BOSCH GWS 30230 PB Professional - мелница

GWS 30230 PB Professional - мелница BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GWS 30230 PB Professional BOSCH во PDF формат.

📄 367 страници Македонски MK 💬 AI прашање
Notice BOSCH GWS 30230 PB Professional - page 262
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GWS 30230 PB Professional

Категорија : мелница

Преземете ги упатствата за вашиот мелница во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GWS 30230 PB Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GWS 30230 PB Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GWS 30230 PB Professional BOSCH

Безбедносни напомени Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Bosch Power Tools 1 609 92A 9AU | (09.04.2024)262 | Македонски Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен

u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните

u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. u Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се

u Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова 1 609 92A 9AU | (09.04.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 263 упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи

Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. Безбедносни напомени за аголни брусилки Безбедносни предупредувања специфични за брусење, шмирглање, жичано четкање или сечење: u Овој електричен алат е наменет да функционира како алат за брусење, шмирглање, жичано четкање, дупчење или сечење. Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, упатства, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Грешките настанати како резултат на непридржување до сите инструкции приложени подолу може да предизвикаат струен удар, пожар и/ или тешки повреди. u Операциите како на пр. полирање не се препорачува да се вршат со овој електричен алат. Операциите за кои не е наменет електричниот алат може да предизвикаат опасност и лична повреда. u Не ракувајте со електричниот алат на несоодветен начин што не е препорачан од производителот. Тоа може да предизвика да изгубите контрола и сериозно да се повредите. u Не користете дополнителна опрема која не е специјално дизајнирана и не е препорачана од производителот на алатот. Само затоа што дополнителната опрема може да се вгради во вашиот електричен алат, не значи дека може да се обезбеди безбедно работење. u Утврдената брзина на дополнителната опрема мора да биде најмалку еднаква на максималната брзина означена на електричниот алат. Дополнителната опрема која работи побрзо од утврдената брзина може да експлодира и да се распрска насекаде. u Надворешниот дијаметар и дебелина на вашата дополнителна опрема мора да биде во рамките на класата на вашиот електричен алат. Дополнителна опрема со несоодветна величина не може соодветно да се заштити и контролира. u Димензиите на додатоците за прицврстување мора да се совпаѓаат со димензиите на делот што треба да се прицврсти на електричниот алат. Дополнителната опрема која не е соодветна на хардверот на електричниот алат не може да одржува рамнотежа, заради прекумерните вибрации и може да предизвика губење на контрола. u Не користете оштетена дополнителна опрема. Пред употреба проверете ја дополнителната опрема, како на пр., абразивните дискови за иверки и струготини, заштитната подлога за отвори, стружење или претерано абење, жичаната четка за олабавени или пукнати жици. Ако електричниот алат или дополнителната опрема падне, проверете дали е оштетена или инсталирајте неоштетена дополнителна опрема. По проверката и инсталирањето на дополнителната опрема, вие и луѓето во близина поместете се подалеку од површината на ротирачката опрема, и вклучете го електричниот алат на максимална брзина без оптоварување една минута. Оштетената дополнителна опрема вообичаено се расипува во текот на овој тест период. u Носете лична заштитна опрема. Во зависност од примената, користете штитник за лице, безбедносни или заштитни очила. Како што е соодветно, носете маска за заштита од прашина, штитници за уши, ракавици и работничка престилка, којашто ги запира малите абразивни парчиња или парчиња од делот што го обработувате. Заштитата за очи мора да спречува навлегување остатоци што се распрскуваат при работењето. Маската против прав или респираторот мора да ги филтрира честичките што се генерираат при работењето. Долготрајна изложеност на интензивна бучава може да доведе до губење на

u Луѓето во ваша близина треба да бидат оддалечени од работниот простор. Секој што влегува во работниот простор мора да носи лична заштитна опрема. Парчиња од делот што го обработувате или расипана дополнителна опрема може да експлодира и распрска и да предизвика повреда надвор од непосредната работна површина. Bosch Power Tools 1 609 92A 9AU | (09.04.2024)264 | Македонски u Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете за да не дојде во контакт со скриена жица или со неговиот кабел. Ако опремата за сечење дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар. u Тргнете го настрана кабелот од ротирачка дополнителна опрема. Ако изгубите контрола, кабелот може да се пресече или закачи и вашата дланка или рака може да влезе во ротирачката дополнителна опрема. u Не го оставајте електричниот алат долу додека дополнителната опрема не запре целосно. Ротирачката опрема може да ја зафати површината и да го повлече електричниот алат надвор од ваша

