DUS054 - некатегоризирано MAKITA - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот DUS054 MAKITA во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот некатегоризирано во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник DUS054 - MAKITA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. DUS054 на марката MAKITA.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК DUS054 MAKITA
14. По време на употреба и след употреба моду-
2 Продолжен мутер 3 Рачка 4 Чаша за мерење
6 Ремен за рамо 7 Капак на батеријата 8 Ротирачка глава за
9 Стапче за прскање 10 Лост 11 Црево 12 5 Л резервоар
Струен прекинувач за вклучување / исклучување
Држач за стапчето за
16 Лост за заклучување 17 Кука (за прицврстување на стапчето за прскање) - - - -453
- Поради нашата континуирана програма за истражување и развој, спецификациите што се тука опишани се предмет на промена без најава.
- Спецификациите може да се разликуваат од држава до држава.
- Тежината може да се разликува во зависност од прилогот(озите), вклучувајќи ја и касетата на батеријата. Најлесната и најтешката комбинација, според EPTA-Процедурата 01/2014, се прикажани на табелата. Специјална касета на батеријата и полнач Касета на батерија БЛ1820B / БЛ1830B / БЛ1840B / БЛ1850B / БЛ1860B Полнач DC18RC / DC18RD / DC18RE / DC18SD / DC18SE / DC18SF / DC18SH
- Некои батериски полначи и батерии наведени погоре може да не бидат достапни во зависност од вашето место на живеење. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Користете ги само батериските кутии и полначите наведени погоре. Користењето на било кои други касети на батерии и полначи може да предизвика повреда и/или пожар. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не користете кабелско напојување како на пример адаптер за батерии или подвижна батерија со оваа машина. Кабелот од такво напојување може да ја попречи работата и да резултира со телесна повреда.
Следните знаци се симболи за користење на опремата. Осигурете се дека сте го разбрале нивното значење пред употребата. Носете заштита за
Li-ion Само за земјите на ЕУ Поради присуство на опасни компоненти во опремата, отпадната електрична и електронска опрема, акумулаторите и батериите може да влијаат негативно врз животната средина и човековото здравје. Не фрлајте ги електричните и електронските апарати или батериите во домашниот отпад! Во согласност со Европската директива за фрлање електрична и електронска опрема, акумулатори, батерии и отпадни акумулатори и батерии, како и нивната адаптација во државниот закон, отпадната електрична опрема, батериите и акумулаторите треба да се чуваат одделно и да се достават на посебно место за собирање општински отпад, во согласност со прописите за заштита на животната средина. Ова е означено со симболот на пречкртана корпа за отпадоци ставен на опремата. Носете заштитна маска за дишење. Носете заштитна опрема за очи. Носете специјални заштитни чевли. Носете заштитни
Не се користи на дожд и не се остава распрскувачот на отворено додека врне. Прочитајте го упатството за користење. Кога прскате, проверете дали луѓето до вас се држат настрана.454
Машината е наменета за прскање.
Типичното А-измерено ниво на бучава се определува според EN62841-1:Ниво на звучниот притисок (L ): 70 dB (A) или помалкуОтстапување (K): 3 dB (A)ЗАБЕЛЕШКА: Декларираната вредност (и) на емисија на бучава е измерена во согласност со стандарден метод за тестирање и може да се користи за споредување на една алатка со друга.ЗАБЕЛЕШКА: Декларираната вредност (и) на емисија на бучава исто така може да се користи при прелиминарна проценка за изложеност на апаратот.ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Носете заштита за ушите.ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Емисијата на бучава при употребата на електричниот апарат може да се разликува од декларираната вредност (и) во зависност од начините на употреба на алатот, особено земајќи го во предвид видот на материјалот што се обработува.ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со сигурност идентификувајте ги безбедносните мерки за заштита на корисникот, кои се засноваат на проценка на изложеноста во реалните услови на работа (земајќи ги предвид сите аспекти од работниот циклус, како што се моментите кога алатката е исклучена и кога работи неактивно исто како и времето на активирање). Вкупна вредност на вибрациите (векторска сума на три оски) одредена во согласност со EN62841-1:Работен режим: работа без оптоварувањеШирење вибрации (a ) : 2,5 м/с или помалкуОтстапување (K): 1,5 м/с ЗАБЕЛЕШКА: Декларираната вкупна вредност (и) на вибрации е измерена во согласност со стандарден метод за тестирање и може да се користи за споредување на една алатка со друга.ЗАБЕЛЕШКА: Декларираната вкупна вредност (и) на вибрации исто така може да се користи при прелиминарна проценка на изложеност на апаратот.ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Емисијата на вибрации при употребата на електричниот апарат може да се разликува од декларираната вредност (и) во зависност од начините на употреба на алатот, особено земајќи го во предвид видот на материјалот што се обработува.ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со сигурност идентификувајте ги безбедносните мерки за заштита на корисникот, кои се засноваат на проценка на изложеноста во реалните услови на работа (земајќи ги предвид сите аспекти од работниот циклус, како што се моментите кога алатката е исклучена и кога работи неактивно исто како и времето на активирање). ЕК Декларација за согласност Само за европски земјиЕК декларацијата за согласност е вклучена како Анекс А на овој прирачник за упатства. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Овој апарат може да го користат деца на возраст од 8 години и нагоре и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности или лица со недостаток на соодветно искуство и знаење само доколку се под надзор или им е дадено упатство за употреба на апаратот на безбеден начин и ги разбираат сите потенцијални опасности вклучени. Децата не смеат да си играат со апаратот. Чистење и одржување на апаратот не смеат да прават деца без надзор. Општи услови за безбедност при ракување со електричен уред ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Прочитајте ги сите предупредувања за безбедност, упатства, илустрации и спецификации дадени со овој електричен апарат. Не практикувањето на сите упатства наведени подолу, може да резултира со струен удар, пожар и / или сериозна повреда. Зачувајте ги сите предупредувања и упатства за во иднина. Изразот „електричен уред“ наведен во предупредувањата се однесува на (жичен) електричен апарат со кој ракувате или на (безжичен) електричен апарат со батерија.Безбедност на работното место1. Одржувајте го работниот простор чист и добро осветлен. Пренатрупани и темни простории предизвикуваат несреќи.2. Не ракувајте со електрични апарати во присуство на експлозивни материи, како на пример, во присуство на запалливи течности, гасови или прашина. Електричните уреди создаваат искри кои може да предизвикуваат палење на прашината или гасовите.3. Држете ги децата и другите лица подалеку додека ракувате со електричен апарат. Одвлекувањето внимание може да предизвика губење на контрола.455
Мерки за заштита при ракување со електрична струја
Приклучокот на електричните апарати мора да одговара на излезот. Не модификувајте го приклучокот. Не користете приклучоци со адаптер со електрични апарати кои имаат заземјување. Немодифицираните приклучоци и соодветните излези ја намалуваат опасноста од електричен удар.
