Atco Quattro 19S - кошачка за трева

Quattro 19S - кошачка за трева Atco - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Quattro 19S Atco во PDF формат.

📄 176 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice Atco Quattro 19S - page 145
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за Quattro 19S Atco

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот кошачка за трева во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Quattro 19S - Atco и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Quattro 19S на марката Atco.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Quattro 19S Atco

МК ВАЖНО: Пред првото палење на моторот, внимателно прочитајте ги упатствата од прирачникот на моторот. ВНИМАНИЕ! Контролирајте го нивото на маслото пред га го включите моторот.

MK MAKEDOHСКИ -Превод на оригиналните упатства (Istruzioni Originali) 139

– возене на машината;

5) Преди употреба прегледайте основно машината и

1) Внимателно прочитајте ги упатствата. Запознајте се со командите и правилното користење на косачката. Научете како брзо да го сопрете моторот.
2) Употребувајте ја косачката само за она за што е наменета, односно за косење и собирање на тревата. Било каква друга употреба може да биде опасна и да предизвика оштетување на машината. Се отфрлаат при неправилна употреба (како пример, но не се ограничува на следното):

– превоз на деца или животни врз машината,

  • транспорт на машината,
    – употреба на машината за влечење или буткање товар,
    – употреба на машината за собирање лисја или гранки,
    – употреба на машината за порамнување огради или за сечење вегетација што не е трева,
    – употреба на машината од страна на повеке луге,
    – вклучување на сечивото врз терени на кои нема трева.
    3) Никогаш не дозволувајте деца или лица кои не ги познаваат овие упатства да ја употребуваат косачката. Можно е да постојат локални законски прописи во поглед на возраста на корисникот.
    4) Никогаш немојте да ја користите тревокосачката:
    – кога во нејзина непосредна близина се наогаат други лица, деца или домашни животни и миленици;
    – ако корисникот е под дејство на лекарства или други супстанции кои можат да влијаат на неговата способност за брзо реагирање и концентрација.
    5) Имајте на ум дека корисникот е одговорен за незгодите или опасноста по други лица или нивниот имот.

В) ПОДГОТОВКА

1) Кога косите, секогаш носете долги пантолони и издржливи обувки. Немојте да работите со тревокосачката босоноги или во отворени сандали.
2) Внимателно прегледајте ја површината каде ке ја употребите тревокосачката и отстранете ги сите објекти кои таа би можела да ги исфрли (камења, стапчиња, колчиња, парчиња жица, коски, итн.).
3) ВНИМАНИЕ: ОПАСНОСТ! Горивото е лесно запалливо:

– Г оривото складирајте го во садови специјално изработени за таа намена.
- Турајте гориво со инка и секогаш на отворено. Немојте да пушите додека туривате гориво или ракувате со горивото.
– Турете гориво пред да го запалите моторот. Никогаш немојте да го отворате капачето на резервоарот или да дополнувате со гориво додека моторот работи или е уште загреан.
– Ако се истури гориво, немојте да го палите моторот, туку прво отстранете ја косачката од местото на истурање и избегнувајте палење на орган додека не испари целото истурено гориво.
- Докрај затворајте го капачето на резервоарот и садовите со гориво.
4) Заменете ги неисправните придушувачи.
5) Пред да започнете со косење, секогаш визуелно прегледајте ја косачката, посебно ножот, и проверете дали сите завтрки и целиот склоп на

ножот е неоштетен или истрошен. Истрошените или оштетени ножеви и завртки менувајте ги во комплети, за да се зачува балансот.

6) Пред косење, поставете ги штитниците на излезните отвори (зафакачот на откос или дефлекторот).

