MAKITA EW1060HX - Водена пумпа

EW1060HX - Водена пумпа MAKITA - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот EW1060HX MAKITA во PDF формат.

📄 272 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice MAKITA EW1060HX - page 251
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Вид на производ Потопна пумпа за вода
Бренд Makita
Модел EW1060HX
Номинална моќност 1000 W
Максимален проток 200 L/min
Максимална висина на истиснување 10 m
Максимална длабочина на потопување 7 m
Излезен дијаметар G 1" (25,4 mm)
Максимална големина на честички 5 mm
Максимална температура на течноста 35 °C
Напојување 230 V ~ 50 Hz
Класа на заштита IPX8
Тежина 8,5 kg
Димензии (Д x Ш x В) 22 x 22 x 45 cm
Должина на кабелот 10 m
Материјал на телото Нерѓосувачки челик и зајакната пластика
Тип на ротор Отворен ротор прилагоден за води со честички
Преклопник со пливач Вклучен, прилагодлив
Ниво на бучава 70 dB(A)
Одржување Редовно чистење на влезовите за вода и лопатките
Резервни делови Достапни преку мрежата на Makita
Гаранција 2 години

Frequently Asked Questions - EW1060HX MAKITA

Колкава е моќноста на пумпата Makita EW1060HX?
Пумпата Makita EW1060HX има номинална моќност од 1000 W.
Колкав е максималниот проток на EW1060HX?
Максималниот проток е 200 L/min.
Може ли да ја користам оваа пумпа за валкана вода?
Да, пумпата EW1060HX е дизајнирана за води со честички до 5 mm дијаметар.
Како да го инсталирам пливачот на пумпата?
Преклопникот со пливач треба да се прилагоди така што пумпата да запре пред да работи на суво. Поставете го така што кабелот да не го попречува движењето.
Колкава е максималната висина на истиснување?
Максималната висина на истиснување е 10 m.
Како да ја одржувам пумпата EW1060HX?
Редовно чистете ги влезовите за вода и турбината за да избегнете блокирање. Проверете ја состојбата на кабелот и пливачот.
Што да правам ако пумпата не стартува?
Прво проверете го напојувањето и осигурувачот. Осигурете се дека пливачот е слободен и дека пумпата не е блокирана од отпад.
Може ли да користам продолжен кабел со оваа пумпа?
Да, користете продолжен кабел соодветен за моќноста (минимум 1,5 mm²) и целосно одмотан за да избегнете прегревање.
Каде да најдам резервни делови?
Резервните делови се достапни кај овластените дистрибутери на Makita или онлајн преку нивната сервисна служба.
Колкава е максималната температура на испумпуваната вода?
Максималната температура на течноста е 35 °C.

Прашања на корисниците за EW1060HX MAKITA

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Водена пумпа во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник EW1060HX - MAKITA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. EW1060HX на марката MAKITA.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК EW1060HX MAKITA

Објаснување на општиот преглед

1 Приклучок (полнење)13 Издувен лонец26 Испорака
2 Испорака14 Рачка за саух27 Шмукање
3 Шмукање15 Копче на стартер28 Филтер
4 Приклучок (одвод)16 Стартер со повратен удар29 Црево (незадолжителен прибор)
5 Куќиште на пумпа17 Мерач за масло
6 Рачка18 База за поставување30 Мерач за масло
7 Капак на свекичка19 Рачка на гасот31 Горно ниво
8 Филтер за воздух20 Заптивка32 Долно ниво
9 Капак на резервоар21 Спојки за црева33 Капак на резервоар за гориво
10 Резервоар за гориво22 Шраф34 Горно ниво
11 Пумпа за почетно полнење23 Ремен за црево35 Резервоар за гориво
12 Копче I-О (Включено/Исклучено)24 Црево36 Црево за гориво
25 Приклучок (полнење)

Ви благодариме што купивте моторна пумпа на МАКІТА. Задоволство ни е што можеме да ви ја понудиме моторната пумпа на МАКІТА, која произлезе како резултат на долга развојна програма и повејегодишно знаење и искусство.

Прочитајте ја оваа брошура, која ви нуди детален опис на различните делови кои го демонстрираат одличниот перформанс на овој уред. Тоа ќе ви помогне на безбеден начин да ги постигнете најдобрите можни резултати со вашата моторна пумпа МАКИТА.

