BJM1009 - шлифовач Ferm - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот BJM1009 Ferm во PDF формат.
| Тип на производ | Вибрациона брусилка |
| Марка | Ferm |
| Модел | BJM1009 |
| Димензии (Д x Ш x В) | 26 x 12 x 13 cm |
| Тежина | 1,5 kg |
| Напојување | 220-240 V ~ 50 Hz |
| Моќност | 250 W |
| Брзина без оптоварување | 12 000 врт/мин |
| Дијаметар на плочата | 125 mm |
| Тип на движење | Орбитално |
| Амплитуда на осцилација | 2 mm |
| Основни функции | Брусење на рамни површини, отстранување, полирање |
| Систем за отстранување прашина | Приклучок за правосмукалка (вклучен колектор за прашина) |
| Одржување и чистење | Редовно чистете ги отворите за вентилација; заменете го шмирглата кога е истрошен |
| Безбедност | Прекинувач за вклучување/исклучување; кабел за напојување со стандарден приклучок |
| Резервни делови и поправка | Достапни шмиргли; заменлива плоча за брусење |
| Општи информации | Намена: хоби и аматерски работи; ниво на бучава: 85 dB(A) |
Frequently Asked Questions - BJM1009 Ferm
Прашања на корисниците за BJM1009 Ferm
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот шлифовач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник BJM1009 - Ferm и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. BJM1009 на марката Ferm.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК BJM1009 Ferm
Благодариме за купувањето на овој FERM производ.
Со тоа имате одличен производ, испорачан од еден од водечките добавувачи во Европа. Сите производи доставени од страна на FERM се произведени според највисоките стандарди на перформанси и безбедност. Како дел од нашата филозофија е обезбедување на одличен срвис за клиентите, со поддршка со нашите сеопфатни гаранции. Се надеваме дека єе уживате користејки го овој производ многу наредни години.
Броевите во текстот се однесуваат на дијаграмите на стр. 2-4.

Внимателно прочитајте ги упатствата за работа пред да го користите уредот. Запознајте се со функциите и основните операции. Сервисирајте го уредот според инструкциите, за да се осигурате дека секогаш правилно їе функционира . Упатствата за ракување и придружната документација треба да се чувват во близина на уредот.
Вовед
Бисквитната глодалка е погодна за сечење на жлебови за бисквитни типли во полно дрво, шпер-плоча, иверица, фибер-плоча, плексиглас и вештачки мермер.
Содржина
- Технички податоци
- Безбедносни упатства
- Дотерување на машината
- Монтажен прибор
- Ракување
- Одржување
Содржина на пакувањето
1 Бисквитна глодалка
1 Лист на пила
1 Клуч
1 Адаптер за одведување на прашина
1 Вреќа за прашина
1 Упатство за ракување
1 Упатствата за безбедност
1 Гарантна картичка
Проверете ја машината, отстегнатите делови и приборот да не се оштетени при транспорт.
Карактеристики
Сл. А
1 ON/OFF прекинувач
2 Положба на задна рака
3 Ку́киште на мотор
4 Предна дршка
5 Копче за забравување на вретено
6 Вртливо копче за дотерување на агол
7 Потпирач
8 Вртливо копче за дотерување на висина
9 Вртливо копче за дотерување на длабина
10 Завртка за фино дотерување на длабина
11 Основна плоча
12 Адаптер за одведување на прашина
13 Вреќа за прашина
14 Клуч
15 Централна линија
16 Бисквитна типла
17 Навртка со прирабница
18 Лист на пила
19 Прирабница
20 Долна плоча
21 Аголна скала и стрелка
22 Висинска скала и стрелка
Податоци за машината
Напон 230-240 V
Фреквенција 50 Hz
Влезна мокност 900 W
Брзина без оптеретување 11000/min
Пречник на диск ∅ 100 mm
Пречник на насаден отвор ∅ 22 mm
Мах. длаб. на сечење 14 mm
Дотерување на потпирачот 0 - 90°
Тежина 3.2 kg
Lpa (звучен притисок) 91 dB(A) K=3dB
Lwa (звучна моїност) 105 dB(A) K=3dB
Вредност на вибрација 1.85+1.5 m/s²
Ниво на вибрации
Нивото на емисијата на вибрациите, наведено во упатствово, е измерено во согласност со стандардизиран тест даден во EN 60745; тој може да се користи за споредување на еден алат со друг како и за прелиминарна процена на изложеност на вибрации при користење на алатот во споменатите апликации
- користењето на алатот за различни апликации или со различни или слабо одржуван прибор, може значително да го зголеми нивото на изложеност
- времето кога алатот е ислучен или кога работи, но не ја врши работата, може значително да го намали нивото на изложеност
Заштитете се од ефектите на вибрациите со одржување на алатот и приборот, рацете да ви бидат топли и организирајте ги работните навики.
Објаснување на симболите

