Ferm PDM1050P - Електрична дупчалка

PDM1050P - Електрична дупчалка Ferm - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот PDM1050P Ferm во PDF формат.

📄 104 страници PDF ⬇️ Македонски MK 💬 AI прашање 🖨️ Печати
Notice Ferm PDM1050P - page 94
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : Ferm

Модел : PDM1050P

Категорија : Електрична дупчалка

Преземете ги упатствата за вашиот Електрична дупчалка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник PDM1050P - Ferm и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. PDM1050P на марката Ferm.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК PDM1050P Ferm

УДАРНА ДУПЧАЛКА PDM1050P Благодариме за купувањето на овој FERM производ. Со тоа имате одличен производ, испорачан од еден од водечките добавувачи во

Сите производи доставени од страна на FERM се произведени според највисоките стандарди на перформанси и безбедност. Како дел од нашата филозофија е обезбедување на одличен срвис за клиентите, со поддршка со нашите сеопфатни гаранции. Се надеваме дека ќе уживате користејќи го овој производ многу наредни години.

1. ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги приложените, дополнителните безбедносни предупредувања и упатствата. Погрешното следење на безбедносните преупредувања и упатствата може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Чувајте ги безбедносните преупредувања и упатствата за да можете повротно да ги прочитате. Следните симболи се користат во упатствата или на производот: Прочитај го упатството. Ризик од повреди. Ризик од струен удар Веднаш извадете ја приклучницата од струја ако кабелот е оштетен како и за време на чистење и одржување. Носете заштитни очила. Носете заштита за слухот. Носете маска за заштита од прашина. Двојна изолација Не го депонирајте производот во несоодветни садови. Производот е во согласност со важечките стандарди за безбедност во Европските смерници. ДОПОЛНИТЕЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА УДАРНА ДУПЧАЛКА Носете заштита за ушите кога дупчите ударно. Изложувањето на бучава го оштетува слухот. Користете ја дополнителната дршка, ако е испорачанa. Губење контрола врз алатот води кон повреди. Електричниот алат да го држите за изолираните дршки, ако се изведуваат работи кај кои резниот алат може да дојде во контакт со скриени жици или со сопствениот кабел. Со пресекување на „жива” жица и металните делови од електричниот алат стануваат „живи” и ќе предизвикаат струен удар кај ракувачот. Електрична безбедност При користење на електрични машини почитувајте ги безбедносните правила во вашата земја, за да го намалите ризикот од пожар, струен удар и повреди. Прочитајте ги следните безбедносни упатства и приложените безбедносни упатства. Секогаш проверувајте дали напонот на напојувањето одговара на наведениот напон на плочката. Класа на машина II- Двојна изолација - Не ви е потребен приклучок за заземјување. Ако не може да се избегне работење со електричниот алат во влажна средина, користете резидуален моментен уред (RCD) со заштитен напон. Користење на RCD го намалува ризикот од струен удар.95

Ударната дупчалка е конструирана за дупчење во дрво, метал и пластика и за ударно дупчење во цигла и бетон. Технички податоци Мрежен напон 220-240 V~ Номинална фреквенција 50 Hz Влезна моќност 710W Брзина без оптеретување 0-3.200 /min Број на удари 0-51.200 /min Max. големина на футер 13 mm Max. пречник на дупчење Дрво 25 mm Бетон 13 mm Челик 10 mm Тежина 2.30 kg Вредност на бучава Звучен притисок (LPA) 91.8 + 3 dB(A) Акустична моќност (LWA) 102.8 + 3 dB(A) Вредност на вибрации Дупчење во метал, ah,D 6,128 + 1.5 m/s

Ударно дупчење во бетон, ah,ID 7,218 + 1.5 m/s

Ниво на вибрации Нивото на емисијата на вибрациите, наведено во упатствово, е измерено во согласност со стандардизиран тест даден во EN 60745; тој може да се користи за споредување на еден алат со друг како и за прелиминарна процена на изложеност на вибрации при користење на алатот во споменатите апликации

