SG150 - Пила MAKITA - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот SG150 MAKITA во PDF формат.
| Тип на производ | Кружна пила |
| Марка | Макита |
| Модел | SG150 |
| Димензии (Д x Ш x В) | 300 x 250 x 250 mm |
| Тежина | 3,5 kg |
| Напојување | 1200 W, 230 V ~ 50 Hz |
| Брзина без оптоварување | 5 000 вртежи/мин |
| Дијаметар на сечилото | 150 mm |
| Отвор на сечилото | 20 mm |
| Максимална длабочина на сечење | 50 mm |
| Капацитет на сечење под агол | 0° до 45° |
| Основни функции | Право сечење, сечење под агол, сопирачка на сечилото |
| Одржување и чистење | Чистете ги отворите за вентилација по секоја употреба, подмачкајте ги подвижните делови редовно |
| Безбедност | Електрична сопирачка на сечилото, заштита од повратен удар, безбедносен прекинувач |
| Резервни делови и поправка | Сечило, четки, прекинувач достапни кај овластените дилери на Макита |
| Општи информации | Упатство за употреба достапно на повеќе јазици, нето тежина 3,5 kg |
Frequently Asked Questions - SG150 MAKITA
Прашања на корисниците за SG150 MAKITA
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник SG150 - MAKITA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. SG150 на марката MAKITA.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК SG150 MAKITA
2.4 Употреба на и боравене с електроинструменти 7
2.5 Сервиз 8
2.4 Употреба на и боравене с електроинструменти
Пролиферацијата и умножувањето на овој документ, како и користењето и соопштувањето на неговата содржина се забранети, доколку истите не се експлицитно дозволени. Прекршителите се обврзани да ја надоместат штетата. Сите права за патентот, полезниот модел и индустрискиот дизајн на овој производ се задржани.
Упатството за употреба е грижливо изготвено. Сепак, MAKITA не презема одговорност за можните грешки во упатството за употреба како и за нивните последици. Исто така, не презема одговорност за директни или последични штети коишто се последица на несоодветната употреба на уредот.
При употребата на уредот, запазете ги безбедносните правила и смерниците за заштита на работа што се специфични за секоја земја, како и инструкциите во ова упатство за употреба.
Сите употребени имиња на производи и брендови се во сопственост на сопственикот и не се означени експлицитно како такви.
Можни се промени на содржината.
Содржина
1 За ова упатство за употреба ..... 202
1.1 Важни информации 202
1.2 Символи што се користат во упатството за употреба 202
2 Безбедносни напомени 202
2.1 Безбедност на работно место 202
2.2 Безбедност при работа со струја ..... 203
2.3 Безбедност на лица 203
2.4 Употреба и чување на електричниот алат 203
2.5 Сервисирање 204
2.6 Безбедносни напомени специфични за оваа машина .... 204
2.6.1 Побарувања од оперативниот персонал 204
2.6.2 Безбедност на работно место 204
2.6.3 Безбедност при работа со струја ..... 205
2.6.4 Безбедност на лица 205
2.6.5 Опасности при користењето и чување на електричниот алат ...... 206
2.6.6 Сервисирање / Одржување / Поправање 208
2.6.7 Објаснување на пиктограмите на дијамантската фреза 208
3 Технички характеристики 209
3.1 Технички податоци 209
3.2 EG - Изјава за сообразност 210
3.5 Наменска употреба 210
4 Пред почетокот на работата ..... 211
5 Користење и ракување 211
5.2 Штелување на длабочината на засекот 212
5.3 Приклучување правосмукалка ...... 212
5.4 Вклучување на дијамантската фреза и фрезирање 212
5.5 Завршеток на постапката на фрезирање 213
6 Чистенье 213
7 Сервисирање 213
8 Ракување со дијамантски дискови за суво сечење 214
9 Расходување 214
1 За ова упатство за употреба
Ова упатство за употреба ги содржи сите важни информации за безбедно ракување со дијамантските фрези.
Во ова упатство за употреба, дијамантската фреза се нарекува и „ured“ или „машина“.
Референци кон илустрациите
Референците кон илустрациите коишто се наогаат на почетокот на упатството за употреба се прикажани во текстот со овој символ 1 (тука, на пример, се упатува на илустрација број 1).
1.1 Важни информации

Прочитајте го упатството за употреба
Пред да почнете со каква било работа со уредот или на него, внимателно прочитајте го и запазете го ова упатство за употреба и безбедносните упатства во него.
Упатството за употреба чувајте го секогаш заедно со уредот.

Мора да се носи дозволена филтерска маска за устата и носот!
1.2 Символи што се користат во упатството за употреба

ОПАСНОСТ
„ОПАСНОСТ“ укажува на опасна ситуација којашто резултира со непосредна смрт или со тешка телесна повреда.
→ Оваа стрелка се однесува на соодветните мерки за избегнување опасност што се заканува.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
„ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ“ укажува на опасна ситуација што може да резултира со смрт или тешка телесна повреда.
→ Оваа стрелка се однесува на соодветните мерки за избегнување непосредна опасност.

ПРЕТПАЗЛИВОСТ
„ПРЕТПАЗЛИВОСТ“ укажува на опасна ситуација што може да резултира со лесни или среди телесни повреди, или материјална штета.
→ Оваа стрелка се однесува на соодветните мерки за избегнување непосредна опасност.