Означува ризик од повреда, губење на живот или оштетување на алатот во случај на непочитување на упатствата.

Укажува на опасност од струен удар.

Веднаш извлечете го кабелот од струја во случај да се оштил или за време на одржување.

Присутните лица да стојат подалеку
Посебни безбедносни упатства
- Прашината и струкката не мора да се отстранува додека работи машината.
- На машината да не се монтираат дискови за сечење или листови за пили
- Заштитете ги листовите од удари.
-
Користете само правилно наострени листови, инаку поради зголемената резна сила ке испука работното парче.
-
Пред користење, проверете да не е оштетен листот. Не користете пукнати, искинати или било како оштетени листови
- Уверете се дека работното парче е довольно потпрено или стегнато. Држете ги рацете подалеку од резните површини.
- Користете ја машината само со дополнителната дршка.
- Кога го монтирате листот на навојот на вретеното, бидете сигурни дека навојот на вретеното е довольно долг.
- Уверете се дека листот е правилно монтиран и прицврстен. Да не се користи редуцир или адаптер за правилно монтирање на листот.
- Поставете ја машината врз работно парче, само кога е включена.
- При работа држете ја машина секогаш цврсто, со двете раце и обезбедете сигурна положба.
- На лица помлади од 16 години не им е дозволено да работат со машината.
- Секогаш носете заштитни очила и заштита на слухот. Ако сакате или е потребно користете и друга заштита, нпр. престилка или шлем.
- Секогаш исключете го кабелот од струја пред било каква работа околу машината. Приключете го кабелот само кога е машината ислучена.
- Држете го кабелот подалеку од работната област на машинат. Водете го кабелот секогаш зад вас.
- Не го сопирајте листот со рака после исклучувањето на машината.
- Основната плоча не мора да биде стегната ако е листот продолжен. Спуштањето и подигањето на листот мора да биде лесна операција.
- Секогаш да го користите браникот на машината.
- Користете резни дискови чии дозволени брзини се повисоки од највисоката неоптеретена брзина на машината.
Електрична безбедност
При користење на електрични машини почитувајте ги безбедносните правила во вашата земја, за да го намалите ризикот од пожар, струен удар и повреди. Прочитајте ги следните безбедносни упатства и приложените безбедносни упатства.

Секогаш проверувајте дали напонот на напојувањето одговара на наведениот напон на плочката. Вашата машина е двојно излирана според EN 60745; поради тоа не е потребно заземјување.
Замена на кабли или приклучници
Веднаш да ги фрлите старите кабли или приклучници, кога єе ги замените со нови. Опасно е да ја включите приклучницата ако кабелот е лабав.
Користете само одобрени продолжни кабли погодни за влезната моїност на машината. Најмал попречен пресек е 1,5 mm2. Кога се користи кабел во ролна, секогаш целосно да го одмотате.
3. ДОТЕРУВАЊЕ НА МАШИНАТА
Дотерување на резна длабина Сл. В
- Поместете го кукиштето на моторот (3) колку што е можно наназад.
- Поставете ја длабината на сечење со вртење на копчето за дотерување на длабина (9).
- Ознаките на вртливото копчето за длабина (9) одговараат на големината на бисквитната типла која се користи (16).
- Можете фино да ја дотерувате резната длабина, со вртење на завртката за фино дотерување (10).
- Поместете ја нанапред основата на моторот и проверете дали завртката за фино дотерување (10) ће упадне во жлебот на копчето за дотерување.
Следната табела го покажува односот на ознаките на вртливото копчето со резната длабина, дебелината на материјалот и бисквитната типла.
| Ознака материјал | Дебелина на типла | Бисквитна во mm | Резна длабина | |
| 0 | 8-12 mm | Бр. 0 | 8.0 | |
| 10 | 12-15 mm | Бр. 10 | 10.0 | |
| 20 | > 15 mm | Бр. 20 | 12.3 | |
| Max. | - | - | 14.0 | |
Дотерување на резен агол
Сл. A + G
Резниот агол може да се постави на следниот начин:
- Отпуштете го копчето за дотерување на аголот (6) вртејки го налево.
- Поставениот агол е прикажан на скалата (21) под копчето (6).
- По поставувањето на потребниот агол, стегнете го копчето (6), вртејки го надесно.
Дотерување на висина која одговара на дебелината на материјалот
Сл. В
Резната висина може да се постави на следниот начин:
- Отпуштете го копчето за дотерување на висина (8) вртејки го налево.
- Поставената висина е прикажана на скалата и стрелката (22).
- По поставувањето на потребниот агол, стегнете го копчето (8), вртејки го надесно.
Висината мора да одговара на половината од дебелината на работното парче, жлебот за бисквитната типла секогаш мора да биде во средината на работното парче.
4. МОНТАЖЕН ПРИБОР