СИМБОЛИ

Кога ће го читате упатството за работа, ће ги сретнете следните символи.

MAKITA EW1060HX - СИМБОЛИ - 1

Прочитајте го упатството за работа и следете ги предупредувањата и мерките на претпазливост.

MAKITA EW1060HX - СИМБОЛИ - 2

Бидете многу внимателни.

MAKITA EW1060HX - СИМБОЛИ - 3

Никогаш не користете го моторот во затворена просторија.

MAKITA EW1060HX - СИМБОЛИ - 4

Не допирајте го моторот кога е загреан.

MAKITA EW1060HX - СИМБОЛИ - 5

Забрането изложување на отворен пламен!

MAKITA EW1060HX - СИМБОЛИ - 6

Пред да започнете со работа, проверете го нивото на масло.

MAKITA EW1060HX - СИМБОЛИ - 7

СЕ ознака

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

Следните ознаки ⚠️ претставуваат важни информации за безбедност. Секогаш почитувајте ги тие упатства. Неправилната употреба на опремата може да резултира со сериозни несреći.

⚠️ ОПАСНОСТ: Непочитувањето на упатствата може да доведе до смрт или сериозна повреда.

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Непочитувањето на упатствата за ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ може да доведе до сериозна повреда или смрт на лицето кое ракува со апаратот, на лице кое се наоға во близина или пак на лице кое врши проверка или го поправа апаратот.

⚠️ ВНИМАНИЕ: ВНИМАНИЕ значи дека треба да се преземат посебни мерки на претпазливост за да се избегне телесна повреда и оштетување на апаратот.

НАПОМЕНА: НАПОМЕНА нуди важни информации за олеснување или појаснување на процедурите.

- Ова упатство за работа ја објаснува општата употреба и мерките на претпазливост во врска со опремата. Внимателно прочитајте го ова упатство за работа пред да ја ставите опремата во функција. И целосно почитувајте ги регулативите за безбедност.

– Чувајте го ова упатство за работа на безбедно место заради идни консултации. Доколку упатството за работа се изгуби или оштети, веднаш побарајте негова замена од овластен сервис на Makita.

- Koga ја давате на заем опремата на други лица, секогаш со неа давајте го и упатството за работа и други информативни материјали што доагаат заедно со опремата.

- Поради континуираната програма за истражување и развој, спецификациите за производот се предмет на измени без никакво известување. Илустрациите или содржината во ова упатство може да се разликуваат од вистинскиот производ.

– Доколку ви е потребна помощ и повеке детали, обратете се до локалниот продавач или овластениот сервис за Makita.

Намена на апаратот

Оваа орпема е наменета само за вода за полевање и наводнување.

Оваа опрема се користи само за пумпање на чиста вода.

ОПАСНОСТ:

  • Не правете никакви модификации или измени на опремата.
  • Не користете ја опремата за други намени.
  • Користете само оригинални, одобрени резервни делови при одржување и поправка.
  • Непочитувањето на предупредувањата наведени погоре може да резултира со сериозно оштетување на опремата или телесна повреда.

– Никогаш не вдишувајте ги издувните гасови. Тие содржат јаглероден моноксид, многу опасен гас без боја и мирис, кој може да предизвика несвестица или смрт.
– Никогаш не ракувајте со моторот во затворена просторија или во просторија со слаба вентилација, како на пример тунел, јама итн.
– Бидете особено внимателни кога ракувате со моторот во близина на луге или животни.
– Во издувната цевка не смее да има страни надворешни.

– Изгаснете го моторот пред да го полните со гориво.
– Не преполнувајте го резервоарот за гориво.
– Доколку ви се истури гориво, внимателно избришете го и почекајте додека не се исуши горивото пред да го стартувате моторот.
– После полнењето, проверете дали капакот на резервоарот за гориво е добро прицврстен за да спречи негово излевање.