2. Избегнувајте контакт со заземјени површини
како што се цевки, радијатори, шпорети и фрижидери. Опасноста од електричен удар е поголема ако телото ви е заземјено.
Не изложувајте ги електричните апарати на дожд или на влага. Навлегување на вода во електричен апарат го зголемува ризикот од електричен шок.
Не користете го кабелот на несоодветен начин. Не користете го кабелот за носење, влечење или исклучувањето на апаратот. Држете го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови или подвижни делови. Оштетениот или заплеткан кабел ја зголемува опасноста од електричен удар.
При ракување со електричен уред на отворено, користете продолжителен кабел соодветен за употреба на отворено. Употребата на кабел соодветен за употреба на отворено, ја намалува опасноста од електричен удар.
6. Ако ракувањето со електричен апарат
на влажно место е неизбежен, користете заштитен уред со диференцијална струја. Употреба на заштитен уред со диференцијална струја ја намалува опасноста од електричен удар.
Електричните уреди можат да произведат електромагнетни полиња (ЕМП) кои не се штетни за корисникот. Сепак, корисниците кои имаат пејсмејкери или употребуваат други слични медицински помагала треба да го контактираат производителот на нивниот уред и/или да се советуваат со лекар пред да го управуваат овој електричен апарат. Мерки за лична заштита
1. Бидете претпазливи, внимавајте што
правите и бидете разумни при ракување со електрични апарати. Не користете електрични апарати кога сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Моментот на невнимание додека ракувате со електричен апарат може да предизвика сериозна повреда.
Користете опрема за лична заштита. Секогаш носете заштита за очи. Користење на заштитна опрема како што е маската за заштита од прашина, кондури против лизгање, заштитен шлем, или апарат за заштита при бучава кои се користат соодветно на условите ги намалуваат шансите за телесни повреди.
Спречете ненамерно стартување на апаратот. Осигурете се дека прекинувачот на апаратот е исклучен пред да го поврзете со струја/батерија и пред да го подигнете или носите самиот апарат. Носењето на електричниот апарат така што ќе го држите прстот на прекинувачот или полнење на уредот додека е вклучен прекинувачот може да предизвика незгода.
4. Отстранете ги клучевите за приспособување
пред да го вклучите апаратот. Ако клучот остане прикачен за делот кој се врти, тоа може да предизвика повреда.
5. Не затегнувајте премногу. Секогаш одржувајте
соодветно растојание и рамнотежа. Тоа ви овозможува подобра контрола врз електричниот уред во неочекувани ситуации.
Облечете се соодветно. Не носете широка облека или накит. Држете ја косата и облеката подалеку од подвижните делови. Подвижните делови може да ги зафатат широката облека, накитот и долгата коса.
Ако уредите се наменети за поврзување за уреди за извлекување или собирање прашина, проверете дали се правилно поврзани и дали правилно се користат. Употребата на уреди за собирање прашина може да ги намали опасностите предизвикани од прашината.
8. Не дозволувајте знаењето стекнато со честа
употреба на уредите да ви овозможи да станете невнимателни и да ги игнорирате правилата за безбедност при работа. Мало невнимание може да предизвика сериозни повреди во рок од дел од секундата.
9. Секогаш носете заштитни очила за да ги
заштитите очите од повреди при користење на електрични уреди. Заштитните очилата мора да бидат во согласност со ANSI Z87.1 во САД, EN 166 во Европа или AS / NZS 1336 во Австралија/Нов Зеланд. Во Австралија/ Нов Зеланд обврзувачки е со закон да се носи визир со цел да се заштити лицето. Одговорност на работодавачот е да спроведе употреба на соодветна безбедносна и заштитна опрема за корисниците на уредите и за други лица во непосредната работна околина. Користење на електричен апарат и водење грижа
1. Не оптоварувајте го електричниот апарат.
Користете соодветен електричен апарат. Соодветниот електричен уред ќе ја заврши работата подобро и побезбедно доколку се користи со брзината за која е дизајниран.