С) КОРИСТЕЊЕ

1) Немојте да го палите моторот и да работите со косачката во ограден или затворен простор каде може да се соберат опасните јаглерод-моноксидни гасови.
2) Косете само дење или при добро вештачко осветление.
3) Избегнувајте употреба на косачката на влажна трева, ако е можно.
4) Внимателно движете со по косини.
5) Немојте да трчате и не дозволувајте косачката да ве влече.
6) На косини косете вдолж наклонот, никогаш попреку (нагоре-надолу).
7) При менување на насоката и правецот на движење на косини бидете посебно внимателни.
8) Немојте да косите на наклони поголеми од 20°.
9) Кога ја повлекувате косачката кон себе, бидете посебно внимателни.
10) Кога косачката треба да ја пренесете преку површина која не е под трева, или додека ја носите до површината која треба да се коси, запрете до ножот.
11) Немојте да ја користите косачката со неисправни штитници, или без штитници.
12) Не менувајте ги местењата на моторот и немојте да го користите при превисоки вртежи.
13) На моделите со погонски тркала исключете го погонот пред да го стартувате моторот.
14) Моторот стартувајте го според упатствата и осигурете се дека нозете се на сигурна оддалеченост од ножот.
15) Kora ro стартувате моторот немојте да ја навалувате косачката.
Моторот стартувајте го на рамна површина без запреки и висока трева.
16) Не ги приближувајте раçете или ноуете до или под подвижните делови на косачката. Секогаш држете се настрана од отворите.
17) Никогаш немојте да ја кревате или носите косачката ако моторот работи.
18) Запрете го моторот и исключете го кабелот на свекичката:
– пред да пристапите кон било каква работа под платформата на ножот или отворот за исфрлање;
- пред проверка, чистење или работа на тревокосачката;
- по удар во непознат предмет. Проверете дали тревокосачката е оштетена и поправете ја пред да продолжите со работа;
- ако тревокосачката започне да вибрира на ненормален начин (веднаш побарајте ја причината за вибрациите и однесете ја за неопходни проверки во специјализиран сервис).
19) Запрете го моторот:
- кога тревокосачката ја оставате без надзор. Од моделите со електричен стартер извадете го клучот;
– пред дополнување со гориво;
– секогаш кога го вадите или заменувате магацинот за трева;
– пред регулирање на височината на косење.
20) При гаснење на моторот, прво намалете ги вртежите, а по гаснењето и по завршување со работа затворајте ја славинката на доводот за гориво.

21) Koga kositte, drjete se на безбедно растојание од ножот. Тоа растојание е должината на ракофатот за водење на тревокосачката.

D) ОДРЖУВАЊЕ И ОДЛАГАЊЕ

1) Сите завртки, навртки и лостови одржувајте ги соодветно зацврстени за да сте сигурни дека косачката е безбедна за работа. Редовното одржување е основен предуслов за безбедност и за одржување на добрите перформанси на тревокосачката.
2) Никогаш немојте да ја одлагате тревокосачката со полн резервоар во зграда каде испарувањата можат да допрат до отворен пламен или извор на топлина.
3) Пред одлагање во затворена просторија, дозволете моторот да се излади.
4) За да го намалите ризикот од запалување, одржувајте го моторот, придушувачот на издувот, делот со акумулаторот и местото каде го чувате горивото чисти и без остатоци од трева, лисје или масни наслојки. Во таа просторија немојте да чувате контејнери со отпадоци.
5) Проверувајте го дефлекторот и магацинот почесто за да утврдите навреме дали се оштетени или истрошени.
6) Ако резервоарот треба да се празни, ова треба да се прави на отворено и кога моторот е оладен.
7) Кога го вадите или склопувате ножот, носете груби работни ракавици.
8) После острењето, проверете ја урамнотеженоста на ножот. Сите операции кои се однесуваат на ножот (расклопување, острење, урамнотеженост, склопување и/или замена) се работа која бара специфична надлежност како и примена на соодветни алатки; поради безбедносни причини, потребно е сите операции да бидат извршени во специјализиран центар.
9) Заради безбедност, не употребувајте ја машината ако некои делови се во лоша состојба или оштетени. Деловите треба да се заменат и никогаш да не се поправаат. Користете оригинални резервни делови. Деловите со несоодветен квалитет може да ја оштетат машината и да ја загрозат личната безбедност.

Е) ТРАНСПОРТ И ДВИЖЕЊЕ

1) Секогаш кога е потребно движење, подигнување, транспорт или наведнување на тревокосачката, потребно е:
– а да носите цврсти ракавици за работа;
– а да ја фатите тревокосачката на места кои нудат сигурно прифаќање, водејки сметка за тежината и за нејзиниот транспорт;
- да ангажирате луге што соодветствуваат со тежината на машината и на характеристиките на превозното средство или на местото каде што машината треба да биде поставена или подигната.
2) За време на транспорт, обезбедете ја соодветно машината со помош на јажиња или синцири.

ЖИВОТНА СРЕДИНА

Заштитата на животната средина треба да се извршува релевантно и приоритетно при употреба на машината во корист на грағанските погодности и на просторот во кој живееме.

