Wolf Garten A 5300 A - кошачка за трева

A 5300 A - кошачка за трева Wolf Garten - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот A 5300 A Wolf Garten во PDF формат.

📄 312 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 8 прашања ⚙️ Спецификации
Notice Wolf Garten A 5300 A - page 226
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Технички карактеристики Косилка за трева Wolf Garten A 5300 A, бензински мотор, ширина на сечење 53 см, прилагодување на висината на сечење 25-75 мм, капацитет на садот за собирање 70 Л.
Употреба Идеална за средни до големи градини, автономна работа благодарение на бензинскиот мотор, лесен старт.
Одржување и поправка Редовно проверувајте го нивото на моторното масло, чистете го садот за собирање по секоја употреба, затегнувајте ги сечилата најмалку еднаш по сезона.
Безбедност Користете заштитни ракавици, не користете под дожд, секогаш проверете ја зоната за сечење пред да започнете.
Општи информации Тежина: околу 35 кг, гаранција од 2 години, достапни резервни делови, достапна сервисна поддршка.

Frequently Asked Questions - A 5300 A Wolf Garten

Како да го стартувам косилката Wolf Garten A 5300 A?
Осигурајте се дека резервоарот за гориво е полн и дека свеќата за палење е во добра состојба. Активирајте ја безбедносната рачка и полека повлечете ја стартната јаже додека моторот не се вклучи.
Што да направам ако косилката не стартува?
Проверете го нивото на масло и гориво. Исто така, осигурајте се дека свеќата за палење е чиста и правилно поставена. Ако проблемот продолжи, контактирајте професионалец.
Како да ја прилагодам висината на сечење?
Користете ја рачката за прилагодување која се наоѓа позади или на тркалата за да ја прилагодите висината на сечење според вашите желби. Осигурајте се дека косилката е исклучена пред да направите прилагодувања.
Како да ја одржувам косилката Wolf Garten A 5300 A?
Се препорачува да го исчистите сечилото по секоја употреба, редовно да го проверувате нивото на масло и да го замените воздушниот филтер и свеќата за палење по потреба. Погледнете го упатството за детални инструкции.
Што да направам ако сечилото не сече правилно?
Проверете дали сечилото е тупано или оштетено. Ако е потребно, затегнете или заменете го сечилото. Исто така, осигурајте се дека висината на сечење е правилно прилагодена.
Косилката прави необичен звук, што да правам?
Необичниот звук може да укажува на механички проблем. Веднаш исклучете ја косилката и проверете дали има предмети заглавени во сечилото. Ако проблемот продолжи, консултирајте се со професионалец.
Како да ја складирам косилката за зимата?
Пред складирање испразнете го резервоарот за гориво, темелно исчистете ја косилката и проверете го маслото. Чувајте ја на суво и ладно место за да избегнете корозија.
Каде можам да најдам резервни делови за мојата косилка?
Резервните делови за косилката Wolf Garten A 5300 A може да се најдат кај овластени дистрибутери на Wolf Garten или онлајн на специјализирани веб-страници.

Прашања на корисниците за A 5300 A Wolf Garten

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот кошачка за трева во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник A 5300 A - Wolf Garten и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. A 5300 A на марката Wolf Garten.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК A 5300 A Wolf Garten

(Оригинално упатство за користење)

Türkçe 237

Одржување/Чистење .....233

Ставање во мирување .....234

Гаранција .....235

Откривање и отстранување на пречките на пречките .....235

Податоци на типската

ознака

Овие податоци се многу важни за подоцнежна идентификација за нарачка на резервни делови за уредот и за сервисната служба. Типската ознака їе ја најдете во близина на моторот. Внесете ги сите податоци од типската ознака на вашиот уред во следното поле.

Овие и другите податоци за уредот се наогаат на посебната изјава за согласност со СЕ, што е составен дел од ова упатство за користење.

Прикази со слика

Wolf Garten A 5300 A - Прикази со слика - 1

Отворете ги страниците со слики на почетокот на упатството за ракување.

Во ова упатство за ракување се опишуваат различни модели.

Графичките прикази може во детали да отстапуваат од купениот уред.

За ваша безбедност

Користете го уредот правилно

Овој уред е наменет исклучиво за

– користење соодветно на описите и безбедносните совети наведени во ова упатство за работа;

– за косење на тревнати површини на кукната или хоби градината.

Секое друго користење не е соодветно на намената.

Користењето кое што не е соодветно на намената повлекува како последица губење на гаранцијата и одбивање на секаква одговорност од страна на производителот. Корисникот одговара за сите штети на трети лица и на нивниот имот.

Самоволните промени на уредот ја ислучуваат одговорноста на производителот за штетите што ље произлезат од тоа.

Само за уреди со електричен уред за стартување:

Испорачаниот полнач е наменет исклучиво за полнење на акумулаторот што се користи во уредот. Акумулаторот смее да се полни само со овој полнач.