НАПОМЕНА
„НАПОМЕНА“ содржи препораки за употребата и корисни совети.
2 Безбедносни напомени

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни напомени и инструкции.
Пропустите во запазувањето на безбедносните напомени и инструкции може да предизвикаат тешки повреди.
Чувајте ги сите безбедносни напомени и инструкции за идна употреба.
Во безбедносните напомени се користи израз „електричен алат“ и тој се однесува на сите електрични алати што работат на струја (со кабел за струја) како и на електричните алати што работат со акумулаторски батерии (без кабел за струја).
2.1 Безбедност на работно место
a) Работната област треба да биде чиста и добро осветлена.
Нередот и неосветлените работни области може да доведат до несреќни случаи.
b) Не работете со електричниот алат во околина каде што постои опасност од експлозија, или каде што има запаливи течности, гасови и прав.
Електричните алати создаваат искри што може да го запалат правот или испарувањата.
с) Децата и останатите лица држете ги подалеку додека работите со електричниот алат.
Доколку ви го свртат вниманието, може да ја загубите контролата врз уредот.
2.2 Безбедност при работа со струја
a) Приклучникот за струја на електричниот алат мора да одговара на штекерот за струја. Приклучникот за струја не смее да се менува на ниеден начин. Не употребувајте штекер со адаптер заедно со вземјени електрични алати.
Неизменетите прилучници за струја и штекери ја намалуваат опасноста од струен удар.
b) Избегнувајте телесен допир со вземјени површини, како на пр. цевки, печки, шпорети и фрижидери.
Зголемена опасност од електричен удар постои кога е вземјено и Вашето тело.
с) Чувајте ги електричните алати подалеку од дожд и влага.
Навлезената вода во електричниот алам ја зголемува опасноста од струен удар.
d) Не злоупотребувајте го кабелот за да го носите електричниот алат, да го закачите или да го извлечете од штекерот за струја.
Чувајте го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови и од подвижните делови на уредот.
Оштетени или заплеткани кабли ја зголемуваат опасноста од струен удар.
e) Доколку го користите електричниот алат на отворено, употребувајте само продолжни кабли што се предвидени за употреба на отворено.
Употребата на продолжни кабли за употреба на отворено ја намалува опасноста од струен удар.
f) Доколку употребата на електричниот алат во влажна средина не може да се избегне, користете штекер со осигурувач против неисправна струја.
Користењето штекер со осигурувач против неисправна струја(ФИ склопка со макс. 10 тА активирачка струја) ја намалува опасноста од струен удар.
2.3 Безбедност на лица
а) Бидете вниматели, работете промислено и претпазливо со електричните алати.
Не користете електричен алат кога сте изморени или кога сте под влијание на дрога, алкохол или лекови.
При употреба на електрични алати, доволен е само еден миг на невнимание што може да доведе до сериозни повреди.
b) Носете лична заштитна опрема и секогаш заштитни очила.
Носењето лична заштитна опрема, како што е маска против прав, заштитни чевли што не се лизгаат, заштитен шлем и заштита на слухот, а во зависност од начинот на примената на електричниот алам, ја намалува опасноста од повреди.
с) Избегнете ненамерно вклучување на уредот. Проверете дали електричниот алат е ислучен пред да го приключите на напојување со струја и / или акумулаторска батерија и пред да го земете или носите.
Доколку прстот ви се наога на прекинувачот додека го носите електричниот алат, или уредот бил включен пред да го приключите на електрично напојување, постои опасност од нескреки.
d) Алатот за штелување и клучот за завртките мора да бидат отстранети пред да го включите електричниот алат.
Алатот или клучот може да предизвикаат повреди доколку се наогаат на некој од подвижните делови на уредот.
e) Избегнувајте невообичаени положби на телото. Внимавајте на стабилната положба и секогаш бидете во рамнотежа.
Така ће задржите подобра контрола врз електричниот алат и во неочекувани ситуации.
f) Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Косата, облеката и ракавиците мора да се држат подалеку од подвижните делови.
Отпуштената облека, накитот или долгата коса може да се закачат во подвижните делови.
g) Доколку користите правосмукалка и системи за собирање на исечениот материјал, уверете се дека истите се приключени и дека исправно се користат.
Користењето правосмукалка ги намалува опасностите од правот.
2.4 Употреба и чување на електричниот алат
a) Не дозволувајте преоптоварување на уредот. Користете соодветен електричен алат при работата.
Изворот на соодветен електричен алат ви овозможува подобро и побезбедно работење.
b) Не користете електричен алат со расипан прекинувач.
Електричниот алам што веке не може да се вклучи или исклучи е опасен и мора се поправи.
MK
с) Извлечете го приклучникот за струја од штекерот и / или извадете ја акумулаторската батерија пред да започнете со штелување на уредот, пред да почнете со замена на деловите и пред да го одложите уредот.
Оваа безбедносна мерка го спречува ненамерното вклучување на електричниот алат.
d) Електричните уреди што не се користат мора да се чуваат подалеку од деца.
