BOSCH GKE 18V40 Professional - Пила

GKE 18V40 Professional - Пила BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GKE 18V40 Professional BOSCH во PDF формат.

📄 404 страници PDF ⬇️ Македонски MK 💬 AI прашање 🖨️ Печати
Notice BOSCH GKE 18V40 Professional - page 287
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GKE 18V40 Professional

Категорија : Пила

SKIP

Frequently Asked Questions - GKE 18V40 Professional BOSCH

Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GKE 18V40 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GKE 18V40 Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GKE 18V40 Professional BOSCH

Безбедносни напомени Толкување на симболите Прочитајте го упатството за употреба. Општи безбедносни правила. Не употребувајте го овој производ кога има

Држете ја пилата секогаш со двете раце. Внимавајте на повратен удар на пилата и иѕбегнувајте контакт со врвот на сечилото. Носете ја вашата лична заштитна опрема (ППЕ), користете заштита за очи, слух и

Носете заштитни ракавици. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Тргнете ја батеријата пред сервисирање. Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен

u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. Bosch Power Tools F 016 L94 704 | (11.07.2024)288 | Македонски u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните

u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. u Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се

u Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи

Употреба и чување на батериски алат u Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии. u Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар. u Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар. u Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници. u Не употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од

u Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на оган или висока температура. Изложувањето на оган или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија. u Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар. Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. F 016 L94 704 | (11.07.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 289 u Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис. Општи безбедносни предупредувања за моторни пили u Чувајте ги сите делови на телото понастрана од ланецот додека работи. Пред да ја вклучите пилата, проверете ланецот ништо да не допира. При работа со пилата, и еден момент на невнимание може да предизвика ланецот да Ви се заплетка во облеката или

u Секогаш држете ја пилата со десната рака на задната рачка и со левата рака на предната рачка. Обратното држење на пилата го зголемува ризикот од повреда и никогаш не треба да се практикува. u Држете го апаратот само за изолираните површини, бидејќи ланецот може да дојде во контакт со скриени кабли. Контактот на ланецот со жици што спроведуваат струја може да ги наелектризира металните делови на пилата и да доведе до струен удар на ракувачот. u Носете заштитни очила. Се препорачува и носење на дополнителна заштитна опрема за ушите, главата, рацете, нозете и стапалата. Соодветна заштитна облека ќе ја намали опасноста од повреда предизвикана од отфрлен отпад или случаен допир на

u Не користете ја моторната пила на дрво, скала, покрив или нестабилна подлога. Работењето со моторната пила на таков начин може да предизвика сериозни повреди. u При употреба на пилата, секогаш стојте стабилно и цврсто со нозете на тлото и секогаш користете ја пилата на цврста, безбедна и рамна површина. Лизгавите површини или нестабилните површини може да доведат до губење рамнотежа или губење на контролата врз моторната пила. u Кога сечете затегната гранка, внимавајте да не отскокне. При ослободување на затегнатоста, гранката може да отскокне и да го повреди ракувачот и/или да ја исфрли пилата од контрола. u Бидете особено внимателни кога сечете повеќе гранки одеднаш и фиданки. Мекиот материјал може да се заплетка во ланецот, да Ве повлече кон себе и да Ве исфрли од рамнотежа. u Секогаш носете ја пилата исклучена, држејќи ја за рачката со ланецот свртен од себе. При транспорт или складирање, секогаш ставете ја футролата на ланецот. Исправното ракување со ланецот ќе ја намали опасноста од случаен контакт со ланецот во

u Следете ги упатствата за подмачкување, затегнување на ланецот како и при замена на шипката и ланецот. Несоодветно затегнатиот или неподмачкан ланец може да се скине или да отскокне. u Сечете само дрво. Не користете ја пилата во цели за коишто не е наменета. На пример: Немојте да ја употребувате пилата за сечење на метал, пластика, зидарски и градежни материјали коишто не се од дрво. Употребата на пилата во цели за коишто не е наменета може да доведе до опасни ситуации. u Овој електричен алат не е наменет за сечење дрвја. Користењето на моторната пила за каква било друга операција, освен онаа за која е дизајнирана, може да резултира со сериозни повреди на операторот или случајните минувачи. u Придржувајте се на упутставата при чистење заглавен материјал, складирање или сервисирање на моторната пила. Задолжително проверувајте дали прекинувачот за напојување е исклучен и дали батеријата е извадена. Неочекувано работење на моторната пила при отстранување на заглавениот материјал или за време на одржувањето може да резултира со сериозни повреди. u Причини за отскокнување на ланецот и заштита од повратен удар: Отскокнување може да се случи ако врвот на водилката допре некој предмет, или ако дрвото се стегне и го заглави ланецот во резот. Допирање на водилката во некои случаи може да доведе до отскокнување, зафрлајќи ја одеднаш пилата наназад кон ракувачот. Заглавување на ланецот кај водилката може да предизвика зафрлање на пилата наназад кон