Внимавајте на безбедносните совети и советите за ракување

Како корисник на овој уред прочитајте го внимателно ова упатство за ракување пред првото користење. Постапувајте според него и зачувајте го за подоцнежна употреба. Никогаш не им дозволувајте на децата или другите лица кои не се запознаени со ова упатство за ракување да го користат уредот. Сите лица лица коишто работат на пуштањето во употреба, на ракувањето со уредот или неговото одржување, мора да имаат соодветни квалификации. При промена на сопственикот предајте го упатството за ракување заедно со уредот.

Општи безбедносни напомени

Во ова поглавје юе ги најдете општите безбедносни совети.

Предупредувањата што посебно се однесуваат на одредени делови од уредот, функции или дејства їе ги најдете на соодветното место во ова упатство.

Пред работата со уредот

Лицата што го користат уредот не смее да бидат под влијание на пр. алкохол, дрога или лекови. Лица под 16 години не смеат да ракуваат со уредот или да извршуваат други работи, како на пр. одржување, чистење, местење на уредот – локалните одредби може да ја утврдуваат минималната возраст на корисникот.

Не користете го уредот без соодветна обука или кога сте уморни и болни.

Овој уред не е наменет за ракување од лица (вклучувајки деца) со ограничени физички, сензорни или ментални способности или со недостаток на искусство и/или недостаток на знаење, освен во случај кога ги надгледува лице што е задолжено за нивната безбедност или од него добивают упатства за користење на уредот.

Децата треба да се надгледуваат заради сигурност дека нема да играат со уредот.

Пред почнување со работа запознајте се со сите направи и елементи за ракување, како и со нивните функции.

Чувајте го погонското гориво само во за тоа дозволени садови и никогаш во близина на топлински извори (на пр. печки или бојлери). Полнете го уредот со гориво само на отворено.

Никогаш не го полнете уредот додека моторот работи или е врел.

Заменете ги оштетената издувна цевка, резервоарот или капакот на резервоарот.

Пред користењето проверете,

– дали збирачот на трева функционира и дали поклопецот за исфрлување затвора правилно. Оштетените, истрошени или деловите што недостасуваат заменете ги итно.

– дали резните алати, клиновите за прицврстување и целата резна единица се истрошени или оштетени. Заменувајте ги истрошените или оштетени делови во стручен сервис само во чифт за да се избегне тресење.

Резервните делови и приборот мораат да одговараат на барањата кои што се утврдени од производителот.

Затоа, користете само оригинални резервни делови и оригинален прибор или резервни делови и делови од прибор кои што се дозволени од производителот.

Употребата на резервни делови или опрема коишто не се одобрени од производителот може да претставува значителен безбедносен ризик.

Поправките треба да ги извршува ислучиво квалификувани стручни сервисери или да се изведуват во серивсна работилница.

Погрижете се за навремено одржување за да го одржите уредот во безбедна работна costoјба.

За време на работата со уредот

При работа со или на уредот мора да носите соодветна работна облека, како на пример:

– Безбедносни ракавици,
– долги пантолони,
– тесно припиена облека,
– Заштита за ушите,
– Заштитни очила.

Носењето на лична заштитна опрема го намалува ризикот од повреди. Избегнувајте да носите широка облека или облека од која висат врвки и ремени. Работење без заштита за ушите може да доведе до губење на слухот. И при носењето на заштитата за ушите, често правете пауза од работата за заштита на слухот.

Сите безбедносни механизми мора секогаш да бидат поставени на уредот целосно и во беспрекорна Costaјба.

Не вршете промени на безбедносните механизми.

Користете го уредот само во техничката состојба што е пропишана и испорачана од производителот.

Никогаш не менувајте ги однапред фабрички дефинираните поставки на моторот.

Избегнувајте отворен пламен, појава на искри и не пушете.

Насоки за вибрации:

Вибрациите може да предизвикаат оштетувања на нервите и нарушување на циркулирањето на крвта во дланките и рацете.

– При работа во студени средини, носете топла облека и рацете нека ви бидат топли и суви.

- Правете паузи.

– Доколку утврдите дека кожата на прстите или на рацете е сува, ве пецка, ве боли или е побелена, прекинете да работите со машината и консултирајте се со лекар.

Пред изведување секаква работа на овој уред

За заштита од повреди при секоја работа (на пр. одржување или дотерување) и транспорт (на пр. подигнување или носење) на овој уред

– изгаснете го моторот,
– извлечете го клучот за палење (ако има),
– почекајте сите подвижни делови целосно да дојдат во мирување и моторот да се излади,
– извлечете го приклучокот за свекичката за палење од моторот, за да спречите несакано стартување на моторот,
– внимавајте на дополнителните совети во прирачникот за моторот.

По работењето со уредот

Никогаш не го напуштајте уредот без да го изгаснете моторот и – ако има – извлечете го клучот за палење.

Безбедносни механизми

Слика 1

⚠️ Опасност

Никогаш не го користете уредот со оштетени или без поставени безбедносни механизми.

Безбедносен лак (1)

Безбедносниот лак служи за ваша безбедност за веднаш да го запрете моторот и резниот механизмам при итен случај. Не смее да се врши обид за заобиколување на неговата функција.

