BOSCH GSC 10.8VLI Professional - ножици

GSC 10.8VLI Professional - ножици BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GSC 10.8VLI Professional BOSCH во PDF формат.

📄 164 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice BOSCH GSC 10.8VLI Professional - page 114
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производ Акумулаторски ножици за лим
Марка Bosch
Модел GSC 10.8VLI Professional
Број на артикл 3 601 J26 1..
Номинален напон 12 V
Тип на акумулатор Литиум-јонски
Препорачани акумулатори GBA 10,8V... или GBA 12V...
Препорачани полначи AL 11..CV или GAL 12..CV
Број на празни движења 3600 врт/мин
Макс. дебелина на лим (челик 400 N/mm²) 1,3 mm
Макс. дебелина на лим (челик 600 N/mm²) 0,8 mm
Макс. дебелина на лим (челик 800 N/mm²) 0,6 mm
Макс. дебелина на лим (алуминиум 250 N/mm²) 2,0 mm
Минимален радиус за заоблени исечоци 15 mm
Тежина (според EPTA 01:2014) 1,4 – 1,6 kg (во зависност од акумулатор)
Дозволена температура на полнење 0 °C до +45 °C
Работна температура и температура на складирање -20 °C до +50 °C
Заштита на акумулаторот Електронска заштита на ќелиите (ECP) против длабока празнење
Ниво на звучен притисок (LpA) < 70 dB(A) (несигурност K < 1,5 dB)
Вибрации (ah) 3,5 m/s² (несигурност K < 1,5 m/s²)
Број на рабови по нож 4 реверзибилни рабови
Одржување на ножевите Завртете за 90° или заменете (без повторно острење)
Момент на затегнување на завртките на ножевите 3–4 Nm
Вклучени додатоци Свиткан клуч за внатрешен шестагол

Frequently Asked Questions - GSC 10.8VLI Professional BOSCH

Како да го сменам горниот нож?
Олабавете ја завртката 9, завртете го ножот за 90° или поставете нов нож. Затегнете ја завртката со момент од 3–4 Nm. Проверете го растојанието помеѓу ножевите.
Како да го прилагодам растојанието помеѓу ножевите?
Растојанието a треба да биде околу 10% од дебелината на лимот. Олабавете ја завртката 13, користете ја завртката за подесување 12 за да прилагодите, потоа затегнете на 3–4 Nm.
Кои акумулатори можам да ги користам со овие ножици?
Користете само оригинални Bosch Литиум-јонски акумулатори, препорачани: GBA 10,8V... или GBA 12V... Другите акумулатори може да го оштетат алатот.
Како да го наполнам акумулаторот?
Користете препорачан полнач (AL 11..CV или GAL 12..CV). Акумулаторот може да се полни во секое време без да се намали неговиот век на траење.
Која е максималната дебелина на лим што можам да ја исечам?
Тоа зависи од материјалот: челик 400 N/mm²: 1,3 mm; челик 600 N/mm²: 0,8 mm; челик 800 N/mm²: 0,6 mm; алуминиум 250 N/mm²: 2,0 mm.
Што да правам ако ножиците се запрат автоматски?
Тоа се должи на електронската заштита (ECP): акумулаторот е испразнет или прегреан. Поставете го прекинувачот на '0', наполнете го или оставете го акумулаторот да се излади.
Може ли да ги користам ножиците без плочата за отстранување на струготини?
Не, плочата за отстранување на струготини (дел 6) мора секогаш да биде монтирана и во добра состојба. Работата без неа претставува ризик од повреда.
Како да го чистам и одржувам алатот?
Пред секое одржување, извадете го акумулаторот. Редовно чистете ги вентилационите отвори и алатот. Ножевите треба да се сменат или завртат кога ќе затапат.
Кои се важните безбедносни упатства?
Носете заштитни ракавици, заштита за очи и заштита за слух. Не работете во експлозивна атмосфера. Држете ги децата на оддалеченост.
Каде можам да најдам резервни делови или да го поправам алатот?
Контактирајте ја постпродажната служба на Bosch: во Франција на 0811 360122 или на www.bosch-pt.fr. Наведете го 10-цифрениот број на артикл.

