DREMEL 2050 Stylo+ - Мултифункционални алати

2050 Stylo+ - Мултифункционални алати DREMEL - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 2050 Stylo+ DREMEL во PDF формат.

📄 168 страници Македонски MK 💬 AI прашање ⚙️ Спецификации
Notice DREMEL 2050 Stylo+ - page 146
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : DREMEL

Модел : 2050 Stylo+

Категорија : Мултифункционални алати

SKIP

Frequently Asked Questions - 2050 Stylo+ DREMEL

Преземете ги упатствата за вашиот Мултифункционални алати во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 2050 Stylo+ - DREMEL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 2050 Stylo+ на марката DREMEL.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 2050 Stylo+ DREMEL

Оригинална EU-изјава за сообразност Мала ротациона алатка Број на артикл Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај:

7. Окрените алат ручно и проверите да ли има

  • Дрво треба да се сече при великој брзини.
  • Гвожђе или челик треба да се секу при великој

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА И СИТЕ УПАТСТВА Ако не се следат предупредувањата и упатствата, може да дојде до струен удар, пожар и/или сериозна повреда. Чувајте ги сите предупредувања и упатства за идно користење. Изразот „електричен алат“ во предупредувањата се однесува на електричниот алат кој се приклучува на електрична мрежа (со кабел) или на електричен алат со батерија (без кабел). БЕЗБЕДНОСТ НА РАБОТНИОТ ПРОСТОР a. Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Неуредните и темни работни простори можат да предизвикаат незгоди.b. Не работете со електричниот алат во експлозивна средина, како на пр. во близина на запалливи течности, гасови или прашина. Електричните алати прават искри кои можат да ја запалат прашината или пареата.c. Додека работите со електричниот алат, оддалечете ги децата и другите лица. Невниманието може да биде причина за губење на контролата. 145ЕЛЕКТРИЧНА БЕЗБЕДНОСТ a. Приклучницата на алатот мора да одговара на штекерот. Никогаш и на никаков начин немојте да ја модифицирате приклучницата. Немојте да користите адаптери на штекер со заземjени електрични алати. Оригиналните приклучници и соодветните штекери го намалуваат ризикот од електричен шок. b. Избегнувајте физички контакт со заземјените површини, какви што се цевки, радијатори, шпорети и фрижидери. Ризикот од електричен шок е зголемен ако Вашето тело е заземјено. c. Не изложувајте го алатот на дожд или влажни услови. Водата што ќе продре во електричниот алат ќе го зголеми ризикот од електричен шок. d. Немојте да го злоупотребувате кабелот. Кабелот никогаш не користете го за носење, влечење или за исклучување на електричниот алат. Држете го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови и подвижни делови. Оштетените или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од електричен шок. e. Кога работите со електричниот алат надвор, користете продолжен кабел кој е погоден за надворешна употреба. Користењето на кабел кој е погоден за надворешна употреба го намалува ризикот од електричен шок. f. Ако работењето со електричен алат на влажна локација не може да се избегне, користете oосигурувач со диференцијална струјна заштита (RCD - residual current device). Користењето осигурувач со диференцијална струјна заштита при дефект го намалува ризикот од електричен

ЛИЧНА БЕЗБЕДНОСТ a. Бидете внимателни, внимавајте што правите и користете здрав разум додека ракувате со електрични алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекарства. Само еден момент на невнимание додека ракувате со електричен алат може да доведе до сериозни телесни повреди. b. Користете опрема за лична заштита. Секогаш носете заштита за очите. Заштитната опрема, како на пр. маска против прашина, нелизгачки заштитни чевли, заштитен шлем или заштита за ушите, која се користи во соодветни услови, ќе ја намали можноста од повреди на лицата. c. Избегнувајте случајно вклучување. Уверете се дека прекинувачот е во исклучена положба „o󰀨“ пред да го приклучите на електрична мрежа и/ или батерија. Носењето на електричниот алат со прстот на прекинувачот или приклучувањето на електричниот алат додека прекинувачот е во положба „on“ може да предизвика несреќа. d. Отстранете ги сите средства за подесување и сите клучеви пред да го вклучите електричниот алат. Ако оставите клуч или средство за подесување прикачени на некој ротационен дел од електричниот алат, тоа може доведе до телесна