ЗАШТИТА ОД ПОЖАР

– Не ракувајте со опремата додека пушите или кога сте во близина на отворен пламен.
– Не користете ја опремата околу суви грмушки, гранки, стари алишта или други запаливи материјали.
– Држете го моторот барем 1 метар подалеку од згради или други објекти.
- Држете го моторот настрана од запаливи и други опасни материјали (отпад, стари алишта, мазива, експлозиви).
– Никогаш не ставајте ја жешката пумпа на сува трева или на какви било запаливи материјали.

Само за европейските држави

Изјавата за сообразност на ЕЗ

Изјавата за сообразност на ЕЗ е включена како Анекс А на ова упатство за работа.

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ

EW1050H EW1060H
Тежинакг5,87,3
Димензиимм327 x 231 x 319356 x 234 x 336
ВидЦЕНТРИФУГАЛНА ПУМПА со сопствено полнење
Дијаметри (шмукање-испуштање)инчи1
Целосна главам3545
Максимален обем на испоракал/мин110130
Максимално шмукањем88
Волумен (резервоар за гориво)л0,50,65
Волумен (резервоар за масло)л0,080,1
Зафатнина на моторотсм324,533,5
Максимален перформанс на моторотkW0,71 при 7 000 мин−11,07 при 7 000 мин−1
КарбураторвидДијафрагма
Систем на палењевидЗапалка од цврсто тело
СвекичкавидNGK CMR6A
Растојание на електродимм0,7 – 0,8
ГоривоБензин за автомобили
Моторно маслоSAE 10W-30 масло со Класификација API, Класа SF или повисока (4-тактно моторно масло за автомобили)
Применлива температура на вода°C5 – 405 – 40
Ниво на звучен притисокLpA eqdB (A)88,4
Колебливост KdB (A)3
Ниво на јачина на звукLwA, ddB (A)109

Напомена: Носете заштита за ушите за време на работа.

MAKITA EW1060HX - Изјавата за сообразност на ЕЗ - 1

line | Максимален волумен на испорака (л/мин) | EW1050H (м) | EW1060H (м) | | ---------------------------------------- | ----------- | ----------- | | 0 | 35 | 45 | | 20 | 33 | 43 | | 40 | 30 | 40 | | 60 | 25 | 35 | | 80 | 20 | 30 | | 100 | 15 | 25 | | 120 | 10 | 15 | | 140 | 0 | 0 |
  • Секогаш гасете го моторот пред да работите на опремата.
  • Стартувајте го моторот само откако целосно їе ја составите опремата.

МОНТАЖА НА ЦРЕВО

  1. Монтирајте ги на пумпата спојките за цревото.

⚠️ ВНИМАНИЕ:

  • При монтирање на спојката на пумпата, проверете дали заптивката е на место.
  • Поврзете ги цревата на спојките со ремен.

Проверете дали ременот на цревото е добро прицврстен.

  1. Поврзете го филтерот на крајот на доводното црево.

НАПОМЕНА:

- Ако пропушта воздух, нема да може да ја повлекува водата.

⚠️ ВНИМАНИЕ:

- Не вадете го филтерот бидејки пумпата може да се оштети од страно тело.

Проверете дали ременот на цревото е добро прицврстен.

  • Секогаш гасете го моторот пред да работите на опремата. Секогаш работе на рамна и стабилна површина.
  • Проверете дали на опремата има лабави шрафови или лабави спојки меѓу деловите пред да го стартувате моторот.
  • Избегнувајте да ги допирате моторот и издувниот лонец со кој било дел од вашето тело или облека за време на проверка или поправка додека се уште жешки.
  • Обрнете посебно внимание на вентилацијата. Бидете свесни за опасности од труење со СО (јаглероден моноксид).

Кога ње се излади моторот, спроведете ја следната постапка.

– Проверете дали моторот е во хоризонтална позиција.
- Не вметнувајте го мерачот за масло во полначот за масло за да го проверите нивото на масло.
– Проверете дали нивото на масло е меѓу горниот или долниот лимит на мерачот за масло.
– Доколку нивото за масло е под долниот лимит, додајте масло.
- Маслото треба да го надополнувате приближно на секои 10 работни часови (на секои 10 полнења со гориво).
- Ако маслото ја промени бојата или се измеша со нечистотија, заменете го.

