BOSCH GNH 18V64 Professional - Телбод

GNH 18V64 Professional - Телбод BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GNH 18V64 Professional BOSCH во PDF формат.

📄 385 страници PDF ⬇️ Македонски MK 💬 AI прашање 🖨️ Печати
Notice BOSCH GNH 18V64 Professional - page 258
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GNH 18V64 Professional

Категорија : Телбод

Преземете ги упатствата за вашиот Телбод во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GNH 18V64 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GNH 18V64 Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GNH 18V64 Professional BOSCH

Безбедносни напомени Општи предупредувања за безбедност на електрични алати

Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи Bosch Power Tools 1 609 92A 8U5 | (22.11.2023)258 | Македонски течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен

u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прав, безбедносни чевли кои не се лизгаат, шлем или заштита за уши, кои се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични

u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата,алиштата и ракавиците треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови. u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се

u Исклучете го електричниот алат од струја и/или сетот на батерии од електричниот алат, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. u Одржување на електрични алати. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на моќните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на 1 609 92A 8U5 | (22.11.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 259 електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. Употреба и чување на батериски алат u Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии. u Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар. u Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар. u Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници. Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. Безбедносни предупредувања за заковувач

u Секогаш претпоставувајте дека алатот содржи клинци. Невнимателното ракување со заковувачот на клинци може да доведе до неочекувано испуштање на клинците и до повреда. u Не насочувајте го алатот кон вас или кон некој друг во просторијата. Неочекуваното вклучување може да ги испушти клинците и да доведе до повреда. u Не го вклучувајте алатот доколку не е цврсто поставен на работната површина. Доколку алатот не е прицврстен на работната површина, клинецот може да излета подалеку од делот што се обработува. u Исклучете го алатот од струја доколку има заглавен клинец во него. При отстранување на заглавениот клинец, заковувачот на клинци може ненадејно да се вклучи доколку не е исклучен од струја. u Бидете внимателни при отстранување на заглавен клинец. Механизмот може да биде под притисок, а заглавениот клинец може силно да се испушти кога се обидувате да го одглавите. u Не користете го овој заковувач на клинци за поврзување на електрични кабли. Не е наменета за електрична инсталација, и може да ја оштети изолацијата на електричните кабли и да доведе до струен удар или пожар. u Исклучете го заковувачот на клинци од струја кога ставате и вадите клинци, правите прилагодувања или менувате додатоци. Заковувачот на клинци може случајно да се активира ако е поврзан во струја, што може да резултира со повреда. u Бидете внимателни кога ракувате со клинци, особено при ставање и вадење. Клинците имаат остри врвови што може да резултираат со повреда. u Држете ги прстите подалеку од чкрапалото кога не ракувате со овој заковувач на клинци и кога се движите од една работна позиција на друга. Неочекуваното активирање ќе испушти клинец, што може да резултира со повреда. u Држете го заковувачот на клинци за изолираната површина додека вршите задачи каде што клинецот може да дојде во контакт со скриените жици. Ако клинец дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложат металните делови на заковувачот на клинци „под напон“ и операторот може да добие струен удар. u Држете го заковувачот на клинци цврсто за време на работата. Неконтролираниот повратен удар на заковувачот на клинци може да резултира со ненамерно активирање, што може да резултира со

u Чувајте ги сите делови од телото како што се рацете и нозете итн. подалеку од насоката на испуштање клинци на алатот. Клинецот може да навлезе делот што се обработува, како и во кој било предмет зад него, што може да резултира со повреда. u Кога користите заковувач на клинци, држете ги сите делови од телото како што се рацете и нозете итн. подалеку од областа каде што клинците се забиваат во делот што се обработува. Клинецот може да излета и да излезе од делот што се обработува, што може да резултира со повреда. u Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување. u При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта. u Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој. u Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен Bosch Power Tools 1 609 92A 8U5 | (22.11.2023)260 | Македонски краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее. u Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој. Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за

Употреба со соодветна намена Електричниот алат е наменет за ковање шајки во дрво. Смее да се користи само муниција (шајки, хефт-иглици итн.), која се специфицирана во табелата „Технички

Напомена: Електричниот алат не е наменет за користење на клинци во метал или бетон. GNH 18V-64-2 M, GNH 18V-64 MD: Не користете го електричниот алат во режим на активирање контакт со автоматско враќање додека работите на скеле, скалила или друга платформа и е потребна промена на работната позиција. Во овој случај користете го само режимот на поединечно активирање со осигурувач. Илустрација на компоненти Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница. (1) Штитник за делот што се обработува (2) Осигурувач при активирање (3) Затегнувачки лост за отворање/затворање на каналот на пукање (4) Приказ за подесување на граничникот за

