BOSCH AdvancedGrind 18 - Батерија

AdvancedGrind 18 - Батерија BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот AdvancedGrind 18 BOSCH во PDF формат.

📄 323 страници Македонски MK 💬 AI прашање
Notice BOSCH AdvancedGrind 18 - page 235
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : AdvancedGrind 18

Категорија : Батерија

Преземете ги упатствата за вашиот Батерија во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник AdvancedGrind 18 - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. AdvancedGrind 18 на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК AdvancedGrind 18 BOSCH

Безбедносни напомени Општи предупредувања за безбедност на електрични алати

Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. 1 609 92A 6D6 | (25.06.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 235 u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен

u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прав, безбедносни чевли кои не се лизгаат, шлем или заштита за уши, кои се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични

u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата,алиштата и ракавиците треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови. u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се

u Исклучете го електричниот алат од струја и/или сетот на батерии од електричниот алат, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. u Одржување на електрични алати. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на моќните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. Bosch Power Tools 1 609 92A 6D6 | (25.06.2021)236 | Македонски Употреба и чување на батериски алат u Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии. u Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар. u Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар. u Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници. Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. Безбедносни напомени за аголни брусилки Безбедносни предупредувања за брусење, шмирглање, жичано четкање и абразивно сечење u Овој електричен алат е наменет да функционира како алат за брусење, шмирглање, жичано четкање или сечење. Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Грешките настанати како резултат на непридржување до сите инструкции приложени подолу може да предизвикаат струен удар, пожар и/или тешки повреди. u Операциите како на пр. полирање не се препорачува да се вршат со овој електричен алат. Операциите за кои не е наменет електричниот алат може да предизвикаат опасност и лична повреда. u Не користете дополнителна опрема која не е специјално дизајнирана и не е препорачана од производителот на алатот. Само затоа што дополнителната опрема може да се вгради во вашиот електричен алат, не значи дека може да се обезбеди безбедно работење. u Утврдената брзина на дополнителната опрема мора да биде најмалку еднаква на максималната брзина означена на електричниот алат. Дополнителната опрема која работи побрзо од утврдената брзина може да експлодира и да се распрска насекаде. u Надворешниот дијаметар и дебелина на вашата дополнителна опрема мора да биде во рамките на класата на вашиот електричен алат. Дополнителна опрема со несоодветна величина не може соодветно да се заштити и контролира. u Навојот за монтирање на дополнителната опрема мора да одговара на осовината за монтирање на брусилката. За дополнителна опрема која се монтира со прирабницата, насадениот отвор мора да одговара на дијаметарот на спојната прирабница. Дополнителната опрема која не е соодветна на хардверот на електричниот алат не може да одржува рамнотежа, заради прекумерните вибрации и може да предизвика губење на контрола. u Не користете оштетена дополнителна опрема. Пред употреба проверете ја дополнителната опрема, како на пр., абразивните дискови за иверки и струготини, заштитната подлога за отвори, стружење или претерано абење, жичаната четка за олабавени или пукнати жици. Ако електричниот алат или дополнителната опрема падне, проверете дали е оштетена или инсталирајте неоштетена дополнителна опрема. По проверката и инсталирањето на дополнителната опрема, вие и луѓето во близина поместете се подалеку од површината на ротирачката опрема, и вклучете го електричниот алат на максимална брзина без оптоварување една минута. Оштетената дополнителна опрема вообичаено се расипува во текот на овој тест период. u Носете лична заштитна опрема. Во зависност од примената, користете штитник за лице, безбедносни или заштитни очила. Како што е соодветно, носете маска за заштита од прашина, штитници за уши, ракавици и работничка престилка, којашто ги запира малите абразивни парчиња или парчиња од делот што го обработувате. Заштитата за очи мора да овозможи спречување на остатоци што се распрскуваат при работењето. Маската против прав или респираторот мора да ги филтрира честичките што се генерираат при работењето. Долготрајна изложеност на интензивна бучава може да доведе до губење на