Поклопец за исфрлување (2) или заштита од удар (3)

Поклопецот за исфрлување/ заштитата од удар Ве штити од повреди од резниот механизмами или од излетаните цврсти предмети. Уредот смее да се користи само со поклопец за исфрлување или со заштита од удар.

Символи на уредот

На уредот се наогаат различни знаци како налепници. Во следниот дел се појаснети знаците:

Wolf Garten A 5300 A - Символи на уредот - 1

Внимание! Пред пуштањето во работа прочитајте го упатството за ракување!

Трети лица треба да стојат понастрана од опасното подраче!

Исклучете го моторот и извлечете го клучот за палење пред секое работење врз уредот и пред да го напуштите уредот. Внимавајте на дополнителните совети во поглавјето «За Ваша безбедност».

Wolf Garten A 5300 A - Символи на уредот - 2

Wolf Garten A 5300 A - Символи на уредот - 3

Wolf Garten A 5300 A - Символи на уредот - 4

Пред работењето на механизмите за сечење извлечете го приклучокот за свекичката за палење! Држете ги прстите и нозете подалеку од резниот механизмам! Пред дотерувањето или чистењето на уредот или пред проверката исключете го уредот и извлечете го приклучокот за свекичката за палење.

Wolf Garten A 5300 A - Символи на уредот - 5

Опасност од повреда – работе само со поставена заштита од удар.

Wolf Garten A 5300 A - Символи на уредот - 6

text_image OK

Опасност од повреда – работе само со поставен заден лак.

Wolf Garten A 5300 A - Символи на уредот - 7

Опасност од повреда – работе само со поставен исфрлувач.

Одржувајте ги овие симболи на уредот постојано во читлива costoјба.

Заменете ги оштетените или нечитливите символи.

Знаци во упатството

Во ова упатство се користени знаци што покажуваат опасност или означуваат важни забелешки. Еве го објаснувањето на знаците:

⚠️ Опасност

Ви се укажува на опасностите што се поврзани со опишаното дејство и при коешто постои загрозување на лицата.

Внимание

Ви се укажуваат опасностите што се поврзани со опишаното дејство и коишто може да повлечат оштетување на уредот.

i Совет

Означува важни информации и совети за примена.

Монтирање

Монтажата на уредот е прикажана на слики во посебниот додаток.

i Забелешка за исфрлување во отпад

Остатоците од пакувањето, старите уреди итн. отстранете ги соодветно на локалните прописи.

Ракување

Внимавајте и на советите во прирачникот за моторот.

⚠️ Опасност

Незгода

– Лица, посебно деца, или животни при косење никогаш не смее да се во близина на уредот. Опасност од повреда од излетаните камења или други предмети.

Превртување

– Водете го уредот само со брзина на чекор.
– Бидете посебно внимателни кога косите наназад и го повлекувате уредот кон себе.
– При косење на стрмни надолнини уредот може да се преврти и Вие може да се повредите. Косете попречно по надолнината, никогаш нагоре и надоле. Не косете на надолнина со агол поголем од 20 %.

– Бидете посебно внимателни при менување на насоката на движење и секогаш внимавајте да стоите добро.

– Постои опасност од повреда при косење во гранични подрачуја. Косењето во близина на рабови, живи огради или стрмни надолнини е опасно. При косењето одржувајте го безбедносното растојание.

– При косење на влажна трева уредот може да излизга поради намалениот контакт со подлогата и Вие може да паднете. Косете само кога тревата е сува.

– Работете само при дневно светло или при добро вештачко осветлување.

Повреда

– Секогаш треба да се одржува безбедносното растојание од ротирачкиот алат одредено со водилките.

– Работното подраче на операторот за време на работата е зад водечкиот лост.

– Никогаш не ги поставувајте дланките или стопалата на или под вртливите делови.

– Не го користете уредот при лоши временски услови, како на пр. можност за дожд или невреме.

– Стопирајте го моторот и почекајте да се смири резниот алат:

– пред да го превртите уредот,

– за транспорт по површини што се различни од трева,

– Исклучете го моторот за да спречите несакано стартување на моторот: Извлечете го клучот за палење (ако има), оставете го моторот да се излади и извлечете го приклучокот за свекичката за палење,

– пред да ги отстраните зачепувањата и блокирањата на исфрлувањето,

– пред да ја проверувате, чистите, дотерувате косилката за трева или да вршите работи врз уредот,

– кога ќе се удри во надворешно тело. Проверете дали косилката за трева е оштетена и при штета побарајте стручен сервис,

– ако уредот почне да тресе необично силно. Веднаш проверете го уредот.

– Никогаш не го подигнувајте или носите уредот додека моторот работи.

– Проверете го теренот на кој што ќе се користи уредот и отстранете ги сите предмети што може да се зафатат и да излетаат.

– Ако резниот алат удри во надворешно тело (на пр. камен) или ако уредот почне да тресе необично силно: Веднаш изгаснете го моторот. Пред да продолжите со работење проверете во специјализиран сервис дали уредот е оштетен.

– При косењето никогаш не се поставувајте пред отворите за исфрлување трева.

