BOSCH

GBH 36 VFLI Plus - шрафцигер BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GBH 36 VFLI Plus BOSCH во PDF формат.

📄 274 страници PDF ⬇️ Македонски MK 🔧 SAV 💬 AI прашање 🖨️ Печати
Notice BOSCH GBH 36 VFLI Plus - page 196
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GBH 36 VFLI Plus

Категорија : шрафцигер

Преземете ги упатствата за вашиот шрафцигер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GBH 36 VFLI Plus - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GBH 36 VFLI Plus на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GBH 36 VFLI Plus BOSCH

Безбедносни напомени Општи напомени за безбедност за електричните апарати Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во напомените за безбедност се однесува на електрични апарати што користат струја (со струен кабел) и електрични апарати што користат батерии (без струен кабел). Безбедност на работното место Работниот простор секогаш нека биде чист и добро осветлен. Неуредниот или неосветлен работен простор може да доведе до несреќи. Не работете со електричниот апарат во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Електричните апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта или пареата. Држете ги децата и другите лица подалеку за време на користењето на електричниот апарат. Доколку нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите контролата над уредот. Електрична безбедност Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на приклучокот во ѕидната дозна. Приклучокот во никој случај не смее да се менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со заземјениот електричен апарат. Неменувањето на прекинувачот и соодветните ѕидни дозни го намалуваат ризикот од електричен удар. Избегнувајте физички контакт со заземјените површини на цевки, радијатори, шпорет и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар, доколку Вашето тело е заземјено. Електричните апарати држете ги подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар. Не го користите кабелот за друга намена, за да го носите електричниот апарат, за да го закачите или да го влечете приклучокот од ѕидната дозна. Држете го кабелот понастрана од топлина, масло, остри рабови или подвижните компоненти на уредот. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар. Доколку со електричниот апарат работите на отворено, користете само продолжен кабел што е погоден за користење на надворешен простор. Користењето на соодветен продолжен кабел на отворено го намалува ризикот од електричен удар. Доколку користењето на електричниот апарат во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен уред со диференцијална стру

Употребата на заштитниот уред со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар. Безбедност на лица Бидете внимателни како работите и разумно користете го електричниот апарат. Не користете електрични апарати, доколку сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата на електричниот апарат може да доведе до сериозни повреди. Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр.маска за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, во зависност од видот и примената на електричниот апарат, го намалува ризикот од повреди. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ OBJ_BUCH-283-010.book Page 196 Wednesday, January 7, 2015 2:07 PMМакедонски | 197 Bosch Power Tools 1 609 92A 0JA | (7.1.15) Избегнувајте неконтролирано користење на апаратите. Осигурете се, дека е исклучен електричниот апарат, пред да го приклучите на напојување со струја и/или на батерија, пред да го земете или носите. Доколку при носењето на апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте го приклучиле уредот додека е вклучен на напојување со струја, ова може да предизвика несреќа. Извадете ги алатите за подесување или клучевите за зашрафување, пред да го вклучите електричниот апарат. Доколку има алат или клуч во некој од деловите на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди. Избегнувајте абнормално држење на телото. Застанете во сигурна положба и постојано држете рамнотежа. На тој начин ќе може подобро да го контролирате електричниот апарат во неочекувани

Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови. Лесната облека, накитот или долгата коса м оже да се зафатат од подвижните делови. Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно се приклучени и прикладно се користат. Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува опасноста од прав. Користење и ракување со електричниот апарат Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соодветниот електричен апарат за Вашата работа. Со соодветниот електричен апарат ќе работите подобро и посигурно во зададениот домен на работа. Не користете го електричниот апарат, доколку има дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и мора да се поправи. Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или извадете ја батеријата, пред да ги смените поставките на уредот, да ги замените деловите или да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот уред. Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Електри чните апарати се опасни, доколку ги користат неискусни лица. Одржувајте ги грижливо електричните апарати. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или оштетени, што може да ја попречи функцијата на електричниот апарат. Поправете ги оштетените делови пред користењето на уредот. Многу несреќи својата причина ја имаат во лошо одржуваните електрични апарати. Алатот за сечење одржувајте го остар и чист. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив полесно се работи. Користете ги електричните апарати, опремата, додатоците за алатите итн. во согласност со ова упатство. Притоа земете ги во обѕир работните услови и дејноста што треба да се изврши. Користењето на електрични апарати за друга употреба освен наведената може да доведе до опасни ситуации. Користење и ракување на батерискиот апарат Батериите полнете ги со полначи што се препорачани исклучиво од производителот. Доколку полначот кој е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го користите со други батерии, постои опасност од пожар. Затоа користете батерии кои се предвидени за електричниот апарат. Користењето друг вид батерии може да доведе до повреди и опасност од пожар. Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, шрафови или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар. При погрешно користење, може да истече течноста од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.

Поправката на Вашиот електричен апарат смее да биде извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на електричниот

Безбедносни напомени за чекани Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да влијае на губењето на слухот. Користете ги дополнителни дршки, доколку се испорачани заедно со електричниот алат. Губењето на контролата може да доведе до повреди. Држете го уредот за изолираните површини на рачките, доколку вршите работи каде алатот што се вметнува може да наиде на скриени електрични кабли. Контактот со струјниот кабел може да ги стави под напон металните делови на уредот и да доведе до електричен удар. Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со OBJ_BUCH-283-010.book Page 197 Wednesday, January 7, 2015 2:07 PM198 | Македонски 1 609 92A 0JA | (7.1.15) Bosch Power Tools електрични кабли може да доведе до пожар и електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување. При работата, држете го електричниот апарат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот апарат посигурно ќе управувате ако го држите со двете дланки. Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака. Почекајте додека електричниот апарат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот. Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од трајно изложување на сончеви зраци, оган, вода или влага. Постои опасност од експлозија.

Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на

Пареата може да ги надразни дишните патишта. Користете батерии кои се соодветни на Вашиот електричен апарат од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира или да се прегрее. Опис на производот и моќноста Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го читате упатството за употреба. Употреба со соодветна намена Електричниот апарат е наменет за ударно дупчење во бетон, цигли и камен како и за фино длетување. Тој исто така е погоден за дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика. Електричните апарати со електронска регулација и тек лево/десно се исто така погодни за зашрафување. Светлото на овој електричен апарат е наменето да го осветли директно полето на работа на електричниот апарат и не е погодно за просторно осветлување во домаќинството. Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричните апарати на графичката страница. 1 Брзозатезна заменлива глава за дупчење (GBH 36 VF-LI Plus) 2 SDS-plus-заменлива глава за дупчење (GBH 36 VF-LI Plus) 3 Прифат на алат SDS-plus 4 Капак за заштита од прав 5 Чаура за заклучување 6 Прстен за заклучување на заменливата глава за дупчење (GBH 36 VF-LI Plus) 7 Амортизација на вибрациите 8 Прекинувач за менување на правецот на вртење 9 Рачка (изолирана површина на дршката) 10 Прекинувач за вклучување/исклучување 11 Батерија* 12 Копче за отклучување за прекинувачот за запирање на удари/вртежи 13 Прекинувач за запирањ е на удари/вртежи 14 Работно светло 15 Копче за подесување на граничникот за длабочина 16 Дополнителна дршка (изолирана површина на