Препорачани масла: SAE 10W-30 масло со Класификација API, Класа SF или повисока (масло за 4-тактни автомобилски мотори)

Волумен на масло:

- Доколку моторот не е поставен хоризонтално, може неправилно да го измерите нивото на моторно масло и да го преполните. Полнењето масло над горниот лимит може да предизвика контаминација на маслото или бел чад.

  1. Одржувајте го моторот во хоризонтална позиција и извадете го мерачот за масло.
  2. Наполнете масло до ознаката за горниот лимит. Користете шише за масло за време на полнењето.
  3. Добро прицврстете го мерачот за масло. Ако не е добро прицврстен, може да дојде до излевање на маслото.

После полнење масло

– Истуреното масло веднаш исчистете го со крпа.

– Исчистете ја прашината или нечистотијата околу отворот за полнење масло.
- Мерачот за масло чувајте го чист без песок или прашина. Во спротивно, песокот или прашината што се нафатени на капакот за масло може да предизвикаат неправилно циркулирање на маслото или да ги изабат деловите на моторот.

ГОРИВО

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

  • Горивото е високо запаливо и отровно. Чувајте го настрана од отворен пламен (цигари, шпорет, огномет), електрични искри (батерии, краток спој, искри од краток спој, искри од заварување итн.) кога ракувате со горивото.
  • Изгаснете го моторот пред да полните гориво. Не полнете гориво кога моторот е уште загреан.
  • Покрај ситуациите кога полните гориво, бидете исто така многу внимателни и кога префрлате гориво во помал контејнер.
  • После полнењето, добро прицврстете го капакот на резервоарот за гориво и целосно избришете го изLEANото гориво.

Ракување со гориво

Кога ракувате со гориво треба да бидете крајно внимателни. Горивото може да содржи супстанции слични на растворувачи. Полнењето мора да се извршува во довольно проветрена просторија или на отворено. Никогаш не вдишувајте ги испарувањата од горивото и држете го понастрана од вас. Доколку често го допирате горивото или сте изложени на него подолг временски период, кожата може да ви се исуши, што пак може да предизвика заболување на кожата или алергија. Ако ви влезе гориво во очите, измијте ги очите со чиста и свежа вода. Ако очите и понатаму ви се иритирани, консултирајте се со доктор.

Период на чување на гориво

Не користете гориво кое е постаро од 4 седмици, дури и кога е чувано во специјален канистер на добро проветрено и студено место.

Во спротивно, горивото може да се расипе и за само еден ден.

Чување на машината и полнење на резервоарот

– Чувајте ги машината и резервоарот на ладно место, кое не е изложено на директна сончева светлина.
– Никогаш не чувајте гориво во автомобил.

Вид на гориво:

Моторот е 4-тактен. Треба да користите безоловен бензин за автомобили со 87 октани или повеќе ((R+M)/2). Не смее да содржи повеќе од 10% алкохол (E-10).

– Никогаш не користете мешавина на бензин која содржи моторно масло. Во спротивно, тоа може да предизвика прекумерна акумулација на јаглерод или механички проблеми.

  1. Држете го моторот во хоризонтална позиција.
  2. Одвртете го малку капакот на резервоарот за да излезе притисокот од него.

  3. Извадете го капакот на резервоарот за гориво и наполнете гориво. НЕ СМЕЕТЕ да го полните резервоарот до горе.

  4. После полнењето, затворете го цврсто капакот на резервоарот.

– Избришете ја надворешноста на капакот на резервоарот за гориво за да спречите навлегување на нечистотија во резервоарот за гориво.
– Ако капакот на резервоарот е пукнат или оштетен, заменете го.
- Капакот на резервоарот се истрошува со тек на време. Заменувајте го на секои две до три години.
- HE CMEETE да ставате гориво во отворот за полнење масло.

- НЕ стартувајте ја пумпата без вода во куќиштето на пумпата. Во спротивно, може да се оштети механичката заптивка.

Извадете го приклучокот за полнење и додајте чиста вода додека куќиштето на пумпата не се наполни целосно со вода. Откако ќе го наполните, добро стегнете го приклучокот за полнење.

НАПОМЕНА:

  • Ако доводот на вода не е доволен, капацитетот за сопствено полнење станува понизок.
  • Проверете дали пумпата е поставена на стабилно место и најблизу што може до извор на вода.
  • Колку е повисоко поставена главата за шмукање, толку повеće време ће биде потребно за полнење со помало празнење.