e. Не пресегнувајте се премногу. За сето време одржувајте стабилна положба и рамнотежа. Тоа Ви овозможува подобра контрола над електричниот алат во неочекувани ситуации. f. Носете прописна облека. Немојте да носите широка облека или накит. Косата, облеката и нараквиците држете ги понастрана од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса можат да се заплеткаат меѓу подвижните делови. g. Ако на уредите е прикачен вшмукувач на прашина, проверете дали се добро споени и дали правилно се користат. Користењето собирач на прашина може да ги намали опасностите предизвикани од прашина. КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНИОТ

a. Немојте да го форсирате електричниот алат. Користете соодветен електричен алат кој е потребен за Вашата дадена ситуација. Со соодветниот електричен алат подобро и побезбедно ќе ја завршите работата за која е дизајниран. b. Немојте да го користите електричниот алат доколку не работи прекинувачот on/o󰀨. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со помош на прекинувач, е опасен и мора да се поправи. c. Исклучете ја приклучницата од штекерот и/ или батеријата од електричниот алат пред да правите било какви подесувања, пред да го менувате приборот или пред да го одложите алатот. Ваквите превентивни мерки на безбедност го смалуваат ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. d. Чувајте го алатот подалеку од дофатот на деца и не дозволувајте им на лицата кои не се упатени во алатот или во овие упатства да ракуваат со алатот. Електричните алати можат да бидат опасни во рацете на корисници кои не се обучени. e. Одржувајте ги електричните алати. Проверете дали спојните или подвижните делови се добро нагодени, дали деловите се во исправна состојба, и сите други услови кои би можеле да влијаат врз работата со електричниот алат. Ако алатот е оштетен, дајте го на поправка пред повторната употреба. Многу несреќи биле предизвикани од лошо одржуван електричен алат. f. Алатот за сечење одржувајте го остар и чист. Кога правилно се одржува алатот за сечење со остри рабови за сечење, помала е веројатноста тој да се заглави и полесно се контролира. g. Електричниот алат, приборот и бургиите користете ги во согласност со овие упатства, земајќи ги предвид работните услови и работата што треба да се заврши. Употребата на електричниот алат за работи коишто тој не е предвиден, може да предизвика опасни ситуации.

a. Вашиот електричен алат нека го сервисира квалификуван сервисер со користење само на идентични резервни делови. На овој начин ќе се обезбеди одржување на сигурноста на електричниот алат. БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА СИТЕ ВИДОВИ ОПЕРАЦИИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА КОИ СЕ ВООБИЧАЕНИ ЗА БРУСЕЊЕ, ШМИРГЛАЊЕ, ЧЕТКАЊЕ СО ЖИЦА, ПОЛИРАЊЕ, РЕЗБАЊЕ ИЛИ АБРАЗИВНО СЕЧЕЊЕ a. Овој електричен алат е наменет за употреба при глодање, брусење, работење со жичена четка, полирање или сечење. Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, упатства, илустрации и спецификации кои се приложени со овој алат. Доколку не се почитуваат сите 146долунаведени упатства, може да дојде до електричен шок, пожар и/или сериозни повреди. b. Не користете прибор кој не е специјално дизајниран и препорачан од страна на производителот на алатот. Самото тоа што на Вашиот алат може да се приклучи прибор не значи дека е осигурено и безбедно работење. c. Номиналната брзина на приборот за брусење мора да биде поголема или еднаква на максималната брзина што е означена на алатот. Приборот за брусење кој работи со брзина поголема од неговата номинална брзина, може да се скрши и да се разлета. d. Надворешнот пречник и дебелината на Вашиот прибор мора да бидат во рамките на капацитетот на Вашиот електричен алат. Приборот со неисправна големина не може да соодветно да се контролира. e. Големината на вретеното на шајбната, на добошите за брусење или на кој и да е друг прибор мора да се фаќа на вретеното или стезната глава на електричниот алат. Приборот кој не одговара на вретеното на електричниот алат ќе се врти ексцентрично, додатно ќе вибрира и може да предизвика губење на контролата. f. Шајбните кои се монтираат на осовинката, добошите за брусење, секачите или другиот прибор мора да бидат целосно вметнати во стезната глава или прстен. Доколку осовинката е недоволно прицврстена и/или пак испустот на шајбната е предолг, монтираната шајбна може да се олабави и да испадне при висока брзина. g. Немојте да користите оштетен прибор. Пред секоја употреба проверете дали на приборот, како што е брусната плоча или брусната подлога, има пукнатинки или ломови и дали се прекумерно изабени, дали на жичената четка има лабави или искршени жици. Ако електричниот алат или приборот Ви паднале, проверете дали има оштетувања или монтирајте неоштетен прибор. По прегледувањето и монтирањето на приборот, тргнете ја од себе и од останатите присутни лица површината на ротациониот прибор и во траење од една минута вклучете го електричниот алат да работи со максимален број на вртежи. Оштетениот прибор обично ќе се скрши во текот на ова тестирање. h. Носете опрема за лична заштита. Во зависност од уредот, користете заштита за лицето, заштита за очите или заштитни очила. Ако е потребно, носете маска против прашина, заштита за ушите, ракавици и работна престилка која може да заштити од мали честички или отпадоци од брусење. Заштитата за очи мора да штити од разлетаните честички кои настануваат при различни операции. Маската за прашина или респираторната маска мора да бидат во можност да заштитат од разлетаните честички кои настануваат при Вашето работење. Доколку подолготрајно сте изложени на висока бучава, тоа може да предизвика губење на слухот.

