PDM1046 - бура Ferm - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот PDM1046 Ferm во PDF формат.
| Тип на производ | Ударна дупчалка |
| Бренд | Ferm |
| Модел | PDM1046 |
| Напон на напојување | 230 V ~ 50 Hz |
| Номинална моќност | 700 W |
| Брзина без оптоварување | 0 - 2800 вртежи/мин |
| Број на брзини | 1 |
| Капацитет на дупчење (челик) | 13 mm |
| Капацитет на дупчење (дрво) | 35 mm |
| Капацитет на дупчење (бетон) | 16 mm |
| Стезна глава | Самозатегачка 13 mm |
| Функција на удар | Да |
| Напред/назад | Да |
| Променлива брзина | Да, преку прекинувачот |
| Заклучување на прекинувачот | Да |
| Помошна рачка | Да, прилагодлива |
| Прилагодлива длабочина на дупчење | Да, со граничник |
| Нето тежина | 1.9 kg |
| Кабел за напојување | 2.5 m |
| Класа на заштита | II (двојна изолација) |
| Одржување и чистење | Исклучете пред чистење; користете влажна крпа; не потопувајте; редовно подмачкувајте ја стезната глава |
| Резервни делови и можност за поправка | Достапни четки, стезна глава, прекинувач; се препорачува поправка од професионалец |
Frequently Asked Questions - PDM1046 Ferm
Прашања на корисниците за PDM1046 Ferm
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот бура во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник PDM1046 - Ferm и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. PDM1046 на марката Ferm.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК PDM1046 Ferm
Благодариме за купувањето на овој FERM производ.
Со тоа имате одличен производ, испорачан од еден од водечките добавувачи во Европа.
Сите производи доставени од страна на FERM се произведени според највисоките стандарди на перформанси и безбедност. Како дел од нашата филозофија е обезбедување на одличен срвис за клиентите, со поддршка со нашите сеопфатни гаранции.
Се надеваме дека ће уживате користејки го овој производ многу наредни години.
ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги приложените, дополнителните безбедносни предупредувања и упатства. Погрешното следење на безбедносните преупредувања и упатствата може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Чувајте ги безбедносните преупредувања и упатствата за да можете повротно да ги прочитате.
Следните символи се користат во упатствата или на производот:

Прочитај го упатството.

Ризик од повреди.

Ризик од струен удар.

Веднаш извадете ја приклучницата од струја ако кабелот е оштетен како и за време на чистење и одржување.

Носете заштитни очила. Носете заштита за слухот.

Носете маска за заштита од прашина.

Носете заштитни ракавици.

Бестепена електронска контрола на брзина

Двојна изолација

Не го депонирајте производот во несоодветни садови.

Производот е во согласност со важечките стандарди за безбедност во Европските смерници.
Дополнителни безбедносни предупредувања за ударна дупчалка
- Не обработувајте материјали кои содржат азбест. Азбестот е канцероген.
• Носете заштитни очила. - Заштита за слухот, за намалување на ризикот од губење на слухот.
- Ако е потребно, користете и други заштитни средства, како ракавици, чевли итн.
- Држете ја машината со една рака, за главната дршка, а со другата, за дополнителната дршка. Ризик од повреди.
- Држете ја машината за изолираните дршки, ако приборот може да дојде во контакт со скриени жици или со сопствен кабел. Ако приборот допре „жива” жица, металлите делови на машината исто така стануваат „живи”. Ризик од струен удар.
- Не користете прибор кој не е произведен и препорачан од производителот на алатот. Ризик од повреди.
- Користете прибор кој е предвиден за оваа машина.
- Користете прибор со точни димензии.
- Проверете дали е правилно монтиран приборот.
- Проверете ја машината и приборот пред секое користење. Не користете тап, пукнат, искинат или оштетен прибор. Ако машината или приборот падне, проверете ги да не се оштетени. Ако е потребно сменете го
приборот.
- Пуштете ја машината да работи без оптеретување после монтирање на приборот. Ако машината силно вибрира, веднаш исключете ја, извадете го кабелот од струја и обидете се да го решите проблемот.
- Проверете ја максимальната брзина на приборот, дали е поголема или иста со максимальната брзина на машината. Видете ја натписната плочка на машината.
- Пред работа од работното парче отстранете шајки и други метални предмети.
- Проверете го потпирањето или стегањето на парчето.
- Држете ги рацете подалеку од работното парче.
- Никогаш не ја одложувајте машината пред да ја исключите.
Електрична безбедност