Овие две ситуации можат да доведат до губење на контрола над пилата и претставуваат опасност од повреда. Не потпирајте се само на заштитните механизми вградени во пилата. Сите корисници на пила со синџир треба да преземат разни мерки за да можат да работат без несреќи и повреди. Повратниот удар е последица од погрешна или неправилна употреба на моторната пила. Тоа може да се спречи со преземање соодветни мерки на претпазливост како што е опишано подолу: u Пилата држете ја со двете раце цврсто, со палецот и другите прсти околу рачките. Заземете став со телото и рацете така да можете да спречите отскокнување на пилата кон Вас. Ракувачот може да ги контролира отскокнувањата, доколку преземе потребни мерки на претпазливост. Никогаш не испуштајте ја пилата. u Не пресегнувајте предалеку и не подигнувајте ја пилата повисоко од висината на Вашите рамена. Со ова ќе спречите несакано допирање на врвот, што овозможува подобра контрола врз пилата во непредвидени ситуации. u Употребувајте само резервни делови и ланци одредени од произведувачот. Несоодветна замена може да предизвика кинење на ланецот и отскокнување. u Придржувајте се до упатствата за острење и одржување на пилата дадени од произведувачот. Bosch Power Tools F 016 L94 704 | (11.07.2024)290 | Македонски Намалувањето на длабочината ја зголемува опасноста од отскокнување. Дополнителни сигурносни напомени u Овој уред содржи магнети - Не ставајте го магнетот во близина на импланти и други медицински уреди, како што се пејсмејкери или инсулински пумпи, магнетни носачи на податоци и магнетно чувствителни уреди. Магнетот создава поле, кое може да ја наруши функцијата на овие видови медицински уреди или да предизвика неповратно губенје на податоци. u Оваа машина не е наменета на личности (и деца) со ограничени физички, сетилни или ментални можности, со недостаток на искуство и знаење, освен ако не им се обезбедени соодветни инструкции или надзор за употреба на машината од страна на личност одговорна за нивната безбедност. Децата треба да бидат под надзор да не си играат со уредот. u При работата, држете го електричниот апарат цврсто со двете дланки и стојте стабилно. Со електричниот апарат посигурно ќе управувате ако го држите со двете дланки. u Пред да ја користите машината проверете да се монтирани сите штитници и рачки. Никогаш не работете со машина која не е целосно монтирана или на која се вршени недозволени преправки. u Секогаш ракувајте со електричниот алат со правилно порамнет и затегнат ланец. Користењето на електричниот алат со неправилно порамнет и неправилно затегнат ланец може да го скине ланецот, да предизвика повратен удар и / или повреда. Безбедносни напомени за оптимално користење на батериите u Уверете се дека тримерот е исклучен пред да ја ставите батеријата. Ставањето на батеријата додека уредот работи може да предизвика несреќа. u Употребувајте само Бош батерии наменети за овој уред. Употребата на некои други батерии може да предизвика повреда или пожар. u Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој. Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, вода и влага. Постои опасност од експлозија. u Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спајалици, клучеви, железни пари, клинци, шрафови или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар. u Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени побарајте помош од лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта. u Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. u Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее. u Не предизвикувајте краток спој на батеријата. Инаку, постои опасност од експлозија. u Заштитете ја батеријата од влага и вода. u Складирајте ја батеријата во граници на температура од –20°C до 50°C. Не оставајте ја батеријата на пример во автомобил на лето. u Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.

Следните симболи се важни за читање и разбирање на упатството за употреба. Ве молиме проучете ги симболите и нивното значење. Точната интерпретација на симболите ќе ви помогне подобро и побезбедно да го користите уредот. Ознака Значење Држете ги децата, луѓето и домашните миленици подалеку. Правец на движење Правец на реакција

Исклучување Дозволена функција Забранети акции CLICK! Чујна бучава Дополнителна опрема/резервни

F 016 L94 704 | (11.07.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 291 Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања и упатства. Непочитувањето на безбедносните предупредувања и упатства може да доведе до електричен удар, пожар и/или сериозни

Видете ги илустрациите во предниот дел од упатството за

Употреба со соодветна намена Електричниот алат се користи за режење дрвја и стебла близу до земјата. Пилата сече вдолж и попреку на влакната на дрвото. Овој уред не е соодветен за сечење материјали со минерален состав. Овој електричен алат не е наменет за сечење дрвја. вградени компоненти (види слика A) Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница. (1) Задна дршка (2) Прекинувач за вклучување/исклучување (3) Диск за ланецот (4) Предна дршка (5) Заштита за рака/Рачка за активација на кочницата од повратен удар (6) Отвор за масло (7) Завртка за затегнување на ланецот (8) Завртки за прицврстување (9)