Не дозволувајте употреба на уредот од страна на лица што не се запознаени со работењето на уредот или што не ги прочитале упатствата за уредот.
Електричните алати се опасни кога со нив работат неискусни лица.
e) Електричните уреди мора да се одржуваат внимателно. Контролирајте дали подвижните делови беспрекорно функционираат и не заглавуваат, дали има делови скршени или оштетени на начин што їе влијае врз функционалноста на електричниот алат. Пред да го користите уредот, расипаните делови мора да се поправат.
Лошото одржување на електричните алати е причина за многу нескреки.
f) Држете го алатот за сечење наострен и чист.
Грижливо одржуваните алати за сечење со остри рабови на остриците се заглавуваат поретко и со нив се работи полесно.
g) Користете ги електричните алати, прибор, работни алати итн. секогаш според овие упатства. Притоа земете ги предвид работните услови и работата што треба да се изврши.
Употребата на електричните алати за намени различни од предвидените може да предизвика опасни ситуации.
2.5 Сервисиране
a) Електричниот алат смеат да го поправаат само квалифицирани и стручни лица што їе користат само оригинални резервни делови.
На тој начин елетричниот алам ке биде во состојба што е сигурна за работењето.
2.6 Безбедносни напомени специфични за оваа машина
2.6.1 Побарувања од оперативниот персонал
- Машината не смеат да ја користат лица помлади од 16 години.
- Оперативниот персонал мора да биде запознаен со содржината на ова упатство за употреба.
2.6.2 Безбедност на работно место
• Пред да почнете да сечете носечки сидови побарајте совет од надлежниот статичар, архитект или градежен раководител.
- Обезбедете ја работната област исто и зад местата на пробивот.
Необезведените работни области можат да ве загрозат и Вас и други лица.
- Внимавајте на отворените и скриените водови за струја, вода и гас. Користете соодветни детектори за да ги локализирате инсталациите или консултирајте се со локалните дистрибутери.
Контактом со електричните водови може да предизвика орган и струен удар.
Оштетениот гасовод може да предизвика експлозија. Навлегувањето во водоводна цевка доведува до материјална штета или може да предизвика струен удар.
- Електричниот алат не треба да се користи во близина на запаливи материјали.
Искрењето може да ги запали овие материјали.
- Избегнете ја опасноста од кабелот да се сопнат други лица.
Пағањето врз кабелот може да доведе до тешки повреди.
• Обезбедете го работното парче.
Работно парче прицерстено со систем за затегнување или со менгеме е побезбедно одошто држењето со рака.
- Избегнувајте го собирањето на правот на работното место.
Правот може да се запали лесно.
• При работа во затворени простори погрижете се за доволна вентилација.
Опаснот од кревање прав и намалена видливост.
- Правот од материјали како што се премазите што содржат олово, некои видови дрво, минерали и метали може да е штетен по здравјето и може да предизвика алергиски реакции, болести на дишните патишта и / или рак.
Материјалите што содржат азбест смее да ги обработува само стручен персонал.
▶ По можност користете правосмукалка соодветна за материјалот (на пример, специјална правосмукалка MAKITA).
▶ Погрижете се за добра вентилација на работното место.
▶ Се препорачува носење на респираторна маска со филтерска класа P2 или P3 (според DIN EN 149:2001).
Запазете ги прописите коишто важат во Вашата земја за материјали што се обработуваат.
2.6.3 Безбедност при работа со струја
- Пред секоја употреба извршете контрола на електричниот алат, кабелот за струја и штекерот во смисла на оштетувања.
Оштетениот уред е опасен и веке не е безбеден за употреба. - Внимавајте на напонот во мрежата! Напонот на напојувањето со струја мора да соодветствува со податоците на типската плочка на електричниот алат.
- Koga се работи со електричен алат приключен на подвижен агрегат за струја (генератор), може да дојде до намалена моćност и нетипично однесување при вклучувањето.
- Не користете електричен алат со оштетен кабел. Не допирајте оштетен кабел и извлечете го приклучникот за струја доколку кабелот се оштети при работењето.
Оштетените кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
- Користете само продолжни кабли што се соодветни за моїноста на машината и со проводници од најмалку 1,5 mm 2 . Доколку користите намотка со продолжен кабел, кабелот мора да биде извлечен целосно.
Навитканиот кабел може да се загрее силно и да почне да гори.
- Разладните отвори на Вашиот електричен алат чистете ги редовно со компримиран воздух. Во ниеден случај не ставајте одвртка или други предмети во разладните отвори. Разладните отвори не смеат да бидат покриени.
Вентилаторот на моторот вовлекува прав во ку́киштето, а високата концентрација на метален прав може да предизвика електрична опасност.
- Под влијание на надворешни електромагнетни пречки (на пример, осцилации во напонот, електростатичко празнење), можно е евтоматско ислучување на електричниот алат.
Во овој случај исключете го и одново включете го електричниот алат.
- Не користете работни алати за кои треба средство за ладење.
Користењето вода или други течни средства за ладење може да предизвика струен удар.
2.6.4 Безбедност на лица
- Носете лична заштитна опрема и користете ја според ситуацијата на работа:

