EasyHedgeCut 55 - Градинарски ножици BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот EasyHedgeCut 55 BOSCH во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот Градинарски ножици во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник EasyHedgeCut 55 - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. EasyHedgeCut 55 на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК EasyHedgeCut 55 BOSCH
Безбедносни напомени Значење на симболите Прочитајте го упатството за употреба. Не употребувајте го овој производ кога има
Пред секоја операција на чистење, одржување и прилагодување згаснете го уредот и исклучете го од напојување, како и кога е кабелот свиткан, притиснат или оштетен или кога го оставате производот без надзор. Bosch Power Tools F 016 L94 104 | (28.09.2020)132 | Македонски Држете ги рацете понастрана од сечилото. Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен
u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните
u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. u Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. F 016 L94 104 | (28.09.2020) Bosch Power ToolsМакедонски | 133 u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
u Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи
Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. Безбедносни правила за електричните ножици за жива ограда u Чувајте ги сите делови на своето тело подалеку од сечилото. Не обидувајте се да ги отстраните заглавените отпадоци од сечилото додека машината е вклучена. Сечилото се движи и по гаснењето на моторот. Еден момент на невнимание при работа со електричните ножици за жива ограда може да резултира со тешки повреди. u Ножиците за режење држете ги за рачките додека сечилото мирува и внимавајте да не го притиснете копчето за вклучување. Внимателното држење на ножиците го намалува ризикот од случајно вклучување и повредите кои можат да настанат како последица од тоа. u Кога ги пренесувате или складирате електричните ножици секогаш ставете ја заштитната футрола. Внимателното ракување со машината го намалува ризикот од повреда. u Бидете сигурни дека прекинувачот е згаснат и кабелот исклучен кога сакате да отстраните заглавена пречка од уредот. Случајното вклучување на ножиците при отстранување заглавена пречка може да доведе до тешки последици. u Ножиците држете ги само за изолираните рачки, бидејќи сечилото може да дојде во контакт со скриени жици или со сопствениот кабел. Ако електричните ножици дојдат во контакт со жица низ која тече струја, може да дојде до електричен удар. u Сите струјни кабли чувајте ги понастрана од полето на режење. Во грмушките кои ги режете може да има скриени струјни кабли и жици и така случајно сечилото од ножиците да дојде во контакт со нив. u Не користете ги ножиците при невреме, особено кога постои опасност од грмотевици. Со тоа ќе ја намалите веројатноста да Ве удри гром. Дополнителни сигурносни напомени u Оваа машина не е наменета на личности (и деца) со ограничени физички, сензорни или душевни можности, со недостаток на искуство и знаење, освен ако не им се обезбедени соодветни инструкции или надзор за употреба на машината од страна на личност одговорна за нивната безбедност. Децата треба да бидат под надзор да не си играат со
u При работата, држете го електричниот апарат цврсто со двете дланки и стојте стабилно. Со електричниот апарат посигурно ќе управувате ако го држите со двете дланки. u Проверете дали сите штитници и рачки се монтирани на своето место кога го употребувате производот. Никогаш не работете со машина која не е целосно монтирана или на која се вршени недозволени преправки. u Подмачкувајте ја машината со спреј за подмачкување пред секоја употреба. u Почекајте додека електричниот апарат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. u Додека ја користите машината, во круг од најмалку 3метри не треба да има луѓе и животни. Ракувачот на машината е одговорен за безбедноста на трети лица во нејзината близина. u Никогаш не држете ја машината за сечилото. Bosch Power Tools F 016 L94 104 | (28.09.2020)134 | Македонски u Никогаш не дозволувајте им на деца и луѓе кои не се запознаени со овие инструкции да ја користат машината. Локалните прописи можат да ја ограничат возраста на ракувачот. u Не користете ја машината кога во близина има животни, луѓе, а особено деца. u Ракувачот е одговорен за штетата нанесена на други луѓе или имот. u Не користете ја машината боси или со отворени сандали. Носете крути обувки и долги пантолони. Се препорачува носење на заштитни ракавици, очила и обувки. Не носете лабава облека или накит, којшто може да биде заплеткан во подвижните делови. u Детално прегледајте ги растенијата коишто сакате да ги шишате и отстранете ги сите жици, кабли и други