2. Не користете го апаратот ако копчето за
вклучување и исклучување не работи. Секој електричен апарат кој не може да се контролира со копче е опасен и мора да се поправи.
3. Исклучете го приклучокот од изворот на
напојување и/или извадете ја батеријата, доколку се одвојува, од електричниот апарат пред да направите било какви прилагодувања, менување додатоци или складирање на електричните уреди. Овие превентивни безбедносни мерки ја намалуваат опасноста од случајно вклучување на апаратот.
4. Чувајте ги електричните уреди во исклучена
состојба далеку од дофат на деца и не дозволувајте лица кои не се запознаени со упатствата за ракување да управуваат со истите. Електричните апарати се опасни кога со нив ракуваат необучени лица.456
Одржувајте ги електричните уреди и додатоците. Проверете дали има неусогласеност или припојување на подвижните делови, кршење на делови и која било друга состојба што може да влијае на работата на електричниот уред. Ако е оштетен, пред употреба, однесете го апаратот на поправка. Слабо одржувани електрични апарати многупати предизвикуваат незгоди.
6. Одржувајте ги апаратите за сечење остри и
чисти. Правилно одржуваните уреди за сечење со остри сечила имаат помала веројатност да се припојат и полесно се управуваат.
Користете го електричниот уред, додатоците и останатите делови во согласност со овие упатства, земајќи ги предвид работните услови и работата што треба да се изврши. Употребата на електричниот уред за извршување на работи различни од оние за кои е наменет може да доведе до опасна ситуација.
8. Држете ги рачките и површините за работа
суви, чисти и без масло и маснотии. Рачките и површините за работа кои се лизгави не дозволуваат безбедно ракување и контрола врз уредот во неочекувани ситуации.
9. Кога го користите уредот, не носете платнени
ракавици што можат да се заплеткаат. Заплеткувањето на платнените ракавици во некој од движечките делови на уредот може да предизвика телесна повреда. Употреба и грижа за батериската алатка
1. Полнете ги единствено со полнач одреден
од страна на производителот. Полначот што е погоден за еден вид на батериски пакет може да предизвика ризик од пожар ако се користи со некој друг батериски пакет.
2. Користете ги електричните уреди само со
специјално наменетите батерии. Користењето на било кои други батериски пакети може да создаде ризик од повреди или пожар.
Кога батерискиот пакет не е во употреба, чувајте го подалеку од други метални објекти, како што се спојувалки, монети, клучеви, клинци, шрафови или други мали метални предмети што можат да предизвикаат конекција на еден терминал со друг. Краткиот спој помеѓу терминалите може да предизвика изгореници или пожар.
Во услови на злоупотреба, течноста може да излезе од батериите; избегнувајте контакт. Ако дојде до случаен контакт, веднаш исплакнете со вода. Ако дојде до контакт на течноста со очите, дополнително побарајте и медицинска помош. Течноста исфрлена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
5. Не користете батерија или уред кој е оштетен
или модифициран. Оштетените или изменети батерии можат да покажат непредвидливо однесување што може да резултира со пожар, експлозија или ризик од повреда.
6. Не ја изложувајте батеријата или уредот
на пожар или превисока температура. Изложеноста на пожар или температури што се над 130 °C може да предизвика експлозија.
Следете ги сите упатства за полнење на батеријата или уредот и не полнете ги истите надвор од температурниот опсег одреден во упатството. Неправилното полнење или полнењето на температура надвор од одредениот опсег, може да предизвика оштетување на батеријата и да го зголеми ризикот од пожар. Сервисирање
Сервисирањето на електричниот апарат треба да го врши квалификувано лице, со користење исти делови за замена. Така се гарантира одржување на безбедноста на електричниот апарат.
2. Никогаш не сервисирајте оштетени батерии.
Сервисирањето на електричниот апарат треба да го врши производителот или овластен сервис.
3. Следете ги упатствата за подмачкување и
менување на додатоци. Упатства за безбедност при работа на безжичен распрскувач на градина ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ризик од пожар или експлозија. Не прскајте запаливи течности како на пример бензин. Побарајте го овој симбол во референцата од пакувањето. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Некои спрејови создадени од производи што се користат со распрскувачот содржат хемикалии за кои се знае дека предизвикуваат рак, вродена мана и други штети при репродукција. Неколку примери за овие хемикалии се:
- соединенија во ѓубрива
соединенија во инсектициди, хербициди и пестициди;
арсен и хром од хемиски третирана граѓа. Следете ги упатствата на пакувањата за сите такви производи. За да ја намалите изложеноста на овие хемикалии, носете одобрена безбедносна опрема, како што се маски за лице кои се специјално дизајнирани за филтрирање на спрејови, ракавици и друга соодветна заштитна опрема. ■ Пред да користите било какви пестициди или други материјали за прскање во овој распрскувач, темелно прочитајте ја етикетата на оригиналното пакување и следете ги нејзините упатства. Некои материјали за прскање се опасни и не треба да се користат во овој распрскувач, бидејќи може да го оштетат истиот и да предизвикаат сериозни телесни повреди или материјална штета. ■ Опасност од електричен удар. Никогаш не прскајте кон електричните приклучоци. ■ Не користете хемикалии за комерцијална или индустриска намена. Користете само потрошувачки хемикалии за тревник и градина врз база на вода. ■ Не истурајте топла или врела течност во резервоарот. Следниве нешта можат да го ослабнат или оштетат цревото или резервоарот.
Местото за прскање мора да биде добро проветрено.