17 Граничник за длабочина 18 Копче за отклучување на батеријата 19 Приказ за контрола на температурата 20 Приказ за наполнетоста на батеријата 21 Копче за приказот за наполнетост на батеријата 22 Сигурносна завртка за запчестата глава за дупчење (GBH 36 V-LI Plus) * 23 Запчеста глава за дупчење (GBH36V-LI Plus)* 24 SDS-plus-вратило за прифат за главата за дупчење (GBH 36 V-LI Plus) * 25 Прифат за главата за дупчење(GBH36VF-LI Plus) 26 Клуч за главата за дупчење(GBH 36 V-LI Plus) 27 Предна чаура за брзозатезната за менлива глава за дупчење (GBH 36 VF-LI Plus) 28 Затезен прстен за брзозатезната заменлива глава за дупчење (GBH 36 VF-LI Plus) 29 EPC-прекинувач (Electronic Precision Control) 30 Универзален држач SDS-plus-вратило за прифат* *Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. OBJ_BUCH-283-010.book Page 198 Wednesday, January 7, 2015 2:07 PMМакедонски | 199 Bosch Power Tools 1 609 92A 0JA | (7.1.15) Технички податоци Информации за бучава/вибрации Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност со EN 60745-2-6. Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува: ниво на звучен притисок 90 dB(A); ниво на звучна јачина 101 dB(A). Несигурност K=3 dB. Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a

(векторски збор на трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со EN 60745: Ударно дупчење во бетон: a

Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка според EN 60745 и може да се користи за меѓусебна споредба на електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации. Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се користи за други примени, со различна опрема, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење. За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може знач ително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата. Чекани за дупчење GBH 36 V-LI Plus GBH 36 VF-LI Plus Број на дел/артикл 3 611 J06 0.. 3 611 J07 0.. Контрола на бројот на вртежи

Заменлива глава за дупчење

0–940 0–930 0–940 0–930 Прифат на алатот SDS-plus SDS-plus Дијаметар на грлото на вретеното мм 50 50 Дијаметар на дупката макс:

  • во зависност од употребената батерија
  • * ограничена јачина при температури <0 °C Техничките податоци се на испорачаната батерија. OBJ_BUCH-283-010.book Page 199 Wednesday, January 7, 2015 2:07 PM200 | Македонски 1 609 92A 0JA | (7.1.15) Bosch Power Tools Изјава за сообразност Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот опишан во „Технички податоци“ соодветствува на сите применливи одредби од директивите 2009/125/EC (одредба 1194/2012), 2011/65/EU, 2004/108/EC, 2006/42/EC вклучително нивните измени и е сообразен со следните норми: EN 60745-1, EN 60745-2-6. Техничка документација (2006/42/EC) при: Robert Bosch GmbH, PT/ETM9, 70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY Robert Bosch GmbH, Power Tools Division 70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY Leinfelden, 07.01.2015

Полнење на батеријата (види слика A) Користете ги само полначите што се наведени на страницата со опрема. Само овие полначи се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен

Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно. Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот рок на употреба. Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата. Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска заштита на ќелиите (ECP)“ од длабинско празнење. Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе се исклучи со помош на заштитно струјно коло: Електричниот апарат не се движи повеќе. По автоматското исклучување на електричниот апарат, не притиска јте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се

Вадење на батеријата Батеријата 11 има два степени на заклучување кои спречуваат да не испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отворање на батеријата 18. Додека батеријата е вметната во електричниот апарат, таа се држи во позиција со помош на федер. За да ја извадите батеријата 11: – Притиснете ја батеријата наспроти основата на електричниот апарат (1.) и истовремено на копчето за отворање 18 (2.). – Извлечете ја батеријата од електрич ниот апарат, додека не се појави една црвена лента (3.). – Уште еднаш притиснете го копчето за отворање 18 и целосно извадете ја батеријата. Приказ за наполнетоста на батеријата Трите зелени LED светла на приказот за наполнетост на батеријата 20 ја покажуваат наполнетоста на батеријата

