BGM1003 - шлифовач Ferm - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот BGM1003 Ferm во PDF формат.
| Вид на производ | Ексцентрична брусилка |
| Димензии (Д x Ш x В) | 30 x 20 x 15 cm |
| Тежина | 2,5 kg |
| Напојување | Електрично, 230 V ~ 50 Hz |
| Влезна моќност | 300 W |
| Брзина без оптоварување | 6000 - 12000 врт/мин |
| Дијаметар на брусната плоча | 125 mm |
| Орбитален удар | 2 mm |
| Приклучок за вшмукување | Да (дијаметар 35 mm) |
| Регулатор на брзина | Да |
| Самолеплива брусна подлога | Да |
| Вид на брусење | Суво |
| Гарантирано ниво на акустична моќност | 80 dB(A) |
| Ниво на вибрации | 5,0 m/s² |
| Одржување и чистење | Исчистете го куќиштето со влажна крпа; редовно празнете го садот за прашина |
| Безбедност | Итно запирање, блокирање на прекинувачот, двојна изолација |
| Резервни делови и поправка | Достапни: брусна плоча, јаглеродни четки, прекинувач, вреќа за прашина |
| Општи информации | Користење за „направи сам“ и реновирање; идеална за фино брусење на рамни површини |
Frequently Asked Questions - BGM1003 Ferm
Прашања на корисниците за BGM1003 Ferm
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот шлифовач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник BGM1003 - Ferm и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. BGM1003 на марката Ferm.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК BGM1003 Ferm
Благодариме за купувањето на овој FERM производ.
Со тоа имате одличен производ, испорачан од еден од водечките добавувачи во Европа.
Сите производи доставени од страна на FERM се произведени според највисоките стандарди на перформанси и безбедност. Како дел од нашата филозофија обезбедуваме одлична услуга за клиентите, со врвна сеопфатна гаранција.
Се надеваме дека їе уживате користејки го овој производ многу наредни години.
Броевите во текстом се однесуваат на цертежите на стр. 2-4

Внимателно прочитајте ги упатствата за работа пред да го користите уредот. Запознајте се со функциите и основните операции. Сервисирајте го уредот според инструкциите, за да се осигурате дека секогаш правилно їе функционира . Упатствата за ракување и придружната документација треба да се чувват во близина на уредот.
Опис
Оваа машина ги комбинира сите przedности од хоризонтална и вертикална трачна брусилка со оние на брусилка со диск.
Силната конструкција од сив лив и челик ја прави машината погодна за секоја работа со брусење.
Содржина:
- Технички характеристики
- Безбедносни упатства
- Пред пуштање во работа
- Пуштање во работа
- Одржување
1. Технички характеристики
Податоци за машината
| Напон 230 V, 50 Hz |
| Влезна мо́кност 375 W |
S_2=30 min^*
| Брзина без оптеретување | 276 m/min |
| на трачна брусилка | |
| Брзина без оптеретување | 1450 /min |
| на брусен диск | |
| Големина на брусна лента | 915 X 100 mm |
| Големина на брусен диск | 150 mm |
| Тежина | 16.5 kg |
| Lpa (Ниво на звучен притисок) | 79+3 dB(A) |
| Lwa (Ниво на звучна мојност) | 92+3 dB(A) |
*S2= Максимално време на користење со капацитет од 375 W
Ниво на вибрации
Нивото на емисијата на вибрациите, наведено во упатствово, е измерено во согласност со стандардизиран тест даден во EN 60745; тој може да се користи за споредување на еден алат со друг како и за прелиминарна процена на изложеност на вибрации при користење на алатот во споменатите апликации
- користењето на алатот за различни апликации или со различни или слабо одржуван прибор, може значително да го зголеми нивото на изложеност!
- времето кога алатот е исклучен или кога работи, но не ја врши работата, може значително да го намали нивото на изложеност
Заштитете се од ефектите на вибрациите со одржување на алатот и приборот, рацете да ви бидат топли и организирајте ги работните навики.
Листа на делови
Сл.1 + 6
- Рамка на машината
- Мотор
- Валчест и паралелен граничник
- Рачка за стегање
- Транспортен валјак
- Брусна лента
- On/off прекинувач
- Граничник
-
Валјак за отклонување
10.Алуминиуски диск -
Брусен диск
- Работна маса
- Скала за косо сечење
- Рамка за потпирање
2. Безбедносни упатства
Објаснување на симболите

Означува ризик од повреда, губење на живот или оштетување на алатот во случај на непочитување на упатствата.

Укажува на опасност од струен удар.