– Избегнувајте постоење на елементи на нарушување во непосредното опкружување.
– Следете ги точно локалните закони за фрлање на материјалите кои ќе се резултат на сечењето.
– Доследно следете ги локалните закони за фрлање на амбалажата, маслата, бензинот, акумулаторот филтрите, делови во распагање или какви било елементи со штетно влијание врз животната средина. Овие отпадоци не смее да се фрлаат во губре туку треба да се селектираат и однесат во соодветни собирни центри кои рециклираат материјали.
– При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината каде било во природата, туку предајте ја во собирен центар во согласност со важечките локални закони.

ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ПРОИЗВОДОТ

Идентификацијата на производот се утврдува со серискиот број и со бројот на производот на машината. Истите се дадени на плочката на рамката на моторот:

  1. Ниво на бучава според Директивата 2000/14 на EE3 2. Ознака за усогласеност со

Директивата 2006/42/EУ

  1. Година на производство 4. Тип на тревокосачка 5. Сериски број 6. Име и адреса на

производителот 7. Код на производ 8. Мокност на моторот и режим 9. Тежина во кг.

Atco Quattro 19S - ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ПРОИЗВОДОТ - 1

text_image 6 4 9 8 1 LWA dB kW / min kg 3 5 7 2 CE

Веднаш по набавка на машината, запишете ги броевите за идентификација (3 - 4 - 5) во соодветното место на последната страница од ова упатство.

ОПИС НА ДАДЕНИТЕ СИМБОЛИ НА КОМАНДИТЕ (каде што е предвидено)

Atco Quattro 19S - ОПИС НА ДАДЕНИТЕ СИМБОЛИ НА КОМАНДИТЕ (каде што е предвидено) - 1

text_image 21 22 23 STOP 24 25 26 27

Прочитајте ги соодветните упатства за инструкции кои се однесуваат на моторот и акумулаторот.

Опремата која што е означена со свездичка (*) е стандарт за дадени модели или држави.

Некои модели не се опремени со команда за гас. Брзината на моторот е поставена на тој начин да гарантира оптимална работа и минимални издувни гасови.

СИМБОЛИ

Следните символи се поставени на машината за да привлекуваат внимание во однос на правилната употреба.

Внимание: Внимателно прочитајте го упатството за употреба пред да ја користите машината.

Предупредување! Внимавајте да нема лица во непосредна близина. Внимавајте на евентуални исфрлени делови од машината.

Предупредување! Кога машината работи, рацете и нозете држете ги подалеку од плочата за косење. Пред да изведувате каква било интервенција за поправка, извадете го кабелот на свекичката од самата свекичка.

Внимание: За чистење на долната страна на косачката, треба секогаш

да ја наведнете наназад. Ако ја наведнете на друга страна може да дојде до истурање на бензин и масло.

ВОВЕД

Тип I

Atco Quattro 19S - ВОВЕД - 1

text_image G J* K* H*

Тип II

Atco Quattro 19S - ВОВЕД - 2

text_image G L* H* K* J*

Тип III

Atco Quattro 19S - ВОВЕД - 3

НЕЗАЦВРСТЕНИ ДЕЛОВИ ВО ПАКУВАЊЕТО

2 потпори за корпата за посената трева

4 навртки за потпората

1 клуч за палење (*)
1 полнач за акумулаторот (*)
1 имбус-клуч
1 цевкаст клуч
+ Упатства со инструкции

ЗАБЕЛЕШКА - Машината може да се доставува со некои веке поставени делови.

ВНИМАНИЕ – потпирањето и целата монтажа треба да се извршат на цврста и рамна површина со довольно простор за поместување на машината и на амбалажата користејки секогаш соодветни алати.

Фрлањето на амбалажата треба да се изведува во согласност со важечките локални закони.

РАЧКА (Типови I-II)

1 Превиткајте го долниот дел на рачката нагоре.
2. Фиксирајте го горниот дел на рачката со подлошките и ракофатите. Од десната страна на ракофатот за палење има крилце (сл. 1).
3. Потоа зашрафете ги ракофатите од долната страна на рачката. Штом ке ги зашрафите ракофатите, може да ја регулирате висината на рачката со зашрафување на навртките А до помош на доставените клучеви (сл. 2).

РАЧКА (Тип III)

  1. Разлабавете ги факофатите на рамката и фиксирајте го долниотдел на рачката со навртките В (сл. 3).
  2. Фиксирајте го горниот дел на рачката со подлошките и ракофатите. Од десната страна на ракофатот за палење има крилце (сл. 1).
  3. Потоа зашрафете ги ракофатите од долната страна на рачката. Штом ке ги зашрафите ракофатите, може да ја регулирате висината.