Уреди со збирач на трева:

– При отстранувањето на збирачот на трева можете да се повредите Вие или другите од излетаниют материјал од косењето или од надворешните тела. Никогаш не го празнете збирачот на трева додека моторот работи. Исклучете го уредот.

Опасност од задушување од јаглероден моноксид. Оставајте го моторот со внатрешно согорување да работи само на отворено.

Експлозија и опасност од пожар

– Бензинските пареи се експлозивни и бензинот има висок степен на запалливост.

– Наполнете погонско гориво пред да го стартувате моторот. Држете го резервоарот затворен додека моторот работи или се уште е врел.

– Дотурајте погонско гориво само при изгаснат и изладен мотор. Избегнувајте отворен пламен, појава на искри и не пушете. Полнете го уредот со гориво само на отворено.

– Ако погонското гориво претече не го стартувајте моторот. Отстранете го уредот од површината што е извалкана со погонско гориво и почекајте испарувањето на погонското гориво да заврши.

– За да избегнете опасност од пожар, одржувајте ги следните делови чисти од трева или претечено масло:

  • Motor
    -ИЗДУВ
    -Акумулаторите
    – Резервоарот за гориво.

Опасност од сопнување

– Водете го уредот само со брзина на чекор.

Wolf Garten A 5300 A - Опасност од сопнување - 1

Внимание

Оштетување на уредот.

– Камењата, паднатите гранки или сличните предмети може да предизвикаат оштетување на уредот и на функцијата. Отстранете ги цврстите предмети од работното подрачује пред секое користење.

– Користете го уредот само во беспрекорна состојба. Пред секое користење направете визуелна проверка. Проверете ги посебно безбедносните механизми, деловите за ракување и навојните споеви дали се оштетени и се прицврстени. Заменете ги оштетените делови пред користењето.

Wolf Garten A 5300 A - Оштетување на уредот. - 1

Работни времиња

Почитувајте ги националните/комуналните прописи во врска соработните времиња (пашајте на пример во службата што е надлежна кај вас).

Wolf Garten A 5300 A - Работни времиња - 1

Податоци за положба

При наведувањето на положбата на уредот (на пр. лево, десно) секогаш поағаме гледано од водечката купола во правецот на работа на уредот.

Пред првото пуштање во работа

Поради транспортни причини уредот се испорачува без моторно масло.

■ Поради тоа, пред првото пуштање во работа наполнете моторно масло, погледнете во прирачникот за моторот.

Полнење на акумулаторот (Уреди со електростарт)

⚠️ Опасност од изгореници од киселина/труење

Во екстремни случаи мора да се смета на истекување на течности или гасови..

Во зависност од моделот, акумулаторот се наога во таблата со инструменти на горната рачка (слика 2a) или на капакот на косилката (слика 2b/c).

⚠️ Опасност од струен удар Пред секое користење проверете дали полначот има надворешни оштетувања. Никогаш не користете оштетен полнач.

Внимание

– Проверете дали мрежата работи со 220–230 V и 50 Hz соодветно на податоците на типската ознака на уредот за полнење.

– Штитете го уредот за полнење од влага, дожд, снег, како и од мрзненье.

– Полнете го акумулаторот само во добро проветрена и сува просторија. Не го пречекорувајте максимальното време на полнење од 12 часа.

– Одвојте го уредот за полнење од мрежата и од уредот пред пуштањето во работа на косилката за трева.

Слика 2

■ Пред првото користење на уредот полнете го акумулаторот најмалку 10 часови. Користете го полначот што е содржан во обемот на испорака.

i Совет

Откачувањето на полначот е по обратен редослед.

i Напомена за исфрлување на полначот во отпад

Полначот подлежи на прописите за ифрлување во отпад на електрични уреди. Внимавајте на локалните прописи.

Работи за местење пред секое работење

⚠️ Опасност од повреда

Пред изведување секаква работа на овој уред

– Изгаснете го моторот,

– Извлекете го клучот за палење (ако има),

– Почекајте сите подвижни делови целосно да дојдат во мирување; моторот мора да е изладен.

– Извлечете го приклучокот за свекичката за палење од моторот за да спречите несакано стартување на моторот.

Закачување на збирачот на трева

(само кај уреди со збирач на трева)

Слика 11

■ Подигнете го поклопецот за исфрлување и закачете го збирачот на трева.

Наместете ја висината на сечење

Внимание

При нерамна подлога изберете ја висината на режење, за ножот за режење никогаш да не доага во контакт со почвата.

Слика 3

Дотерајте ја висината на сечење на тревата по желба.

Можност за дотерување (во зависимост од моделот) од околу 3 см до најмногу 9 см.

i Совет

Кај уреди со местење со едно тркало наместете ги сите тркала на иста висина.

Модел А

■ Прицврстете ги тркалата во саканата положба.

Модел В

■ Повлечете го јазичето и влежиштете го во саканата положба.

Модел С

■ Повлечете ја рачката на централното местење на висината нанапред или наназад и влежиштете го во саканата положба.