i. Лицата кои се наоѓаат во близина нека стојат на

доволна оддалеченост од работниот простор. Лицата што ќе останат во Вашиот работен простор мора да носат опрема за лична заштита. Честички од работниот предмет или од скршениот прибор можат да летаат наоколу и да предизвикаат повреда надвор од непосредниот работен простор. j. Електричниот алат држете го само за изолирани површини за држење, кога извршувате работи при кои додатоците за сечење може да дојдат во контакт со скриени електрични водови или со сопствениот напоен кабел. Опремата за сечење која ќе дојде во допир со жица под напон, може да предизвика изложените метални делови од електричниот алат да дојдат под напон и да предизвика електричен шок за операторот. k. Алатот секогаш држете го цврсто во рацете при стартувањето. Реакцијата на вртежниот момент на моторот, додека се забрзува до полна брзина, може да предизвика алатката да се изврти. l. Секогаш кога е можно, користете штипалки за да го прицврстите обработуваното парче. Никогаш не држете мало обработувано парче во едната рака, а алатот во другата, додека е во употреба. Ако го прицврстите малото обработувано парче, тоа ќе Ви овозможи да ги користите рацете за да ја контролирате алатката. Тркалезниот материјал, како што се шипки со типли или цевки имаат тенденција да се виткаат додека ги сечете, па може да предизвикаат бургијата да се извитка или да искокне кон Вас. m. Држете го кабелот настрана од приборот кој се ротира. Ако изгубите контрола, кабелот може да се пресече или да се заплетка, а ротациониот прибор може да ви ја повлече дланката или

