AHS 580-26 - Градинарски ножици BOSCH - Notice d'utilisation et mode d'emploi gratuit
Retrouvez gratuitement la notice de l'appareil AHS 580-26 BOSCH au format PDF.
Téléchargez la notice de votre Градинарски ножици au format PDF gratuitement ! Retrouvez votre notice AHS 580-26 - BOSCH et reprennez votre appareil électronique en main. Sur cette page sont publiés tous les documents nécessaires à l'utilisation de votre appareil AHS 580-26 de la marque BOSCH.
MODE D'EMPLOI AHS 580-26 BOSCH
146 | Македонски Симптоми
Македонски Безбедносни напомени Толкување на симболите Прочитајте го упатството за употреба.
Не употребувајте ги електричните ножици кога врне. Не оставајте ги електричните ножици на отворено кога врне. Исклучете ги електричните ножици од напојување пред секое чистење или штелување, доколку кабелот е заглавен, сплеткан или оштетен и кога го оставате уредот без надзор макар и на кратко. Носете заштита за слухот.
Општи напомени за безбедност за електричните апарати ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина. Поимот «електричен алат» во напомените за безбедност се однесува на електрични апарати што користат струја (со струен кабел) и електрични апарати што користат батерии (без струен кабел).
Безбедност на работното место Работниот простор секогаш нека биде чист и добро осветлен. Неуредниот или неосветлен работен простор може да доведе до несреќи.
F 016 L81 185 | (10.9.14)
OBJ_BUCH-1549-004.book Page 147 Wednesday, September 10, 2014 7:12 AM
Македонски | 147 Не работете со електричниот апарат во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Електричните апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта или пареата. Држете ги децата и другите лица подалеку за време на користењето на електричниот апарат. Доколку нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите контролата над уредот.
Електрична безбедност Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на приклучокот во ѕидната дозна. Приклучокот во никој случај не смее да се менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со заземјениот електричен апарат. Неменувањето на прекинувачот и соодветните ѕидни дозни го намалуваат ризикот од електричен удар. Избегнувајте физички контакт со заземјените површини на цевки, радијатори, шпорет и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар, доколку Вашето тело е заземјено. Електричните апарати држете ги подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар. Не го користите кабелот за друга намена, за да го носите електричниот апарат, за да го закачите или да го влечете приклучокот од ѕидната дозна. Држете го кабелот понастрана од топлина, масло, остри рабови или подвижните компоненти на уредот. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар. Доколку со електричниот апарат работите на отворено, користете само продолжен кабел што е погоден за користење на надворешен простор. Користењето на соодветен продолжен кабел на отворено го намалува ризикот од електричен удар. Доколку користењето на електричниот апарат во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен уред со диференцијална струја. Употребата на заштитниот уред со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар.
Безбедност на лица Бидете внимателни како работите и разумно користете го електричниот апарат. Не користете електрични апарати, доколку сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата на електричниот апарат може да доведе до сериозни повреди. Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр.маска за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, во зависност од видот и примената на електричниот апарат, го намалува ризикот од повреди. Избегнувајте неконтролирано користење на апаратите. Осигурете се, дека е исклучен Bosch Power Tools
Downloaded from www.Manualslib.com manuals search engine
електричниот апарат, пред да го приклучите на напојување со струја и/или на батерија, пред да го земете или носите. Доколку при носењето на апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте го приклучиле уредот додека е вклучен на напојување со струја, ова може да предизвика несреќа. Извадете ги алатите за подесување или клучевите за зашрафување, пред да го вклучите електричниот апарат. Доколку има алат или клуч во некој од деловите на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди. Избегнувајте абнормално држење на телото. Застанете во сигурна положба и постојано држете рамнотежа. На тој начин ќе може подобро да го контролирате електричниот апарат во неочекувани ситуации. Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови. Лесната облека, накитот или долгата коса може да се зафатат од подвижните делови. Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно се приклучени и прикладно се користат. Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува опасноста од прав.
