BOSCH GNF 20 CA Professional - Телбод

GNF 20 CA Professional - Телбод BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GNF 20 CA Professional BOSCH во PDF формат.

📄 261 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice BOSCH GNF 20 CA Professional - page 189
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производ Жлебна фреза
Бренд Bosch
Модел GNF 20 CA Professional
Номинална влезна моќност 900 W
Корисна излезна моќност 520 W
Брзина без оптоварување 9300 вртежи/мин
Макс. дијаметар на дијамантски сечила 115 mm
Длабочина на жлебот 0 - 20 mm
Ширина на жлебот 7 - 23 mm
Тежина според EPTA-Процедура 01:2014 3,4 kg
Класа на заштита II (двојна изолација)
Ниво на звучен притисок 94 dB(A)
Ниво на звучна јачина 105 dB(A)
Вкупни вибрации (аh) 4,0 m/s²
Несигурност K (вибрации) 1,5 m/s²
Напојување 230 V ~, 50/60 Hz
Основни функции Сечење и жлебење на минерални материјали (бетон, ѕидарија) без вода
Безбедносни уреди Блокада на вретеното, заштита од случајно рестартирање (GNF 35 CA), ограничување на почетната струја, Константна електроника
Одржување и чистење Исчистете ги вентилационите отвори, демонтирајте и исчистете ги прицврстувачите по употреба
Резервни делови Прирабница за алат (3 600 390 023), разделни подлошки 4 mm (3 609 202 041), прицврстувачка навртка (3 603 345 005)
Можноста за поправка Поправка од професионалец со користење на идентични резервни делови
Општи информации Се испорачува без додатоци (сечила, правосмукалка), препорачлива употреба со правосмукалка од класа М

Frequently Asked Questions - GNF 20 CA Professional BOSCH

Какви видови материјали можам да обработувам со жлебната фреза GNF 20 CA?
Алатот е дизајниран за сечење и жлебење на минерални материјали како армиран бетон, ѕидарија или патни подлоги, без употреба на вода.
Како да ја изберам ширината на жлебот?
Ширината на жлебот се пресметува со додавање на дебелината на разделните подлошки на ширината на дијамантските сечила. Секогаш користете ги сите дадени подлошки за да се обезбеди безбедност.
Може ли да користам сечила од други брендови?
Користете само дијамантски сечила чија номинална брзина е најмалку 9300 вртежи/мин, со отвор од 22,2 mm и дебелина помеѓу 1,6 и 2,2 mm (за едно сечило).
Како да ја подесам длабочината на сечење?
Притиснете го копчето за подесување на граничникот за длабочина (5) и поместете го граничникот (6) на саканата вредност на скалата (4). Претходно подесете околу 3 mm повеќе од саканата длабочина на жлебот за да го компензирате задниот дел.
Што да направам ако алатот застане за време на работа?
Ова може да биде поради преоптоварување. Оставете го алатот да работи без оптоварување околу 30 секунди за да се олади. Ако проблемот продолжи, проверете ја состојбата на сечилата и четките (сервисен приказ на GNF 35 CA).
Како да го исчистам алатот по употреба?
Исклучете го алатот од струја, потоа исчистете ги вентилационите отвори и прицврстувачите. Користете соодветна правосмукалка за прашина. Не чистете со вода.
Може ли да жлебам носечки ѕидови?
Да, но почитувајте ги градежните норми (DIN 1053 Дел 1 или еквивалент). Консултирајте се со градежен инженер пред да започнете.
Која правосмукалка да користам?
Користете правосмукалка од класа M компатибилна со Bosch. Поврзете го цревото за вшмукување (12) на цевката (13). Правосмукалката автоматски се вклучува со алатот.
Како да ги сменам дијамантските сечила?
Исклучете го алатот, превртете ја единицата за фрезерување, блокирајте го вретеното со копчето (9), олабавете ја прицврстувачката навртка (20) со клучот, заменете ги сечилата почитувајќи го правецот на вртење, потоа затегнете.
Каде да ги најдам резервните делови?
Резервните делови (прирабница, подлошки, навртка) се достапни кај Bosch. Посетете www.bosch-pt.com или контактирајте ја службата за корисници на 0811 360122 (Франција).

Прашања на корисниците за GNF 20 CA Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Телбод во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GNF 20 CA Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GNF 20 CA Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GNF 20 CA Professional BOSCH

Македонски ...... Страна 188

Srpski.... Strana 197

Slovensko.... Stran 204

Опора за успоредно водене (GNF 20 CA)
BOSCH GNF 20 CA Professional - 1

Безбедносни напомени

Општи напомени за безбедност за електричните апарати

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Прочитајте ги сите напомени и упатства за

безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во напомените за безбедност се однесува на електрични апарати што користат струја (со струен кабел) и електрични апарати што користат батерии (без струен кабел).

Безбедност на работното место

Работниот простор секогаш нека биде чист и добро осветлен. Неуредниот или неосветлен работен простор може да доведе до нескреки.
▶ Не работете со електричниот апарат во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Електричните апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
Држете ги децата и другите лица подалеку за време на користењето на електричниот апарат. Доколку нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите контролата над уредот.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на приклучокот во сидната дозна. Приклучокот во никој случај не смее да се менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со заземјениот електричен апарат. Неменувањето на прекинувачот и соодветните сидни дозни го намалуваат ризикот од електричен удар.