u Не го вклучувајте електричниот алат додека го држите свртен кон вас. Случаен контакт со ротирачка дополнителна опрема може да ја закачи вашата облека, со повлекување на дополнителната опрема кон вашето тело. u Редовно чистете ги воздушните вентили на електричниот алат. Вентилаторот на моторот повлекува прав во куќиштето, а претераната акумулација на метален прав може да предизвика опасност од електричен удар. u Не работете со електричниот алат во близина на запаливи материјали. Искрите можат да ги запалат овие материјали. u Не користете дополнителна опрема за која се потребни течни разладувачи. Користењето вода или други течни разладувачи може да доведе до смрт или струен удар. Предупредувања за одбивање и слични предупредувања: Одбивање е ненадејна реакција на приклештен или закачен ротирачки диск, потпорен диск, четка или друга дополнителна опрема. Приклештувањето или закачувањето предизвикува брзо маневрирање на ротационата дополнителна опрема, кое од друга страна, предизвикува присилно насочување на неконтролираниот електричен алат во спротивен правец од ротирањето на опремата во точката на навалување. На пример, ако абразивен диск е закачен или приклештен од делот што го обработувате, острицата на дискот која влегува во приклештената точка може да се зарие во површината на материјалот и дискот да се помести или ослободи. Дискот може да скокне или одбие од операторот, во зависност од насоката на движење на дискот во точката на приклештување. Абразивните дискови, исто така, може да се искршат под овие услови. Одбивањето е резултат на погрешна употреба и/или несоодветни оперативни постапки или услови и може да се избегне со преземање на соодветните превентивни мерки приложени подолу. u Цврсто држете го електричниот алат и поставете го телото и рацете така што ќе овозможите отпор на силите на одбивање. Секогаш користете помошна рачка, доколку има, за максимална контрола на одбивањето или силата на вртење при вклучување. Операторот може да ги контролира реакциите на силата на вртење или силите на одбивање, доколку се преземат соодветни превентивни мерки. u Не ја ставајте раката во близина на ротирачката дополнителна опрема. Дополнителната опрема може да се одбие преку вашата рака. u Не го позиционирајте вашето тело во областа каде електричниот алат се движи, доколку настане одбивање. Одбивањето ќе го придвижи алатот во спротивен правец од движењето на дискот во точката на закачување. u Обрнете посебно внимание при изработка на агли, остри рабови и др. Избегнувајте отскокнување и закачување на дополнителната опрема. Аглите, острите рабови или отскокнувањето може да доведат до закачување на дополнителната опрема и да предизвикаат губење на контрола или одбивање. u Не закачувајте сечило за длабење, сегментирани дијамантски дискови со периферна празнина поголема од 10mm или назабено сечило за пила. Овие сечила предизвикуваат брзи одбивања и губење на контрола. Безбедносни предупредувања специфични за брусење и сечење: u Користете само видови на дискови специјално наменети за вашиот електричен алат и соодветната заштита за избраниот диск. Дискови коишто не се дизајнирани за дадениот електричен алат не може соодветно да се заштитат и не се безбедни. u Површината за брусење на централните потиснати дискови мора да се инсталира под рамнината на заштитниот поклопец. Неправилно монтиран диск којшто се протега преку рамнината на заштитната рамка не може соодветно да се заштити. u Заштитата мора да биде безбедно прицврстена на електричниот алат, и соодветно поставена за да обезбеди максимална безбедност, така што минимален дел од дискот да биде изложен кон операторот. Заштитата го заштитува операторот од скршените парчиња на дискот, случаен контакт со дискот и искри коишто можат да ја запалат облеката. u Дисковите мора да се користат само за соодветни намени. На пример: не користете диск за сечење за странично брусење. Абразивните дискови за сечење се наменети за периферно брусење, страничните сили што се применуваат на овие дискови може да предизвикаат нивно распарчување. u Секогаш користете неоштетени прирабници за дискови со правилна величина и форма за вашиот избран диск. Соодветните прирабници за дискови го потпираат дискот со што се намалува можноста од 1 609 92A 9AU | (09.04.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 265 кршење на дискот. Прирабниците за дискови за сечење може да се разликуваат од прирабниците за дискови за брусење. u Не употребувајте користени дискови од поголеми електрични алати. Диск наменет за поголеми електрични алати не е соодветен за големи брзини на мали алати и може да се распрсне. u Кога користите дискови со двојна намена, секогаш користете ја соодветната заштита за работата што ја вршите. Ако не го користите соодветниот штитник, истиот може да не заштитува правилно и со тоа може сериозно да се повредите. Дополнителни безбедносни предупредувања специфични за сечење: u Не го “притискајте” дискот за сечење и не применувајте прекумерен притисок. Не настојувајте да направите прекумерно длабок засек. Преоптоварувањето на дискот го зголемува оптоварувањето и осетливоста на виткање и навалување на дискот во засекот и можноста за одбивање или кршење на дискот. u Не застанувајте во линија и зад ротирачкиот диск. Кога дискот, во текот на операцијата, се движи подалеку од вашето тело, одбивањето може да го придвижи ротирачкиот диск и моќниот алат директно

