MAKITA UB400MP - дувач за лисја

UB400MP - дувач за лисја MAKITA - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот UB400MP MAKITA во PDF формат.

📄 248 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice MAKITA UB400MP - page 187
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Вид на производ Додаток за дувалка за листови
Марка Makita
Модел UB400MP
Вкупна должина 810 mm
Нето тежина 1,7 kg
Волумен на воздух (со DUX60) 0 - 14,8 m³/min
Волумен на воздух (со DUX18) 0 - 12,6 m³/min
Волумен на воздух (со UX01G + BL4040) 0 - 15,8 m³/min
Волумен на воздух (со EX2650LH) 0 - 14,3 m³/min
Напојување Литиум-јонска батерија (во зависност од моторот) или термална
Компатибилни моторни единици DUX60, DUX18, UX01G, EX2650LH
Предвидена употреба Дување на листови и лесни остатоци
Главен материјал Зајакната пластика
Ниво на бучава Погледнете ги упатствата на моторот
Потребна безбедносна опрема Заштитни очила, штитници за уши против бучава, антилизгачки обувки
Безбедносно растојание минимум 15 m
Редовно одржување Чистење по употреба, подмачкување на оската на секои 30 часа
Достапни резервни делови Адаптер за црево, продолжение за млазница, рамна млазница, комплет за млазница за олуци
Поправка Само овластен сервисен центар на Makita
Гаранција Погледнете ги условите на Makita

Frequently Asked Questions - UB400MP MAKITA

Како да го прицврстите цревото на додатокот на моторот?
Отстранете го капачето, придвижете ја лостта кон додатокот, порамнете ја иглата со ознаката со стрелка, вметнете додека копчето за ослободува не излезе, а потоа придвижете ја лостта кон моторот.
Кои мотори се компатибилни со UB400MP?
Безжичните мултифункционални мотори DUX60, DUX18, UX01G и термалниот мотор EX2650LH се одобрени.
Како да го одржувате дувалката по употреба?
Исчистете ја прашината со сува или влажна крпа (сапуница). Не користете бензин или растворувачи. Подмачкувајте ја оската на моторот на секои 30 часа со Makita маст бр. 2.
Кои опционални додатоци можам да ги користам?
Можете да додадете адаптер за црево, продолжение за млазница, рамна млазница или комплет за млазница за олуци (продадени посебно).
Кое безбедносно растојание треба да се почитува?
Одржувајте растојание од најмалку 15 метри помеѓу вас и присутните луѓе или животни.
Што да направите ако вентилаторите не се вртат?
Веднаш запрете го моторот. Проверете ја врската помеѓу цревото и моторот. Ако проблемот продолжи, контактирајте овластен сервисен центар на Makita.
Може ли да го користам дувалката на дожд?
Не, не изложувајте го уредот на дожд. Користете го само по суво време.
Како да го складирате додатокот кога не се користи?
Закачете го капачето на крајот на цревото за да го заштитите. Чувајте го на суво место, далеку од дофат на деца.
Која заштитна опрема треба да носам?
Носете заштитни очила, штитници за уши против бучава, антилизгачки обувки и долги панталони. Избегнувајте широка облека.
Каде можам да го поправам мојот UB400MP?
Доверете ја секоја поправка на овластен сервисен центар на Makita. Користете само оригинални резервни делови.

Прашања на корисниците за UB400MP MAKITA

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот дувач за лисја во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник UB400MP - MAKITA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. UB400MP на марката MAKITA.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК UB400MP MAKITA

*1. Капацитети на приклучокот на дувалката заедно со DUX60 безжична повекефункционална глава за напојување

*2. Капацитети на приклучокот на дувалката заедно со DUX18 безжична повеќефункционална глава за напојување

*3. Капацитети на приклучокот на дувалката заедно со UX01G безжична повеќефункционална глава за напојување (со батерија BL4040)

*4. Капацитети на приключот на дувалката заедно со EX2650LH повеќефункционална глава за напојување

- Поради нашата континуирана програма за истражување и развој, спецификациите тука подлежат на промена без најава.