(10) Затегнувачка чаура (11)

(13) Алатка за монтажа (14)

(15) Завртка за заклучување (16) Штитник за ланецот (17) Капак од резерварот за масло (18) Прозорче за контрола на нивото на масло (19) Брава за вклучување/исклучување (20)

(22) Приказ за наполнетост на батеријата Технички податоци Бежична моторна пила GKE 18V-40 Број на артикл 3 600 HD3 0.. Номинален напон

V 18 Брзина на ланецот во празно m/s 12,4 Должина на мечот см 40 Компатибилен меч Oregon 144MLEA041 Bosch 1 600 A03 0J6 Нагиб на ланецот за пила 3/8" низок профил Јачина на погонската врска мм (1,1/0,043") Број на погонски карики 57 Дијаметар на сечење макс. см 36 Капацитет на резерварот за масло мл 150 Автоматско подмачкување ● Прицврстете го системот на алатката ● Навртка за затегнување ● Кочница за отскокнување ● Кочница за исфрлување од брзина ●

°C -20 ... +50 Компатибилни батерии ГБА 18V... ProCORE18V. 5.5Ah, 8.0Ah, 12Ah Препорачани батерии ProCORE18V. ≥ 5.5Ah Препорачани полначи GAL 18... GAX 18... A) во зависност од употребената батерија B) * ограничена моќност на температури < 0 ° C Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависат од примената и условите на животната средина. Повеќе информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac. Информации за бучава/вибрации GKE 18V-40 Утврдени вредности на емисија на бучава согласно EN 62841-4-1:2020. Измереното А ниво на бучавата изнесува обично: – Звучен притисок dB(A)

– Несигурност K dB 3,0 Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збор на трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со EN 62841-4-1:2020. – Вредност на емисија на вибрации a

1,5 Бидејќи декларираната(е) вкупна вредност(и) на вибрации и декларираната(е) вредност(и) на емисија на бучава се измерени според стандардизиран тест метод и може да се користат за споредување на еден електричен алат со друг. Навередната/-ните вкупна(и) вредност(и) на вибрации и наведената/-ните вредност(и) за емисија на бучавост(а) исто така може да се користат за прелиминарна проценка на изложеноста. Емисиите на вибрации и бучава за време на реалната употреба на алатот може да се разликуваат од декларираните вредности, во зависност од начинот на кој се користи електричниот алат, особено од типот на предметот што се обработува; и потребата да се воспостават безбедносни мерки за заштита на операторот, врз основа на проценка на изложеноста на вибрации за време на реалните услови на употреба (земајќи ги предвид сите делови од работниот циклус, како што се времињата кога електричниот алат е исклучен и времето кога е вклучен, но работи без оптоварување).

Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето. Полнење на батеријата u Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред. Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја. Ставање на батеријата Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи. F 016 L94 704 | (11.07.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 293 Вадење на батеријата За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила. Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сѐ додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина. Приказ за наполнетост на батеријата Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување. Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , за да се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија. Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени. Тип на батерија GBA 18V... LED-светилки Капацитет Трајно светло 3× зелено 60–100% Трајно светло 2× зелено 30–60% Трајно светло 1× зелено 5–30% Трепкаво светло 1× зелено 0–5% Тип на батерија ProCORE18V... LED-светилки Капацитет Трајно светло 5× зелено 80–100% Трајно светло 4× зелено 60–80% Трајно светло 3× зелено 40–60% Трајно светло 2× зелено 20–40% Трајно светло 1× зелено 5–20% Трепкаво светло 1 × зелено 0–5% Напомени за оптимално користење на

Заштитете ја батеријата од влага и вода. Складирајте ја батеријата во опсег на температура од −20°C до 50°C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето. Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка. Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени. Внимавајте на напомените за отстранување. Одржување на батеријата За да постигнете оптимална употреба на батеријата следете ги следните упатства и мерки на претпазливост: – Заштитете ја батеријата од влага и вода. – Чувајте ја батеријата во граници на температура од – 20°C до 50°C. Не оставајте ја батеријата на пример во автомобил во летен период. – Батеријата полнете ја одвоено, а не додека стои во

– Не оставајте ја батеријата во косачката изложена на дирекна сончева светлина. – Оптималната температура за чување на батеријата изнесува 5 °C. – Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка. Скратеното време на работа по полнењето покажува дека батеријата е потрошена и мора да се замени.