(5) Тркалце за подесување на длабочината на граничникот (6)

(7) Прекинувач за вклучување/исклучување (8) Копче за отклучување на батерија (9)

(10) Кориснички интерфејс (11) Работно светло (12) Депо за чување на штитникот на делот што се

(13) Куки на појасот (14)

(15) Лизгач за магацинот (16) Зафаќач на шајките (17) Контролен прозорец за приказот за дополнување (18)

(19) Рачка (изолирана површина на рачката) (20) Ленти со клинци

(21) Пружина на магацинот Кориснички интерфејс (22) Приказ на состојба (23) Приказ за наполнетост на батеријата (24) Приказ за ниско ниво на одржување (25) Приказ за високо ниво на одржување (26) Копче Reset GNH 18V-64-2: (27) Копче за работна маса (28) Работно светло на приказ „вклучено“ (29) Работно светло на приказ „исклучено“ GNH 18V-64-2 M, GNH 18V-64 MD: (30) Копче Mode (31) Приказ за поединечно активирање (32) Приказ за активирање на контактот

Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Технички податоци Батериски пиштол GNH18V-64-2 GNH18V-64-2M GNH18V-64MD Број на дел 3601D821.. 3601D820.. 3601D822.. Номинален напон V= 18 18 18 Системи за активирање – Безбедносно еднократно

1 609 92A 8U5 | (22.11.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 261 Батериски пиштол GNH18V-64-2 GNH18V-64-2M GNH18V-64MD – Активирање на контактот со автоматско враќање

GBA18V... ≥2,0Ah ProCORE18V... ≥4,0Ah GBA18V... ≥2,0Ah ProCORE18V... ≥4,0Ah GBA18V... ≥2,0Ah ProCORE18V... ≥4,0Ah Препорачани полначи GAL18... GAX18V... GAL36... GAL18... GAX18V... GAL36... GAL18... GAX18V... GAL36... A) во зависност од употребената батерија B) ограничена јачина при температури <0°C C) Ограничена јачина со GBA18V... Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависат од примената и условите на животната средина. Повеќе информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac. Информации за бучава/вибрации GNH 18V-64-2 GNH 18V-64-2 M GNH 18V-64 MD Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласноEN60745‑2‑16. Нивото на звук на електричниот алат оценето со A типично изнесува: Ниво на звучен притисок dB(A)

Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a

(векторски збир на три насоки) и несигурностK дадени се во согласност соEN60745‑2‑16:

1,5 1,5 1,5 Bosch Power Tools 1 609 92A 8U5 | (22.11.2023)262 | Македонски Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.

u Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето. Полнење на батеријата u Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред. Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја. Ставање на батеријата Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи. Вадење на батеријата За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила. Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сѐ додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина. Приказ за наполнетост на батеријата Напомена: Не секој тип на батерија има приказ за нивото на наполнетост. Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување. Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , за да се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија. Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени. Наполнетоста на акумулаторската батерија се прикажува и на корисничкиот интерфејс(види „Прикази за состојба“, Страница264). Тип на батерија GBA 18V... LED-светилки Капацитет Трајно светло 3× зелено 60–100% Трајно светло 2× зелено 30–60% Трајно светло 1× зелено 5–30% Трепкаво светло 1× зелено 0–5% Тип на батерија ProCORE18V... LED-светилки Капацитет Трајно светло 5× зелено 80–100% Трајно светло 4× зелено 60–80% Трајно светло 3× зелено 40–60% Трајно светло 2× зелено 20–40% Трајно светло 1× зелено 5–20% Трепкаво светло 1 × зелено 0–5% Напомени за оптимално користење на

Заштитете ја батеријата од влага и вода. Складирајте ја батеријата во опсег на температура од −20°C до 50°C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето. Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка. 1 609 92A 8U5 | (22.11.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 263 Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени. Внимавајте на напомените за отстранување.

u Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. Полнење на магацинот (види сликиA1−A4) u Извадете ја акумулаторската батерија пред да почнете да го подесувате уредот, да менувате делови од опремата или доколку долго време не сте го користеле електричниот алат. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот алат. Користете само оригиналнаBosch-опрема. Прецизните делови на електричниот алат како магацинот, отворот и каналот за пукање се прилагодени на хефт-иглиците, шајките и клинците наBosch. Другите производители употребуваат друг квалитет на челик и димензии. Напомена: Користете ја само муницијата наведена во табелата „Технички податоци“. Користењето на недозволена муниција може да го оштети електричниот апарат и да предизвика повреди. За време на полнењето муниција, држете го електричниот алат така што отворот(18) нема да биде насочен ниту кон Вашето тело ниту кон други лица. – По потреба исчистете го и подмачкајте го лизгачот на магацинот(15) и проверете дали е извалкан(14). – Ставете соодветна лента со шајки(20) во T-процепот на крајот на магацинот(14). – Ставете ја лентата со шајки нанапред во магацинот, сè додека последната шајка не застане пред пружината на магацинот(21). Напомена: Електронската контрола детектира дали има шајки во магацинот. Ако се притисне осигурувачот за активирање кога магацинот е празен, нема да се активира процесот за набивање. Така, се спречува пукање во празно. – Притиснете го претходно затегнатиот зафаќач на шајки(16) во правец на лизгачот на магацинот(15) и истовремено повлечете го лизгачот на магацинот сосема до крај на магацинот(14). Напомена: Лизгачот на магацинот мора да се врати назад без многу сила (само со силата на прстот). Заглавениот лизгач на магацинот ги има следните ефекти: Шајката не се исфрла, шајката се заглавува во каналот за пукање (види заглавување ) или шајката се исфрла под погрешен

– Водете го лизгачот на магацинот(15) со притиснат зафаќач на шајки(16) внимателно нанапред, сè додека зафаќачот на шајки не дојде над последната шајка и притоа притиснете ја лентата со шајки во магацинот сосема нанапред. Напомена: Не допуштајте лизгачот на магацинот да се затвора без контрола. Притоа лизгачот на магацинот може да се оштети и постои опасност да ги згмечите

Системи за активирање Поединечно активирање со осигурувач Кај овој систем за активирање најпрво мора стабилно да се постави осигурувачот за активирање(2) на делот што се обработува. Муницијата ќе се испука откако ќе се притисне чкрапалото(6). Потоа може да се активираат и други процеси на набивање, доколку чкрапалото и осигурувачот за активирање повторно се вратат во првобитната позиција. Активирање на контактот со автоматско враќање (GNH 18V-64-2 M, GNH 18V-64 MD) Кај овој систем за активирање најпрво мора да се притисне чкрапалото(6) и да се држи во оваа позиција. Потоа мора стабилно да се постави осигурувачот за активирање на делот што се обработува за да се исфрли. Се додека чкрапалото(6) го држите притиснато, пoнатамошните процеси на набивање може да се активираат со повторно допирање на друга точка. Во режимот за активирање на контактот може да се наби шајка со поединечно активирање. Ставање во употреба Вклучување/исклучување – За вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување(7). Се пали корисничкиот интерфејс. GNH 18V-64-2 M, GNH 18V-64 MD: Поединечното активирање е активирано, приказот за поединечно активирање(31) светнува. – За исклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување(7). Испукување на шајки − Поединечно активирање – Вклучете го електричниот алат. – Поставете го отворот(18) или ев. гумираниот штитник на делот за обработка(1) цврсто на делот што се обработува, сè додека осигурувачот за активирање(2) не се притисне целосно. Работното светло и моторот се вклучуваат. – Потоа кратко притиснете го чкрапалото(6) и повторно пуштете го. Притоа ќе се испука една шајка. – Оставете го електричниот апарат да се врати назад од делот што се обработува. – За следниот процес на набивање подигнете го електричниот апарат од делот што се обработува и поставете го цврсто на следното место. Bosch Power Tools 1 609 92A 8U5 | (22.11.2023)264 | Македонски Испукување на шајки − активирање на контактот (GNH 18V-64-2 M, GNH 18V-64 MD) – Вклучете го електричниот алат. – Активирајте го активирањето на контактот со кратко притискање на копчето Mode(30). Приказот за активирање на контактот(32) свети. – Држете го притиснато чкрапалото(6). Работното светло и моторот се вклучуваат. – Поставете го отворот(18) или ев. гумираниот штитник на делот за обработка(1) цврсто на делот што се обработува, сè додека осигурувачот за активирање(2) не се притисне целосно. Притоа ќе се испука една шајка. – За следниот процес на набивање држете го електричниот алат(6) и подигнете го од делот што се обработува. Поставете го повторно цврсто на следното сакано место. – Префрлете се на поединечно активирање така што ќе притиснете на копчето Mode(30). Приказот за поединечно активирање свети зелено(31). Кориснички интерфејс (види сликиB1–B2) GNH 18V-64-2 M, GNH 18V-64 MD: корисничкиот интерфејс(10) се користи за избирање на режим на работење и за прикажување на состојбата на електричниот алат. GNH 18V-64-2: корисничкиот интерфејс(10) се користи за вклучување и исклучување на работното светло и за прикажување на состојбата на електричниот алат. Прикази за состојба Прикажување на состојбата на електричниот алат(22) Боја Значење Решение зелена Електричниот алат е вклучен и е подготвен за