- Спецификациите може да се разликуваат од држава до држава.

Одобрен уред за напојување

Овој додаток е одобрен само за употреба со следниве уреди за напојување:

  • DUX60, DUX18, UX01G Безжична повекефункционална глава за напојување
  • EX2650LH Повекефункционална глава за напојување

НАПОМЕНА: Во европейите земји (включително и ОК и Русија), Австралија, Нов Зеланд, Кореја, Кина, Јужна Африка итн. каде што има прописи за ЕМІ (електромагнетни пречки), овој додаток не може да се користи со DUX60 чијшто сериски број е помал од 85630 што завршува со У. Ако серискиот број на DUX60 се совпаға со некој од следниве услови, може да се користи со додатокот и во тие земји:

• 85630Y или поголем број од 85630 што завршува со Y
- Кој било број што завршува со суфикс од азбуката што не е Y
* Серискиот број е означен на терминалот на батеријата како што е покажано подолу. Дизајнот на етикетата може да се разликува.

MAKITA UB400MP - Одобрен уред за напојување - 1

text_image 1 ******* Y ******* Y
  1. Сериски број

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Никогаш не користете го додатокот со неодобрен уред за напојување. Неодобрената комбинација може да предизвика сериозна повреда.

Симболи

Допунаведените ги прикажуваат симболите што може да се користат кај опремата. Пред употребата, проверете дали го разбирате нивното значење.

MAKITA UB400MP - Симболи - 1

Посветете особена грижа и внимание.

MAKITA UB400MP - Симболи - 2

MAKITA UB400MP - Симболи - 3

Прочитајте го упатството за користење.

MAKITA UB400MP - Симболи - 4

Не допирајте ги вртливите делови.

MAKITA UB400MP - Симболи - 5

MAKITA UB400MP - Симболи - 6

Случајните минувачи треба да се држат настрана.

MAKITA UB400MP - Симболи - 7

Носете заштита за очите и ушите.

MAKITA UB400MP - Симболи - 8

Долгата коса може да предизвика несреќа со заплеткување.

MAKITA UB400MP - Симболи - 9

Одржувајте растојание од најмалку 15 м.

MAKITA UB400MP - Симболи - 10

Ni-MH Li-ion

Само за земјите на ЕУ

Поради присуство на опасни компоненти во опремата, отпадната електрична и електронска опрема, акумулаторите и батериите може да влијаат негативно врз животната средина и човековото здравје.

Не фрлајте ги електричните и електронските апарати или батериите во домашниот отпад!

Во согласност со Европската директива за фрлање електрична и електронска опрема, акумулатори, батерии и отпадни акумулатори и батерии, како и нивната адаптација во државниот закон, отпадната електрична опрема, батериите и акумулаторите треба да се чуваат одделно и да се достават на посебно место за собирање општински отпад, во согласност со прописите за заштита на животната средина.

Ова е означено со символот на пречкртана корпа за отпадоци ставен на опремата.

Наменета употреба

Додатокот е предвиден само за дување прав, заедно со одобрен уред за напојување. Никогаш не користете го додатокот за други намени. Со неправилна употреба на додатокот може да предизвикате сериозна повреда.

Само за земјите во Европа

Ние како производители: Makita Europe N.V., деловна адреса: Jan-Baptist Vinkstraat 2 3070 Kortenberg BELGIUM. го овластуваме Kazuhisa Makino за составување на техничкиот документ и со наша целосна лична одговорност изјавуваме дека производите;

Ознака: Приклучок на дувалката. Ознака на типовите: UB400MP.

ги исполнуват сите релевантни одредби

од 2006/42/EC и исто така ги исполнуваат релевантните одредби од следниве Директиви

на ЕЗ/ЕУ: 2000/14/ЕС и се произведени во согласност со следниве хармонизирани

стандарди: EN 15503:2009+A1:2013+A2:2015, EN 50636-2-100:2014.

Место и датум на изјавата: Контенберг, Белгија. 28. 6. 2023 година

Одговорно лице: Kazuhisa Makino, директор - Makita Europe N.V.