Користење и ракување со електричниот апарат Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соодветниот електричен апарат за Вашата работа. Со соодветниот електричен апарат ќе работите подобро и посигурно во зададениот домен на работа. Не користете го електричниот апарат, доколку има дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и мора да се поправи. Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или извадете ја батеријата, пред да ги смените поставките на уредот, да ги замените деловите или да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот уред. Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги користат неискусни лица. Одржувајте ги грижливо електричните апарати. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или оштетени, што може да ја попречи функцијата на електричниот апарат. Поправете ги оштетените делови пред користењето на уредот. Многу несреќи својата причина ја имаат во лошо одржуваните електрични апарати. Алатот за сечење одржувајте го остар и чист. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри F 016 L81 185 | (10.9.14)
OBJ_BUCH-1549-004.book Page 148 Wednesday, September 10, 2014 7:12 AM
148 | Македонски рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив полесно се работи. Користете ги електричните апарати, опремата, додатоците за алатите итн. во согласност со ова упатство. Притоа земете ги во обѕир работните услови и дејноста што треба да се изврши. Користењето на електрични апарати за друга употреба освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Сервис Поправката на Вашиот електричен апарат смее да биде извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на електричниот апарат.
Безбедносни правила за електричните ножици за жива ограда Чувајте ги сите делови на своето тело подалеку од сечилото. Не обидувајте се да ги отстраните заглавените отпадоци од сечилото додека машината е вклучена. Заглавените отпадоци отстранувајте ги од сечилото само кога машината е исклучена. Еден момент на невнимание при работа со електричните ножици за жива ограда може да резултира со тешки повреди. Електричните ножици секогаш носете ги за рачката, и тоа само кога се исклучени. Кога ги пренесувате или складирате електричните ножици секогаш ставете ја заштитната футрола. Внимателното ракување со машината го намалува ризикот од повреда. Машината чувајте ја само на изолирани површини, бидејќи сечилото може да дојде во контакт со скриени жици или со сопствениот кабел. Ако електричните ножици дојдат во контакт со жица низ која тече струја, може да дојде до електричен удар. Кабелот чувајте го подалеку од местото на сечење. Во процесот на работа внимавајте случајно да не ги пресечете жиците што се можеби скриени во грмушките.
Дополнителни сигурносни напомени Оваа машина не е наменета на личности (и деца) со ограничени физички, сензорни или душевни можности, со недостаток на искуство и знаење, освен ако не им се обезбедени соодветни инструкции или надзор за употреба на машината од страна на личност одговорна за нивната безбедност. Внимавајте децата да не си играат со машината. При работата, држете го електричниот апарат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот апарат посигурно ќе управувате ако го држите со двете дланки. Почекајте додека електричниот апарат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
F 016 L81 185 | (10.9.14)
Downloaded from www.Manualslib.com manuals search engine
Додека ја користите машината, во круг од најмалку 3 метри не треба да има луѓе и животни. Ракувачот на машината е одговорен за безбедноста на трети лица во нејзината близина. Никогаш не држете ја машината за сечилото. Никогаш не дозволувајте им на деца и луѓе кои не се запознаени со овие инструкции да ја користат машината. Локалните прописи можат да ја ограничат возраста на ракувачот. Не користете ја машината кога во близина има животни, луѓе, а особено деца. Ракувачот е одговорен за штетата нанесена на други луѓе или имот. Не користете ја машината боси или со отворени сандали. Носете крути обувки и долги пантолони. Се препорачува носење на заштитни ракавици, очила и обувки. Не носете лабава облека или накит, којшто може да биде заплеткан во подвижните делови. Детално прегледајте ги растенијата коишто сакате да ги шишате и отстранете ги сите жици, кабли и други предмети. Секогаш пред употреба проверете да не е оштетено или истрошено сечилото, носачот на сечилото или склопката за сечење. Никогаш не работете со оштетено или истрошено сечило. Проверете го напојниот/продолжниот кабел и заменете го доколку има оштетувања. Заштитете го напојниот/ продолжниот кабел од топлина, масла и остри рабови. Дознајте како да ја запрете машината во итен случај. Шишајте само по дневна светлина или под добро осветлување. Никогаш ме употребувајте ги ножиците со расипани или немонтирани штитници. Пред да почнете со шишање проверете да се монтирани сите рачки и штитници. Никогаш не работете со машина која не е целосно монтирана или на која се вршени недозволени преправки. Никогаш не држете ги ножиците за сечилото. Одржувајте рамнотежа секогаш кога шишате со електричните ножици. Стоите на сигурно тло и посебно внимавајте кога работите на скали или падини. Обрнувајте внимание на околината и бидете свесни за евентуалните опасности кои не ги слушате поради бучавата на машината. Извлечете го кабелот од утикачот: – пред проверка, отстранување на пречки или одржување на електричните ножици. – по контант со непознат предмет. Проверете уредот да нема оштетувања и однесете го на поправка доколку е потребно. – ако електричните ножици почнат чудно да вибрираат (проверете веднаш). Проверувајте редовно дали се затегнати сите навртки, завртки и шрафови, за безбедна употреба на електричните ножици.