n. Никогаш не спуштајте го електричниот алат додека движењето на приборот целосно не запре. Ротирачкиот прибор може да ја зафати површината на која го одлагате, а Вие да изгубите контрола над електричниот алат. o. Откако ќе смените бургија или ќе направите било какво дотерување, проверете дали стезната чаура стезната глава или кој и да е друг дел за подесување е безбедно прицврстен. Лабавите делови за подесување можат неочекувано да се слизнат и да предизвикуваат губење на контролата, а слободно ротирачките компоненти сосила ќе бидат исфрлени. p. Никогаш не вклучувајте го електричниот алат додека го носите. Случајниот контакт со ротациониот прибор би можел да Ви ја зафати облеката, а некој дел од приборот би можел да Ви се зарие во телото. q. Редовно чистете ги отворите за вентилација на Вашиот електричен алат. Вентилаторот на моторот ја привлекува прашината во внатрешноста на куќиштето, и прекумерното насобирање на метален прав може да предизвика електрична опасност. r. Немојте да ракувате со електричниот алат во близина на запалливи материи. Искрите би можеле да ги запалат тие материјали. s. Немојте да користите прибор кој изискува течни средства за ладење. Користењето вода или други течности за ладење може да предизвика електричен шок. ПОВРАТЕН УДАР И СООДВЕТНИ ПРЕДУПРЕДУВAЊА Повратниот удар е ненадејна реакција поради блокирана или заглавена брусна плоча, брусна лента, четка или некој друг прибор. Заглавувањето или блокирањето предизвикува брзо придушување на ротирачкиот прибор кое, пак, предизвикува неконтролираната електрична алатка да биде присилена во правец спротивен од правецот на вртење на приборот. На пример, ако брусната плоча се блокира или заглави во некое работно парче, работ на брусната плоча која се заглавила во работното парче може да се зарие во површината на материјалот и да предизвика испаѓање 147на плочата или повратен удар. Брусната плоча може да отскокне кон или одкај лицето кое ракува со алатот, зависно од правецот на вртење на брусната плоча на местото на блокирање. Брусната плоча може и да се искрши под вакви околности. Повратниот удар е последица на погрешна употреба на електричниот алат и/или неисправно работење или услови, и може да се избегне ако се преземат соодветните долунаведени мерки на претпазливост. a. Електричниот алат држете го цврсто и Вашето тело нека биде во положба во која е во состојба да им се спротивстави на силите на повратниот удар. Оператерот може да го контролира повратниот удар доколку се преземат исправни мерки на претпазливост. b. Бидете посебно внимателни кога работите на агли, остри рабови и сл. Избегнувајте одбивање или блокирање на приборот. Аглите, острите рабови или одбивањето на приборот доведуваат до блокирање на ротациониот прибор и тоа може да предизвика губење на контролата или повратен удар. c. Немојте да приклучувате лист од назабена пила. Таквите продолжетоци честопати предизвикуваат повратен удар и доведуваат до губење на контролата. d. Бургијата секогаш ставајте ја во материјалот во истиот правец како остриот крај кој излегува од материјалот (кое е во истиот правец во кој паѓаат отпадните иверки). Ако алатот врти во погрешен правец, тоа ќе предизвика остриот крај од бургијата да излезе од работа и ќе го повлече алатот во овој правец. e. Кога користите ротациона пила, шајбни за сечење, високобрзински секачи или секачи од волфрам и тврд метал, обработуваното парче секогаш нека биде безбедно прицврстено. Овие шајбни ќе се заглават ако се ставени лабаво во жлебот и може да има повратен удар. Ако шајбната за сечење се заглави, самата шајбна обично ќе се скрши. Кога ротациската турпија, високобрзинскиот секач или секачот од волфрам или од тврд метал ќе се заглават, тие можат да испаднат од жлебот, а Вие може да ја изгубите контролата над алатката. БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО ВРСКА СО БРУСЕЊЕТО И АБРАЗИВНОТО СЕЧЕЊЕ a. Користете само шајбни кои се препорачани за Вашиот електричен алат и само за препорачани намени. На пример: немојте да брусите со бочната страна од брусната плоча. Абразивните плочи за сечење се предвидени за периферно брусење, а бочната примена на сила врз брусната плоча може да предизвика тие да се се скршат. b. За навојни абразивни конуси и приклучоци користете само неоштетени шајбни со осовинки со необработени прирабници кои се со исправна големина и должина. Исправните осовинки ќе ја намалат можноста за кршење. c. Избегнувајте да ја заглавувате плочата за сечење или да применувате премногу голем притисок. Не обидувајте се да правите премногу длабоко сечење. Преоптоварувањето на брусната плоча го зголемува напрегањето и уште повеќе ја искривува или блокира плочата, како и можноста за повратен удар или кршење на плочата. d. Не доведувајте го Вашето тело во положба пред или зад ротирачката шајбна плоча. Ако плочата на местото на работење се движи од Вашето тело нанапред, во случај на повратен удар, електричниот алат со ротирачката шајбна може да отскокне директно кон Вас. e. Ако брусната плоча се заглави и иако од било која причина престанете со работата, исклучете го алатот и држете го мирно сè додека брусната плоча целосно не се смири. Никогаш не обидувајте се да ја извадите плочата за сечење од работното парче додека брусната плоча сè уште се врти, бидејќи во спротивно може да дојде до повратен удар. Проверете и отстранете ја причината за заглавување или блокирање на шајбната. f. Немојте повторно да го вклучувате алатот за сечење додека тој се наоѓа во работното парче. Брусната плоча нека ја достигне својата полна брзина и потоа внимателно продолжете со сечењето. Брусната плоча може да се заглави, да отскокне или да предизвика повратен удар доколку алатот повторно се вклучи додека е на работното парче. g. Потпрете ги плочите или големите работни парчиња за да го намалите ризикот од блокирање на брусната плоча и од повратен удар. Големите работни парчиња можат да се свиткаат под својата сопствена тежина. Мора да се стават потпирки под работното парче во близина на работ на работното парче од двете страни на брусната плоча. h. Бидете посебно претпазливи кога правите засечување во веќе постоечките ѕидови или во некои други непрегледни подрачја. Плочите за сечење можат да ги пресечат гасоводните или водоводните цевки, електричните инсталации или некои други предмети и така да предизвикаат повратен удар. БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО ВРСКА СО ЖИЧЕНИТЕ ЧЕТКИ a. Имајте предвид дека жичените четки и во текот на вообичаената употреба губат парчиња од жицата. Не ги преоптоварувајте жиците со прекумерно притискање врз четката. Парченцата од жица можат лесно да продрат низ тенката облека и/или да продрат до кожата. b. Дозволете ù на четкичката да работи со работна брзина барем една минута пред да ја користите. За ова време, никој не треба да стои пред или покрај четкичката. При ова воведно стартување, ќе бидат исфрлени лабавите влакна или жички. c. Отпадоците од ротирачката жичена четка насочете ги спротивно од Вас. Малите честички и ситните делчиња од жицата може да бидат исфрлени под голема брзина за време на употребата на овие четки и може да Ви се забоднат во кожата. d. Немојте да пречекорувате 15.000 врт./мин. кога користите жичени четки