– Внимателно проверете ги цревата за гориво и спојките, заради можно олабавување и излевање на горивото. ИзLEANото гориво создава потенцијално опасна ситуација.
– Проверете дали се олабавени завртките и навртките. Ако некои се лабави, стегнете ги. Лабава завртка или навртка може да предизвика сериозен дефект на моторот.
– Проверете го моторното масло и дополнете ако е потребно.
– Проверете го нивото на гориво и дополнете ако е потребно. Внимавајте да не го преполните резервоарот со гориво.
– Одржувајте ги чисти перките на цилиндерот и стартерот со повратен удар, без нечистотија, трева и друг отпад.
– Носете припиена работна облека кога работите со моторот.

ФУНКЦИОНИРАЊЕ

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

  • Никогаш не допирајте го жешкиот издувен лонец, особено кога го стартувате моторот. Издувниот лонец се вжештува после работа со моторот.
  • Не ставајте ги рацете или надворешни предмети во издувните вентили кога пумпата е во функција.

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

Внимавајте на водениот млаз

- Не дозволувајте тркало од возило да минува над цревото за испорака. Не затворајте го наеднаш вентилот за испорака, бидејки може да се создаде воден млаз кој може да ја оштети пумпата.

Стартување:

ВНИМАНИЕ:

- Бидејки маслото за подмачкување уште не е довольно разнесено, не зголемувајте го бројот на вртежи на моторот веднаш по стартувањето на моторот. Непотребниот висок број на вртежи го скратува работниот век на опремата и може да предизвика оштетување.

  1. Проверете дали ку́киштето на пумпата е наполнето со вода.
  2. Проверете дали филтерот е поставен под вода.

ВНИМАНИЕ:

  • Користете одреден метод на заштита кога дното на водата ќе се покрие со кал или песок.
  • Проверете дали има некакви препреки на излезот на цревото за испорака.
  • Ставете го копчето на моторот I-О (ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО) на позиција „I“ (ВКЛУЧЕНО).
  • Проверете дали рачката на гасот покажува „L“. (Сл. 7)
  • Продолжете да ја притискате пумпата за полнење додека во неа не навлезе горивото. (Генерално, потребни се 7 до 10 притискања)
  • Приспособете ја рачката на саухот.

- Ако моторот е ладен или пак амбиенталната температура е ниска, целосно затворете ја рачката на саухот. (Сл. 8)

  • Ако моторот е загреан или пак амбиенталната температура е висока, отворете ја до половина рачката на саухот или пак држете ја целосно отворена.
  • Повлечете го нежно копчето на стартерот додека не почувствувате одреден отпор. Потоа, вратете го копчето на стартерот и повлечете силно. Никогаш не влечете го јажето до крај.

Откако ће го повлечете копчето за стартување, не тргајте ја веднаш вашата рака. Држете го копчето за стартување додека не се врати во неговата оригинална положба.

Кога моторот тешко се стартува, отворете ја рачката на гасот за 1/3.

  1. Откако ће стартува моторот, поставете ја рачката на саухот на позиција ОТВОРЕНО доколку претходно сте ја затвориле. (Сл. 9)
  2. Оставете го моторот да се „загрее“. Продолжете со загревање на моторот 2 до 3 минути, ставен на позиција „L“.

Работење со моторот:

Ставете ја рачката на гасот на средна позиција и проверете дали доага вода од цревото за испорака.

Завршување со работа

Гаснење на моторот

Ставете ја рачката на гасот на позиција „L“ за да го поставите моторот на најнизок број на вртежи.

Ставете го прекинувачот на моторот I-O (ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО) на позиција „О“ (ИСКЛУЧЕНО).

Испуштете ја водата после употреба

Водата внатре во кукиштето на пумпата замрзнува на температура под 0°C во зима и може да ја оштети пумпата. После употреба, испуштете ја водата од одводот на дното.

- Секогаш гасете го моторот пред да работите на опремата. Не вршете никакви поправки кога моторот е уште загреан.

⚠️ ВНИМАНИЕ:

- Не менувајте го и не приспособувајте го карбураторот. Тој е фабрички приспособен на поставка при која работи најефикасно. Доколку е потребно приспособување, побарајте помош во вашиот локален сервис. - Не мијте го моторот со вода за време на сервисирање.

