GBH 18V26 Professional - шрафцигер BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GBH 18V26 Professional BOSCH во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот шрафцигер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GBH 18V26 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GBH 18V26 Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GBH 18V26 Professional BOSCH
Безбедносни напомени Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен
u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните
u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. u Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. Bosch Power Tools 1 609 92A 8K6 | (19.01.2023)212 | Македонски u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
u Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи
Употреба и чување на батериски алат u Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии. u Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар. u Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар. u Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници. u Не употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од
u Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на оган или висока температура. Изложувањето на оган или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија. u Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар. Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. u Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис. Безбедносни напомени за чекани Безбедносни упатства за сите типови работа u Носете штитници за уши. Изложеноста на бучава може да предизвика губење на слухот. u Користете дополнителни рачки, доколку се испорачани со алатот. Губење на контрола може да предизвика телесни повреди. u Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за опремата за сечење и прицврстувачот да не дојдат во контакт со скриена жица. Ако опремата за сечење и прицврстувачите дојдат во допир со „жица под напон“, може да ги изложат металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар. Безбедносни упатства при користење на долги бургии со ротирачки хилти u Секогаш почнете го дупчењето со мала брзина, и врвот на бургијата да биде во допир со делот што се обработува. При поголема брзина, бургијата може да се искриви ако слободно ротира надвор од делот што се обработува, и да се повредите. u Притискајте само во директна линија со бургијата и не вршете преголем притисок. Бургиите може да се искриват и скршат, со што може да изгубите контрола и да се повредите. 1 609 92A 8K6 | (19.01.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 213 Дополнителни безбедносни напомени u Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување. u Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот. u Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака. u При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта. u Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој. u Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее. u Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој. u Кратко по употребата не ги допирајте алатите за вметнување или соседните делови на куќиштето. За време на работата тие може да бидат многу жешки и да предизвикаат изгореници. u Алатот за вметнување може да се заглави за време на дупчењето. Обезбедете сигурна положба и цврсто држете го електричниот алат со двете раце. Во спротивно, може да ја изгубите контролата врз електричниот алат. u Бидете внимателни за време на кршењето со длето. Деловите што паѓаат од материјалот за кршење може да ги повредат присутните или себе си. u При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно ќе управувате ако го држите со двете дланки. Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
Употреба со соодветна намена Електричниот алат е наменет за ударно дупчење во бетон, цигли и камен како и за фино длетување. Тој исто така е погоден за дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика. Електричните алати со електронска регулација и лев/десен тек се исто така погодни за завртување. Илустрација на компоненти Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница. (1) Брзозатегнувачка заменлива глава за дупчење (GBH18V-26F) (2) SDS-plus-заменлива глава за дупчење (GBH18V-26F) (3) Прифат на алат SDS-plus (4) Капак за заштита од прав (5) Чаура за заклучување (6) Прстен за заклучување на заменливата глава за дупчење (GBH18V-26F) (7) Амортизација на вибрациите (8) EPC-прекинувач (Electronic Precision Control) (9) Прифат за кука за закачување (10) Копче за отклучување на батерија
(11) Прекинувач за менување на правецот на
(12) Рачка (изолирана површина на рачката) (13) Прекинувач за вклучување/исклучување (14)
(15) Копче за отклучување за прекинувачот за запирање на удари/вртежи (16) Прекинувач за запирање на удари/вртежи (17) Работна светилка (18) Копче за подесување на граничникот за
(19) Дополнителна дршка (изолирана површина на
(20) Граничник за длабочина Bosch Power Tools 1 609 92A 8K6 | (19.01.2023)214 | Македонски (21) Сигурносна завртка за запчеста глава за дупчење (GBH18V-26)
(23) SDS-plus-вратило за прифат на главата за дупчење (GBH18V-26)
(24) Прифат за главата за дупчење (GBH18V-26F) (25) Отвори за подесување (26) Клуч за затегнување на главата за дупчење (GBH18V-26) (27) Предна чаура за брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење (GBH18V-26F) (28) Затезен прстен за брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење (GBH18V-26F) (29) Универзален држач со SDS-plus-вратило за
Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Технички податоци Батериски чекан за дупчење GBH18V-26 GBH18V-26F Број на дел 3611J090.. 3611J10... Контрола на бројот на вртежи ● ● Запирање на вртежи ● ● Десен/лев тек ● ● Заменлива глава за дупчење − ● Номинален напон V= 18 18 Номинална јачина
0–980 0–980 Прифат на алатот SDSplus SDSplus Дијаметар на грлото на вретеното mm 50 50 Дијаметар на дупката макс.: – Бетон mm 26 26 – Ѕидни конструкции (со крунеста
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласноENIEC62841-2-6. Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: Ниво на звучен притисок dB(A)
Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a
(векторски збир на три насоки) и несигурностK дадени се во согласност соENIEC62841-2-6: Ударно дупчење во бетон:
1,5 1,5 Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
Полнење на батеријата u Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред. Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја. Ставање на батеријата Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи. Вадење на батеријата За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила. Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сѐ додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина. Приказ за наполнетост на батеријата Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување. Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , за да се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија. Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени. Bosch Power Tools 1 609 92A 8K6 | (19.01.2023)216 | Македонски Тип на батерија GBA 18V... LED-светилки Капацитет Трајно светло 3× зелено 60–100% Трајно светло 2× зелено 30–60% Трајно светло 1× зелено 5–30% Трепкаво светло 1× зелено 0–5% Тип на батерија ProCORE18V... LED-светилки Капацитет Трајно светло 5× зелено 80–100% Трајно светло 4× зелено 60–80% Трајно светло 3× зелено 40–60% Трајно светло 2× зелено 20–40% Трајно светло 1× зелено 5–20% Трепкаво светло 1 × зелено 0–5% Напомени за оптимално користење на
Заштитете ја батеријата од влага и вода. Складирајте ја батеријата во опсег на температура од −20°C до 50°C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето. Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка. Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени. Внимавајте на напомените за отстранување.