  • ПРЕЗЕМЕТЕ ЗАШТИТНИ МЕРКИ АКО ВО ТЕКОТ НА РАБОТАТА СЕ СОЗДАДЕ ПРАШИНА КОЈА Е ШТЕТНА ПО ЗДРАВЈЕТО, ЗАПАЛЛИВА ИЛИ ЕКСПЛОЗИВНА (некои видови прашина се сметаат за канцерогени); носете заштитна маска против прашина и користете правосмукалка за отпадоци, ако може да се приклучи 148СПЕЦИФИКАЦИИ Број на моделот p. 2050
  • Напон p. 100
  • -240 V, 50-60Hz, 18 Vdc, 0,5A Брзина p. 22
  • ,000/min Капацитет на главата за стегање ∅ p. 0
  • ,8-3,2 mm Капацитет на чаурата за стегање ∅ p. 3
  • .2 mm Макс. прибор ∅ p. 38
  • .1 mm Тежина ,1 kg Користете потполно одмотани и сигурни продолжени кабли со капацитет од 5 ампера. Секогаш проверете дали напонот е ист како напонот што е наведен на плочката од алатот. p. 0

A. Копче за вклучување/исклучување B. Копче за поставување на брзината C. Отвори за вентилирање D. Копче за заклучување на осовината E. Глава за стегање Dremel F. Навртка на стезната чаура G. Чаура за стегање (3.2 mm) H. Клуч

J. DC-гнездо K. Адаптер за напојување

СЕКОГАШ ОТКАЧУВАЈТЕ ГО АЛАТОТ ОД НАПОЈУВАЊЕТО ПРЕД ДА МЕНУВАТЕ ДОДАТОЦИ Користете само Dremel алат кој е тестиран и кој е високо продуктивен. Не заборавајте да ги прочитате упатствата добиени со додатоците Dremel, за дополнителни информации за нивното користење. Внимателно ракувајте и чувајте ги додатоците за да избегнете поткршување и напукнување. МЕНУВАЊЕ НА ПРИБОРОТ

1. Притиснете го копчето за блокирање на осовината

и вртете ја осовината со рака додека копчето не ја блокира осовината. Да не се забравува оската додека алатот работи.

