Ferm PDM1049P - Електрична дупчалка

PDM1049P - Електрична дупчалка Ferm - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот PDM1049P Ferm во PDF формат.

📄 96 страници Македонски MK 💬 AI прашање ⚙️ Спецификации
Notice Ferm PDM1049P - page 90
SKIP

Frequently Asked Questions - PDM1049P Ferm

Прашања на корисниците за PDM1049P Ferm

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

L'email reste privé : il sert seulement à vous prévenir si quelqu'un répond à votre question.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Електрична дупчалка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник PDM1049P - Ferm и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. PDM1049P на марката Ferm.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК PDM1049P Ferm

Благодариме за купувањето на овој FERM производ. Со тоа имате одличен производ, испорачан од еден од водечките добавувачи во Европа. Сите производи доставени од страна на FERM се произведени според највисоките стандарди на перформанси и безбедност. Како дел од нашата филозофија є обезбедување на одличен срвис за клиентите, со поддршка со нашите сеопфатни гаранции. Се надеваме дека ќе уживате користејки го овој производ многу наредни години.

1. ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ

Ferm PDM1049P - ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Прочитајте ги приложените, дополнителните безбедносни

предупредувања и упатствата. Погрешното следење на безбедносните преупредувања и упатствата може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Чувајте ги безбедносните преупредувања и упатствата за да можете повротно да ги прочитате.

Следните символи се користат во упатствата или на производот:

Ferm PDM1049P - Следните символи се користат во упатствата или на производот: - 1

Прочитај го упатството.

Ferm PDM1049P - Следните символи се користат во упатствата или на производот: - 2

Ризик од повреди.

Ferm PDM1049P - Следните символи се користат во упатствата или на производот: - 3

Ризик од струен удар

Ferm PDM1049P - Следните символи се користат во упатствата или на производот: - 4

Веднаш извадете ја приклучницата од струја ако кабелот е оштетен како и за време на чистење и одржување.

Ferm PDM1049P - Следните символи се користат во упатствата или на производот: - 5

Носете заштитни очила. Носете заштита за слухот.

Ferm PDM1049P - Следните символи се користат во упатствата или на производот: - 6

Носете маска за заштита од прашина.

Ferm PDM1049P - Следните символи се користат во упатствата или на производот: - 7

Двојна изолација

Ferm PDM1049P - Следните символи се користат во упатствата или на производот: - 8

Не го депонирајте производот во несоодветни садови.

Ferm PDM1049P - Следните символи се користат во упатствата или на производот: - 9

Производот е во согласност со важечките стандарди за безбедност во Европските смерници.

ДОПОЛНИТЕЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА УДАРНА ДУПЧАЛКА

Носете заштита за ушите кога дупчите ударно. Изложувањето на бучава го оштетува слухот.

Користете ја дополнителната дршка, ако е испорачана. Губење контрола врз алатот води кон повреди.

Електричниот алат да го држите за изолираните дршки, ако се изведуваат работи кај кои резниот алат може да дојде во контакт со скриени жици или со сопствениот кабел. Со пресекување на „жива” жица и металлите делови од електричниот алат стануваат „живи” и ще предизвикаат струен удар кај ракувачот.

Електрична безбедност

При користење на електрични машини почитувајте ги безбедносните правила во вашата земја, за да го намалите ризикот од пожар, струен удар и повреди. Прочитајте ги следните безбедносни упатства и приложените безбедносни упатства.

Ferm PDM1049P - Електрична безбедност - 1

Секогаш проверувајте дали напонот на напојувањето одговара на наведениот напон на плочката.

Ferm PDM1049P - Електрична безбедност - 2

Класа на машина II- Двојна изолација - Не ви е потребен приключок за заземјување.

Ако не може да се избегне работење со електричниот алат во влажна средина, користете резидуален моментен уред (RCD) со заштитен напон. Користење на RCD го намалува ризикот од струен удар.

Ударната дупчалка е конструирана за дупчење во дрво, метал и пластика и за ударно дупчење во цигла и бетон.