u Луѓето во ваша близина треба да бидат оддалечени од работниот простор. Секој што влегува во работниот простор мора да носи лична заштитна опрема. Парчиња од делот што го обработувате или расипана дополнителна опрема може да експлодира и распрска и да предизвика повреда надвор од непосредната работна површина. u Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете со дополнителната опрема, за да не дојде во контакт со скриена жица. Ако опремата за сечење дојде во допир со жица под напон, може да ги изложи металните делови на електричниот алат под напон и операторот може да добие струен удар. 1 609 92A 6D6 | (25.06.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 237 u Не го оставајте електричниот алат долу додека дополнителната опрема не запре целосно. Ротирачката опрема може да ја зафати површината и да го повлече електричниот алат надвор од ваша

u Не го вклучувајте електричниот алат додека го држите свртен кон вас. Случаен контакт со ротирачка дополнителна опрема може да ја закачи вашата облека, со повлекување на дополнителната опрема кон вашето тело. u Редовно чистете ги воздушните вентили на електричниот алат. Вентилаторот на моторот повлекува прав во куќиштето, а претераната акумулација на метален прав може да предизвика опасност од електричен удар. u Не работете со електричниот алат во близина на запаливи материјали. Искрите можат да ги запалат овие материјали. u Не користете дополнителна опрема за која се потребни течни разладувачи. Користењето вода или други течни разладувачи може да доведе до смрт или струен удар. Одбивање и поврзани предупредувања Одбивање е ненадејна реакција на приклештен или закачен ротирачки диск, потпорен диск, четка или друга дополнителна опрема. Приклештувањето или закачувањето предизвикува брзо маневрирање на ротационата дополнителна опрема, кое од друга страна, предизвикува присилно насочување на неконтролираниот електричен алат во спротивен правец од ротирањето на опремата во точката на навалување. На пример, ако абразивен диск е закачен или приклештен од делот што го обработувате, острицата на дискот која влегува во приклештената точка може да се зарие во површината на материјалот и дискот да се помести или ослободи. Дискот може да скокне или одбие од операторот, во зависност од насоката на движење на дискот во точката на приклештување. Абразивните дискови, исто така, може да се искршат под овие услови. Одбивањето е резултат на погрешна употреба и/или несоодветни оперативни постапки или услови и може да се избегне со преземање на соодветните превентивни мерки приложени подолу. u Цврсто држење на електричниот алат и позиционирање на вашето тело и рака за да се овозможи отпор на силите на одбивање. Секогаш користете помошна рачка, доколку има, за максимална контрола на одбивањето или силата на вртење при вклучување. Операторот може да ги контролира реакциите на силата на вртење или силите на одбивање, доколку се преземаат соодветни превентивни мерки. u Не ја ставајте раката во близина на ротирачката дополнителна опрема. Дополнителната опрема може да се одбие преку вашата рака. u Не го позиционирајте вашето тело во областа каде електричниот алат се движи, доколку настане одбивање. Одбивањето ќе го придвижи алатот во спротивен правец од движењето на дискот во точката на закачување. u Обрнете посебно внимание при изработка на агли, остри ивици и др. Избегнувајте отскокнување и закачување на дополнителната опрема. Аглите, острите ивици или отскокнувањето може да доведат до закачување на дополнителната опрема и да предизвикаат губење на контрола или одбивање. u Не поврзувајте пила со ланец, сечило за резбање на дрво или пила со запци. Овие сечила предизвикуваат брзи одбивања и губење на контрола. Безбедносни предупредувања специфични за брусење и абразивно сечење u Користете само видови на дискови, коишто се препорачуваат за вашиот електричен алат, и специфична заштита дизајнирана за избраниот диск. Дискови коишто не се дизајнирани за дадениот електричен алат не може соодветно да се заштитат и не се безбедни. u Површината за брусење на централните потиснати дискови мора да се инсталира под рамнината на заштитниот поклопец. Неправилно монтиран диск којшто се протега преку рамнината на заштитната рамка не може соодветно да се заштити. u Заштитата мора да биде безбедно прицврстена на електричниот алат, и соодветно поставена за да обезбеди максимална безбедност, така што минимален дел од дискот да биде изложен кон операторот. Заштитата го заштитува операторот од скршените парчиња на дискот, случаен контакт со дискот и искри коишто можат да ја запалат облеката. u Дисковите мора да се користат само за соодветни намени. На пример: не користете диск за сечење за странично брусење. Абразивните дискови за сечење се наменети за периферно брусење, страничните сили што се применуваат на овие дискови може да предизвикаат нивно распарчување. u Секогаш користете неоштетени прирабници за дискови со правилна величина и форма за вашиот избран диск. Соодветните прирабници за дискови го потпираат дискот со што се намалува можноста од кршење на дискот. Прирабниците за дискови за сечење може да се разликуваат од прирабниците за дискови за брусење. u Не употребувајте користени дискови од поголеми електрични алати. Диск наменет за поголеми моќни алати не е соодветен за големи брзини на мали алати и може да се распрснат. Дополнителни безбедносни предупредувања специфични за абразивно сечење u Не го “притискајте” дискот за сечење и не применувајте прекумерен притисок. Не настојувајте да направите прекумерно длабок засек. Преоптоварувањето на дискот го зголемува оптоварувањето и осетливоста на виткање и Bosch Power Tools 1 609 92A 6D6 | (25.06.2021)238 | Македонски навалување на дискот во засекот и можноста за одбивање или кршење на дискот. u Не застанувајте во линија и зад ротирачкиот диск. Кога дискот, во текот на операцијата, се движи подалеку од вашето тело, одбивањето може да го придвижи ротирачкиот диск и моќниот алат директно

