GHO 14 4 VLI Professional - брусилка BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GHO 14 4 VLI Professional BOSCH во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот брусилка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GHO 14 4 VLI Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GHO 14 4 VLI Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GHO 14 4 VLI Professional BOSCH
(19) Опора за успоредно водене
Безбедносни напомени Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен
u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните
u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. u Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. Bosch Power Tools 1 609 92A 7T9 | (17.05.2022)150 | Македонски u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
u Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи
Употреба и чување на батериски алат u Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии. u Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар. u Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар. u Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници. u Не употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од
u Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на оган или висока температура. Изложувањето на оган или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија. u Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар. Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. u Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис. Безбедносни напомени за рендиња u Почекајте сечилото да престане да работи пред да го спуштите алатот. Изложеното ротирачко сечило може да ја зафати долната површина, и со тоа да изгуби контрола и да предизвика сериозни повреди. u Користете менгеме или некој друг практичен начин за да го обезбедите и прицврстите делот што се обработува на стабилна површина. Доколку го држите делот што се обработува со рака или го наслоните на вас, тоа ќе биде нестабилно и може да изгубите контрола. u Ставете го електричниот алат само кога е вклучен на делот што се обработува. Инаку постои опасност од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се заглави во делот што се обработува. u Не ги фаќајте исфрлените струготини со раце. Може да се повредите од ротирачките делови. u Не рендајте никогаш над метални предмети, клинци и завртки. Секачот и вратилото на секачот може да се оштетат и да ги зголемат вибрациите. u Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до 1 609 92A 7T9 | (17.05.2022) Bosch Power ToolsМакедонски | 151 експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување. u При работата рендето држете го секогаш на начин што подлогата на рендето секогаш ќе лежи на делот што се обработува. Инаку работата со рендето може да се навали и да доведе до повреди. u При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта. u Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој. u Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее. u Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој. u При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно ќе управувате ако го држите со двете дланки. Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
Употреба со соодветна намена Електричниот алат е наменет за рендање на дрвени материјали како на пр. греди и даски на цврста подлога. Тој е погоден за искосување на рабови и за правење
Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница. (1) Исфрлувач на струготини (по избор десно/лево) (2) Вртливо копче за подесување на длабочината на стругање (изолирана површина на рачката) (3) Скала за подесување на длабочината на струготината (4) Рачка за поместување на правецот на исфрлање на струготините (5) Блокада при вклучување на прекинувачот за вклучување/исклучување (6) Прекинувач за вклучување/исклучување (7) Акумулаторска батерија
(8) Копче за отворање на акумулаторската батерија
(9) V-жлебови (10) Подлога на рендето (11) Рачка (изолирана површина на рачката) (12) Клуч со внатрешна шестаголна глава (13) Глава на сечилото (14) Затезен елемент за сечилото на рендето (15) Завртка за прицврстување на сечилото на рендето (16) HM/TC-сечило на рендето
(17) Црево за всисување (∅35mm)
(18) Вреќичка за прав/струготини
(20) Скала за ширината на засекот
(21) Навртка за заклучување за подесување ширина на
(22) Завртка за прицврстување на паралелниот/ аголниот граничник
(24) Навртка за заклучување на подесениот агол
(25) Завртка за прицврстување на граничникот за длабочина на засекот
(26) Граничник за длабочина на засекот
Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Технички податоци Ренде GHO 18V-LI Број на дел/артикл 3 601 EA0 3.. Номинален напон V 18 Број на вртежи во празен од
Мерено при 20−25°C со батеријаProCORE18V 12.0Ah. B) во зависност од употребената батерија C) ограничена јачина при температури <0 °C Информации за бучава/вибрации Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласноEN62841-2-14. Нивото на звук на електричниот алат оценето соА типично изнесува: ниво на звучен притисок 85dB(A); ниво на звучна јачина 96dB(A). Несигурност K=3dB. Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a