Целосна заштита за лицето, заштита за очите или заштитни очила, заштитен шлем и специјална престилка
Заштитете се од отфрлените делови со помош на заштитен шлем, заштитни очила или заштита за лицето, и, ако е потребно, со помош на престилка.

Заштита на слухот
Типичното А пондерирано ниво на моćност на звукот на овој електричен алат при работење е над 85 dB (A).
При подолготрајна изложеност на силна бучава постои опасност од оштетување на слухот, односно од губење на слухот.

Антивибрациски заштитни ракавици
При активирачка вредност А (8) за вибрации на дланка / рака од над 2,5 m / є се препорачува носење на антивибрациски заштитни ракавици.
Заштитни чевли што не се лизгаат

Маска против прав, филтерска маска за уста и нос или респираторна маска
Вдишувањето фин минерален прав може да го загрози здравјето. Се препорачува носење на респираторна маска со фильтерска класа P2 или P3 (според DIN EN 149:2001).
Работењето со дијамантски дискови за суво сечење е абразивен процес при кој се создава најфин прав. При фрезирање материјали што содржат кварц постои голема опасност од силикоза, па машината смее да се користи само во комбинација со соодветна правосмукалка (на пример, специјална правосмукалка МАКИТА).
- Внимавајте на безбедното растојание до други лица и нивните подрачја на работење. Секој што се наога во работната област мора да носи лична заштитна опрема.
Искршените делови од работното парче или од работните алати може да одлетаат и да предизвикаат повреди исто и надвор од непосредното подрачје на работењето.
MK
- Држете го уредот само за изолираните површини на држачите кога изведувате работи при кои работниот алат може да удри во скриени електрични проводници или во сопствениот кабел за струја.
Допирот со електричен кабел под напон ке ги стави под напон и металлите делови на уредот и може да предизвика струен удар.
- Кабелот за струја држете го подалеку од ротирачкиот работен алат.
Доколку загубите контрола врз уредот, кабелот за струја може да биде прекинат или зафатен, а Вашата дланка или рака да дојде во контакт со ротирачкиот работен алат.
- Никогаш не оставајте го електричниот алат пред целосно запирање на работниот алат.
Работниот алат што се врти може да дојде во допир со подлогата, при што може да ја загубите контролата врз електричниот алат.
- Електричниот алат не смее да работи додека го носите.
Вашата облека може да биде зафатена при случаен допир со ротирачки работен алат, а работниот алат да се заринка во Вашето тело.
- Работните алати при включена машина не смеат да се допираат и насочуваат кон свои или туги делови на тело.
2.6.5 Опасности при користењето и чување на електричниот алат
- Користете само дијамантски дискови за суво сечење за Вашиот електричен алат.
Прицврстувањето прибор на Вашиот електричен алат не гарантира безбедна употреба.
- Дозволениот број на вртежи на работниот алат мора да биде најмалку толку висок, како што е максимальниот број на вртежи наведен на електричниот алат.
Приборот што ротира побрзо од дозволеното може да се скрши и разлета.
• Дијамантските дискови за суво сечење смеат да се користат само за препорачаните цели на примена.
На пример, никогаш не смее да се струга со страничната површина на дијамантскиот диск за суво сечење.
Дијамантските дискови за суво сечење се предвидени за отстранување материјал со работ на дискот. Страничното влијание на сили може да ги скрши овие брусни тела.
- Замената на работниот алат треба да се изврши грижливо и само со беспрекорен монтажен алат што е предвиден за тоа. Пред да почете со замената на работниот алат, извлечете го приклучникот за струја.
Со помош на предвидениот монтажен алат ке избегнете оштетувања на електричниот и работниот алат.
- Користете само неоштетен монтажен материјал со пропишана големина за дијамантскиот диск за суво сечење што сте го одбрале.
Соодветен монтажен материјал го потпира дијамантскиот диск за суво сечење и со тоа ја намалува опасноста од кршење на дискот.
- Надворешниот пречник и дебелината на работниот алат мора да соодветствува на димензиите на Вашиот електричен алат.
Работните алати со погрешни димензии не можат да бидат довольно добро покриени и контролирани.
• Дијамантските дискови за суво сечење, монтажниот материјал (фланшата) и другиот прибор мора точно да одговараат за вретеното на Вашиот електричен алат.
Работните алати што не одговараат за вретеното на електричниот алат, се вртат нерамномерно, со силни вибрации и може да доведат до губење контрола.
- Не користете оштетени работни алати. Пред секоја употреба проверете дали на работните алати има скршени делови и пукнатини. Доколку електричниот алат или работниот алат падне, проверете дали е оштетен или користете неоштетен работен алат. Откако ќе го примените работниот алат, држете се себеси и други лица во близина надвор од рамнината на ротирачкиот работен алат и оставете го електричниот алат да работи една минута со максимален број на вртежи.
Оштетените работни алати најчество се кршат во текот на ова пробно време.
- По монтажата на дијамантски диск за суво сечење, пред да го включите уредот проверете дали дискот е исправно монтиран и дали може да се врти слободно. Уверете се дека дијамантскиот диск за суво сечење не ја закачува заштитната хауба или други делови.
- Не изложувајте ги електричните алати на екстремно високи или ниски температури.
При екстремно високи или ниски температури може да дојде до механички и електрични оштетувања.
• По употребата почекајте да се изладат работните алати, прифатите за алати и другите делови во непосредна близина на работната површина.
По употребата уредите може да бидат многу жешки; затоа, не допирајте ги деловите, опасност од повреди.