жолта На некој настан му треба вашето внимание: критична температура, батеријата е речиси празна или потребно е одржување. – Оставете го електричниот алат да се олади. – Заменете ја одн. наполнете ја батеријата. – Да се изврши одржување. црвена Електричниот алат не е подготвен за употреба. Причина: електричниот алат е прегреан, батеријата е празна или има механички дефект. – Оставете го електричниот алат да се олади. – Заменете ја одн. наполнете ја батеријата. – Да се изврши одржување. Трепка црвено – Вториот прекинувач е прерано притиснат. – Вториот прекинувач не беше притиснат во рок од 5секунди, уредот автоматски се

– Прекинувачите се ракувани по погрешен редослед (на. пр. активирањето е притиснато пред уредот да се префрли на режимот за активирање контакт) – Почекајте кратко додека приказот за статус не светне зелено. – Електричниот алат е повторно подготвен за

– Повторно изведете ја постапката за набивање, следејќи го правилниот редослед на активирање. – GNH 18V-64-2 M, GNH 18V-64 MD: променете го системот за активирање преку корисничкиот интерфејс. Приказ на наполнетоста на батеријата(23) Ознака Боја Ниво на наполнетост на батеријата – – 20–100% жолта 1–20% црвена 0–1% Приказ за одржување Ознака Боја Значење Решение жолта Краен рок на планираното ниво на одржување „ниско“. Контактирајте ја сервисната служба. жолта Краен рок на планираното ниво на одржување „високо“. Контактирајте ја сервисната служба. 1 609 92A 8U5 | (22.11.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 265 Притиснете го копчето Reset(26) за да го ресетирате бројачот за одржување по одржувањето. Вклучување/исклучување на работното светло (GNH 18V-64-2) За да го вклучите или исклучите работното светло, притиснете го копчето за работното светло(27). Вклучување/исклучување на работното светло (GNH 18V-64-2 M, GNH 18V-64 MD) Работното светло се вклучува автоматски пред процесот на набивање и автоматски се исклучува по процесот на

Совети при работењето Пред секој почеток на работата проверете дали беспрекорно функционираат уредите за безбедност и активирање, како и дали се цврсто поставени завртките и

Веднаш исклучете го електричниот апарат којшто е дефектен или не работи беспрекорно од доводот на енергија и контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch. Не вршете недозволени интервенции на електричниот апарат. Не ги демонтирајте или блокирајте деловите на електричниот апарат, како напр. осигурувачот за активирање. Не извршувајте „Итни поправки“ со несоодветни средства. Електричниот алат треба редовно и правилно да се одржува. Избегнувајте ослабување и оштетување на електричниот апарат, напр. при: – забивање или гравирање – доколку производителот не дозволил преправки, – водење по шаблони, коишто се изработени од цврст материјал, напр. челик, – испаѓање и туркање преку под, – употреба како чекан, – секој вид на употреба на сила. Проверете што се наоѓа под или зад Вашиот дел за обработка. Не испукувајте шајки во ѕидови, плафони или подови, доколку зад нив има лица. Шајките може да поминат низ материјалот и да повредат некого. Не испукувајте шајка на веќе забиена шајка. Притоа шајката може да се деформира, да се заглават шајките или електричниот апарат да почне неконтролирано да се

Доколку електричниот апарат се употреби при ладни амбиентални услови, првите шајки ќе се набиваат побавно од вообичаено. Откако ќе се стопли електричниот апарат за време на работата, повторно се враќа нормалната работна брзина. Избегнете испукување во празно, за да избегнете изабување на втиснувачот. При подолги паузи во работата или по завршување на работата исклучете го електричниот алат, извадете ја акумулаторската батерија и по можност испразнете го

