) | |
| Препорачана околна температура при полнење | °C 0 ... +35 | |
| дозволена околна температура при работење ^C) и при складирање | °C –20 ... +50 | |
| Препорачани акумулаторски батерии | PBA 18V...W-. | |
Препорачани полначи AL 18...
A) Мерено при 20–25 °C со батерија PBA 18V 4.0 Ah W-..
В) во зависност од употребената батерија
C) Ограничена јачина при температури <0 °C.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN IEC 62841-2-6.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 90 dB(A); ниво на звучна јачина 101 dB(A). Несигурност K = 5 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a_h (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN IEC 62841-2-6:
Ударно дупчење во бетон: a_h = 16,5 m/s^2 , K = 1,5 m/s^2 , Длетување: a_h = 13,5 m/s^2 , K = 1,5 m/s^2 ,
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
Батерија
Полнење на батеријата
▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
Ставање на батеријата
Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи.
Вадење на батеријата
За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на батеријата
Приказот за наполнетост на акумулаторската батеријата при напола или целосно притиснат прекинувач за вклучување/исклучување ја прикажува состојбата за наполнетост на батеријата.
бавно трепкање на светлото 1 × зелено 0–15 %
3 LED-светилки на приказот на Costaјба на наполнетост трепкаат брзо, ако реагира заштитата од преоптоварување. Ако само средната LED-светилка трепка брзо, температурата на батеријата или електричниот алат е надвор од границите на работната температура. Оставете ја батеријата и електричниот алат да се изладат.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Дополнителна рачка
Осигурајте се дека дополнителната рачка е секогаш цврсто затегната. Во спротивно, за време на работата може да ја изгубите контролата врз вашиот електричен алат.
Навалување на дополнителната рачка (види слика А)
Дополнителната рачка (15) може да ја вртите по желба, за да може безбедно и неуморно да работите.
– Олабавете ја пеперутка-завртката (14) на дополнителната рачка (15) и навалете ја рачката (15) во саканата позиција. Потоа повторно затегнете ја пеперутка-завртката (14) на дополнителната рачка (15). Внимавајте, стезниот прстен на дополнителната дршка да легне во предвидениот жлеб на кукиштето.
Бирање на глава за дупчење и алат
За ударно дупчење и длетување потребни ви се SDS plus-alati, кои се вметнуват во SDS plus-главата за дупчење. За дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика како и за завртување, се користат алати без SDS plus (на пр. дупчалка со цилиндрично вратило). За овие алати потребна ви е запчеста глава за дупчење.
Напомена: Запчестата глава за дупчење користете ја само во режимот на работа Дупчење без удари.
Менување на главата за дупчење
Вметнување/вадење на запчестата глава
За да може да работите со алати без SDS plus (на пр. со дупчалка со цилиндрично вратило), мора да монтирате соодветна глава за дупчење (запчеста или брзозатегнувачка глава за дупчење, опрема).
– Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за прифат (18) и малку намастете го.
- Запчестата глава за дупчење (17) со отворот за прифат (18) ставете ја со вртење во прифатот за алат, додека самата не се заклучи.
– Проверете го заклучувањето со повлекување на запчестата глава за дупчење (17).
Промена на алат
Капакот за заштита од прав (3) го спречува навлегувањето на правта која се создава при дупчењето во прифатот на алатот. Затоа при употребата на алатот проверете дали капакот за заштита од прав (3) е оштетен.
▶ Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба.
Ставање на SDS-plus-алатот за вметнување (види слика C1)
Co SDS-plus-главata за дупчење можете едноставно и лесно да го замените алатот што се вметнува без користење на дополнителни алати.
– Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се вметнува и малку намастете го.
– Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучен со влечење на алатот. Co SDS-plus-алатот за вметнување може слободно да се маневрира поради системот. Така, при празен од настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема влијание на прецизноста на дупчењето на дупката, бидејки дупчалката сама се центрира при дупчењето.
Вадење на SDS-plus-алатот за вметнување (види слика C2)
– Турнете ја чаурата за заклучување (4) наназад и извадете ја запчестата глава за дупчење.
Вметнување на битови за одвртувач (види слика D)
▶ Електричниот алат ставете го на навртката/завртката само доколку е ислучен. Доколку алатите што се вметнуваат се включени и се вртат, тие може да се превртат.
За користење на битовите за одвртувач потребен ви е университетен држач (19) со SDS-plus-вратило за прифат (опрема).
– Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за прифат и малку намастете го.
– Универзалниот држач ставете го со вртење во прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучена со влечење на университетниот држач.
- Ставете еден бит за одвртувач на универсалниот држач. Користете само битови што се соодветни на главата за завртување.
- За вадење на универсалниот држач вметнете ја чаурата за заклучување (4) наназад и извадете го универсалниот држач (19) од прифатот за алат.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Подесување на режимот на работа
Со прекинувачот за запирање на удари/вртежи (6) изберете го начинот на работа на електричниот алат.
- За промена на режимот на работата свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи (6) во саканата позиција „Дупчење“.
Напомена: Променете го режимот на работа само доколку електричниот алат е ислучен! Инаку електричниот алат може да се оштети.