11. Од безбедносни причини, наполнетоста на батеријата

може да ја проверите само доколку електричниот апарат е во мирување. – Притиснете го копчето 21, за да се прикаже наполнетоста на батеријата (ова исто така е возможно и кога е извадена батеријата). По околу 5 секунди приказот за наполнетост сам се гаси. Доколку по притискањето на копчето 21 не свети LED, батеријата е дефектна и мора да се замени. За време на процесот на полнење трите зелени LED светла светнуваат едноподруго и се гасат за кратко. Батеријата е целосно наполнета, доколку трите зелени LED светла постојано светат. Околу 5 минути откако ќе се наполни целосно батеријата, трите зелени LED светла повторно се

Дополнителна дршка Користете го вашиот електричен апарат само со дополнителна дршка 16. Свртете ја дополнителната дршка (види слика B) Дополнителната дршка 16 може да ја вртите по желба, за да си овозможите безбедна и неуморна работа. – Вртете го долниот дел на дополнителната дршка 16 наспроти движењето на стрелките од часовникот и навалете ја дополнителната дршка 16 во саканата позиција. Потоа зацврстете го долниот дел на дополнителната дршка 16 во правец на стрелките од часовникот. Внимавајте, затезната лента на дополнителната дршка да легне во предвидениот жлеб на куќиштето. Бирање на глава за дупчење и алат За ударно дупчење и длетување потребен ви е SDS-plus- алат, што ќе се вметне во SDS-plus-главата за дупчење. За дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика како и за заштафување/одвртување се користат алати без SDS-plus (напр. дупчалка со цилиндрично вратило). За овие алати потребна ви е брзозатегачка глава за дупчење одн. запчеста глава за дупчење. Henk Becker Executive Vice President Engineering Helmut Heinzelmann Head of Product Certification PT/ETM9 ЛЕД светло Капацитет Трајно светло 3 x зелено ≥ 2/3 Трајно светло 2 x зелено ≥ 1/3 Трајно светло 1 x зелено <1/3 Трепкаво светло 1 x зелено Резерва OBJ_BUCH-283-010.book Page 200 Wednesday, January 7, 2015 2:07 PMМакедонски | 201 Bosch Power Tools 1 609 92A 0JA | (7.1.15) Вметнување/вадење на запчестата глава (GBH 36 V-LI Plus) За да може да работите со алати без SDS-plus (напр. со дупчалка со цилиндрично вратило), мора да монтирате соодветна глава за дупчење (запчеста или брзозатезна глава за дупчење, опрема). Монтирање на запчестата глава за дупчење (види слика C) – Зашрафете го SDS-plus-вратилото за прифат 24 во запчестата глава за дупчење 23. Зацврстете ја запчестата глава за дупчење 23 со сигурносна завртка

22. Внимавајте сигурносната завртка да има лев

Вметнување на запчестата глава за дупчење (види слика C) – Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за прифат и малку намастете го.

апчестата глава за дупчење со вратилото за прифат ставете ја со вртење во прифатот за алат, додека самата не се заклучи. – Проверете дали е заклучена со влечење на запчестата глава за дупчење. Вадење на запчестата глава за дупчење – Турнете ја чаурата за заклучување 5 наназад и извадете ја запчестата глава за дупчење 23. Вадење/ставање на заменливата глава за дупчење (GBH 36 VF-LI Plus) SDS-plus-заменливата глава за дупчење 2 може лесно да се замени со испорачаната брзозатезна заменлива глава за дупчење 1. Извадете ја резервната глава за дупчење (види слика D) – Извлечете го наназад прстенот за заклучување на заменливата глава за дупчење 6, држете го цврсто во оваа позиција и извлечете ја нанапред SDS-plus- заменливата глава за дупчење 2 одн. брзозатезната заменлива глава за дупчење 1. –Откако ќе ја извадите, заштитете ја заменливата глава за дупчење од нечистотија. Вметнете ја резервната глава за дупчење (види слика E) – Исчистете ја заменливата глава за дупчење пред да ја ставите и подмачкајте го лесно крајот за вметнување. – Фатете ја SDS-plus-заменливата глава за дупчење 2 одн. брзозатезната заменлива глава за дупчење 1 со целата дланка. Вметнете ја заменливата глава за дупчење со вртење во прифатот за главата за дупчење 25, додека не слушнете дека е вклопена. – Резервната глава за дупчење сама се заклучува. Проверете дали е заклучена со влечење на резервната глава за дупчење. Замена на алатот Капакот за заштита од прав 4 го спречува навлегувањето на правта која се создава при дупчењето во прифатот на алатот. Затоа при употребата на апаратот проверете дали капакот за заштита од прав 4 е оштетен. Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба. Замена на алатот (SDS-plus) Ставете SDS-max алат за вметнување (види слика F) Со SDS-plus-главата за дупчење можете едноставно и лесно без користење на дополнителни алати да го замените алатот што се вметнува. – GBH 36 VF-LI Plus: Вметнете ја SDS-plus-заменливата глава за дупчење 2. – Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се вметнува и малку намастете го. – Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во прифатот на алат, додека самиот не се заклучи. – Проверете дали е заклучен со влечење на алатот. Со SDS-plus-алатот што се вметнува може слободно да се маневрира, условено од системот. Така, при празен од настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема влијание на прецизноста на дупчењето на дупката,