u Кога дискот се навалува или кога го прекинува сечењето заради некоја причина, исклучете го алатот и држете го неподвижен додека дискот целосно не запре. Никогаш не настојувајте да го извадите дискот за сечење од засекот додека се движи или може да дојде до одбивање. Проверете и преземете поправно дејство за да ја елиминирате причината за навалување на дискот. u Не започнувајте повторно со сечење во делот што го обработувате. Почекајте додека дискот да достигне целосна брзина и внимателно влезете повторно во засекот. Дискот може да се навали, придвижи или одбие ако го рестартирате моќниот алат во делот што го обработувате. u Потпрете ги плочите или преголемиот дел што го обработувате за да го намалите ризикот од приклештување и одбивање на дискот. Големите делови што ги обработувате се искривуваат под својата тежина. Потпирачите мора да се стават под делот што го обработувате покрај линијата на засекот и покрај ивицата на делот што го обработувате на двете страни на дискот. u Користете дополнителни мерки за претпазливост кога правите “џебен засек” во постоечки ѕидови или други слепи површини. Климав диск може да пресече цевки за гас или вода, електрични жици или предмети кои може да предизвикаат одбивање. Безбедносни предупредувања специфични за

u Не користете преголема шмиргла. Следете ги упатствата на производителите, кога бирате шмиргла. Големите шмиргли кои ја надминуваат подлогата за шмирглање претставуваат опасност и може да предизвикаат закачување, кинење на дискот или одбивање. Безбедносни предупредувања специфични за жичано

u Внимавајте бидејќи четката исфрла жичани влакна дури и за време на вообичаени операции. Не ги преоптоварувајте жиците со преоптоварување на четката Жичаните влакна може лесно да навлезат во облека и/или кожа. u Ако се препорачува користење на заштита за жичано четкање, не дозволувајте попречување меѓу жичаниот диск или четката со заштита. Жичаниот диск или четка може да се прошират во дијаметар заради работното оптоварување и центрифугалните сили. Дополнителни безбедносни напомени Носете заштитни очила. u Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување. u Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за сечење додека не се оладат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки. u Деблокирајте го прекинувачот за вклучување/ исклучување и ставете го во позиција Исклучено, доколку се прекине напојувањето со струја, на пр. по вадење на акумулаторот. Со тоа ќе спречите неконтролирано рестартирање на уредот. u Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака. u При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта. u Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој. u Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее. u Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој. Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. 1 609 92A 6D6 | (25.06.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 239 Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за

Употреба со соодветна намена Електричниот алат е наменет за сечење, брусење, груба обработка и четкање на метални материјали без употреба

