GHG 18B50 Professional - Топлотен пиштол BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GHG 18B50 Professional BOSCH во PDF формат.
| Вид производ | Безжичен топлинен пиштол |
| Бренд | Bosch |
| Модел | GHG 18B50 Professional |
| Номинален напон | 18 V |
| Максимален проток на воздух | 175 l/min |
| Температура на крајот на млазницата | 300 °C / 500 °C (според поставката) |
| Прецизност на мерење на температурата | ±10 % |
| Тежина (според EPTA 01:2014) | 0,93 – 2,0 kg (според батеријата) |
| Димензии (Д × Ш × В) | 183 × 77 × 209 mm |
| Дозволиви амбиентални температури (употреба) | –20 °C до +50 °C |
| Компатибилни батерии | Сите Bosch Professional 18 V батерии (GBA 18V..., ProCORE18V...) |
| Препорачани батерии | GBA 18V... ≥ 4,0 Ah / ProCORE18V... ≥ 4,0 Ah |
| Автономија (на 300 °C, батерија 8 Ah) | Околу 21 мин |
| Поставка на температура | 2 позиции: 300 °C и 500 °C |
| Вклучување | Прекинувач за отклучување + прекинувач за вклучување/исклучување |
| LED осветлување | Вградена работна лампа (LED) |
| Заштита од повторно стартување | Да |
| Заштита од прегревање на батеријата | Да (намалување на моќноста, потоа автоматско исклучување) |
| Вклучени додатоци | Стандардна млазница, подвижна термичка заштита |
| Опционални додатоци | Рефлектирачка млазница, рамна млазница, свиткана млазница, термоскувачки цевки |
| Одржување | Исчистете ги вентилационите отвори со мека четка; извадете ја батеријата пред чистење |
| Гаранција | Консултирајте се со Bosch сервис (поправка во рок од 5 дена преку SAV DIRECT) |
Frequently Asked Questions - GHG 18B50 Professional BOSCH
Прашања на корисниците за GHG 18B50 Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Топлотен пиштол во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GHG 18B50 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GHG 18B50 Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GHG 18B50 Professional BOSCH
mk Оригинално упатстро за работа
sr Originalno uputstvo za rad
sl Izvima navodila
hr Originalne upute za rad
Македонски...... Страница 115
Srpski ...... Strana 120
Slovenščina ....Stran 125
Hrvatski ......Stranica 130
Безбедносни напомени

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.
▶ Оваа дувалка за топол воздух не е предвидена за употреба од
деца и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или со недоволно искуство и знаење. Оваа дувалка за топол воздух може да ја користат деца над 8 години како и лица со ограничени физички, сензорни и ментални способности или со недоволно искуство и знаење, доколку се под надзор од лица одговорни за нивната безбедност или се подучени за безбедно ракување со дувалката за топол воздух и ги разбираат опасностите кои може да произлезат од тоа. Инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди.
▶ За време на користењето, чистењето и одржувањето надгледувајте ги децата. Така їе се осигурате дека децата нема да си играат со дувалката за топол воздух.
▶ Внимателно ракувајте со
дувалката за топол воздух.
Дувалката за топол воздух создава
јака топлина, која може да доведе
до зголемена опасност од пожар
или експлозија.
▶ Бидете особено внимателно, доколку работите во близина на запаливи материјали. Врелата воздушна струја одн. врелата млазница може да ја запалат правта или гасовите.
▶ Не работете со дувалката за топол воздух во потенцијално експлозивна средина.
He ја насочувајте врелата воздушна струја подолго време на едно исто место. Може да се создадат лесно запаливи гасови на пр. при обработка на вештачки материјали, бои, лакови или слични материјали.
▶ Внимавајте на тоа дека топлината може да се спроведе до покриени запаливи материјали и да ги запали.
По употребата, безбедно оставете ја дувалката за топол воздух и оставете ја целосно да се излади на полиците пред да ја спакувате. Жешката млазница може да предизвика штети.
Доколку е включена дувалката за топол воздух, не ја оставајте без надзор.