▶ Избегнувајте физички контакт со заземјените површини на цевки, радијатори, шпорет и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар, доколку Вашето тело е заземјено.

▶ Електричните апарати држете ги подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар.

▶ Не го користите кабелот за друга намена, за да го носите електричниот апарат, за да го закачите или да го влечете приклучокот од сидната дозна. Држете го кабелот понастрана од топлина, масло, остри рабови или подвижните компоненти на уредот. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар.

BOSCH GNF 20 CA Professional - Електрична безбедност - 1

BOSCH GNF 20 CA Professional - Електрична безбедност - 2

BOSCH GNF 20 CA Professional - Електрична безбедност - 3

BOSCH GNF 20 CA Professional - Електрична безбедност - 4

BOSCH GNF 20 CA Professional - Електрична безбедност - 5

BOSCH GNF 20 CA Professional - Електрична безбедност - 6

BOSCH GNF 20 CA Professional - Електрична безбедност - 7

BOSCH GNF 20 CA Professional - Електрична безбедност - 8

BOSCH GNF 20 CA Professional - Електрична безбедност - 9

Македонски | 189

Доколку со електричниот апарат работите на отворено, користете само продолжен кабел што е погоден за користење на надворешен простор. Користењето на соодветен продолжен кабел на отворено го намалува ризикот од електричен удар.
▶ Доколку користењето на електричниот апарат во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен уред со диференцијална струја. Употребата на заштитниот уред со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар.

Безбедност на лица

▶ Бидете внимателни како работите и разумно користете го електричниот апарат. Не користете електрични апарати, доколку сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата на електричниот апарат може да доведе до сериозни повреди.
Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр.маска за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, во зависност од видот и примената на електричниот апарат, го намалува ризикот од повреди.
▶ Избегнувајте неконтролирано користење на апаратите. Осигурете се, дека е исключен електричниот апарат, пред да го прилучите на напојување со струја и/или на батерија, пред да го земете или носите. Доколку при носењето на апаратот, сте го ставиле прстот на прекиннувачот или сте го прилучиле уредот додека е включен на напојување со струја, ова може да предизвика несреќа.
▶ Извадете ги алатите за подесување или клучевите за зашрафување, пред да го включите електричниот апарат. Доколку има алат или клуч во некој одделовите на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди.
▶ Избегнувајте абнормално држење на телото. Застанете во сигурна положба и постојано држете рамнотежа. На тој начин їе може подобро да го контролирате електричниот апарат во неочекувани ситуации.
Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови. Лесната облека, накитот или долгата коса може да се зафатат од подвижните делови.
Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно се приклучени и прикладно се користат. Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува опасноста од прав.

Користење и ракување со електричниот апарат

▶ Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соодветниот електричен апарат за Вашата работа. Со соодветниот електричен апарат їе работите подобро и посигурно во зададениот домен на работа.
▶ Не користете го електричниот апарат, доколку има дефектен прекинувач. Апаратот кој повеće не може

да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и мора да се поправи.

▶ Извлечете го приклучокот од сидната дозна и/или извадете ја батеријата, пред да ги смените поставките на уредот, да ги замените деловите или да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот уред.
▶ Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги користат неискусни лица.
▶ Одржувајте ги грижливо електричните апарати. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или оштетени, што може да ја попречи функцијата на електричниот апарат. Поправете ги оштетените делови пред користењето на уредот. Многу несреći својата причина ја имаат во лошо одржуваните електрични апарати.
▶ Алатот за сечење одржувајте го остар и чист. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив полесно се работи.
▶ Користете ги електричните апарати, опремата, додатоците за алатите итн. во согласност со ова упатство. Притоа земете ги во обшир работните услови и дејноста што треба да се изврши. Користењето на електрични апарати за друга употреба освен наведената може да доведе до опасни ситуации.

Сервис

Поправката на Вашиот електричен апарат смее да биде извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на електричниот апарат.

Безбедносни напомени за брусилки за сечење со брусни плочи

Заштитната хауба мора да се зацврсти на електричниот апарат и на највисоко ниво на безбедност, т. е. и најмалите делови на брусното тело да бидат видливи за лицето што го користи апаратот. Лицата што се наоғаат во близина држете ги подалеку од нивото на ротирачката брусна плоча. Заштитната хауба треба да го заштити лицето што ракува од скршени парчиња и случаен контакт со брусното тело.
▶ Користете исклучиво зајакнати или дијамантски обложени брусни плочи за сечење за Вашиот електричен апарат. Не е загарантирана безбедна употреба, само заради фактот дека приборот може да се прицврсти на вашиот електричен апарат.