ЗАМЕНА НА МОТОРНО МАСЛО

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

- Моторот и моторното масло се жешки веднаш почва гаснењето на моторот. Оставете ги моторот и моторното масло да се изладат. Во спротивно, можете да се изгорите.

⚠️ ВНИМАНИЕ:

- Пред да го менувате маслото, проверете кој е најдобриот начин за фрлање на старото масло. Не истурајте го во канализација, во почва во градината или во отворени водни текови. Подетални упатства за правилно фрлање на маслото можете да добиете од вашата локална заедница или од регулативите за животна средина. Расипаното моторно масло го скратува работниот век на моторот. Редовно проверувајте го маслото и неговото ниво.

НАПОМЕНА:

- Ако е наполнето масло над границата, маслото може да се извалка или може да се запали што ќе се манифестира со бел чад. После исклучувањето на моторот, почекајте извесно време маслото да се врати во резервоарот за масло, за да можете точно да го измерите нивото на масло.

Интервал на замена: После првите 20 работни часови, а потоа на секои 50 работни часови.

Препорачани масла: SAE 10W-30 масло со Класификација API, Класа SF или повисока (масло за 4-тактни автомобилски мотори)

Волумен на масло:

  1. Извадете го мерачот за масло. (Сл. 10)
    Мерачот за масло ставајте го на места кадешто нема да насобере нечистотија, прашина или други надворешни предмети.
  2. Ставете крпа или хартија на просторот околу отворот за полнење масло.
  3. Извадете го мерачот за масло, потоа навалете го моторот и испразнете го маслото во сад или друг контејнер.

  4. Ставете ја опремата на рамна површина. Налевајте го маслото од шише што може да се притисне или друг соодветен сад. Наполнете масло до точката на преполнување на грлото на полначот. (Сл. 4)

  5. Откако ќе го наполните моторот со масло, повторно вметнете го мерачот за масло. Проверете дали мерачот е прицврстен, бидејки ако се олабави, може да дојде до излевање на маслото.

- Никогаш не допирајте го конекторот на свекичката додека работи моторот (опасност од струен удар со висок напон).

Временски интервал на чистење и проверка: Секојдневно (на секои 10 работни часови)

  • Користете го само приложениот универзален клуч за вадење и монтирање на свекичката.
  • Зазорот меѓу двете електроди на свекичката треба да биде 0,7 – 0,8 мм.

Доколку зазорот е многу широк или многу тесен, приспособете го. Доколку свекичката е затната или контаминирана, целосно исчистете ја или заменете ја.

- Изгаснете го моторот. Држете го понастрана од отворен пламен. Нечистиот филтер за воздух предизвикува тешко стартување, губење на мојноста, дефекти во моторот и екстремно го скратува работниот век. Филтерот за воздух одржувајте го чист.

Временски интервал на чистење и проверка: Секојдневно (на секои 10 работни часови)

  1. Ставете ја рачката на саухот во целосно затворена позиција за да спречите навлегување на прашина и нечистотија во карбураторот.
  2. Извадете ги завртките за фиксирање на капакот на филтерот за воздух.
  3. Повлечете го надвор долниот раб на капакот за да го извадите капакот на филтерот за воздух.
  4. Извадете го елементот, потоа исчистете го со раствор на топла вода и благ детергент и на крај целосно исушете го.
  5. Монтирајте го така што да биде порамнет со линиите како што е прикажано на сликата.
  6. Избришете го со крпа маслото што се залепило околу капакот на филтерот за воздух и вентилот.
  7. После чистењето склопете го капакот на филтерот за воздух (вметнете го прво јазичето на горниот дел, а потоа јазичето на долниот дел) и прицврстете ја навртката.

- Изгаснете го моторот. Држете го понастрана од отворен пламен. Не пушете.

Временски интервал на чистење и проверка: Месечно (на секои 50 работни часови)

Филтерот за гориво се користи за филтрирање на горивото потребно за карбураторот. Треба да се врши периодична визуелна проверка на филтерот за гориво.