За Ваша безбедност u Предупредување! Згаснете го уредот и исклучете го од напојување пред секоја операција на чистење или прилагодување. u Внимавајте! Ланецот е остар. Секогаш носете заштитни ракавици кога работите со ланецот. u Не работете со пилата во близина на луѓе, деца и животни. Не работете со пилата ако сте под влијание на алкохол, дрога или лекови кои влијаат на способностите. u Користете ја моторната пила, само ако капакот е правилно прицврстен со завртките (8) за

Склопување на шипката и затегнување на ланецот на пилата (види сликаB1 – B4) u Внимавајте! Секогаш затегнувајте го ланецот на пилата кога е жежок. – Потавете ја моторната пилата на соодветна површина со капачето (14) свртено нагоре. – Одстранете го капакот (14), така што двете монтажни навртки (15) ќе ги извадите со помош на алатот за (13) монтажа. – Држете го мечот (11) со врвот вертикално нагоре и орикачете нов или наострен ланец за пила на мечот (12) во правилна насока од шипката (види слика B1). – Прилагодете ја водечката игла (10) со вртење на лево, при што завртката за затегнување на ланецот треба да се врти (7) спротивно од стрелките на часовникот. Забелешка: Сечилото нема да се вклопи на моторната Bosch Power Tools F 016 L94 704 | (11.07.2024)294 | Македонски пила ако иглата за водење (10) не е правилно

– Уверете се дека ланецот од пилата (12) е правилно поставен во прорезот околу целата шипка. – Поставете го ланецот од пилата околу ланчаникот (3) и турнете ја шипката да слизне (11) преку монтажните навртки (8). – Поставете го капакот (14) преку монтажните навртки (8). – Прицврстете ги монтажните навртки (15) на монтаѓните завртки (8) и внимателно со рака затегнете ги навртките (15) за да го прицврстите (14) капакот. (види слика B3). – Користете ја алатката за монтажа (13), за да ја завртите завртката за затегнување на ланецот (7) во насока на стрелките на часовникот додека ланецот не се затегне околу шипката. Правилното затегнување на ланецот се постигнува кога ланецот на пилата (12) може да се подигне на околу 6-7 mm (11) од шипката. За да го направите ова, поставете ја моторната пила на соодветна рамна површина. Фатете го ланецот на пилата со ракавици на врвот на шипката, (11), близу до средината по должина на резот и подигнете го ланецот на пилата (12) према тежината на моторната пила. – Ако ланецот на пилата е премногу тзатегнат, користете ја алатката за монтажа (13) за да ја завртите завртката за затегнување на ланецо (7) спротивно од стрелките на часовникот додека не се постигне правилното затегнување на ланецот. Забелешка: Не го затегнувајте ланецот на пилата премногу - прекумерното затегнување ќе предизвика прекумерно абење и ќе го скрати животниот век на ланецот на пилата и може да ја оштети шипката на

Забелешка: Новите ланци за пила може значително да се издолжат кога се користат за прв пат. Извадете ја батеријата и редовно проверувајте ја затегнатоста на ланецот на пилата во првите два часа од употребата. – Затегнете ги навртките (15) со алатката за монтажа (13) и прицврстете го капакот (14) на моторната пила. – Пред употреба проверете дали двете монтажни навртки (15) се наместени и прицврстени. Демонтирање на ланецот и шипката – Потавете ја моторната пилата на соодветна површина со капачето (14) свртено нагоре. – Одстранете го капакот (14), така што двете монтажни навртки (15) ќе ги извадите со помош на алатот за (13) монтажа. – Олабавете го ланецот (12), вртејќи ја завртката (7) со помош на алатката од приборот за монтажа (13) спротивно од стрелките на часовникот. – Отстранете го мечот (11) од монтажните навртки (8). – Отстранете го ланецот од погонскиот запчаник. Полнење на резервоароит за масло (види слика C) Забелешка: Пилата не се продава наполнета со уље за ланецот. Многу е важно да ставите соодветно масло пред првата употреба. Употребата на моторната пила без лепливо масло за ланецо за пила или со ниво на масло под минималната ознака ќе ги оштети шипката и ланецот

