BOSCH GSC 18V16 Professional - ножици

GSC 18V16 Professional - ножици BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GSC 18V16 Professional BOSCH во PDF формат.

📄 187 страници PDF ⬇️ Македонски MK 💬 AI прашање 🖨️ Печати
Notice BOSCH GSC 18V16 Professional - page 128
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GSC 18V16 Professional

Категорија : ножици

Преземете ги упатствата за вашиот ножици во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GSC 18V16 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GSC 18V16 Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GSC 18V16 Professional BOSCH

Безбедносни напомени Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. Bosch Power Tools 1 609 92A 6N6 | (08.12.2021)128 | Македонски u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен

u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните

u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. u Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се

u Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи

Употреба и чување на батериски алат u Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден 1 609 92A 6N6 | (08.12.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 129 тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии. u Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар. u Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар. u Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници. u Не употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од

u Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на оган или висока температура. Изложувањето на оган или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија. u Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар. Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. u Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис. Безбедносни напомени за ножици за лим u Електричниот алат не е погоден за стационарна употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на менгеме или на работна клупа. u Работете само со монтиран одбивач на струготини. Внимавајте одбивачот на струготини да не е оштетен или свиткан. Со работењето без одн. со оштетен одбивач на струготини постои опасност од повреда. Оштетениот одбивач на струготини веднаш заменете го во овластената сервисна служба Bosch. u Носете заштитни ракавици при работата. Внимавајте исечените делови од лимот да не ги свиткате во правец на телото или струјниот кабел. На исечените лимови се создаваат остри рабови, на кои може да се повредите или да го оштетите струјниот кабел. Доколку е потребно, тргнете ги свитливите делови од лимот настрана од телото со заштитни

u При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта. u Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој. u Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее. u Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој. Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за

Употреба со соодветна намена Електричниот апарат е наменет за сечење на лимови без губење на струготини. Тој е наменет за прави и криви

Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница. (1)

(2) Копче за отклучување на батерија

(3) Прекинувач за вклучување/исклучување (4) Одбивач на струготини (5) Рачка (изолирана површина на рачката) (6) Завртка за прицврстување за горниот нож (7)

Bosch Power Tools 1 609 92A 6N6 | (08.12.2021)130 | Македонски (9) Завртка за подесување на долниот нож (10) Завртка за прицврстување на долниот нож

Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Технички податоци Батериски ножици за лим GSC 18V-16 Број на дел/артикл 3601J262.. Номинален напон V= 18 Број на работни одови во празно n

Максимална дебелина на лимот за сечење

B) во зависност од употребената батерија C) Ограничена јачина при температури <0 °C. Информации за бучава/вибрации Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласноEN62841‑2‑8. Нивото на звучниот притисок на електричниот алат оценето соА типично изнесува 71dB(A). Несигурност K=3dB. Нивото на звучниот притисок при работењето може да ги надмине наведените вредности. Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a

(векторски збир на три насоки) и несигурностK дадени се во согласност соEN62841‑2‑8:

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.

Полнење на батеријата u Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред. Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно. Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот при полнењето не ѝ наштетува на батеријата. Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не се движи веќе. u По автоматското исклучување на електричниот алат, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се

Вадење на батеријата Батеријата(1) има два степени на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата(2). Сѐ додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина. За да ја извадите батеријата(1) притиснете на копчињата за отворање на батеријата(2) и извлечете ја батеријата од електричниот алат. Притоа не употребувајте сила. Приказ за наполнетост на батеријата Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување. 1 609 92A 6N6 | (08.12.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 131 Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , за да се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија. Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени. Тип на батерија GBA 18V... LED светилки Капацитет Трајно светло 3× зелено 60−100% Трајно светло 2× зелено 30−60% Трајно светло 1× зелено 5−30% Трепкаво светло 1× зелено 0−5% Тип на батерија ProCORE18V... LED светилки Капацитет Трајно светло 5× зелено 80−100 % Трајно светло 4× зелено 60−80 % Трајно светло 3× зелено 40−60 % Трајно светло 2× зелено 20−40 % Трајно светло 1× зелено 5−20 % Трепкаво светло 1× зелено 0−5 %

