1910 AA - Ласерско ниво SKIL - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 1910 AA SKIL во PDF формат.
| Тип на производ | Ласерско ниво |
| Марка | Skil |
| Модел | 1910 AA |
| Растојание на употреба (приближно) | 15 m |
| Прецизност на израмнување | ±0,5 mm/m |
| Опсег на автоматско ниво | ±4° |
| Време за израмнување | ≤5 секунди |
| Работна температура | -5°C до +40°C |
| Температура на складирање | -20°C до +70°C |
| Макс. релативна влажност | 90 % |
| Ласерска класа | 2 |
| Тип на ласер | 635 nm |
| Приклучок за статив | 1/4" |
| Батерија | Li-полимер, 3,7 V, 1200 mAh |
| Време на употреба | 16 ч |
| Тежина | 0,26 kg |
| Димензии (Д x Ш x В) | 71 x 61 x 77 mm |
| Напојување | USB полнач 5 V, ≥0,5 A (не е вклучен) |
| Главни функции | Автоматско израмнување, проекција на хоризонтални и вертикални линии |
| Употреба | Внатрешна, непрофесионална |
| Одржување и чистење | Мека и влажна крпа, без растворувачи |
| Безбедност | Не гледајте во зракот, ласерски производ класа 2 |
| Резервни делови и поправливост | Поправка во овластен сервис на SKIL |
| Гаранција | Консултирајте www.skil.com |
| Додатоци кои не се вклучени | Очила за гледање, статив, држач за стегач |
Frequently Asked Questions - 1910 AA SKIL
Прашања на корисниците за 1910 AA SKIL
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Ласерско ниво во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 1910 AA - SKIL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 1910 AA на марката SKIL.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 1910 AA SKIL
J Резбови отвор за статив 1/4"
- Мерниот уред е наменет за одредување и проверка на хоризонтални и вертикални линии
- Мерниот уред е ислучиво наменет за употреба во затворени простории
- Овој алат не е наменет за професионална употреба
- Добро чувајте ги овие упатства и предадете ги заедно со мерниот уред
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
| Работен опсег (приб.)* | 15 м (1910),20 м (1911/1912) |
| Точност при нивелирање | ± 0,5 мм/м |
| Поле на самонивелирање | ± 4^ |
| Време на нивелирање | ≤ 5 секунди |
| Работна температура | -5°C до +40°C |
| Температура за складирање | -20°C до +70°C |
| Релативна влажност на воздухот (макс.) | 90 % |
| Класа на ласер 2 | |
| Тип на ласер 635nm (1910),520nm (1911/1912) | |
| Прифат на стативот1/4” | |
| Батерија Li-полимер, 3,7 V,1200 mAh | |
| Оперативно време | 16 часа (1910),6 часа (1911/1912) |
| Тежина 0,26 kg | |
| Димензии (должина х ширина х висина) | 71 x 61 x 77 mm |
* Важно: под неповолни услови (на пример, при силно светло) работниот опсег на алатот єе се намали
ЕЛЕМЕНТИ НА АЛАТОТ①
A Интерфејс на полначот
В Индикатор за нивото на батеријата
С Копче за включување/
исклучување на ласерот
D Излезен отвор за ласерскиот зрак
Е Приказ на автоматика за нивелирање
F Прекинувач за автоматиката за нивелирање / механизмам за заклучување на осцилирачката единица
G Држач на стегата*
Н Дршка
J Прифат на стативот 1/4"
К Завртка на држач од 1/4"
L Шраф за фиксирање на држачот
М Ласерски очила*
N Статив*
Р Кабел на полначот
- Сите упатства треба да се прочитают и да се внимава на нив, за да може безбедно и без опасност да работите со овој мерен уред ②
- Не ја оштетувајте ознаката за предупредување на мерниот уред
- Ако опремата се користи на начин што не е наведен од производителот, заштитата обезбедена со опремата може да биде оштетена
• Доколку користите други уреди за подесување и ракување освен овде наведените или поинакви постапки, ова може да доведе до опасна изложеност на зрачење - Не го насочувајте ласерскиот зрак на лица или животни и не погледнувајте директно во него или неговата рефлексија (така може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреći или да ги оштетите очите)④
- Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак
- Не вршете никакви промени на ласерскиот уред
-
Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал со оригинални резервни делови (само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред)
-
Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот мерен уред без надзор (може да ги заслепат другите лица поради невнимание)
- Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина (мерниот уред создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата)
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
② Пред употреба прочитајте го прирачникот за употреба
③ Не се ослободувајте од електични алати и батерии во домашниот отпад
④ Ласерско зрачење / Не гледајте во зракот/ Ласерски производ класа 2
УПОТРЕБА
! испорачаната батерија е делумно наполнета (за да се обезбеди целосен капацитет на батеријата, целосно наполнете ја батеријата во полначот на батеријата пред да го употребите вашиот електричен алат за првпат)
! прочитајте и следете ги упатствата испорачани со полначот или напојувањето
-користете само полнач или напојување кое има излезен напон од 5 V и излезна струја од ≥ 0,5 A
-поврзете го кабелот за полнење
Р со полнач или со напојување
(не се стандартно включени) и со
интерфејсот на полначот А
-индикаторот В трепка ЦРВЕНО, што покажува дека батеријата се полни и тековниот капацитет на батеријата овозможува работа од 30 минути или помалку
-индикаторот В трепка ЖОЛТО, што покажува дека батеријата се полни и тековниот капацитет на батеријата овозможува алатот да работи повеće од 30 минути
-индикаторот В трепка ЗЕЛЕНО, што покажува дека батеријата е наполнета повеće од 90 % од целиот капацитет
-индикатор В свети континуирано
ЗЕЛЕНО кога батеријата е
целосно наполнета
- Индикатор за нивото на батеријата В①
-за време на употребата индикаторот за нивото на батеријата В го покажува преостанатиот капацитет на батеријата со различни бои
-ЗЕЛЕНО покажува повеće од 40 % од капацитетот
-ЖОЛТО покажува помалку од 40 % од капацитетот
-ЦРВЕНО покажува дека се преостанати само уште 30 минути пред да се исклучи автоматски
-за да го включите мерниот уред, притиснете на ласерското копче С кога го користите БЕЗ автоматско нивелирање или на лизгачкиот прекинувач F во положбата ⑥а за да го отключите елементот за нивелирање кога го користите СО автоматско нивелирање
! веднаш по вклучувањето,
мерниот уред испраја
ласерски зрак од излезниот
отвор D
! не го насочувајте зракот светлина на лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост
-за да го исключите мерниот уред, притиснете на ласерското копче С кога го користите БЕЗ автоматско нивелирање или на лизгачкиот прекинувач F во положбата ⑥b за да го заклучите елементот за нивелирање кога го користите СО автоматско нивелирање
-не го оставајте включениот
мерен уред без надзор и
исключете го по употребата
(другите лица може да се
заслепат од ласерскиот зрак)
-доколку не го користите мерниот уред, исключете го, за да заштедите енергија
- Работење со автоматика за нивелирање
-поставете го мерниот уред на рамна, цврста потпора или закачете го на статив N или на држачот со стега G
-лизнете го прекинувачот F за да го поставите ⑥ а
-ако функцијата за автоматско нивелирање не е можна, на пр. бидејки површината на која се наога мерниот уред отстапува повеće од 4° од хоризонталната рамнина, ласерските линии трепкаат и индикаторот Е станува црвен
-во ваков случај, поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го самонивелирањето
-веднаш штом мерниот уред повторно се наоға во опсегот за самонивелирање од ± 4 °, ласерските линии постојано светат и индикаторот Е се исклучува
-надвор од полето на самонивелирање од ±4°, работењето со автоматиката за самонивелирање не е возможно, бидејки не може да се гарантира дека ласерските линии ће бидат поставени една кон друга во прав агол
-при вибрации или промена на положбата за време на работата, мерниот уред повторно се нивелира автоматски
-по повторното нивелирање, проверете ја позицијата на хоризонталната одн. вертикалната ласерска линија во однос на референтните точки за да се избегнат грешки
- Работење без автоматика за нивелирање
-лизнете го прекинувачот F за да го поставите ⑥b
-притиснете го ласерското копче С за да го включите ласерскиот зрак
-индикаторот Е постојано свети црвено во овој режим
-при исключена автоматика за нивелирање, мерниот уред може да го држите слободно во рака или да го поставите на навалена подлога
- Работа со дополнителни ознаки на ласерските линии (1911) ⑦
-мерниот уред проектира дополнителни ознаки во еднакви интервали на ласерските линии за подобра помош при закачување слики, итн. на сидови