За сечење со композитни брусни средства мора да се користи специјална заштитна хауба за сечење. При сечењето во камен погрижете се за доволно вшмукување на правта. Со дозволените алати за брусење електричниот алат може да се користи за брусење со брусна хартија. Илустрирани компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница. (1) Лост за отклучување на заштитниот капак (2) Копче за блокирање на вретеното (3) Стрелка за правец на вртење на куќиштето (4) Прекинувач за вклучување/исклучување (5) Приказ на состојбата на наполнетост (6)

(7) Копче за контрола на бројот на вртежи (8) Копче за отклучување на батерија

(9) Дополнителна рачка (изолирана површина на

(10) Заштитен капак за брусење (11) Приклучна прирабница со O-прстен (12) Брусна плоча (13) Заштитен капак за сечење

(15) Лончеста плоча од тврд метал

(16) Брзозатезна навртка со држач (17) Вретено за брусење (18) Заштита за рацете

(21) Тркалезна навртка

(23) Рачка (изолирана површина на дршката) (24) Капак за всисување за сечење со лизгачки

(25) Дијамантски диск за сечење

Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Технички податоци Аголна брусилка AdvancedGrind 18 Број на дел 3603CD90.. Аголна брусилка AdvancedGrind 18 Номинален напон V= 18 Номинален број на

Подрачје на подесување на бројот на вртежи min

2800–11500 макс. дијаметар на брусната плоча mm 125 Навој на вретеното за

M14 макс. должина на навојот за вретеното за брусење mm 21,7 Константна електроника ● Одредување на број на

– со дополнителна рачка за придушување на

Мерено при 20−25°C со батеријаPBA 18V 6.0Ah. B) во зависност од употребената батерија C) ограничена јачина при температури <0 °C D) Следните полначи не се компатибилни со PBA батерија: AL1814CV, AL1820CV, AL1860CV Информации за бучава/вибрации Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN60745-2-3. Нивото на звук на електричниот алат оценето со A типично изнесува: 86 dB(A); ниво на звучна јачина 97 dB(A). Несигурност K = 3 dB. Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a

(векторски збир на три насоки) и несигурностK дадени се во согласност со EN60745-2-3: Брусење на површини (груба обработка):

Нивото на вибрации наведенo во овие упатства е измеренo со нормирана постапка за мерење и може да се користи за меѓусебна споредба на електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации. Наведеното ниво на вибрации е за главната примена на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење. За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе предвид и периодот во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните алати и алатите за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата.

Полнење на батеријата u Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие полначи се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен алат. Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно. Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот при полнењето не ѝ наштетува на батеријата. Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не се движи веќе. u По автоматското исклучување на електричниот алат, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се

Внимавајте на напомените за отстранување. Вадење на батеријата За да ја извадите батеријата (6) притиснете на копчињата за отворање (8) и извлечете ја батеријата од електричниот алат. Притоа не употребувајте сила. Приказ на состојбата на наполнетост Приказот на наполнетост на батеријата (5) при половично или целосно притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (4) за неколку секунди ја прикажува наполнетоста на батеријата и има 3 зелени LED светилки. LED-светилки Капацитет Трајно светло 3 x зелено ≥ 66% Трајно светло 2 x зелено 33 – 66% Трајно светло 1 x зелено 11 – 33% Бавно трепкање на светлото 1 x зелено ≤ 10% 3-те LED-светилки на приказот за наполнетост брзо трепкаат, доколку температурата на батеријата е надвор од опсегот на работна температура од –30 до +65°C и/или реагира заштитата од преоптоварување. Монтирање на заштитен уред u Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на работата или при оштетување на уредот за прифат на заштитната хауба/електричниот алат, тој мора да се прати во сервисната служба, за адресата погледнете во делот „Сервисна служба и совети при користење“. 1 609 92A 6D6 | (25.06.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 241 Заштитен капак за брусење Ставете го заштитниот капак (10) на прифатот од електричниот алат, додека кодираните запци на заштитниот капак не се поклопат со прифатот. Притоа, притиснете го и држете го лостот за отклучување (1). Притиснете го заштитниот капак (10) на грлото на вретеното додека венецот на заштитниот капак не легне на прирабницата на електричниот алат и вртете го заштитниот капак додека не осетите дека се вклопил. Подесете ја позицијата на заштитната хауба (10) според потребите на работниот процес. Притоа, притиснете го лостот за отклучување (1) нагоре и завртете го заштитниот капак (10) во саканата позиција. u Секогаш поставувајте го заштитниот капак(10) така што двата запци на лостот за отклучување(1) во соодветните отвори на заштитниот капак(10) ќе

