Wolf Garten 12AYPV7E650 - кошачка за трева

12AYPV7E650 - кошачка за трева Wolf Garten - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 12AYPV7E650 Wolf Garten во PDF формат.

📄 291 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice Wolf Garten 12AYPV7E650 - page 209
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за 12AYPV7E650 Wolf Garten

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот кошачка за трева во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 12AYPV7E650 - Wolf Garten и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 12AYPV7E650 на марката Wolf Garten.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 12AYPV7E650 Wolf Garten

(Оригинално упатство за користење)

Türkçe 216

Совети за нега на тревата .. 211

Транспорт 211

Одржување/Чистење ..... 211

Ставање во мирување ..... 213

Гаранција 214

Откривање и отстранување на пречките ..... 214

Податоци на типската ознака

Овие податоци се многу важни за подоцнежна идентификација при нарачка на резервни делови за уредот и за сервисната служба. Типската ознака їе ја најдете во близина на моторот. Внесете ги сите податоци од типската ознака на Вашиот уред во следното поле.

Овие и другите податоци за уредот їе ги најдете во посебната СЕ изјава за усогласеност што е составен дел од ова упатство за употреба.

Прикази со слика

Wolf Garten 12AYPV7E650 - Прикази со слика - 1

Отворете ги страниците со слики на почетокот на упатството за ракување.

Во ова упатство за ракување се опишани различни модели.

Графичките прикази може во детаљи да се разликуваат од набавениот уред.

За Ваша безбедност

Користете го уредот правилно

Овој уред е наменет исклучиво за

– користење соодветно на описите и безбедносните совети наведени во ова упатство за работа;

– за косење на тревнати површини на куќната или хоби градината.

Секое друго користење не е соодветно на намената. Користењето кое што не е соодветно на намената повлекува како последица губење на гаранцијата и одбивање на секаква одговорност од страна на производителот. Корисникот одговара за сите оштетувања на трети и на нивната сопственост.

Самоволните промени на уредот ја ислучуваат одговорноста на производителот за штетите што ље произлезат од тоа.

Внимавајте на безбедносните совети и советите за ракување

Како корисник на овој уред внимателно прочитајте го ова упатство за работа пред првото користење. Постапувајте според него и зачувајте го истото за подоцнежно користење. Никогаш не им дозволувајте на децата или на другите лица што не го познаваат ова упатство за работа да го користат уредот.

При промена на сопственикот предајте го упатството за ракување заедно со уредот.

Општи безбедносни совети

Во ова поглавје ќе ги најдете општите безбедносни совети. Предупредувањата што посебно се однесуваат на одредени делови од уредот, функции или дејства ќе ги најдете на соодветното место во ова упатство.

Безбедносните напомени и упатствата за моторот, акумулаторот и полночат за акумулаторот їе ги најдете во испорачаниот прирачник за мотори.

Пред работата со уредот Лицата што го користат уредот не смее да бидат под влијание на алкохол, дрога или лекови. Лица под 16 години не смеат да ракуваат со уредот или да извршуваат други работи, како на пр. одржување, чистење, местење на уредот – локалните одредби може да ја утврдуваат минималната возраст на корисникот.

Овој уред не е наменет за ракување од лица (вклучувајки деца) со ограничени физички, сензорни или духовни способности или со недостаток на искусство и/или недостаток на знаење, освен во случај кога ги надгледува лице што е задолжено за нивната безбедност или од него добивают упатства за користење на уредот.

Децата треба да се надгледуваат заради сигурност дека нема да играат со уредот. Пред започнувањето со работата запознајте ги сите механизми и делови за ракување, како и нивните функции.

Чувајте го погонското гориво само во за тоа дозволени садови и никогаш во близина на топлински извори (на пр. печки или бојлери). Полнете го уредот со гориво само на отворено.

Никогаш не го полнете уредот додека моторот работи или е врел.

Заменете ја оштетената издувна цевка, резервоарот или поклопецот за гориво.

Пред користењето проверете,

– дали збирачот на трева функционира и дали поклопецот за исфрлување затвора правилно. Оштетените, истрошени или деловите што недостасуваат заменете ги итно.

– дали резните алати, клиновите за прицврстување и целата резна единица се истрошени или оштетени. Заменувајте ги истрошените или оштетени делови во стручен сервис само во чифт за да се избегне тресење.

Испорачаниот полнач е наменет исклучиво за полнење на акумулаторот што се користи во уредот. Акумулаторот смее да се полни само со овој полнач.

Резервните делови и приборот мораат да одговараат на барањата кои што се утврдени од производителот.