Ставање во употреба Вметнување на батеријата Наполнетата батерија(1) ставете ја во подножјето на електричниот алат, додека не се заклучи батеријата. Вклучување/исклучување За Вклучување на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување(3) нанапред, така што на прекинувачот ќе се појави I. За Исклучување на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување(3) наназад, така што на прекинувачот ќе се појави 0. Совети при работењето u Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. u Електричниот алат не е погоден за стационарна употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на менгеме или на работна клупа. u Носете заштитни ракавици при работата. Внимавајте исечените делови од лимот да не ги свиткате во правец на телото или струјниот кабел. На исечените лимови се создаваат остри рабови, на кои може да се повредите или да го оштетите струјниот кабел. Доколку е потребно, тргнете ги свитливите делови од лимот настрана од телото со заштитни

Доколку е вклучен, не го водете електричниот апарат директно кон делот што се обработува. 80–90° Држете го електричниот алат навален под агол од 80° до 90° кон површината на лимот и не го навалувајте на

Водете го електричниот алат рамномерно со лесен притисок во правецот на сечење. Пресилната брзина значително го намалува рокот на употреба на електричниот алат и му штети на истиот. При сечење на криви линии особено внимавајте да не го навалувате електричниот апарат на страна и работете со мал притисок. Максимална дебелина на лимот за сечење Максималната дебелина на лимот за сечење d max

од цврстината на материјалот кој се сече. Со електричниот апарат може да се исечат лимови со следната дебелина: Материјал макс. цврстина (N/mm

0,7 Алуминиум 200 2,2 Поставување на растојанието меѓу ножевите a Растојанието меѓу ножевите a (воздушен процеп помеѓу сечилата) зависи од дебелината на лимот којшто се обработува d max

Растојанието меѓу ножевите a треба да изнесува 10% од максималната дебелина на лимот (на пр. 0,1mm растојание меѓу ножевите при 1mm дебелина на лимот). Bosch Power Tools 1 609 92A 6N6 | (08.12.2021)132 | Македонски Кај помеките и пожилави материјали мора да се намали растојанието меѓу ножевите a а кај цврстите или кршливи материјали мора да се зголеми. Олабавете ја завртката за прицврстување(10) на долниот нож. Со завртката за подесување(9) поставете го потребното растојание меѓу ножевите a. Горниот нож(7) и долниот нож(8) не смеат да се допираат. Проверете го растојанието со комерцијално мерило за подесување. Повторно затегнете ја завртката за прицврстување(10) на долниот нож со затезен вртежен момент од 3–4Nm. Заштита од преоптоварување во зависност од температурата Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При големо оптоварување или работење надвор од дозволените граници на температура за батеријата бројот на одови ќе се намали или електричниот апарат ќе се исклучи. При намален број на одови, електричниот апарат повторно работи со полн број на вртежи, дури по постигнувањето на дозволената температура на батеријата. При автоматско исклучување, исклучете го електричниот алат, оставете ја батеријата да се олади и повторно вклучете го. Напомени за оптимално користење на батериите Заштитете ја батеријата од влага и вода. Складирајте ја батеријата во опсег на температура од −20°C до 50°C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето. Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка. Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени. Внимавајте на напомените за отстранување. Одржување и сервис Одржување и чистење u Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да

Замена на ножот (видисликаA) Горниот нож(7) и долниот нож(8) се исти, секој од нив има по четири резни острици и можат меѓусебно да се

Навремено вртете ги одн. менувајте ги ножевите, бидејќи само острите алати за вметнување имаат добар учинок и го чуваат електричниот апарат. За да го смените горниот нож(7) олабавете ја завртката за прицврстување(6), за да го смените долниот нож(8) завртката за прицврстување(10). Свртете го ножот за 90° или наместете нов нож. При ставањето на долниот нож(8) внимавајте тој да налегне на завртката за подесување (9). Напомена: Ножот свртете го само во правецот што е прикажан на сликатаA одн. ставете го новиот нож во позицијата што е прикажана на сликата. Доколку погрешно го поставите ножот не е возможно сечење. Повторно затегнете ја завртката за прицврстување(6) за горниот нож одн. завртката за прицврстување(10) за долниот нож со затезен вртежен момент од 3–4Nm. Проверете го растојанието меѓу ножевите a како што е погоре опишано. Горниот нож(7) и долниот нож(8) не смеат дополнително да се острат. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси на сервиси може да најдете

Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации. При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се 1 609 92A 6N6 | (08.12.2021) Bosch Power ToolsSrpski | 133 внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци. Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи. Отстранување Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за ѓубре! Само за земјите од ЕУ: Според европската регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.

EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај: *