Технички податоци

Мрежен напон 220-240 V~
Номинална фреквенција 50 Hz
Влезна моćност 710W
Брзина без оптеретување 0-3.200 /min
Број на удари 0-51.200 /min
Мах. големина на футер 13 mm
Мах. пречник на дупчење
Дрво 25 mm
Бетон 13 mm
Челик 10 mm
Тежина 2.20 kg
Вредност на бучава
Звучен притисок (LPA)91.38 + 3 dB(A)
Акустична моćност (LWA)102.38 + 3 dB(A)
Вредност на вибрации
Дупчење во метал, ah,D2.640 + 1.5 m/s ^2
Ударно дупчење во бетон, ah,ID13.363 + 1.5 m/s ^2

Ниво на вибрации

Нивото на емисијата на вибрациите, наведено во упатствово, е измерено во согласност со стандардизиран тест даден во EN 60745; тој може да се користи за споредување на еден алат со друг како и за прелиминарна процена на изложеност на вибрации при користење на алатот во споменатите апликации

  • користењето на алатот за различни апликации или со различни или слабо одржуван прибор, може значително да го зголеми нивото на изложеност
  • времето кога алатот е ислучен или кога работи но не ја врши работата, може значително да го намали нивото на изложеност.

Заштитете се од ефектите на вибрациите со одржување на алатот и приборот, рацете да ви бидат топли и организирајте ги работните навики.

Опис

Броевите во текстот се однесуваат на дијаграмите на стр. 2.

Сл. А

  1. Футер
  2. Копче за избор на функција
  3. Граничник за длабочина
  4. Копче за забравување
  5. On/Off прекинувач
  6. Прекинувач за лева/десна ротација
  7. Странична дршка
  8. Избор на функција: Ударно дупчење
  9. Избор на функција: Дупчење

Сл. В

  1. Заден ракавец
  2. Преден ракавец

3. РАКУВАЊЕ

Ferm PDM1049P - РАКУВАЊЕ - 1

Ударната дупчалка бара многу мал притисок од ракувачот. Прекумерен притисок врз алатот доведува до непотребно прегревање на моторот и горење на бургијата.

Странична дршка

Сл. А

Страничната дршка (8) може да ротира за 360°околу главата на дупчалката, која овозможува безбедено и удобно работење со левата и десната рака.

  • Одвртете ја страничната дршка (8) со вртење налево.
  • Завртете ја во саканата положба.
  • Стегнете ја во новата положба со десно вртење.

Измена и отстранување на бургии

Сл. А - В

Ferm PDM1049P - Сл. А - В - 1

Пред измена на бургиите, извлечете го кабелот од струја.

Ferm PDM1049P - Сл. А - В - 2

Редовно контролирајте ја бургијата за време на работа. Тапите бургии треба да се наострат или заменат.

  • истовремено држете го задниот ракавец (11) или вртете го налево и поставете бургија во отворот.
  • Стегнете ја бургијата со вртење на предниот ракавец (12) налево, а истовремено држете го задниот ракавец (11) или вртете го надесно.

Поставување на граничник за длабочина Сп. А

  • Одвртете ја страничната дршка (8) со вртење налево.
  • Поставете го граничникот (3) низ отворот во дршката.
  • Извлечете го граничникот на потребна длабина.
    • Стегнете ја дршката, со вртење надесно.

ON/OFF прекинувач

Сл. А

  • Включете ја машината со притискање на прекинувачот (5). Со отпуштање на прекинувачот (5) машината се исклучува.
  • Бројот на вртежите може да се дотерува со притискање на прекинувачот (5), повеće за поголема, а помалку за помала брзина.

Копче за забравување

Сл. А

  • Можете да го забравите прекинувачот (5), со притискање врз него, а потоа со притискање на копчето за забравување (4).
  • За отпуштање, повторно кратко притиснете го прекинувачот (5).

Дотерување на најголема ротациона брзина Сл. А

  • Включете ја машината со притискање на прекинувачот (5).
  • Забравете го прекинувачот (5) со притискање на копчето за забравување (4).

Избор на насока на ротација Сл. А

Ferm PDM1049P - Избор на насока на ротација Сл. А - 1

Не ја менувајте насоката на ротација за време на работа.

