BOSCH

GSC 7516 Professional - Paire de ciseaux BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GSC 7516 Professional BOSCH во PDF формат.

📄 137 страници PDF ⬇️ Македонски MK 💬 AI прашање 🖨️ Печати
Notice BOSCH GSC 7516 Professional - page 95
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GSC 7516 Professional

Категорија : Paire de ciseaux

Преземете ги упатствата за вашиот Paire de ciseaux во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GSC 7516 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GSC 7516 Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GSC 7516 Professional BOSCH

Безбедносни напомени Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен

u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните

u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. u Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. Bosch Power Tools 1 609 92A 50F | (04.12.2019)96 | Македонски u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се

u Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи

Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. Безбедносни напомени за ножици за лим u Електричниот алат не е погоден за стационарна употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на менгеме или на работна клупа. u Работете само со монтиран одбивач на струготини. Внимавајте одбивачот на струготини да не е оштетен или свиткан. Со работењето без одн. со оштетен одбивач на струготини постои опасност од повреда. Оштетениот одбивач на струготини веднаш заменете го во овластената сервисна служба Bosch. u Носете заштитни ракавици за време на работата и особено внимавајте на струјниот кабел. Внимавајте исечените делови од лимот да не ги свиткате во правец на телото или струјниот кабел. На исечените лимови се создаваат остри рабови, на кои може да се повредите или да го оштетите струјниот кабел. Доколку е потребно, тргнете ги свитливите делови од лимот настрана од телото одн. од струјниот кабел со заштитни ракавици. Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за

Употреба со соодветна намена Електричниот апарат е наменет за сечење на лимови без губење на струготини. Тој е наменет за прави и криви

Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница. (1) Прекинувач за вклучување/исклучување (2) Одбивач на струготини (3) Рачка (изолирана површина на рачката) (4) Завртка за прицврстување на горниот нож (5)

(7) Завртка за подесување на долниот нож (8) Завртка за прицврстување на долниот нож (9) Клуч со внатрешна шестаголна глава

Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Технички податоци Ножици за лим GSC 75-16 Број на дел/артикл 3601E005.. Номинална јачина W 750 Излезна моќност W 400 Број на работни одови во празно n

Број на одови при оптоварување min

1 609 92A 50F | (04.12.2019) Bosch Power ToolsМакедонски | 97 Ножици за лим GSC 75-16 Максимална дебелина на лимот за сечење

A) се однесува на челични лимови до 400N/mm

Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. Информации за бучава/вибрации Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласноEN62841‑2‑8. Нивото на звук на електричниот алат оценето соА типично изнесува: ниво на звучен притисок 87dB(A); ниво на звучна јачина 98dB(A). Несигурност K=3dB. Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a

(векторски збир на три насоки) и несигурностK дадени се во согласност соEN62841‑2‑8:

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.

Ставање во употреба u Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред. Електричните алати означени со 230V исто така може да се користат и на 220V. Вклучување/исклучување За Вклучување на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување(1) нанапред, така што на прекинувачот ќе се појави I. За фиксирање на прекинувачот за вклучување/ исклучување(1) притиснете го прекинувачот нанапред. За исклучување на електричниот алат отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување(1). Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување е фиксиран, притиснете наназад на прекинувачот и потоа отпуштете

Совети при работењето u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната

u Електричниот алат не е погоден за стационарна употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на менгеме или на работна клупа. u Носете заштитни ракавици за време на работата и особено внимавајте на струјниот кабел. Внимавајте исечените делови од лимот да не ги свиткате во правец на телото или струјниот кабел. На исечените лимови се создаваат остри рабови, на кои може да се повредите или да го оштетите струјниот кабел. Доколку е потребно, тргнете ги свитливите делови од лимот настрана од телото одн. од струјниот кабел со заштитни ракавици. Доколку е вклучен, не го водете електричниот апарат директно кон делот што се обработува. 80–90° Држете го електричниот алат навален под агол од 80° до 90° кон површината на лимот и не го навалувајте на

Водете го електричниот алат рамномерно со лесен притисок во правецот на сечење. Пресилната брзина значително го намалува рокот на употреба на електричниот алат и му штети на истиот. При сечење на криви линии особено внимавајте да не го навалувате електричниот апарат на страна и работете со мал притисок. Максимална дебелина на лимот за сечење Максималната дебелина на лимот за сечење d max

од цврстината на материјалот кој се сече. Bosch Power Tools 1 609 92A 50F | (04.12.2019)98 | Македонски Со електричниот апарат може да се исечат лимови со следната дебелина: Материјал макс. цврстина (N/mm

0,7 Алуминиум 200 2,2 Поставување на растојанието меѓу ножевите a Растојанието меѓу ножевите a (воздушен процеп помеѓу сечилата) зависи од дебелината на лимот којшто се обработува d max

max (mm) Растојание меѓу ножевите a (mm) 0,3−0,6 0,10 0,8−1,2 0,25 1,3−1,6 0,30 Кај помеките и пожилави материјали мора да се намали растојанието меѓу ножевите a а кај цврстите или кршливи материјали мора да се зголеми. Олабавете ја завртката за прицврстување(8) на долниот нож. Со завртката за подесување(7) поставете го потребното растојание меѓу ножевите a. Горниот нож(5) и долниот нож(6) не смеат да се допираат. Проверете го растојанието со комерцијално мерило за подесување. Повторно затегнете ја завртката за прицврстување(8) на долниот нож со затезен вртежен момент од 4–6Nm. Одржување и сервис Одржување и чистење u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната

u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да

Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста. Замена на ножот (видисликаA) Горниот нож(5) и долниот нож(6) се исти, секој од нив има по четири резни острици и можат меѓусебно да се

Навремено вртете ги одн. менувајте ги ножевите, бидејќи само острите алати за вметнување имаат добар учинок и го чуваат електричниот апарат. За да го смените горниот нож(5) олабавете ја завртката за прицврстување(4), за да го смените долниот нож(6) завртката за прицврстување(8). Свртете го ножот за 90° или наместете нов нож. При ставањето на долниот нож(6) внимавајте тој да налегне на завртката за подесување (7). Напомена: Ножот свртете го само во правецот што е прикажан на сликатаA одн. ставете го новиот нож во позицијата што е прикажана на сликата. Доколку погрешно го поставите ножот не е возможно сечење. Повторно затегнете ја завртката за прицврстување(4) за горниот нож одн. завртката за прицврстување(8) за долниот нож со затезен вртежен момент од 4–6Nm. Проверете го растојанието меѓу ножевите a како што е погоре опишано. Горниот нож(5) и долниот нож(6) не смеат дополнително да се острат. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и

EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај: * Ножици за лим Број на дел/артикл