Затоа, користете само оригинални резервни делови и оригинален прибор или резервни делови и делови од прибор кои што се дозволени од производителот.

Поправките вршете ги ислучиво во стручен сервис.

При работата со уредот

При работа со или на уредот мора да носите соодветна работна облека, како на пример:

– безбедносни ракавици,

– долги пантолони,

– тесно припиена облека,

– заштита за ушите,

– заштитни очила.

Сите безбедносни механизми мора секогаш да бидат поставени на уредот целосно и во беспрекорна состојба.

Не вршете промени на безбедносните механизми.

Користете го уредот само во техничката состојба што е пропишана и испорачана од производителот.

Никогаш не ги менувајте претходно наместените фабрички местења на моторот.

Избегнувајте отворен пламен, појава на искри и не пушете.

Пред секое работење на овој уред

За заштита од повреди при секоја работа (на пр. одржување или дотерување) и транспорт (на пр. подигнување или носење) на овој уред

– изгаснете го моторот, – извлечете го клучот за палење (ако има),
– почекајте сите подвижни делови целосно да дојдат во мирување и моторот да се излади,
– извлечете го приклучокот за свекичката за палење од моторот, за да спречите несакано стартување на моторот,
– отстранете го акумулаторот за стартување од моторот,
– внимавајте на дополнителните совети во прирачникот за моторот.

По работата со уредот

Никогаш не го напуштајте уредот без да го изгаснете моторот и – ако има – извлечете го клучот за палење.

Безбедносни механизми

Слика 1

⚠️ Опасност

Никогаш не го користете уредот со оштетени или без поставени безбедносни механизми.

Безбедносен лак (1)

Безбедносниот лак служи за Ваша безбедност за веднаш да го запрете моторот и резниот механизмам при итен случај.

Не смее да се врши обид за заобиколување на неговата функција.

Поклопец за исфрлување (2) или заштита од удар (3)

Поклопецот за исфрлување/ заштитата од удар Ве штити од повреди од резниот механизмам или од излетаните цврсти предмети.

Уредот смее да се користи само со поклопец за исфрлување или со заштита од удар.

Знаци на уредот

На уредот се наогаат различни знаци како налепници.

Во следниот дел се појаснети знаците:

Wolf Garten 12AYPV7E650 - Општи безбедносни совети - 1

Wolf Garten 12AYPV7E650 - Општи безбедносни совети - 2

Внимание! Пред пуштањето во работа прочитајте го упатството за ракување!

Wolf Garten 12AYPV7E650 - Општи безбедносни совети - 3

Wolf Garten 12AYPV7E650 - Општи безбедносни совети - 4

Wolf Garten 12AYPV7E650 - Општи безбедносни совети - 5

Трети лица нека стојат понастрана од опасното подрачје!

Исклучете го моторот и извлечете го клучот за палење пред секое работење врз уредот и пред да го напуштите уредот. Внимавајте на дополнителните совети во поглавјето «За Ваша безбедност».

Wolf Garten 12AYPV7E650 - Општи безбедносни совети - 6

Wolf Garten 12AYPV7E650 - Општи безбедносни совети - 7

Wolf Garten 12AYPV7E650 - Општи безбедносни совети - 8

Wolf Garten 12AYPV7E650 - Општи безбедносни совети - 9

Пред работењето на резните алати извлечете го приключокот за свекичката за палење! Држете ги прстите и стопалата подалеку од резните алати! Пред дотерувањето или чистењето на уредот или пред проверката исключете го уредот и извлечете го приключокот за свекичката за палење.

Wolf Garten 12AYPV7E650 - Општи безбедносни совети - 10

Опасност од повреда – работете само со поставена заштита од удар.

Wolf Garten 12AYPV7E650 - Општи безбедносни совети - 11

Опасност од повреда – работете само со поставен заден лак.

Wolf Garten 12AYPV7E650 - Општи безбедносни совети - 12

Опасност од повреда – работаете само со поставен исфрлувач.

Одржувајте ги овие знаци на уредот секогаш во читлива costoјба.

Знаци во упатството

Во ова упатство се користат знаци што укажуваат на опасност или означуваат важни совети. Во следниот дел се појаснети знаците:

⚠️ Опасност

Ви се укажува на опасностите што се поврзани со опишаното дејство и при кои што постои загрозување на лицата.

Внимание

Ви се укажува на опасностите што се поврзани со опишаното дејство и кои што можат да повпечат оштетување на уредот.

i Совет

Означува важни информации и совети за примена.

Монтирање

Монтажата на уредот е прикажана на слики во пособниот додаток.

i Забелешка за исфрлување во отпад

Остатоците од пакувањето, старите уреди итн. исфрлете ги во отпад соодветно на локалните прописи.