BOSCH GNF 20 CA Professional - Безбедносни напомени за брусилки за сечење со брусни плочи - 1

BOSCH GNF 20 CA Professional - Безбедносни напомени за брусилки за сечење со брусни плочи - 2

BOSCH GNF 20 CA Professional - Безбедносни напомени за брусилки за сечење со брусни плочи - 3

BOSCH GNF 20 CA Professional - Безбедносни напомени за брусилки за сечење со брусни плочи - 4

BOSCH GNF 20 CA Professional - Безбедносни напомени за брусилки за сечење со брусни плочи - 5

BOSCH GNF 20 CA Professional - Безбедносни напомени за брусилки за сечење со брусни плочи - 6

BOSCH GNF 20 CA Professional - Безбедносни напомени за брусилки за сечење со брусни плочи - 7

BOSCH GNF 20 CA Professional - Безбедносни напомени за брусилки за сечење со брусни плочи - 8

BOSCH GNF 20 CA Professional - Безбедносни напомени за брусилки за сечење со брусни плочи - 9

190 | Македонски

► Дозволениот број на вртежи на алатот што се вметнува мора да биде исто толку висок како највисокиот број на вртежи наведен на електричниот апарат. Приборот кој се врти побрзо од дозволеното може да се скрши и да летне од апаратот.
▶ Телата за брусење смее да се користат само за предвидените можности на примена. На пр.: не брусете со страничната површина на брусната плоча за сечење. Брусните плочи за сечење се наменети за сечење материјал со работ на плочата. Со странична употреба на сила на овие брусни тела, тие може да се скршат.
▶ Секогаш користете неоштетена стезна прирабница со соодветна големина на брусните плочи што сте ги одбрале за работа. Соодветната прирабница ја држи брусната плоча и така ја намалува опасноста од кршење на брусната плоча.
▶ Надворешниот дијаметар и дебелината на алатот што се вметнува мора да одговараат на димензиите на вашиот електричен апарат. Погрешно димензионираните алати за вметнување не може доволно да се заштитат или контролираат.
▶ Брусните плочи и прирабницата мора точно да одговараат на вретеното за брусење на вашиот електричен апарат. Алатите за вметнување што не може точно да се прицврстат на вретеното за брусење на електричниот апарат, се вртат нерамномерно, вибрираат многу јако и може да доведат до губење на контролата.
▶ Не користете оштетени брусни плочи. Пред секоја употреба проверете ги брусните плочи дали се искинати и со пукнатини. Доколку ви падне електричниот апарат или брусната плоча, проверете дали се оштетени или пак употребете неоштетена брусна плоча. Откако сте ја провериле и ставиле брусната плоча, не им дозволувајте на лицата да бидат во близина на нивото на ротирачката брусна плоча и оставете го апаратот да врти една минута на највисок број на вртежи. Повекето од оштетените брусни плочи ће се скршат во текот на овој пробен период.
Носете заштитна опрема. Во зависност од употребата, носете целосна заштита за лицето, очите и заштитни очила. Доколку е потребно, носете маска за заштита од прав, заштита за слух, заштитни ракавици или специјални престилки што ќе ве заштитат од честичките настанати при брусење на материјалот. Треба да ги заштитите очите од тугите тела што летаат наоколу, а се настанати од различната употреба на уредот. Маските за заштита од прав и заштита при вдишувањето мора да ја филтрираат права што настанува при употребата. Доколку сте изложени на гласна врева подолго време, може да го изгубите слухот.
Доколку има други лица во работното поле, држете ги на безбедно растојание. Секое лице што ќе влезе во работното поле, мора да носи лична заштитна опрема. Парчињата од делот што се обработува или

скршениот алат за вметнување може да летнат наоколу и да предизвикаат повреди и надвор од директното поле на работа.

Држете го уредот само за изолираните површини на рачките, доколку вршите работи каде алатот што се вметнува може да наиде на скриени електрични кабли или сопствениот струен кабел. Контактот со струјниот кабел може да ги стави под напон металлите делови на уредот и да доведе до електричен удар.
▶ Drжете го струјниот кабел подалеку од алатите што се вметнуват. Доколку загубите контрола над уредот, струјниот кабел може да се пресече или да се зафати и да ви ја заглави дланката или раката во алатот што се вметнува.
▶ Никогаш не го оставајте електричниот апарат, доколку алатот за вметнување не е целосно во сostoјба на мирување. Ротирачкиот алат што се вметнува може да дојде во контакт со површината на која сте го оставиле апаратот и да ја загубите контролата над електричниот апарат.
Електричниот апарат не смее да биде во погон додека го носите. Вашата облека може да се зафати од ротирачкиот алат што се вметнува при случаен контакт, и алатот што се вметнува да го повреди вашето тело.
▶ Редовно чистете ги отворите за проветрување на вашиот електронски апарат. Вентилаторот на моторот влече прав во кујиштето, а собирањето на голема количина на метална прав може да предизвика електрична несреќа.
▶ Не го користете електричниот апарат во близина на запаливи материјали. Искрите што се создаваат може да ги запалат овие материјали.
▶ Не користете алати за вметнување, за кои е потребно течно средство за разладување. Користењето на вода и други течни средства за разладување може да доведе до електричен удар.

Повратен удар и соодветни безбедносни напомени

▶ Повратниот удар е ненадејна реакција како последица од заглавена или блокирана ротирачка брусна плоча. Заглавувањето или блокирањето води кон отсечно запирање на ротирачкиот алат за вметнување. Така, неконтролираниот електричен апарат се забрзува наспроти правецот на вртење на алатот што се вметнува на местото на блокирање.