u Поставете ја заштитната хауба (10) на тој начин што ќе го спречи летањето на искри во правец на лицето што ја користи. u Заштитниот капак (10) смее да се врти само со притискање на лостот за отклучување (1)! Инаку, електричниот алат не смее да се користи и мора да се предаде на сервисната служба. Напомена: Кодираните запци на заштитниот капак (10) гарантираат, дека на електричниот алат може да се монтира само еден заштитен капак што му одговара. Заштитна хауба за сечење u При сечењето со композитни брусни средства секогаш користете ја заштитната хауба за сечење (13). u При сечењето во камен погрижете се за доволно вшмукување на правта. Заштитната хауба за сечење (13) се монтира како заштитна хауба за брусење (10). Хауба за вшмукување при сечење со лизгачка

Заштитната хауба за сечење со лизгачки водилки (24) се монтира како заштитна хауба за брусење (10). Дополнителна рачка u Користете го вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (9). Навртете ја дополнителната рачка(9) од десно или од лево на погонската глава во зависност од начинот на

Дополнителна рачка за придушување на вибрациите Навртете ја дополнителната рачка (9) од десно или од лево на погонската глава во зависност од начинот на работа. Дополнителната дршка за придушување на вибрациите овозможува работење со мали вибрации и пријатна и безбедна работа. u Во никој случај не ја менувајте дополнителната

Не ја користете оштетената дополнителна дршка. Заштита за дланките u За работење со гумен диск за брусење (19)или со лончеста четка/плочеста четка/ламелеста брусна плоча секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (18). Зацврстете ја заштитата за рацете (18) со дополнителната рачка (9). Монтирање на брусни алати u Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. u Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за сечење додека не се оладат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки. Исчистете го вретеното за брусење (17) и сите делови за

За зацврстување и олабавување на брусните алати притиснете го копчето за блокирање на вретеното (2), за да го зацврстите вретеното за брусење. u Притиснете го копчето за блокирање на вретеното само кога вретеното за брусење е во состојба на мирување. Инаку електричниот алат може да се

Брусни плочи/брусни плочи за сечење Внимавајте на димензиите на алатите за брусење. Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната прирабница. Не користете адаптери или редуктори. При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со правецот на вртење на електричниот алат (погледнете ја стрелката за правец на вртење на куќиштето). Редоследот на монтажата може да се види на графичката

За прицврстување користете ја брусната плоча/дискот за сечење без други алати со брзозатезната навртка (16). u Брзозатезната навртка (16)смее да се користи само за брусни плочи или дискови за сечење. Bosch Power Tools 1 609 92A 6D6 | (25.06.2021)242 | Македонски u Користете само беспрекорни, неоштетени брзозатезни навртки (16). u При затегнување внимавајте на тоа, страната со натпис на брзозатезната навртка (16) да не покажува кон брусната плоча. u За прицврстување на брусната плоча/дискот за сечење користете ја исклучиво испорачаната брзозатезна навртка (16). Притиснете на копчето за блокирање на вретеното (2), за да го зацврстите вретеното за брусење. За да ја зацврстите брзозатезната навртка (16), отворете го нагоре држачот на брзозатезната навртка и свртете ја силно во правец на стрелките на часовникот. Потоа преклопете го надолу држачот за фиксирање на брзозатезната навртка. Не е доволно затегнување на работ на дискот. Прописно прицврстената и неоштетена брзозатезна навртка (16) можете да ја олабавите со рака. За тоа отворете го нагоре држачот на брзозатезната навртка и свртете ја силно во правец спротивно на стрелките на часовникот. Цврсто затегнатата брзозатезна навртка никогаш не ја одвртувајте со алат, туку употребете клуч со два отвори. По монтажата на приклучната прирабница и на брусната плоча/ дискот за сечење слободната должина на навојот на брусното вретено треба да изнесува најмалку 4mm. Внимавајте на цврсто вклопување на алатот за брусење, така што нема да се одврти од вретеното на крајот од електричниот алат. Во приклучната прирабница (11) околу венецот за центрирање е ставен пластичен дел (O-прстен). Доколку недостига O- прстенот или е оштетен, приклучната прирабница (11) мора да се замени пред понатамошна употреба. u По монтажата на алатот за брусење, пред вклучувањето, проверете дали тој е точно монтиран и дали може слободно да се врти. Проверете дали алатот за брусење не струга на заштитната хауба или другите делови. Ламелеста брусна плоча во вид на лепеза u При работењето со ламелеста брусна плоча секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (18). Гумен диск за брусење u При работењето со гумен диск за брусење (19) секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (18). Редоследот на монтажата може да се види на графичката