јќи дупчалката сама се центрира при дупчењето. Извадете го SDS-max алатот за вметнување (види слика G) – Турнете ја чаурата за заклучување 5 наназад и извадете ја запчестата глава за дупчење. Замена на алатот (без SDS-plus) (GBH 36 V-LI Plus) Ставање на алатот за вметнување (види слика H) Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата за дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното дупчење или длетување. – Вметнете запчеста глава за дупчење 23 (види „Вметнување/вадење на запчестата глава“, страна 201). –Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење 23 додека не се отвори за да може да се стави алатот. Вметнете го алатот. – Клучот за затегање на главата за дупчење ставете го во соодветните отвори на запчестата глава за дупчење 23 и затегнете го алатот. –Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртеж

13 во позиција „Дупчење“. Вадење на алатот за вметнување (види слика I) –Свртете ја чаурата на запчестата глава за дупчење 23 со помош на клучот за затегање на главата за дупчење во правец спротивен на стрелките на часовникот, додека не се извади алатот за вметнување. OBJ_BUCH-283-010.book Page 201 Wednesday, January 7, 2015 2:07 PM202 | Македонски 1 609 92A 0JA | (7.1.15) Bosch Power Tools Замена на алатот (без SDS-plus) (GBH 36 VF-LI Plus) Ставање на алатот за вметнување (види слика J) Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата за дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното дупчење или длетување. – Вметнете ја брзозатезната заменлива глава за дупчење

– Држете го цврсто затезниот прстен 28 на брзозатезната заменлива глава за дупчење. Отворете го прифатот за алат со вртење на предната чаура 27, додека не дојде во позиција каде може да се вметне алатот. Цврсто држете го затезниот прстен 28 и вртете ја предната чаура 27 во правец на стрелката, додека не слушнете дека е вклопена. – Проверете дали е зацврстена со влечење на алатот. Напомена: Д околку прифатот за алат е отворен до крај, при вртење на истиот може да се слушне како се вклопува, а сепак да не се затвора. Во овој случај, свртете ја еднаш предната чаура 27 во правец спротивен на стрелката. Потоа може да се затвори алатот за прифат. –Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи 13 во позиција „Дупчење“. Вадење на алатот за вметнување (види слика K) – Држете го цврсто затезниот прстен 28 на брзозатезната заменлива глава за дупчење. Отворете го прифатот за алат со вртење на предната чаура 27 во правец на стрелката, додека не дојде во позиција каде може да се извади алатот. Вшмукувач за прав со GDE 16 Plus (опрема) Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест може да бидат обработувани само од страна на стручни лица. – Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува. –Погрижете се за добра проветреност на работното

– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.

нимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате. Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали. За вшмукување на правта потребен ви е GDE 16 Plus

Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува. При вшмукување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален вшмукувач.