Доколку на пр. се заглави или се блокира некоја брусна плоча, работ на брусната плоча кој влегува во делот што се обработува може да се закачи и така да ја скрши брусната плоча или да предизвика повратен удар.

Тогаш брусната плоча се движи кон корисникот или наспроти него, во зависност од правецот на вртење на плочата на местото на блокирање. Притоа брусните плочи може да се скршат.

Повратниот удар е последица од погрешна употреба на електричниот алат. Тој може да се спречи со соодветни прописни мерки, како што е опишано подолу.

▶ Држете го цврсто електричниот апарат со двете дпанки и наместете ги рацете во позиција во која ќе

BOSCH GNF 20 CA Professional - Повратен удар и соодветни безбедносни напомени - 1

BOSCH GNF 20 CA Professional - Повратен удар и соодветни безбедносни напомени - 2

BOSCH GNF 20 CA Professional - Повратен удар и соодветни безбедносни напомени - 3

BOSCH GNF 20 CA Professional - Повратен удар и соодветни безбедносни напомени - 4

BOSCH GNF 20 CA Professional - Повратен удар и соодветни безбедносни напомени - 5

BOSCH GNF 20 CA Professional - Повратен удар и соодветни безбедносни напомени - 6

BOSCH GNF 20 CA Professional - Повратен удар и соодветни безбедносни напомени - 7

BOSCH GNF 20 CA Professional - Повратен удар и соодветни безбедносни напомени - 8

BOSCH GNF 20 CA Professional - Повратен удар и соодветни безбедносни напомени - 9

Македонски | 191

може да ја издржите повратната сила. Секогаш користете дополнителна дршка, доколку постои, за да имате што е можно поголема контрола над силата од повратниот удар или реакциските моменти при работата на апаратот. Лицето кое го користи уредот може со соодветни мерки на претпазливост да го совлада повратниот удар или реакциските сили.

▶ Никогаш не ги принесувајте дланките во близина на ротирачкиот алат што се вметнува. Алатот што се вметнува може да ви избега од рацете.
▶ Избегнувајте го подрачјето пред и зад ротирачката брусна плоча за сечење. Повратниот удар го потиснува електричниот апарат во правец спротивен на движењето на брусната плоча на местото на блокирање.
▶ Особено внимателно работете во подрачјето со агли, остри рабови итн. На тој начин ће спречите алатот што се вметнува да се одбие од делот што се обработува и да се заглави. Ротирачкиот алат што се вметнува е склон на заглавување доколку се одбие од алгите или острите рабови. Ова предизвигува губење на контролата или повратен удар.
▶ Не користете синцирест или запчест лист за сечење како и сегментни дијамантски плочи со процепи широки повеće од 10 мм. Таквите алати за вметнување честопати предизвикуваат повратен удар или губење на контролата над електричниот апарат.
▶ Избегнувајте блокирање на брусната плоча за сечење или преголем притисок. Не изведувајте прекумерно длабоки резови. Преоптоварувањето на брусните плочи за сечење ја зголемува нивната искористеност и склоност на закосување или блокирање и со тоа можноста за повратен удар или кршење на брусното тело.
Доколку се заглави брусната плоча за сечење или Вие ја прекинете работата, исключете го уредот и држете го мирно, додека плочата не дојде во Costaјба на мирување. Не се обидувајте никогаш, брусната плоча за сечење што се врти да ја вадите од резот, бидејки може да настане повратен удар. Откријте ја причината за заглавување и преземете ги соодветните мерки.
▶ Не го вклучувајте повторно електричниот апарат, додека се наоға во делот што се обработува. Оставете брусната плоча за сечење да го постигне полноит вртежен момент, пред да продолжите со резот. Инаку, плочата може да се заглави, да излета од делот што се обработува или да предизвика повратен удар.
▶ Потпрете ги плочите или големите делови за обработка, за да го избегнете ризикот од повратен удар поради заглавената брусна плоча за сечење. Големите делови што се обработуваат може да се свиткаат под својата тежина. Делот што се обработува мора да го потпрете на двете страни од плочата, како во близина на местото на сечење, така и на рабовите.
▶ Особено бидете претпазливи при длабинско сечење во скриено подраче, како на пример, во сид.

Брусната плоча за сечење која пресекла гасовод или водоводни цевки, електрични кабли или други објекти може да предизвика повратен удар.

Дополнителни сигурносни напомени Носете заштитни очила.

BOSCH GNF 20 CA Professional - Македонски | 191 - 1

Зацврстете го делот што се обработува со стеги или на друг начин на една стабилна подлога. Доколку го држите делот што се обработува само со рака или спроти телото, тој е нестабилен и ова може да доведе до губење на контролата.
▶ Носете заштита за слухот, заштитни очила, маска за заштита од прав и ракавици. Како маска за заштита од прав носете маска од класата FFP 2 со филтрирање на најмалку една честичка.
▶ Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување или може да предизвика електричен удар.
▶ Не ја факајте брусната плоча за сечење по работата, додека не се олади. Брусната плоча за сечење за време на работата се вжештува.
▶ При работата, држете го електричниот апарат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот апарат посигурно їе управувате ако го држите со двете дланки.

