EasyLamp 12 - ламба BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот EasyLamp 12 BOSCH во PDF формат.
Frequently Asked Questions - EasyLamp 12 BOSCH
Преземете ги упатствата за вашиот ламба во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник EasyLamp 12 - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. EasyLamp 12 на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК EasyLamp 12 BOSCH
Безбедносни напомени Безбедносни напомени за батериската светилка Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Ве молиме прочитајте ги и внимавајте на безбедносните напомени и упатства, што се приложени на батеријата или електричниот
Постапувајте грижливо со батериската светилка. Батериската светилка создава јака топлина, која може да доведе до зголемена опасност од пожар или експлозија. Со батериската светилка не работете во околина каде има опасност од експлозија. По автоматското исклучување на батериската светилка, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се
OBJ_BUCH-1802-001.book Page 134 Wednesday, February 13, 2013 10:53 AMМакедонски | 135 Bosch Power Tools 1 619 929 L90 | (13.2.13) Не го насочувајте зракот светлина на лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост. Користете само оригинална Bosch опрема. Не го покривајте копчето за светло, доколку батериската светилка е вклучена. Главата на светилката се затоплува со текот на работата и може да предизвика изгореници, доколку се акумулира топлина. Не ги користете батериските светилки во сообраќајот. Батериските светилки не се дозволени за осветлување во сообраќајот. Пред било каква интервенција на батериската светилка (на пр. монтажа, одржување итн.) како и при транспорт и складирање, извадете ја батеријата од батериската светилка. Не им дозволувајте на децата да ја користат батериската светилка. Таа е наменета за професионална употреба. Децата можат од невнимание да се заслепат себе си или другите лица. ВНИМАНИЕ! Не гледајте долго во зракот светлина. Оптичкото зрачење може да им наштети на очите. Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој. Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од трајно изложување на сончеви зраци, оган, вода или влага. Постои опасност од експлозија. Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, шрафови или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар. При погрешно користење, може да истече течноста од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници. Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта. Батериите полнете ги само со полначи кои се препорачани од производителите. Доколку полначот кој е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го користите со други батерии, постои опасност од пожар. OBJ_BUCH-1802-001.book Page 135 Wednesday, February 13, 2013 10:53 AM136 | Македонски 1 619 929 L90 | (13.2.13) Bosch Power Tools Користете батерии кои се соодветни на Вашиот производ од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. Користете само оригинални Bosch батерии со напон кој е наведен на спецификационата плочка на Вашиот електричен уред. При користење на други батерии, на пр. имитации, истрошени батерии или непознати производители, постои опасност од повреди како и материјални штети доколку експлодира батеријата. Опис на производот и моќноста Употреба со соодветна намена Батериските светилки се наменети за рачна употреба, просторно ограничени надворешни светила во суви простории. Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на батериската светилка на графичката страница. 1 Глава на светилката 2 Прекинувач за вклучување/исклучување 3 Батерија* 4 Копче за отклучување на батеријата* *Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Технички податоци Батериски светилки PLI 10,8 LI Број на дел/артикл 3 603 JA1 0.. Номинален напон волти= 10,8 Времетраење на светлината, околу –1,3 Ач –1,5 Ач
Полнење на батеријата (опрема) (види слика A) Користете ги само полначите што се наведени на страницата со опрема. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашата батериска светилка. Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно. Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот рок на употреба. Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата. Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска заштита на ќелиите (ECP)“ од длабинско празнење. Доколку батеријата е испразнета, батериските светилки се исклучуваат со заштитен прекинувач. По автоматското исклучување на батериската светилка, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети. За вадење на батеријата 3 притиснете го копчето за отклучување 4 и извлечете ја батеријата наназад од батериската светилка. Притоа не употребувајте сила. Батеријата е опремена со NTC-контрола на температурата, што дозволува полнење само на температура меѓу 0 °C и 45 °C . Со тоа се постигнува долг рок на траење на батеријата. Внимавајте на напомените за отстранување.
Ставање во употреба Вметнување на батерија Користете само оригинални Bosch литиум-јонски батерии со напон кој е наведен на спецификационата плочка на Вашата батериска светилка. Користењето на други батерии може да доведе до повреди и опасност од
Наполнетата батерија 3 вметнете ја во дршката, додека не се вклопи и не легне рамно во дршката. Вклучување/исклучување Батериските светилки создаваат зрак светлина, која излегува од главата на светилката 1. OBJ_BUCH-1802-001.book Page 137 Wednesday, February 13, 2013 10:53 AM138 | Македонски 1 619 929 L90 | (13.2.13) Bosch Power Tools За ставање во употреба на батериската светилка, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 2. За да ја исклучите, батериската светилка, одново притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 2. За да заштедите енергија, вклучувајте ја батериската светилка само доколку ја
Одржување и сервис Одржување и чистење Доколку батеријата не функционира повеќе, Ве молиме обратете се во овластената сервисна служба за Bosch електрични апарати. Батериската светилка не мора да се одржува и не содржи делови, што треба да се менуваат или одржуваат. Исчистете го пластичното стакло на батериската светилка со сува, мека крпа, за да избегнете оштетувања. Не користете средства за чистење или раствори. Доколку батериската светилка се расипе, и покрај грижливото одржување во согласност со напомените на производителот, поправката смее да се изврши само од страна на овластената сервисна служба за Bosch-електрични алати. За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10- цифрениот број од спецификационата плочка на батериската светилка. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен цртеж и информации за резервни делови ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема. www.bosch-do-it.de, интернет портал за занаетчии и градинари. www.1-2-do.com Во заедницата на занаетчии 1-2-do.com можете да тестирате производи, да соберете идеи или да разменувате мислења со други занаетчии. www.dha.de, комплетна понуда на услуги на Германската академија на
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации. При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци. Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи. OBJ_BUCH-1802-001.book Page 139 Wednesday, February 13, 2013 10:53 AM140 | Македонски 1 619 929 L90 | (13.2.13) Bosch Power Tools Отстранување Батериските светилки, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. Не ги фрлајте батериските светилки во домашната канта за ѓубре! Само за земји во рамки на ЕУ Според Европската регулатива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди, батериските светилки што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EG мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин. Батериите што се вон употреба може директно да ги доставите во:
Notice-Facile