Ставање во употреба Вметнување на батерија –Прекинувачот за правец на вртење 8 поставете го во средната позиција, за да го заштитите електричниот апарат од невнимателно вклучување. – Наполнетата батерија ставете ја 11 од задната страна навнатре во подножјето на електричниот алат. Целосно вметнете ја батеријата во подножјето, додека црвената линија не исчезне и додека батеријата не се заклучи. Подесување на начинот на работа Со прекинувачот за запирање на удари/вртежи 13 изберете го начинот на работа на електричниот апарат. Напомена: Променете го начинот на работа само доколку електричниот апарат е исклучен! Инаку електричниот апарат може да се оштети. – За да го пром ените начинот на работа, притиснете го копчето за отклучување 12 и свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи 13 во саканата позиција додека не слушнете дека се вклопил. Позиција за ударно дупчење во бетон или

Позиција за Дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика како и за зашрафување/одвртување Позиција Vario-Lock за подесување на позицијата на длетото Во оваа позиција, прекинувачот за запирање на удари/вртежи 13 не се

Позиција за Длетување OBJ_BUCH-283-010.book Page 202 Wednesday, January 7, 2015 2:07 PMМакедонски | 203 Bosch Power Tools 1 609 92A 0JA | (7.1.15) Поставете го правецот на вртење Со прекинувачот за менување на правецот за вртење 8 може да го промените правецот на вртење на електричниот апарат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување 10 е притиснат ова не е

Тек на десно: Притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење 8 до крај во позиција . Тек на лево: Притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење 8 до крај во позиција . Правецот на вртење при ударно дупчење, дупчење и длетување секогаш поставувајте го на десен тек. Вклучување/исклучување

а да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат само доколку го користите. – За вклучување на електричниот апарат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 10. При првото вклучување на електричниот апарат може да дојде до одложување на стартот на апаратот. – За Исклучување отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување 10. Подесување на бројот на вртежи/удари Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен апарат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклу чување 10. Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување 10 се постигнуваат мал број на вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи/удари. Electronic Precision Control (EPC) (види слика L) EPC Ви помага при работење со удари во чувствителни материјали со бавно замавнување и намален број на работни вртежи. – Притиснете го EPC-прекинувачот 29 во саканата

Спојка за заштита од преоптоварување Доколку алатот што се вметнува се стегне или заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за дупчење. Електричниот апарат секогаш држете го, поради јачината со која работи, цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Исклучете го електричниот апарат и олабавете го алатот што се вметнува, доколку се блокира електричниот апарат. Доколку вклучите блокиран алат за дупчење настануваат моменти на

Брзо исклучување (ERC) Брзото исклучување овозможува подобра контрола на електричниот апарат. При ненадејна и непредвидена ротација на електричниот апарат околу оската за дупчење, електричниот апарат се исклучува. Брзото исклучување е прикажано со трепкање работното светло 14 на електричниот апарат. – За повторно ставање во употреба отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување и одново притиснете го. Брзото исклучување може да се активира само кога електричниот апарат работи со максимален број на работни вртежи и може да се врти слободно околу оската на бургијата. Притоа, изберете погодна работна позиција. Инаку не е загарантирано дека ќе се активира брзото исклучување. Приказ за контрола на температурата Црвеното LED светло на приказот за контрола на температурата 19 сигнализира, дека батеријата или електрониката на електри чниот апарат (со вметната батерија) не е во оптималните граници на температурата. Во овој случај електричниот апарат не работи или не работи со полна јачина. Контрола на температурата на батеријата: – Црвеното LED светло 19 свети постојано при вметнувањето на батеријата во полначот: Батеријата е надвор од границите на температурата за полнење од 0°C до 45°C и не може да се наполни. – Црвеното LED светло 19 трепка при притискање на копчето 21 или на прекинувачот за вклучување/исклучување 10 (при ставена батерија): Батеријата е надвор од границите на работна температура. –При температура на батеријата од над 70 °C електричниот апарат се исклу чува, додека батеријата не се врати во оптималните граници на температура. Контрола на температурата на електрониката на електричниот апарат: – Црвеното LED светло 19 постојано свети при притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување 10: Температурата на електрониката на електричниот апарат изнесува помалку од 5 °C или повеќе од 75 °C. –При температура од над 90 °C електрониката на електричниот апарат се исклучува, додека не се врати повторно во границите на температурата за работа. Совети при работењето Подесување на длабочина на дупчење (види слика M) Со граничникот за длабочина 17 може да се утврди длабочината на дупчење X. – Притиснете го копчето за подесување на граничникот за длабочина 15 и поставете го граничникот за длабочина во дополнителната дршка 16. Избраздениот дел на граничникот за длабочина 17 мора да покажува надолу. Позиција за максимален број на работни