MAKITA UB400MP - Само за земјите во Европа - 1

БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА

Безбедносни предупредувања за дувалката

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Пред употребата, прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, упатства, илустрации и спецификации што се доставени со машината, како и упатството за употреба на уредот за напојување. Ако не се следат сите упатства што се наведени подолу, може да се предизвика струен удар, пожар и/или тешка повреда на операторот и/или набљудувачите.

Чувајте ги сите предупредувања и упатства за да може повторно да ги прочитате.

Поимите „електрична четка/електрична метла“ и „машина“ во предупредувањата и мерките на претпазливост се однесуваат на комбинацијата на додатокот и уредот за напојување.

Поимот „мотор“ во предупредувањата и мерките на претпазливост се однесува на моторот или електричниот мотор на уредот за напојување.

Обука

  1. Прочитајте ги упатствата внимателно. Запознајте се со контролите и правилната употреба на дувалката.
  2. Никогаш не дозволувајте деца и лица со намален физички, сензорен или ментален капацитет или без искуство и знаење или, пак, лица кои не се запознаени со овие упатства да ја користат дувалката. Локалните прописи може да ја ограничуваат возраста на операторот.
  3. Никогаш не работете со дувалката кога има луге, особено деца или домашни животни во близина.
  4. Имајте предвид дека ракувачот или корисникот е одговорен за каква било несреќите или опасностите што може да им се случай на другите лица или нивниот

ИМОТ.

Подготовка

  1. Секогаш носете цврсти обувки и долги панталони додека работите со дувалката.
  2. Не носете лабава облека, ниту накит, кои можат да бидат вовлечени во отворот за воздух. Држете ја долгата коса подалеку од отворите за воздух.
  3. Секогаш носете заштитни очила за да ги заштитите очите од повреда кога користите електрични алати. Очилата мора да се усогласени со ANSI Z87.1 во САД, EN 166 во Европа или AS/NZS 1336 во Австралија/Нов Зеланд. Во Австралија/Нов Зеланд исто така постои законска обврска за носење штитник за лице за да си го заштитите лицето.

MAKITA UB400MP - Подготовка - 1

Работодавачот е одговорен дали операторите со алатот и другите лица во непосредната работна околина носат соодветна безбедносна заштитна опрема.

  1. За спречување надразнување од прав, се препорачува да се носи маска за лице.
  2. Додека работите со машината, секогаш носете заштитни обувки што не се лизгаат. Нелизгавите безбедносни чизми и чевли со затворени прсти їе го намалат ризикот од повреда.
  3. Носете заштита за ушите, како што се штитници за уши. Изложувањето на бучава може да предизвика губење на слухот.
  4. Включете го моторот и работете со него само надвор, во добро вентилирана област. Работата во мала област или област со лоша вентилација може да резултира со смрт поради задушување или труење со јаглероден моноксид.

Работење

  1. Расчистете ја областа од деца, набљудувачи и домашни животни. Како минимум, држете ги сите деца, набљудувачи и домашни животни надвор од радиус од 15 м; надвор од зоната од 15 м, сё уште има опасност од повреда од фрлени предмети. Набљудувачите треба да се поттикнуваат да носат заштита за очите. Ако некој ви се приближува, изгаснете ги моторот или машината.

▶ Сл.1

  1. Исклучете ја дувалката и извадете ја касетата за батерија или свекичката, потоа

осигурете се дека сите подвижни делови целосно запреле

  • секогаш кога ја оставате дувалката.
  • пред да пристапите кон деблокирања.
  • пред проверка, чистење или изведување работи врз дувалката.
  • доколку дувалката започне да вибрира ненормално.

  • Ракувајте со дувалката само на дневна светлина или добро вештачка светлина.

  • Не пресегајте предалеку и одржувајте соодветна рамнотежа и стабилна положба на нозете цело време.
  • Секогаш внимавајте како газите по стрмнини.
  • Одете, никогаш не трчајте.
  • Држете ги сите отвори за воздух без нечистотии.
  • Никогаш не дувајте нечистотии во насока на минувачите.
  • Работете со дувалката во препорачаната позиција и на цврста површина.
  • Не работете со дувалката на високи места.
  • Никогаш не насочувајте го распрескувачот кон никого во близина кога ја користите дувалката.
  • Никогаш не блокирајте ги доводот за смукање и/или одводот за дување.