u Кога дискот се навалува или кога го прекинува сечењето заради некоја причина, исклучете го алатот и држете го неподвижен додека дискот целосно не запре. Никогаш не настојувајте да го извадите дискот за сечење од засекот додека се движи или може да дојде до одбивање. Проверете и преземете соодветно дејство за да ја елиминирате причината за навалување на дискот. u Не започнувајте повторно со сечење во делот што го обработувате. Почекајте додека дискот да достигне целосна брзина и внимателно влезете повторно во засекот. Дискот може да се навали, придвижи или одбие ако го рестартирате моќниот алат во делот што го обработувате. u Потпрете ги плочите или преголемиот дел што го обработувате за да го намалите ризикот од приклештување и одбивање на дискот. Големите делови што ги обработувате се искривуваат под својата тежина. Потпирачите мора да се стават под делот што го обработувате покрај линијата на засекот и покрај ивицата на делот што го обработувате на двете страни на дискот. u Користете дополнителни мерки за претпазливост кога правите “џебен засек” во постоечки ѕидови или други слепи површини. Климав диск може да пресече цевки за гас или вода, електрични жици или предмети кои може да предизвикаат одбивање. u Не обидувајте се да длабите. Преголемиот притисок на дискот го зголемува оптоварувањето и осетливоста на виткање и искривување на дискот во засекот и можноста за одбивање или кршење на дискот, што може да доведе до сериозна повреда. Безбедносни предупредувања специфични за

u Користете соодветна голема на шмиргла за дискот. Следете ги упатствата на производителите, кога бирате шмиргла. Големите шмиргли кои ја надминуваат подлогата за шмирглање претставуваат опасност и може да предизвикаат закачување, кинење на дискот или одбивање. Безбедносни предупредувања специфични за жичано

u Внимавајте бидејќи четката исфрла жичани влакна дури и за време на вообичаени операции. Не ги преоптоварувајте жиците со преоптоварување на четката Жичаните влакна може лесно да навлезат во облека и/или кожа. u Ако се препорачува користење на заштита за жичано четкање, не дозволувајте попречување меѓу жичаниот диск или четката со заштита. Жичаниот диск или четка може да се прошират во дијаметар заради работното оптоварување и центрифугалните сили. Дополнителни безбедносни напомени Носете заштитни очила. Заштитниот капак не смее да се користи за исклучување. Со соодветен додаток, заштитниот капак може да се користи и за исклучување. При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно ќе управувате ако го држите со двете дланки. u Кај алати за вметнување со внатрешни навои, како што се четки и дијамантски-крунести бургии, мора да се почитува максималната должина на навојот на вретеното за брусење. Крајот на вретеното не смее да го допира дното на алатот за вметнување. u Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување и може да предизвика електричен удар. u Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за сечење додека не се оладат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки. Bosch Power Tools 1 609 92A 9AU | (09.04.2024)266 | Македонски u Деблокирајте го прекинувачот за вклучување/ исклучување и ставете го во позиција Исклучено, доколку се прекине напојувањето со струја, на пр. по снемување струја или влечење на струјниот приклучок. Со тоа ќе спречите неконтролирано рестартирање на уредот. u Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака. u Складирајте ги алатите за вметнување во објекти односно во простории кои се суви, со соодветна температура и без опасност од замрзнување. u Пред транспорт на уредот отстранете ги алатите за вметнување. На овој начин ќе избегнете оштетување. u Поврзаните дискови за брусење и сечење имаат датум на истекување, по кој дисковите не смеат да се користат. Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за

Употреба со соодветна намена Електричниот алат е наменет за сечење и четкање на метал, камен, пластика како и грубо брусење во камени материјали со дијамантска крунеста бургија без употреба на вода. Притоа, осигурајте се дека користите правилна заштитна хауба(види „Употреба“, Страница271). При сечењето во камен погрижете се за доволно вшмукување на правта. Со дозволените алати за брусење електричниот алат може да се користи за брусење со брусна хартија. Електричниот алат не смее да се користи за брусење камени материјали со дијамантска лончеста плоча и за обработка на композитни материјали. Илустрација на компоненти Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница. (1) Копче за блокирање на вретеното (2) Приказ за состојба (LED) (3) Прекинувач за вклучување/исклучување (4) Филтер за прав (5) Стандардна-дополнителна рачка (изолирана површина на рачката) (6) Дополнителна рачка за придушување на вибрациите (изолирана површина на рачката) (7) Клуч со два отвори за затезната навртка (8) Заштитен капак за брусење со затезен лост