Ракување

Внимавајте и на советите во прирачникот за моторот.

⚠️ Опасност

Незгода

– Лица, посебно деца, или животни при косење никогаш не смее да се во близина на уредот. Опасност од повреда од излетаните камења или други предмети.

Превртување

– Водете го уредот само со брзина на чекор.
– Бидете посебно внимателни кога косите наназад и го повлекувате уредот кон себе.
– При косење на стрмни надол- нини уредот може да се преврти и Вие може да се повредите. Косете попречно по надолнината, никогаш нагоре и надоле. Не косете на надолнини со агол поголем од 20%.
– Бидете посебно внимателни при менување на насоката на движење и секогаш внимавајте да стоите добро.
– Постои опасност од повреда при косење во гранични подрачја. Косењето во близина на рабови, живи огради или стрмни надолнини е опасно. При косењето одржувајте го безбедносното растојание.

– При косење на влажна трева уредот може да излизга поради намалениот контакт со подлогата и Вие може да паднете. Косете само кога тревата е сува.
– Работете само при дневно светло или при добро вештачко осветлување.

Повреда

– Секогаш треба да се одржува безбедносното растојание од ротирачкиот алат одредено со водилките.
– Работното подрачје на операторот за време на работата е зад водечкиот лост.
– Никогаш не ги поставувајте дланките или стопалата на или под вртливите делови.
– Не го користете уредот при лоши временски услови, како на пр. можност за дожд или невреме.
– Стопирајте го моторот и почекајте да се смири резниот алат:

– пред да го превртите уредот,

– за транспорт по површини што се различни од трева,

– Исклучете го моторот за да спречите несакано стартување на моторот: Извлечете го клучот за палење (ако постои), отстранете го акумулаторот за стартување од моторот, оставете моторот да се излади и извлечете го приклучокот за свекичката за палење,

– пред да ги отстраните зачепувањата и блоки- рањата на исфрлувањето,
– пред да ја проверувате, чистите, дотерувате косилката за трева или да вршите работи врз уредот,
– кога їе се удри во надвореш- но тело. Проверете дали косилката за трева е оштетена и при штета побарајте стручен сервис,
– ако уредот почне да тресе необично силно. Веднаш проверете го уредот.

– Никогаш не го подигнувајте или носите уредот додека моторот работи.
– Проверете го теренот на кој што ће се користи уредот и отстранете ги сите предмети што може да се зафатат и да излетаат.
– Ако резниот алат удри во надворешно тело (на пр. камен) или ако уредот почне да тресе необично силно: веднаш изгаснете го моторот. Пред да продолжите со работење проверете во специјализиран сервис дали уредот е оштетен.
– При косењето никогаш не се поставувајте пред отворите за исфрлување трева.
Уреди со збирач на трева:
– При отстранувањето на збирачот на трева можете да се повредите Вие или другите од излетаниот материјал од косењето или од надворешните тела. Никогаш не го празнете збирачот на трева додека моторот работи. Исклучете го уредот.
Опасност од задушување од јаглероден моноксид.
Оставајте го моторот со внатрешно согорување да работи само на отворено.
Експлозија и опасност од пожар
– Бензинските пареи се експлозивни и бензинот има висок степен на запалливост.
– Наполнете погонско гориво пред да го стартувате моторот. Држете го резервоарот затворен додека моторот работи или се уште е врел.
– Дотурајте погонско гориво само при изгаснат и изладен мотор. Избегнувајте отворен пламен, појава на искри и не пушете. Полнете го уредот со гориво само на отворено.
– Ако погонското гориво претече не го стартувајте моторот. Отстранете го уредот од површината што е извалкана со погонско гориво и почекајте испарувањето на погонското гориво да заврши.

– За да избегнете опасност од пожар, одржувајте ги следните делови чисти од трева или претечено масло:
- МОТОРОТ
-ИЗДУВОТ
- акумулаторите
– резервоарот за гориво.

Опасност од сопнување

– Водете го уредот само со брзина на чекор.

Внимание

Оштетување на уредот

– Камењата, паднатите гранки или спичните предмети може да предизвикаат оштетување на уредот и на функцијата. Отстранете ги цврстите предмети од работното подрачје пред секое користење.

– Користете го уредот само во беспрекорна состојба. Пред секое користење направете визуелна проверка. Проверете ги посебно безбедносните механизми, деловите за ракување и навојните споеви дали се оштетени и се прицврстени. Заменете ги оштетените делови пред користењето.

– Никогаш не користете акумулатор што е деформи- ран, паднат или оштетен.