Пред монтирање на прибор, извлечете го кабелот од струја.
Како се менува листот на пила

Машината е испорачана со монтиран лист на пила.
Сл. С u D
- Свретете ја машината и извадете ги 4 завртки од долната плоча, со помош на одвртувач (не е включен).
- Извадете ја долната плоча (20).
- Притиснете го забравникот за вретено (5) и вртете го вретеното додека не се забрави. Држете го вретеното забравено за време на постапката.
-
Извадете ја навртката со прирабница (17) од вретеното, со помош на клуч (14) и свртете ја налево.
-
Поставете го листот (18) врз прирабницата (17).
- Внимавајте стрелката на листот да ја покажува истата насока со стрелката од внатрешноста на куќиштето.
- Поставете ја навртката со прирабница (17) на вретеното и стегнете ја со клуч.
- Внимавајте на навртката со прирабница (17) да биде правилно поставена: Сстраната со прстенот мора да се вклопи во насадниот отвор на листот, рамната страна мора да биде нагоре.
- Ослободете го забравникот на вретеното и со вртење проверете дали е одбавено вретеното.
- Монтирајте ја долната плоча (20) и стегнете ги 4 завртки.

Проверете дали е безбедно затворена горната страна од основната плоча пред да работите со машината.
Монтажа на вреќа за прашина
Сл. А
- За одведување на прашина може да се користи вреќа за прашина (13). Поврзете го адаптерот за одведување на прашина (12) со машината, а потоа поврзете ја вреќата (13) со адаптерот.
- Редовно празнете ја вреćата за да останат непроменети перформансите за усисување.
- Ако користите правосмукалка, таа може да биде директно поврзана со адаптерот за одведување на прашина.
5. РАКУВАНЬЕ

Никогаш не го користите забравникот за вретено додека машината работи.
Вклучување и исклучување
Сл. А
- За включување турнете го прекинувачот (1) нанапред.
- За ислучување, притиснете го прекинувачот (1), кој автоматски їе се помести во „off” положба.

Никогаш да не го користите забравникот за вретено за сопирање на моторот.
Обележување на работно парче
Сл. Е
Пред стартување на бисквитната глодалка работните парчиња мора да бидат обележани како што следува.
- Поставете две површини кои мора да бидат поврзани, со страните за поврзување една кон друга.
- Стегнете го работното парче и обележете го центарот на жлебот, со цртање на вертикална линија.
- За поголеми парчиња потребни се по неколку врски. Растојанието меѓу две повлечени линии треба да биде најмалку 10 см.
Сечење на жлебови
Сл. F
- Поставете ја и проверете ја резната длабината.
- Поставете го аголот.
- Поставете ја висината, внимавајте при поставувањето на висината, жлебот за бисквитната типла мора да биде во средината на работното парче.
- Осигурајте се дека работното парче е стегнато.
- Поставете ја машината врз работното парче, означената централна линија (15) мора да биде во линија со исцертаната линија на работното парче.
- Држете ја машината со две раце и включете ја.
- Внимателно туркајте ја основата на моторот напред, што е можно повеќе.
- Поместете ја основата на моторот назад и исклучете ја машината.