u Секогаш пред употреба проверете да не е оштетено или истрошено сечилото, носачот на сечилото или склопката за сечење. Никогаш не работете со оштетено или истрошено сечило. u Дознајте како да ја запрете машината во итен случај. u Шишајте само по дневна светлина или под добро осветлување. u Никогаш ме употребувајте ги ножиците со расипани или немонтирани штитници. u Пред да почнете со шишање проверете да се монтирани сите рачки и штитници. Никогаш не работете со машина која не е целосно монтирана или на која се вршени недозволени преправки. u Никогаш не држете ги ножиците за сечилото. u Внимавајте при употребата на тримерот за жива ограда, и погрижете се да стоите на сигурна подлога и постојано одржувајте рамнотежа. u Обрнувајте внимание на околината и бидете свесни за евентуалните опасности кои не ги слушате поради бучавата на машината. u Проверувајте редовно дали се затегнати сите навртки, завртки и шрафови, за безбедна употреба на електричните ножици. u Чувајте ја машината на суво, затворено место, повисоко од подот и вон дофат на деца. u Поради безбедносни причини, веднаш заменете ги истрошените или оштетените делови. u Не обидувате се сами да го поправате овој производ, освен ако имате соодветна обука за тоа. u Секогаш користете Bosch оригинални резервни
u Со цел за заштита од контакт со подвижното сечило, тримерот е дизајниран со две рачки и на секоја од нив има прекинувач. За тримерот да се вклучи, двата прекинувачи мораат да се притиснат истовремено. Не употребувајте го уредот ако тој работи кога е притиснат само еден, или ниеден од двата прекинувачи. Електрична безбедност Предупредување: Пред чистење или редовно одржување, уредот исклучете го од електрично напојување. Истото важи и ако кабелот е оштетен, прекинат или сплеткан. Вашиот уред е со двојна изолација и не му е потребно заземјување. Работниот напон е 230VAC, 50Hz (за земји вон ЕУ 220V или 240V 50 Hz). Употребувајте само одобрени продолжни кабли. За подетални информации обратете се во Вашиот Бош сервис. За подобра безбедност користете резидуален уред (РЦД) кој се активира на отстапување од 30mA. Резидуалниот уред треба да се проверува пред секоја употреба Чувајте го напојниот и продолжниот кабел понастрана од подвижните делови, за да се избегне оштетување на кабелот и негов контакт со металните делови. Кабелските врски (приклучник и приклучница) треба да бидат суви и да не лежат на теренот. Напојниот и продолжниот кабел мора редовно да се проверуваат за евентуални оштетувања и да се користат само кога се во беспрекорна состојба. Ако напојниот кабел е оштетен, мора да се поправи од страна на овластен сервис на Бош. Употребете само одобрен продолжен кабел. Користете само продолжни кабли кои ги задоволуваат стандардите EN61242/ IEC61242 или IEC60884-2-7. Ако сакате да користите продолжен кабел при употреба на уредот, потребни ви се следните димензии на кабли: – Пресек 1,25mm
– Максимална должина 30m за продолжниот кабел или 60m за кабел на навој со ФИ-заштитна склопка Совет: Ако користите продолжен кабел, тој мора да биде заземјен преку напојната мрежа, во склад со важечките
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Несоодветните продолжни кабли можат да бидат опасни. Продолжниот кабел, утикачот и спојот со продолжниот кабел мораат да бидат водоотпорни.
Следните симболи се важни за читање и разбирање на упатството за употреба. Ве молиме проучете ги симболите и нивното значење. Точната интерпретација на симболите ќе ви помогне подобро и побезбедно да го користите уредот. Ознака Значење Носете заштитни ракавици Носете заштитни очила Правец на движење F 016 L94 104 | (28.09.2020) Bosch Power ToolsМакедонски | 135 Ознака Значење Правец на реакција
Исклучување CLICK! Чујна бучава Забранети акции Додатна опрема/резервни делови Опис на производот и неговата
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања и упатства. Непочитувањето на безбедносните предупредувања и упатства може да доведе до електричен удар, пожар и/или сериозни повреди. Видете ги илустрациите на крајот на упатството. Употреба со соодветна намена Електричните ножици се дизајнирани за шишање и поткастрување живи огради и грмушки во домашни
Вградени компоненти (види слики A и B) Нумерирањето на напишаните компоненти се однесува на приказот на уредот на страните со цртежи. (1) рачка (изолирана дршка) (2) Прекинувач за вклучување/исклучување (3) Брава на прекинувачот за вклучување / исклучување (4) Заштита за дланките (5)
во зависност од државата Технички податоци Тример за жива ограда EasyHedgeCut 45 EasyHedgeCut 46 EasyHedgeCut 50 EasyHedgeCut 55 Број на артикл 3600H47A.. 3600H47A06 3600H47B.. 3600H47C.. Номинална јачина W 420 420 450 450 Број на празни вртежи min