Опис на производот и мокноста

BOSCH GNF 20 CA Professional - Опис на производот и мокноста - 1

Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го читате упатството за употреба.

Употреба со соодветна намена

Електричниот апарат е наменет за сечење и разделување со вшмукувач од класата на прав М, на цврста подлога со лизгачки водилки претежно во минерални материјали на пр. армиран бетон, сидни конструкции и облоги за патишта без употреба на вода.

BOSCH GNF 20 CA Professional - Употреба со соодветна намена - 1

BOSCH GNF 20 CA Professional - Употреба со соодветна намена - 2

BOSCH GNF 20 CA Professional - Употреба со соодветна намена - 3

BOSCH GNF 20 CA Professional - Употреба со соодветна намена - 4

BOSCH GNF 20 CA Professional - Употреба со соодветна намена - 5

BOSCH GNF 20 CA Professional - Употреба со соодветна намена - 6

BOSCH GNF 20 CA Professional - Употреба со соодветна намена - 7

192 | Македонски

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричните апарати на графичката страница.

1 Рачка (изолирана површина на дршката)
2 Брава за отклучување
3 Копче за отклучување на единицата за глодање
4 Скала за подесување на длабочината на сечење
5 Копче за подесување на граничникот за длабочина
6 Граничник за длабочина
7 Лизгачки валјаци
8 Стрелка за правец на работењето
9 Копче за блокирање на вретеното
10 Прекинувач за включување/исклучување
11 Приказ за сервис (GNF 35 CA)

12 Црево за вшмукување*
13 Млазници за вшмукување
14 Паралелен граничник(GNF 20 CA)*
15 Болцни-водилки за паралелниот граничник (GNF 20 CA)*
16 Вретено за брусење
17 Приклучна прирабница
18 Дијамантска брусна плоча за сечење*
19 Дистанцери
20 Стезна навртка
21 Клуч со два отвори за затезната навртка*
22 Алат за отстранување на сегменти*
23 Правец на вртење

*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандартниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.

Технички податоци

Глодалка за жлебови во сидGNF 20 CAGNF 35 CA
Број на дел/артикл0 601 612 5..0 601 621 7..
Номинална јачинаW 900 1400
Излезна моќW 520 750
Број на празни вртежи min^-1 93009300
макс. дијаметар на дијамантските брусни плочи за сечењеMM115 150
Работење со една дијамантска брусна плоча за сечење
– мин. дебелина на брусните плочи за сечењеMM1,62,0
– макс. дебелина на брусните плочи за сечењеMM2,22,5
Работење со две дијамантски брусни плочи за сечење
– мин. дебелина на брусните плочи за сечењеMM2 x 1,62 x 2,0
– макс. дебелина на брусните плочи за сечењеMM2 x 2,22 x 2,5
Отвор за прифатотMM22,2 22,2
Длабочина на жлеботMM0 – 20 0 – 3 5
Ширина на жлеботMM7 – 23 7 – 3 9
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014кг3,44,7
Класа на заштита☐/II☐/II
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.

Информации за бучава/вибрации

GNF 20 CAGNF 35 CA
Мерните вредности одредени според EN 60745 (песок-варовник).
Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува
Ниво на звучен притисокdB(A)94102
Ниво на звучна јачинаdB(A)105113
Несигурност КdB33
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збор на трите насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 60745:
ahm/s2=4,0=4,0
Km/s2=1,5=1,5
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка според EN 60745 иможе да се користи за меѓусебна споредба на електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за

1 609 92A 2PP | (19.8.16) Bosch Power Tools

Македонски | 193

предвремена процена на оптоварувањето со вибрации. Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се користи за други примени, со различна опрема, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење. За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе во обшир и периодот во кој уредот е исключен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата.

Изјава за сообразност CE

Тврдиме на наша одговорност, дека опишаните производи во „Технички податоци“ се сообразни со следните норми или нормативни документи: EN 60745, EN 50581 според одредбите на регулативите 2011/65/EU, 2014/30/EU, 2006/42/EC. Техничка документација (2006/42/EC) при: Robert Bosch Power Tools GmbH, PT/ETM9, D-70538 Stuttgart

Henk Becker

▶ Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест може да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

- Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.

– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

▶ Избегнувајте собирање прав на работното место.

Правта лесно може да се запали.

Вшмукувачот за прав мора да биде одобрен за вшмукување на прав при обработка на камен. Bosch ги нуди соодветните вшмукувачи на прав.

Електричниот апарат може да се приклучи директно на конекторот на Bosch-универзален вшмукувач со уред за далечинско вклучување. Тој веднаш їе стартува при вклучување на електричниот апарат.

Цревото за вшмукување 12 (опрема) прикачете го на млазниците за вшмукување 13. Поврзете го цревото за вшмукување 12 со вшмукувач за прав (опрема). Прегледот за приклучување на различни видови вшмукувачи за прав ќе го најдете на крајот од ова упатство.

