GHG 2366 Professional - Топлотен пиштол BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GHG 2366 Professional BOSCH во PDF формат.
Questions des utilisateurs sur GHG 2366 Professional BOSCH
0 question sur cet appareil. Repondez a celles que vous connaissez ou posez la votre.
Poser une nouvelle question sur cet appareil
Преземете ги упатствата за вашиот Топлотен пиштол во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GHG 2366 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GHG 2366 Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GHG 2366 Professional BOSCH
Безбедносни напомени Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина. u Оваа дувалка за топол воздух не е предвидена за употреба од деца и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или со недоволно искуство и знаење. Оваа дувалка за топол воздух може да ја користат деца над 8 години како и лица со ограничени физички, сензорни и ментални способности или со недоволно искуство и знаење, доколку се под надзор од лица одговорни за нивната безбедност или се подучени за безбедно ракување со дувалката за топол воздух и ги разбираат опасностите кои може да произлезат од тоа. Инаку Bosch Power Tools 1 609 92A 4UE | (04.02.2019)124 | Македонски постои опасност од погрешна употреба и повреди. u За време на користењето, чистењето и одржувањето надгледувајте ги децата. Така ќе се осигурате дека децата нема да си играат со дувалката за топол
u Внимателно ракувајте со електричниот алат. Електричниот алат создава јака топлина, која може да доведе до зголемена опасност од пожар или експлозија. u Бидете особено внимателно, доколку работите во близина на запаливи материјали. Врелата воздушна струја одн. врелата млазница може да ја запалат правта или гасовите. u Не работете со електричниот алат во простории каде постои опасност од експлозија. u Не ја насочувајте врелата воздушна струја подолго време на едно исто место. Може да се создадат лесно запаливи гасови на пр. при обработка на вештачки материјали, бои, лакови или слични материјали. u Внимавајте на тоа дека топлината може да се спроведе до покриени запаливи материјали и да ги
u По употребата безбедно оставете го електричниот алат и оставете го целосно да се излади на полиците пред да го спакувате. Жешката млазница може да предизвика штети. u Доколку е вклучен електричниот алат , не го оставајте без надзор. u Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните алати кои не ги користите. Електричниот алат не смее да го користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Електричните алати се опасни, доколку ги користат неискусни лица. u Електричниот алат држете го подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во електричниот алат го зголемува ризикот од електричен удар. u Не го користите кабелот за друга намена, за да го носите електричниот алат, за да го закачите или да го влечете приклучокот од ѕидната дозна. Држете го кабелот подалеку од топлина или масло. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен
u Секогаш носете заштитни очила. Заштитните очила го намалуваат ризикот од повреди. u Извлечете го приклучокот од приклучницата, пред да почнете да го подесувате уредот, да менувате делови од опремата или доколку долго време не сте го користеле електричниот алат. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот алат. u Пред секое користење, проверете го електричниот алат, кабелот и приклучокот. Не го користете електричниот алат, доколку забележите оштетувања. Не го отворајте сами електричниот алат и оставете го на поправка кај квалификуван стручен персонал кој ќе користи само оригинални резервни делови. Оштетените електрични алати, кабел и приклучок го зголемуваат ризикот за електричен удар. Добро проветрете го Вашето работно место. Гасовите и пареата коишто настануваат при работењето често пати се опасни по здравјето. u Носете заштитни ракавици и не ја допирајте врелата млазница. Постои опасност од изгореници. u Не ја насочувајте врелата воздушна струја на лица или животни. u Не го користете електричниот алат како фен за сушење коса. Воздушната струја што излегува од него е значително поврела одошто кај феновите за сушење
u Внимавајте на тоа да не навлезат туѓи тела во електричниот алат. u Растојанието на млазниците до делот што се обработува зависи од материјалот што се обработува (метал, пластика итн.) и наменетиот вид на обработка. Секогаш прво направете тест на количината на воздух и температурата. u Доколку користењето на електричниот алат во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен уред со диференцијална струја. Употребата на заштитниот уред со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар. u Електричниот алат не го користете доколку кабелот е оштетен. Не го допирајте оштетениот кабел и не го влечете струјниот приклучок, доколку кабелот се оштети за време на работењето. Оштетениот кабел го зголемува ризикот за електричен удар. Опис на производот и перформансите Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