Дувалката за топол воздух што не ја користите чувајте го подалеку од дофат на деца. Дувалката за топол воздух не смее да ја користат лица кои не се запознаени со неа или не ги имаат прочитано овие упатства. Дувалките за топол воздух се опасни, доколку ги користат неискусни лица.
Дувалката за топол воздух држете ја подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во дувалката за топол воздух го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Секогаш носете заштитни очила. Заштитните очила го намалуваат ризикот од повреди.
Извадете ја акумулаторската батерија пред да почнете да го подесувате уредот, да менувате делови од опремата или доколку долго време не ја користите дувалката за топол воздух. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на дувалката за топол воздух.

Добро проветрете го Вашето работно место. Гасовите и пареата коишто настануваат при работењето често пати се опасни по здравјето.
▶ Носете заштитни ракавици и не ја допирајте врелата млазница. Постои опасност од изгореници.
He ja насочувајте врелата воздушна струја на лица или животни.
He ја користете дувалката за топол воздух како фен за сушење коса. Воздушната струја што излегува од неа е значително поврела одошто кај феновите за сушење коса.
▶ Внимавајте на тоа да не навлезат страни предмети во дувалката за топол воздух.
▶ Растојанието на млазниците до делот што се обработува зависи од материјалот што се обработува (метал, пластика итн.) и наменетиот вид на обработка. Секогаш прво направете тест на количината на воздух и температурата.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош.
Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
Heупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.
▶ Батериите полнете ги со полначи што се препорачани ислучиво од производителот.
Доколку полночат за кој се наменети одреден вид на батерии, се користи со други батерии, постои опасност од пожар.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.
Опис на производот и перформансите
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Наменета употреба
Дувалката за топол воздух е наменета за преобликување и заварување на пластика, отстранување на слоеви боја и за загревање на термособирачки црева. Таа исто така е погодна за олабавување на залепени споеви и за одмрзнување на водоводи.
Дувалката за топол воздух е наменета за рачна, надгледувана употреба.
▶ Не користете дувалка за топол воздух во потенцијално експлозивна средина, во близина на запаливи материјали или запалива прашина.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на дувалката за топол воздух на графичката страница.
(1) Млазница
(2) Топлотна заштита, може да се извади
(3) Поставување на степенот на јачина
(4) Прекинувач за отклучување
(5) Прекинувач за вклучување/исклучување
(6) LED-работно светло
(7) Копче за отклучување на батерија ^a)
(8) Батерија ^a)
(9) Рефлекторска млазница ^a)
(10) Термособирачко црево ^a)
(11) Плосната млазница ^a)
(12) Аголна млазница ^a)
a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Дувалка за топол воздух GHG 18V-50 | |
| Број на дел | 3 601 BA6 5.. |
| Номинален напон V= 18 | |
| Макс. количина на воздух l/min 175 | |
| Температура на излезот на млазницата ^A) | °C 300/500 |
| Точност на мерењето на температурата | ±10 % |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 | kg 0,93–2,0 ^B) |
| Димензии (должина × ширина × висина) | mm 183 × 77 × 209 |
| Препорачана околна температура при полнење | °C 0 ... +35 |
| Дозволена околна температура при полнење ^C) и при складирање | °C –20 ... +50 |
| Компатибилни акумулаторски батерии | GBA 18V...ProCORE18V... |
| Препорачани акумулаторски батерии | GBA 18V...≥ 4,0 AhProCORE18V...≥ 4,0 Ah |
| Препорачани полначи GAL 18... | GAX 18...GAL 36... |
A) при околна температура од 20 °C
В) во зависност од употребената батерија
C) ограничена јачина при температури < 0 °C
Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависит од примената и условите на животната средина. Повеće информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.
Информации за бучава/вибрации
Нивото на звучниот притисок на дувалката за топол воздух, оценето со А, типично е помало од 70 dB(A).
Вкупни вредности на вибрации a_h (векторски эбир на три насоки) и несигурност K:
$$ a _ {n} < 2, 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}, K = 1, 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}. $$
Батерија
Bosch продава батериски дувалки за топол воздух и без батерија. Од пакувањето можете да видите дали батеријата е включена во опсегот на испорака на вашата дувалка за топол воздух.