СТЕГАЛКИ ЗА КАБЛИТЕ

Фиксирајте ги каблите со помош на стегалките (сл. 4).

D: Кабел за палење/гаснење + кабел за спојницата (*)
E: Кабел за гас(*) + електричен спојницата (*)
F: Електричен кабел (*) + кабел за варијаторот (*)

КОМАНДА НА ВАРИЈАТОРОТ (\*)

Во моментот на набавка, кабелот за варијаторот е поставен на тој начин да не може предизвика оштетување на преносот. Веројатно кабелот їе треба да се затегне, погледнете во поглавјето "РЕГУЛАЦИЈА НА КАБЕЛОТ ЗА ВАРИЈАТОРОТ" во секцијата "ОДРЖУВАЊЕ".

Подигнете го капакот на корпата и фиксирајте ги двете потпори за корпата со помош на доставените навртки. Двете потпори се обележани со буквите «L» (лево) е «R» (десно) и треба да се постават соодветно на задната страна на тревокосачката (сл. 5).

Платнена корпа (*): Поставете ја вреќичката на челичната рамка и потоа закачете го пластичниот капак (сл. 6).

Пластична корпа (*): Закачете ги двете половини, а потоа и горниот дел (сл. 7).

Отворете го капакот на моторот и фиксирајте ја корпата за потпорите.

ЗАБЕЛЕШКА! Косачката може да работи и без корпа за покосената трева. Во тој случај, тревата се исфрлува зад машината во форма на патека.

АКУМУЛАТОР (\*)

Електролитот на акумулаторот е отровен и корозивен. Може да предизвика корозија и други штети. Избегнувајте контакт со кожа, очи и облека.

Пред палење на машината за првпат, акумулаторот треба да се полни 24 часа; прочитајте го поглавјето ОДРЖУВАЊЕ НА АКУМУЛАТОРОТ за повеќе информации.

Вметнете го клучот (*) во отворот за палење.

УПОТРЕБА НА КОСАЧКАТА

COMBI (\*)

Оваа нова косачка обединува две различни функции во една машина:

1. "MULCHING"

Машината има еден чеп (P) поставен на отворот на исфрлање (сл. 8). Може да користите "Mulching", т.е. сечивата ја ситнат тревата во текот на косењето. Тревата се распостелува на тревникот каде гние. На тој начин се поѓубрува тревникот.

За да го извадите чепот, притиснете ја кочницата (R - сл. 8a).

За да го поставите чепот, проверете дали двата клина се правилно вметнати докрај во отворите со цел чепот правилно да се постави.

43 цм. Combi:

За да го извадите чепот, отшрафете ја криолната основа (сл. 8b).

2. СОБИРАЊЕ ТРЕВА

Поставете ја доставената корпа за покосената трева (сл. 6 и 7).

Отворете го капакот, извадете го чепот и закачете ја корпата за задната страна на машината.

Во текот на косењето на тревникот, тревата се собира во корпата. Истурете ја корпата со покосената трева на куп за да изгние или по рабовите на тревникот за погубрување.

3. ЗАДНО ИСФРЛУВАЊЕ

Користете ја машината без чеп или без корпа за покосената трева (затворен капак). Тревата се расфрлува од задната страна на машината без да се исситни.

ВКЛУЧУВАЊЕ НА МОТОРОТ

  1. Поставете ја косачката во хоризонтална позиција и добра потпора на теренот. Не вклучувајте ја во висока трева.

  2. Проверете дали кабелот на свекичката е поврзан со самата свекичка.

  3. Притиснете ја рачката за палење/гаснење G кон држачот. ЗАБЕЛЕШКА! Рачката за палење/гаснење G треба да се држи притисната за да се спречи застанување на моторот (сл. 9).

4a Рачно палење: Зафатете го ракофатот на палењето и включете го моторот со цврсто повлекување на јажето за палење.

46 Електрично палење (K*): Запалете го моторот со тоа што ќе го свртите клучот во правецот на движењето на сказалките на часовникот. Пуштете го клучот штом ќе се запали моторот. Секогаш изведувајте кратки обиди за да се избегне празнење на акумулаторот.

  1. За постигнување на најдобри резултати, моторот секогаш треба да работи во полн режим.

ЗАПИРАЊЕ НА МОТОРОТ

Atco Quattro 19S - ЗАПИРАЊЕ НА МОТОРОТ - 1

Моторот може да е многу врел по гаснење.