– Не ги изложувајте акумула- торот и полначот на дожд или влага.

i Работни времиња

Внимавајте на националните/ општинските прописи во врска со времињата на користење (по потреба прашајте кај Вашата надлежна служба).

i Податоци за положба

При наведувањето на положбата на уредот (на пр. лево, десно) секогаш поағаме гледано од водечката купола во правецот на работа на уредот.

Пред првото пуштање во работа

Поради транспортни причини уредот се испорачува без моторно масло.

■ Поради тоа, пред првото пуштање во работа наполнете моторно масло, погледнете во прирачникот за моторот.

Полнење на акумулаторот (Уреди со електростарт)

Внимавајте и почитувајте ги сите напомени и информации во врска со акумулаторот и полначот од прирачникот за мотори.

⚠️ Опасност од изгореници од киселина/труење

Во екстремни случаи мора да се смета на истекување на течности или гасови..

⚠️ Опасност од струен удар

Пред секое користење проверете дали полначот има надворешни оштетувања. Никогаш не користете оштетен или паднат полнач.

Внимание

– Проверете дали мрежата работи со 220–230 V и 50 Hz соодветно на податоците на типската ознака на уредот за полнење.
– Заштитете ги акумулаторот и полначот од влага, дожд, снег, како и од мрзнење.
– Полнете го акумулаторот само во добро проветрена и сува просторија.
– По отстранувањето на акумулаторот одвојте го полначот од мрежата.
– Никогаш не ставајте предмети во контактите на акумулаторот.
– Пред секое работење врз поначот, тој треба да се одвои од мрежата.

– Не ги отворајте акумулаторот и полначот. Сите работења врз акумулаторот и полначот да се извршуваат во специјализирана сервисна работилница.

Слика 2

■ Пред првото користење на уредот полнете го акумулаторот околу 1 час. Користете го полначот што е содржан во обемот на испорака.

i Совет

Обемни информации во врска со постапката на полнење и покажувачот на состојбата на акумулаторот прочитајте во прирачникот за мотори.

i Напомена за исфрлување на полначот во отпад

Полначот подлежи на прописите за ифрлување во отпад на електрични уреди. Внимавајте на локалните прописи.

Местење пред секое работење

⚠️ Опасност од повреда

Пред секое работење на овој уред

– изгаснете го моторот,
– извлекете го клучот за палење (ако има),
– почекајте сите подвижни делови целосно да дојдат во мирување; моторот мора да е и зладен,
– извлечете го приклучокот за свекичката за палење на моторот, за да спречите несакано стартување на моторот,
– Отстранете го акумулаторот за стартување од моторот.

Закачување на збирачот на трева

(само кај уреди со збирач на трева)

Слика 11

■ Подигнете го поклопецот за исфрлување и закачете го збирачот на трева.

Наместете ја висината на сечење

Внимание

При нерамна подлога изберете ја висината на режење, за ножот за режење никогаш да не доага во контакт со почвата.

Слика 3

Дотерајте ја висината на сечење на тревата по желба.

Можност за дотерување (во зависност од моделот) од околу 3 см до најмногу 9 см.

i Совет

Кај уреди со местење со едно тркало наместете ги сите тркала на иста висина.

Модел А

■ Прицврстете ги тркалата во саканата положба.
■ Повлечете го јазичето и влежиштете го во саканата положба.

Модел В

Модел С

■ Повлечете ја рачката на централното местење на висината нанапред или наназад и влежиштете го во саканата положба.

Заклучување на предните тркала

(само за уреди со предни тркала што се заклучуваат)

Слика 4

Заклучете ги тркалата за возење право – насочете ги тркалата право, а лакот во големиот отвор.

Тркалата се движат слободно – лакот во малиот отвор.

■ Полнете безоловен бензин (погледнете во прирачникот за моторот).

■ Полнете го резервоарот за погонско гориво најмногу до 2 см под долниот раб на отворот за полнење.

■ Цврсто затворете го резервоарот за погонско гориво.

■ Проверете го нивото на масло, по потреба дополнете (погледнете во прирачникот за моторот).

Чистење на преградата за батерија на моторот

■ Отстранете ги тугите тела и нечистотијата на преградата за батерии со крпа и четка.

За заштита од повреди,

– не го стартувајте моторот кога стоите пред исфрлувањето;
– држете ги дланките и стопалата подалеку од резниот механизмам;
– никогаш не ги поставувајте дланките, стопалата или други делови од телото во близина на вртливите делови. Секогаш стојте подалеку од исфрлувањето.

Пред да го стартувате моторот ослободете ги сите резни алати и погони.