- Внимавајте да не го блокирате доводот за смукање или одводот за смукање соправ или нечистотија кога работите во правлива област.

- Не користете други распрскувачи освен распрскувачите што ги обезбедува Makita.

- Не користете ја дувалката за надувување топки, гумени кајчиња или слично.

  1. Не работете со дувалката во близина на отворени прозорци и сл.
  2. Се препорачува, со дувалката да се работи само во разумно време од денот - не рано наутро или доцна навечер кога може да се предизвика вознемиреност кај luřето.
  3. Се препорачува користење гребла и метли за разлабавување на отпадот преддувањето.
  4. Пред дувањето, малку наводенете ги површините во правливи услови или користење спреј за прскање вода ако е неопходно.
  5. Приспособете ја должината на млазникот на дувалката, така што пареата да делува блиску до земјата.
  6. Доколку дувалката удри во надворешен предмет или почне да прави невообичаена бучава или вибрации, веднаш исключете ја за да го запрете тоа. Извадете ја касетата за батерија или свекичката од дувалката и проверете дали дувалката има оштетувања пред одново да ја стартувате и да работите со неа. Доколку дувалката е оштетена, побарајте поправка од овластените

сервисни центри на Makita.

  1. Не вметнувајте прсти или други предмети во доводот за смукање или одводот за дување.
  2. Спречете ненамерно стартување. Уверете се дека прекинувачот е во исключена положба пред вметнување касета за батерија, подигање или носење на дувалката. Носењето на дувалката со прстот на прекинувачот или со включен прекинувач е може да предизвика несреći.
  3. Никогаш не дувајте опасни материјали, како шајки, парчиња стакло или сечила.
  4. Не ракувајте со дувалката близу до запаливи материјали.
  5. Избегнувајте работа со дувалката долго време во средина со ниска температура.
  6. Пред да ја склопувате или нагодувате машината, исключете го моторот и извадете го капачето на свекичката или касетата за батеријата.
  7. Носете лична заштитна опрема пред да го стартувате моторот.
  8. Пред да го стартувате моторот, проверете дали на машината има оштетувања, лабави завртки/навртки или неправилно склопување. Проверете дали сите контролни лостови и прекинувачи функционираат исправно. Исчистете ги и исушете ги рачките.
  9. Никогаш не обидувајте се да го включите моторот ако машината е оштетена или ако не е целосно склопена.
  10. Нагодете ги ременот за рамо и дршката за рака да одговараат на големината на телото на операторот.
  11. Додека моторот работи напразно, прикачете го ременот за рамо.
  12. При работењето, користете го ременот за рамо. Држете ја машината цврсто од вашата десна страна.
  13. Држете ја предната рачка со левата рака, а задната дршка со десната рака, без оглед дали сте деснак или левак. Свиткајте ги прстите и палците околу рачките.
  14. Никогаш не обидувајте се да работите со машината со една рака. Ако загубите контрола, може да дојде до сериозна или фатална повреда. За да го намалите ризикот од повреди, чувајте ги рацете и стапалата подалеку од четките или барабаните за метење.
  15. Ако машината се здобие со тежок удар или пад, проверете ја нејзината состојба пред да продолжите со работа. Проверете дали има протекување во системот за гориво и дефект кај контролните и сигурносните уреди. Доколку има какво било оштетување или сомнеж за тоа, побарајте проверка и поправка од наш овластен сервисен центар.
  16. Следете го прирачникот со упатства на уредот за напојување за правилна употреба на контролниот лост и прекинувач.

▶ Сл.2

  1. За време на работата или по неа, не ставајте ја вжештената машина на сува трева или запаливи материјали.

  2. Погледнете во упатството за употреба на уредот за напојување за начинот на стартување и контрола на машината.