За да го наполните резервоарот за уље, постапете на следниов начин: – Потавете ја пилата на соодветна површина со капачето на резервоарот за масло (17) свртено нагоре. – Исчистете ја површината околу капачето на резервоарот за масло. (17). Користете чиста крпа за да ја отстраните нечистотијата. – Одвртете го капачето на резервоарот за масло (17) спротивно од стрелките на часовникот. – Наполнете го резервоарот за масло со биоразградливо масло за ланец од Бош. (Број за нарачка: F016800642) – Кога го полните маслото за лепење на ланецот, проверете дали не навлегува нечистотија или други предмети во резервоарот за масло. – Капачето на резервоарот за масло (17) е прицврстено на моторната пила.. Уверете се дека капачето на резервоарот за масло не го блокира отворот на резервоарот за масло при полнење. – Можете да го проверувате нивото на маслото во текот на работата преку прозорецот за преглед на масло и (18) контрола. Кога ќе се достигне минималното ниво, доставете ново масло. – Поставете го капачето на резервоарот за масл (17) и цврсто затегнете го.. Забелешка: Користете масло за моторна пила на Bosch или еквивалентно масло за ланец кое е дозволено за моторна пила. Употребата на неодобрено масло може да ги наруши перформансите на системот за масло. Употреба на неодобрени масла води до губење на гаранцијата. Совет: За најдобри перформанси, треба да се користи Bosch биоразградливо масло за моторна пила. Подмачкување на ланецот (види слика E3) Животниот век и ефикасноста на ланецот зависат од оптималното подмачкување. Затоа, при работа, од кај отворот за масло (6) ланецот автоматски се подмачкува. Редовно проверувајте дали ланецот на пилата е правилно

– Со полн резервоар за масло, држете ја моторната пила со врвот на шипката насочен кон светла површина. – Вклучете го електричниот алат приближно 1 минута или додека маслото не се види на светлата површина. – Ако не е видливо масло, видете Решавање проблеми со сув ланец. F 016 L94 704 | (11.07.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 295 – Ако системот за подмачкување сè уште не функционира правилно, контактирајте со центар за услуги на клиентите на Bosch. Забелешка: Филтерот за масло е вграден во резерварот за масло. Контактирајте со службата за корисници на Bosch за решавање или отстранување проблеми. Забелешка: Маслото се згуснува на ниски температури што го намалува протокот на маслото.

u Секогаш прочитајте ги упатствата за работа и безбедносните информации пред употреба. u Секогаш носете соодветна облека и лична заштитна

u Спроведете го потребното одржување пред секоја

u Секогаш проверувајте ја состојбата на алатот и ланецот, нивото на маслото и правилното склопување пред употреба. Користете ја моторната пила само ако е во совршена работна состојба. u Секогаш бидете сигурни дека областа е сува и без пречки и дека нема случајни минувачи во таа

u При употреба на пилата, секогаш стојте стабилно и цврсто со нозете на тлото и секогаш користете ја пилата на цврста, безбедна и рамна површина. u Никогаш не користете моторна пила на скали или над висината на рамото. u Никогаш не достигнувајте премногу далеку или не работете со раширени раце. u Држете ја пилата секогаш цврсто со двете раце. u Не оставајте го производот на подот. Опасност од

u Не пушете и не внесувајте оган или пламен во работната просторија. Прашината од моторна пила може да биде многу запалива. u Не притискајте го копчето за вклучување/ исклучување откако уредот автоматски ќе се исклучи. Во спротивно батеријата може да се

Забелешка: Моторната пила не се испорачува наполнета со масло (F 016 800 642). Не употребувајте ја моторната пила пред да го наполните резервоарот за масло со препорачаното масло за лепење за ланец за пила (видете слика C). u Користењето моторна пила со погрешно порамнет или неправилно затегнат ланец може да доведе до кинење на ланецот, повратен удар и / или повреда. u Новите ланци за пила може значително да се издолжат кога се користат за прв пат. u Редовно проверувајте ја затегнатоста на ланецот за време на употребата. За правилно склопување, (види „Склопување на шипката и затегнување на ланецот на пилата (види сликаB1 – B4)“, Страница293). Правилно ракување со моторната пила (види слику H) Секогаш користете го правилното ракување опишано во

– Носете соодветни ракавици со моторна пила што не се лизгаат за максимално држење и заштита. – Секогаш држете ја пилата со двете раце кога пилата е

