Ferm TDM1026 - приклучок

TDM1026 - приклучок Ferm - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот TDM1026 Ferm во PDF формат.

📄 88 страници Македонски MK 💬 AI прашање ⚙️ Спецификации
Notice Ferm TDM1026 - page 78
SKIP

Frequently Asked Questions - TDM1026 Ferm

Прашања на корисниците за TDM1026 Ferm

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

L'email reste privé : il sert seulement à vous prévenir si quelqu'un répond à votre question.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот приклучок во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник TDM1026 - Ferm и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. TDM1026 на марката Ferm.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК TDM1026 Ferm

Благодариме за купувањето на овој FERM производ.

Со тоа имате одличен производ, испорачан од еден од водечките добавувачи во Европа. Сите производи доставени од страна на FERM се произведени според највисоките стандарди на перформанси и безбедност. Како дел од нашата филозофија е обезбедување на одличен срвис за клиентите, со поддршка со нашите сеопфатни гаранции.

Се надеваме дека їе уживате користејки го овој производ многу наредни години.

Ferm TDM1026 - Благодариме за купувањето на овој FERM производ. - 1

Внимателно прочитајте ги упатствата за работа пред да го користите уредот. Запознајте се со функциите и основните операции. Сервисирајте го уредот според инструкциите, за да се осигурате дека секогаш правилно їе функционара. Упатствата за ракување и придружната документација треба да се чувват во близина на уредот.

Напон 230 V~
Фреквенција 50 Hz
Влезна моїност (S2) 350 W
Брзина без оптеретување 500 - 2500/min
Број на брзини 5
Капацитет на стегање 13 mm
Тежина 14 kg
Lpa (Ниво на звучен притисок) 71 dB(A) K=3
Lwa (Ниво на звучна моїност) 84 dB(A) K=3
Вибрации < 2.5 m/s

Ниво на вибрации

Нивото на емисијата на вибрациите, наведено во упатствово, е измерено во согласност со стандардизиран тест даден во EN 61029; тој може да се користи за споредување на еден алат со друг како и за прелиминарна процена на изложеност на вибрации при користење на алатот во споменатите апликации

  • користењето на алатот за различни апликации или со различни или слабо одржуван прибор, може значително да го зголеми нивото на изложеност
  • времето кога алатот е ислучен или кога работи но не ја врши работата, може значително да го намали нивото на изложеност.

Заштитете се од ефектите на вибрациите со одржување на алатот и приборот, рацете да ви бидат топли и организирајте ги работните навики.

Опис

Броевите во текстот се однесуваат на дијаграмите на стр. 2-4.

  1. Прекинувач за включување/исклучување
  2. Граничник за длабочина
  3. Штитник на футерот
  4. Мотор
  5. Длабочинска рачка на дупчалката
  6. Подесување на масата
  7. Прекинувач за ислучување во итни случаи
  8. Шраф за фиксирање
  9. Футер
  10. Држач на масата
  11. Столб
  12. Навртки
  13. Плочана педалата
  14. Горен капак на V-каишот
  15. Долен капак на V-каишот
  16. Брава на капакот
  17. Моторна плоча
  18. Брава за затегнатоста на кайшот
  19. Maca
  20. Шестоаголна завртка
  21. Вретено
  22. Клуч на футерот

Проверете да не е оштетена испораката при превоз и/или дали се на број сите делови.

Објаснување на символите

Следните символи се користат во ова упатство:

Ferm TDM1026 - Објаснување на символите - 1

Означува ризик од повреда, губење на живот или оштетување на алатот во случај на непочитување на упатствата.

Ferm TDM1026 - Објаснување на символите - 2

Укажува на присуство на електричен напон.

Ferm TDM1026 - Објаснување на символите - 3

Веднаш извлечете го кабелот од струја во случај да се оштил или за време на одржување.

Ferm TDM1026 - Објаснување на символите - 4

Присутните лица да стојам подалеку.