Прашања на корисниците за GSC 10.8VLI Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот ножици во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GSC 10.8VLI Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GSC 10.8VLI Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GSC 10.8VLI Professional BOSCH

Македонски ...... Страна 114

Srpski Strana 119

Slovensko.... Stran 123

Hrvatski....Stranica 128

Eesti Lehekülg 132

Безбедносни напомени

Општи напомени за безбедност за електричните апарати

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите напомени и упатства за

безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во напомените за безбедност се однесува на електрични апарати што користат струја (со струен кабел) и електрични апарати што користат батерии (без струен кабел).

Безбедност на работното место

Работниот простор секогаш нека биде чист и добро осветлен. Неуредниот или неосветлен работен простор може да доведе до нескреки.
▶ Не работете со електричниот апарат во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Електричните апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
▶ Држете ги децата и другите лица подалеку за време на користењето на електричниот апарат. Доколку нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите контролата над уредот.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на приклучокот во сидната дозна. Приклучокот во никој случај на смее да се менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со заземјениот електричен апарат. Неменувањето на прекинувачот и соодветните сидни дозни го намалуваат ризикот од електричен удар.
▶ Избегнувајте физички контакт со заземјените површини на цевки, радијатори, шпорет и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар, доколку Вашето тело е заземјено.
▶ Електричните апарати држете ги подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Не го користите кабелот за друга намена, за да го носите електричниот апарат, за да го закачите или да го влечете приклучокот од сидната дозна. Држете го кабелот понастрана од топлина, масло, остри рабови или подвижните компоненти на уредот. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар.

Доколку со електричниот апарат работите на отворено, користете само продолжен кабел што е погоден за користење на надворешен простор. Користењето на соодветен продолжен кабел на отворено го намалува ризикот од електричен удар.
▶ Доколку користењето на електричниот апарат во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен уред со диференцијална струја. Употребата на заштитниот уред со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар.

Безбедност на лица

▶ Бидете внимателни како работите и разумно користете го електричниот апарат. Не користете електрични апарати, доколку сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата на електричниот апарат може да доведе до сериозни повреди.
Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр.маска за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, во зависност од видот и примената на електричниот апарат, го намалува ризикот од повреди.
▶ Избегнувајте неконтролирано користење на апаратите. Осигурете се, дека е исклучен електричниот апарат, пред да го приключите на напојување со струја и/или на батерија, пред да го земете или носите. Доколку при носењето на апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте го приклучиле уредот додека е включен на напојување со струја, ова може да предизвика несреќа.
▶ Извадете ги алатите за подесување или клучевите за зашрафување, пред да го включите електричниот апарат. Доколку има алат или клуч во некој од деловите на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди.
▶ Избегнувајте абнормално држење на телото. Застанете во сигурна положба и постојано држете рамнотежа. На тој начин їе може подобро да го контролирате електричниот апарат во неочекувани ситуации.
Носете соодветна облека. Не носете широко облека или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови. Лесната облека, накитот или долгата коса може да се зафатат од подвижните делови.
Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно се приключени и прикладно се користат. Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува опасноста од прав.

Користење и ракување со електричниот апарат

▶ Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соодветниот електричен апарат за Вашата работа. Со соодветниот електричен апарат ќе работите подобро и посигурно во зададениот домен на работа.

He користете го електричниот апарат, доколку има дефектен прекинувач. Апаратот кој повеće не може да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и мора да се поправи.

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Користење и ракување со електричниот апарат - 1

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Користење и ракување со електричниот апарат - 2

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Користење и ракување со електричниот апарат - 3

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Користење и ракување со електричниот апарат - 4

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Користење и ракување со електричниот апарат - 5

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Користење и ракување со електричниот апарат - 6

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Користење и ракување со електричниот апарат - 7

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Користење и ракување со електричниот апарат - 8

Македонски|115

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Македонски|115 - 1

▶ Извлечете го приключокот од сидната дозна и/или извадете ја батеријата, пред да ги смените поставките на уредот, да ги замените деловите или да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот уред.
Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги користат неискусни лица.
▶ Одржувајте ги грижливо електричните апарати. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или оштетени, што може да ја попречи функцијата на електричниот апарат. Поправете ги оштетените делови пред користењето на уредот. Многу несреći својата причина ја имаат во лошо одржуваните електрични апарати.
▶ Алатот за сечење одржувајте го остар и чист. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив полесно се работи.
Користете ги електричните апарати, опремата, додатоците за алатите итн. во согласност со ова упатство. Притоа земете ги во обшир работните услови и дејноста што треба да се изврши. Користењето на електрични апарати за друга употреба освен наведената може да доведе до опасни ситуации.