Ставете го гумениот брусен диск (19) на брусното вретено (17). Цврсто притиснете го брусниот лист (20) на долната страна на гумениот брусен диск (19). Навртете ја тркалезната навртка (21) и затегнете ја со клуч со два отвори. Лончеста четка/плочеста четка u При работењето со лончеста или плочеста четка секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (18). Редоследот на монтажата може да се види на графичката

Лончестата/плочестата четка мора да се наврти на вретеното за брусење додека цврсто не налегне на прирабницата на вретеното за брусење на крајот на навојот на вретеното за брусење. Затегнете ја лончестата/плочеста четка со вилушкаст клуч. Лончеста плоча од цврст метал u Употребата на лончеста плоча е дозволена само со соодветен заштитен капак. Дозволени алати за брусење Може да ги користите сите алати за брусење наведени во ова упатство за употреба. Дозволениот број на вртежи [min

] одн. периферната брзина [m/s] на употребениот алат за брусење мора да одговара на податоците во следната табела. Затоа внимавајте на дозволениот број на вртежи одн. периферната брзина на етикетата на алатот за брусење. Макс. [mm] [mm] D b d [min

75 30 M 14 11500 45 1 609 92A 6D6 | (25.06.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 243 Всисување на прав/струготини Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица. – Погрижете се за добра проветреност на работното

– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате. u Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.

Ставање во употреба Вметнување на батеријата Наполнетата батерија (6) ставете ја во подножјето на електричниот алат, додека не се заклучи батеријата. Вклучување/исклучување За ставање во употреба на електричниот алат, лизнете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4)

За фиксирање на прекинувачот за вклучување/ исклучување (4) притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) нанапред надолу додека не

За да го исклучите електричниот алат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) одн. доколку тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) наназад надолу и потоа ослободете го. u Пред употребата проверете ги алатите за брусење. Алатот за брусење мора да биде монтиран беспрекорно и да може слободно да се врти. Направете проба од најмалку 1 минута без оптоварување. Не користете оштетени, нетркалезни или алати за брусење што вибрираат. Оштетените алати за брусење може да пукнат и да предизвикаат повреди. Заштита од рестартирање Заштитата од рестартирање го спречува неконтролираното вклучување на електричниот алат по прекин на струја. За повторно вклучување ставете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) во исклучена позиција и одново вклучете го електричниот алат. Константна електроника Константната електроника држи постојан број на вртежи при празен од и оптоварување и овозможува иста постојана јачина при работењето.

Електронскиот фин старт го ограничува вртежниот момент при вклучување и го зголемува рокот на траење на моторот. Одредување на број на вртежи Со вртливото копче за одредување на бројот на вртежи (7) можете да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на алатот. Податоците во приложената табела се препорачани вредности. Материјал Примена Алат за вметнување Позиција на вртливото копче за подесување Метал Отстранување на боја Брусен диск со брусен лист 2−3 Дрво, метал Четкање, вадење 'рѓа Лончести четки, лист за

Метал, камен Брусење Брусна плоча 4−6 Метал Грубо брусење Брусна плоча 6 Метал Сечење Брусна плоча за сечење 6 Камен Сечење Дијамантски диск за сечење и лизгачки водилки (сечењето на камен е дозволено само со лизгачки водилки)

