SKIL 1961 DA - Ласерско ниво

1961 DA - Ласерско ниво SKIL - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 1961 DA SKIL во PDF формат.

📄 120 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice SKIL 1961 DA - page 104
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производ Ласерско ниво со вкрстени линии 360°
Марка Skil
Модел 1961 DA
Растојание на употреба (приближно) 30 m
Точност на нивелирање ±0,5 mm/m
Опсег на автоматско нивелирање ±4°
Време за нивелирање ≤5 секунди
Работна температура -5°C до +40°C
Температура на складирање -20°C до +70°C
Макс. релативна влажност 90 %
Ласерска класа 2
Тип на ласер (бранова должина) 520 nm
Приклучок за статив 1/4"
Батерија Li-полимер, 3,7 V, 2000 mAh
Време на употреба 8 ч
Тежина 0,44 kg
Димензии (Д x Ш x В) 96 x 73 x 107 mm
Режими на работа Вкрстени линии, хоризонтално, вертикално
Автоматско нивелирање Да, преклоплив (нишален прекинувач)
Индикатор за полнење на батеријата Да (бои: зелена, жолта, црвена)
Полнење преку USB кабел (5 V, ≥0,5 A)
Одржување Мека и влажна крпа, без растворувачи
Безбедност Ласер класа 2 – не гледајте во зракот
Поправливост Поправка во овластен сервисен центар на SKIL

Frequently Asked Questions - 1961 DA SKIL

Како да ја наполните батеријата на Skil 1961 DA?
Поврзете го кабелот на полначот H со полначот (5 V, ≥0,5 A) и со интерфејсот A. Светлото B ја покажува состојбата: црвено (полнење <30 мин), жолто (>30 мин), зелено (>90%), постојано зелено (полно).
Како да го вклучите ласерското ниво?
За употреба со автоматско нивелирање, поместете го прекинувачот F во положба ⑥a. За употреба без автоматско нивелирање, притиснете го копчето C. Ласерот веднаш се вклучува.
Што да правам ако ласерот трепка и индикаторот E е црвен?
Тоа значи дека уредот е надвор од опсегот на автоматско нивелирање (±4°). Поставете го уредот на стабилна хоризонтална површина и почекајте да се изврши нивелирањето. Трепкањето престанува и индикаторот се гаси.
Кои се достапните режими на работа?
Достапни се три режими: вкрстени линии (хоризонтална + вертикална), само хоризонтална и само вертикална. Притиснете го неколку пати копчето C за да ги прелистувате.
Како да го користите автоматското нивелирање?
Поставете го уредот на стабилна подлога, а потоа поместете го прекинувачот F во положба ⑥a. Уредот автоматски се нивелира (опсег ±4°). Во случај на удар, автоматски се пренивелира.
Може ли да го користам уредот без автоматско нивелирање?
Да, поместете го прекинувачот F во положба ⑥b (заклучување на нишалото) и притиснете го копчето C. Индикаторот E останува црвен. Потоа можете да го држите уредот во рака или да го поставите на навалена подлога.
Како да го исчистите ласерското ниво?
Користете мека и влажна крпа (без детергенти или растворувачи). Редовно чистете ја областа околу ласерскиот отвор. Никогаш не потопувајте го уредот во вода.
Кои безбедносни мерки на претпазливост треба да ги преземам?
Никогаш не насочувајте го ласерскиот зрак кон луѓе или животни. Не гледајте во зракот (ризик од повреда на окото). Уредот е ласерска класа 2. Чувајте го подалеку од дофат на деца без надзор.
Дали уредот е водоотпорен или отпорен на вода?
Не, не е дизајниран за потопување. Заштитете го од влага и прскање. Чистете го само со малку влажна крпа.
Каде можам да го поправам моето ласерско ниво?
Поправките треба да се доверат на овластен сервисен центар на SKIL. Вратете го уредот недемонтиран со доказ за купување. Консултирајте www.skil.com за адреси.

Прашања на корисниците за 1961 DA SKIL

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Ласерско ниво во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 1961 DA - SKIL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 1961 DA на марката SKIL.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 1961 DA SKIL

Ласер од 360 ° со 1960/1961

накрсни линии

УПАТСТВО

  • Мерниот уред е наменет за одредување и проверка на хоризонтални и вертикални линии
  • Мерниот уред е исключиво наменет за употреба во затворени простории
  • Овој алат не е наменет за професионална употреба
  • Добро чувајте ги овие упатства и предадете ги заедно со мерниот уред