Ferm TDM1026 - Објаснување на символите - 5

Носете заштита за очите и за слухом.

За време на користење мора да ги разгледате следниве точки:

  • Не ги отстранувајте механичките или електричните заштити.
  • Проверете дали се на место сите заштитни уреди и дали се правилно поставени.
  • Носете заштитни очила за време на дупчење.
  • Ако имате долга коса, носете заштита за косата (ластик или капа). Долгата коса може да биде фатена во подвижните делови.
  • Носете неразвеана облека; закопчајте ги копчињата на ракавите.
  • Не држете делови со рака кога дупчите. Секогаш користете машинска стега или друг вид на стезен алат.
  • Осигурајте ги деловите и стезните алати на масата од искосување. Прицврстете ги со завртки или стегнете ги со машинска стега која е прицврстени врз масата.
  • Проверете дали е правилно стегнат футерот за дупчење.
  • Проверете дали е во ред кабелот.
  • За отстранување на струшка користите четки, гумени бришачи, куки или слични помагала.
  • Не ја чистете или подмачкувајте машината додека работи.

  • Капакот на клинестиот ремен секогаш да е затворен (да не ви бидат фатени рацете).

  • Назабениот футер стегајте го исклучиво со клуч.
  • Не го оставајте клучот во футерот! Пред вклучување на машината, проверете дали е отстранет клучот!
  • Не користете бургии со оштетено стебло.
    • Дупчалката не се користи како преса!
  • Ако е оштетен кабелот, да се замени со кабел од ист тип.

Веднаш исклучете ја машината при:

  • Прекин на главна приклучница, главен кабел или оштетен кабел.
    • Расипан прекинувачот.
  • Чад или смрдеа на изгорена изолација.

Електрична безбедност

При користење на електрични машини почитувајте ги безбедносните правила во вашата земја, за да го намалите ризикот од пожар, струен удар и повреди. Прочитајте ги следните безбедносни упатства и приложените безбедносни упатства.

Ferm TDM1026 - Електрична безбедност - 1

Секогаш проверувајте дали напонот на напојувањето одговара на наведениот напон на плочката.

Ferm TDM1026 - Електрична безбедност - 2

Машината е опремена со нула напонски прекинувач. По пад на напон, машината нема автоматски да се стартува, од безбедносни причини. Машината треба повторно да се вклучи.

Замена на кабли или приклучници

Веднаш да ги фрлите старите кабли или приклучници, кога ње ги замените со нови. Опасно е да ја включите приклучницата ако кабелот е лабав.

Користете само одобрени продолжни кабли погодни за влезната моїност на машината. Најмал попречен пресек е 1,5 mm2. Кога се користи кабел во ролна, секогаш целосно да го одмотате.

3. МОНТАЖА

Сл. В и F

  • Поставете ја основната плоча (13) во правилна положба.
  • Прицврстете го столбот (11) со завртките (12), врз основната плоча.
  • Повлечете го носачот на масата (10), со масата преку столбот (11). Со рачката за стегање (6) стегнете ја масата во сакана положба.
  • Сега можете да го монтирате ку́киштето на машината и да го забравите со чивиите (8).
  • Наместете го држачот на штитникот на футерот на вретеното (21) и затегнете ја засечената завртка.
  • Чистете ја конусна дупка во футерот (9) и вретеното со чисто парче ткаенина. Бидете сигурни дека нема страни честички да се лепат на површините.
  • Силно притиснете на футерот (9) нагоре по вретено(21), колку што єе оди.
  • Наместете го чистиот штитник на футерот (3) во држачот (9) на штитникот на футерот и затегнете ги завртките за прицврстување.
  • Бидејки вретеното на дупчалката е подмачкано во фабриката, препорачливо е да се остави машината да работи околу 15 минути со најниска брзина пред употреба.