2. Со забравена оска, олабавете ја (но не вадете ја)

навртката на чаурата за стегање. Ако е потребно, употребете клуч за стезната чаура.

3. Целосно ставете ја бургијата или вретеното од

приборот во стезната чаура.

4. Со забравена оска, затегнете ја навртката на

чаурата за стегање. ГЛАВА ЗА СТЕГАЊЕ DREMEL Главата за стегање Dremel ви овозможува брзо и лесно да ги менувате додатоците на алатите Dremel без да ги менувате чаурите за стегање. Користи прибор со осовина од 0,8 – 3,2 mm. За да ја разлабавите, притиснете го копчето за забравување на оската и вртете ја оската со рака додека копчето не ја забрави оската. Да не се забравува оската додека алатот работи. Кога оската е забравена, користете клуч за да ја разлабавите главата за стегање и да ги отворите

Извадете го приборот од стезната глава. Доколку е потребно, продолжете да ја разлабавувате стезната глава за новиот прибор да влезе во стегите. Ставете го новиот додаток во главата за стегање доволно длабоко така што да има околу 6 mm помеѓу крајот на главата за стегање и почетокот на работниот дел на додатокот. Со забравена оска, затегнете ја главата за стегање со помош на клуч за да го прицврстите додатокот. СОВЕТИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СТЕЗНАТА ГЛАВА DREMEL

  • Стезната глава „Dremel“ и стезната чаура и системот на завртки за стезната чаура се заменливи делови на овој алат. Стезната глава ќе ви помогне лесно да ги менувате приборите, а стезната чаура и завртката за стезната чаура ќе ви овозможат прецизно држење на место на приборот, особено во случај кога има големо странично оптоварување
  • Доколку забележите дека додатокот пролизгува во главата за стегање, со помош приложениот клуч затегнете ја главата за стегање околу додатокот. Доколку и понатаму доаѓа до лизгање, обидете се со стезната чаура и завртката за стезната чаура.
  • Стегите на главата за стегање може да се изместат поради што додатокот веќе не се врти правилно и концентрично (фрла). За повторно да ги наместите стегите, следете ги следните чекори:

1. Извадете го приборот од стезната глава.

2. Исчистете ја главата за стегање.

3. Притиснете на копчето за заклучување на

осовината и затегнувајте ја стезната глава сè додека стегите не се рашират, приближно 3 mm.

4. Цврсто притиснете го крајот на главата за стегање

на тврда рамна површина за да се осигурите дека сите стегите се поставени аксијално

додека стегите не се затворат целосно.

6. Разлабавете ја стезната глава и повторно ставете го

приборот сосема право.

7. Рачно вртете го алатот и внимавајте дали има

некакво фрлање. Доколку очигледно има некакво изместување, повторете ја постапката.

8. Со забравена оска, затегнете ја главата за

стегање со помош на клуч за да го прицврстите

9. Завртете го алатот на најмала брзина и проверете

дали има некакво изместување. Доколку очигледно има некакво изместување, проверете дали приборот е поставен право, па повторете ја постапката. ПРИБОР ЗА БАЛАНСИРАЊЕ За прецизно работење, важно е целиот прибор да биде во добра рамнотежа (исто како кај пневматиците на Вашиот автомобил). За нагодување или балансирање на додатокот, малку олабавете ја главата за стегање или навртката на чаурата за стегање и завртете го додатокот или чаурата за стегање за 1/4 круг. Повторно стегнете ја главата за стегање или навртката на чаурата за стегање и вклучете го вртливиот алат. Врз основа на звукот и осетот, треба да сте во состојба да кажете дали Вашиот прибор работи избалансирано. Продолжете со ваквото дотерување сè додека не го постигнете најдобриот баланс.