Зададените вредности за степенот на вртежи се референтни вредности. u Утврдената брзина на дополнителната опрема мора да биде најмалку еднаква на максималната брзина означена на електричниот алат. Дополнителната опрема која работи побрзо од утврдената брзина може да експлодира и да се распрска насекаде. Bosch Power Tools 1 609 92A 6D6 | (25.06.2021)244 | Македонски Совети при работењето u Внимавајте на процепите во носечките ѕидови „Напомени за статика “. u Затегнете го делот што се обработува, доколку не налегнува сигурно со својата тежина. u Не го оптоварувајте многу електричниот алат, додека не дојде во состојба на мирување. u По силното оптоварување, оставете го електричниот алат уште неколку минути во празен од, за да се излади. u Електричниот алат не го користете со држач за

u Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за сечење додека не се оладат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки. Грубо брусење u Никогаш не ги користите брусните плочи за сечење за грубо брусење. Со подесување на аголот од 30° до 40° при грубо брусење ќе добиете најдобри резултати при работењето. Поместувајте го електричниот алат напред и назад со умерен притисок. Притоа, делот што се обработува нема да се вжешти, да се ја промени бојата и нема да има

Ламелеста брусна плоча во вид на лепеза Со ламелестата брусна плоча во вид на лепеза (опрема) може да обработувате заоблени површини и профили. Ламелестите брусни плочи во вид на лепеза имаат подолг рок на употреба, пониско ниво на бучава и пониски температури при брусењето отколку вообичаените брусни плочи. Сечење на метал u При сечењето со композитни брусни средства секогаш користете ја заштитната хауба за сечење (13). При сечењето со брусни плочи секогаш работете со умерено поместување нанапред по материјалот. Не правете притисок на брусната плоча за сечење, не навалувајте и не осцилирајте. Не ги блокирајте брусните плочи за сечење што излегуваат со страничен противпритисок. Електричниот алат секогаш мора да се води во спротивен правец на движење. Инаку постои опасност, тој неконтролирано да се истисне од резот. При сечење на профили и четириаголни цевки, најдобро е да поставите на најмалиот пресек. Сечење на камен (види слика A) u При сечењето во камен погрижете се за доволно вшмукување на правта. u Носете маска за заштита од прав. u Електричниот алат смее да се користи само за сечење/брусење на суви материјали. За сечење на камен најдобро е да употребите дијамантска брусна плоча за сечење. При користење на хаубата за всисување за сечење со лизгачки водилки (24) всисувачот на прав мора да биде дозволен за всисување на правта од каменот. Bosch ги нуди соодветните всисувачи на прав. Вклучете го електричниот алат и поставете го со предниот дел на лизгачките водилки на делот што се обработува. Поместувајте го електричниот алат со умерено движење по материјалот што се обработува. При сечење на особено цврсти материјали на пр. бетон со чакал, дијамантската брусна плоча за сечење може да се прегрее и да се оштети. Венецот од искри кој кружи околу дијамантската брусна плоча за сечење јасно укажува на тоа. Во таков случај прекинете го процесот на сечење и оставете ја кратко дијамантската брусна плоча за сечење во празен од при највисок број на вртежи, за да се олади. Значителното попуштање во работата и венецот од искри кој кружи се знаци за отапена дијамантска брусна плоча. Може повторно да ја наострите со кратки резови во абразивен материјал, на пр. силикатен камен. Напомени за статиката Процепите во носечките ѕидови подлежат на нормата DIN1053 дел 1 или прописите специфични за земјата. Мора задолжително да се придржувате до овие прописи. Пред почетокот на работата повикајте го одговорниот статичар, архитект или надлежните градежни раководители за да се советувате. Напомени за оптимално користење на батериите Заштитете ја батеријата од влага и вода. Складирајте ја батеријата во граници на температура од – 20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето. Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка. Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени. Внимавајте на напомените за отстранување. 1 609 92A 6D6 | (25.06.2021) Bosch Power ToolsSrpski | 245 Одржување и сервис Одржување и чистење u Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да

Складирајте и третирајте го приборот со внимание. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси на сервиси може да најдете

Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации. При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци. Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи. Отстранување Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за ѓубре! Само за земјите од ЕУ: Според европската регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.

EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај: * Аголна брусилка Број на дел/артикл