Избегнувајте да прскате на ветровити денови. Спрејот може случајно да се разнесе врз растенија или предмети што не треба да се прскаат. ■ Чувајте го распрскувачот во безбеден, добро проветрен и затворен простор со испразнет
■ Не користете кородирачки (алкални), само- запаливи или корозивни (киселински) течности во овој распрскувач. Следниве нешта можат да предизвикаат корозија на металните делови или да го ослабат резервоарот и цревото.457
Знајте ја содржината на хемикалијата што се прска. Прочитајте ги сите материјали со податоци за безбедно користење на производот и етикетите на пакувањето со дадените хемикалии. Следете ги упатствата за безбедност пропишани од производителот на хемикалиите. ■ Не оставајте остатоци или материјал за прскање во резервоарот после користење на распрскувачот. Исчистете по секоја употреба. ■ Не пушете додека го користите распрскувачот или не прскајте каде има искра или пламен.
Ризик од бодење. Не дозволувај директен контакт со кожата. ■ За да го намалите ризикот од струен удар, не го ставајте распрскувачот во вода или друга течност. Не го ставајте или чувајте распрскувачот таму каде што може да падне или да се лизне во када или мијалник.
Одржувајте го овој производ. Темелно проверете одвнатре и од надворешната страна на распрскувачот и испитајте ги деловите пред секоја употреба. Проверете дали има испукани и распаднати црева, протекување, запушени млазници и делови што фалат или се оштетени. При оштетување, поправете го уредот пред повторна употреба. Недоволно одржувани уреди многу често предизвикуваат несреќи.
Извадете ја батеријата од уредот пред да го исцедите, исчистите или складирате распрскувачот. Ваквите превентивни и безбедносни мерки го намалуваат ризикот од случајно вклучување на уредот. ■ Секогаш носете заштита за очи со странични штитови или очила обележани во согласност со ANSI Z87.1. Ако немате обезбедено соодветна заштита, може да дојде до навлегување на течности во вашите очи што би резултирало со можна сериозна повреда. ■ Заштитете ги вашите бели дробови. Носете маска за заштита на лицето или маска против прашина кога го користите распрскувачот. Следењето на ова правило ќе го намали ризикот од сериозни телесни повреди.
Апаратите на батерии не мора да бидат вклучени во електричен штекер; поради тоа, тие се секогаш во работна состојба. Бидете свесни за можните опасности кога не го користите апаратот на батерии или кога менувате додатоци. Отстранете ја батеријата кога апаратот не е во употреба. Следењето на ова правило ќе го намали ризикот од струен удар, пожар или сериозни телесни повреди.
Не оставајте ги апаратите на батерии или нивните батерии во близина на оган или топлина. Ова ќе го намали ризикот од експлозија и евентуално повреда.
Не ја кршете, паѓајте или оштетувајте батеријата. Не користете батерија или полнач што паднал или добил силен удар. Оштетената батерија подложи на експлозија. Соодветно фрлете ја паднатата или оштетената батерија веднаш.
Батериите можат да експлодираат во присуство на било каков извор на пламен, и при најмала искра. За да го намалите ризикот од сериозни телесни повреди, никогаш не користете производ без кабел во присуство на отворен пламен. Експлодирана батерија може да исфрли остатоци и штетни хемикалии. Ако сте изложени, веднаш исплакнете се со вода. ■ Не ја полнете батеријата на влажно и мокро место. Следењето на ова правило ќе го намали ризикот од електричен удар.
За најдобри резултати, вашиот апарат на батерии треба да се полни на локација каде што температурата е поголема од 10 ° Ц (50 ° Ф), но помала од 40 ° Ц (104 ° Ф). За да го намалите ризикот од сериозни телесни повреди, не чувајте ги надвор на отворено или внатре во возилото. ■ При екстремна употреба или при екстремни температурни услови, може да настане истекување на батеријата. Ако течноста дојде во контакт со вашата кожа, веднаш измијте се со вода и сапун. Ако ви влезе течност во очите, исплакнете ги со чиста вода најмалку 10 минути, а потоа побарајте итна медицинска помош. Следењето на ова правило ќе го намали ризикот од сериозни телесни повреди. ■ Не користете апарат што работи на батерии
■ Не користете апарат што работи на батерии на дожд. Внимавајте при ракување со батериите за да не ги оштетите или изгребете со материјали како прстени, нараквици и клучеви. Батеријата или проводникот може да се прегреат и да предизвикаат изгореници. ■ Не фрлајте ја батеријата(иите) во пожар. Ќелијата може да експлодира. Проверете кај локалните кодови за можните специјални упатства за отстранување. ■ Не отворајте ја, ниту оштетувајте батеријата(иите). Ослободениот електролит е корозивен и може да предизвика оштетување на очите или кожата. Може да биде токсичен ако се
■ Избегнувајте опасна средина - Не користете апарати на влажни или мокри места. ■ Користете го правилниот апарат - Не го користете апаратот за секаква употреба, освен за онаа за која е наменет. ■ Не го оптоварувајте апаратот - ќе ја заврши работата подобро и со помал ризик од повреда доколку се користи со брзината за која е наменет. ■ Чувајте ги исклучените апарати во затворен простор - Кога не се користат, апаратите треба да се чуваат во затворени простории на суво и високо или заклучено место - далеку од дофат
■ Одржувајте го апаратот со внимание - Чистето го за да работи подобро и за да го намалите ризикот од повреда. Следете ги упатствата за менување на додатоците. Проверете го кабелот на апаратот и доколку е оштетен, поправете го кај овластен сервис. Одржувајте ги рачките суви, чисти и исчистени од масло и маснотии. ■ Проверете ги оштетените делови - Пред понатамошна употреба на апаратот, штитникот или друг дел што е оштетен треба внимателно да се провери дали ќе работи правилно и дали ја извршува предвидената функција. Проверете дали постои усогласување на подвижните делови, припојување на подвижните делови, кршење на делови, преклопување и која било друга состојба што може да влијае на неговото работење. Штитникот или друг дел што е оштетен треба правилно да се поправи или замени во овластен сервисен центар, освен ако не е наведено некое друго место во овој
■ Не го туркајте исполнетиот резервоар за да избегнете истекување во случај капакот на резервоарот да не е соодветно затегнат.458
Важни безбедносни упатства за касетата на батеријата
1. Пред да ја користите касетата на батеријата,
прочитајте ги сите упатства и ознаки за предупредување за (1) полначот на батерии, (2) батеријата и (3) производот што користи
2. Не ја расклопувајте и не ја оштетувајте
касетата на батеријата. Тоа може да предизвика пламен, преголемо загревање или експлозија.