Не допирајте ги издувната цевка, моторот

или деловите на главата на моторот. Постои опасност од опекотини.

За да го застанете моторот, ослободете ја рачката за палење/гаснење G (сл. 9).

Atco Quattro 19S - ЗАПИРАЊЕ НА МОТОРОТ - 2

Во случај на расипување на рачката за

палење/гаснење, застанете го моторот и

извадете го кабелот на свекичката. Веднаш однесете ја косачката во авторизиран сервисен центар на поправка.

ЗАДНА ВЛЕЧА (\*)

Включете ја влечата со притискање на рачката за спојниците J кон рачката. Исклучете ја влечата со ослободување на рачката за спојницата J (сл. 9).

БРЗИНА (\*)

Atco Quattro 19S - БРЗИНА (\*) - 1

Не допирајте ја командата за варијаторот кога моторот е застанат. Оваа операција

може да го оштети варијаторот.

Постигнете соодветна брзина со поместување на варијаторот во една од 4те позиции (сл. 10).

Четирите позиции соодветствуват на следниве брзини:

Не регулирајте ја висината на косење на премногу ниско при што ножевите би го

допирале теренот бидејки во случај на нерамнини тие го допираат тлото.

Косачката е опремена со команда од една рачка за регулирање на висината на косење. Извлекувајте ја рачката за регулирање на висината на косење во позиција за косење која најмногу ће одговара од можните девет позиции (сл. 11).

Совети за третман на тревникот

Секој вид на присутната трева има различни характеристики и може да бара различни режими на косење на тревникот. Прочитајте ги секогаш упатствата што се содржани на пакувањето на семето во однос на висината на препорачано косење во однос на условите на растење во пределот каде е посадена.

Треба да се трудите поголемиот дел од тревата да е од ист вид и со едно или повеке видови ливчиња. Ако ливчињата се покосат целосно, се оштетува тревникот и идното косење єе биде многу тешко.

Генерално, вреди да се следат следните упатства:

– многу ниско косење предизвикува корнење и проретчување на тревната површина со што остануваат "голи места",
– на лето, косењето треба да е највисоко за да се избегне исушување на теренот,
– не косете ја тревата кога е наводнувана. Тоа може да ја намали ефикасноста на сечивата врз тревата бидејки ће се лепи и ће предизвика заглавување на слој од трева,
– во случај на делумно израсната трева, најдобро е да прво да се искоси на најголема висина што ја дозволува машината, проследено со второ косење по два или три денови.

ОДРЖУВАЊЕ

ВАЖНО – Неопходно е редовно и правилно одржување за долготрајно одржување на безбедносното ниво и првобитната исполнителност на машината.

Носете заштитни ракавици при секоја интервенција за чистење, одржување и регулација на машината.

Во случај кога треба да се пристапи до долниот дел, наведнете ја машината само на страната како што е прикажано во упатството за моторот следејки ги соодветните инструкции.

ЧИСТЕЊЕ

По секое косење, исперете ја машината со вода; отстранете ги остатоците од трева и кал кои се наталожиле од внатрешната страна на куќиштето за да избегнете тие да предизвикаат потешкотии при подоцнежно палење.

Лакот од долниот дел на кукиштето може да отпадне заради абразивното дејство на покосената трева; во тој случај, треба спремно да интервенирате со премачкување лак против 'рігосување за да се спречи создавање 'рға која го кородира металот.

Извадете ја кутијата на преносот со одвртување на навртките S (сл. 12) и исчистете ја областа околу преносот (*) и ремените (*) со четкичка или воздух под притисок еднаш годишно.

На почетокот на сезоната треба да се исчисти и внатрешноста на погонските тркала (*). Извадете ги двете тркала. Исчистете ги запченикот и крупната за да ги отстраните тревата и другите нечистотии со четкичка или со воздух под притисок (сл. 13).

АКУМУЛАТОР (\*)

При нормално користење, акумулаторот се полни преку моторот. Во случај кога моторот не се пали со клучот за палење, веројатно акумулаторот потполно празен.

Извадете го акумулаторот со отворање на соодветниот капак и со вадењење на стеглаките од моторот (сл. 16). Приклучете го полначот за акумулаторотот (што е доставен) на акумулаторот и

потоа поврзете го полначот во штекер на сид и полнете го 24 часа (сл. 17).

По полнење, поставете го акумулаторот и поставете ги стеглаките на акумулаторот на моторот (сл. 18).