Носете заштитна маска за очи и уши

носат маска прашина

Присутните лица да стојам подалеку

Производот е во согласност со важечките стандарди за безбедност во Европските смерници.
Посебни безбедносни упатства
• Следните точки треба да се проверат
- Приклучниот напон на машината треба да одговара со главниот напон.
- Дали се кабелот и приклучокот во добра состојба: цврсти, без лабави завршетоци или оштетување.
- Од функционални причини, вртливите делови од машината не се покриени. Затоа е важно да бидете внимателни. Држете го парчето цврсто, за не се лизне од вашите раце. Никогаш со рацете не ги допирајте брусните површини на машината.
- Избегнувајте користење на долги продолжни кабли.
Пред работење со машината:
- Чувајте го кабелот подалеку од подвижните делови на машината.
• Носете заштитни очила. - Носете маска за заштита од прашина.
Електрична безбедност
При користење на електрични машини почитувајте ги безбедносните правила во вашата земја, за да го намалите ризикот од пожар, струен удар и повреди. Прочитајте ги следните безбедносни упатства и приложените безбедносни упатства.

Секогаш проверувајте дали напонот на напојувањето одговара на наведениот напон на плочката.
Замена на кабли или приклучници
Веднаш да ги фрлите старите кабли или приклучници, кога єе ги замените со нови. Опасно е да ја включите приклучницата ако кабелот е лабав.
Замена на мрежен приклучок (само за ВБ)
Ако 3-полниот приклучок приключен во единицата е оштетен и треба да се замени, важно е прописно да се уништи и да се замени со одобрен од страна на BS 1363/13A осигурителен приклучок и дека се запазени следните упатства за ожичување.
Жиците во мрежниот кабел се обоени во согласност со следниов код:
• сина неутрална
- кафеава жива
Бидејки боите на жиците во мрежниот кабел не одговараат на обоените ознаки за идентификација на терминалите во приклучокот, постапете на следниот начин:
- Жицата со сина боја мора да се поврзе со терминалот што е означен со буквата N или е со црна боја.
- Жицата со кафеава боја да се поврзе со терминалот што е означен со буквата L или е со црвена боја.
Користете само одобрени продолжни кабли погодни за влезната моćност на машината. Најмал попречен пресек е 1,5 mm2. Кога се користи кабел во ролна, секогаш целосно да го одмотате.
Веднаш исклучете ја машината ако:
- Прекумерна искра на јаглените четкички и горење на прстенот во колекторот.
- Има прекин на главна приклучница, главен кабел или оштетен на главен кабел.
• Дефектен прекинувач - Има чад или смрдеа од изгорена изолација
3. Пред пуштање во работа
Поставување
Избегнувајте користење на долги продолжни кабли. Не заборавете да оставите довольно слободен простор околу машината за брасуње на работното парче.
Монтажа
- Ставете ја рамката на машината во нејзината глава и притиснете ги четирите гумени граничници во подножјето од рамката.
- Рамката на машината, алуминиумскиот диск (10) и работната маса (12) се испорачани во одделно пакување.
- Притиснете го алуминиумскиот диск на вратилото и стегнете го дискот со помош на имбус завртки од страна на дискот (сл. 2-4).
- Поставете ја работната маса (12) со вратилото во рамката на машината и обезбедете ја со завртки, од надворешната страна од рамката.
- Проверете го отклонот од 90° на работната маса и на брусниот дискот, дали е точно 90° (сл. 5).
- Ако е потребно, дотерајте го овој агол,со индикатор за калибрација.
- Скалата за косо сечење (13), која исто така се испорачува посебно, може да се постави врз работната маса (12).
- Со користење на оваа скала, може прецизно да се одреди аголот на брусење.
- Потпирачот (8) за трачна брусилка може да се постави зад горните завртка на браникот на V-ременот. На овој начин, работното парче може цврсто да стои во однос на лентата, без големи опасности.

За да се спречи приклештување на работното парче или вашите прсти помеѓу работната маса (12) и брусниот диск (11), просторот помеѓу работната маса (12) и дискот (11) не смее да е поголем од 1,6 mm.
Избор на брусна хартија
Со крупна брусна хартија (Р 60), генерално, може да се отстрани поголем дел од материјалот, потоа со фина брусна хартија (Р 150) да се изведе завршно брусење. Нерамните површини прво се третираат со крупна брусна хартија и се брусат додека не се порамнат. Средната брусна хартија (Р 100) се користи за отстранување на гребнатини предизвикани од страна на претходниот тип на брусна хартија. Фината брусна хартија (Р 150) се користи за завршна обработка. Брусењето се изведува додека површината не стане мазна.
Поставување на брусна хартија Сл. 6 - 9
Кога машината за брусење е поставена така дискот да се врти кон вас, брусната лента се движи од десно кон лево, по должна на горниот дел од машината. Поради оваа насока на вртење, работното парче їе биде притиснато врз десната страна на потпирачот. На внатрешната стрелка се покажува вистинската насока на движење на брусната лента (види цртеж). Ако не е индицирана насоката, брусната лента треба да се постави така подигнатиот дел од работ да се наога во насоката на движењето на лентата. Затоа е многу важно брусната лента да е поставена во правилна насока. Машината користи стандардни 100 x 915 mm брусни ленти (бр 7):
- Извлечете го кабелот од струја.
- Притиснете ја рачката за стегање на десно, до крај, за да се затегнат транспортните валци (сл.1:14): 14).
- Притиснете ја брусната лента по должна на двата транспортни валци, почнувајки од задната страна од машината.
- Притиснете ја рачката за стегање на лево, до крај. Брусната лента е затегната.
- Вртете го транспортниот валјак точно под прав агол во насока на брусната лента, со помош на крилестата навртка на десниот валјак. Насока на движењето на лентата е точно дотерана ако страните на лентата се движат паралелно со плочата.
Брусен диск
Хартија или „velcro " плочи се користат за брусен диск. Стандарден пречник е 150 mm. Плочите се самолепливи.
Вертикално поставување на брусна хартија
За поголема флексибилност на брусната хартија таа може да се користи од долната страна, зашто таму не се наоға вртлива плоча. За лесно приоғање до долната страна, брусната лента може да се постави во вертикална положба.
- Одвртите ги двете навртки од предната страна на машината, околу вретеното на левиот валјак, со помош на клуч.
- Притиснете ја брусната лента во сакана положба.
• Стегнете ги двете завртки. - Работното парче сега може да се постави врз работната површина, наместо врз брусната лента;
- Работната маса, која се користи за брусен диск, сега може да се турне со вратилото во отворот од рамката, од левата страна од машината.
- Стегнете ги завртките од задната страна на машината.
- Работната маса сега може да се користи како потпирач на парчето кое се бруси со брусна лената.
4. Пуштање во работа