Користење и ракување на батерискиот апарат

▶ Батериите полнете ги со полначи што се препорачани ислучиво од производителот. Доколку полночат кој е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го користите со други батерии, постои опасност од пожар.
Затоа користете батерии кои се предвидени за електричниот апарат. Користењето друг вид батерии може да доведе до повреди и опасност од пожар.
▶ Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, шрафови или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
▶ При погрешно користење, може да истече течноста од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.

Сервис

Поправката на Вашиот електричен апарат смее да биде извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на електричниот апарат.

Безбедносни напомени за батериски ножици за лим

▶ Електричниот апарат не е погоден за стационарна употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на менгеме или на работна клупа.
▶ Работете само со монтиран одбивач на струготини 6. Внимавајте одбивачот на струготини да не е оштетен или свиткан. Со работењето без одн. со оштетен одбивач на струготини постои опасност од повреда. Оштетениот одбивач на струготини веднаш заменете го во овластената сервисна служба на Bosch.
▶ Носете заштитни ракавици при работата. Внимавајте исечените делови од лимот да не ги свиткате во правец на телото или струјниот кабел. На исечените лимови се создаваат остри рабови, на кои може да се повредите или да го оштетите струјниот кабел. Доколку е потребно, тргнете ги свитливите делови од лимот настрана од телото со заштитни ракавици.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
▶ Почекајте додека електричниот апарат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Безбедносни напомени за батериски ножици за лим - 1

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од трајно изложување на сончеви зраци, орган, вода или влага. Постои опасност од експлозија.

▶ Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Користете батерии кои се соодветни на Вашиот електричен апарат од Bosch. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, пушки чад, експлодира или да се прегрее.

Опис на производот и мокноста

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Опис на производот и мокноста - 1

Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го читате упатството за употреба.

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Опис на производот и мокноста - 2

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Опис на производот и мокноста - 3

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Опис на производот и мокноста - 4

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Опис на производот и мокноста - 5

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Опис на производот и мокноста - 6

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Опис на производот и мокноста - 7

116 | Македонски

Употреба со соодветна намена

Електричниот апарат е наменет за сечење на лимови без губење на струготини. Тој е наменет за прави и криви резови.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричните апарати на графичката страница.

1 Копче за отклучување на батеријата
2 Батерија
3 Копче за приказот за наполнетост на батеријата
4 Приказ за наполнетоста на батеријата
5 Прекинувач за включување/исклучување
6 Одбивач на струготини
7 Рачка (изолирана површина на дршката)
8 клуч со внатрешна шестоаголна глава
9 Завртка за горниот нож

10 Горен нож

11 Долен нож

12 Завртка за подесување на долниот нож

13 Завртка за долниот нож

14 Мерило за подесување*

*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.

Технички податоци

Батериски ножици за лим GSC 12V-13
Број на дел/артикл3 601 J26 1..
Номинален напонV= 12
Број на удари во празен од n_0 min ^1 3 600
Макс. дебелина на лимот за сечење ^1) мм 1,3
Најмал радиус на криватамм 15
Тежина согласноEPTA-Procedure 01:2014кг 1,4– 1,6 ^2)
Дозволена температура на околината– при полнење– при работа ^3) и при складирање°C °C0...+45–20...+50
Препорачани батерии GBA 10,8V...GBA 12V...
Препорачани полначи AL 11.. CVGAL 12.. CV
1) се однесува на челични лимови до 400 N/mm ^2 2) во зависност од употребената батерија3) ограничена јачина при температури < 0 °C

Информации за бучава/вибрации

Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност со EN 60745.

Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето со А, типично е помало од 70 dB(A). Несигурност K < 1,5 dB.

Нивото на звучниот притисок при работењето може да пречекори и 80 dB(A).

Носете заштита за слухот!

Вкупните вредности на вибрации a_h (векторски збор на трите насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 60745-2-8: a_h=3,5 m/^2K<1,5 m/s^2 .

Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка според EN 60745 и може да се користи за меѓусебна споредба на електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации. Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се користи за други примени, со различна опрема, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.

За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе во обшир и периодот во кој уредот е ислучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата.

Монтажа

Полнење на батеријата

▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во Технички податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.

Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.

Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот рок на употреба. Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.