3400 3400 3400 1700/3400 Висина на шишање мм 450 450 500 550 Отвор на запците мм 16 16 16 16 Тежина согласно EPTA- Procedure 01:2014 кг 2,6 2,6 2,7 2,8 Заштитна класа / II / II / II / II Сериски број види ја плочката со податоци на апаратот Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. Информации за бучава/вибрации Навередната/-ните вкупна(и) вредност(и) на вибрации и наведената/-ните вредност(и) за емисија на бучавост(а) одредени се и измерени во склад со нормативен стандардизиран тест метод и може да се користат за меѓусебна споредба на електричниот алат со друг. Навередната/-ните вкупна(и) вредност(и) на вибрации и наведената/-ните вредност(и) за емисија на бучавост(а) исто така може да се користат за прелиминарна проценка на изложеноста. Бидејќи емисиите на вибрации и бучава за време на стварна употреба на електричниот алат можат да отстапуваат од наведените вредности, во зависност од начинот на кој се користи електричниот алат, а особено од тоа каков тип на работно парче се обработува; и - одтаму и потребата да се воспостават безбедносни мерки за заштита на операторот врз основа на проценка на изложеноста на вибрации за време на стварната употреба (и овде мора да се земат в предвид сите делови на работниот циклус, на пример, периодите кога електричниот алат е исклучен, но и периодите кога е вклучен, но работи без оптоварување). Утврдени вредности на емисија на бучава согласно EN 62841-4-2:2019 . Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува: Ниво на звучен притисок 75dB(A); ниво на звучна моќност 95dB(A). Несигурност К= 2,0 dB. Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрациите a
(векторски збир на три насоки) и несигурноста K дадени се во согласност со EN 62841-4-2:2019: Bosch Power Tools F 016 L94 104 | (28.09.2020)136 | Македонски
u Внимавајте на електричниот напон! Волтажата прикажана на натписната плочка мора да биде иста со волтажата на електричната мрежа. Вклучување и исклучување (видете ги сликите C и D) За вклучување притиснете го прво клучот за вклучување (3) и држете го притиснат. Потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) и држете го притиснат. За исклучување ослободете го клучот за вклучување (3) и потоа пуштете го прекинувачот за вклучување/ исклучување (2) . Работа со ножиците за кастрење (види сликa
Рамномерно движете ги ножиците во правецот на сечење. Двостраните сечила овозможуваат косење во двете насоки или со цик-цак движења. Прво кастрете ги страните на оградата, а потоа горниот
За да добиете прави страни, препорачуваме косење во правецот а растење оддолу нагоре. Ако косите одгоре надолу, ги мрдате тенките гранки нанадвор, па можат да се јават дупки или длапки. За на крај и горниот раб да го искосите рамномерно, затегнете по целата должина на оградата конец на саканата висина. Внимавајте да не пресечете други предмети, како на пример жици. Може да се оштети сечилото или моторот
Отстранување грешки Симптом Можна причина Помош Ножиците не работат Нема снабдување со струја Проверете и вклучете Утикачот е неисправен Користете друг утикач Струјниот кабел е оштетен Проверете го струјниот кабел и, ако е оштетен. обратете се во Службата за корисници Продолжниот кабел е оштетен Проверете го продолжниот кабел и ако е оштетен, заменете го Прегорен осигурувач Заменете го осигурувачот Машината работи со
Неисправни внатрешни инсталации во уредот Побарајте помош од сервис Прекинувачот е расипан Побарајте помош од сервис Моторот работи но сечилото мирува Внатрешна грешка Побарајте помош од сервис Сечилото е тапо Tапо сечило Наострете го сечилото Сечилото има рецки Дадете го сечилото на преглед Преголемо триење поради недостаток на подмачкување Подмачкајте со спреј за подмачкување Јаки вибрации/
Машината е расипана Побарајте помош од сервис Одржување и сервис Одржување, чистење и чување u Пред било какви интервенции уредот исклучете го од напојување. u Одржувајте го уредот чист, за да обезбедите добра и безбедна работа. Не редете други предмети врз уредот. Одржувајте ги уредот и отворите за проветрување чисти, за да функционираат добро и безбедно. Никогаш не прскајте го уредот со вода. Никогаш не потопувајте го уредот во вода. Уредот складирајте го на безбедно, суво место вон допир
Не редете други предмети врз уредот. Проверете сите навртки, подлошки и завртки да се цврсто прицврстени со цел за безбедна работа со уредот. F 016 L94 104 | (28.09.2020) Bosch Power ToolsSrpski | 137 Редовно прегледувајте го уредот и заменувајте ги веднаш оштетените или изабените делови. Секогаш користете Bosch оригинални резервни делови. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Тример за жива ограда Број на дел/артикл
Notice-Facile