Секогаш да стоите пред машината, така да имате добар преглед (сл. 1, A1 + A2).
Вклучување и исклучување
- Притиснете го прекинувачот во положба „1“, за да ја включите машината.
- За ислучување на машината, притиснете го истиот прекинувач во положба „0".
- Чувајте го кабелот подалеку од подвижните делови на машината.
- Не треба да се притиска работното парче, зашто тоа само ја забавува брзината на дискот за брусење.
Брусење
Брусната лента, испорачана со машината за брусење, е погодна за брусење на метал, дрво или синтетички површини. Работното парче секогаш цврсто да се придржува додека се бруси. Не е потребен дополнителен притисок. Водете го работното парче нагоре и надолу преку брусната лента, за да се избегне трошење на лентата и плочата само на едно место. Кружни предмети можат да се брусат на крајот на брусната лента. Работа парчиња кои се подолги од машината, можат да се брусат со отстранување на потпирачот.
Напомена: За да се спречи поткршување, дрвото секогаш да се бруси по должна на влакната.
За обработка на многу мекани површини, постои многу корисен метод, да се „направат нерамни делови на површината”. Ова се прави на следниот начин: влажна, што туку избрусена површина се навлажнува со крпа или сунгер и добро нека се исуши. Некои дрвени влакна ќе се надујат повеće од другите, што доведува до огрубување на површината. Сега се третираат високите делови, со помош на фина брусна хартија, а резултатот е неверојатно мазна површина. Овој метод не треба да се применува кај лакирано дрво, зашто може да се изгуби лакот поради влагата.
5. Одржување

Уверете се дека машината е ислучена кога го одржувате моторот.
Оваа машина е конструирана да работи долг период со минимално одржување. Непрекинатото успешно работење зависи од грижата на машината и редовното чистење.
Дефект
Подолу наведовме голем број на причини и соодветните решенија ако машината не функционира како што треба:
Електромоторот станува жежок
- Жлебовите за вентилација на моторот се затнати со нечистотија.
- Исчистете ги жлебовите за вентилација.
• Моторот е дефектен.. - Однесте ја машината на поправање/проверете ја кај вашиот локален продавач.
• Прекинато главно напојување
- Проверете го главниот приклучок да не е скршен. Однесте ја машината на поправање/ проверете ја кај вашиот локален продавач.

Периодичното одржување на брусилката е превенција од неочекувани проблеми!
Чистење
За чистење на машината никогаш да не користите вода или агресивни течности. Исчистете ја машината со четка. Чистете ги отворите за вентилација за да се спречи прегревање на моторот.
Подмачкување
Не е потребно подмачкување на транспортните валци.
Откази
Ако се случи отказ, нпр. поради трошење на дел, обратете се на адресата на сервисот од гарантната картичка. На позадината на упатствово ње најдете експозиционен преглед со прикажани делови кои можат да се нарачаат.
Животна средина
За да се спречи оштетување за време на транспортот, уредот се испорачува во тврдо пакување кое се состоит од материјал за еднократна употреба. Затоа ве молиме да ги користите опциите за рециклирање на амбалажата.

Дефектни и/или отфрлени електрични или електронски апарати треба да се собираат на соодветни локации за рециклирање.
Само за земји од ЕУ
Не ги депонирајте алатите во домашен отпад. Според Европското Упатство 2012/19/ EU за отпадна електрична и електронска опрема и неговата имплементација во националното право, електричните алати кои веке не се употребливи мораат да се собираат одделно и да се отстрануваат на еколошки начин.
Гаранција
За гарантните услови прочитајте ја гарантната картичка во задниот дел од упатствово. Производот и упатството се предмет на промена. Карактеристиките можат да се променат без натамошно известување.