(9) Заштитен капак за брусење со завртка за

(10) Кодирани запци (11) Затезен лост за заштитната хауба (12) Завртка за фиксирање на заштитниот капак (13) Шраф за подесување на заштитната хауба (14) Брусна плоча

(15) Затезна навртка (16) Брзозатезна навртка

(17) Заштитен капак за сечење со затезен лост

(18) Заштитен капак за сечење со завртка за

(19) Поклопец за сечење (20) Диск за сечење

(21) Дијамантски диск за сечење

(24) Рачка (изолирана површина на рачката) (25) Брусно вретено (26) Заштита за рацете

(29) Тркалезна навртка

(34) Капак за всисување за сечење со лизгачки

Овие додатоци не се вклучени во стандардниот опсег на

макс. дијаметар на брусната плоча/ дијаметар на гумен диск mm 180 230 180 230 230 Навој на вретеното за

M 14 M 14 M 14 M 14 M 14 Макс. должина на навојот за вретеното за брусење mm 25 25 25 25 25 Исклучување при повратен удар

Заштита од рестартирање ● ● ● ● ● Мек старт ● ● ● ● ● Сопирачка за исфрлување од брзина

Приказ за состојба (LED) ● ● ● ● ● PROtection-прекинувач – – ● ● –

B)C) kg 5,7–7,5 5,9–8,4 5,7–7,5 5,9–8,4 5,9–8,4 Класа на заштита / II / II / II / II / II A) Номинален број на вртежи во празен од според ENIEC62841-2-3 за избирање соодветни алати за вметнување. Вистинскиот број на вртежи во празен од не смее да го надмине номиналниот број на вртежи во празен од и затоа е помал.

во зависност од користениот заштитен капак((17), (18), (8), (9), (19)), од користената дополнителна рачка((5), (6)) и од користениот капак за всисување(34) C) Тежина без кабел за струја и без приклучок за струја Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависат од примената и условите на животната средина. Повеќе информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac. Информации за бучава/вибрации Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласноENIEC62841-2-3. Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок97dB(A); ниво на звучна јачина105dB(A). Несигурност K=3dB. Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a

(векторски збир на три насоки) и несигурностK дадени се во согласност со ENIEC62841-2-3: Брусење на површини (груба обработка):

Сечење со брусни плочи:

Брусењето тенки лимови или други материјали со мала вибрација со голема површина може да резултира со зголемена вредност за емисија на бучава до 15dB. Со соодветни антивибрациони подлоги може да се намали зголемената емисија на бучава. Зголемената емисија на бучава мора да се земе предвид и при проценката на ризикот од јачината на бучавата и при изборот на соодветна заштита за слухот. Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата. Bosch Power Tools 1 609 92A 9AU | (09.04.2024)268 | Македонски Исклучување при повратен удар При ненадејна пречка на електричниот алат, на пр. блокирање на резот при сечење, доводот на струја до моторот електронски ќе се прекине. За повторно вклучување ставете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3) во исклучена позиција и одново вклучете го електричниот

Заштита од рестартирање Заштитата од рестартирање го спречува неконтролираното вклучување на електричниот алат по прекин на доводот на струја. За повторно вклучување ставете го прекинувачот за вклучување/исклучување(3) во исклучена позиција и одново вклучете го електричниот алат. Напомена: Ако електричниот алат стартува веднаш по прекин на доводот на струја, заштитата од рестартирање не работи. Електричниот алат мора веднаш да се испрати во сервисната служба, видете ги адресите во дел „Сервисна служба и совети при користење“.