(векторски збир на три насоки) и несигурностK дадени се во согласност соEN62841-2-14
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
u Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. Полнење на батеријата (видисликаA) u Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред. Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно. Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот при полнењето не ѝ наштетува на батеријата. Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не се движи веќе. u По автоматското исклучување на електричниот алат, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се
За да ја извадите батеријата (7) притиснете на копчето за отклучување (8) и извлечете ја батеријата надолу од електричниот алат. Притоа не употребувајте сила. Клучот со внатрешна шестаголна глава (12) потребен за замена на сечилата на рендето е сместен во внатрешноста на електричниот алат и секогаш треба да се чува таму (види сликаA). Внимавајте на напомените за отстранување. Приказ за наполнетост на батеријата Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување. Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , за да се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија. Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени. Тип на батерија GBA 18V... LED светилки Капацитет Трајно светло 3× зелено 60−100% Трајно светло 2× зелено 30−60% Трајно светло 1× зелено 5−30% Трепкаво светло 1× зелено 0−5% 1 609 92A 7T9 | (17.05.2022) Bosch Power ToolsМакедонски | 153 Тип на батерија ProCORE18V... LED светилки Капацитет Трајно светло 5× зелено 80−100 % Трајно светло 4× зелено 60−80 % Трајно светло 3× зелено 40−60 % Трајно светло 2× зелено 20−40 % Трајно светло 1× зелено 5−20 % Трепкаво светло 1× зелено 0−5 % Замена на сечилото на рендето u Внимавајте при замената на секачот на рендето. Не го фаќајте секачот на рендето на рабовите за сечење. Може да се повредите од острите рабови за
Секачот за ренде од цврст материјал (HM/TC) има 2 секачи и може да се врти. Доколку двата раба на секачот се тапи, секачот на рендето (16) мора да се замени. HM/ TC-секачот на рендето не смее дополнително да се остри. Демонтирање на секачот на рендето (види слика B) За вртење или менување на ножот на рендето (16) свртете ја главата на ножот (13), додека не дојде паралелно со подлогата на рендето (10).
Олабавете ги двете завртки за прицврстување (15) со клуч со внатрешна шестаголна глава (12), околу 1−2вртења. ➋ Доколку е потребно, олабавете го затезниот елемент (14) со лесно удирање со соодветен алат, на пр. дрвен клин. ➌ Со дрвено парче турнете го странично секачот на рендето (16) од главата на секачот (13). Монтирање на сечилото на рендето (види сликаC) Со водечкиот жлеб од секачот на рендето постојано се обезбедува еднакво подесување на висината при менување одн. вртење. Доколку е потребно, исчистете го лежиштето на секачот во затезниот елемент (14) и секачот на рендето (16). Внимавајте при монтажата на сечилото на рендето, тој беспрекорно да лежи во водилката на прифатот на затезниот елемент (14) и да се центрира рамно на страничниот раб од задната подлога на рендето (10). На крај цврсто затегнете ги 2-те завртки за прицврстување (15) со клуч со внатрешна шестаголна глава (12). Напомена: Пред да почнете со работа, проверете дали се добро вметнати завртките за прицврстување (15). Свртете ја главата на секачот (13) со рака и проверете дали секачот на рендето стружи на некое место. Всисување на прав/струготини Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица. – Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува. – Погрижете се за добра проветреност на работното
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате. u Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали. Редовно чистете го исфрлувачот на струготини (1). За чистење на затнатиот исфрлувач на струготини користете соодветен алат на пр. дрвено парче, компресиран воздух
u Не ги фаќајте исфрлените струготини со раце. Може да се повредите од ротирачките делови. Заради обезбедување на оптимално всисување постојано користете надворешен уред за всисување или вреќичка за прав/струготини. Надворешно всисување (види слика D) На исфрлувачот за струготини од двете страни може да се приклучи црево за всисување (Ø 35 mm) (17)
Поврзете го цревото за всисување (17) со всисувач за прав (опрема). Прегледот за приклучување на различните видови на всисувачи за прав ќе го најдете на крајот од ова упатство. Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува. При всисување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален всисувач. Сопствено всисување (види слика D) Кај поситните работи може да приклучите вреќичка за прав/струготини (опрема) (18). Млазниците за всисување зацврстете ги на исфрлувачот на струготини (1). Празнете ја вреќичката за прав/струготини (18) редовно, за да остане оптимално собирањето на прав. Избор на правецот на исфрлање на струготините Со рачката за поместување (4) може да се подеси исфрлувачот на струготини (1) кон десно или лево. Притиснете го лостот за селекција (4) додека не се Bosch Power Tools 1 609 92A 7T9 | (17.05.2022)154 | Македонски вклопи во крајна позиција. Избраниот правец ќе се прикаже со ознака со стрелка на лостот за селекција (4).