Секогаш проверувајте дали напонот на напојувањето одговара на наведениот напон на плочката.
- Не ја користете машината ако е оштетен кабелот или приклучокот.
- Користете продолжни кабли кои одговараат на моćност на машината, со минимален попречен пресек од 1,5 mm2. Ако користите продолжен кабел во ролна, целосно одмотајте го.
Ако 3-полниот приключок прилучен во единицата е оштетен и треба да се замени, важно е прописно да се уништи и да се замени со одобрен од страна на BS 1363/5A осигурителен приключок и дека се запазени следните упатства за ожичување.
Жиците во мрежниот кабел се обоени во согласност со следниов код:
сина неутрална кафеава жива
Бидејки боите на жиците во мрежниот кабел не одговараат на обоените ознаки за идентификација на терминалите во приклучокот, постапете на следниот начин:
- Жицата со сина боја мора да се поврзе со терминалот што е означен со буквата N или е со црна боја.
- Жицата со кафеава боја да се поврзе со терминалот што е означен со буквата L или е со црвена боја.
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ PDM1046
| Мрежен напон 230 V~ | |
| Номинална фреквенција 50 Hz | |
| Влезна моćност 500 W | |
| Брзина без оптеретување 0 - 3.000 min-1 | |
| Број на удари 0 - 48,000 min-1 | |
| Мах. пречник на бургија Дрво 25 mm | |
| Бетон 13 mm | |
| Челик 10 mm | |
| Класа за заштита | IP 20 |
| Тежина | 1.8 kg |
| Бучава и вибрации | |
| Ниво на звучен притисок (Lpa) | 97.7 dB(A) |
| Акустична моїност (Lwa) | 108,7 dB(A) |
| Отстапување (K) | 3 dB(A) |
| Режим на ударно дупчење | 18.64 m/s2 |
| Дупчење во метал | 2.98 m/s2 |
| Отстапување (K) | 2 1.5 m/s2 |

Носете заштита за слухот.
Ниво на вибрации
Нивото на емисијата на вибрациите, наведено во упатствово, е измерено во согласност со стандардизиран тест даден во EN 60745; тој може да се користи за споредување на еден алат со друг како и за прелиминарна процена на изложеност на вибрации при користење на алатот во споменатите апликации
- користењето на алатот за различни апликации или со различни или слабо одржуван прибор, може значително да го зголеми нивото на изложеност
- времето кога алатот е ислучен или кога работи, но не ја врши работата, може значително да го намали нивото на изложеност.
Заштитете се од ефектите на вибрациите со одржување на алатот и приборот, рацете да ви бидат топли и организирајте ги работните навики.
ОПИС (СЛ. А)
Ударната дупчалка е конструирана за дупчење во дрво, метал и пластика и за ударно дупчење во цигла и бетон.
- On/off прекинувач
- Копче за забравување
- Тркало за дотерување на брзина
- Напред/назад прекинувач
- Прекинувач за дупчење / ударно дупчење
- Футер
- Главна дршка
- Дополнителна дршка
- Граничник за длабина
- Клуч за футер
- Држач за клуч за футер
МОНТАЖА

Пред монтажа исключете ја машината и извадете го приклучокот од главниот напон.
Монтирање и отстранување на бургија (сл. В)
Машината е погодна за користење на следните бургии:
- За дрво (HSS)
- За метал (HSS)
- За бетон / малтер (тврд метал)
Монтажа
- Поставете клуч за футер (10) во една од трите дупки во футерот (6).
- Отворете го футерот (6) со лево вртење на клучот (10).
• Вметнете бургија (12) во футер (6). - Затворете го футерот (6) со десно вртење на клучот (10).
- Отстранете го клучот (10) од футерот (6).
Отстранување
- Поставете клуч за футер (10) во една од трите дупки во футerot (6).
- Отворете го футерот (6) со лево вртење на клучот (10).
- Отстранете ја бургијата (12) од футерот (6).
- Затворете го футерот (6) со десно вртење на клучот (10).
- Отстранете го клучот (10) од футерот (6).
Монтирање и демонтирање на дополнителна дршка (сл. С)
Монтажа
- Отстегнете ја дополнителната дршка (8).
• Навлечете ја дршката (8) преку футерот (6).
• Свртете ја дршката (8) во сакана положба.
• Стегнете ја дршката (8).
Отстранување
- Отстегнете ја дополнителната дршка (8).
- Отстранете ја дополнителната дршка (8) од футерот (6).
• Стегнете ја дршката (8).
Монтирање и отстранување на граничник за длабина (сл. D)
Граничникот за длабина се користи за дотерување на максимальна длабина на дупчење.
Монтажа
- Отстегнете ја дополнителната дршка (8).
- Поставете го граничникот (9) низ отворот во дополнителната дршка (8).
- Поставете го граничникот (9) на потребна положба.
• Стегнете ја дршката (8).
Отстранување
- Отстегнете ја дополнителната дршка (8).
- Отстранете го граничникот (9) од дршката (8).
• Стегнете ја дршката (8).
КОРИСТЕЊЕ
Вклучување и исклучување (Сл. А)
- За вклучување, притиснете го on/off прекинувачот (1). Со посилно притискање врз прекинувачот (1) се зголемува брзината на машината.
- За вклучување на континуиран режим, држете го притиснат on/off прекинувачот (1) и истовремено притиснете го копчето за забравување (2).
- За ислучување, повторно притиснете го On/Off прекинувачот (1).
- За ислучување на машината, отпуштете го on/off прекинувачот (1).
Напред/назад прекинувач (сл. А)