-ако го поместите мерниот уред подалеку од површината на проекцијата, растојанието и должината на дополнителните ознаки ће се зголемат и ће се намали ако го поместите мерниот уред кон површината на проекцијата ⑦ а
-осигурајте се дека не го проектирате ласерскиот зрак под агол, инаку дополнителните ознаки нема да бидат проектирани во еднакви интервали ⑦b
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
- За обележување, секогаш користете ја само средината на ласерската линија (ширината на ласерската линија се менува со оддалечувањето)
- Ласерски очила ① (не стандартни се включени)
-ласерските очила М① ја филтрираат околната светлина -со ова, светлото на ласеор изгледа посветло за очите
-не ги користете ласерските очила како заштитни очила (ласерските очила служат за подобро препознавање на ласерскиот зрак, но не заштитуваат од ласерското зрачење)
-не ги користете ласерските очила како очила за сонце или пак во сообраćајот (ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои)
- Работа со држачот со стега (не е включен стандартно) ⑧
-со држачот со стега G можете да го прикачите мерниот уред на различни предмети што имаат дебелина до 60 mm, како што се цевки или рабови на маса
-монтирајте го ¼" од завртката К на ¼" од држачот на стативот Ј на врвот или на дното на алатот ⑧а
! не претерувајте со затегањето на мерниот уред, бидејки може да се оштети
-користете рачка Н за да ја отворите стегата и поставете ја на саканата локација со ослободување на рачката Н
-разлабавете го копчето L ⑧b за да ја прилагодите позицијата на алатот и проекцијата на ласерскиот зрак
-по прилагодувањето, затегнете го копчето L
- Работење со статив (не стандардни се включени)
-стативот N① овозможува стабилна мерна подлога што може да се подесува по висина
-поставете го мерниот уред со прифатот за статив J на 1/4"-навој на стативот и зашрафете го цврсто со шрафот за фиксирање на стативот
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
- Овој алат не е наменет за професионална употреба
- Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви зраци
- Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или осцилации во температурата (прецизноста на мерниот уред може да се наруши)
-на пр. не го оставајте долго време во автомобилот
-оставете го мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го ставите во употреба
- Избегнувајте ги ударите и превртувањата на мерниот уред
-доколку се оштети мерниот уред, може да се наруши прецизноста
-по тежок пад или удар, споредете
ги ласерските линии за контрола со познатата хоризонтална или вертикална референтна линија
- Притиснете прекинувачот F (на тој начин се блокира осцилирачката единица, која инаку би се оштетила при интензивни движења)
- Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред
- Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности
- Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа
- Не користете средства за чистење или раствори
- Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор на ласерот и притоа внимавајте на влакненцата
- Доколку алатот и покрај внимателното работење и контрола некогаш откаже, поправката мора да ја изврши некој овластен SKIL сервис за електрични алати -во случај на примедба, испратете го алатот нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис (адресите се наведени на www.skil.com)
- Имајте предвид дека оштетувањето настанато заради преоптоварување или неправилно ракување со алатот ја отфрла гаранцијата (видете на www.skil.com или прашајте го продавачот за условите на гаранцијата на SKIL)
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
- Не се ослободувајте од електични алати, батерии, уреди или амбалажа преку нивно фрлање во домашното губре (само за земјите на ЕУ)
-според Европската Директива 2012/19/ЕС за ослободување од електрична и електронска опрема и нејзина имплементација во согласност со националните закони, електричните алати кои го достигнале крајот на својот животен век мора да бидат собрани посебно и да бидат вратени во соодветен објект за рециклирање
-символот③ ke ве потсетува на ова кога ke дојде време алатот да го фрлите