Електронскиот мек старт го ограничува вртежниот момент при вклучувањето и му овозможува на електричниот алат непречено да се вклучи. Напомена: доколку електричниот алат стартува веднаш по вклучувањето со полн број на вртежи, мекото стартување не функционира. Електричниот алат мора веднаш да се испрати до сервисната служба, адресите ќе ги најдете во делот „Сервисна служба и совети за користење“. Сопирачка за исфрлување од брзина Електричниот алат има електронски систем за сопирање на Bosch. При исклучување, алатот за брусење ќе запре за неколку секунди. Ова значи значително скратување на времето на исфрлање од брзина во однос на аголните брусилки без сопирачка за исфрлање од брзина и овозможува побрзо оставање на електричниот

Приказ за состојба (LED) Следната табела ги опишува приказите за состојба на LED(2) на електричниот алат. Приказ за состојба (LED)(2) Значење/причина Решение Зелено Статус OK – Трепка црвено Електричниот алат е прегреан и се

Оставете го електричниот алат да се олади. Ако приказот за статус (LED) свети зелено, електричниот алат може повторно да се

Свети црвено Исклучувањето при пречки или заштитата од рестартирање или заштитата од преоптоварување се активираа, електричниот алат се исклучува. Исклучете го и повторно вклучете го електричниот алат.

u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната

Монтирање на заштитен уред Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на работата или при оштетување на уредот за прифат на заштитната хауба/електричниот алат, тој мора да се прати во сервисната служба, за адресата погледнете во делот „Сервисна служба и совети при користење“. Заштитен капак за брусење со затезен лост Отворете го затезниот лост(11). Ставете ја заштитната хауба(8) со кодираниот заб(10) во кодираниот жлеб на вратот на вретеното сѐ додека сврзокот на заштитната хауба не лежи на прирабницата на електричниот алат и завртете ја заштитната хауба(8) во саканата позиција. Затворете го затезниот лост(11). u Поставете ја заштитната хауба(8) на тој начин што ќе го спречи летањето на искри во правец на лицето што ја користи. Може да ја промените затезната сила на затворачот на заштитната хауба(8) со олабавување или затегање на завртката за подесување(13). Внимавајте на цврстото лежиште на заштитната хауба(8) и редовно контролирајте го. Напомена: Кодираните запци на заштитниот капак(8) гарантираат дека на електричниот алат може да се монтира само еден заштитен капак што му одговара. Заштитен капак за брусење со завртка за фиксирање Поставете ја заштитната хауба (9) на грлото на вретеното. Прилагодете ја позицијата на заштитната хауба (9) 1 609 92A 9AU | (09.04.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 269 според потребите на работниот процес и фиксирајте ја заштитната хауба (9) со завртката за фиксирање (12). u Поставете ја заштитната хауба (9) на тој начин што ќе го спречи летањето на искри во правец на лицето што ја користи. Заштитна хауба за сечење u При сечењето во камен погрижете се за доволно вшмукување на правта. Заштитната хауба за сечење(18)/(17) се монтира како заштитен капак за брусење со завртка за фиксирање(9) или заштитен капак за брусење со затезен лост(8). u За сечење секогаш користете заштитна хауба за сечење(18)/(17) или заштитна хауба за брусење(9)/(8) заедно со поклопецот за сечење(19). Поклопец за сечење Монтирајте го поклопецот за сечење(19) на заштитниот капак за брусење(8)/(9) (види сликаD/G): навалете го лостот наназад (➊). Ставете го поклопецот(19) на заштитната хауба за брусење(8)/(9)(➋). Цврсто притиснете го лостот на заштитниот капак(8)/(9) (➌). За демонтирање (види сликаE/H) навалете го лостот наназад (➊). Извлечете го поклопецот(19) од заштитниот капак(8)/(9)(➋). Хауба за вшмукување при сечење со лизгачка

Поставете ја хаубата за всисување за сечење со лизгачки водилки(34) на грлото на вретеното. Поставете ја позицијата на хаубата за всисување(34) според барањата на работниот процес и прицврстете ја хаубата за всисување со завртката за фиксирање. На капакот за всисување со лизгачки водилки(34) може да се поврзе соодветенBosch всисувач за прав. За таа цел, ставете го цревото за всисување со адаптерот за всисување во предвидените делови за вметнување на хаубата за всисување. Напомена: Триењето предизвикано од прашината во цревото за всисување и додатоците за време на всисувањето предизвикува електростатичко полнење што корисникот може да го доживее како статичко празнење (во зависност од факторите на животната средина и неговата физиолошка состојба). Bosch генерално препорачува употреба на антистатичко црево за всисување (додаток) за всисување фина прашина и суви материјали. Заштита за дланките u Секогаш монтирајте ја заштитата за раце кога работите со гумениот брусен диск(27) или со лончестата четка/конусната четка/дијамантската крунеста бургија (26). Прицврстете ја заштитата за рацете(26) со дополнителната рачка(5)/(6). Стандардна-дополнителна рачка/дополнителна рачка за придушување на вибрациите Навртете ја дополнителната рачка(5)/(6) од десно или од лево на погонската глава во зависност од начинот на

u Користете го вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (5)/(6). u Не продолжувајте со работа со електричниот алат, ако дополнителната рачка (5)/(6) е оштетена. Не вршете промени на дополнителната рачка(5)/(6). Дополнителната рачка за придушување на вибрациите(6)овозможува работење со мали вибрации и пријатна и безбедна