Заклучување на предните тркала

(само за уреди со предни тркала што се заклучуваат)

Слика 4

Заклучете ги тркалата за возење право – насочете ги тркалата право, а лакот во големиот отвор.

Тркалата се движат слободно – лакот во малиот отвор.

■ Полнете безоловен бензин (погледнете во прирачникот за моторот).
■ Полнете го резервоарот за погонско гориво најмногу до 2 см под долниот раб на отворот за полнење.
■ Цврсто затворете го резервоарот за погонско гориво.
■ Проверете го нивото на масло, по потреба дополнете (погледнете во прирачникот за моторот).

Стартување на моторот

Слика 5

⚠️ Опасност

За заштита од повреди,

– не го стартувајте моторот кога стоите пред исфрлувањето;
– Држете ги дланките и стопалата подалеку од резниот механизам;
– никогаш не ги поставувајте дланките, стопалата или други делови од телото во близина на вртливите делови. Секогаш стојте подалеку од исфрлувањето.

Пред да го стартувате моторот ослободете ги сите резни алати и погони.

Не го превртувајте уредот при стартувањето. Паркирајте го уредот на рамна површина со што е можно пократка трева или со малку трева.

i Совети за моторот

Внимавајте на информациите во прирачникот за моторот.

– Некои модели немаат рачка за гас, бројот на вртежи се мести автоматски. Моторот секогаш работи со оптимален број на вртежи.
– И при загреан мотор може евентуално да биде потребно да се вклучи саухот, односно примерот.
– Некои модели немаат саух и пример. Моторот автоматски се мести според дадената постапка на стартување.

При ладен мотор:

■ Отворете ја чешмата за бензин (ако има).
Уреди со Choke
■ Наместете ја рачката на саухот во положба ⚫ или извлечете го саухот и поставете ја рачката за гас (ако има) на /max – слика 5A.

ИЛИ

■ Наместете ја рачката за гас во положба N – слика 5A.
Уреди со пример:
■ Силно притиснете го примерот 1-5х и поставете ја рачката за гас (ако има) на 7max – слика 5В.

При загреан мотор:

■ Отворете ја чешмата за бензин (ако има).
■ Рачката за гас (ако постои) на /max – слика 5В.

Уреди без електростартер:

Слика 5C

■ Застанати зад уредот притиснете го безбедносниот лак и задржете го.
■ Полека влечете ја влечната рачка за старт и кога їе почувствувате отпор повлечете брзо и силно. Не ја оставајте рачката на стартерот со повлекување да се вовлече брзо, туку вратете ја полека.

Уреди со електростартер:

Слика 5D

■ Одвојте го уредот за полнење од струја и од уредот.
■ Застанати зад уредот притиснете го безбедносниот лак и задржете го.
■ За моторот да стартува завртете го клучот за палење на управувачот (обидувајте се да го запалите максимально 5 секунди и почекајте најмалку 60 секунди пред следниот обид).

i Напомена:

Кај уреди со електричен старт моторот (зависно од изведбата) може да се стартува и рачно со рачката за јаже за стартување.

Кога работи моторот:

■ По стартувањето на моторот (зависно од изведбата):
– вратете го саухот (ако има),
– повлечете ја рачката за гас (ако има) mefy /max. и /min. , за на кратко да го оставите моторот да загрее

■ За косење трева поставете ја рачката за гас (ако постои) на полн гас.

i Совет

Други информации за ракувањето со моторот можете да прочитате во прирачникот за моторот.

■ Рачката за гас (ако постои) во положба 📋 /min.
■ Отпуштете го безбедносниот лак. Моторот и резниот алат стопираат по кратко време.

Работење со уредот

Вклучување/исклучување на погонот на тркалата

(само кај уреди со погон на тркалата)

Слика 6А, В, С

Вклучување на погонот на

тркалата

Wolf Garten A 5300 A - Работење со уредот - 1

■ Повлечете ја рачката/лакот и задржете ја.

Исклучување на погонот на тркалата

Wolf Garten A 5300 A - Работење со уредот - 2

■ Отпуштете ја рачката/лакот.

За вклучување/исклучување може да се користи или левата или десната рачка, односно обете рачки заедно.

i Совет

Поради конструкцијата може да се случа задните тркала да предизвикуваат зголемен отпор при влечење на уредот наназад. Притоа не станува збор за грешка на уредот, туку за својство кое што е условено од техниката. Помош (зависно од моделот): Прво турнете го уредот малку нанапред без да го влечете лакот за погон, а потоа наназад.

Сменете ја работната брзина на погонот на тркалата

(зависно од изведбата)

Внимание

Оштетување на уредот. Вршете го местењето само додека работи моторот. Слика 6D, E

■ Со малата рачка изберете еден од различните брзински степени. (1/min./ ↻ и 4/max./ ↗

Слика 6F, G

■ Со рачката изберете еден од различните брзински степени. (1/min./ и 4/max./ ).

i Совет

Поради техниката може да дојде до отежнато менување на брзината кога уредот е во мирување.

Помош: Повлечете го лакот за погон и изберете степен на брзина.