Првиот чекор во користењето на мултифункцоналниот алат е да го „почувствувате“ в рака. Земете го в рака и 149проценете ја неговата тежина и баланс. Почувствувајте го конусот на куќиштето. Овој облик овозможува алатот да го држите како пенкало или молив. ВАЖНО! Првин вежбајте на некој отпадок од материјалот за да видите како работи алатот при големи брзини. Имајте на ум дека Вашиот мултифункционален алат најдобро ќе работи при дозволена брзина, во комбинација со исправниот Dremel прибор и приклучоци. Ако е можно, немојте да го притискате алатот за време на користењето. Наместо тоа, полека спуштете го ротациониот прибор на работната површина на местото на което сакате да почнете со работа. Концентрирајте се на тоа алатот да го водите по работното парче користејќи многу мал притисок со раката. Дозволете му на приборот да си ја изврши својата работа. Обично е подобро работата да се изврши со алатот во повеќе фази, отколку да ја завршите целата работа со едно поминување. Нежниот допир Ви овозможува најдобра контрола и ја смалува можноста од правење

ДРЖЕЊЕ НА АЛАТОТ Алатот секогаш држете го свртен настрана од Вашето лице. Приборот може да се оштети за време на ракувањето и може да се распадне на парчиња при голема брзина. Кога го држите алатот, немојте со раката да ги покривате отворите за вентилација. Блокирањето на отворите за вентилација може да предизвика прегревање на моторот. За најдобра контрола кај деталните работи држете го мултифункционалниот алат во раката како пенкало помеѓу палецот и показалецот.

ON/OFF (ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО) Користете го само адаптерот за напојување 2610Z09729 (EU) и 2610Z09734 (UK) испорачан со

Ставете го DC-приклучокот на алатот во DC-гнездото на адаптерот за напојување. Приклучете го адаптерот за напојување во мрежен

ЗА ДА ГО ВКЛУЧИТЕ АЛАТОТ притиснете го и пуштете го синото копче за вклучување/исклучување. ЗА ДА ГО ИСКЛУЧИТЕ АЛАТОТ притиснете го и пуштете го синото копче за вклучување/исклучување. КОПЧЕ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА БРЗИНАТА

Вашиот алат е опремен со копче за поставување на брзината. Брзината може да се нагодува во текот на работата со поставување на копчето на или помеѓу кои било поставки. За да ја изберете соодветната брзина за секој вид работа, користете парче од материјалот за вежбање. РАБОТНИ БРЗИНИ Погледнете ја табелата на стр. 7 за да ја одредите соодветната брзина за материјалот на кој ќе работите и додатокот што ќе го користите. Немојте да пречекорувате 15.000 врт./мин. кога користите жичени четки. Повеќето операции можат да се извршат ако алатот го подесите на највисок степен. Меѓутоа, извесни материјали (некои видови пластика и метали) можат да се оштетат бидејќи високата брзина се ослободува топлина, и мораат да се обработуваат со релативно мали брзини. Работењето со мали брзини (15.000 врт./ мин. или помалку) обично е најдобро за полирање со прибор за полирање со филц. Сите работи на четкање вршете ги со помали брзини за да го спречите испаѓање на парчиња жица од лежиштето на четката. Дозволете му на алатот да ја завршат работата за Вас кога користите помала брзина. Повисоките брзини се посоодветни за тврдо дрво, метал и стакло, како и за дупчење, резбање, сечење, гравирање и врежување жлебови во дрво. Некои упатства во врска со брзината на алатот:

  • Пластиката и останатите материјали кои се топат на ниски температури, треба да се режат при ниски
  • Полирањето, гланцањето и чистењето со жичена четка мора да се прави при брзини кои не се поголеми од 15.000 врт./мин., за да се спречи оштетувањето на четката и на вашиот материјал.
  • Дрвото треба да се сече со висок број на вртежи.
  • Железото или челикот треба да се сечат со висок број на вртежи.
  • Доколку ножот од брзорезен челик почне да вибрира, тоа обично значи дека работи со премал број на вртежи.
  • Aлуминиум, легури од бакар, од олово, цинк и калај може да се сечат при различни брзини, во зависност од видот на сечењето. Користете парафин (не вода) или друго соодветно средство за подмачкување на ножот, за да спречите сечениот материјал да се лепи на запците од ножот. НАПОМЕНА: Не е добро да го зголемувате притисокот врз алатот ако алатот не работи исправно. Обидете се со друг прибор или со подесување на друга брзина за да го постигнете саканиот резултат. ОДРЖУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ

ВНАТРЕ НЕМА ДЕЛОВИ ШТО МОЖЕ ДА ГИ СЕРВИСИРА КОРИСНИКОТ. ПРЕВЕНТИВНОТО ОДРЖУВАЊЕ ШТО ГО ВРШАТ НЕОВЛАСТЕНИ ЛИЦА МОЖЕ ДА ИМА ЗА РЕЗУЛТАТ НЕИСПРАВНО ПОВРЗУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИТЕ ЖИЦИ И КОМПОНЕНТИ,КОЕ, ПАК, МОЖЕ ДА ПРЕДИЗИВКА СЕРИОЗНИ ОПАСНОСТИ. Алатот најдобро се чисти со сув компримиран воздух. Секогаш носете заштитни очила кога ги чистите алатките со компримиран водух.

ЗА ДА СЕ ИЗБЕГНАТ НЕСРЕЌИ, ПРЕД ЧИСТЕЊЕ СЕКОГАШ ИСКЛУЧУВАЈТЕ ГО ЕЛЕКТРИЧНИОТ АЛАТ И/ИЛИ ПОЛНАЧОТ ОД ИЗВОРОТ НА СТРУЈА Отворите за вентилација и прекинувачите мора да се одржуваат чисти и без туѓи материи. Не обидувајте се да го чистите алатот со пикање на остри предмети низ

ОДРЕДЕНИ СРЕДСТВА ЗА ЧИСТЕЊЕ И РАСТВОРУВАЧИ МОЖАТ ДА ГИ ОШТЕТАТ ПЛАСТИЧНИТЕ ДЕЛОВИ. Некои од нив се: бензин, јаглероден тетрахлор, хлорирани раствори за чистење, амонијак и детергенти за домаќинството кои содржат

СЕРВИС И ГАРАНЦИЈА Ние Ви препорачување сервисирањето на сите алати да се врши во сервисите на Dremel. Овој продукт на Dremel има гаранција во склад со одредбите пропишани со закон/специфични за земјата; оштетувањата поради нормалното користење и абење, преоптоварување или непрописно користење се изземени од гаранцијата. 150Во случај на рекламација, алатот и/или полначот испратете ги до вашиот дистрибутер во нерасклопена состојба, заедно со доказот за купување. КОНТАКТ СО DREMEL За повеќе информации во врска со сервисирањето и гаранцијата, асортиманот на фирмата Dremel, поддршка и телефонски број посетете нè на www.dremel.com. БУЧАВОСТ И ВИБРАЦИИ Ниво на звучен притисок (стандардно отстапување 3dB) dB(A) <70,0Вибрации (троосен векторски збир) m/s <2,5Непредвидливост на вибрации K m/s

1,5 НАПОМЕНА: Наведената вкупна вредност на вибрациите е измерена во согласност со стандардниот метод на тестирање и може да се користи за споредување на еден алат со друг. Исто така може да се користи и во прелиминарната проценка на изложеност.Емисијата на вибрации за време на стварната употреба на електричниот алат може да се разликува од наведената вкупна вредност, во зависност од начинот на кој го користите алатот. Направете процена на изложеноста во стварни услови на употреба и идентификувајте ги соодветните безбедносни мерки за лична заштита (земете ги предвид сите делови од работниот циклус, како што е времето кога алатот е исклучен и кога работи во празен ôд, освен времето на активирање). ОТСТРАНУВАЊЕ НА ОТПАДОТ Алатот, приборот и амбалажата треба да се сортираат заради еколошки поволното рециклирање. САМО ЗА ЗЕМЈИТЕ ОД ЕУ

Според Европската регулатива 2012/19/ЕU за електрични и електронски уреди и нивната имплементација во националното право, електричните алати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето поради можното присуство на опасни материи.