– Ставете ја десната рака на задната рачка, а левата на предната рачка, а со палците и прстите да ја заокружувате рачките на моторната пила. (види слика E2) – Одржувајте ја својата тежина во баланс и ставете ги двете стапала на цврсто тло. – Држете го левиот лакт во „исправена“, вкочанета положба за да ги издржите сите евентуални сили од повратните удари. – Никогаш немојте да работите со испружени раце или да не се подавате премногу далеку од својот баланс. – Држете ја цврсто моторната пила и држете ја левата рака вкочанета за да ја одржите контролата врз моторната пила ако се случи повратен удар. – Држете ја моторната пила на десната страна од телото. – Погрижете се ниту еден дел од вашето тело да не ја преминува линијата на сечење. Повратен трзај може да ја отфрли моторната пила назад кон вашето тело. (Види слика H) Повратниот удар може да ја отфрли моторната пила назад кон вашето тело. (види слика H) Вклучување/исклучување (види слика E1) u Носете соодветни ракавици со моторна пила што не се лизгаат за максимално држење и заштита. Пред вклучување: – Отстранете го штитникот на ланецот.z (16). – Вметнете ја батеријата. – Држете ја моторната пила цврсто со двете рачки и држете го вашето тело подалеку и вон дофатот на ланецот на пилата. (види слика H). Вклучување: – Повлечете ја заштитната рачка за активација на повратната кочница која е заштитата од повратен удар (5) од позиција 2 на позиција 1 кон предната рачка (4). – Притиснете го копчето на прекинувачот за вклучување/исклучување (19), потоа прекинувачот за вклучување/исклучувањеr (2) и држете го притиснато.. – Ослободете ја бравата на прекинувачот веднаш штом стартува моторната пила. – Ланецот на пилата мора да биде со полна брзина пред да работите на дрвото. Bosch Power Tools F 016 L94 704 | (11.07.2024)296 | Македонски Забелешка: Моторната пила нема да се вклучи ако рачката за активирање на сопирачката за повратен удар (5) не е правилно деактивирана пред употребата. Исклучување: – Ослободетее го прекинувачот за вклучување/ исклучување (2) повторно да се врати назад. Исклучување на напојувањето за струја на струја се враќа во безбедна/заклучена состојба. – Повлечете ја заштитната рачка за активација на повратната кочница која е заштитата од повратен удар (5) од позиција 1 на позиција 2 кон предната рачка (4). Општо однесување (види слика F) – Корисниците кои прв пат сечат треба да вежбаат сечење трупци на коњ за пила. – Со исклучена пила, заземете ја правилната положба пред дрвото. – Вклучете ја моторната пила и уверете се дека ланецот на пилата работи со полна брзина пред да дојде во контакт со дрвото. – Започнете со сечење со притискање на стоп за канџи (9) притиснете на дрвото за да го стабилизирате

– Кога сечете подебели трупци или трупци, користете го запирачот за канџи како потпора и при тоа постепено ќе го враќате граничникот за канџи на пониска точка додека сечете. За да го направите ова, повлечете ја моторната пила малку наназад додека не се ослободи стопчето за канџи и повторно ставете ја моторната пила на пониско ниво за да продолжите со пилата. Не вадете ја до крај пилата од резот. – Држете ја моторната пила да работи во текот на сечењето и одржувајте конзистентна брзина. – Кога пилите, не притискајте го синџирот на пилата со сила; оставете го да работи. – Секогаш вадете ја моторната пила од сечењето дрво додека работи ланецот на пилата. – Внимание при крајот на резот. Тежината на пилата одеднаш се менува при ослободување од дрвото. Постои опасност да се повредат нозете и стапалата. – Отпуштете го прекинувачот за вклучување/ исклучување веднаш штом ќе заврши сечењето, така што ланецот ќе застане и правилно наместете ја сопирачката за повратен удар (5) во Позиција O (види слика E1). Отскокнување (види слика G) Со основно разбирање на повратниот удар, можете да ги намалите повратните удари што се случуваат и може да доведат до несреќи. Секогаш внимавајте да стоите цврсто на земја и да ја одржувате рамнотежата. Секогаш внимавајте да стоите цврсто на земја и да ја одржувате рамнотежата. Под отскокнување се подразбира ненадејно и брзо движење на пилата нагоре и наназад коешто се случува кога ланецот (на врвот на плочата) доаѓа во контакт со материјал, или кога се заглавува ланецот. При отскокнување пилата реагира непредвидливо и може да предизвика тешки повреди кај ракувачот или лицата во непосредна близина. Обрнете особено внимание на пилењето во странични и дијагонални насоки, како и кога правите засеци по должина. При вакви резови канџа стоп (9) нормално не може да се искористи. За да го минимизирате повратниот удар, почитувајте ги следниве мерки на претпазливост: – Секогаш внимавајте правилно да ракувате со моторната пила. – Држете ја цврсто моторната пила и држете ја левата рака вкочанета за да ја одржите контролата врз моторната пила ако се случи повратен удар. – Проверете дали областа што ја сечете е чиста и да нема препреки. Внимавајте да не дозволите носот на шипката да дојде во контакт со трупец, гранка, ограда или друга пречка на која може да наидете додека ја користите пилата. Забелешка: Повратен удар може да се случи ако врвот на сечилото дојде во контакт со пречка. – Секогаш сечете со полна брзина на моторната пила. Целосно притиснете го прекинувачот за вклучување/ исклучување (2) и одржувајте постојана брзина на