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ

Работен опсег (приб.)*20 м (1960), 30 м (1961)
Точност при нивелирање±0,5 мм/м
Поле на самонивелирање±4°
Време на нивелирање≤5 секунди
Работна температура-5°C до +40°C
Температура за складирање-20°C до +70°C
Релативна влажност на воздухот (макс.)90 %
Класа на ласер 2
Тип на ласер 635nm (1960), 520nm (1961)
Прифат на стативот 1/4"
Батерија Li-полимер, 3,7 V, 1200 mAh (1960), 2000 mAh (1961)
Оперативно време 10 часа (1960), 8 часа (1961)
Тежина 0,44 kg
Димензии (должина х ширина х висина)96 x 73 x 107 mm

* Важно: под неповолни услови (на пример, при силно светло) работниот опсег на алатот їе се намали

ЕЛЕМЕНТИ НА АЛАТОТ①

A Интерфејс на полначот
В Индикатор за нивото на батеријата
С Копче за включување- исклучување / Копче за режим
D Излезен отвор за ласерскиот зрак
Е Приказ на автоматика за нивелирање
F Прекинувач за автоматиката за нивелирање / механизмам за заклучување на осцилирачката единица
G Прифат на стативот 1/4"
Н Кабел на полначот
J Ласерски очила*

К Статив*

- Сите упатства треба да се прочитают и да се внимава на нив, за да може безбедно и без опасност да работите со овој мерен уред ②

- Ако опремата се користи на начин што не е наведен од производителот, заштитата обезбедена со опремата може да биде оштетена

- Не ја оштетувајте ознаката за предупредување на мерниот уред

- Доколку користите други уреди за подесување и ракување освен овде наведените или поинакви постапки, ова може да доведе до опасна изложеност на зрачење

- Не го насочувајте ласерскиот зрак на лица или животни и не погледнувајте директно во него или неговата рефлексија (така може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреći или да ги оштетите очите)④

- Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак

- Не вршете никакви промени на ласерскиот уред

- Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал со оригинални резервни делови (само на тој начин ће бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред)

- Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот мерен уред без надзор (може да ги заслепат другите лица поради невнимание)

- Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина (мерниот уред создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата)

ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ

② Пред употреба прочитајте го прирачникот за употреба
③ Не се ослободувајте од електични алати и батерии во домашниот отпад
④ Ласерско зрачење / Не гледајте во зракот/ Ласерски производ класа 2

УПОТРЕБА

! испорачаната батерија е делумно наполнета (за да се обезбеди целосен капацитет на батеријата, целосно наполнете ја батеријата во полначот на батеријата пред да го употребите вашиот електричен алат за првпат)
! прочитајте и следете ги упатствата испорачани со полначот или напојувањето
-користете само полнач или напојување кое има излезен напон од 5 V и излезна струја од ≥ 0,5 A
-поврзете го кабелот за полнење Н со полнач или со напојување (не се стандартно включени) и со интерфејсот на полначот А
-индикаторот В трепка ЦРВЕНО, што покажува дека батеријата се полни и тековниот капацитет на батеријата овозможува работа од 30 минути или помалку
-индикаторот В трепка ЖОЛТО, што покажува дека батеријата се полни и тековниот капацитет на батеријата овозможува алатот да работи повеће од 30 минути
-индикаторот В трепка ЗЕЛЕНО, што покажува дека батеријата е наполнета повеќе од 90 % од целиот капацитет
-индикатор В свети континуирано ЗЕЛЕНО кога батеријата е целосно наполнета

- Индикатор за нивото на батеријата В①

-за време на употребата индикаторот за нивото на

батеријата В го покажува преостанатиот капацитет на батеријата со различни бои

-ЗЕЛЕНО покажува повеće од 40 % од капацитетот
-ЖОЛТО покажува помалку од 40 % од капацитетот
-ЦРВЕНО покажува дека се преостанати само уште 30 минути пред да се ислучи автоматски

-за да го включите мерниот уред, притиснете на ласерското копче С кога го користите БЕЗ автоматско нивелирање или на лизгачкиот прекинувач F во положбата ⑥а за да го отключите елементот за нивелирање кога го користите СО автоматско нивелирање

! веднаш по вклучувањето, мерниот уред испраја ласерски зрак од излезниот отвор D

! не го насочувајте зракот светлина на лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост

-за да го исключите мерниот уред, притиснете на ласерското копче С кога го користите БЕЗ автоматско нивелирање или на лизгачкиот прекинувач F во положбата ⑥b за да го заклучите елементот за нивелирање кога го користите СО автоматско нивелирање
-не го оставајте включениот мерен уред без надзор и исключете го по употребата (другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак)
-доколку не го користите мерниот уред, исключете го, за да заштедите енергија