Празнење на магацинот (види сликиC1−C2) – Повлечете го лизгачот на магацинот(15) со притиснат зафаќач на шајки(16) наназад додека зафаќачот на шајки не ја ослободи последната шајка и внимателно водете го лизгачот на магацинот нанапред до почетокот на магацинот(14). Напомена: Не допуштајте лизгачот на магацинот да се затвора без контрола. Притоа лизгачот на магацинот може да се оштети и постои опасност да ги згмечите

– Свртете го електричниот алат, така што шајките ќе лизгаат наназад до пружината на магацинот(21). – Притиснете ја пружината на магацинот надолу и оставете ги шајките во зафаќачот(16) да слизнат од магацинот(14). Поставување граничник за длабочина (види сликаD) Длабочината на забивање може да се подеси со тркалцето за подесување(5). – Испразнете го магацинот(14). – Шајките се испукани предлабоко: За да ја намалите длабочината на забивање, свртете го тркалцето за подесување(5) во насока „–“. – Шајките не се испукани доволно длабоко: За да ја зголемите длабочината на забивање, свртете го тркалцето за подесување(5) во насока

На приказот(4) може да го проверите подесувањето на граничникот за длабочина. – Повторно наполнете го магацинот. – Тестирајте ја новата длабочина на забивање на пробен дел за обработка. Доколку е потребно, повторете ги работните чекори. Вадење на заглавената муниција (види сликиE1−E2) Поединечните шајки може да се заглават во каналот за пукање. Доколку ова често се случува, контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch. Напомена: Доколку втиснувачот не се враќа назад по ослободувањето на заглавената муниција, контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch. – Отпуштете го чкрапалото(6). – Исклучете го електричниот алат и извадете ја акумулаторската батерија(9). – Испразнете го магацинот(14). – Притиснете го затегнувачкиот лост(3) надолу, за да може да се отвори каналот за пукање. – Отстранете ги заглавените шајки. По потреба употребете клешти. – Затворете го каналот за пукање, закачете ја дршката на затегнувачкиот лост(3) во куките на каналот за пукање и повторно притиснете го затегнувачкиот лост

– Повторно наполнете го магацинот. Bosch Power Tools 1 609 92A 8U5 | (22.11.2023)266 | Македонски Замена на штитникот за делот за обработка (види сликаF) Штитникот за делот за обработка(1) на крајот на осигурувачот за активирање(2) го штити делот за обработка, додека електричниот алат не се постави точно за процесот на забивање. Штитникот на делот за обработка може да се отстрани и замени – Отпуштете го чкрапалото(6). – Исклучете го електричниот алат и извадете ја акумулаторската батерија(9). – Испразнете го магацинот(14). – Извлечете го штитникот од осигурувачот за активирање. – Поместете го новиот штитник за делот за обработка со отворениот крај преку осигурувачот за активирање. Напомена: Резервниот штитник за делот за обработка може да се чува на горната страна на магацинот(14). Ставете го штитникот на делот за обработка во депото(12). Транспорт и складирање Доколку треба да го транспортирате електричниот алат, исклучете го, особено доколку користите скали или имате невообичаено движење на телото. На работното место држете го електричниот алат само за дршката(19) и со неактивирано чкрапало(6). Електричниот апарат постојано треба да се складира со извадена акумулаторска батерија и на суво, топло место. Доколку електричниот апарат не се користи подолг период премачкајте ги челичните делови со тенок слој масло. На тој начин ќе го спречите зар'ѓувањето. Одржување и сервис Одржување и чистење u Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да

План за одржување – Исчистете го магацинот(14). Отстранете ги пластичните или дрвените струготини, коишто може да се насоберат во магацинот за време на работењето. Чистете го електричниот алат редовно со помош на компресиран воздух. Мерка Образложение Извршување Исчистете го магацинот(14) и лизгачот на магацинот(15). Спречува заглавување на шајките. – Секојдневно издувајте го механизмот на магацинот/лизгачот на магацинот со компресиран

Проверете дали осигурувачот за активирање(2) правилно функционира. Придонесува за работна безбедност и ефикасна примена на електричниот

– Секојдневно издувајте го механизмот на осигурувачот за активирање со компресиран

Отстранување на пречки Проблем Причина Помош Електричниот апарат не е подготвен за

Батеријата не е наполнета или е

– Наполнете ја целосно или заменете ја акумулаторската батерија. Батеријата не е правилно ставена. – Проверете дали акумулаторската батерија е правилно вклопена во