Полнење гориво

  1. Запрете го моторот пред да полните гориво. Чувајте го настрана од отворен пламен и искри. Никогаш не пушете за време на полнењето гориво. Во спротивно, може да дојде до пожар и/или експлозија.
  2. Полнете гориво на отворено. Полнење гориво во затворена просторија може да предизвика експлозија од пареата од горивото.
  3. Избегнувајте контакт со гориво или моторно масло. Не вдишувајте ја пареата од горивото. Ако се истури гориво или масло, веднаш избришете го од машината и/или од земјата. Ако се истури гориво на вашата облека, веднаш пресоблечете се за да спречите нејзино запалување.
  4. По полнењето гориво, внимателно затегнете го капачето на резервоарот за гориво и проверете да не протекува гориво. Поместете се на најмалку 3 м (10 стапки) од изворот и местото за полнење гориво пред да го стартувате моторот.
  5. Транспортирајте го и складирајте го горивото само во одобрени садови. Држете ги децата подалеку од складираното гориво.

Транспорт

  1. Запрете го моторот при транспорт. Во спротивно, ненамерното стартување може да предизвика повреда.
  2. Осигурете безбедна положба на машината при транспортирање со автомобил за да избегнете истекување на горивото.
  3. При носење, подигнете ја машина целосно од земјата. Влечењето на машината предизвикува оштетување на резервоарот за гориво и истекување на горивото, што може да резултира со пожар.
  4. Кога ја транспортирате опремата, носете ја во хоризонтална положба, држејки ја за оската. Држете го жешкиот придушувач подалеку од телото.

Вибрации

  1. Изложувањето на прекумерни вибрации може да им наштети на крвните садови или нервниот систем на операторот и да ги предизвика следните симптоми во прстите, рацете или зглобовите: „Заспивање“ (отрпнатост), трнење, болка, чувство на прободување, промена на бојата на кожата или промена на кожата. Ако ви се случа некој од овие симптоми, посетете доктор. За да го намалите ризикот од „болест на бел прст“, држете ги рацете топли за време на работата и добро одржувајте ги машината и приборот.

Одржување и чување

  1. Одржувајте ги сите навртки и завртки затегнати за да бидете сигурни дека

дувалката е во безбедна работна состојба.

  1. Доколку деловите се изабени или оштетени, заменете ги со делови што ги обезбедува Makita.

  2. Складирајте ја дувалката на сигурно место надвор од дофат на деца.

  3. Кога ће ја запрете дувалката за проверка, сервисирање, складирање или менување додатоци, исключете ја и осигурете се дека сите подвижни делови целосно запреле и извадете ја касетата за батеријата или свекичката. Изладете ја дувалката пред да изведувате какви било работи на неа. Одржувајте ја дувалката со внимание и чувајте ја чиста.

  4. Пред да ја складирате, оставете ја дувалката да се олади.

  5. Не изложувајте ја дувалката на дожд. Складирајте ја дувалката во затворен простор.

  6. Кога ќе ја подигнувате дувалката, свиткајте ги колената и внимавајте да не си го повредите грбот.

  7. За да се намали ризикот од орган, никогаш не сервисирајте ја опремата во близина на орган.

  8. Секогаш чистете ги прашината и нечистотиите од опремата. За таа цел, никогаш не користете бензин, бензол, разредувач, алкохол или слично. Може да дојде до менување на бојата, на обликот или пукнатини на пластичните компоненти.

  9. По секоја употреба, стегнете ги сите шрафови и навртки, освен оние за нагодување на карбураторот.

  10. Не обидувајте се да извршувате какво било одржување или поправки што не се опишани во оваа брошура или во прирачникот со упатства на уредот за напојување. За такви работи, обратете се кај наш овластен сервисен центар.

  11. Следете ги упатствата за подмачкување и замена на додатоците.

  12. Секогаш користете ислучиво оригинални резервни делови и прибор. Употребата на резервни делови или прибор од трета страна може да резултира со кршење на опремата, оштетување на имотот и/или тешка повреда.

  13. Побарајте го нашиот овластен сервисен центар за проверка и одржување на машината во редовни интервали.

  14. Пред да ја складирате машината, извршете целосно чистење и одржување. Извадете го капачето на свекичката или касетата за батеријата. Исцедете го горивото откако моторот їе се излади.