3. Ако времето на работење станало многу
кратко, веднаш престанете со работењето. Тоа може да резултира со ризик од прегревање, можни изгореници, па дури и експлозија.
4. Ако електролитот ви влезе во очите,
исплакнете ги со чиста вода и веднаш побарајте медицинска помош. Тоа може да резултира со губење на видот.
5. Не скратувајте ја касетата на батеријата:
(1) Не допирајте ги терминалите со било каков спроводлив материјал. (2) Избегнувајте складирање на касетите на батеријата во контејнер со други метални предмети како што се клинци, монети итн. (3) Не изложувајте ја касетата на батеријата на вода или дожд. Краткиот спој на батеријата може да предизвика голем проток на струја, прегревање, можни изгореници, па дури и дефекти.
6. Не складирајте и користете го апаратот и
касетата на батеријта на места каде што температурата може да достигне или надмине 50 °C (122 °F).
7. Не палете ја касетата на батеријата дури
и ако е сериозно оштетена или целосно истрошена. Касетата на батеријата може да експлодира во пожар.
8. Немојте да ја заковувате, сечете, кршите,
фрлате или удирате касетата на батеријата од тврд предмет. Тоа може да предизвика пламен, преголемо загревање или експлозија.
9. Не користете оштетена батерија.
10. Содржаните литијум-јонски батерии
подлежат на законските барања за опасни
За комерцијалните транспорти, на пример за трети страни, агентите за шпедиција, мораат да се почитуваат посебните барања за пакување и еткетирање. За подготовка на предметот којшто се испорачува, потребна е консултација со експерт за опасни материјали. Ве молиме почитувајте ги и евентуално подеталните национални регулативи. Залепете ги со лента или маскирајте ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на таков начин, што нема да може да се движи во пакувањето.
11. При отфрлањето на касетата на батеријата,
отстранете ја од алатот и фрлете ја на безбедно место. Следете ги вашите локални регулативи во врска со отстранувањето на батеријата.
12. Користете ги батериите единствено
со производите одредени од Makita. Инсталирањето на батериите во несоодветни производи може да резултира со пожар, прекумерна топлина, експлозија или истекување на електролитот.
Ако алатот не се користи подолг временски период, батеријата мора да се отстрани од него.
14. За време на употребата и после употребата,
касетата на батеријата може да поприми топлина која може да предизвика изгореници. Внимавајте кога ги допирате загреаните касети на батериите.
Не допирајте го терминалот на касетата веднаш по употреба бидејќи може да биде толку загреан што ќе ви предизвика изгореници.
16. Не дозволувајте деланки, прав или
нечистотија да навлезе во трминалите и отворите на касетата на батеријата. Тоа може да предизвика слаби перформанси или расипување на уредот или на касетата на батеријата.
17. Освен ако уредот не е наменет за употреба
во близина на високонапонска струја, не ја користете касетата на батеријата во близина на високонапонска струја. Тоа може да предизвика лошо функционирање или расипување на уредот или на касетата на батеријата.
18. Чувајте ја батеријата подалеку од деца.
ЗАЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА. ВНИМАНИЕ: Користете само оригинални Makita батерии. Користењето на неоригинални Makita батерии, или батерии што биле изменети, може да резултира со пукање на батеријата што ќе предизвика пожар, лични повреди и оштетувања. Тоа исто така ќе ја поништи Makita гаранцијата за Makita алатот и полначот. Совети за одржување на максималниот рок на траење на батеријата
1. Наполнете ја касетата на батеријата пред
целосно да се испразни. Секогаш запрете го работењето на алатката и наполнете ја касетата на батеријата, кога ќе забележите помала моќност на алатката.
2. Никогаш не полнете ја до крај касетата на
батеријата. Преполнувањето го скратува работниот век на батеријата.
3. Касетата на батеријата полнете ја на собна
температура на 10 °C - 40 °C (50 °F - 104 °F). Пред полнењето оставете ја врелата касета на батеријата да се излади.
4. Кога не ја користите касетата на батеријата,
извадете ја од уредот или од полначот.
5. Наполнете ја касетата на батеријата ако не
планирате да ја користите подолг временски период (повеќе од шест месеци).459
1. Безжичниот распрскувач за градина може да работи со кутија на литиум-јонски батерии Макита.