  1. Отворете го капакот на резервоарот за гориво, а потоа со помош на кука од жица повлечете ја главата за шмукање низ отворот на резервоарот.
  2. Извадете ги стегите на цревото и повлечете го филтерот за гориво од цевката за гориво.
  3. Измијте го филтерот за гориво со керозин.
  4. После миењето, повторно склопете го.
  5. Ако филтерот е цврст или затнат, заменете го со нов.

Менувајте го филтерот за гориво за да обезбедите довольно снабдување на карбураторот со гориво. Во спротивно, недоволното снабдување со гориво може да предизвика тешкотии при стартувањето на моторот и ограничена максимальна брзина.

После проверката, чистењето или замената, прицврстете го филтерот за гориво во цревото за гориво со стега за црево.

Притиснете го филтерот за гориво внатре до дното на резервоарот за гориво. (Сл. 13)

ЗАМЕНА НА ЦРЕВО ЗА ГОРИВО (Сл. 14)

MAKITA EW1060HX - ЗАМЕНА НА ЦРЕВО ЗА ГОРИВО (Сл. 14) - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

- Изгаснете го моторот. Држете го понастрана од отворен пламен.

Временски интервал на чистење и проверка: Дневно (на секои 10 работни часови)

Заменувајте го цревото за гориво секоја година, без оглед колку често го користите моторот. Излевање на горивото може да предизвика пожар.

Доколку за време на проверката откриете истекување на гориво, веднаш заменете го цревото за гориво.

– Стегнете ги лабавите завртки, навртки итн.
- Проверете дали се добро стегнати капаците за гориво и за масло. Порверете дали од моторот истекува гориво и масло.
- Заменете ги оштетените делови со нови заради безбедно работење.

ЧИСТЕЊЕ НА ДЕЛОВИТЕ

– Секогаш одржувајте го моторот чист бришејки го со крпа.
- Ребрата за ладење на моторот секогаш одржувајте ги чисти, без нечистотија или прашина. Прашината или нечистотијата што се прилепува на ребрата може да предизвика дефект на клипот.

Табела со распоред за одржување

Ставка\Време на работењеПред пуштање во работаСекојдневно (10 ч.)50 ч. 200 ч.Пред чување
Моторно маслоПроверка/полнење
Замена *1
Елементи за стегање (завртки, навртки)Проверка
Резервоар за горивоЧистење/проверка
Цедење на гориво
Рачка на гасотПроверка на функција
Прекинувач I-О (ВКЛУЧЕНО/ ИСКЛУЧЕНО)Проверка на функција
Филтер за воздухЧистење
Свекичка Проверка
Чистење/ приспособување
Отвор за разладен воздух и ребра на цилиндерЧистење/проверка
Црево за гориво Проверка
Замена *2
Филтер за горивоЧистење/замена
Чистење на вентили (доводен и одводен вентил)Проверка/ приспособување *2
Ремонт на мотор ако е неопходно◎*2
КарбураторЦедење на гориво
Сет на пумпаЧистење
ФилтерПроверка/чистење

*1 Прва замена направете после 20 работни часови.
Пред да го менувате маслото, проверете кој е најдобриот начин за фрлање на старото масло. Не истурајте го во канализација, во почва во градината или во отворени водни текови. Подетални упатства за правилно фрлање на маслото можете да добиете од вашата локална заедница или од регулативите за животна средина.
*2 За проверка после 200 работни часови обратете со до овластен сервис.

ЧУВАЊЕ

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

- Кога го цедите горивото, моторот треба да биде ислучен и ладен. Веднаш по гаснењето на моторот, тој може уште да биде загреан и да предизвика изгореници и пожар.

ВНИМАНИЕ:

- Ако планирате опремата да не ја користите подолго време, исцедете го горивото од резервоарот и поставете го на суво и чисто место.

Пред чување

  1. Целосно испразнете ја водата од одводот за цедење.

  2. Нежно повлечете ја рачката на стартерот со повратен удар додека не почувствувате отпор.

  3. По празнењето на горивото од резервоарот, притиснете ја пумпата за почетно полнење додека не истече горивото во цревото за гориво. Уште еднаш отстранете го горивото од пумпата.
  4. Поставете ја рачката на гасот во позиција „L“.
  5. Избришете ја нечистотијата и прашината.
  6. Чувајте ја пумпата на суво и топло место, каде што не постои опасност од замрзнување.