Монтирање на брусни алати u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната

u Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за сечење додека не се оладат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки. Напомена: Проверете дали испорачаната стезна прирабница(35) е правилно монтирана според сликатаC. Проверете го вметнатиот O-прстен(36) да не е оштетен и дали е правилно монтиран според сликатаC. Заменете го оштетениот О-прстен(36). Напомена: Се препорачува употреба на брзозатезна навртка(16). При употребата на затезната навртка(15) мора да сметате на зголемената употреба на сила при олабавување на затезната навртка. Исчистете го вретеното за брусење (25) и сите делови за

За зацврстување и олабавување на брусните алати притиснете го копчето за блокирање на вретеното (1), за да го зацврстите вретеното за брусење. u Притиснете го копчето за блокирање на вретеното само кога вретеното за брусење е во состојба на мирување. Инаку електричниот алат може да се

Брусни плочи/брусни плочи за сечење Внимавајте на димензиите на алатите за брусење. Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната прирабница. Не користете адаптери или редуктори. При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со правецот на вртење на електричниот алат (погледнете ја стрелката за правец на вртење на погонската глава). Редоследот на монтажата може да се види на графичката

Bosch Power Tools 1 609 92A 9AU | (09.04.2024)270 | Македонски За зацврстување на брусната плоча/дискот за сечење завртете ја затезната навртка (15) и затегнете ја со клуч со два отвора. u По монтажата на алатот за брусење, пред вклучувањето, проверете дали тој е точно монтиран и дали може слободно да се врти. Проверете дали алатот за брусење не струга на заштитната хауба или другите делови. Брзозатезна навртка За едноставна промена на алатот за брусење без користење на други алати, наместо затезната навртка (15) можете да употребите брзозатезна навртка (16). u Брзозатезната навртка(16)смее да се користи само за брусни плочи или дискови за сечење. Користете само беспрекорни, неоштетени брзозатезни навртки (16). При затегнување внимавајте на тоа, страната со натпис на брзозатезната навртка (16) да не покажува кон брусната плоча; туку стрелката мора на ознаките на индекс (37) да покажува. (37) Притиснете на копчето за блокирање на вретеното (1), за да го зацврстите вретеното за брусење. За да ја зацврстите брзозатезната навртка, силно завртете ја брусната плоча во правец на стрелките на часовникот. Прописно зацврстената, неоштетена брзозатезна навртка може да ја олабавите со вртење на нарецканиот прстен во правец спротивен на стрелките на часовникот. Цврсто затегнатата брзозатезна навртка никогаш не ја одвртувајте со клешти, туку употребете клуч со два отвори. Поставете го клучот со два отвори како на сликата. Дозволени алати за брусење Може да ги користите сите алати за брусење наведени во ова упатство за употреба. Дозволениот број на вртежи [min

] одн. периферната брзина [m/s] на употребениот алат за брусење мора да одговара на податоците во следната табела. Затоа внимавајте на дозволениот број на вртежи одн. периферната брзина на етикетата на алатот за брусење. макс. [mm] [mm] [°] D b s d α [min

Вшмукување на прав/струготини Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица. – Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува. – Погрижете се за добра проветреност на работното

– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате. u Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали. 1 609 92A 9AU | (09.04.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 271 Монтирање/демонтирање на филтерот за

Целосно демонтирајте го користениот филтер за прав(4) со завртките според сликатаA. Монтирајте нов филтер за прав според сликатаB. При монтирањето на филтерот за прав(4) користете ги само оригиналните завртки за да избегнете оштетување на електрониката.