Употребата на било кои други батерии може да предизвика ризик од пожар. Полнете ги батериите само со наведениот полнач. Полнач соодветен за еден вид батерија може да создаде ризик од пожар кога се користи за полнење на друг вид батерија.
2. При ставање или вадење на батеријата, секогаш ставајте го безжичниот распрскувач за градина на рамна
и стабилна површина.
3. Не користете батерии или додатоци кои не се препорачани од производителот на овој апарат. Употребата
на батерии или додатоци кои не се препорачани може да резултира со сериозни телесни повреди.460
Секогаш бидете сигурни дека машината е исклучена и дека батериската кутија е извадена пред да извршите било каква работа со машината.
Проверете дали сите делови се безбедно составени така што течноста не истекува при ракување со
Составување на стапчето за прскање
1. Извадете го капачето од рачката.
2. Осигурете се дека О-прстенот е на место, а потоа вметнете го стапчето за прскање на рачката и безбедно
затегнете го. Погледнете на Слика 1.
3. Олабавете ја навртката за продолжување и извлечете го стапчето за прскање до должината која ја
4. Повторно затегнете ја навртката за продолжување.
1 Ротирачка глава за прскање 2 Продолжен мутер 3 Стапче за прскање 4 О-прстен 5 Рачка Слика 1 Ремен за рамо Прицврстете го појасот за рамо со куките на машината, како што е прикажано на сликата. Погледнете на Слика 2.
Секогаш бидете сигурни дека машината е исклучена и дека батериската кутија е извадена пред да ја прилагодите или проверите функцијата на машината. Инсталирање или отстранување на батериската кутија.
- Секогаш исклучувајте ја машината пред да ја инсталирате или отстраните батериската кутија.
- Цврсто држете ги машината и батериската кутија при инсталирање или отстранување на самата батериска кутија. Доколку не ги држите цврсто машината и батериската кутија, тогаш тие можат да ви се лизнат од рацете и со тоа да се предизвика оштетување на самата машина и батериска кутија, како и да се здобиете со телесна повреда.
- Не користете сила при инсталирање на батериската кутија. Ако касетата на батеријата не лизне лесно внатре, тогаш не е правилно вметната. За да ја инсталирате касетата со батерија, повлечете ја рачката за заклучување и потоа отворете го капакот на батеријата. Порамнете го јазичето на касетата на батеријата со жлебот на куќиштето и поставете ја на своето место. Вметнете ја целосно, се додека не застане на своето место и не се чуе мало кликнување. Погледнете на Слика 3. За да ја отстраните батериската кутија, лизнете ја од машината додека го притискате копчето. Погледнете на Слика 4. Слика 3 Слика 4462
Укажување за преостанатиот капацитет на батеријата. Притиснете го копчето за проверка на машината за да ви го прикаже преостанатиот капацитет на батеријата. Сијаличките на индикаторот ќе засветат неколку секунди. Погледнете на Слика 5. Сијалички на индикаторот Преостанат капацитет на батеријата
- Во зависност од условите за користење и температурата на околината, индикаторот може малку да се разликува од вистинскиот капацитет.
Копче за проверка Слика 5 Систем за заштита на машината/батеријата Машината е опремена со систем за заштита. Овој систем автоматски ја прекинува струјата на моторот за да ја продолжи трајноста на машината и батеријата. Машината автоматски ќе престане за време на работата ако таа или батеријата се стават под еден од следниве услови. - Заштита од преоптоварување: Кога машината се ракува на начин што предизвикува да троши големо количество на струја, машината автоматски престанува да работи без никакви индикации. Во оваа ситуација, исклучете ја машината и запрете го процесот што предизвикува преоптоварување на истата. Потоа вклучете ја машината за да се рестартира. - Заштита од преголемо празнење: Кога капацитетот на батеријата е низок, машината автоматски се исклучува. Ако машината не функционира во случај кога прекинувачите работат, извадете ја батериската кутија од машината и наполнете ја. Укажува на преостанатиот капацитет на батеријата Само за касети на батерии со индикатор
Притиснете го копчето за проверка на касетата на батеријата, за да се означи преостанатиот капацитет на батеријата. Сијаличките на индикаторот светнуваат во текот на неколку секунди. Сијалички на индикаторот Преостанат капацитет Осветлено Исклучено 75 % до 100 % 50 % до 75 % 25 % до 50 % 0 % до 25 % ЗАБЕЛЕШКА: Во зависност од условите за користење и температурата на околината, индикаторот може малку да се разликува од вистинскиот капацитет. ЗАБЕЛЕШКА: Првата (најлево) ламбичка на индикаторот ќе трепка кога работи системот за заштита на батеријата.464
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Секогаш следете ги упатствата на производителот на хемикалии за нивна употреба, чистење и чување кои се отпечатени на етикетата на самиот производ. Темелно исчистете по секоја употреба, следејќи ги упатствата на овој прирачник во делот за одржување и чистење. Хемикалиите треба да се чуваат подалеку од дофат на деца. Ако не се придржувате до тоа може да се здобиете со сериозни телесни повреди. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ПРОИЗВОДОТ Е НАМЕНЕТ ЗА ПРСКАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧКИ ДОМАШНИ И ГРАДИНАРСКИ ХЕМИКАЛИИ, КАКО ШТО СЕ ОНИЕ ЗА УБИВАЊЕ НА ПЛЕВЕЛ, ФУНГИЦИДИ, ИНСЕКТИЦИДИ, И ЃУБРИВА. ВНИМАНИЕ: Бидете сигурни дека ниту една претходно користена хемикалија не е останата во резервоарот. Доколку е останата, може да се појави хемиска реакција што создава штетен гас. ЗАБЕЛЕШКА: Не го преполнувајте резервоарот. Со тоа може да се оштети машината. ЗАБЕЛЕШКА: Течностите што треба да се испрскаат мора да бидат во слична состојба како вода. Погусти течности нема да прскаат правилно.465
1. Извадете ја батеријата пред да додадете хемиска течност во резервоарот.