Транспорт

Кога ја подигате и транспортирате машината, држете ја рачката цврсто со обете раце.

РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ

Пред да побарате помош за поправка, прво пробајте сами да го најдете проблемот и да го решите. Ако откриете некаков дефект, проверете ја вашата машина во согласност со описот даден во ова упатство за употреба. Никогаш не расклопувајте ги деловите спротивно на дадениот опис. За поправки, стапете во контакт со овластен сервис.

Проблем Причина Поправка
Моторот не стартуваНе работи пупмпата за почетно полнење.Пумпајте 7 до 10 пати.
Јажето на стартерот се повлекува со многу мала сила.Повлечете силно.
Нема гориво.Наполнете гориво.
Затнат филтер за гориво.Исчистете го.
Откачете ја цевката за гориво.Правилно поврзете ја цевката за гориво.
Извиткана цевка за гориво.Исправете ја цевката за гориво.
Гориво со слаб квалитет.Горивото со слаб квалитет го отежнува стартувањето.Заменете го со ново. (Препорачана замена: 1 месец).
Прекумерен доток на гориво.Поставете ја рачката на гасот на средна или „Н“ позиција и влечете ја рачката за стартување додека не стартува моторот. Ако моторот пак не стартува, извадете ја свекичката, исушете ја електродата и повторно склопете ги. Потоа, повторно стартувајте како што е опишано.
Разлабавен капак на свекичка.Прикачете го.
Извалкана свекичка.Исчистете ја.
Несоодветно растојание на свекичката.Приспособете го растојанието.
Други дефекти на свекичката.Заменете ја.
Дефектен карбуратор.Побарајте проверка и одржување.
Јажето за стартување не може да се повлече.Побарајте проверка и одржување.
Дефектен погонски систем.Побарајте проверка и одржување.
Моторот се гасне веднаш после стартувањето Моторот не забрзуваМоторот не се загрева довольно.Изведете операција на загревање на моторот.
Саухот е поставен на „ЗАТВОРЕНО“ иако моторот е загреан.Поставете го на „ОТВОРЕНО“.
Затнат филтер за гориво.Исчистете го.
Извалкан е или затнат филтерот за воздух.Исчистете го.
Дефектен карбуратор.Побарајте проверка и одржување.
Дефектен погонски систем.Побарајте проверка и одржување.
Пумпата не работи.Заглавен ротор.Побарајте поправка од вашиот овластен сервис за Makita.
Волуменот на пумпање е мал.Влегува воздух во делот за шмукање.Проверете ги цревата во делот за шмукање.
Намален капацитет на моторот.Побарајте поправка од вашиот овластен сервис за Makita.
Дефект на механичката заптивка.Заменете ја заптивката.
Максимално шмукање.Намалете го шмукањето.
Тенко или долго црево, или пак извиткано црево.Набавете подебело црево, скратете го или пак исправете го.
Протекува вода од водот за вода.Запрете го протекувањето.
Заглавен е надворешен предмет во роторот.Побарајте поправка од вашиот овластен сервис за Makita.
Изабен ротор.Побарајте поправка од вашиот овластен сервис за Makita.
Пумпата не се полни сама.Вшмукува воздух кај делот за шмукање.Проверете ги цревата во делот за шмукање.
Недоволно вода за полнење во ку́киштето на пумпата.Целосно наполнете го.
Недоволно стегната славина за одвод.Целосно стегнете ги двата приклучока.
Неправилни вртежи на моторот.Побарајте поправка од вашиот овластен сервис за Makita.
Навлегува воздух од механичката заптивка.Заменете ја заптивката.

Немојте користити отворени пламен!

MAKITA EW1060HX - РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ - 1

- Ако ваздух цури, вода не може да се увуче.

⚠️ ОПРЕЗ:

ПРОВЕРАВАЊЕ СВЕЋИЦЕ (сл. 11)

⚠️ ОПРЕЗ:

Ако током прегледа уочите цурење, одмах замените цев за гориво.

ПРЕГЛЕД ЗАВРТЊЕВА И МАТИЦА

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : MAKITA

Модел : EW1060HX

Категорија : Водена пумпа