Не го превртувајте уредот при стартувањето. Паркирајте го уредот на рамна површина со што е можно пократка трева или со малку трева.

i Совети за моторот

– Внимавајте на информациите во прирачникот за моторот.
– Некои модели немаат рачка за гас, бројот на вртежи се мести автоматски. Моторот секогаш работи со оптимален број на вртежи.
■ Наместете го акумулаторот за стартување во преградата за батерија на моторот, за да се влежишти – Слика 5А.
■ Отворете ја чешмата за бензин (ако има).
■ Рачката за гас (ако постои) на /мах Слика 5В.
■ Застанати зад уредот притиснете го безбедносниот лак и задржете го – слика 5С.

■ Завртете го клучот за палење на главата за водење, за моторот да стартува (обид за стартување максимально 5 секунди, пред следниот обид почекајте најмалку 1 минута) – Слика 5С.

Кога работи моторот:

■ По стартувањето на моторот повлечете ја рачката за гас (ако постои) меѓу /max и /min, за моторот да се пушти да се загрева на кратко.

■ За косење трева поставете ја рачката за гас (ако постои) на полн гас.

i Совет

Други информации за ракува- њето со моторот можете да прочитате во прирачникот за моторот.

■ Рачката за гас (ако постои) во положба /min.
■ Отпуштете го безбедносниот лак. Моторот и резниот алат стопираат по кратко време.

Работа со уредот Вклучување/исклучување на погонот на тркалата

(само кај уреди со погон на тркалата)

Слика 6А, В, С

Вклучување на погонот на тркалата 🚫️ 🏠 📄 📁

■ Повлечете ја рачката/лакот и задржете ја.

Исклучување на погонот на тркалата 📄️ 📋 📁 📂

■ Отпуштете ја рачката/лакот.

За вклучување/исклучување може да се користи или левата или десната рачка, односно обете рачки заедно.

i Совет

Поради конструкцијата може да се случали задните тркала да предизвикуваат зголемен отпор при влечење на уредот наназад. Притоа не станува збор за грешка на уредот, туку за својство кое што е условено од техниката. Помош (зависно од моделот): Прво турнете го уредот малку нанапред без да го влечете лакот за погон, а потоа наназад.

Сменете ја работната брзина на погонот на тркалата

(зависно од изведбата)

Внимание Оштетување на уредот Вршете го местењето само додека работи моторот. Слика 6D, E

■ Со малата рачка изберете еден од различните брзински степени. (1/min./4/max/ ).

Слика 6F, G

■ Со рачката изберете еден од различните брзински степени. (1/min./↔ и 4/max/✉).

i Совет

Поради техниката може да дојде до отежнато менување на брзината кога уредот е во мирување.

Помош: Повлечете го лакот за погон и изберете степен на брзина.

Отстранете го збирачот на трева и испразнете го (кај уреди со збирач на трева) Слика 11

Кога искосеното останува да лежи на подлогата или кога покажувачот за наполнетост (по избор, слика 12) покажува дека корпата е полна:

■ Отпуштете го безбедносниот лак и почекајте моторот за запре.

■ Подигнете го поклопецот за исфрлување и откачете го збирачот на трева.
■ Испразнете ја содржината.

Работење без збирач на трева

Кога єе го отстраните збирачот на трева поклопецот за исфрлување се преклопува надолу. При работење без збирач на трева исечениот материјал се исфрла директно надолу.

Опремување за губрење (кај уреди со дополнителен прибор за милкирање)

Уреди со исфрлување одзади: Слика 8А

■ Подигнете го поклопецот за исфрлување.
■ Отстранете го збирачот на трева.
■ Наместете го клинот за губрење (зависно од моделот).
■ Испуштете го поклопецот за исфрлување.

i Совет

На моделите со интегрирана функција за милкирање не им е потребен посебен клин за милкирање – оваа функција ја врши задниот капак со посебна форма (Слика 8В).

Уреди со странично исфрлување:

Слика 9

■ Монтирајте ја заштитата од удар/бравата за милкирање на местото на страничниот исфрлувач (Слика 9А).

ИЛИ

- Отстранете го страничниот исфрлувач – заштитата од удар/бравата за милкирање се затвора автоматски (Слика 9В).

Модифицирање на уреди за странично исфрлување (зависно од изведбата)

■ Доколку постои: Отстранете го собирают за трева и испуштете го задниот капак за исфрлување.
■ Подигнете ја заштитата од удар/бравата за миллирање и монтирајте го страничниот исфрлувач (Слика 9С).