Напомени за примена на глодалките за жлебови во сид

Внимавајте на следните напомени, за да ја намалите емисијата на прав за време на работата.

– Користете само комбинации на глодалки за жлебови во сид и вшмукувачи од класата на прав М коишто се препорачани Bosch. Другите комбинации може да доведат до лошо собирање и раздвојување на правта.
- Внимавајте на упатството за употреба на вшмукувачот за одржување и чистење на истиот, заедно со филтерот. Испразнете го садот за собирање прав, веднаш штом ќе се наполни. Редовно чистете го филтерот на вшмукувачот и секогаш целосно вметнувајте го филтерот во вшмукувачот.
- Користете само црева за вшмукување препорачани од Bosch. Не го користете цревото за вшмукување за друга намена. Парчињата камен кои доспеале во цревото за вшмукување, ја попречуваат работата и треба веднаш да ги извадите од цревото за вшмукување. Избегнувајте да го виткате цревото за вшмукување.
- Користете ја глодалката за жлебови во сид исклучиво за предвидената намена.
– Користете само беспрекорни и остри алати за вметнување. Забележително забавениот напредок во работата е знак за истрошени алати за вметнување.
– Внимава јте на општите барања на работните места на градилиштата.
– Погрижете се за добра вентилација.
- Овозможете слободен работен простор. При подолги жлебови, вшмукувачот мора да може слободно да се подесува одн. да се подеси навреме.
– Носете заштита за слухот, заштитни очила, маска за заштита од прав и ев. ракавици. Како маска за заштита од прав носете маска од класата FFP 2 со филтрирање на најмалку една честичка.
- За чистење на работното место употребете соодветен вшмукувач. Не ја превртувајте насобраната прав.

BOSCH GNF 20 CA Professional - Напомени за примена на глодалките за жлебови во сид - 1

BOSCH GNF 20 CA Professional - Напомени за примена на глодалките за жлебови во сид - 2

BOSCH GNF 20 CA Professional - Напомени за примена на глодалките за жлебови во сид - 3

BOSCH GNF 20 CA Professional - Напомени за примена на глодалките за жлебови во сид - 4

BOSCH GNF 20 CA Professional - Напомени за примена на глодалките за жлебови во сид - 5

BOSCH GNF 20 CA Professional - Напомени за примена на глодалките за жлебови во сид - 6

BOSCH GNF 20 CA Professional - Напомени за примена на глодалките за жлебови во сид - 7

BOSCH GNF 20 CA Professional - Напомени за примена на глодалките за жлебови во сид - 8

194 | Македонски

Монтирање на дијамантската брусна плоча за сечење

▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ При ставање и менување на дијамантската брусна плоча за сечење се препорачува носење на заштитни ракавици.
▶ Дијамантската брусна плоча за сечење за време на работата станува многу жешка, не ја допирајте пред да се олади.
▶ Користите само дијамански брусни плочи за сечење. Сегментните дијамантски плочи смеат да покажуваат негативен агол на сечење и максимален процеп од 10 мм помећу сегментите.

Подигање на единицата за глодање

За промена на алатот, единицата за глодање мора целосно да биде подигната. Ставете го електричниот апарат на цврста подлога. Свртете ја бравата за отклучување 2 на пр. со крајот на клучот со два отвори 21 во правец спротивен на стрелките од часовникот.

▶ Притоа, единицата за глодање ће се отклучи и веднаш се подига нагоре со помош на силата на пружината.

Притиснете на копчето за блокирање на вретеното 9, за да го зацврстите вретеното за брусење.

► Копчето за блокирање на вретеното активирајте го само доколку вретеното за брусење е во состојба на мирување. Инаку електричниот апарат може да се оштети.

Олабавете ја затезната навртка 20 со клучот со два отвори 21 и отшрафете ја затезната навртка 20. Извадете ги дистанцерите 19 и приклучната прирабница 17.

Исчистете го вретеното за брусење 16 и сите делови што треба да се монтираат.

Одредување на ширината на жлебот

Ширината на жлебот се одредува со бројот на дистанцерите 19 помеѓу двете дијамантски брусни плочи за сечење 18 и ширината на резот на дијамантските брусни плочи за сечење.

Ширината на жлебот се одредува на следниот начин: Ширина на жлебот = дебелина на дистанцерите + ширина на дијамантските брусни плочи за сечење.

Дозволената ширина на жлебот може да ја видите во делот „Технички податоци“.

Може да го користите електричниот апарат со една или две дијамантски брусни плочи за сечење.

Поставете ја приклучната прирабница 17 на вретеното за брусење 16. Приклучната прирабница мораточно да лежи на вретеното за брусење со својот прифат за вртење.

Поставете ја дијамантската брусна плоча за сечење 18 и дистанцерите 19 на прилучната прирабница 17.

Независно од саканата ширина на жлебот мора секогаш да ги монтирате сите испорачани дистанцери 19. Дијамантската брусна плоча за сечење 18 може да се олабави уште за време на работата и да предизвика повреди.

GNF 20 CA: 5 парчиња, секое со 4 мм дебелина GNF 35 CA: 3 парчиња, секое со 4 мм дебелина и 4 парчиња, секое со 6 мм дебелина

Помеѓу двете дијамантски брусни плочи за сечење 18 мора да се монтира најмалку еден дистанцер 19.