• Видови употреба

-сите режими може да се изберат СО автоматика за нивелирање (позиција ⑥а) или БЕЗ автоматика за нивелирање (позиција ⑥b)
-постојано притискајте го копчето С додека да се постави посакуваниот режим

1) Режим на вкрстени линии: мерниот уред емитира една хоризонтална и една вертикална ласерска линија ⑦
2) Хоризонтален режим: мерниот уред емитира една хоризонтална ласерска линија ⑧
3) Вертикален режим: мерниот уред емитира една вертикална ласерска линија ⑨

- Работење со автоматика за нивелирање

-поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста подлога или прицврстете го на стативот К
-лизнете го прекинувачот F за да го поставите ⑥ а
-ако функцијата за автоматско нивелирање не е можна, на пр. бидејки површината на која се наога мерниот уред отстапува повеće од 4° од хоризонталната рамнина, ласерските линии трепкаат и индикаторот Е станува црвен
-во ваков случај, поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го самонивелирањето
-веднаш штом мерниот уред повторно се наога во опсегот за самонивелирање од ± 4 °, ласерските линии постојано светат и индикаторот Е се исклучува
-надвор од полето на самонивелирање од ±4°, работењето со автоматиката за самонивелирање не е возможно, бидејки не може да се гарантира дека ласерските линии ће бидат поставени една кон друга во прав агол
-при вибрации или промена на положбата за време на работата, мерниот уред повторно се нивелира автоматски
-по повторното нивелирање, проверете ја позицијата на хоризонталната одн. вертикалната ласерска линија во однос на референтните точки за да се избегнат грешки

- Работење без автоматика за нивелирање

-лизнете го прекинувачот F за да го поставите ⑥b

-притиснете го ласерското копче С за да го включите ласерскиот зрак
-индикаторот Е постојано свети црвено во овој режим
-при исключена автоматика за нивелирање, мерниот уред може да го држите слободно во рака или да го поставите на навалена подлога

СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА

  • За обележување, секогаш користете ја само средината на ласерската линија (ширината на ласерската линија се менува со оддалечувањето)
  • Ласерски очила ① (не стандартни се включени)

-ласерските очила J① ја филтрираат околната светлина
-со ова, светлото на ласеор изгледа посветло за очите
-не ги користете ласерските очила како заштитни очила (ласерските очила служат за подобро препознавање на ласерскиот зрак, но не заштитуваат од ласерското зрачење)
-не ги користете ласерските очила како очила за сонце или пак во сообраćајот (ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои)

- Работење со статив (не стандардни се включени)

-стативот К ① овозможува стабилна мерна подлога што може да се подесува по висина
-поставете го мерниот уред со прифатот за статив G на 1/4"-навој на стативот и зашрафете го цврсто со шрафот за фиксирање на стативот

ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ

  • Овој алат не е наменет за професионална употреба
  • Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви зраци

  • Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или осцилации во температурата
    (прецизноста на мерниот уред може да се наруши)
    -на пр. не го оставајте долго време во автомобилот
    -оставете го мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го ставите во употреба

- Избегнувајте ги ударите и превртувањата на мерниот уред

-доколку се оштети мерниот уред, може да се наруши прецизноста
-по тежок пад или удар, споредете ги ласерските линии за контрола со познатата хоризонтална или вертикална референтна линија

- Притиснете прекинувачот F (на тој начин се блокира осцилирачката единица, која инаку би се оштетила при интензивни движења)

- Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред

- Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности

- Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа

- Не користете средства за чистење или раствори

- Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор на ласерот и притоа внимавајте на влакненцата

- Доколку алатот и покрај внимателното работење и контрола некогаш откаже, поправката мора да ја изврши некој овластен SKIL сервис за електрични алати -во случај на примедба, испратете го алатот нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис (адресите се наведени на www.skil.com)

- Имајте предвид дека оштетувањето настанато заради преоптоварување или неправилно ракување со алатот ја отфрла гаранцијата (видете на www.skil.com или прашајте го продавачот за условите на гаранцијата на SKIL)

ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

- Не се ослободувајте од електични алати, батерии, уреди или амбалажа преку нивно фрлање во домашното губре (само за земјите на ЕУ)

-според Европската Директива 2012/19/ЕС за ослободување од електрична и електронска опрема и нејзина имплементација во согласност со националните закони, електричните алати кои го достигнале крајот на својот животен век мора да бидат собрани посебно и да бидат вратени во соодветен објект за рециклирање

-символот③ ke ве потсетува на ова кога ke дојде време алатот да го фрлите

AL

Laser Cross-line 1960/1961 360°

HYRJE

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : SKIL

Модел : 1961 DA

Категорија : Ласерско ниво