- Дополнителни плочки и други делови што не се конкретно од МАКІТА не смеат да се прицврстуваат на куќиштето на моторот, рачката, преносниот механизмам и штитникот.
Тоа може да доведе до оштетувања на електричниот алат и пречки во функционирањето.
• Избегнувајте непотребно создавање бучава.
- Запазете ги безбедносните и работните упатства за користениот прибор.
Повратен удар и соодветни безбедносни напомени
Повратен удар е ненадејна реакција што се јавува како последица на заглавен или блокиран ротирачки работен алат, како на пр. дијамантскиот диск за суво сечење. Заглавувањето или блокирањето доведува до моментално запирање на ротирачкиот работен алат. Оттаму, на местото на блокадата доаға до забрзување на неконтролираниот електричен алат во насока спротивна од насоката на вртењето на работниот алат.
На пример, кога дијамантскиот диск за суво сечење ће се заглави или блокира во работното парче, можно е да дојде до заглавување на работ на дијамантскиот диск за суво сечење што навлегува во работното парче, што од своја страна предизвигува кршење на дијамантскиот диск за суво сечење или повратен удар. Притоа, дијамантскиот диск за суво сечење се движи кон опслужителот или подалеку од него, во зависност од насоката на вртењето на дискот на блокадното место. Дијамантските дискови за суво сечење притоа може да се скршат.
Повратниот удар е последица на погрешна или несоодветна примена на електричниот алат. Повратниот удар може да се спречи со соодветни мерки на претпазливост на следников начин.
- При вклучувањето и во текот на работењето држете го електричниот алат цврсто за двата држача и доведете ги своето тело и раце во положба во која їе може да ги задржите силите на повратниот удар, односно реактивните моменти при движењето нагоре. Машината ставајте ја секогаш цврсто на двата ролера.
Опслужителот може да ги совлада силите на повратниот удар и реактивните сили со помош на соодветни мерки на претпазливост.
- Избегнувајте блокирање на дијамантскиот диск за суво сечење заради премногу силно притискање или пребрзо движење нанапред. Не правете премногу длабоки засеци.
Преоптоварувањето на дијамантскиот диск за суво сечење го зголемува неговото напрегнување и подложност кон заглавување или блокирање, а со тоа и веројатноста да дојде до повратен удар или кршење на брусното тело.
- Вашата рака никогаш не смее да се наоға во близина на ротирачки работни алати.
При повратен удар, работниот алам може да премине преку Вашата рака.
- Не задржувајте го телото во областа во која би можел да се придвижи електричниот алат при повратен удар.
Повратниот удар го отфрла електричниот алат во спротивна насока од движењето на дијамантскиот диск за суво сечење на блокадното место.
- Работете особено претпазливо близу кошиња, остри рабови и сл. Избегнете ја можноста работните алати да се одбијат од работното парче и да се заглават.
Во юшиња, остри рабови или ако се одбие, ротирачкиот работен алат има тенденција да се заглави. Ова доведува до губење контрола или повратен удар.
- Не користете синцир дискови или назабени дискови за сечење, како ни сегментирани дијамантски дискови за суво сечење со прорези пошироки од 10 mm.
Овие работни алати често предизвикуваат повратен удар или губење контрола врз електричниот алат.
- Ако се заглави дијамантски диск за суво сечење или ако ја прекинувате работата, исключете го уредот и држете го во мирување се' до престанокот на вртењето на дискот. Никогаш не обидувајте се да извлечете ротирачки дијамантски диск за суво сечење од засекот, во спротивно, опасност од повратен удар.
Утвердете ја и отстранете ја причината за заглавувањето.
- Не вклучувајте го електричниот алат додека се наоға во работното парче. Првин почекајте дијамантскиот диск за суво сечење да го достигне полниот број на вртежи, пред да го продолжите засекот претпазливо.
Во спротивно, дискот може да се приклешти, да отскокне од работното парче, или да предизвика повратен удар.
MK
- Плочите или големите работни парчиња потпрете ги, за да го намалите ризикот од повретен удар како последица на заглавен дијамантски диск за суво сечење.
Заради сопствената тежина, големите работни парчиња може да се превиткаат. Работното парче мора да биде потпрено на двата краја, како во близина на раздвојниот засек, така и на работ.
- Бидете посебно претпазливи при „цебните засеци“ во постоечките сидови, како и при други невидливи подрачја.
Дијамантскиот диск за суво сечење може да предизвика повратен удар, ако при сечењето навлезе во цевки за гас и вода, или во други објекти.
2.6.6 Сервисирање / Одржување / Поправање
- Ако електричниот алат паднал или бил изложен на влага, однесете го на проверка. Оштетен електричен алат е опасен и веке не е безбеден за употреба. Пред понатамошна употреба, електричниот алат треба да го провери нашата служба за грижа за корисници или специјализиран и од МАКІТА авторизиран сервисен центар.
- Поправките и одржувањето смее да ги извршува само специјализиран и од МАКИТА авторизиран сервисен центар.
Во спротивно престанува секаква одговорност и garанција од страна на МАКИТА.
- Погрижете се во случај на потреба да се користат само резервни делови МАКІТА и оригинален прибор МАКІТА.
Оригиналните делови се достатни кај авторизираниот специјализиран продавач. При користењето неоригинални делови не може да се исклучи опасноста од оштетувања на машината и зголемена опасност од нескреки.
- Редовното сервисирање од страна на МАКІТА или од страна на сервисен центар што го авторизирала МАКІТА е задолжително.
Лошото одржување на електричните алати е причина за многу несреći.
2.6.7 Објаснување на пиктограмите на дијамантската фреза