Отстранување и празнење на збирачот на трева

(кај уреди со збирач на трева) Слика 11

Кога искосеното останува да лежи на подлогата или кога покажувачот за наполнетост (по избор, слика 12) покажува дека корпата е полна:

■ Отпуштете го безбедносниот лак и почекајте моторот за запре.
■ Подигнете го поклопецот за исфрлување и откачете го збирачот на трева.
■ Испразнете ја содржината.

Работење без збирач на трева

Кога ће го отстраните збирачот на трева поклопецот за исфрлување се преклопува надолу. При работење без збирач на трева исечениот материјал се исфрла директно надолу.

Опремување за губрење

(кај уреди со дополнителен прибор за миллирање)

Уреди со исфрлување одзади

Слика 8А

■ Подигнете го поклопецот за исфрлување.
■ Отстранете го збирают на трева.
■ Наместете го клинот за губрење (зависно од моделот)
■ Испуштете го поклопецот за исфрлување.

i Совет

На моделите со интегрирана функција за милкирање не им е потребен посебен клин за милкирање – оваа функција ја врши задниот капак со посебна форма (Слика 8В).

Уреди со странично исфрлување: Слика 9

■ Монтирајте ја заштитата од удар/бравата за миллирање на местото на страничниот исфрлувач(Слика 9А).

ИЛИ

- Отстранете го страничниот исфрлувач – заштитата од удар/ бравата за миллирање се затвора автоматски (Слика 9В).

Модифицирање на уреди за странично исфрлување (зависно од изведбата)

■ Доколку постои: Отстранете го собирачот за трева и испуштете го задниот капак за исфрлување.
■ Подигнете ја заштитата од удар/бравата за милкирање и монтирајте го страничниот исфрлувач (Слика 9С).

По крајот на работата

■ Извлечете го клучот за палење (ако има).
■ Почекајте сите подвижни делови целосно да дојдат во мирување и моторот да се излади,
■ Затворете ја славината за бензин (ако постои – погледнете во прирачник за мотор).
■ Извлечете го приклучокот за свекичката за палење од моторот.
■ Испразнете го збирают на трева.

Уреди со електростарт:

■ Дополнувајте го акумулаторот 10 часа.

i Совет

Оставајте ги уредите во затворена просторија само со изладен мотор.

Совети за нега на тревникот

Неколку совети за Вашата трева да расте здраво и рамномерно.

Косење

Тревата се состоит од различни видови трева. Кога често косите засилено расте трева што има силен корен и создава силна жила. Ако косите ретко засилено се создава трева со висок раст и други диви треви (на пр. детелина, петровка).

Нормалната висина на тревата изнесува околу 4–5 см. Треба да се коси само 1/3 од вкупната висина; значи при 7–8 см да се сече на нормална висина. По можност тревата да не се сече пократко од 4 см, инаку при сувост се оштетува жилата на тревата.

Високо израснатата трева (на пр. по годишен одмор) етапно да се коси на нормална висина.

При косењето секогаш оставајте пругите да се преклопуваат по малку.

Губрење (со прибор)

При косењето тревата се сече на мали парчиња (околу 1 cm) и останува да лежи. Тревата добива многу хранливи состојки.

За оптимален резултат тревата мора да се одржува кратка, погледнете и во поглавје

«Косење». Внимавајте при малчирање на следните совети:

– Не косете влажна трева.
– Не косете повеće од 2 см од вкупната должна на тревата.
- Одете полека.
– Искористете го максимальниот број на вртежи на моторот.
– Редовно чистете го механизмот за сечење.

Транспорт

Куси патеки рачно

Wolf Garten A 5300 A - Куси патеки рачно - 1

Опасност

Вртливиот резен механизмам може да ги зафати предметите и да ги исфрли, притоа предизвикувајки штета.

За уредот да го движите по површини што не се тревнати, претходно стопирајте го моторот.

Со возило

Wolf Garten A 5300 A - Со возило - 1

Опасност

Пред секој транспорт изгаснете го моторот и оставете да се излади.

Извлечете го приклучокот за свекичка за палење.

Не го превезувајте уредот во наведната положба.

Обезбедете го уредот при транспорт на или во возилото довольно од несакано лизгање.

Транспортирајте го уредот само со празен резервоар за погонско гориво! Капакот на резервоарот мора да биде затворен цврсто.

Уреди со преклоплива водилка: Слика 10

■ За полесно сместување соберете го управувачот.

Одржување/Чистење

Wolf Garten A 5300 A - Одржување/Чистење - 1

Опасност

За заштита од повреди при секое работење врз уредот

– изгаснете го моторот,
– Извлечете го клучот за палење (ако има),
– почекајте сите подвижни делови целосно да дојдат во мирување и моторот да се излади,
– извлечете го приклучокот за свекичката за палење од моторот, за да спречите несакано стартување на моторот,
– внимавајте на дополнителните совети во прирачникот за моторот.

Wolf Garten A 5300 A - Опасност - 1

Опасност

За заштита од повреди од резниот механизмам сите работи како замена или дополнительно оштрење на резниот нож вршете ги во стручен сервис (потребни се специјални алати).