Полнење на батеријата
▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие полначи се погодни за литиум-јонската батерија за вашата дувалка за топол воздух.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
Ставање на батеријата
▶ Не употребувајте сила при ставање на батеријата.
Батеријата е дизајнирана на тој начин што може да се вметне само во правилна позиција во дувалката за топол воздух.
Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи.
Litiум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку акумулаторската батерија е испразнета, дувалката за топол воздух се ислучува со заштитен прекинувач.
Вадење на батеријата
За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на батеријата
Напомена: Не секој тип на батерија има приказ за нивото на наполнетост.
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат Costaјбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, Costaјбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку дувалката е во мирување.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , еда се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.
118 | Македонски
| Трајно светло 5 × зелено 80–100 % |
| Трајно светло 4 × зелено 60–80 % |
| Трајно светло 3 × зелено 40–60 % |
| Трајно светло 2 × зелено 20–40 % |
| Трајно светло 1 × зелено 5–20 % |
| Трепкаво светло 1 × зелено 0–5 % |
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Употреба
Ставање во употреба
Извадете ја акумулаторската батерија пред да менувате делови од опремата или доколку долго време не ја користите дувалката за топол воздух.
Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на дувалката за топол воздух.
При првото стартување се формира чад
Металните површини се фабрички обложени со слој против корозија. Овој заштитен слој испарува кога уредот се користи за прв пат.
Пиштолот со топол воздух може да има промена на бојата на млазницата (1) како резултат на процесот на производство. Притоа не се работи за оштетување и не се нарушува функцијата на дувалката за топол воздух.
Избирање на степен на јачина
Со поставување на степенот на јачина (3) можете да изберете меѓу 2 различни степени на јачина. При префрлање кратко светнува LED-работното светло:
- Степен од 300 °C
Со овој степен на пр. одмрзнување цевки за вода или обработка на термособирачки црева. По включувањето оваа температура се достигнува за помалку од 6 s. Со целосно наполнета батерија од 8 Ah времетраењето изнесува до 21 min.
- Степен од 500 °C
Со овој степен на пр. може да се отстрани боја.
Податоците за времето на загревање се однесуваат на мерења на собна температура.
Вклучување
За вклучување прво притиснете го прекинувают за отклучување (4) и потоа прекинувают за вклучување/исклучување (5). По стартот можете да го отпуштите прекинувают за отклучување (4), тој (4) не мора да биде притиснат за време на работата.
При стартување на дувалката за топол воздух LED- работното светло (6) се вклучува и го осветлува работниот простор.
Исклучување
За исклучување отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5).
Оставете ја дувалката за топол воздух на батеријата (8), за да се олади.
Заштита од рестартирање
Ако батеријата (8) се извади од дувалката за топол воздух при работа и ако повторно се стави при притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (5), заштита од рестартирање ќе се активира. LED-работното светло (6) трепка и дувалката за топол воздух не стартува.
Отпуштете го прекинувачот за включување/ исклучување (5) и потоа нормално включете ја дувалката.
Заштита од прегревање на батеријата
Ако батеријата (8) станува многу жешка за време на работата, јачината се намалува. LED-работното светло (6) бавно трепка додека е притиснат прекинувачот за вклучување/исклучување (5).
Ако и понатаму се употребува дувалката за топол воздух и се уште се зголемува температурата на батеријата, дувалката самостояно се исклучува.
Намалена јачина
Дувалката за топол воздух е компатибилна со сите достапни Bosch Professional акумулаторски батерии од 18 V.
При работење на дувалката за топол воздух со батерии помали од препорачаните 4 Ah, дувалката не ја достигнува целосната мојност на степен од 500 °C (температурата не се достигнува и количината на воздух се намалува). За да се прикаже дека дувалката работи со
намалена јачина, LED-работното светло (6) повекепати бавно трепка при включување.
LED прикази
LED-работното светло (6) се користи и како статусен LED приказ.