Не приклучувајте го полначот за акумулатори директно на спојниците на моторот. Полначот за акумулатори не смее да се користи како извор на напојување за придвижување на моторот бидејки може да го оштети.

ЧУВАЊЕ ВО ЗИМА

Извадете го акумулаторот потполно наполнет и складирајте го на суво и ладно место (видете погоре) (меѓу 0°C е +15°C). Најмалку барем еднаш во текот на зимата треба да извршите едно дополнительно полнење заради одржување на акумулаторот. Пред почетокот на сезоната, полнете го акумулаторот 24 часа.

РЕГУЛАЦИЈА НА КАБЕЛОТ НА СПОЈНИЦАТА (\*)

Во случај кога спојницата не се активира со соодветно притискање на рачката кон држачот или ако косачката тешко или споро се движи, причината може да биде пролизгување на спојницата. За да го елиминирате проблемот, регулирајте го кабелот за спојницата како што следи (со ислучен мотор).

  1. Косачката може лесно да се поттурне наназад кога рачката за спојницата е оптуштена. Во обратен случај, затегнувајте ја Т-спојницата се додека не се овозможи поттурнување на косачката (сл. 19).
  2. Со притискање на рачката за спојницата навнатре за околу 2 цм. (позиција 1) при поттурнување на косачката треба да се осети одреден отпор. Кога пак рачката за спојницата е притисната навнатре докрај (позиција 2) не би требало веке да биде можно да се поттурнува косачката. Попуштајте ја Т-спојницата додека не ја постигнете оваа положба.

РЕГУЛАЦИЈА НА КАБЕЛОТ НА ВАРИЈАТОРОТ (\*)

Во случај кога разликата во брзина между позициите на командата за варијаторот за максимальна брзина (позиции 3 и ) ще минимална или нула, веројатно треба да се затегне кабелот на варијаторот.

  1. Оставете ја косачката да работи во позиција ** неколку минути .
  2. Ако забележите празен од на кабелот на варијаторот во однос на спојката У,потребно е да го затегнете кабелот. Порамнете ја завртката Х и држете го кабелот зашрафувајки ја спојката У докрај се додека не се елиминира празниот од на кабелот.
  3. Зашрафете ја завртката X.

ЗАБЕЛЕШКА! Кабелот не смее да се затегнува повеќе од точката на која е анулиран празниот од во однос на спојката У.Ако кабелот е премногу затегнат, преносниот ремен може да пукне и/или може да се оштетат други делови на преносниот механизмам. При

регулација по замена на ременот на пр., започнете секогаш кога спојката У е целосно затегната.

АМОРТИЗЕР

Сл 20. Проверувајте ги амортизерот и спојниците за изолација двапати во секоја сезона и заменете ги ако се оштетени или истрошени.

ЗАМЕНА НА СЕЧИВАТА

Разлабавете ги навртките за замена на ножевите (сл. 21 и 22). Поставете го новото сечиво така што ознаката на производителот да се наоға кон носачот на сечивото (не кон тревата). Поставете одново како што е прикажано. Правилно зашрафете ги навртките. Зашрафете со затегнувачки момент од 40 Nm.

При замена на сечивото, неопходно е да се заменат и соодветните навртки.

Секоја интервенција врз ножевите мора да се извршува во специјализиран сервис каде има посоодветна опрема.

За оваа машина се предвидени ножеви кои го носат знакот:

81004131/0(за модел 454 - сл. 21)
81004132/0(за модел 454 - сл. 22)
81004143/0(за модел 504 - сл. 21)
81004135/0(за модел 504 - сл. 22)
81004144/0(за модел 554 - сл. 21)
81004134/0(за модел 554 - сл. 22)

Ножевите треба секогаш да се обележани со знакот ▲. Заради развојот на производот, горенаведените сечива треба со време да се заменат со други со соодветни характеристики за замена и функционална безбедност.

ЧУВАНЬЕ

Бензинот не смее да остане во резервоарот подолго од еден месец.

Детално исчистете ја косачката и оставете ја на суво и покриено место.

ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА

Оригиналните резервни делови се набавуваат во сервисните центри или кај авторизираните застапници.

Се препорачува машината да ја однесете во овластен сервис еднаш годишно на детален преглед, одржување и сервисирање на безбедносните делови.

Контактирајте со застапникот за помош и резервни делови.

BIZTONSÁGI SZABÁLYOK

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : Atco

Модел : Quattro 19S

Категорија : кошачка за трева