Wolf Garten A 5300 A - Опасност - 1

Внимание

Секогаш превртувајте го уредот на тој начин свекичката за палење да покажува нагоре за погонското гориво или маслото да не предизвика оштетување на моторот.

Wolf Garten A 5300 A - Внимание - 1

Совет

Со редовно одржување се овозможува долг век на траење и непречена работа. Недоволното одржување на уредот може да доведе до дефекти поврзани со безбедноста.

Одржување

Wolf Garten A 5300 A - Одржување - 1

Внимание

Внимавајте на прописите за одржување во прирачникот за моторот. На крајот на сезоната однесете го уредот на проверка и одржување во специјализиран сервис.

Сите поправки, како и замената на расипаните акумулатори, одн. прегорени осигурачи вршете ги само во специјализиран сервис.

Wolf Garten A 5300 A - Внимание - 1

Внимание

Загрозување на животната средина од моторно масло. Старото масло по промената на масло предајте го на собирно место за старо масло или во отпад.

Wolf Garten A 5300 A - Внимание - 1

Загрозување на животната средина од акумулатори.

Истрошените акумулатори не спајаат во кукниот отпад. Предајте ги истрошените акумулатори на Вашиот продавач или на отпад. Отстранете ги акумулаторите пред уништувањето на уредот.

Wolf Garten A 5300 A - Загрозување на животната средина од акумулатори. - 1

Совет

Внимавајте на интервалите за контрола и одржување во прирачникот за моторот. Во зависност од моделот, вашиот уред е опремен со електронски покажувач за сервисирање (Слика 13). Внимавајте на соодветните покажувачи за сервисирање, дополнительно на писмените напомени за сервисирање. Ракувањето и другите информации молиме прочитајте ги во посебното упатство за ракување, кое што е приложено со покажувачот за сервисирање.

Пред секоја работа

■ Проверете го нивото на масло, по потреба дотурете.
■ Проверете дали навојните врски се цврсти, по потреба затегнете.
■ Проверете ги безбедносните уреди.

Проверете ја точката на зафаќање на спојката: (само кај уреди со погон на тркалата)

– Додека моторот работи и ислучен е погонот на тркалата уредот не смее да се движи нанапред.
– Додека моторот работи и включен е погонот на тркалата уредот треба да се вози нанапред.

Слика 15

■ По потреба дотерајте ја точката на зафаќање со помош на запчестото тркало/навртката за дотерување на рачката за погон на тркалата (според изведбата, од долната страна на конзолата за вклучување) или со влечната сајла.

Wolf Garten A 5300 A - Слика 15 - 1

Совет

Кај некои модели не постои можност за дотерување.

По првите 2–5 работни часови

■ Променете го маслото, погледнете во приложениот прирачник за моторот.

По секое косење или на секои 8 недели

(само уреди со електростарт)

■ Дополнувајте го акумулаторот 10 часа.

Еднаш во сезоната

■ Променете го маслото, погледнете во приложениот прирачник за моторот.
■ Подмачкајте ги зглобовите и вртливата пружина на поклопецот за исфрлување.
■ На крајот на сезоната однесете го уредот на проверка и одржување во сервис.

Чистенье

Wolf Garten A 5300 A - Чистенье - 1

Внимание

Чистете го уредот по секоја употреба. Неисчистениот уред води кон оштетување на материјалот и на функционирањето.

За чистење на користете чистач под висок притисок.

Чистење на збирачот на трева (само кај уреди со збирач на трева)

Чистењето е наједноставно веднаш по косењето.

■ Отстранете го збирачот на трева и испразнете го.
■ Збирачот на трева може да се исчисти со силен воден млаз (градинарско црево).
■ Збирачот на трева темелно исушете го пред следното користење.

Чистење на косилката за трева

Wolf Garten A 5300 A - Чистење на косилката за трева - 1

Опасност

При работа врз резниот механизам можете да се повредите. За Ваша заштита носете работни ракавици.

Wolf Garten A 5300 A - Опасност - 1

Внимание

Секогаш превртувајте го уредот на тој начин свекичката за палење да покажува нагоре за погонското гориво или маслото да не предизвика оштетување на моторот.

Не го прскајте уредот со вода бидејки може да се оштетат електричните делови.

По можност чистете го уредот веднаш по косењето.

Уреди без систем за миење на капакот:

■ Исчистете ги просторот за сечење и поклопецот за исфрлување со четка, рачна метла или крпа.
■ Поставете го уредот на тркала и отстранете ги сите видливи остатоци од трева и нечистотија.

Уреди со систем за миење на капакот:

Слика 14

Косилките за трева со систем за миење на капак се опремени со приключок за вода. Со него можат да се исплакнат остатоците од трева од долната страна на капакот на косилката и се спречува таложење на кородирачки хемикалии.

По косењето постапете на следниот начин:

■ Поставете го уредот на рамна површина, без шљунак, камчиња и сл.

Wolf Garten A 5300 A - Слика 14 - 1

Совет

Отворот за исфрлување не смее да се насочува кон куći, гаражи и сл.