Ознаката „CE“, што се наоға на еден производ, значи дека производот ги задоволува сите важечки европски прописи и дека истиот бил подвргнат на пропишаната постапка за утврдување на сообразноста со прописите.

Уред од безбедносна класа II
Поради соодветната изолација, машината нема метални површини што би можеле да бидат допрени и што во случај на грешка би можеле да се доведат под напон. Заштитен проводник не постои.

Расходување на старите уреди и грижа за околината
Старите уреди содржат скапоцени материјали што би можеле да се рециклираат. Батерии, средства за подмачкување и слични материи не смеат да дојдат во животната средина. Затоа Ве молиме да ги расходувате старите уреди преку соодветен систем за собирање на истите.

Користете средства за заштита на слухот!
Типичното А пондерирано ниво на моїност на звукот на овој електричен алат при работење е над 85 dB (A) – користете средства за заштита на слухот!

Прочитајте го упатството за употреба! Пред да почнете со каква било работа со машината или на неа, внимателно прочитајте го и запазете го ова упатство за употреба и безбедносните упатства во него.
3 Технички характеристики
3.1 Технички податоци
| Тип на дијамантска фреза SG150 SG180 | ||
| Производител MAKITA INTERNATIONAL EUROPE LTD. | ||
| Работен напон (V / Hz) ~230 / 50 / 60 | ||
| Потрошувачка (мокност) (Watt) 1800 1800 | ||
| Безбедносна класа | ☐ / II / II | ☐ |
| Број на вртежи (min -1 ) 7800 4100 | ||
| Пречник на дискот (mm) 150 185 | ||
| Максимална дебелина на дискот (mm) | 3,5 | 3,5 |
| Ширина на фрезирање (mm) | 7 – 35 | 9 – 43 |
| Длабочина на фрезирање (mm) | 7 – 45 | 15 – 60 |
| Тежина (kg) | ||
| Машина 1) | 5,6 | 6,6 |
| Диск за сечење | 0,220 | 0,380 |
| Електронска контрола на бројот на вртежи | да | да |
| Мерење на звукот 2) K = 3 dB | ||
| L PA (притисок на звукот) dB (A) | 95 | 99 |
| L WA (мокност на звукот) dB (A) | 106 | 110 |
| Мерење вибрации: 3) K = 1,5 m / ♂ | ||
| Рачка за држење напред (11) ⚪ m / ♂ | 2,79 | 2,11 |
| Рачка за држење назад (2) ⚪ m / ♂ | 3,73 | 3,24 |
1) Тежина без работен алат и кабел за струја.
2) Измерените вредности за бучавата се одредени според EN 60745. Користете средства за заштита на слухот!
3) Вкупните вредности на вибрации (векторска сума во три насоки) се утврдени според EN 60745.
Вредностите на создадените вибрации што се наведени во ова упатство за употреба се измерени согласно нормирана мерна постапка според EN 60745 и истите може да се користат за меѓусебна споредба на електрични алати. Тие се погодни и за прелиминарна процена на изложеноста на вибрации.
Наведените вредности на создадените вибрации се однесуваат на главните начини на примена на електричниот алат. Ако електричниот алат се користи за други цели, со различни работни алати или ако не е довольно одржуван, тоа може значајно да ја зголеми изложеноста на вибрации во текот на вкупниот работен период. За точна процена на вредностите на создадените вибрации треба да се земе предвид и времето во кое уредот е исключен или пак работи, иако не е во практична употреба. На овој начин, изложеноста на вибрации во текот на вкупниот работен период значајно се намалува.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Вибрациите го загрозуваат здравјето.
→ За да се заштити опслужителот треба да се спроведат дополнителни заштитни мерки, на пример, носење антивибрациски заштитни ракавици, исправно одржување на електричниот и на работниот алат, затоплување на рацете и добра организација на процесот на работење.
3.2 EG - Изјава за сообразност
CE
Makita изјавува дека следнава машина:
ги задоволува сите важечки одредби од следниве европейски директиви:
2006 / 42/ EG
2014 / 30 / EU
2011 / 65 / EU
Техничката документација според 2006 / 42 / EG може да се добие кај: Makita,
Jan-Baptist Vinkstraat 2, 3070, Belgium
02.02.2015

Yasushi Fukaya
Извршен директор
Makita, Jan-Baptist Vinkstraat 2, 3070, Belgium
Машините се опремени со специјално развиена електроника. Таа го следи бројот на вртежите и со помош на светлечки индикатори зелено / црвено (позиција 13 и 14, види илустрација 1) помага да се постигне најповолен работен напредок, а со тоа и работни услови што го штедат алатот.
Оптички индикатор
зелено: број на вртежи за оптимална моćност на фрезирање
црвено; пренизок број на вртежи – исклучување
Доколку не се запази овој сигнал за
предупредување, т. е. ако не се намали
притисокот нанапред, електрониката го исклучува уредот заради преоптоварување. Дијамантскиот диск за суво сечење извлечете го од прорезот откако їе престане да се врти. Машината веднаш може да се стартува.
3.4 Машински и командни делови
(Погледнете на илустрацијата 1)
1 Прекинувач ВКЛ. / ИСКЛ.
2 Рачка за држење
3 Заден ролер
4 Наглавок за приклучникот на цревото за правосмукалка
5 Стрелка за насоката на вртење
6 Притисен диск
7 Шестоаголна завртка (лев навој)
8 Дијамантски диск за суво сечење
9 Заштитна хауба
10 Преден ролер
11 Предна рачка за држење
12 Зелена светлечка диода
13 Црвена светлечка диода
① Работна насока
3.5 Наменска употреба
Во ова упатство за употреба се наведени само дијамантски фрези коишто се дозволени за суво сечење сидарија (обични тули, блокови од калциум силикат, ашлар сидарија) и бетон. Тие не смеат да се користат за мокро сечење, како и за сечење метал, стакло, дрво и сл.
- Запазете ги прописите коишто важат во Вашата земја за материјали што се обработуваат.
- Дијамантските фрези се дозволени само за употреба заедно со правосмукалка соодветна за камен прав (на пример, специјална правосмукалка MAKITA).

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од повреди при пукање на дијамантскиот диск за суво сечење (отфрлени делови).
→ Дијамантските дискови за суво сечење се конструирани за прав засек.
При сечење криви, дијамантските дискови за суво сечење се деформираат, при што се создаваат пукнатини во јадрото и кршење на сегментите.
- Не изложувајте ги дијамантските дискови за суво сечење на страничен притисок.
• Дијамантските дискови за суво сечење не смеат да се користат за грубо брусење.
4 Пред почетокот на работата
За безбедна работа со дијамантската фреза, пред секоја употреба задолжително запазете ги следниве точки:
- Прочитајте ги сите безбедносни напомени во ова упатство за употреба.
- Носете заштитна облека: заштитен шлем, заштита за лицето или заштитни очила, заштитни ракавици и ако е потребно, престилка.
- Напонот што е наведен на типската плочка мора да биде идентичен со напонот во мрежата.
- Пред секоја употреба на машината, проверете ги кабелот за струја и штекерот.
- Приключете соодветна правосмукалка (на пример, специјална правосмукалка МАКІТА).