Дополнителна рачка u Користете го Вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (19). u Осигурајте се дека дополнителната рачка е секогаш цврсто затегната. Во спротивно, за време на работата може да ја изгубите контролата врз вашиот електричен алат. Навалување на дополнителната рачка (види слика A) Дополнителната рачка (19) може да ја вртите по желба, за да може безбедно и неуморно да работите. – Вртете го долниот дел на дополнителната рачка (19) во правец спротивно на стрелките од часовникот и навалете ја (19) во саканата позиција. Потоа повторно зацврстете го долниот дел на дополнителната рачка (19) во правец на стрелките од часовникот. Внимавајте, затезната лента на дополнителната дршка да легне во предвидениот жлеб на куќиштето. Бирање на глава за дупчење и алат За ударно дупчење и длетување потребен Ви е SDS-plus- алат, што ќе се вметне во SDS-plus-главата за дупчење. За дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика како и за завртување се користат алати без SDS- plus (на пр. дупчалка со цилиндрично вратило). За овие алати потребна Ви е брзозатезната глава за дупчење одн. запчеста глава за дупчење. Менување на главата за дупчење Вметнување/вадење на запчестата глава GBH 18V-26 За да може да работите со алати без SDS plus (напр. со дупчалка со цилиндрично вратило), мора да монтирате соодветна глава за дупчење (запчеста или брзозатегнувачка глава за дупчење, опрема). Монтирање запчеста глава за дупчење (види сликаB) – Завртете го SDS-plus-вратилото за прифат (23) во запчестата глава за дупчење (22). Зацврстете ја запчестата глава за дупчење (22) со безбедносната завртка (21). Внимавајте сигурносната завртка да има лев навој. Вметнување запчеста глава за дупчење (видисликаB) – Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за прифат и малку намастете го. – Запчестата глава за дупчење со вратилото за прифат ставете ја со вртење во прифатот за алат, додека самата не се заклучи. – Проверете дали е заклучена со влечење на запчестата глава за дупчење. Вадење на запчестата глава за дупчење – Турнете ја чаурата за заклучување (5) наназад и извадете ја запчестата глава за дупчење (22). Вадење/ставање на заменливата глава за дупчење
Вадење на заменливата глава за дупчење (види сликаC) – Извлечете го наназад прстенот за заклучување на заменливата глава за дупчење (6), држете го цврсто во оваа позиција и извлечете ја нанапред SDS-plus- заменливата глава за дупчење (2) одн. брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење (1). – Откако ќе ја извадите, заштитете ја заменливата глава за дупчење од нечистотија. Вметнување на заменливата глава за дупчење (види сликаD) u Користете само оригинална опрема во зависност од моделот и притоа внимавајте на бројот на отвори за подесување (25). Дозволени се само заменливи глави за дупчење со два или три отвори за подесување. Доколку за овој електричен алат не се 1 609 92A 8K6 | (19.01.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 217 користи соодветната заменлива глава за дупчење, алатот за вметнување може да испадне за време на
– Исчистете ја заменливата глава за дупчење пред да ја ставите и подмачкајте го лесно крајот за вметнување. – Фатете ја SDS-plus-заменливата глава за дупчење (2) одн. брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење (1) со целата рака. Вметнете ја заменливата глава за дупчење со вртење во прифатот за главата за дупчење (24), додека не слушнете дека е вклопена. – Резервната глава за дупчење сама се заклучува. Проверете дали е заклучена со влечење на резервната глава за дупчење. Промена на алат Капакот за заштита од прав (4) го спречува навлегувањето на правта која се создава при дупчењето во прифатот на алатот. Затоа при употребата на алатот проверете дали капакот за заштита од прав (4) е оштетен. u Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба. Замена на алат (SDS-plus) Ставање на SDSplus-алатот