GRW 18-2 E Professional - Кујнски робот BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GRW 18-2 E Professional BOSCH во PDF формат.
| Вид на производ | Професионална мешалка за градежни материјали |
| Бренд | Bosch |
| Модел | GRW 18-2 E Professional |
| Номинална влезна моќност | 1600 W |
| Излезна моќност | 1170 W |
| Брзина без оптоварување (I брзина) | 0 – 450 врт/мин |
| Брзина без оптоварување (II брзина) | 0 – 1050 врт/мин |
| Номинален вртежен момент (I брзина) | 45 Nm |
| Номинален вртежен момент (II брзина) | 19 Nm |
| Максимален дијаметар на мешалка | 180 mm |
| Држач на алат | M14 (надворешен навој) |
| Тежина според EPTA-Procedure 01:2014 | 7,2 кг |
| Степен на заштита | II (двојна изолација) |
| Ниво на звучен притисок | 91 dB(A) |
| Ниво на звучна моќност | 102 dB(A) |
| Вибрации (ah) | 3,5 m/s² (неизвесност K = 1,5 m/s²) |
| Напајување | 230 V ~, 50/60 Hz |
| Главни функции | 2 механички брзини, електронски регулатор на брзина, блокирање на вклучување |
| Одржување и чистење | Исчистете ги отворите за вентилација, исклучете го кабелот пред одржување |
| Безбедност | Двојна изолација, прекинувач на коло, блокирање на прекинувачот |
| Резервни делови и можност за поправка | Постпродажна служба на Bosch, резервни делови достапни на www.bosch-pt.com |
| Општи информации | Соодветна употреба: мешање на малтери, гипсови, лепила, бои без растворувачи |
Frequently Asked Questions - GRW 18-2 E Professional BOSCH
Прашања на корисниците за GRW 18-2 E Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Кујнски робот во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GRW 18-2 E Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GRW 18-2 E Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GRW 18-2 E Professional BOSCH
Македонски...... Страница 114
Srpski ...... Strana 119
Slovenščina ....Stran 124
Hrvatski ......Stranica 128
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр.,
маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.
▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
He го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова
упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
Безбедносни напомени за мешалка
▶ Држете го алатот за рачките со двете раце. Губење на контрола може да предизвика телесни повреди.
Obезбедете доволна вентилација при мешање на запаливи материјали, за да избегнете каква било опасност. Пареата што ће се создаде може да ја вдишите, или да се запали од искрите што ги произведува електричниот апарат.
▶ Не мешајте храна.Електричните алати и нивната опрема не се наменети за преработка на храна.
▶ Каблите држете ги подалеку од работната површина. Кабелот може да се заплетка во садот на мешалката.
▶ Уверете се дека садот на мешалката е добро прицврстен. Садот што не е добро прицврстен може ненадејно да се придвижи.
▶ Уверете се дека нема да се истури течност врз ку́киштето на електричниот алат. Доколку навлезе течност во алатот, може да го оштети, или да доведе до струен удар.
▶ Следете ги упатствата и предупредувањата за материјалот што се меша. Материјалот што се меша може да биде штетен.
▶ Доколку електричниот алат падне во материјалот што се меша, веднаш исключете го алатот од струја,
116 | Македонски
и однесете го на проверка кај овластено
лице.Доколку пробате да го извадите алатот од материјалот без да го исключите од струја, тоа може да доведе до струен удар.
He посегнувајте во садот со раце, и не вметнувајте други предмети за време на мешањето. Допирот со садот за мешање може да доведе до сериозни повреди.
▶ Стартувајте и работете со алатот само доколку истиот е внатре во садот за мешање. Садот за мешање може да се искриви или неконтролирано да се заврти.
He обработувајте експлозивни супстанции (на пр. лесно запаливи растворувачи). Електричните уреди создаваат искри, што може да ја запалат настанатата пареа.
▶ Следете ги упатствата и напомените за предупредување во сертификатот за безбедност на материјалот што се меша. Материјалот што се меша може да биде опасен по здравјето.
▶ Не го користете електричниот уред на потпирач.
Електричниот уред не е дозволен за стационарно работење.
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за мешање на прашкасти градежни материјали како малтер, гипс, лепило, како и бои што не содржат раствор, лакови и слични супстанци.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Прекинувач за избор на брзина (GRW 18-2 E)
(2) Блокада при вклучување на прекинувачот за вклучување/исклучување
(3) Прекинувач за включување/исклучување
(4) Погонско вратило
(5) Корпа за мешање ^a)
(6) Рачка (изолирана површина на рачката)
a) Илуstriраната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Мешалка GRW 12 E GRW 18-2 E | |||
| Број на дел/артикл | 3 601 AA7 0.. 3 601 AA8 0.. | ||
| Номинална јачина W 1200 1600 | |||
| Излезна моќност W 780 1170 | |||
| Механички избор на брзини – ● | |||
| Број на вртежи во празен од | |||
| – 1. брзина min | -1 | 0–1000 0–450 | |
| – 2. брзина min | -1 | – 0–1050 | |
| Номинален број на вртежи | |||
| – 1. брзина min | -1 | 0–620 0–250 | |
| – 2. брзина min | -1 | – 0–580 | |
| Номинален вртежен момент | |||
| – 1. брзина Nm 12 45 | |||
| – 2. брзина Nm | – 19 | ||
| Прифат на алатот | M14 | M14 | |
| Максимален дијаметар на корпата за мешање | mm 140 180 | ||
| Тежина согласноEPTA-Procedure 01:2014 | kg | 5,3 | 7,2 |
Мешалка GRW 12 E GRW 18-2 E
Класа на заштита
回/11/11
回
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
GRW 12 E GRW 18-2 E
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-10.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А, типично изнесува
| Звучен притисок | dB(A) | 91 | 91 |
| Звучна јачина | dB(A) | 102 | 102 |
| Несигурност К | dB | 3 | 3 |
| Носете заштита за слухот! |
Вкупните вредности на вибрации a_h (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-10:
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
Монтажа
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
Промена на алат
Корпа за мешање со М14-надворешен навој