  • Лева насока на вртење: турнете го прекинувачот за лево/десно (7) на „
  • Десна насока на вртење: турнете го прекинувачот за лево/десно (7) на “↘”.

Копче за избор на функција Сл. А

Ferm PDM1049P - Копче за избор на функција Сл. А - 1

За да се избегне оштетување на машината, копчето за избор на функција (2) се активира само кога машината не работи.

  • Поставете го изборниот прекинувач (2) на (10) за дупчење.
  • Поставете го изборниот прекинувач (2) на (9) за ударно дупчење.

Совети за корисникот

Секогаш користете страничната дршка, цврсто поставена на место - не само што їе работите со поголема удобност, туку и со поголема точност.

Ferm PDM1049P - Совети за корисникот - 1

Внимание: бургиите и длетата може да бидат многу жешки

Дупчење и ударно дупчење

  • За големи дупки, во многу тврд бетон, започнете со помала бургија, правејки водилна дупка, а потоа употребете бургија со потребна големина.
  • Држете ја машината цврсто со две раце. Бидете свесни дека бургијата може да се заглави поради што машина може да се сврти (особено при длабоко дупчење).
  • Не применувајте преголем притисок, оставете ја машина да ја заврши работата.

4. ОДРЖУВАЊЕ

Ferm PDM1049P - ОДРЖУВАЊЕ - 1

Пред чистење и одржување исключете ја машината и извадете го приклучокот од главниот напон.

Редовно чистете го куќиштето со мекана крпа, по можност после секое користење. Отворите за вентилација да бидат ослободени од прашина и нечистотија. Отстранете ја нечистотијата со мекана крпа, навлажнета со сапуница. Не користете растворувачи како што е бензин, алкохол, амонијак, и др. хемикалии, зашто тие ќе ги оштетат синтетичките компоненти.

ГАРАНЦИЈА

Гарантните условите се дадени во посебна гарантна картичка.

ОКОЛИНА

Ferm PDM1049P - ОКОЛИНА - 1

Дефектни и/или отфрлени електрични или електронски апарати треба да се собираат на соодветни локации за рециклирање.

Само за земји од ЕУ

Не ги депонирајте алатите во домашен отпад. Според Европското Упатство 2012/19/ EU за отпадна електрична и електронска опрема и неговата имплементација во националното право, електричните алати кои веке не се употребливи мораат да се собираат одделно и да се отстрануваат на еколошки начин.

Производот и упатството се предмет на промена. Карактеристиките можат да се променат без натамошно известување.

CE

(MK) Изјавуваме со наша целосна одговорност дека производот е во согласност со Смерницата 2011/65/EU на Европскиот парламент и е во согласност според Советот од 9 јни за ограничување на користење на одредени опасни супстанции во електричиата и електронската опрема и дека е според следните стандарди и регулативи:

EN55014-1, EN55014-2, EN60745-1, EN60745-2-1, EN61000-3-2, EN61000-3-3

2006/42/EC, 2014/30/EU, 2011/65/EU, 2012/19/EU

Zwolle, 01-03-2021

H.G.F Rosberg CEO FERM

FERM - Lingenstraat 6 - 8028 PM - Zwolle - The Netherlands

Spare parts list

No. Description Position
503368 Screw 5x25 5
410739 Keyless chuck metal 1.5-13mm 6
503370 spindle + wedge7..9
503371 Spindle bearing6002RS 10
503372 Big gear + circlips 11..13
503373 Static shock tooth14,15,18
503374 function switchcomplete 16,17
503375 front rotor bearing608RS 19
503376 Stator 20
503377 Rotor 21
503378 Carbon brush ser(2pcs) 23
503379 Brush holder setcompl. (2pcs) 22,24,25
503380 Rear rotor bearing607RS27
503382 Switch33
411351 Metal depth limiter35
411352 Side handle 36

Exploded view
Ferm PDM1049P - EN55014-1, EN55014-2, EN60745-1, EN60745-2-1, EN61000-3-2, EN61000-3-3 - 1

Асистент за прирачник
Powered by Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : Ferm

Модел : PDM1049P

Категорија : Електрична дупчалка