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од повреди при пукање на дијамантскиот диск за суво сечење.
→ Користете само дијамантски дискови за суво сечење чиишто дозволен број на вртежи е најмалку толку висок, како што е највисокиот број на вртежи на дијамантската фреза при празен од; запазете ги упатствата на производителот во врска со монтажата и примената на дијамантските дискови за суво сечење.
- Користете само дијамантски дискови за суво сечење што ги препорачува МАКИТА за конкретната област на примена.
- Користете само дијамантски дискови за суво сечење што се дозволени за функцијата двоен засек.
- Запазете ги упатствата за ракување со дијамантски дискови за суво сечење (погледнете на страна 214).
- Задолжително запазете ги димензиите на дијамантските дискови за суво сечење. Пречникот на отворот мора да одговара без зазор за погонското вратило (∅ 22,2 mm).
- Не користете одбојници или адаптери при монтажа на дијамантски дискови за суво сечење.
- Пред да почнете со работа проверете ја беспрекорната стабилност и прицврстеност на дијамантските дискови за суво сечење.
5 Користење и ракување
5.1 Монтажа, одн. замена на дијамантски дискови за суво сечење
Доколку дијамантската фреза се користи со два или повеće дијамантски диска за суво сечење, на истите одвреме-навреме треба да им се заменат местата за да се обезбеди рамномерно трошење. Нерамномерно истрошени дијамантски дискови за суво сечење не треба да се комбинираат. Дијамантската фреза може да се користи и со само еден дијамантски диск за суво сечење.
Монтажа и замена на дијамантски дискови за суво сечење кај:
• 2 Првиот дијамантски диск за суво сечење (1) наместете го на погонското вратило (3).
• 3 Внимавајте на стрелките за насоката на вртење на кукиштето (6) и на дијамантскиот диск за суво сечење (9).
• 2 Во зависност од саканата ширина на прорезот наместете дистантни прстени (5) на погонското вратило (3).
• 2 Вториот дијамантски диск за суво сечење (1) наместете го на погонското вратило (3).
• 3 Внимавајте на стрелките за насоката на вртење на кукиштето (6) и на дијамантскиот диск за суво сечење (9).
Овој чекор во монтажата отпаја кога се користи само еден дијамантски диск за суво сечење.
• 2 Сите останати дистантни прстени (5) наместете ги на погонското вратило (3). Погонското вратило (3) мора да надминува за да може да се центрира притисниот диск (2).

НАПОМЕНА
Отворот на притисниот диск не е направлен центрирано.
• 2/3 Навлечете го притисниот диск (2). Навојот на погонското вратило (3) доведете го до поклопување со отворот на притисниот диск (2).

НАПОМЕНА
Шестоаголната завртка има лев навој.
• 2/3 Со помош на шестоаголната завртка (4) прицврстете го притисниот диск (2) на погонското вратило (3) (лев навој).
MK
• 3 Затегнете (10 Nm) со вилушкаст клуч SW13 (8) и притоа придржувајте го притисниот диск (2) со кукастиот клуч (7).
- Проверете ја наlegнатоста на дијамантските дискови за суво сечење. Дијамантските дискови за суво сечење мора да бидат монтирани според претходниот опис и мора да можат да се вртат слободно.

НАПОМЕНА
Доколку дијамантските дискови за суво сечење не налегнале цврсто, под притисниот диск мора да се монтира уште еден дистантен прстен од 2 mm.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од повреди при распукнување на дијамантски диск за суво сечење (отфрлени делови) се заканува кога се користат дијамантски дискови за суво сечење што се оштетени, не се вртат кружно или вибрираат.
→ При пробното работење на машината, дијамантските дискови за суво сечење држете ги подалеку од телото и не ги допирајте ниту факајте.
Веднаш заменете ги дијамантските дискови за суво сечење што се оштетени, не се вртат кружно или вибрираат.
- Направете пробно работење од најмалку 30 секунди без оптоварување.
5.2 Штелување на длабочината на засекот
• 4/5 Отпуштете ја шестоаголната навртка (1) на заштитната хауба (2) со помош на вилушкаст клуч SW13.
• 4/5 Завртувајки ја заштитната хауба (2) ја штелувате длабочината на фрезирањето (3).
• 4/5 Затегнете ја шестоаголната навртка (1).
5.3 Приклучување правосмукалка
- Проверете го беспрекорното функционирање на правосмукалката.
• 6 Цревото на правосмукалката (3) навлечете го цврсто на наглавокот (2) на заштитната хауба (1).

НАПОМЕНА
Наглавокот (2) одговара за цревото за смукање (3) на специјалната правосмукалка МАКІТА.
6 Во ладна состојба, цревото за смукање (3) може да се навлече на наглавокот (2) на дијамантската фреза со примена на поголема сила.
5.4 Вклучување на дијамантската фреза и фрезирање
• 7 Дијамантската фреза држете ја секогаш цврсто со двете раце за држачите (2) / (6).
• 7 Предниот ролер (1) наместете го на sidот – дијамантските дискови за суво сечење не смеат да го допираат sidот.
- 7 Дијамантската фреза включете ја преку прекинувачот (5) и почекајте да го постигне работниот број на вртежи – почнува да свети зелената светлечка диода (3).
- 7 Дијамантските дискови за суво сечење треба да навлезат во sidот рамномерно – зелената светлечка диода (3) не смее да се изгаси.
• 7 Штом задниот ролер (7) го допре сидот, дијамантската фреза може да се турка во насока на предвидениот прорез.
• 1/7 Работна насока ① на дијамантската фреза.