При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со правецот на вртење на електричниот апарат (погледнете ја стрелката за правец на вртење на погонската глава).

Притиснете на копчето за блокирање на вретеното 9, за да го зацврстите вретеното за брусење.

Зашрафете ја затезната навртка 20 и затегнете ја со клуч со два отвори 21.

Повторно затворете ја единицата за глодање. Проверете дали е заклучена единицата за глодање со влечење на рачката.

При работа со две дијамантски брусни плочи за сечење 18 секогаш разменувајте ги паралелно.

Редоследот на монтажата може да се види на графичката карта.

Употреба

Претходно бирање на длабочината на резот

▶ Подесувањето на длабочината на резот смее да се врши само доколку електричниот апарат е исклучен.

Со граничникот за длабочина 6 може претходно да ја изберете длабочината на сечење.

Притиснете го копчето за подесување на граничникот за длабочина 5 и притиснете го граничникот за длабочина 6 на саканата длабочина на сечење на скалата за подесување на длабочината на сечење 4. Повторно отпуштете го копчето 5.

Осигурете се дека граничникот за длабочина 6 правилно е вклопен.

Ставање во употреба

▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред. Електричните апарати означени со 230 волти исто така може да се користат и на 220 волти.

Вклучување/исклучување

▶ Пред употребата проверете дали единицата за глодање е вклопена во најгорната позиција. Инаку дијамантските брусни плочи за сечење може да дојдат во контакт со делот што се обработува и може да ја

BOSCH GNF 20 CA Professional - Вклучување/исклучување - 1

BOSCH GNF 20 CA Professional - Вклучување/исклучување - 2

BOSCH GNF 20 CA Professional - Вклучување/исклучување - 3

BOSCH GNF 20 CA Professional - Вклучување/исклучување - 4

BOSCH GNF 20 CA Professional - Вклучување/исклучување - 5

BOSCH GNF 20 CA Professional - Вклучување/исклучување - 6

BOSCH GNF 20 CA Professional - Вклучување/исклучување - 7

BOSCH GNF 20 CA Professional - Вклучување/исклучување - 8

Македонски | 195

загубите контролата над електричниот апарат при включувањето.

За ставање во употреба на електричниот апарат, лизнете го прекинувают за вклучување/исклучување 10 нанапред.

За фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување 10 притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 10 нанапред надолу додека не се вклопи.

За да го исключите електричниот апарат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување 10 одн. доколку тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 10 наназад надолу и потоа ослободете го.

За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат само доколку го користите.

▶ Пред употребата проверете ги дијамантските брусни плочи за сечење. Дијамантските брусни плочи за сечење мора да биде монтирани беспрекорно и да може слободно да се вртат. Направете проба од најмалку една минута 1, без да го користите апаратот на материјал. Не користете оштетени, нетркалезни или дијамантски брусни плочи за сечење што вибрираат. Оштетените дијамантски брусни плочи за сечење може да пукнат и да предизвикаат повреди.

Ограничување на стартната струја

Електронското ограничување на стартната струја ја ограничува јачината на струјата при вклучување на електричниот апарат и овозможува работа на 16-А-осигурувач.

Константна електроника

Константната електроника држи постојан број на вртежи при празен од и оптоварување и овозможува иста постојана јачина при работењето.

Заштита од преоптоварување

При преоптоварување моторот запира. Оставете го електричниот апарат неоптоварен на највисок број на вртежи во празен од околу 30 секунди да се олади.

Заштита од рестартирање (GNF 35 CA)

Заштитата од рестартирање го спречува неконтролираното включување на електричниот апарат по прекин на струја.

За повторно вклучување прекинувачот за вклучување/исклучување 10 ставете го во положба Исключено и одново включете го електричниот апарат.

Напомена: Редовно проверувајте ја функцијата на заштитата од рестартирање, при што за време на работата ће го извлечете струјниот приклучок и потоа повторно ће го приклучите.

▶ Внимавајте на процепите во носечките сидови „Напомени за статика“.

▶ Не го оптоварувајте многу електричниот апарат, додека не дојде во состојба на мирување.
Затегнете го делот што се обработува, доколку не налегнува сигурно со својата тежина.
▶ Електричниот апарат смее да се користи само за сечење на суви материјали.

Заштитете ги брусните плочи за сечење од удари и маснотија. Не ја притискајте странично брусната плоча за сечење.