Приказ за наполнетоста на батеријата

Трите зелени LED светла на приказот за наполнетост на батеријата 4 ја покажуваат наполнетоста на батеријата 2. Од безбедносни причини, наполнетоста на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот апарат е во мирување.

- За да ја прикажете Costaјбата на наполнетост, притиснете го копчето 3 на ислучениот уред и држете го притиснато.

ЛЕД светло Капацитет

Трајно светло 3 x зелено ≥ 2/3
Трајно светло 2 x зелено ≥ 1/3
Трајно светло 1 x зелено <1/3
Трепкаво светло 1 x зеленоРезерва

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Приказ за наполнетоста на батеријата - 1

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Приказ за наполнетоста на батеријата - 2

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Приказ за наполнетоста на батеријата - 3

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Приказ за наполнетоста на батеријата - 4

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Приказ за наполнетоста на батеријата - 5

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Приказ за наполнетоста на батеријата - 6

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Приказ за наполнетоста на батеријата - 7

Македонски | 117

Вадење на батеријата

- За да ја извадите батеријата 2 притиснете на копчињата за отворање 1 и извлечете ја батеријата наназад од електричниот апарат. Притоа не употребувајте сила.

Употреба

Ставање во употреба

Вметнување на батерија

▶ Користете само оригинални Bosch литиум-јонски батерии со напон кој е наведен на спецификационата плочка на Вашиот електричниот апарат. Користењето друг вид батерии може да доведе до повреди и опасност од пожар.

Напомена: Користењето на батерии несоодветни за вашиот електричен апарат може да доведе до погрешно функционирање или до оштетување на електричниот апарат.

- Наполнетата батерија 2 вметнете ја во дршката, додека не се вклопи и не легне рамно во дршката.

Вклучување/исклучување

  • За вклучување на електричниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 5 нанапред, така што на прекинувачот ќе се појави „I“.
  • За исклучување на електричниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 5 наназад, така што на прекинувачот ќе се појави „0“.

За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат само доколку го користите.

Litiyum-јонската батерија е заштитена со „Електронска заштита на келиите (ЕСР)“ од длабинско празнење. Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат їе се ислучи со помош на заштитно струјно коло: Електричниот апарат не се движи повеće.

Напомена: Доколку електричниот апарат автоматски се исклучи поради испразнета или прегреана батерија, тогаш исключете го со прекинувачот за вклучување/исклучување 5. Наполнете ја батеријата одн. оставете го електричниот апарат да се излади, пред повторно да го включите. Инаку батеријата може да се оштети.

Совети при работењето

– Доколку е включен, не го водете електричниот апарат директно кон делот што се обработува.
- Држете го електричниот алат навален под агол од 80 до 90° кон површината на лимот и не го навалувајте на страна.

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Совети при работењето - 1

text_image 80-90°

- Водете го електричниот апарат рамномерно со лесен притисок во правецот на сечење. Пресилната брзина значително го намалува рокот на употреба на електричниот алат и му штети на електричниот апарат. - При сечење на криви линии особено внимавајте да не го навалувате електричниот апарат на страна и работете со мал притисок.

Максимална дебелина на лимот за сечење

Максималната дебелина на лимот за сечење d_max зависи од цврстината на материјалот кој се сече.

Со електричниот апарат може да се исечат лимови со следната дебелина:

Поставување на растојанието меѓу ножевите а

▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно ракување со прекинувачот за включување/исклучување постои опасност од повреди.

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Поставување на растојанието меѓу ножевите а - 1

Растојанието меѓу ножевите а (воздушен процеп помеѓу сечилата) зависи од дебелината на лимот којшто се обработува d _max .

Растојанието меѓу ножевите а треба да изнесува 10 % од дебелината на лимот d _max (например, 0,1 mm растојание меѓу ножевите при 1 mm дебелина на лимот).

Кај помеките и пожилави материјали мора да се намали растојанието меѓу ножевите а, а кај цврстите или кршливи материјали мора да се зголеми.

- Олабавете ја завртката 13 на долниот нож. Со завртката за подесување 12 поставете го потребното растојание меѓу ножевитеа. Горниот нож 10 и долниот нож 11 не смеат да се допираат. Проверете го растојанието со мерилото за подесување 14. Повторно затегнете ја завртката 13 на долниот нож со затезен вртежен момент од 3–4 Nm.