Не ја менувајте насоката на ротација за време на работа.
- За десно вртење, турнете го прекинувачот (4) налево.
- За лево вртење, турнете го прекинувачот (4) надесно.
Избор на најголема резна брзина (сл. А)

Не избирајте брзина за време на работа.
- Вртете го тркалото за избор на брзина (3) надесно, за да ја зголемите максималната брзина на дупчење.
- Вртете го тркалото за избор на брзина (3) налево, за да ја намалите максималната брзина на дупчење.
Не го менувајте работниот режим за време на работа.
- Поставете го прекинувачот (5) во положба „А” за дупчење.
- Поставете го прекинувачот (5) во положба „В” за ударно дупчење.
Совети за оптимално користење
• Стегнете го работното парче.
• Држете ја машината цврсто со две раце.
- Поставете ја бургијата врз работното парче.
• Включете ја машината.
- Не притискајте премногу врз машината.
Оставете машината да ја заврши работата.
- Исклучете ја машината и почекајте целосно да се сопре, пред да ја одложите.
ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ

Пред чистење и одржување исключете ја машината и извадете го приклучокот од главниот напон.
- Редовно чистете го ку́киштето со мекана крпа.
- Чувајте ги отворите за вентилација чисти, без прашина. Ако е потребно, користете мекана, влажна крпа за отстранување на прашина и нечистотии од отворите за вентилација.
- Редовно чистете го футерот и бургијата, за да избегнете неточности при работа.
- За отстранување на бургија (12), постапете според „Монтирање и отстранување на бургија”.
- За монтирање на бургија (12), постапете според „Монтирање и отстранување на бургија”.
ГАРАНЦИЈА
Видете ги приложените гарантни термини.
ОКОЛИНА
Депонирање

Производот, приборот и пакувањето мораат да се сортираат за еколошко рециклирање.
Само за земји од ЕУ
Не ги депонирајте алатите во домашен отпад. Според Европското Упатство 2012/19/ EU за отпадна електрична и електронска опрема и неговата имплементација во националното право, електричните алати кои веќе не се употребливи мораат да се собираат одделно и да се отстрануваат на еколошки начин.
Производот и упатството се предмет на промена. Карактеристиките можат да се променат без натамошно известување.


Spare parts list
PDM1046
| No Description Position | ||
| 407387 Left screw M6 X | 25 1 | |
| 407380 Chuck drill 2 | ||
| 126124 Spindle 3 | ||
| 126125 Woodruff key 4 | ||
| 126126 Steel ball 5 | ||
| 126127 Spring 6 | ||
| 126128 Big bush 7 | ||
| 407382 Gear 9 | ||
| 126131 Spindle gasket 10 | ||
| 126132 Bearing 11 | ||
| 126133 Holder 12 | ||
| 126134 Impact iron 13 | ||
| 126135 Impact button | 14 | |
| 800608 Bearing 608 zz | 15 | |
| 409745 Rotor | 16 | |
| 407389 Carbon brush holder | 17 | |
| 409747 Carbon brush (set) | 18 | |
| 800626 Bearing 626 zz | 21 | |
| 409746 Stator | 22 | |
| 126136 Housing right | 25 | |
| 409748 Side handle | 26, 27 | |
| 126137 Housing left | 29 | |
| 407384 Switch | 31 | |
| 407381 Chuck key | 37 |
Exploded view