Завртете ја корпата за мешање (5) на погонското вратило (4). Држете го погонското вратило (4) со вилушкаст клуч (GRW 12 E: ширина на клучот 22 mm, GRW 18-2 E: ширина на клучот 24 mm), и зацврстете ја корпата за мешање со втор вилушкаст клуч (ширина на клучот 22 mm или 24 mm) (5).
Демонтажата на корпата за мешање ње ја извршите по обратен редослед.
Употреба
Ставање во употреба
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред. Електричните алати означени со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
118 | Македонски
Правта, на пр.минералната прав може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
Механички избор на брзини (GRW 18-2 E)
▶ Прекинувачот за избор на брзини активирајте го само доколку електричниот алат е во состојба на мирување.
Притиснете го прекинувачот за избор на брзина (1) навнатре и турнете го додека не се вклопи.
Со прекинувачот за избор на брзини (1) може да изберете 2 брзини.

Брзина I:
Низок обем на број на вртежи; за работење со дијаметар на корпата за мешање до 180 mm.

Брзина II:
Висок обем на број на вртежи; за работење со дијаметар на корпата за мешање 140 mm.
Доколку прекинувачот за менување брзини (1) не може да се притисне до крај кога е во состојба на мирување, свертете го малку погонското вратило со корпата за мешање.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат најправо активирајте ја блокадата при вклучување (2), и потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3) и држете го притиснат.
Напомена: поради безбедносни причини, прекинувачот за вклучување/исклучување (3) не може да се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3).
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку їе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (3).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (3) се постигнува мал број на вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи.
Работни инструкции за мешање
▶ Не го користете електричниот уред на потпирач.
Електричниот уред не е дозволен за стационарно
работење.
▶ Избегнувајте да ја распрскувате смесата. Инаку може да се лизнете и да ја изгубите контролата над електричниот апарат.
Избегнувајте континуирана работа на електричниот алат со намален број на вртежи. Инаку може да се прегрее моторот на електричниот апарат.
Изоборот на корпа за мешање зависи од смесата.
За смесите со ниска вискозност, како на пр. дисперзивни бои, лакови, лепила, лиени маси, цементни каши, користете корпа за мешање со лева спирала. Во корпата за мешање со лева спирала, материјалот се меша од горе надолу. Корпата за мешање се притиска нагоре. Смесата со ниска вискозност се меша со малку прскање.
За смеси со висока вискозност како на пр. гипс за завршни работи, бетон, цемент, естрих, шпахтел маса, епоксидна смола користете корпа за мешање со десна спирала. Во корпата за мешање со десна спирала, материјалот се меша од долу нагоре. Корпата за мешање се врти во смесата. Смесата со висока вискозност оптимално се промешува.
За време на работата движете го електричниот алат горедолу. По употребата, исчистете ја корпата за мешање.
Складирајте го електричниот алат на безбедно место. Наместете го така да не може да пага. Инаку електричниот алат може да се оштети.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ke ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните алати во домашната канта за отпадоци!
Само за земјите од ЕУ:
Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски уреди и нивната имплементација во националното право, електричните алати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луғето поради можното присуство на опасни материи.