OBJ_BUCH-1549-004.book Page 149 Wednesday, September 10, 2014 7:12 AM
Македонски | 149 Чувајте ја машината на суво, затворено место, повисоко од подот и вон дофат на деца. Поради безбедносни причини, веднаш заменете ги истрошените или оштетените делови. Не обидувате се сами да ја поправате машината, освен ако ја немате соодветната обука. Секогаш користете Bosch оригинални резервни делови.
Редово прегледувајте ја косачката и замеувајте ги веднаш оштетените или изабените делови. Секогаш пред складирање подмачкајте ја машината со спреј за подмачкување. Проверувајте редовно дали се затегнати сите навртки, завртки и шрафови, за безбедна употреба на косачката. Секогаш користете Bosch оригинални резервни делови.
Безбедност од електричен удар Внимание! Извадете го напојниот кабел од утикач пред да ја прегледувате или чистете машината. Истото важи и ако кабелот е оштетен, прекинат или сплеткан. По исклучувањето на електричните ножици, сечилото продолжува да врти уште неколку секунди. Внимание! Не допирајте го сечилото. Вашата косачка е двојно изолирана и не и е потребно заземјување. Работен напон е 230 V AC, 50 Hz (за не-ЕУ земји, 220 V, 240 V, во зависност од верзијата). Користете само одобрени продолжни кабли. Повеќе информации околу тоа можете да добиете кај овластениот застапник на Bosch. Користете само продолжни кабли со H05VV-F или H05RN-F. За подобра безбедност користете резидуален уред (РЦД) кој се активира на отстапување од 30 mA. Резидуалниот уред треба да се проверува пред секоја употреба. Предупредување за производите кои не се за Британски пазар предвидени: ВНИМАНИЕ: За Ваша безбедност потребно е уредот да е поврзан со продолжниот кабел преку соодветен утикач. Спојот со продолжниот кабел мора да биде заштитен од прскање, направен од гума или обложен со гума. Продолжниот кабел мора да се користи со автоматски намотувач. Продолжниот кабел мора редовно да се прегледува за евентуални оштетувања и да се користи само ако е во совршена состојба. Доколку напојниот кабел е оштетен мора да го поправи Бош електричар.
Електричните ножици се дизајнирани за шишање и поткастрување живи огради и грмушки во домашни градини.
Секогаш носете заштитни ракавици кога работите со оштри сечила или во нивна близина.
Следните ознаки се важни за читање и разбирање на упатството за употреба. Запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот апарат. Ознака
Значење Носете заштитни ракавици
Носете заштитни очила.
Вклучување Исклучување Чувајте се од електричен удар.
Дозволена функција Забранети акции Опрема
Употреба со соодветна намена
Технички податоци Електрични ножици Број на дел/артикл Номинална јачина Висина на шишање Отвор на запците
AHS 45-26 AHS 48-26 AHS 50-26 AHS 550-50 AHS 53-26 3 600 H47 E.. 3 600 H47 E.. 3 600 H47 F.. 3 600 H47 F.. 3 600 H47 G.. W 550 550 600 550 600 мм 450 480 500 500 530 мм 26 26 26 26 26
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. Серискиот број на уредот се наоѓа на натписната плочка на косачката. Трговските имиња на некои косачки можат да бидат различни. Bosch Power Tools
F 016 L81 185 | (10.9.14)
150 | Македонски Електрични ножици Број на вибрации при работа на празно Вртежен момент на спојката Тежина согласно EPTAProcedure 01/2003 Класа на заштита
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. Серискиот број на уредот се наоѓа на натписната плочка на косачката. Трговските имиња на некои косачки можат да бидат различни.