2. Држете го резервоарот цврсто и завртете го спротивно од стрелките на часовникот за да го одделите
куќиштето на моторот од резервоарот. Погледнете на Слика 7.
3. Одвртете ја и извадете ја чашката за мерење.
4. Измерете ја препорачаната течност. Чашата може да се користи за мерење до 50 мл (2 oz) течност.
Погледнете на Слика 8.
5. Внимателно истурете ја течноста со мерна чаша во резервоарот низ отворот за полнење на резервоарот.
Можете исто така да растворите хемиска течност во вода во целосно посебен сад и потоа да ја истурите во резервоарот. Бидете сигурни дека секогаш истурате хемиска течност во резервоарот преку отворот за полнење на резервоарот, наместо преку малиот отвор наменет за чување на мерната чашка. Проверете дали цедилката за полнење на резервоарот е на своето место. Погледнете на Слика 9.
6. Исплакнете ја чашката за мерење со чиста вода.
7. Повторно ставете ја чашата, проверете дали е безбедно прицврстена.
8. Ставете го цревото во тесниот дел од цедилката за полнење на резервоарот. Погледнете на Слика 10.
9. Повторно прицврстете го куќиштето за моторот на резервоарот и завртете го во насока на стрелките на
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ризик од пожар или експлозија. Местото на прскање мора да биде добро проветрено и подалеку од искри или пламен.
Кога ракувате со машината, задолжително прицврстете го ременот од апаратот на рамото. Вклучување/исклучување на машината
1. Пред да започнете да работите со машината, ставете заштитни очила и друга опрема за безбедност.
2. Притиснете го прекинувачот за вклучување / исклучување за да ја стартувате машината.
3. Притиснете и држете ја рачката надолу за да започнете со прскање. Погледнете на Слика 12.
4. Ослободете ја рачката за да престанете со прскање.
Функцијата за заклучување е погодна при континуирано прскање или кога се прска поголема површина.
1. За заклучување, притиснете ја рачката надолу и повлечете го копчето за заклучување наназад, а потоа
ослободете ја рачката. Погледнете на Слика 13.
2. За отклучување, притиснете ја рачката и повлечете го копчето за заклучување нанапред.
Забелешка: Осигурете се дека рачката не е во заклучена позиција пред да ја вметнете батериската кутија во
Копче за заклучување
1. Свртете го петлето на страната за „lock“ за да ја користите машината во едноглавен тип. Погледнете на
Слика 14. 23(1 /2&. ORFN RSHQ Слика 14 Прилагодлив спреј Течноста можете да ја заматите или да ја испуштите со помош на прилагодливата глава за прскање.
1. Отстранете ја батеријата од машината.
2. За да ја заматите течноста, затегнете ја прилагодливата глава за
3. За да ја испуштите течноста, олабавете ја прилагодливата глава за
Не го вртете петлето ако надминува 180
. Дисперзираниот отвор може да се скрши.
- Не допирајте ја по грешка рачката на млазницата, при стоење на млазницата на држачот за да избегнете погрешно прскање.
- Не оставајте остатоци од хемикалии во резервоарот на подолг временски период. Ова би ги оштетило деловите и би го скратило векот на траење на производот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Никогаш не го оставајте уредот на земја за време на употреба. Избегнувајте машината и батеријата да се постојано влажни. Не прскајте во непосредна близина или директно на
1. Насочете ја млазницата од прскалката директно кон растенијата или предметите што сакате да ги
2. Никогаш не насочувајте го спрејот од стапчето кон себе или другите.
3. Бидете свесни дека може да бидете испрскани наназад, застанете доволно далеку од предметот што се
прска за да го спречите тоа.
4. Никогаш не прскајте во насока каде има луѓе или животни; секогаш прскајте према надолу.
5. Избегнувајте да прскате на ветровити денови. Спрејот може случајно да се разнесе врз растенија или
предмети што не треба да се прскаат. ОДРЖУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ
Секогаш бидете сигурни дека машината е исклучена и батериската кутија е отстранета пред да извршите проверка или сервис на уредот. За да ја одржите БЕЗБЕДНОСТА и ДОВЕРЛИВОСТА на производот, поправките и било какво друго одржување или прилагодување треба да биде изведено од страна на овластените центри на Makita или на фабричките сервисни центри, секогаш користејќи ги деловите за замена од Makita.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да избегнете сериозни телесни повреди, секогаш отстранете ја батериската кутија од машината при било какво чистење или сервисирање на уредот. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Секогаш носете заштита за очи со странични штитови или очила обележани во согласност со ANSI Z87.1. Ако немате обезбедено соодветна заштита, може да дојде до навлегување на течности во вашите очи што би резултирало со можна сериозна повреда. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! При сервисирање, користете исти заменски делови. Употребата на други делови може да предизвика опасност или оштетување на производот. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Во ниеден момент не дозволувајте разни течности како на пример оние за сопирачките, бензин, масла што продираат, итн. да дојдат во контакт со пластичните делови. Хемикалиите можат да ја оштетат, ослабат или уништат пластиката што може да резултира со сериозни телесни повреди.