  15. Не потпирајте ја опремата на нешта како на пример на сид. Во спротивно, може ненадејно да падне и да предизвика повреда.

Користење и грижа за алатот на батерии

  1. Полнете само со полначот одреден од страна на производителот. Полнач што е соодветен за еден тип батерија може да создаде ризик од пожар кога се користи со

друга батерија.

  1. Ислучиво користете ги електричните алати со конкретно наменети батерии. Користењето други батерии може да создаде ризик од повреда или пожар.

  2. Кога батеријата не се користи, држете ја настрана од други метални предмети, како што се спојувалки, монети, клучеви, шрафови или други мали метални предмети што можат да послужат како врска од еден на друг приклучок. Краткиот спој на батериските приклучоци може да доведе до изгореници или пожар.

  3. При случаи на злоупотреба, од батеријата може да истече течност. Избегнувајте контакт со неа. Ако дојде до ненамерен контакт, измијте со вода. Ако течноста дојде во допир со очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течноста што истекла од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.

  4. Не користете батерии или алат што се оштетени или менувани. Оштетените или менуваните батерии може да прикажуваат непредвидливо однесување што резултира со орган, експлозија или опасност од повреда.

  5. Не изложувајте ги батериите или алатот на орган или прекумерна температура. Изложувањето на орган или температура над 130°C може да предизвика експлозија.

  6. Следете ги сите упатства за полнење и не полнете ги батериите или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатството. Неправилното менување или менувањето на температури надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од орган.

Безбедност на електричните делови и батеријата

  1. Не фрлајте ги батериите во орган. Келијата може да експлодира. Проверете ги локалните прописи за можни упатства за специјален отпад.

  2. Не отворајте ги и не уништувајте ги батериите. Електролитот што се ослободува е корозивен и може да предизвика оштетување на очите или кожата. Може да е токсичен ако се голтне.

  3. Не полнете ја батеријата на дожд или на влажни места.

  4. Не полнете ја батеријата надвор.

  5. Не држете го полначот, вклучувајки го и приклучокот за полначот и терминалите на полначот со влажни раце.

Сервисирање

  1. Вашиот електричен алат сервисирајте го кај квалификувано лице за поправки, кое користи само идентични резервни делови. Така ќе бидете сигурни дека електричниот алат и понатаму е безбеден.

  2. Никогаш не сервисирајте оштетени батерии. Сервисирањето на батериите треба да ги извршува само производителот или овластените сервисери.

Прва помош

  1. Во случај на несреќа, осигурете се дека во близина на местото на работење имате достапен прибор за прва помош. Веднаш заменете ги искористените предмети од приборот за прва помош.

  2. Кога барате помош, дајте ги следниве информации:

— Местото на несреćата
— Што се случило
— Број на повредени лица
— Типот на повреди
— Вашето име

ДОЗВОЛУВАЈТЕ удобноста или познавањето на производот (стекнати со подолга употреба) да ве наведат да не се придржувате строго до безбедносните правила за овој производ.

ЗЛОУПОТРЕБАТА или непочитувањето на безбедносните правила наведени во ова упатство може да предизвикаат тешка телесна повреда.

⚠ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Користењето

на овој производ може да создаде прав што содржи хемикалии кои можат да предизвикаат респираторни или други болести. Некои примери за овие хемикалии се соединенијата што се наоғаат во пестициди, инсектициди, ғубрива и хербициди. Ризикот од изложувањето зависи од тоа колку често работите работи од ваков тип. За да ја намалите изложеноста на овие хемикалии: работете во добро проветрени области и со одобрена сигурносна опрема, како маски за прав што се специјално направени за да филтрираат микроскопски честички.

ОПИС НА ДЕЛОВИТЕ

▶ Сл.3: 1. Капаче 2. Цевка 3. Преден распрескувач

СОСТАВУВАЊЕ

⚠️ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пред да ја

склопувате или нагодувате опремата, исключете го моторот и извадете го капачето на свекичката или касетата за батерија. Во спротивно, вентилаторите може да се придвижат и да предизвикаат повреда.