Заштита од преоптоварување во зависност од температурата

Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот апарат. При големо оптоварување или работење надвор од дозволените граници на температура за батеријата бројот на одови ќе се намали или електричниот апарат ќе се исклучи. При намален број на одови, електричниот апарат повторно работи со полн број на вртежи, дури по постигнувањето на дозволената температура на батеријата. При автоматско исклучување, исключете го електричниот апарат, оставете ја батеријата да се олади и повторно включете го електричниот уред.

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Заштита од преоптоварување во зависност од температурата - 1

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Заштита од преоптоварување во зависност од температурата - 2

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Заштита од преоптоварување во зависност од температурата - 3

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Заштита од преоптоварување во зависност од температурата - 4

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Заштита од преоптоварување во зависност од температурата - 5

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Заштита од преоптоварување во зависност од температурата - 6

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Заштита од преоптоварување во зависност од температурата - 7

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Заштита од преоптоварување во зависност од температурата - 8

118 | Македонски

Напомени за оптимално користење на батериите

Заштитете ја батеријата од влага и вода.

Складирајте ја батеријата во граници на температура од - 20 °C до 50 °C. не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот летно време.

Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.

Внимавајте на напомените за отстранување.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно ракување со прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.

Горниот нож 10 и долниот нож 11 се исти, секој од нив има по четири резни острици и можат меѓусебно да се заменат. Навремено вртете ги одн. менувајте ги ножевите, бидејки само острите алати за вметнување имаат добар учинок и го чувват електричниот апарат.

  • За да го смените горниот нож 10 олабавете ја завртката 9, за да го смените долниот нож 11 завртката 13.
  • Свртете го ножот за 90° или наместете нов нож. При ставањето на долниот нож 11 внимавајте тој да налегне на завртката за подесување 12.

Напомена: Ножот свртете го само во правецот што е прикажан на сликата одн. ставете го новиот нож во позицијата што е прикажана на сликата. Доколку погрешно го поставите ножот не е возможно сечење.

- Повторно затегнете ја завртката 9 за горниот нож одн. завртката 13 за долниот нож со затезен вртежен момент од 3 – 4 Nm. Проверете го растојанието меѓу ножевите а (види „Поставување на растојанието меѓу ножевите а“, страна 117).

Горниот нож 10 и долниот нож 11 не смеат дополнительно да се острат.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба їе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вавиот производ како и резервните делови. Експлозивен цертеж и информации за резервни делови їе најдете на:

www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch ће ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Македонија

Д.Д.Електрис

Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.

При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.

Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата.

Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.

Отстранување

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Отстранување - 1

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за ўубре!

Само за земји во рамки на ЕУ

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Само за земји во рамки на ЕУ - 1

Според европската регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одденно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.

Батерии:

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Батерии: - 1

Литиум-јонски:

Ве молиме внимавајте на напомените во дел „Транспорт“, страна 118.

Се задржува правото на промена.

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Се задржува правото на промена. - 1

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Се задржува правото на промена. - 2

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Се задржува правото на промена. - 3

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Се задржува правото на промена. - 4

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Се задржува правото на промена. - 5

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Се задржува правото на промена. - 6

BOSCH GSC 10.8VLI Professional - Се задржува правото на промена. - 7

Srpski|119

Srpski

Uputstva o sigurnosti

Opšta upozorenja za električne alate

UPOZORENJE Čitajte sva upozorenja i uputstva. Propusti kod pridržavanja upozorenja i uputstava mogu imati za posledicu električni udar, požar i/ili teške povrede.

Čuvajte sva upozorenja i uputstva za budućnost.

Pojam upotrebljen u upozorenjima „električni alat“ odnosi se na električne alate sa radom na mreži (sa mrežnim kablom) i na električne alate sa radom na akumulator (bez mrežnog kabla).

Sigurnost na radnom mestu

Držite Vaše radno područne čisto i dobro osvetljeno. Nered ili neosvetljena radna područja mogu voditi nesrećama.
▶ Ne radite sa električnim alatom u okolini ugroženoj eksplozijom, u kojoj se nalaze zapaljive tečnosti, gasovi ili prašine. Električni alati prave varnice koje mogu zapaliti prašinu ili isparenja.
Držite podalje decu i druge osobe za vreme korišćenja električnog alata. Prilikom rada možete izgubiti kontrolu nad aparatom.

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GSC 10.8VLI Professional

Категорија : ножици