По крајот на работата

■ Извлечете го клучот за палење (ако има).
■ Почекајте сите подвижни делови целосно да дојдат во мирување и моторот да се излади.
■ Затворете ја славината за бензин (ако постои – погледнете во прирачник за мотор).
■ Извлечете го приключокот за свекичката за палење од моторот.
■ Испразнете го збирачот на трева.
- Отстранете го акумулаторот за стартување од моторот – Слика 16.
■ По потреба дополнете го акумулаторот. Слика 17 За проверка на состојбата на наполнетост на акумулаторот притискајте го копчето (1) на акумулаторот. LED (2) ја прикажуваат приближната состојба на наполнетост. Кога трепка некое LED веднаш дополнете го акумулаторот.

i Совет

Оставајте ги уредите во затворена просторија само со изладен мотор.

Совети за нега на тревата

Неколку совети за Вашата трева да расте здраво и романомерно.

Косење

Тревата се состоит од различни видови трева. Кога често косите засилено расте трева што има силен корен и создава силна жила. Ако косите ретко засилено се создава трева со висок раст и други диви треви (на пр. детелина, петровка).

Нормалната висина на тревата изнесува околу 4–5 см. Треба да се коси само ^1/3 од вкупната висина; значи при 7–8 см да се сече на нормална висина. По можност тревата да не се сече пократко од 4 см, инаку при сувост се оштетува жилата на тревата.

Високо израснатата трева (на пр. по годишен одмор) етапно да се коси на нормална висина.

При косењето секогаш оставајте пругите да се преклопуваат по малку.

Губрење (со прибор)

При косењето тревата се сече на мали парчиња (околу 1 см) и останува да лежи. Тревата добива многу хранливи состоитјки.

За оптимален резултат тревата мора да се одржува кратка, погледнете и во поглавје «Косење». Внимавајте на следните совети при губрењето

– Не косете влажна трева.
– Не косете повеće од 2 см од вкупната должна на тревата.
- Одете полека.
– Искористете го максимальниот број на вртежи на моторот.
– Редовно чистете го резниот механизам.

Транспорт

Куси патеки рачно

⚠️ Опасност

Вртливиот резен механизмам може да ги зафати предметите и да ги исфрли, притоа предизвикувајки штета.

За уредот да го движите по површини што не се тревнати, претходно стопирајте го моторот.

Со возило

⚠️ Опасност

Пред секој транспорт изгаснете го моторот и оставете да се излади. Извлечете го приклу- чокот за свекичка за палење. Не го превезувајте уредот во наведната положба.

Обезбедете го уредот при транспорт на или во возилото довольно од несакано лизгање. Превезувајте го уредот само со празен резервоар за гориво. Капакот на резервоарот мора да биде затворен цврсто.

Уреди со преклоплива водилка: Слика 10

■ За полесно сместување соберете го управувачот.

Одржување/Чистење

⚠️ Опасност

За заштита од повреди при секое работење врз уредот

– изгаснете го моторот,
– извлечете го клучот за палење (ако има),
– почекајте сите подвижни делови целосно да дојдат во мирување и моторот да се излади,

– извлечете го приклучокот за свекичката за палење од моторот, за да спречите несакано стартување на моторот,

– Отстранете го акумулаторот за стартување од моторот,
– внимавајте на дополнителните совети во прирачникот за моторот.

Wolf Garten 12AYPV7E650 - ⚠️ Опасност - 1

Опасност

За заштита од повреди од резниот механизмам сите работи како замена или дополнительно оштрење на резниот нож вршете ги во стручен сервис (потребни се специјални алати).

Вртежен момент на затегнување на завртката на ножот:

– 51–68 Nm (Косилки за трева со челично ку́киште)

– 36–44 Nm (Косилки за трева со пластично ку́киште)

Wolf Garten 12AYPV7E650 - Опасност - 1

Внимание

Секогаш превртувајте го уредот на тој начин свекичката за палење да покажува нагоре за погонското гориво или маслото да не предизвика оштетување на моторот.

Одржување

Wolf Garten 12AYPV7E650 - Одржување - 1

Внимание

Внимавајте на прописите за одржување во прирачникот за моторот. На крајот на сезоната проверете го и одржувајте го уредот во стручен сервис.

Сите поправки извршувајте ги само во специјализирана сервисна работилница.

Wolf Garten 12AYPV7E650 - Внимание - 1

Внимание

Загрозување на животната средина од моторно масло.

Старото масло по промената на масло предајте го на собирно место за старо масло или во отпад.

Загрозување на животната средина од акумулатори.

Истрошените акумулатори не спагаат во кукниот отпад.

Предајте ги истрошените акумулатори на Вашиот продавач или на отпад.