⚠️ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Кога їе ја

склопувате или нагодувате опремата, секогаш спуштете ја долу. Склопувањето или нагодувањето на опремата во исправена положба може да резултира со сериозна повреда.

⚠️ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следете

ги предупредувањата и мерките на претпазливост во поглавјето „БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА“ и упатството за користење на уредот за напојување.

Монтирање на приклучната цевка

⚠️ ВНИМАНИЕ: По монтирањето, секогаш проверувајте дали приклучната цевка е

прицврстена. Несоодветното монтирање може да предизвика додатокот да падне од уредот за напојување и да предизвика лична повреда.

Монтирајте ја приклучната цевка на уредот за напојување.

  1. Отстранете го капачето од крајот на цевката.

▶ Сл.4: 1. Цевка 2. Капаче

ЗАБЕЛЕШКА: Не фрлајте го капачето бидејки е потребно за складирање на додатокот.

  1. Свртете го лостот кон додатокот.

▶ Сл.5: 1. ЛОСТ

  1. Порамнете ја иглата со ознаката за стрелка на уредот за напојување. Вметнете ја цевката додека не се појави копчето за отпуштање.

Осигурете се дека линијата за положба е на врвот од ознаката за стрелка на уредот за напојување, а ознаките за стрелка на уредот за напојување и на цевката се насочени една кон друга.

▶ Сл.6: 1. Копче за отпуштање 2. Ознака за стрелка на уредот за напојување 3. Чепче 4. Линија за положба 5. Ознака за стрелка на цевката

  1. Свртете го лостот кон уредот за напојување.

▶ Сл.7: 1. ЛОСТ

Осигурете се дека површината на лостот е паралелна во однос на цевката.

ЗАБЕЛЕШКА: Не стегајте го лостот без да

биде вметната приклучната цевка. Инаку, лостот може да го престегне и да го оштети влезниот отвор на погонската оска.

За да ја отстраните цевката, свртете го лостот во насока на додатокот и извлечете ја цевката додека го притискате копчето за отпуштање.

▶ Сл.8: 1. Копче за отпуштање 2. Лост 3. Цевка

Монтирање на рамниот или продолжениот распрескувач

Опционален додаток

  1. Извадете го предниот распрескувач како што е покажано на сликата.

▶ Сл.9: 1. Преден распрескувач

  1. Прикачете ја цевката на адаптерот на додатокот, а потоа свртете ја за да се заглави.

▶ Сл.10: 1. Цевка на адаптерот 2. Додаток

  1. Прикачете го рамниот или продолжениот распрскувач на цевката на адаптерот, а потоа свртете ја за да се заглави.

▶ Сл.11: 1. Рамен распрескувач 2. Продолжен распрескувач 3. Цевка на адаптерот

ЗАБЕЛЕШКА: Жлебовите на длабоката страна од рамниот распрскувач или продолжениот распрскувач не се достапни. Користете ги жлебовите што се покажани на сликата за прикачување на рамниот распрскувач или продолжениот распрскувач.

РАБОТЕЊЕ

АПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следете ги предупредувањата и мерките на претпазливост во поглавјето „БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА“ и упатството за користење на уредот за напојување.

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Пред работење, нагодете ја положбата на закачалката и ременот за рамо до удобна положба за вас.

⚠️ВНИМАНИЕ: Не поставувајте ја машината на земја додека е включена. Преку отворот за смукање може да навлезе песок или прав и да предизвика дефект или лична повреда.

Цврсто држете ја машината со двете раце и извршувајте го дувањето полека движејки ја наоколу. Кога вршите дување околу зграда, голема карпа или возило, насочете го распрскувачот настрана од нив. Кога извршувате работна операција во юш, започнете од юшот и движете се кон пошироката област. Нагодете ја брзината на воздухот со прекинувачот за стартување или лостот на регулаторот на уредот за напојување во согласност со околината или условите на употребата.

▶ Сл.12

ОДРЖУВАЊЕ

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Пред проверка или одржување на опремата, исключете го моторот и извадете ја касетата за батерија или запрете го моторот и извадете ја свекичката. Во спротивно, вентилаторите може да се придвижат и да предизвикаат сериозна повреда.