Температурата на акумулаторската батерија е превисока или прениска. – Почекајте додека акумулаторската батерија (повторно) не ја постигне оптималната работна температура. Контактите на акумулаторската батерија, моторот или електромагнетниот вентил се извалкани или дефектни. – Контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch. Оставете таму да се замени тој дел. 1 609 92A 8U5 | (22.11.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 267 Проблем Причина Помош Магацинот(14) е празен. – Повторно наполнете го магацинот. (види „ Полнење на магацинот (види сликиA1−A4)“, Страница263) Осигурувачот за активирање(2) е

– Контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch. Оставете таму да се замени тој дел. Електрониката е дефектна. – Контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch. Корисничкиот интерфејс(10) е

– Контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch. Електричниот апарат е подготвен за работа, но не се испукуваат шајки. Можен дефект на следните компоненти: – Чкрапало(6) – Втиснувач – Мотор или погонски каиш – Електроника

– Контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch. Оставете таму да се замени тој дел. Се насобрале страни предмети во механизмот за пукање. – Контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch. Оставете таму да се замени тој дел. Се насобрале страни предмети во отворот(18) или во магацинот(14). – Исчистете го отворот(18) или магацинот(14). Во каналот за пукање се заглавила

– Отстранете ја заглавената шајка. (види „Вадење на заглавената муниција (види сликиE1−E2)“, Страница265) Лизгачот на магацинот(15) е

– По потреба исчистете го и подмачкајте го лизгачот на магацинот(15) и проверете дали е извалкан(14). Пружината на лизгачот на магацинот е преслаба или дефектна. – Контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch. Оставете таму да се замени тој дел. Употребената муниција е недозволена. – Користете само оригинална опрема. Смее да се користи само муниција (шајки, хефт-иглици итн.), која е специфицирана во табелата „Технички податоци“. Магацинот(14) е празен. – Повторно наполнете го магацинот. (види „ Полнење на магацинот (види сликиA1−A4)“, Страница263) Активиран е погрешен редослед на

– Повторно изведете ја постапката за набивање, следејќи го правилниот редослед на активирање. – GNH 18V-64-2 M, GNH 18V-64 MD: променете го системот за активирање преку корисничкиот

Шајките се испукани предлабоко. Граничникот за длабочина е поставен предлабоко. – Поставете го граничникот за длабочина на саканата длабочина. (види „Поставување граничник за Bosch Power Tools 1 609 92A 8U5 | (22.11.2023)268 | Македонски Проблем Причина Помош длабочина (види сликаD)“, Страница265) Одбојникот е истрошен. – Контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch. Оставете таму да се замени тој дел. Шајките не се испукани доволно

Батеријата не е наполнета или е

– Наполнете ја целосно или заменете ја акумулаторската батерија. Муницијата е предолга. – Користете само оригинална опрема. Смее да се користи само муниција (шајки, хефт-иглици итн.), која е специфицирана во табелата „Технички податоци“. Граничникот за длабочина е поставен

– Поставете го граничникот за длабочина на саканата длабочина. (види „Поставување граничник за длабочина (види сликаD)“, Страница265) Електричниот апарат ги прескокнува шајките или има преголемо поместување на тактот. Употребената муниција е недозволена. – Користете само оригинална опрема. Смее да се користи само муниција (шајки, хефт-иглици итн.), која е специфицирана во табелата „Технички податоци“. Пружината на лизгачот на магацинот е преслаба или дефектна. – Контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch. Оставете таму да се замени тој дел. Шајките често се заглавуваат во каналот за пукање. Употребената муниција е недозволена. – Користете само оригинална опрема. Смее да се користи само муниција (шајки, хефт-иглици итн.), која е специфицирана во табелата „Технички податоци“. – Контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch. Шајките се изабени, лепилото меѓу клинците веќе не може да ги држи. – Употребете нова лента со клинци Испуканите шајки се искривени. Втиснувачот е оштетен. – Контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch. Оставете таму да се замени тој дел. Пиштолот се користи за несоодветен материјал (на пр. бетон, камен). – Пиштолот користете го само за соодветен материјал. (види „Употреба со соодветна намена“, Страница260) Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com 1 609 92A 8U5 | (22.11.2023) Bosch Power ToolsSrpski | 269 Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси на сервиси може да најдете

Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации. При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци. Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи. Отстранување Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за ѓубре! Само за земјите од ЕУ: Според европската директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, електричните алати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба. Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето поради можното присуство на опасни материи.

EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај: *