ПРЕТПАЗЛИВОСТ
Заради прегрејувањето, дијамантските дискови за суво сечење може да станат тапи или да се уништат. Дијамантскиот диск за суво сечење кој бил прегрејан (добил сина боја), по правило веке не може да се доострува.
→ Притисокот нанапред може да биде само толку голем, за да им овозможи на дијамантските дискови за суво сечење да го стругаат материјалот. Дијамантските дискови за суво сечење не треба да се притискаат премногу и треба да се спречи нивното заглавување. Запазете ги упатствата за ракување со дијамантски дискови за суво сечење (погледнете на страна 214).
7 Ако движењето нанапред стане премногу брзо, тогаш почнува да свети црвената светлечка диода (4). Во тој случај, веднаш намалете го притисокот, така што ќе засвети зелената светлечка диода (3).
Доколку не се запази овој сигнал за предупредување, т. е. ако не се намали притисокот нанапред, електрониката го исклучува уредот заради преоптоварување.

ОПАСНОСТ
Опасност од повреди при неконтролиран повратен удар на дијамантската фреза, предизвикан од заглавување на дијамантската фреза во фрезираниот прорез.
→ Секогаш почекајте го целосното запирање на дијамантските дискови за суво сечење и дури тогаш извадете ја дијамантската фреза од фрезираниот прорез.
Постапката на фрезирање потоа може да почне или да продолжи според претходниот опис (погледнете „Погл. 5.4 Вклучување на дијамантската фреза и фрезирање“).

НАПОМЕНА
Дијамантската фреза се исклучува исто и во случај кога дијамантскиот диск за суво сечење нема доволна моćност на сечење. Во овој случај проверете дали за конкретната намена сте одбрале исправен дијамантски диск за суво сечење.
Запазете ги упатствата за ракување со дијамантски дискови за суво сечење (погледнете на страна 214).
5.5 Завршеток на постапката на фрезирање

ОПАСНОСТ
Опасност од повреди при неконтролиран повратен удар на дијамантската фреза, предизвикан од заглавување на дијамантската фреза во фрезираниот прорез.
→ Секогаш почекајте го целосното запирање на дијамантските дискови за суво сечење и дури тогаш извадете ја дијамантската фреза од фрезираниот прорез.
• 7 Дијамантската фреза исключете ја преку прекинувачот (5) и извлечете ја од прорезот дури откако ње запре вртењето на дијамантските дискови за суво сечење.

ПРЕТПАЗЛИВОСТ
Опасност од кршење на дијамантските дискови за суво сечење!
→ Мовчињата не смеат да се кршат со дијамантски дискови за суво сечење.
• 8 Мовчето во сидот искршете го со соодветен алат.

НАПОМЕНА
Тапите дијамантски дискови за суво сечење наострете ги по потреба со соодветен материјал. Запазете ги упатствата за ракување со дијамантски дискови за суво сечење (погледнете на страна 214).
6 Чистенье

ОПАСНОСТ
Опасност од повреди при струен удар.
→ Пред каква било интервенција на дијамантската фреза, извлечете го приклучникот за струја.
Машината мора да се исчисти по секое фрезирање.
- Исчистете ја машината грижливо и издувајте ја со компримиран воздух.
• Држачите мора да бидат чисти и без маснотии.
7 Сервисирање

ОПАСНОСТ
Опасност од повреди при струен удар.
→ Пред каква било интервенција на дијамантската фреза, извлечете го приклучникот за струја.
Сервисирањето на дијамантската фреза е пропишано најмалку еднаш годишно. Понатаму, сервисирањето е неопходно и кога ќе се истрошат графитните четкички.
Одржувањето на машината смее да се довери само на сервисни центри што се авторизирани од страна на МАКІТА. Погрижете се притоа да се користат само оригинални резервни делови МАКІТА и оригинален прибор МАКІТА.
8 Ракување со дијамантски дискови за суво сечење
• Дијамантските дискови за суво сечење користете ги и чувајте ги секогаш според упатствата на производителот.
- Премногу меки дијамантски сегменти:
▶ Дијамантските дискови за суво сечење се абат премногу брзо при многу големо отстранување на материјалот.
Решение: За материјалот што се обработува неопходни се дијамантски дискови за суво сечење со потврда врска.
- Премногу тврди дијамантски сегменти:
Дијамантските зрна отапуваат и не излегуваат од врската. Дијамантските дискови за суво сечење веке немаат мојност на сечење.
Решение: За материјалот што се обработува неопходни се дијамантски дискови за суво сечење со помека врска.
- При намалена моїност на сечење (се препознава по силното искрење), наострете ги дијамантските дискови за суво сечење со повеккратно засекување абразивен материјал, како што е на пример песочниот камен.
- Работете без притискање – тежината на машината е доволна. Посилното притискање доведува до зголемено абење.
- Пресилниот притисок при сечење може да доведе до замореност на материјалот на носечкиот метал, а со тоа и до појава на пукнатини. Пред да го користите, уверете се дека нема пукнатини во дијамантскиот диск за суво сечење.
- Дијамантските дискови за суво сечење се конструирани за прав засек. При сечење криви, листот се деформира и се создаваат пукнатини во јадрото и кршење на сегментите (погледнете „Погл. 3.5 Наменска употреба“) – опасност од повреди!
- Дијамантската фреза треба да се нурне во sidот дури откако їе го достигне работниот број на вртежи – тогаш свети зелената светлечка диода (3).
- Откако ће сечете отприлика 2 минути, оставете ја машината да работи во празен од 10 секунди, за да се изладат дијамантските дискови за суво сечење.
9 Расходување

Уредот и неговата амбалажа предадете ги на рециклирање според важечките прописи во Вашата земја.
Colofon
Versie: V01 /2015-02
Copyright:
Makita