Повремено проверувајте го целиот производ за оштетени, изгубени или лабави делови, како што се завртки, навртки, капачиња, итн. Зацврстете ги безбедно сите прицврстувачи и капаци и не управувајте со овој производ додека не се заменат сите изгубени или оштетени делови. Ве молиме контактирајте го сервисот за техничка поддршка или квалификуван сервисен центар за помош. ЗАБЕЛЕШКА: Никогаш не користете петрол, бензин, разредувач, алкохол или нешто слично. Може да дојде до промена на бојата, деформација или пукнатини. ГЕНЕРАЛНО ОДРЖУВАЊЕ: Избегнувајте употреба на растворувачи при чистење на пластичните делови. Повеќето пластики се подложни на оштетување од разни видови комерцијални растворувачи и може да бидат оштетени од нивна употреба. Користете чиста крпа при отстранување на нечистотија, прашина, масло, маснотии, итн. ЧИСТЕЊЕ НА УРЕДОТ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Секогаш складирајте ги и фрлајте ги хемикалиите правилно. Фрлањето на загадена вода треба да се изврши според локалните уредби и прописи.468
ЦЕДЕЊЕ НА РЕЗЕРВОАРОТ Доколку во резервоарот остане течност по прскањето, резервоарот треба прво да се исцеди пред да се исчисти.
- Отстранете ја батериската кутија.
- Извадете го куќиштето на моторот од резервоарот.
- Исцедете ја содржината низ местото наменето за полнење. ЗАБЕЛЕШКА: Исцедете ја течноста назад во оригиналниот сад. Не чувајте хемиска течност во резервоарот. ЧИСТЕЊЕ НА РЕЗЕРВОАРОТ
- Наполнете го резервоарот една третина со чиста вода. Може да се додаде мало количество на детергент за домаќинство. ЗАБЕЛЕШКА: Никогаш не користете запаливи хемикалии или абразивни средства при чистење на резервоарот.
- Исчистете го надворешниот дел на резервоарот со чиста и сува крпа.
- Прикачете го куќиштето на моторот со резервоарот.
- Ре-инсталирајте ја батериската кутија. Прскајте додека резервоарот не се испразни. Осигурете се дека го насочувате спрејот кон место што нема да биде оштетено од растворот за прскање.
- Наполнете и повторете ја постапката со чиста вода. Можеби ќе биде потребно да се исплакне резервоарот повеќе од еднаш, а потоа повторно да се исцеди како што е наведено погоре.
- Оставете ги сите делови целосно да се исушат пред повторно да ги наместите и да го складирате уредот. ЧИСТЕЊЕ НА МЛАЗНИЦА Ако млазницата се вклучува, користете ги чекорите наведени подолу за чистење.
- Отстранете ја батериската кутија.
- Одвртете го и извадете го капачето на млазницата од прилагодливата глава за прскање која се наоѓа на стапчето за прскање.
- Употребете мала жичка низ отворените дупки за да ги исчистите остатоците. Потоа исплакнете со чиста
- Избришете ја прилагодливата глава за прскање со чиста сува крпа и повторно прицврстете го капачето на млазницата на главата за прскање. ЧИСТЕЊЕ НА ПУМПАТА Ако распрскувачот не може да ја извлече течноста од резервоарот или не може да прска течност при првата употреба или по долгорочно складирање. Следете ја процедурата наведена подолу за чистење на пумпата:
1. Исклучете ја машината и извадете ја батеријата.
2. Извадете го стапчето за прскање од рачката.
Исцедете ја преостанатата течност или складирајте ја истата во друг сад за да бидете сигурни дека резервоарот е празен.
4. Одделете го куќиштето на моторот од резервоарот и свртете го наопаку. Погледнете на Слика 16.
5. Одвртете го црвеното капаче за да се отвори дупката за влез на вода, а потоа поврзете ја истата дупка со
славината за вода. Осигурете се дека О-прстенот е поставен внатре во црвеното капаче.
6. Отворете ја славината за вода полека и истовремено притиснете ја рачката за да дозволите водата да ги
исфрли сите остатоци што се залепени на пумпата. Погледнете на Слика 17.
7. Затворете ја славината за вода и повторно затегнете го црвеното капаче. Осигурете се дека О-прстенот е
сместен во внатрешноста на капачето токму на своето место. Слика 15
Овие додатоци или прилози се препорачуваат за употреба со вашиот Макита производ, наведени во овој прирачник. Користењето на било какви други додатоци или прилози, може да претставува ризик од повреда на луѓето. Користете ги додатоците или прилозите само за нивната намена. Ако ви е потребна било каква помош, за повеќе детали во врска со овие додатоци, обратете се до вашиот локален сервисен центар на Makita.
- Некои предмети од листата можат да бидат вклучени во пакетот заедно со производот, како стандардни додатоци. Тие можат да се разликуваат од држава до држава.470
5. Немојте се нагињати над алат. Проверите
8. Не дозволите да познавање алата замени
1. Не употребљавајте електрични алат на
4. Измерите препоручену течност. Ова чаша се може користити за мерење 50 ml (2 oz) течности. Погледајте
2. Затегните подесиву главу спреја да бисте атомизирали течност.
предмете који се не смеју прскати. ОДРЖАВАЊЕ И ЧИШЧЕЊЕ
Notice-Facile