Ferm TDM1026 - Сл. В и F - 1

Пред да го притиснете футерот на вретеното на дупчалката, внатрешноста на футерот и надворешноста на вретеното мора да бидат целосно без маснотии!

Поставување на столбната дупчалка

Пред користење, дупчалката треба да се фиксира врз работна површина. Од таа причина основната плоча (13) има отвори. Со помош на завртки, основната плоча може да се фиксира врз работна површина.

Ако е поставена врз дрвена табла, од другата страна да се употребат довольно големи подлошки, завртките да не навлезат во дрвото и машината да се олабави.

Ferm TDM1026 - Поставување на столбната дупчалка - 1

Завртките да се стегаат толку, да не се деформира основната плоча. Ако стегањето е премногу големо, постои ризик од оштетување.

Дотерување на бројот на вртежите на вретеното

Сл. С

Може да се избере различен број ја вртежи со префрлање на клинестиот ремен на погонските ременици. Машината е опремена со сигурносен прекинувач, кој автоматски ја исклучува, кога єе се отвори куќиштето. Клинестиот ремен се префрла на следниот начин:

  • Отворете го капакот на ременот (14), со отстегање на завртката од десната страна на капакот.
  • Остегнете ја рачката (18) и повлечете го моторот во насоката на главата на машината, со што ременот се отпушта.
  • Преместувајте го ременот според таблицата од внатрешната страна на капакот.
  • Стегнете го ременот со влечење на плочата на моторот (17) назад. Потоа стегнете го затезниот уред со рачката (18).
  • Затворете го капакот на ременот и машината е подготвена за работа.

Капакот на ременот мора да е затворен за време на работа.

Сл. С и D

Ако сте го префрлиле ременот, морате повторно да го стегне со плочата на моторот (17) и рачката (18). Затегањето е правилно кога ременот можете да го притиснете околу 1 см. Ременицата на моторот мора да биде хоризонтална, за да се спречи абење и отстегање на клинестиот ремен. За оваа намена, ременицата (15) може да се лизга по вретеното на моторот, по отстегањето имбус завртката.

Брзини на вретеното

Сл. Е

Положба на клиниест ремен Вртежи/min

1500
2890
31400
41900
52500

Бројот на вртежите на вретено, со комбинациите на клинестиот ремен, може да се прочитаат од табелата.

Тестирајте ја затегнатоста на ременот пред да ја поврзете машината со струја.

4. РАКУВАЊЕ, СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

Граничник за длабина

Сл. А-1

Вретеното е опремено со граничник за длабина (2). Тој се дотерува со помош на навртка. Длабината се отчитува на поделбите на скалата.

Стегање на бургија

Сл. F

Во главата на дупчалката можат да се стегнат бургии или други алати со цилиндрична дршка. Вртежниот момент се пренесува на бургијата преку трите стезни пакнови. За да се спречи пролизгување на бургијата, таа мора да се стегне со назабениот клуч. Ако бургијат проврти во футерот, на стезните површини ће се појави мала струшка, која ће оневозможи централното стегање. Настанатата струшка мора да се отстрани со брусење.

Стегање на работно парче

Fig. G

Масата и основната полоча на дупчалката имаат жлебови за прицврстување на стезни алати. Работното парче секогаш да го стегате во стега или други стезни алати. На овој начин ће спречите несреći и ће ја зголемите точноста на дупчењето, бидејći работното парче е во стегната положба.

Прилагодување на масата

Масата е стегната на столбот на дупчалката и може да се прилагодува по висина, со отстегање на стезната рачка (6). Прилагодете ја масата така да има довольно простор помеѓу работното парче и врвот на бургијата. Исто така масата можете да ја свртите на страна, ако сакате парчето да го стегнете на основата.

Сл. I

За коси дупчења и кај коси потпори на работното парче, масата може да се наведнува. За таа цел отстегнете ја завртката (20) на шарката на масата и отстранете го центрирањето. Завртете ја масата (19) во сакана положба. Потоа стегтнете ја завртката (20) со помош на клуч.