За парчиња потенки од 16 тт не може да се сече жлеб во средината на парчето, без додавање на плоча за дотерување испод работното парче (сл. G).
Спојување на работни парчиња
Кога се направени жлебови и во двете парчиња, парчињата можат да се спојат.
• Ставете лепило во двата жлеба.
- Поставете бисквитна типла во жлебот од едното парче.
- Поставете го другото парче во бисквитната типла.
- Стегнете ги парчињата и чекајте да се исуши лепилото.
Корисни совети за поврзување на две работни парчиња
- Исечете жлеб голем колку бисквитот во првото парче.
- Поставете го бисквитот со лепило (според материјалот) во жлебот.
- Исечете подолг жлеб во другото парче.
- Сега и двата дела можат лесно да се позиционираат еден во однос на друг (зјај за корекција).
- Стегнете ги парчињата и чекајте да се исуши лепилото.

Движете ја машината во истата насока со насоката на ротација. Видете ја стрелка на горниот дел од машината.
Фино дотерување на резна длабина Сл. В
Кога резната длабината не е точна, таа се дотерува на следниот начин.
- Поместете ја основата на моторот (3) колку што е можно наназад.
- Отстегнете ја навртката на завртката за фино дотерување, држејки ја завртката во положба, со помош на одвртувач.
- Зголемете ја резната длабина со лево вртење на завртката (10).
- Намалете ја резната длабина со десно вртење на завртката (10).
- Повторувајте ја постапката додека не добиете точна резна длабина.
- Стегнете ја навртката на завртката за фино дотерување (10) држејки ја завртката во положба со помош на одвртувач.
6. ОДРЖУВАЊЕ

Уверете се дека машината е ислучена кога го одржувате моторот.
Машината е конструирана да работи долг период со минимално одржување. Непрекинатото успешно работење зависи од грижата на машината и редовното чистење.
Чистење
Чувајте ги чисти отворите за вентилација за да се спречи прегревање на моторот.
Редовно чистете го кукиштето со мекана крпа, по можност после секое користење. Чувајте ги отворите за вентилација чисти, без прашина.
Ако нечистотијата не се вади, употребете мекана крпа навлажнета со вода со сапуница. Никогаш не користете растворувачи како што е бензин, алкохол, амонијачна вода итн. Овие растворувачи можат да ги оштетат пластичните делови.
Подмачкување
Машината не треба дополнително да се подмачкува.
Откази
Ако се случи отказ, нпр. поради трошење на дел, обратете се на адресата на сервисот од гарантната картичка. На позадината на упатствово ће најдете експозиционен преглед со прикажани делови кои можат да се нарачаат. Во случај на интезивно искрење, проверете ги јаглените четкички кај квалификуван електричар.
ЖИВОТНА СРЕДИНА
За да се спречи оштетување за време на транспортот, уредот се испорачува во тврдо пакување кое се состоит од материјал за еднократна употреба. Затоа ве молиме да ги користите опциите за рециклирање на амбалажата.

Дефектни и/или отфрлени електрични или електронски апарати треба да се собираат на соодветни локации за рециклирање.
Само за земји од ЕУ
Не ги депонирајте алатите во домашен отпад. Според Европското Упатство 2012/19/ EU за отпадна електрична и електронска опрема и неговата имплементација во националното право, електричните алати кои веке не се употребливи мораат да се собираат одделно и да се отстрануваат на еколошки начин.
ГАРАНЦИЈА
Гарантните условите се дадени во посебна гарантна картичка.
Spare parts list
BJM1009
(MK) Изјавуваме со наша целосна одговорност дека производот е во согласност со Смерницата 2011/65/EU на Европскиот парламент и е во согласност според Советот од 9 јни за ограничување на користење на одредени опасни супстанции во електричната и електронската опрема и дека е според следните стандарди и регулативи:
EN 55014-1, EN 55014-2, EN 60745-1, EN 60745-2-19, EN 61000-3-2, EN 61000-3-3
2006/42/EC, 2014/35/EU, 2014/30/EU, 2012/19/EU, 2011/65/EU
Zwolle, 01-05-2020

H.G.FRosberg
CEO FERM
FERM - Lingenstraat 6 - 8028 PM - Zwolle - The Netherlands