– За резерва и замена користете само шипки и синџири со низок повратен удар препорачани од Bosch. Кочница или сопирачка за отскокнувања Сопирачката за повратен удар е безбедносен механизам кој се активира со зглобот со помош на рачката за активирање на сопирачка (5) при повратен удар. Ланецот веднаш се закочува. Ова го намалува ризикот од повреда од повратен удар. Редовно проверувајте дали работи сопирачката за повратен удар: – Држете ја пилата секогаш цврсто со двете раце. – Вклучете ја моторната пила. – Додека се ротира ланецот на пилата, турнете ја рачката напред со својот зглоб за да ја активирате сопирачката при (5) повратен удар. Не користете ја моторната пила ако ланецот на пилата не запре веднаш за време на

Забелешка: При нормална употреба, не запирајте ја моторната пила со намерно ракување со рачката на сопирачката за повратен (5) удар. Сечење трупци (види слики H) – Секогаш прицврстувајте ги трупците пред пилање. – Секогаш исечете го трупецот покрај обезбедените точки за да спречите заглавување на трупецот и заглавување на ланецот. – Осигурајте се дека синџирот на пилата никогаш не доаѓа во контакт со земјата или опремата за сечење. F 016 L94 704 | (11.07.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 297 – Внимавајте на трупците, гранките, корените итн. поради ризикот од сопнување. Пилење дрво под затегнатост (види слика I) – Бидете исклучително внимателни кога сечете затегнато дрво или гранки. Ваквата работа препуштете ја на обучени професионалци. Постои голем ризик од

Отсекување гранки или дрво (види слика J) – Под отсекување се подразбира отстранување на гранките од паднатото дрво или големи гранки. – При одсекување, оставете ги поголемите, пониски гранки на коишто се потпира дрвото. – Отстранете ги помалите гранки на едно парче. Отстранување грешки Ако уредот не работи правилно, во следната табела се наведени можните симптоми, нивните причини и помошните мерки за поправка. Ако не е наведен проблемот кој постои со вашиот уред, контактирајте овластен сервис. Предупредување: Згаснете го уредот и извадете ја батеријата пред секоја поправка. Симптом Можна причина Помош Пилата не работи Кочницата за отскокнување е активирана види слика E1 Празна батерија Наполнете ја батеријата, исто така погледнете во „Забелешки за полнење“ Батеријата не е правилно вметната Проверете да се заклучени двете брави Активирана е заштитата на моторот од

Пуштете да се олади моторот Батеријата е преладна/претопла Пуштете батеријата да се загрее/олади Уредот е неисправен или во дефект Побарајте помош од сервис Пилата работи со

Празна батерија Наполнете ја батеријата, исто така погледнете во „Забелешки за полнење“ Уредот е неисправен Побарајте помош од сервис Ланецот е сув Нема масло во резерварот за масло Масло за полнење, видете исто така „Подмачкување на синџирот на пила“ Млазница за уље е (6) запушена Исчистете ја (6) малзницата за уље Филтерот за масло е затнат Исчистете го филтерот за масло / контактирајте со службата за корисници Ланецот/водилката се

Нема масло во резерварот за масло Турете масло Ланецот е премногу затегнат Прилагодете ја затегнатоста на ланецот. Ланецот е тап Заменете го ланецот Каналот за масло е запушен Побарајте помош од сервис Ланецот отскокнува, се тресе, не сече

Ланецот е лабав Ланецот повторно притегнат Ланецот е тап Заменете го ланецот Ланецот е истрошен Заменете го ланецот Запците на ланецот се свртени во погрешна

Ланецот монтирајте го во правилната насока Мечот е оштетен или истрошен Заменете го мечот или контактирајте со службата за корисници на Bosch Јаки вибрации/

Уредот е неисправен Побарајте помош од сервис Неправилно склопување на ланецот Проверете дали ланецот е правилно монтиран, видете „Склопување на шипката и затегнување на ланецот на пилата“. Времето на режење после полнење на батеријата трае

Преголемо триење поради недостаток на подмачкување Проверете да работи системот за замастување (види подмачкување на ланецот) Ланецот треба да се исчисти Исчистете го ланецот Лоша техника на сечење видете „Работа со моторна пила“ Bosch Power Tools F 016 L94 704 | (11.07.2024)298 | Македонски Симптом Можна причина Помош Батеријата не е сосем полна Наполнете ја батеријата, исто така погледнете во „Забелешки за полнење“ Батеријата е чувана на температура вон дозволениот температурен опсег Оставете ја батеријата да се загрее на собна температура (во границите од 0–45°C) Ланецот е премногу затегнат Прилагодете ја затегнатоста на ланецот. Ланецот е тап Заменете го ланецот Ланецот се врти бавно Празна батерија Наполнете ја батеријата, исто така погледнете во „Забелешки за полнење“ Батеријата е чувана на температура вон дозволениот температурен опсег Оставете ја батеријата да се загрее на собна температура (во границите од 0–45°C) Батеријата е премногу жешка Пуштете батеријата да се олади Одржување и сервис Одржување, чистење и чување u Предупредување! Згаснете го уредот и исклучете го од напојување пред секоја операција на чистење или прилагодување. u Секогаш носете соодветна облека и лична заштитна