Број на вртежи, брзина на ротација, помест Поместот – надолжно поместување на бургијата - се одржува рачно, со рачката со 3 краци. Брзината на ротацијата е определена со бројот на вртежите на вретеното и со пречникот на бургијата. Правилниот избор на поместот и бројот на вртежите на бургијата се одлучувачки фактори за трајноста на бургијата. Следното е како основно правило: со поголем пречник на бургијата, бројот на вртежите треба да е помал; ако работното парче е потврдо, потребен е поголем работен притисок.

За да не се прегрее бургијата, во ваков случај, поместот и брзината на ротација во исто време мораат да се намалат . Покрај тоа, бургијата мора да се лади со емулзија. Кај тенки плочи, длабоки дупчења, дупчењето треба да се изведува внимателно, со мали помести и мал притисок, за да се добијат прецизни резултати и дупчењето да остане со точна големина. За длабоко дупчење (повеće од 2xd) иссфрлањето на струшката е отежнато, а температурата на бургијата е висока. Затоа намалете го поместот и бројот на вртежите и обезбедете подобро иссфрлање на струшката со вадење на бургијата. За дупчење на пречници поголеми од 8 mm, треба да се направи пред дупчење, за да се избегне предвремено трошење на врвот на бургијата поради голем притисок.

5. ОДРЖУВАЊЕ

Ferm TDM1026 - ОДРЖУВАЊЕ - 1

Уверете се дека машината е ислучена кога го одржувате моторот.

Оваа машина е конструирана да работи долг период со минимално одржување. Непрекинатото успешно работење зависи од грижата на машината и редовното чистење.

Чистење

Чувајте ги чисти отворите за вентилација за да се спречи прегревање на моторот. Редовно чистете го кујиштето со мекана крпа, по можност после секое користење. Чувајте ги отворите за вентилација чисти, без прашина. Ако нечистотијата не се вади, употребете мекана крпа навлажнета со вода со сапуница. Никогаш не користете растворувачи како

бензин, алкохол, амонијчна вода итн. Овие растворувачи можат да ги оштетат пластичните делови. Исчистете го алатот веднаш после користење.

Подмачкување

Секое лежиште на машината е фабрички подмачкано. Не е потребно дополнительно подмачкување. Од време на време, треба да се подмачка запчаникот и назабената летва, механизмот за кревање на масата, вретеното и назабувањето на шупливото вратено. Отворете го какакот на ременот и турете малку масло на вратилото. Маслото не смее да се нанесе на ременот!

Откази

Ако се случи отказ, нпр. поради трошење на дел, обратете се на адресата на сервисот од гарантната картичка. На позадината на упатствово ће најдете експозиционен преглед со прикажани делови кои можат да се нарачаат.

ЖИВОТНА СРЕДИНА

За да се спречи оштетување за време на транспортот, уредот се испорачува во тврдо пакување кое се состоит од материјал за еднократна употреба. Затоа ве молиме да ги користите опциите за рециклирање на амбалажата.

Ferm TDM1026 - ЖИВОТНА СРЕДИНА - 1

Оштетени и/или искористени електрични и електронски уреди мора да се депонираат во станици за рециклирање.

Само за земји од ЕУ

Не ги депонирајте алатите во домашен отпад. Според Европското Упатство 2012/19/ EU за отпадна електрична и електронска опрема и неговата имплементација во националното право, електричните алати кои веке не се употребливи мораат да се собираат одделно и да се отстрануваат на еколошки начин.

ГАРАНЦИЈА

Прочитајте ги гарантните услови во приложената гарантна картичка.

Производот и упатството се предмет на промена. Карактеристиките можат да се променат без натамошно известување.

Ferm TDM1026 - ГАРАНЦИЈА - 1

Spare parts list

TDM1026

Асистент за прирачник
Powered by Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : Ferm

Модел : TDM1026

Категорија : приклучок