Отстранете ги акумулаторите пред уништувањето на уредот.

i Совет

Внимавајте на интервалите за контрола и одржување во прирачникот за моторот.

Во зависност од моделот, вашиот уред е опремен со електронски покажувач за сервисирање (Слика 13).

Внимавајте на соодветните покажувачи за сервисирање, дополнително на писмените напомени за сервисирање.

Ракувањето и другите информации молиме прочитајте ги во посебното упатство за ракување, кое што е приложено со покажувачот за сервисирање.

Пред секоја работа

■ Проверете го нивото на масло, по потреба дотурете.
■ Проверете дали навојните врски се цврсти, по потреба затегнете.
■ Проверете ги безбедносните уреди.
■ Отстранете ги туғите тела и нечистотијата од преградата за батерија на моторот со крпа и четка.

Проверете ја точката на зафаќање на спојката:

(само кај уреди со погон на тркалата)

– Додека моторот работи и ислучен е погонот на тркалата уредот не смее да се движи нанапред.

– Додека моторот работи и включен е погонот на тркалата уредот треба да се вози нанапред.

Слика 15

■ По потреба дотерајте ја точката на зафаќање со помош на запчестото тркало/ навртката за дотерување на рачката за погон на тркалата (според изведбата, од долната страна на конзолата за вклучување) или со влечната сајла.

i Совет

Кај некои модели не постои можност за дотерување.

По првите 2–5 работни часови

■ Променете го маслото, погледнете во приложениот прирачник за моторот.

По секое косење или по потреба

■ Променете го маслото, погледнете во приложениот прирачник за моторот.
■ Подмачкајте ги зглобовите и вртливата пружина на поклопецот за исфрлување.
■ На крајот на сезоната проверете го и одржувајте го уредот во стручен сервис.
■ Редовно проверувајте ги акумулаторот и полночат (најмалку 1х годишно) во специјализирана сервисна работилница.

Чистење

Внимание

Чистете го уредот по секоја примена. Неисчистениот уред води кон оштетување на материјалот и на функционирањето.

За чистење на користете чистач под висок притисок.

Чистење на збирачот на трева

(само кај уреди со збирач на трева)

Чистењето е наједноставно веднаш по косењето.

■ Отстранете го збирачот на трева и испразнете го.
■ Збирачот на трева може да се исчисти со силен воден млаз (градинарско црево).
■ Збирачот на трева темелно исушете го пред следното користење.

Чистење на косилката за трева

Wolf Garten 12AYPV7E650 - Чистење на косилката за трева - 1

Опасност

При работа врз резниот механизам можете да се повредите. За Ваша заштита носете работни ракавици.

Wolf Garten 12AYPV7E650 - Опасност - 1

Внимание

Секогаш превртувајте го уредот на тој начин свекичката за палење да покажува нагоре за погонското гориво или маслото да не предизвика оштетување на моторот.

Не го прскајте уредот со вода бидејки може да се оштетат електричните делови.

Заштитете ги акумулаторот и полначот од влага.

По можност чистете го уредот веднаш по косењето.

Чистење на преградата за батерија на моторот

■ Отстранете ги тугите тела и нечистотијата од преградата за батерија на моторот со крпа и четка.

Уреди без систем за миење на капакот:

■ Исчистете ги просторот за сечење и поклопецот за исфрлување со четка, рачна метла или крпа.

■ Поставете го уредот на тркала и отстранете ги сите видливи остатоци од трева и нечистотија.

Уреди со систем за миење на капакот:

Слика 14

Косилките за трева со систем за миење на капак се опремени со приклучок за вода. Со него можат да се исплакнат остатоците од трева од долната страна на капакот на косилката и се спречува таложење на кородирачки хемикалии.

По косењето постапете на следниот начин:

■ Поставете го уредот на рамна површина, без шљунак, камчиња и сл.

i Совет

Отворот за исфрлување не смее да се насочува кон куći, гаражи и сл.

■ Монтирајте обичен адаптер за црево (по избор е во обемот на испорака) на цревото за вода и приключете го на приключокот за вода на капакот на косилката.
■ Пуштете вода.
■ Стартувајте го моторот и оставете го да работи неколку минути.
- Изгаснете го моторот и отстранете го цревото за вода од уредот.

По завршувањето на постапката на чистење:

■ Стартувајте го моторот и оставете го да работи неколку минути, за долната страна на капакот на косилката да се исуши.
■ Стопирање на моторот.

Ставање во мирување

Wolf Garten 12AYPV7E650 - Ставање во мирување - 1

Опасност

Опасност од експлозија и пожар.