Наменета употреба Електричниот алат е наменет за преобликување и заварување на пластика, отстранување на слоеви боја и 1 609 92A 4UE | (04.02.2019) Bosch Power ToolsМакедонски | 125 за загревање на термособирачки црева. Тој исто така е погоден и за лемење и калаисување, олабавување на залепени споеви и за одмрзнување на водоводи. Електричниот алат е наменет за рачно контролирана
Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница. (1)
(2) Топлотна заштита, може да се извади (3) Површина за одложување (4) Прекинувач за вклучување/исклучување и степени на јачина (5)
(6) Температура (7) Исклучување со термичка заштита (8) Ознака за вентилатор (9) Количина на воздух (10) Копче за вентилатор (11) Копче за меморирање (12) Копче +/– (13)
(15) Млазница за заштита на стаклото
(18) Жица за заварување
(19) Папуча за заварување
Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Технички податоци Дувалка за топол воздух GHG 20-63 GHG 23-66 Број на дел/артикл 3 601 BA6 2.. 3 601 BA6 3.. Номинална јачина W 2000 2100 (2300
°C 50–630 50–650 Точност на мерењето на температурата – на излезот на млазницата ±10 % ±10 % – на приказот ±5 % ±5 % Оперативна температура на екран
A) максимална можна потрошувачка на енергија B) при 20 °C околна температура, околу C) Надвор од работната температура, екранот може да стане црн. Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. Информации за бучава/вибрации Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето со A, типично е помало од 70dB(A). Вкупните вредности на вибрации a
(векторски збир на три насоки) и несигурност K дадени се во согласност со:
Ставање во употреба u Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот
При првото стартување се формира чад Металните површини се фабрички заштитени од корозија со слој. При првото стартување овој слој испарува.
Притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) нагоре. Исклучување со термичка заштита: При прегревање (на пр. при насобирање на воздух) електричниот алат автоматски го исклучува греењето, а вентилаторот и понатаму работи. Откако ќе се излади електричниот алат Bosch Power Tools 1 609 92A 4UE | (04.02.2019)126 | Македонски на работна температура, греењето автоматски повторно ќе се вклучи. Исклучување Притиснете го прекинувачот за вклучување/ исклучување(4) надолу во позиција0. u По подолго работење, оставете го електричниот алат со висока температура да се излади пред исклучување. За тоа оставете го кратко време да работи со најниската подеслива температура. Регулирање на количината на воздух (GHG20‑63) Со прекинувачот за вклучување/исклучување(4) можете да ја регулирате количината на воздух на различни
150–300 50–630 300–500 50–630 Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. Намалете ја количината на воздухот на пр. доколку околината на делот што се обработува не треба прекумерно да се загрее или доколку треба да се помести лесен дел за обработка со помош на воздушна
Регулирање на температурата (GHG20‑63) Во најнискиот степен на количина на воздухот температурата е поставена на 50°C. Во двата други степени на проток на воздух температурата може да се
Со промена од најнискиот степен на проток на воздух на друг степен повторно се повикува последната поставена температура. За да се зголеми температурата, притиснете на копчето(12) на +, за да ја намалите температурата, притиснете на –. Кратко притискање на копчето(12) ја зголемува одн. намалува температурата за 10°C. Подолго притискање на копчето континуирано ја зголемува одн. намалува температурата за 10°C, додека не се отпушти копчето или додека не се постигне максималната одн. минималната температура. Поставената зададена температура се прикажува 3секунди на екранот. Додека не се постигне зададената температура, се прикажува фактичка температура на излезот од млазниците и мерната единица за температурата(6) трепка. Ако е постигната зададената температура, мерната единица за температурата веќе не
u Ако ја намалите температурата, потребно е кратко време додека да се олади електричниот алат. Најнискиот степен на проток на воздух е погоден за ладење на загреан дел што се обработува или за сушење на боја. Тој исто така е погоден за ладење на електричниот алат пред неговото одложување или замена на приклучните млазници. Регулирање на количината на воздух (GHG23‑66) Во положбата на прекинувачот 1 за вклучување/ исклучување(4) можете да ја поставите количината на воздух во десет чекори меѓу 150 и 300 l/min. Во положбата на прекинувачот 2 можете да ја поставите количината на воздух во десет чекори меѓу 150 и 500 l/min. Алтернативно можете да ги користите зачуваните комбинации на количина на воздух/температура (види „Зачувување на комбинациите на воздух/температура (GHG 23-66)“, Страница127). Поставениот проток на воздух се прикажува со десет сегменти на лентата(9) во долниот дел на екранот.