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: При проверка или одржување на опремата, секогаш ставајте ја долу. Склопувањето или нагодувањето на опремата во исправена положба може да резултира со сериозна повреда.

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Следете ги предупредувањата и мерките на претпазливост во поглавјето „БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА“ и упатството за користење на уредот за напојување.

ЗАБЕЛЕШКА: За чистење, не користете нафта, бензин, разредувач, алкохол или слично. Тие средства ја вадат бојата и може да предизвикаат деформации или пукнатини.

За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА на производот, поправките, одржувањата или дотерувањата треба да се вршат во овластени сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш со резервни делови од Makita.

Чистење на машината

Чистете ја машината така што ње ја бришете прашината со сува крпа или крпа натопена во сапуница, па исцедена.

▶ Сл.13

Отстранете ги правот или нечистотијата од отворот за смукање во задниот дел од приклучокот.

▶ Сл.14: 1. Отвор за смукање

Целокупна проверка

Проверете дали има оштетени делови. Побарајте во нашиот овластен сервисен центар да ги заменат ако има потреба.

Подмачкување на подвижните делови

ЗАБЕЛЕШКА: Следете ги упатствата за зачестеноста и количеството на обезведеното средство за подмачкување. Инаку, недоволното подмачкување може да ги оштети подвижните делови.

Погонска оска:

Нанесувајте средство за подмачкување (масло Makita N No.2 или слично) на секои 30 часа од работата.

▶ Сл.15

НАПОМЕНА: Оригинално средство за подмачкување на Makita може да се купи од вашиот локален продавач на Makita.

Складирање

При одделно складирање на додатокот од уредот за напојување, ставете го капачето на крајот од цевката.

▶ Сл.16

Интервал на проверка и одржување

Работни часови Пред работа Секојдневно (10часа)30 часа
Целиот уред Визуелна проверка за оштетени делови[THSC]--
Погонска оска Обезбедување маст - -[СУБК]
Уред за напојување Погледнете во прирачникот со упатства за уредот за напојување

РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ

Пред да побарате поправка, прво самите извршете проверка. Ако пронајдете проблем што не е опишан во упатството, не обидувајте се да ја расклопите машината. Наместо тоа, побарајте помош од овластените сервисни центри на Makita и секогаш користете делови за замена и поправка од Makita.

Состојба на аномалии Можно причина (дефект) Поправка
Моторот или машината не стартува.- Погледнете во прирачникот со упатства за уредот за напојување.
Моторот или машината набрзо запира.- Погледнете во прирачникот со упатства за уредот за напојување.
Брзината на моторот или машината не се зголемува.- Погледнете во прирачникот со упатства за уредот за напојување.
Вентилаторите не се вртат.⇒ Веднаш запрете го моторот или машината.Цевките на уредот за напојување и додатокот не се поврзани правилно.
Погонски систем со аномалии Контактирајте со овластен сервисен центар за поправка.
Уредот за напојување вибрира невообичаено.⇒ Веднаш запрете го моторот или машината.Погонски систем со аномалии Контактирајте со овластен сервисен центар за поправка.
Вентилаторите продолжуваат да се вртат дури и кога е отпуштен прекинувачот за стартување/ лостот.⇒ Веднаш запрете го моторот или машината.Уредот за напојување не работи соодветно.

ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР

⚠️ВНИМАНИЕ: Овој прибор или додатоци се препорачуваат за користење со машината од Makita наведена во упатството. Со

користење друг прибор или додатоци може да се изложите на ризик од телесни повреди. Користете ги приборот и додатоците само за нивната назначена намена.

• Рамен распрескувач
• Комплет на распрескувачот на олук
• Оригинална батерија и полнач на Makita

НАПОМЕНА: Некои ставки на листата може да се включени со пакетот производи како стандарден прибор. Тие може да се разликуват од држава до држава.

Ако ви треба помош за повеće детали за приборот, прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : MAKITA

Модел : UB400MP

Категорија : дувач за лисја