за вметнување (види сликаE) Со SDS-plus-главата за дупчење можете едноставно и лесно да го замените алатот што се вметнува без користење на дополнителни алати. – GBH18V-26F: Вметнете ја SDS-plus-заменливата глава за дупчење (2). – Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се вметнува и малку намастете го. – Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во прифатот на алат, додека самиот не се заклучи. – Проверете дали е заклучен со влечење на алатот. Со SDS-plus-алатот за вметнување може слободно да се маневрира поради системот. Така, при празен од настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема влијание на прецизноста на дупчењето на дупката, бидејќи дупчалката сама се центрира при дупчењето. Вадење на SDS-plus-алатот за вметнување (види слика
– Турнете ја чаурата за заклучување (5) наназад и извадете ја запчестата глава за дупчење. Замена на алат, запчеста глава за дупчење GBH 18V-26 Ставање на алатот за вметнување (види сликаG) Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата за дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното дупчење или длетување. – Вметнете запчеста глава за дупчење (22). – Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење (22), додека не се отвори за да може да вметне алатот. Вметнете го алатот. – Клучот за затегнување на главата за дупчење (26) ставете го во соодветните отвори на запчестата глава за дупчење (22) и рамномерно затегнете го алатот. – Свртете го прекинувачот за запирање на удари/ вртежи (16) во позиција „Дупчење“. Вадење на алатот за вметнување (види слика H) – Свртете ја чаурата на запчестата глава за дупчење (22) со помош на клучот за затегање на главата за дупчење (26) во правец спротивен на стрелките на часовникот, додека не се извади алатот за вметнување. Замена на алат, брзозатегнувачка заменлива глава за
Ставање на алатот за вметнување (види сликаI) Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата за дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното дупчење или длетување. – Вметнете ја брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење (1). – Држете го цврсто затезниот прстен (28) на брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење. Отворете го прифатот за алат со вртење на предната чаура (27) додека не дојде во позиција каде може да се вметне алатот. Држете го цврсто затезниот прстен (28) и вртете ја предната чаура (27) во правец на стрелката, додека не слушнете дека е вклопена. – Проверете дали е зацврстена со влечење на алатот. Напомена: Доколку прифатот за алат е отворен до крај, при вртење на истиот може да се слушне како се вклопува, а сепак да не се затвора. Во овој случај, свртете ја еднаш предната чаура (27) во правец спротивен на стрелките на часовникот. Потоа може да се затвори алатот за прифат. – Свртете го прекинувачот за запирање на удари/ вртежи (16) во позиција „Дупчење“. Вадење на алатот за вметнување (види сликаJ) – Држете го цврсто затезниот прстен (28) на брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење. Отворете го прифатот за алат со вртење на предната чаура (27) во правец на стрелката, додека не дојде во позиција каде може да се извади алатот. Вшмукување на прав/струготини Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат Bosch Power Tools 1 609 92A 8K6 | (19.01.2023)218 | Македонски азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица. – Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува. – Погрижете се за добра проветреност на работното
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате. u Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали. Всисувач за прав со GDE18V-16 (опрема) (видисликаK) За всисување на прав од бетон и камења, потребен е уред за всисување GDE18V-16 (опрема). Овој систем за вшмукување не е погоден за прав од дрво, метал и пластика, како и за прав, кој е штетен по здравјето (напр. азбест).