u Не го оптоварувајте многу електричниот алат, додека не дојде во состојба на мирување. u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната

u Внимавајте на процепите во носечките ѕидови „Напомени за статика “. u Затегнете го делот што се обработува, доколку не налегнува сигурно со својата тежина. u По силното оптоварување, оставете го електричниот алат уште неколку минути во празен од, за да се излади. u Електричниот алат не го користете со држач за

u Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за сечење додека не се оладат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки. Напомена: Доколку не го употребувате алатот извлечете го струјниот приклучок од ѕидната приклучница. И кога е исклучен, електричниот алат има мала потрошувачка на струја- и доколку е приклучен струјниот приклучок и кога има струја. Совети при работењето Грубо брусење u При грубото брусење со композитни брусни средства секогаш користете ја заштитната хауба за брусење(8)/(9). u Никогаш не ги користите брусните плочи за сечење за грубо брусење. u При грубото брусење заштитната хауба за сечење(17)/(18) или заштитната хауба за брусење(8)/(9) со монтиран поклопец за сечење(19) во делот што се обработува и да доведе до губење на контролата. Со подесување на аголот од 30° до 40° при грубо брусење ќе добиете најдобри резултати при работењето. Поместувајте го електричниот алат напред и назад со умерен притисок. Притоа, делот што се обработува нема да се вжешти, да се ја промени бојата и нема да има

u При употребата на композитни плочи, кои се одобрени и за сечење и за брусење, може да се користи заштитната хауба за сечење(17)/(18) одн. заштитната хауба за брусење(8)/(9) со монтиран поклопец за сечење(19). Површинско брусење со ламелеста брусна плоча u При брусење со ламелеста брусна плоча секогаш користете ја заштитната хауба за брусењето(8)/ (9). Со ламелестата брусна плоча во вид на лепеза (опрема) може да обработувате заоблени површини и профили. Ламелестите брусни плочи во вид на лепеза имаат подолг рок на употреба, пониско ниво на бучава и пониски температури при брусењето отколку вообичаените брусни плочи. Површинско брусење со брусен диск u При работењето со гумен диск за брусење (27) секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (26). Брусењето со брусен диск може да се изврши без заштитна хауба. Редоследот на монтажата може да се види на графичката

Навртете ја тркалезната навртка(29) и затегнете ја со клуч со два отвори. Лончеста четка/плочеста четка/конусна четка u При четкањето со плочеста четка секогаш користете ја заштитната хауба за брусење(8)/(9). Четкањето со лончеста четка/конусна четка може да се изврши без заштитна хауба. u При работењето со лончеста или конусна четка секогаш монтирајте ја заштитата за рацете(26). u Жиците на плочестите четки може да се заглават на заштитната хауба и да се скршат ако се надминат максимално дозволените димензии на плочестите

Редоследот на монтажата може да се види на графичката

Лончестата/конусната/плочестата четка со навој M14 мора да се наврти на вретеното за брусење додека цврсто не налегне на прирабницата на вретеното за брусење на крајот на навојот на вретеното за брусење. Затегнете ја лончестата/конусната/плочестата четка со вилушкаст клуч. За прицврстување на плочестата четка со дијаметар 22,22mm ставете ја приклучната прирабница(35) на вретеното за брусење(25), завртете ја тркалезната навртка(29) и затегнете ја со клучот со два отвори. Сечење на метал u За сечење на метал со композитен диск за сечење или со дијамантски диск за сечење секогаш користете ја заштитната хауба за сечење(17)/(18) одн. заштитната хауба за брусење(8)/(9) со монтиран поклопец за сечење(19). u При употребата на заштитна хауба за брусење(8)/ (9) за сечење со композитен диск за сечење постои голем ризик да бидете изложени на искри и Bosch Power Tools 1 609 92A 9AU | (09.04.2024)272 | Македонски честички како и делови од дискот при кршење на

При сечењето со брусни плочи секогаш работете со умерено поместување нанапред по материјалот. Не правете притисок на брусната плоча за сечење, не навалувајте и не осцилирајте. Не ги блокирајте брусните плочи за сечење што излегуваат со страничен противпритисок. Електричниот алат секогаш мора да се води во спротивен правец на движење. Инаку постои опасност, тој неконтролирано да се истисне од резот. При сечење на профили и четириаголни цевки, најдобро е да поставите на најмалиот пресек. Сечење на камен u За сечење на метал со композитен диск за сечење или со дијамантски диск за сечење за камен/бетон секогаш користете ја хаубата за всисување при сечење со лизгачки водилки(34) или заштитната хауба за сечење(17)/(18) или заштитната хауба за брусење(8)/(9) со монтиран поклопец за сечење(19). u При сечењето во камен погрижете се за доволно вшмукување на правта. u Носете маска за заштита од прав. u Електричниот алат смее да се користи само за сечење/брусење на суви материјали. u При употребата на заштитна хауба за сечење(17)/ (18), заштитната хауба за брусење(8)/(9) или заштитната хауба за брусење(8)/(9) со монтиран поклопец за сечење(19) за сечење и брусење во бетон или ѕидни конструкции, постои зголемена изложеност на прашина и зголемен ризик од губење контрола над електричниот алат, што може да доведе до повратен удар. За сечење на камен најдобро е да употребите дијамантска брусна плоча за сечење. При користење на хаубата за всисување за сечење со лизгачки водилки (34) всисувачот на прав мора да биде дозволен за всисување на правта од каменот. Bosch ги нуди соодветните всисувачи на прав. Вклучете го електричниот алат и поставете го со предниот дел на лизгачките водилки на делот што се обработува. Поместувајте го електричниот алат со умерено движење по материјалот што се обработува. При сечење на особено цврсти материјали на пр. бетон со чакал, дијамантскиот диск за сечење може да се прегрее и да се оштети. Венецот од искри кој кружи околу дијамантскиот диск за сечење јасно укажува на