прекинувачот l/min °C
150–500 50–650 За да го регулирате протокот на воздух, притиснете прво на копчето на вентилаторот(10). Ознаката за вентилатор(8) трепка на екранот. Сега со копчето(12) можете да го поставите протокот на воздух. За да се зголеми температурата, притиснете на копчето(12) на +, за да ја намалите температурата, притиснете на –. Ако сакате повторно да ја подесите температурата со копчето(12), одново притиснете на копчето на вентилаторот(10). Ознаката за вентилатор(8) веќе не трепка на екранот. Ако положбата на прекинувачот 1 ја смените на 2, последно користената комбинација на проток на воздух/ температура ќе се постави на 2. Намалете ја количината на воздухот на пр. доколку околината на делот што се обработува не треба прекумерно да се загрее или доколку треба да се помести лесен дел за обработка со помош на воздушна
Регулирање на температурата (GHG23‑66) Во положбата 1 на прекинувачот за вклучување/ исклучување(4) температурата е фиксирана на 50°C. Во положбата 2 можете да ја поставите температурата меѓу 50 и 650°C. Алтернативно можете да ги користите зачуваните комбинации на количина на воздух/температура (види „Зачувување на комбинациите на воздух/температура (GHG 23-66)“, Страница127). Поставената температура се прикажува екранот(13).
прекинувачот °C l/min
50–650 150–500 1 609 92A 4UE | (04.02.2019) Bosch Power ToolsМакедонски | 127 За да се зголеми температурата, притиснете на копчето(12) на +, за да ја намалите температурата, притиснете на –. Кратко притискање на копчето(12) ја зголемува одн. намалува температурата за 10°C. Подолго притискање на копчето континуирано ја зголемува одн. намалува температурата за 10 °C, додека не се отпушти копчето или додека не се постигне максималната одн. минималната температура. Поставената зададена температура се прикажува 3секунди на екранот. Додека не се постигне зададената температура, се прикажува фактичка температура на излезот од млазниците и мерната единица за температурата(6) трепка. Ако е постигната зададената температура, мерната единица за температурата веќе не
u Ако ја намалите температурата, потребно е кратко време додека да се олади електричниот алат. Положбата на прекинувачот 1 е погодна за ладење на загреан дел што се обработува или за сушење на боја. Тој исто така е погоден за ладење на електричниот алат пред неговото одложување или замена на приклучните
Зачувување на комбинациите на воздух/температура (GHG 23-66) Можете да зачувате четири комбинации на проток на воздух/температура или да се отворат четири фабрички зачувани комбинации. За тоа прекинувачот за вклучување/исклучување(4) мора да е на позицијата 2. Фабричка поставка Меморија °C l/min Примена
50 150 – Ладење на дел што се
– Сушење на боја 1 250 350 Преобликување на пластични
2 350 400 Заварување на пластика 3 450 500 Отстранување на лак 4 550 400 Меко лемење A) не се прикажува на екранот За да се повика комбинација, притискајте на копчето за зачувување(11) додека не се покаже саканиот број на приказот(5). Зачувување на сопствена комбинација: – Со притискање на копчето за зачувување(11) изберете ја саканата меморија. – Поставете ја саканата температура и проток на воздух. Меморијата(5) трепка за да прикаже дека зачуваната комбинација е променета. – Притиснете на копчето за зачувување(11) и држете го притиснато. Меморијата(5) трепка околу 2секунди. Штом постојано свети, новата комбинација е зачувана. Совети при работењето u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
Напомена: Не ја ставајте млазницата(1) премногу блиску до делот што се обработува. Застојот на воздух може да доведе до прегревање на електричниот алат. Вадење на топлотната заштита За работење на особено тесни места може да ја извадите топлотната заштита(2) со свртување. u Внимавајте со врелата млазница! При работење со топлотна заштита постои зголемена опасност од