Ставање во употреба Подесување на режимот на работа Со прекинувачот за запирање на удари/вртежи (16) изберете го начинот на работа на електричниот алат. – За да го промените начинот на работа, притиснете го копчето за отклучување (15) и свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи (16) во саканата позиција додека не слушнете дека се
Напомена: Променете го режимот на работа само доколку електричниот алат е исклучен! Инаку електричниот алат може да се оштети. Позиција за ударно дупчење во бетон или
Позиција за Дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика како и за
Позиција Vario-Lock за подесување на позицијата на длетото Во оваа позиција, прекинувачот за запирање на удари/вртежи(16)не се вклопува. Позиција за Длетување Поставете го правецот на вртење Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (11) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (13) е притиснат ова не е
u Прекинувачот за менување на правецот на вртење(11) активирајте го само кога електричниот алат е во празен од. Правецот на вртење при ударно дупчење, дупчење и длетување секогаш поставувајте го на десен тек. – Десен тек: Префрлете го прекинувачот за правец на вртење (11) налево до крај. – Лев тек: Префрлете го прекинувачот за правец на вртење (11) надесно до крај. Вклучување/исклучување – За вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (13). Работното светло (17) при малку или целосно притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (13) овозможува осветлување на работното поле при услови на слаба осветленост. При првото вклучување на електричниот алат може да дојде до одложување на стартот на алатот. На ниски температури електричниот апарат дури по одреден период го постигнува целосниот капацитет на
– За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (13). Подесување на бројот на вртежи/удари Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (13). Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/ исклучување (13) се постигнува мал број на вртежи/ удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи/удари. Промена на позицијата за длетување (Vario-Lock) Длетото може да го фиксирате во 36 позиции. Притоа, може да ја користите оптималната работна позиција. – Ставете го длетото во прифатот за алат. – Свртете го прекинувачот за запирање на удари/ вртежи (16) во позиција „Vario-Lock“. – Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција за длетување. – Свртете го прекинувачот за запирање на удари/ вртежи (16) во позиција „Длетување“. Со тоа, прифатот за алат ќе се фиксира. – Поставете го правецот на вртење за длетување на
Совети при работењето Подесување на длабочината на дупчење (види слика
Со граничникот за длабочина (20) може да се утврди длабочината на дупчење X. 1 609 92A 8K6 | (19.01.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 219 – Притиснете го копчето за подесување на граничникот за длабочина (18) и поставете го граничникот за длабочина во дополнителната рачка (19). Избраздениот дел на граничникот за длабочина (20) мора да покажува надолу. – Вметнете го SDS-plus-алатот за вметнување до крај во прифатот за алат SDS-plus (3). Инаку, доколку SDS- plus-алатот е лабаво наместен, може да доведе до погрешно подесување на длабочината на дупчење. – Извлечете го граничникот за длабочина до степен што растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на граничникот за длабочина ќе одговара на саканата длабочина на дупчење X. Спојка за заштита од преоптоварување u Доколку алатот што се вметнува се стегне или заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за дупчење. Електричниот алат секогаш држете го цврсто со двете дланки поради јачината со која работи и застанете во сигурна положба. u Исклучете го електричниот алат и олабавете го алатот што се вметнува, доколку се блокира електричниот алат. Доколку вклучите блокиран алат за дупчење настануваат многу моменти на
Брзо исклучување (Kickback Control) Брзото исклучување (KickBack Control) нуди подобра контрола на електричниот алат и со тоа ја зголемува заштитата при користење, во споредба со електричните алати без KickBack Control. При ненадејна и непредвидена ротација на електричниот алат околу оската за дупчење, тој се исклучува. – За повторно ставање во употреба отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (13) и одново притиснете го. Брзото исклучување е прикажано со трепкање работното светло (17) на електричниот алат. Electronic Precision Control (EPC) EPC ви помага при дупчење и работење со удари во чувствителни материјали со постепено зголемување на бројот на работни вртежи за прецизна работа. Притиснете го EPC-прекинувачот(8) во саканата
Позиција за максимален број на работни
Позиција за бавно замавнување и намален број на работни вртежи Амортизација на вибрациите Вградената амортизација за вибрации ги намалува вибрациите кои настануваат во текот на работењето. u Не го употребувајте електричниот апарат, доколку е оштетен елементот за придушување. Вметнување на битови за одвртувач (види слика M) u Електричниот алат ставете го на навртката/ завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да се превртат. За користење на битовите за одвртувач потребен ви е универзален држач (29) со SDS-plus-вратило за прифат
– Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за прифат и малку намастете го. – Универзалниот држач ставете го со вртење во прифатот на алат, додека самиот не се заклучи. – Проверете дали е заклучена со влечење на универзалниот држач. – Ставете еден бит за одвртувач на универзалниот држач. Користете само битови што се соодветни на главата за завртување. – За вадење на универзалниот држач вметнете ја чаурата за заклучување (5) наназад и извадете го универзалниот држач (29) од прифатот за алат. Одржување и сервис Одржување и чистење u Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да
u Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба. – Исчистете го прифатот за алат (3) по секоја употреба. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 Bosch Power Tools 1 609 92A 8K6 | (19.01.2023)220 | Srpski 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации. При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци. Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи. Отстранување Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за ѓубре! Само за земјите од ЕУ: Според европската директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, електричните алати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба. Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето поради можното присуство на опасни материи.
EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај: * Батериски чекан за дупчење со
Notice-Facile