Електрични ножици Број на дел/артикл Номинална јачина Висина на шишање Отвор на запците Број на вибрации при работа на празно Вртежен момент на спојката Тежина согласно EPTAProcedure 01/2003 Класа на заштита
AHS 54-26 AHS 55-26 AHS 580-26 AHS 60-26 AHS 63-26 3 600 H47 G.. 3 600 H47 G.. 3 600 H47 H.. 3 600 H47 H.. 3 600 H47 H.. W 620 600 600 600 600 мм 540 550 580 600 630 мм 26 26 26 26 26 min-1 Nm
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. Серискиот број на уредот се наоѓа на натписната плочка на косачката. Трговските имиња на некои косачки можат да бидат различни.
Електрични ножици Број на дел/артикл Номинална јачина Висина на шишање Отвор на запците Број на вибрации при работа на празно Вртежен момент на спојката Тежина согласно EPTAProcedure 01/2003 Класа на заштита
AHS 65-34 AHS 680-34 AHS 70-34 3 600 H47 J.. 3 600 H47 K.. 3 600 H47 K.. W 700 700 700 мм 650 680 700 мм 34 34 34 min-1 Nm
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. Серискиот број на уредот се наоѓа на натписната плочка на косачката. Трговските имиња на некои косачки можат да бидат различни.
Информации за бучава/вибрации Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност со EN 60745-2-15.
Измерените А-вредности на врева изнесуваат просечно: Звучна јачина Звучен притисок Несигурност K Носете звучна заштита!
F 016 L81 185 | (10.9.14)
Македонски | 151 Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збор на трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со EN 60745: ah K Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка според EN 60745 и може да се користи за меѓусебна споредба на електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации. Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се користи за други примени, со различна опрема, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата.
Изјава за сообразност 3 600 ...
H47 E.. H47 F.. H47 G.. H47 H..
Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот опишан во «Технички податоци» соодветствува на сите применливи одредби од директивите 2011/65/EU, 2014/30/EU, 2006/42/EC, 2000/14/EC вклучително нивните измени и е сообразен со следните норми: EN 60745-1, EN 60745-2-15. 2000/14/EC: Гарантирана јачина на звук: Процедура за верификација на конформитетот V. Категорија на производ: 25 Техничка документација (2006/42/EC, 2000/14/EC) при: Bosch Lawn and Garden Ltd., PT-LG/ENS23, Stowmarket, Suffolk IP14 1EY, England Henk Becker Helmut Heinzelmann Executive Vice President Head of Product Certification Engineering PT/ETM9
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division 70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY 29.08.2014
Монтажа и користење Цел на користењето
Приклучување на продолжниот кабел 2
Функција на сечилото
Одржување на сечилата
Совети за работа Функција на сечилото Иако отворите на запците се од Ø 26/34 mm, овозможено е врвот на запците да биде до Ø 32/38 mm.
Проблем Косачката не работи
Можна причина Нема снабдување со струја Утикачот е неисправен Оштетена опрема поврзана со уредот Оштетување на продолжниот кабел
Машината работи со прекини
Прегорен осигурувач Оштетена опрема поврзана со уредот Оштетување на продолжниот кабел
Моторот работи но сечилото мирува Сечилото е тапо
Неисправни внатрешни инсталации во косачката Прекинувачот е расипан Внатрешна грешка
тапо сечило Сечилото има рецки Преголемо триење поради недостаток на подмачкување Јаки вибрации/бучава Машината е расипана
Сервисна служба и совети при користење www.bosch-garden.com При секоја кореспонденција и нарачка на резервни делови, Ве молиме вклучете го десетцифрениот број што се наоѓа на натписната плочка. Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888
Решение Проверете и вклучете Користете друг утикач Проверете ја внимателно врската; прашајте за своет во корисничката служба Проверете го продолжниот кабел и ако е оштетен, заменете го Заменете го осигурувачот Проверете ја внимателно врската; прашајте за своет во корисничката служба Проверете го продолжниот кабел и ако е оштетен, заменете го Побарајте помош од сервис Побарајте помош од сервис Побарајте помош од сервис Наострете го сечилото Дадете го сечилото на преглед/поправка Подмачкајте со спреј за подмачкување Побарајте помош од сервис
Само за земји во рамки на ЕУ Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски уреди и нивна национална употреба, електричните апарати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин. Се задржува правото на промена.
Отстранување Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта за ѓубре!
F 016 L81 185 | (10.9.14)
Notice Facile