Позиција за ударно дупчење во бетон или камен

Позиција за дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика како и за завртување

Позиција Vario Lock за подесување на позицијата на длетото Во оваа позиција, прекинувачот за запирање на удари/вртежи (6) не се вклопува.

Позиција за длетување
Подесување на правецот на вртење (види слика E)
Со прекинувают за менување на правецот за вртење (8) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувают за включување/исклучување (9) е притиснат ова не е возможно.
▶ Прекинувачот за менување на правецот на вртење (8) активирајте го само кога електричниот алат е во празен од.
Правецот на вртење при ударно дупчење, дупчење и длетување секогаш поставувајте го на десен тек.
- Десен тек: За дупчење и завртување на завртки притиснете го прекинувачот за менување на правец на вртење (8) налево до крај.
- Лев тек: За олабавување одн. одвртување на завртки и навртки притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (8) кон десно до крај.
Вклучување/исклучување
- За вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (9).
Работното светло (12) при малку или целосно притиснат прекинувач за включување/исклучување (9) овозможува осветлување на работното поле при услови на слаба осветленост. - За да го исключите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (9).
На ниски температури електричниот апарат дури по одреден период го постигнува целосниот капацитет на удари.
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку їе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (9).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (9) се постинува мал број на вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи/удари.
Промена на позицијата за длетување (Vario-Lock)
Длетото може да го фиксирате во 42 позиции. Притоа, може да ја користите оптималната работна позиција.
- Ставете го длетото во прифатот за алат.
- Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи (6) во позиција „Vario-Lock“.
- Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција за длетување.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи (6) во позиција „Длетување“. Со тоа, прифатот за алат ќе се фиксира.
– Поставете го правецот на вртење за длетување на десен тек.
Совети при работењето
Подесување на длабочината на дупчење (види слика F)
Со граничникот за длабочина (16) може да се утврди длабочината на дупчење X.
– Притиснете го копчето за подесување на граничникот за длабочина (5) и поставете го граничникот за длабочина во дополнителната рачка (15).
Избраздениот дел на граничникот за длабочина (16) мора да покажува надолу.
– Вметнете го SDS-plus-алатот за вметнување до крај во прифатот за алат SDS-plus (2). Инаку, доколку SDS-plus-алатот е лабаво наместен, може да доведе до погрешно подесување на длабочината на дупчење.
– Извлечете го граничникот за длабочина до степен што растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на граничникот за длабочина ќе одговара на саканата длабочина на дупчење X.
Спојка за заштита од преоптоварување
Доколку алатот што се вметнува се стегне или заглави, ће се прекине погонот на вратилото за дупчење. Електричниот алат секогаш држете го цврсто со двете дланки поради јачината со која работи и застанете во сигурна положба.
▶ Исключете го електричниот алат и олабавете го блокираниот алат за дупчење ако се блокира електричниот алат. Високи реакциски вртежни моменти се појавуваат при вклучување со блокиран алат за дупчење.
Амортизација на вибрациите

Вградената амортизација за вибрации ги намалува вибрациите кои настануваат во отењето.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
▶ Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба.
– Исчистете го прифатот за алат (2) по секоја употреба.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба їе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
168 | Srpski
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така їе најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку кукиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европейската директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, електричните алати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луғето поради можното присуство на опасни материи.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 168).