Ставање во употреба Вметнување на батеријата Вметнете ја наполнетата батерија (7) во дршката за батерија, додека не се вклопи и не легне рамно во
Вклучување/исклучување u Проверете дали можете да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување, без да ја отпуштите рачката. За ставање во употреба на електричниот алат најпрво активирајте ја блокадата при вклучување(5) и потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/ исклучување(6) и држете го притиснат. За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување(6). Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот за вклучување/исклучување(6) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата. Сопирачка за исфрлување од брзина Вградената кочница за исфрлање од брзина го намалува времето на запирање на вратилото на ножот по исклучување на електричниот алат. Подесување на длабочината на стругање Со вртливото копче (2) може бесстепено да се подеси длабочината на стругање од0–1,6mm со помош на скалата за подесување на длабочината на стругање (3). Совети при работењето Процес на рендање Поставете ја саканата длабочина на стругање и поставете го електричниот алат со предниот дел на подлогата од рендето (10). u Ставете го електричниот алат само кога е вклучен на делот што се обработува. Инаку постои опасност од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се заглави во делот што се обработува. Вклучете го електричниот алат и водете го со иста брзина по површината што ја обработувате. За постигнување на висококвалитетни површини, работете со мала брзина и со постојан притисок на центарот на подлогата на рендето. При обработка на цврсти материјали, на пр. цврсто дрво, како и при користење на максималната ширина на рендето поставете мала длабочина на стругање и ев. намалете ја брзината на рендање. Зголемената брзина го намалува квалитетот на горните површини и може да доведе до брзо затнување на исфрлувачот на струготини. Само острите секачи на рендето овозможуваат добар капацитет на сечење и зголемуваат рокот на употреба на електричниот алат. Закосување на рабови (види сликаE) V‑жлебот на предната страна на подлогата на рендето овозможува брзо и едноставно закосување на рабовите од делот што се обработува. Употребете го соодветниот V‑жлеб според саканата ширина на засекување. Притоа поставете го рендето со V‑жлеб на работ од делот што се обработува и водете го по должина на делот што се обработува. Употребен жлеб димензија a (mm)
3,0–5,5 Рендиња со паралелен/аголен граничник (види слики F–H) Монтирајте го паралелниот граничник (19) одн. аголниот граничник (23) со завртката за прицврстување (22) на електричниот алат. Во зависност од примената, монтирајте го граничникот за подесување на длабочината на засекот (26) со завртката за прицврстување (25) на електричниот алат. Олабавете ја завртката за блокирање (21) и подесете ја саканата ширина на засекот (20). Повторно затегнете ја завртката за блокирање (21). Поставете ја саканата соодветна длабочина на засекот со граничникот за подесување на длабочината на засекот (26). Повторете го процесот на рендање повеќе пати, додека не ја постигнете саканата длабочина на засекот. Водете го рендето со страничен притисок со налегнување. Искосување со аголниот граничник При закосување на засеци и површини поставете го потребниот агол на закосување со подесување на аголот (24). Одржување и сервис Одржување и чистење u Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. 1 609 92A 7T9 | (17.05.2022) Bosch Power ToolsSrpski | 155 u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да
Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации. При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци. Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи. Отстранување Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за ѓубре! Само за земјите од ЕУ: Според европската директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, електричните алати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба. Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето поради можното присуство на опасни материи.
EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај: *
Notice-Facile