  • Подесете ја длабочината на сечење, видете го делот „Претходно бирање на длабочината на резот“. За да се поправат грешките, коишто настануваат при кршење на сегментите, длабочината на сечење мора претходно да се избере за 3 мм подлабоко од саканата длабочина на жлебот.
    – Поставете го електричниот апарат со лизгачките валјаци 7 на површината којашто треба да се обработи. Единицата за вдлабнување мора да биде подигната во најгорната позиција.
    – Включете го електричниот апарат.
  • Притиснете го копчето за отклучување 3 нагоре, задаја отключите единицата за глодање. Полека вдлабнете со единицата за глодање во материјалот.
    – Водете го електричниот апарат со двете дршки и со умерен притисок по материјалот што се обработува.
    – Електричниот апарат секогаш мора да се води во спротивен правец надвижење. Инаку постои опасност, тој неконтролирано да се истисне од резот. Водете го електричниот апарат во правец на стрелката 8.
    – Електричниот апарат може и да го туркате и да го влечете во правец на сечењето. Вертикалните процепи може лесно да се добијат со повлекување од горе надолу.
  • По завршување на работниот процес подигнете ја единицата за глодање од жлебот, за време на работата, додека единицата за глодање не се вклопи во најгорна позиција.
  • Исклучете го електричниот апарат.
    Не ги кочете дијамантските брусни плочи за сечење со страничен притисок.
    ▶ Дијамантската брусна плоча за сечење за време на работата станува многу жешка, не ја допирајте пред да се олади.

22

Отстранете ги останатите сегменти во материјалот со алатот за отстранување на сегменти 22.

196 | Македонски

Криволиниското сечење не е возможно, бидејки дијамантските брусни плочи за сечење може да се заглават во делот што се обработува.

При сечење на плочести материјали, истите мора да се потпрат или постават на цврста подлога.

При изведување на сегменти во сид на пр. со електропневматски чекани за дупчење може да го спречите лупењето на материјалот на површината, доколку претходно направите жлеб со максимальна длабочина на сечење со глодалката за жлебови во сид.

При сечење на особено цврсти материјали на пр. бетон со чакал, дијамантската брусна плоча за сечење може да се прегрее и да се оштети. Венецот од искри кој кружи околу дијамантската брусна плоча за сечење јасно укажува на тоа.

Во таков случај прекинете го процесот на сечење и оставете ја кратко дијамантската брусна плоча за сечење во празен од при највисок број на вртежи, за да се олади.

Значителното попуштање во работата и венецот од искри кој кружи се знаци за отапена дијамантска брусна плоча. Може повторно да ја наострите со кратки резови во абразивен материјал, на пр. силикатен камен.

Паралелен граничник (GNF 20 CA)
BOSCH GNF 20 CA Professional - | Македонски - 1

За глодање на другите жлебови, паралелно на веке постоечки жлеб, притиснете ги болцните-водилки 15 на паралелниот граничник 14 надолу во постоечкиот жлеб и на крај извршете го процесот на глодање.

Напомени за статиката

Процепите во носечките сидови подлежат на нормата DIN 1053 дел 1 или прописите специфични за земјата.

Мора неопходно да се придржувате до овие прописи. Пред почетокот на работата повикајте го одговорниот статичар, архитект или надлежните градежни раководители за да се советувате.

Дозволената длабочина и ширина на процепи зависи од должината на процепот, јачината на сидот и употребениот градежен материјал.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.

По завршената работа, демонтирајте ги затезните уреди и исчистете ги сите затезни делови како и заштитната хауба. Складирајте ја и третирајте го приборот со внимание.

Приказ за сервис11 (GNF 35 CA)

Откако ће се искористат карбонските четки, електричниот апарат сам се ислучува. Ова ће се прикаже околу 8 часа пред да светне приказот за сервис 11. Електричниот апарат мора да се достави на одржување во сервисната служба, видете ги адресите во оддел „Сервисна служба и совети при користење“.

Доколку е потребно користење на приключен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични апарати, за да го избегнете загрозувањето на безбедноста.

Резервни делови

GNF 20 CA

Приключна прирабница 17 3 600 390 023

Дистанцери 4 мм 19 3 609 202 041 Затезна навртка 20 3 603 345 005

GNF 35 CA

Приключна прирабница 17 3 609 202 039

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен цертеж и информации за резервни делови ќе најдете на:

www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch ke ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на уредот.

Македонија

Д.Д.Електрис

Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта за губре!

Само за земји во рамки на ЕУ

BOSCH GNF 20 CA Professional - Само за земји во рамки на ЕУ - 1

Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски уреди и нивна национална употреба, електричните апарати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.

Се задржува правото на промена.

Srpski

Uputstva o sigurnosti

Opšta upozorenja za električne alate

UPOZORENJE

Čitajte sva upozorenja i uputstva. Propusti kod pridržavanja

upozorenja i uputstava mogu imati za posledicu električni udar, požar i/ili teške povrede.

Čuvajte sva upozorenja i uputstva za budućnost.

Pojam upotrebljen u upozorenjima „električni alat“ odnosi se na električne alate sa radom na mreži (sa mrežnim kablom) i na električne alate sa radom na akumulator (bez mrežnog kabla).

Sigurnost na radnom mestu

Držite Vaše radno područne čisto i dobro osvetljeno. Nered ili neosvetljena radna područja mogu voditi nesrećama.
▶ Ne radite sa električnim alatom u okolini ugroženoj eksplozijom, u kojoj se nalaze zapaljive tečnosti, gasovi ili prašine. Električni alati prave varnice koje mogu zapaliti prašinu ili isparenja.
Držite podalje decu i druge osobe za vreme korišćenja električnog alata. Prilikom rada možete izgubiti kontrolu nad aparatom.

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GNF 20 CA Professional

Категорија : Телбод