GLI VariLED Professional - ламба BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GLI VariLED Professional BOSCH во PDF формат.
Frequently Asked Questions - GLI VariLED Professional BOSCH
Преземете ги упатствата за вашиот ламба во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GLI VariLED Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GLI VariLED Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GLI VariLED Professional BOSCH
Безбедносни напомени Безбедносни напомени за батериската светилка Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина. 1 609 92A 7NU | (27.04.2022) Bosch Power ToolsМакедонски | 177 u Ракувајте внимателно со батериската светилка. Батериската светилка создава јака топлина, која може да доведе до зголемена опасност од пожар или експлозија. u Со батериската светилка не работете во околина каде има опасност од експлозија. u По автоматското исклучување на батериската светилка не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети. Проверете дали батеријата е наполнета и дали батериската светилка е изладена пред повторно да ја вклучите. u Користете само оригинална Bosch опрема. u Изворот на светлина не може да се замени. Ако изворот на светлина е дефектен, мора да се замени целата батериска светилка. u Пред каква било интервенција на батериската светилка (на пр. монтажа, одржување итн.) како и при транспорт и складирање, извадете ја батеријата од батериската светилка. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. u Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост. u Не ги користете батериските светилки во сообраќајот. Батериските светилки не се дозволени за осветлување во сообраќајот. ВНИМАНИЕ! Не гледајте долго во зракот светлина. Оптичкото зрачење може да им наштети на очите. u Не ја покривајте главата на светилката, доколку батериската светилка работи. Главата на светилката се затоплува со текот на работата и може да предизвика изгореници, доколку се акумулира топлина. u При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта. u При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници. u Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток Bosch Power Tools 1 609 92A 7NU | (27.04.2022)178 | Македонски спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се
u Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар. u Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој. u Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој. u Батериите полнете ги со полначи што се препорачани исклучиво од производителот. Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на батерии, се користи со други батерии, постои опасност од пожар. u Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се
u Оваа батериска светилка не е предвидена за користење од страна на деца и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или недоволно искуство и знаење. Оваа батериска светилка може да ја користат деца над 8 години како и лица со ограничени физички, сензорни и ментални способности или со недоволно искуство и знаење, доколку се под надзор од лица одговорни за нивната безбедност или се подучени за безбедно ракување со батериската светилка и ги разбираат опасностите кои може да произлезат од тоа. Инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди. u Не им дозволувајте на децата да ја користат батериската светилка. Таа е наменета за професионална употреба. Децата можат од невнимание да се заслепат себеси или други лица. Опис на производот и перформансите Наменета употреба Батериската светилка е наменета за преносливо, просторно и временски ограничено осветлување во внатрешниот простор и не е погодна за вообичаено осветлување на простории. 1 609 92A 7NU | (27.04.2022) Bosch Power ToolsМакедонски | 179 Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница. (1) Стакло за распрскување на светлината (2) Прекинувач за вклучување/исклучување (3) Глава на светилката (4)
(5) Копче за отклучување на батеријата
(6) Прифат за лентата за носење (7) Лента за носење (8) Разладно тело
Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Технички податоци Батериски светилки GLI VariLED Број на дел 3 601 D43 4.. Номинален напон V= 18 Времетраење на светлината, околу min/Ah 190 Макс. вкупен светлосен флукс lm 420 Препорачана околна температура при
и при складирање °C –20...+50 Препорачани акумулаторски батерии GBA 18V... ProCORE18V... Препорачани полначи GAL 18... GAX 18... GAL 36... A) Ограничена јачина при температури <0 °C. Одблесокот на осветлените објекти може да биде со лажна боја. Bosch Power Tools 1 609 92A 7NU | (27.04.2022)180 | Македонски
Полнење на батеријата (опрема) u Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие полначи се совпаѓаат со литиум-јонската батерија што се користи за вашата батериска светилка. Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот при полнењето не ѝ наштетува на батеријата. Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку батеријата е испразнета, батериските светилки се исклучуваат со заштитен прекинувач. u По автоматското исклучување на батериската светилка не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети. Проверете дали батеријата е наполнета и дали батериската светилка е изладена пред повторно да ја вклучите. За да ја извадите батеријата (4) притиснете на копчињата за отклучување (5) и извлечете ја батеријата од батериската светилка. Притоа не употребувајте сила. Внимавајте на напомените за отстранување.
Ставање во употреба Ставање на батеријата Ставете ја наполнетата батерија(4) во главата на светилката(3), додека не се вклопи и не налегне на главата на светилката. Поставување Поставете ја батериската светилка на стабилна рамна површина. Внимавајте да биде безбедно поставена. Вклучување/исклучување За ставање во употреба на батериската светилка, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување(2). 1 609 92A 7NU | (27.04.2022) Bosch Power ToolsМакедонски | 181 За да ја исклучите батериската светилка, одново притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување(2). Заштита од преоптоварување во зависност од температурата При пречекорување на дозволената температура на разладните тела од 60°C батериската светилка трепка 3x и се исклучува. Оставете ја батериската светилка да се олади и повторно вклучете ја. Приказ за наполнетост на батеријата Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување. Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , за да се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија. Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени. Тип на батерија GBA 18V... LED светилки Капацитет Трајно светло 3× зелено 60−100% Трајно светло 2× зелено 30−60% Трајно светло 1× зелено 5−30% Трепкаво светло 1× зелено 0−5% Тип на батерија ProCORE18V... LED светилки Капацитет Трајно светло 5× зелено 80−100 % Трајно светло 4× зелено 60−80 % Трајно светло 3× зелено 40−60 % Трајно светло 2× зелено 20−40 % Bosch Power Tools 1 609 92A 7NU | (27.04.2022)182 | Македонски LED светилки Капацитет Трајно светло 1× зелено 5−20 % Трепкаво светло 1× зелено 0−5 % Совети при работењето Батериската светилка свети со намалена осветленост, доколку преостанатото времетраење на осветлувањето изнесува ≤10минути. Вртење на главата на светилката (види сликаA) Можете да ја навалите главата на светилката(3) за максимални 135° во 27° чекори. Лента за носење (види сликаB) Со лентата за носење(7) може да ја носите батериската светилка или да ја прицврстите на некој предмет. Одржување и сервис Одржување и чистење u Пред каква било интервенција на батериската светилка (на пр. монтажа, одржување итн.) како и при транспорт и складирање, извадете ја батеријата од батериската светилка. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. Батериската светилка не мора да се одржува и не содржи делови, што треба да се менуваат или одржуваат. Исчистете го пластичното стакло на батериската светилка со сува, мека крпа, за да избегнете оштетувања. Не користете средства за чистење или раствори. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема. За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10- цифрениот број од спецификационата плочка на производот. 1 609 92A 7NU | (27.04.2022) Bosch Power ToolsМакедонски | 183 Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под: www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации. При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци. Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални
Отстранување Батериските светилки, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. Не ги фрлајте батериските светилки и батериите во домашната канта за
Bosch Power Tools 1 609 92A 7NU | (27.04.2022)184 | Srpski Само за земјите од ЕУ: Според европската директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, батериските светилки што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба. Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето поради можното присуство на опасни материи.
Notice-Facile