  • користењето на алатот за различни апликации или со различни или слабо одржуван прибор, може значително да го зголеми нивото на изложеност
  • времето кога алатот е исклучен или кога работи но не ја врши работата, може значително да го намали нивото на изложеност. Заштитете се од ефектите на вибрациите со одржување на алатот и приборот, рацете да ви бидат топли и организирајте ги работните

Броевите во текстот се однесуваат на дијаграмите на стр. 2. Сл. A

2. Копче за избор на функција

3. Граничник за длабочина

4. Копче за забравување

5. On/Off прекинувач

9. Избор на функција: Ударно дупчење

10. Избор на функција: Дупчење

Ударната дупчалка бара многу мал притисок од ракувачот. Прекумерен притисок врз алатот доведува до непотребно прегревање на моторот и горење на бургијата. Странична дршка Сл. A Страничната дршка (8) може да ротира за 360° околу главата на дупчалката, која овозможува безбедено и удобно работење со левата и десната рака.

  • Одвртете ја страничната дршка (8) со вртење налево.
  • Завртете ја во саканата положба.
  • Стегнете ја во новата положба со десно

Измена и отстранување на бургии Сл. A - B Пред измена на бургиите, извлечете го кабелот од струја.96

Редовно контролирајте ја бургијата за време на работа. Тапите бургии треба да се наострат или заменат.

  • истовремено држете го задниот ракавец (11) или вртете го налево и поставете бургија во отворот.
  • Стегнете ја бургијата со вртење на предниот ракавец (12) налево, а истовремено држете го задниот ракавец (11) или вртете го надесно. Поставување на граничник за длабочина Сл. A
  • Одвртете ја страничната дршка (8) со вртење налево.
  • Поставете го граничникот (3) низ отворот во дршката.
  • Извлечете го граничникот на потребна
  • Стегнете ја дршката, со вртење надесно. ON/OFF прекинувач Сл. A
  • Вклучете ја машината со притискање на прекинувачот (5). Со отпуштање на прекинувачот (5) машината се исклучува.
  • Бројот на вртежите може да се дотерува со притискање на прекинувачот (5), повеќе за поголема, а помалку за помала брзина. Копче за забравување Сл. A
  • Можете да го забравите прекинувачот (5), со притискање врз него, а потоа со притискање на копчето за забравување (4).
  • За отпуштање, повторно кратко притиснете го прекинувачот (5). Дотерување на најголема ротациона брзина Сл. A
  • Вклучете ја машината со притискање на прекинувачот (5).
  • Забравете го прекинувачот (5) со притискање на копчето за забравување (4). Избор на насока на ротација Сл. A Не ја менувајте насоката на ротација за време на работа.
  • Лева насока на вртење: турнете го прекинувачот за лево/десно (7) на „ ”.
  • Десна насока на вртење: турнете го прекинувачот за лево/десно (7) на “ ”. Копче за избор на функција Сл. A За да се избегне оштетување на машината, копчето за избор на функција (2) се активира само кога машината не работи.
  • Поставете го изборниот прекинувач (2) на (10) за дупчење.
  • Поставете го изборниот прекинувач (2) на (9) за ударно дупчење. Совети за корисникот Секогаш користете страничната дршка, цврсто поставена на место - не само што ќе работите со поголема удобност, туку и со поголема точност. Внимание: бургиите и длетата може да бидат многу жешки Дупчење и ударно дупчење
  • За големи дупки, во многу тврд бетон, започнете со помала бургија, правејќи водилна дупка, а потоа употребете бургија со потребна големина.
  • Држете ја машината цврсто со две раце. Бидете свесни дека бургијата може да се заглави поради што машина може да се сврти (особено при длабоко дупчење).
  • Не применувајте преголем притисок, оставете ја машина да ја заврши работата.97

Пред чистење и одржување исклучете ја машината и извадете го приклучокот од главниот напон. Редовно чистете го куќиштето со мекана крпа, по можност после секое користење. Отворите за вентилација да бидат ослободени од прашина и нечистотија. Отстранете ја нечистотијата со мекана крпа, навлажнета со сапуница. Не користете растворувачи како што е бензин, алкохол, амонијак, и др. хемикалии, зашто тие ќе ги оштетат синтетичките компоненти.

Гарантните условите се дадени во посебна гарантна картичка.