Повратна порака преку Опис на настаните LED
| кратко трепнување Промена на температурата | |
| повекекратно трепкање при стартување на дувалката за топол воздух | намалена јачина (употреба на батерија < 4 Ah) |
| Бавно трепкање, додека е притиснат прекинувачот за вклучување/исклучување (5) | Заштита од рестартирање |
| Заштита од прегревање на батеријата | |
| Брзо трепкање, додека е притиснат прекинувачот за вклучување/исклучување (5) | Интерна грешка |
Ако постојано се прикажува интерна грешка на дувалката за топол воздух (дувалката не стартува или се исклучува), обратете се кај сервисната служба.
Совети при работењето
Напомена: Не доближуваје ја млазницата (1) премногу блиску до алатот што треба да се обработи. Блокирањето на воздухот може да доведе до прегревање на дувалката за топол воздух.
Вадење на топлотната заштита
За работење на особено тесни места може да ја извадите топлотната заштита (2) со свртување.
▶ Внимавајте со врелата млазница! При работење со топлотна заштита постои зголемена опасност од пожар.
За вадење одн. ставање на заштитата за топлина (2) исклучете ја дувалката и оставете ја да се излади.
Примери за работа (види слики А-С)
Слики со примери за работењето може да најдете на графичките страници.
Растојанието на млазниците до делот што се обработува зависи од материјалот што се обработува (метал, пластика итн.) и наменетиот вид на обработка.
Оптималната температура за односната примена може да се одреди со практичен обид.
Секогаш прво направете тест на количината на воздух и температурата. Секогаш започнувајте со поголемо растојание и понизок степен на јачина. По потреба прилагодете го растојанието и степенот на јачина.
Доколку не сте сигурни каков материјал обработувате или какво е влијанието на топлиот воздух врз материјалот, тогаш тестирајте го влијанието на покриено место.
Кај сите работни примери можете да работите без опрема. Употребата на предложените делови од
опремата, сепак, ја поедноставува работата и значително го зголемува квалитетот на результатот.
За оваа дувалка за топол воздух можете да ги користите сите млазници, коишто се достапни кај Bosch како опрема.
▶ Внимание при промена на млазниците! Не ја допирајте врелата млазница. Оставете ја дувалката да се олади и носете ракавици при промената.
Можете да се изгорите на жешките млазници.
Поставете ја рефлекторската млазница (9). Изберете го дијаметарот на цевката за смалување (10) за да се совпаја со делот што се обработува. Загрејте ја цевката за собирање рамномерно додека не се прилепи на делот што се обработува.
Отстранете го лакот/олабавете го лепилото (види слика В)
Поставете ја плоснатата млазница (11). Омекнете ја бојата накратко со топол воздух и извадете ја со чиста шпатула. Долгото изложување на топлина ја согорува бојата и го отежнува отстранувањето.
Многу лепила омекнуваат кога се изложени на топлина. Кога лепилото се загрева, можете да ги одделите спојниците или да го отстраните вишокот лепило.
▶ Пред загревањето проверете, дали всушност се работи за водовод. Водоводите честопати не може да се разликуваат од гасоводите по надворешниот изглед. Гасоводите не смеат да се загреваат во никој случај.
Поставете ја аголната млазница (12). По можност загревајте ги замрзнатите делови од одводот кон влезот. Пластичните цевки и споевите помећу деловите од цевката треба да се загреваат со особена претпазливост, за да се избегнат оштетувања.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на дувалката за топол воздух (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при нејзин транспорт и складирање, извадете ја батеријата од неа.
▶ Одржувајте ги чисти дувалката и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ke ви
120 | Srpski
помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку кукиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Дувалката за топол воздух, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не фрлајте ги дувалката и акумулаторските батерии/батериите во домашната канта за отпадоци!
Само за земјите од ЕУ:
Според европейката директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, дувалките за топол воздух што се вон употреба и дефектните или искористените батерии спореддирективата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија
врз животната средина и здравјето на лугето поради можното присуство на опасни материи.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 120).