Никогаш не го сместувајте уредот со погонско гориво во резервоарот во простории во кои што испарувањата од погонското гориво може да дојдат во допир со отворен орган или искри.

Wolf Garten 12AYPV7E650 - Опасност - 1

Внимание

Оштетувања во материјалот на уредот.

– Чувајте го уредот (со изладен мотор) само во чисти и суви простории.
– При подолго сместување, на пр. во зима заштитете го уредот од корозија.
– Чувајте ги акумулаторот и полначот на студено и суво место.

– Заштитете ги акумулаторот и полначот од влага, дожд, снег, како и од мрзненье.

По сезоната или кога уредот нема да се користи подолго од еден месец,

■ Испуштете го погонското гориво во соодветен сад и ставете го моторот во мирување како што е опишано во прирачникот за моторот,

Wolf Garten 12AYPV7E650 - Внимание - 1

Внимание

Испуштајте го погонското гориво само на отворено.

■ Исчистете го уредот и збирачот на трева.
■ Сите метални делови заради заштита од корозија избришете ги со мрсна крпа (масло без восок) или испрскајте ги со масло.
■ Полнење на акумулаторот.

Гаранција

Во секоја земја важат од нашето претпријатие или од увозникот зададените гаранциски услови. Пречките на Вашиот уред во рамките на гаранцискиот рок ги отстрануваме бесплатно, доколку причината за нив може да биде грешка во материјалот или во производството. Во случај на гаранција молиме обратете се на Вашиот продавач или на најблиската филијала.

Производителот на моторот гарантира за сите проблеми поврзани со моторот во поглед на силината, мерењето на силината, техничките податоци, гаранцијата и сервисот. Поблиски информации ке најдете во посебно испорачаниот прирачник за сопственикот/ракување од производителот на моторот.

Откривање и отстранување на пречките

Пречките при работата на Вашиот уред често пати имаат едноставни причини што треба да ги познавате и делумно самите да можете да ги отстраните. При двоумење со задоволство їе Ви помогне Вашиот стручен продавач.

Моторот не пали. Рачката за гас е во неправилна положба.Рачката за гас во положбаилиСНОКЕ (при незагреан мотор).
Рачката за гас во положбамах.или START (при загреан мотор).
Косилката стои во висока трева.Поставете ја косилката на површина со ниска трева.
Нема погонско гориво во резервоарот.Наполнете го резервоарот со чисто, свежо погонско гориво.
Приклучокот за свекичката за палење не е наместен.Наместете го приклучокот за свекичката за палење.
Погонското гориво е старо или извалкано.Заменете го погонското гориво со свежо.
Филтерот за воздух е извалкан.Исчистете го филтерот за воздух.
Акумулаторот не е поставен правилно.Наместете го акумулаторот правилно во преградата за батерија на моторот и влежиштете го.
Наполнете го акумулаторот. Наполнете го акумулаторот со испорачаниот полнач.
Кабелот е оштетен. Проверете дали електричниот кабеле во ред.
Акумулаторот е расипан. Проверете го акумулаторот во специјализирана сервисна работилница.
Необични звуци (sвецкање, крчење, тропање).Завртките, навртките или другите делови за прицврствување се лабави.Прицврстете ги деловите. Ако звуците останат: побарајте стручен сервис.
Потреси, вибрации. Ножот е лабав.Завртката за прицврствување на ножот стегнете ја во стручен сервис.
Ножот е оштетен.
Ножот не е правилно балансиран.
Прицврствувањето на моторот е лабаво.
Нечист рез или бројот на вртежи пага.Тревата е превисока.Наместете поголема висина на сечење, по потреба косете двапати.
Тревата останува да лежи илисобирачот за трева не сеполни.Тревата е премногу влажна. Оставете тревата да се исуши.
Исфрлувањето е зачепено. Изгаснете го моторот, отстранегего зачепувањето.
Ножот е тап. Заменете го ножот во стручен сервисили дополнительно наоштрете го.
Недоволна силина на моторот. Косете почесто, изберете поголемависина на сечење.
Збирачот на трева е полн. Изгаснете го моторот, испразнетего збирачот на трева.
Збирачот на трева е извалкан. Изгаснете го моторот, исчистете гоотворот за воздух во збирачот натрева.
Погонот на тркалата нефункционира.Клинестиот ремен е скинатили менувачот е расипан.Заменете ги оштетените деловиво стручен сервис.
Сајлата/сајлата со чаураескината .Заменете ги оштетените деловиво стручен сервис.

Yçindekiler

Внимание Повреди на уреда

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : Wolf Garten

Модел : 12AYPV7E650

Категорија : кошачка за трева