За вадење одн. ставање на топлотната заштита(2) исклучете го електричниот алат и оставете го да се олади. За побрзо да го изладите електричниот алат, може да го оставите кратко да поработи на најниската температура. Одложување на електричниот алат Одложете го електричниот алат на полиците(3), за да се олади или за да Ви се слободни двете раце за работа. u Особено внимавајте на работата додека е одложен електричниот алат! Може да се изгорите на врелата млазница или од врелото струење на воздухот. Позиционирајте го електричниот алат на рамна и стабилна површина. Бидете сигурни дека не може да се преврти. Осигурете го кабелот надвор од работното поле, така што тој нема да може да го сврти или повлече надолу електричниот алат. Исклучете го електричниот алат и извлечете го струјниот приклучок од приклучницата доколку не го употребувате подолго време. Примери за работа (видисликиA–G) Слики со примери за работењето може да најдете на графичките страници. Растојанието на млазниците до делот што се обработува зависи од материјалот што се обработува (метал, пластика итн.) и наменетиот вид на обработка. Оптималната температура за односната примена може да се одреди со практичен обид. Секогаш прво направете тест на количината на воздух и температурата. Секогаш започнувајте со поголемо растојание и понизок степен на јачина. По потреба прилагодете го растојанието и степенот на јачина. Доколку не сте сигурни каков материјал обработувате или какво е влијанието на топлиот воздух врз материјалот, тогаш тестирајте го влијанието на покриено
Во сите примери за работа, освен „Отстранување на боја од рамка на прозорец“ можете да работите без опрема. Сепак користењето на предложените делови опрема ја поедноставува работата и го зголемува квалитетот на резултатот. u Внимавајте при замената на млазницата! Не ја допирајте врелата млазница. Оставете го Bosch Power Tools 1 609 92A 4UE | (04.02.2019)128 | Македонски електричниот алат да се олади и при замената носете заштитни ракавици. Може да се изгорите од врелата млазница. За побрзо да го изладите електричниот апарат, може да го оставите кратко да поработи на најниската температура. Отстранување на лак/вадење на лепак (видисликаA) Поставете ја плоснатата млазница(14) (опрема). Омекнете го кратко лакот со топол воздух и подигнете го со чиста шпатула. Долгото затоплување ќе го изгори лакот и ќе го отежни отстранувањето. Повеќето средства за лепење омекнуваат од топлината. Кога лепакот е загреан може да ги одвоите споевите или да го отстраните вишокот лепак. Отстранување на лак од рамки на прозорци (видисликаB) u Неопходно е да користите млазница за заштита на стаклото (15) (опрема). Постои опасност од кршење на стаклото. На профилираните површини може да го подигнете лакот со соодветна шпатула и да го исчеткате со мека жичана
Одмрзнување на водоводи (видисликаC) u Пред загревањето проверете, дали всушност се работи за водовод. Водоводите честопати не може да се разликуваат од гасоводите по надворешниот изглед. Гасоводите не смеат да се загреваат во никој
Поставете ја аголната млазница(16) (опрема). Замрзнатите места секогаш загревајте ги по можност во правец од одводот кон доводот. Пластичните цевки и споевите помеѓу деловите од цевката треба да се загреваат со особена претпазливост, за да се избегнат оштетувања. Преобликување на пластични цевки (видисликаD) Поставете рефлекторската млазница(17) (опрема). Наполнете ги пластичните цевки со песок и затворете ги од двете страни, за да спречите прекршување на цевката. Внимателно и рамномерно затоплувајте ја цевката со странични движења од сите страни. Заварување на пластика (видисликаE) Поставете ја редуцирната млазница(20) и папучата за заварување(19) (двете од опремата). Делот што ќе се заварува и жицата за заварување(18) (опрема) мора да бидат од ист материјал (на пр. двете од PVC). Работ на заварување мора да биде чист и немасен. Затоплувајте го местото на заварување, сè додека не стане тестесто. Внимавајте на тоа дека границата на температура помеѓу тестеста и течна состојба на пластиката е многу мала. Ставете ја жицата за заварување(18) и вдлабнете ја во процепот, така што ќе се создаде рамномерно испакнување. Меко лемење (видиF) За точкасто лемење поставете ја редуцирната млазница (20), а за лемење на цевки рефлекторската млазница(17) (двете од опремата). Доколку користите лем без течно средство, додадете маст или паста за лемење на местото на лемење. Во зависност од материјалот, загрејте го местото на лемење околу 50 до 120секунди. Додадете го лемот. Лемот мора да се стопи со делување на температурата на делот што се обработува. Доколку е потребно, откако ќе се излади местото на лемење, отстранете го течното средство. Термособирање (видисликаG) Поставете рефлекторската млазница(17) (опрема). Изберете го дијаметарот на термособирното црево(21) (опрема) соодветно на делот што се обработува. Рамномерно загрејте го собирното црево, додека цврсто не налегне на делот што се обработува. Одржување и сервис Одржување и чистење u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај: * Дувалка за топол
ЛесноУпатство