Позиција за бавно замавнување и намален број на работни вртежи OBJ_BUCH-283-010.book Page 203 Wednesday, January 7, 2015 2:07 PM204 | Македонски 1 609 92A 0JA | (7.1.15) Bosch Power Tools – Вметнете го SDS-plus-алатот за вметнување до крај во прифатот за алат SDS-plus 3. Инаку, доколку SDS-plus- алатот е лабаво наместен, може да доведе до погрешно подесување на длабочината на дупчење. – Извлечете го граничникот за длабочина до тој степен, да одговара на растојанието на саканата длабочина на дупчење меѓу врвот на дупчалката и врвот на граничникот за длабочина X. Промена на позицијата за длетување (Vario-Lock) Длетото може да го фиксирате во36 позиции. Притоа, може да ја користите оптималната работна позиција. – Ставете го длетото во прифатот за алат. –Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи 13 во позици ја „Vario-Lock“ (види „Подесување на начинот на работа“, страна 202). – Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција за длетување. –Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи 13 во позиција „Длетување“. Со тоа, прифатот за алат ќе се фиксира. – Поставете го правецот на вртење за длетување на десен

Вметнување на битови за одвртувач/зашрафувач (види слика N) Електричниот апарат ставете го на мутерот/шрафот само доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен и се врти, тој може да се преврти и падне. За користење на битовите за одвртувач/зашрафувач потребен ви е универзален држач 30 со SDS-plus вратило за прифат (опрема). – Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за

алку намастете го. – Универзалниот држач ставете го со вртење во прифатот на алат, додека самиот не се заклучи. – Проверете дали е заклучена со влечење на универзалниот држач. – Ставете еден бит за одвртувач/зашрафувач на универзалниот држач. Користете само битови што се соодветни на главата за зашрафување. – За вадење на универзалниот држач вметнете ја чаурата за заклучување 5 наназад и извадете го универзалниот држач 30 од прифатот за алат. Амортизација на вибрациите Вградената амортизација за вибрации ги намалува вибрациите кои настануваат во текот на работењето. Меката дршка ја зголемува заштитата од лизга

обезбедува подобро држење и ракување на електричниот

Напомени за оптимално користење на батериите Заштитете ја батеријата од влага и вода. Складирајте ја батеријата во граници на температура од –20 °C до 50 °C. не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот летно време. Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка. Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени. Внимавајте на напомените за отстранување. Одржување и сервис Одржување и чистење Пред било каква интервенција на електричниот апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно ракување со прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите. Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба. – Исчистете го прифатот за алат 3 по секоја употреба. Сервисна служба и совети при користење За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на уредот. Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен цртеж и информации за резервни делови ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и

Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk

Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации. При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци. Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. OBJ_BUCH-283-010.book Page 204 Wednesday, January 7, 2015 2:07 PMSrpski | 205 Bosch Power Tools 1 609 92A 0JA | (7.1.15) Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи. Отстранување Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за ѓубре! Само за земји во рамки на ЕУ Според европската регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.