■ Монтирајте обичен адаптер за црево (по избор е во обемот на испорака) на цревото за вода и приключете го на приклучокот за вода на капакот на косилката.

■ Пуштете вода.

■ Стартувајте го моторот и оставете го да работи неколку минути.

■ Изгаснете го моторот и отстранете го цревото за вода од уредот.

По завршувањето на постапката на чистење:

■ Стартувајте го моторот и оставете го да работи неколку минути, за долната страна на капакот на косилката да се исуши.
■ Запрете го моторот.

Ставање во мирување

Wolf Garten A 5300 A - Ставање во мирување - 1

Опасност

Опасност од експлозија и пожар. Никогаш не го сместувајте уредот со погонско гориво во резервоарот во простории во кои што испарувањата од погонското гориво може да дојдат во допир со отворен орган или искри.

Wolf Garten A 5300 A - Опасност - 1

Внимание

Оштетувања во материјалот на уредот.

Чувајте го уредот (со изладен мотор) само во чисти и суви простории. При подолго сместување, на пр. во зима заштитете го уредот од корозија. По сезоната или кога уредот нема да се користи подолго од еден месец:

■ Испуштете го погонското гориво во соодветен сад и ставете го моторот во мирување како што е опишано во прирачникот за моторот,

Wolf Garten A 5300 A - Внимание - 1

Внимание

Испуштајте го погонското гориво само на отворено.

■ Исчистете го уредот и збирачот на трева.
■ Сите метални делови заради заштита од корозија избришете ги со мрсна крпа (масло без восок) или испрскајте ги со масло.
■ Наполнете го акумулаторот (ако има).

Гаранција

Во секоја земја важат гаранциските одредби што се пропишани од нашето друштво или од увозникот. Пречките на Вашиот уред во рамките на гаранцијата ги отстрануваме бесплатно доколку причината е грешка во материјалот или производството. Во случај за гаранција молиме обратете се на Вашиот продавач или на најблиската филијала.

Производителот на моторот гарантира за сите проблеми поврзани со моторот во поглед на силината, мерењето на силината, техничките податоци, гаранцијата и сервисот. Поблиски информации їе најдете во посебно испорачаното упатство за сопственикот/ракувачот од производителот на моторот.

Откривање и отстранување на пречките

Пречките при работата на Вашиот уред често пати имаат едноставни причини што треба да ги познавате и делумно самите да можете да ги отстраните. При двоумење со задоволство ће ви помогне вашиот специјализиран продавач.

Влечното јаже за старт не се влече.Безбедносниот лак не е притиснат.Притиснете го безбедносниот лак кон горната водилка.
Ножот е блокиран. Извлечете го приклучокот за свекичката за палење и отстранете ја блокадата.
Моторот е расипан. Побарајте специјализиран сервис.
Моторот не пали. Рачката за гас е во неправилна положба.Рачката за гас во положба или СНОКЕ (при незагреан мотор).
Рачката за гас во положба max. или START (при загреан мотор).
Косилката стои во висока трева.
Нема гориво во резервоарот. Наполнете го резервоарот со чисто, свежо погонско гориво.
Приклучокот за свекичката за палење не е наместен.
Погонското гориво е старо или извалкано.
Филтерот за воздух е извалкан.
Саухот не е включен. Повлечете го саухот.
Primer не е включен при ладен старт.
– Кај уред со електростарт:Наполнете го акумулаторот.Наполнете го акумулаторот со испорачаниот полнач.
Кабелот е оштетен.Проверете дали електричниот кабел е во ред.
Осигурувачот е прегорен.Заменете го прегорениот осигурач во специјализиран сервис.
Необични звуци (sвецкање, крчење, тропање).Завртките, навртките или другите делови за прицврстување се лабави.Прицврстете ги деловите. Ако звуците останат: Побарајте специјализиран сервис.
Потреси, вибрации. Ножот е лабав. Завртката за прицврстување на ножот стегнете ја во стручен сервис.
Нечист рез или бројот на вртежи паға.Тревата е превисока. Наместете поголема висина на сечење, по потреба косете двапати.
Тревата останува да лежи или собирачот за трева не се полни.Тревата е премногу влажна. Оставете тревата да се исуши.
Исфрлувањето е зачепено. Изгаснете го моторот, отстранете го зачепувањето.
Ножот е тап. Заменете го ножот во стручен сервис или дополнително наоштрете го.
Недоволна силина на моторот.Косете почесто, изберете поголема висина на сечење.
Збирачот на трева е полн. Изгаснете го моторот, испразнете го збирачот на трева.
Збирачот на трева е извалкан.Изгаснете го моторот, исчистете го отворот за воздух во збирачот на трева.
Погонот на тркалата не функционира.Клинестиот ремен е скинат или менувачот е расипан.Заменете ги оштетените делови во стручен сервис.
Сајлата/сајлата со чаура е скината.Заменете ги оштетените делови во стручен сервис.

İçindekiler

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : Wolf Garten

Модел : A 5300 A

Категорија : кошачка за трева