u Редовно прегледувајте ја пилата за очигледни дефекти, како што се лабави, изместени и оштетени ланец и плоча, олабавени спојки и истрошени или оштетени делови. u Не вршете никакви преправки на косачката. Неовластените модификации може да ја загрозат безбедноста на вашата градинарска алатка и може да резултираат со зголемен шум и вибрации и да ја поништат гаранцијата. Одржување и чистење – Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите. – Не користете вода, разредувачи и полир пасти. – Користете чиста крпа или цврста четка за да ја отстраните нечистотијата од електричниот алат. – Користете чиста ткаенина за да ги отсраните остатоците од млазницата за уље и запчаникот (6) внимателно. Внимавајте да во млазницата за уље не навлезат загадувачи (6) бидејќи тоа може да доведе до проблеми со затнување и подмачкување. Одржување на ланецот за пила – Исчистете ја шипката и ланецот за пила пред да го складирате производот долго време за да спречите заглавување на деловите. Како да го исчистите ланецот на пилата: – Отстранете ги капакот, (14), и шипката (11) како и ланецот од моторната пила (12) и исчистете ги со цврста четка. (види „Демонтирање на ланецот и шипката“, Страница294). – Проверете дали ланецот на пилата има оштетување и заменете го или заострете го ланецот на пилата. Замена и острење на ланецот на пилата u Потребен е остар ланец за пила за оптимални перформанси и безбедност. u Никогаш не оштрете го ланецот сами, дури иако имате искуство во тоа. Ланецот на пилата може да стане затапи ако се користи долго време или ако дојде во контакт со други предмети освен од дрво. – Заменете го ланецот за пила со додатоци за ланецот за пила на Bosch или професионално изострете го ланецот за пила, видете ги додатоците. – За да го монтирате ланецот за пила на алатката (види „Склопување на шипката и затегнување на ланецот на пилата (види сликаB1 – B4)“, Страница293). Одржувањена мечот u Заменете го мечот само ако точно ги разбирате производот и упатствата, инаку контактирајте со службата за корисници на Bosch. u Користете само заменски ножеви препорачани од Bosch. Проверете ја чипката дали има пукнатини или абење. Доколку е оштетен, заменете го сечилото. Можете да најдете инструкции како да го отстраните мечот (види „Демонтирање на ланецот и шипката“, Страница294). Резервни делови и додатоци (види слика K) На www.bosch-pt.com ќе најдете нацртани експлодирани ознаки и информации за резервни делови. Меч 1 600 A03 0J6 Ланец F016800647 Транспорт и складирање на моторната пила Пред да ја транспортирате моторната пила: – Секогаш извадете ја батеријата. – Секогаш прицврстувајте го штитникот на ланецот (16) на мечот (11) кога моторната пила е неактивна или не се користи за да избегнете можна повреда. – Секогаш заклучувајте ја кочницата на ланецот со лизгање на заштитникот/кочницата кон напред. – Се препорачува моторната пила да се носи со сечилото наназад. F 016 L94 704 | (11.07.2024) Bosch Power ToolsSrpski | 299 Покрај сите чекори за транспорт на моторната пила, извршете ги и следните чекори пред скалдирање на моторната пила: – Испразнете го резервоарот за масло пред да ја одложите моторната пила и наполнете го пред

– Чувајте ја пилата на суво, безбедно место вон дофат на

– Не ставајте други предмети на пилата. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлодирани цртежи и информации за резервни делови може да се најдат и на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе Ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси за сервиси може да се најдат

Препорачаните Литиум-јонски батерии подлежат на барањата во Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации. При испорака преку трети лица (на пр.: При пренос на истите од страна на трети лица воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени за пакување и означување со етикети. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци. Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи. Депонирање отпад Електричните уреди, батериите, опремата и амбалажите треба да се сортираат и рециклираат на еколошки начин за повторна

Не фрлајте ги уредите и батериите во домашната канта за ѓубре! Само за земји во рамки на ЕУ: Според европската регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба. Доколку се фрли неправилно, отпадната електрична и електронска опрема може да има штетни ефекти врз животната средина и здравјето на луѓето поради можното присуство на опасни материи.