Во таков случај прекинете го процесот на сечење и оставете го кратко дијамантскиот диск за сечење во празен од при највисок број на вртежи, за да се олади. Значителното попуштање во работата и венецот од искри кој кружи се знаци за отапена дијамантска брусна плоча. Може повторно да ја наострите со кратки резови во абразивен материјал, на пр. силикатен камен. Сечење на други материјали u При сечење на други материјали како пластика,композитен материјал итн. со композитен диск за сечење или карбиден диск за сечење Carbide Multi Wheel секогаш користете ја заштитната хауба за сечење(17)/(18) или заштитната хауба за брусење (8)/(9) со монтиран поклопец за сечење (19). Со користењето на хаубата за всисување со лизгачки водилки(34) ќе постигнете подобар резултат од всисувањето прав. Работење со дијамантска крунеста бургија u Користете само сува дијамантска крунеста бургија. u При работењето со дијамантската крунеста бургија секогаш монтирајте ја заштитата за рацете(26). Не поставувајте ја дијамантската крунеста бургија паралелно на делот што се обработува. Навалете се во делот што се обработува под агол и со кружни движења. Ова ви овозможува да постигнете оптимално ладење и подолг работен век на дијамантската крунеста бургија. Напомени за статиката Процепите во носечките ѕидови подлежат на прописите специфични за земјата. Мора задолжително да се придржувате до овие прописи. Пред почетокот на работата повикајте го одговорниот статичар, архитект или надлежните градежни раководители за да се советувате. Ставање во употреба u Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот

При работа на електричниот алат со мобилни произведувачи на струја (генератори), кои не располагаат со доволно резерви на јачина, одн. не располагаат со соодветна регулација на јачина, може да дојде до губење на јачината или нетипично однесување при вклучување. Ве молиме внимавајте на погодноста на производителот на струја, особено во поглед на мрежниот напон и фреквенција. u Држете го уредот само за изолираните рачки и дополнителната рачка. Алатот за вметнување може да дојде во контакт со скриени струјни кабли или сопствениот кабел. Контактот со струјниот кабел може металните делови на уредот да ги стави под напон и да доведе до електричен удар. 1 609 92A 9AU | (09.04.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 273 Вклучување/исклучување

Конструкција на прекинувачот со блокада За ставање во употреба на електричниот алат, притиснете го најпрво прекинувачот за вклучување/ исклучување(3) ➊, потоа турнете го нанапред ➋. Притиснете го на крај и држете го притиснат ➌. За заклучување на притиснатиот прекинувач за вклучување/исклучување(3) вметнете го прекинувачот за исклучување/вклучување(3) нанапред ➍. За да го исклучите, електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување(3) одн. доколку тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување(3) и потоа отпуштете го. Конструкција на прекинувачот без блокада За ставање во употреба на електричниот алат, притиснете го најпрво прекинувачот за вклучување/ исклучување(3) ➊, потоа турнете го нанапред ➋. Притиснете го на крај и држете го притиснат ➌. За да го исклучите, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување(3). u Пред употребата проверете ги алатите за брусење. Алатот за брусење мора да биде монтиран беспрекорно и да може слободно да се врти. Направете проба од најмалку 1 минута без оптоварување. Не користете оштетени, нетркалезни или алати за брусење што вибрираат. Оштетените алати за брусење може да пукнат и да предизвикаат повреди. Одржување и сервис Одржување и чистење u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната

u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да

u При екстремни услови на примена, доколку е возможно секогаш користете уред за всисување. Издувувајте ги почесто отворите за проветрување и приклучете заштитен прекинувач за диференцијална струја (PRCD). При обработка на метали, во внатрешноста на електричниот алат може да се собере спроводлива прав. Може да се оштети заштитната изолација на електричниот алат. Складирајте и третирајте го приборот со внимание. Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси на сервиси може да најдете

EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај: * Аголна брусилка Број на дел/артикл